„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко, изјави:„Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат во јавноста комплетна невистина. Многу пати во минатото ние сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко, така што, ете оставам на тој начин да прават и креираат сензација, иначе апсолутно е неточно“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Од полноќ СТОП за анкети за вториот круг од Локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година.Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно терминот најдоцна до 24:00 часот на 27 октомври 2025 година.Резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите не смеат да се објавуваат пред затворањето на избирачките места.

Македонија | пред 3 месеци

media-library99lagppa78s19gMYX12

Родителите на загинатите во „Пулс“: „На 19 ноември ќе седнеме во судница, обвинетите ги нарекуваме убијци зошто тоа е вистината“

Со болка во срцата, но со цврста решеност, родителите на дел од загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ најавија дека на 19 ноември ќе ја следат првата судска расправа за трагедијата во која згаснаа 63 млади животи. Тие во своето обраќање до јавноста порачаа дека нема да дозволат случајот да се претвори во уште еден број во судските статистики, туку ќе инсистираат правдата и вистината конечно да излезат на виделина.Родителите ги нарекуваат обвинетите убијци, посочувајќи дека нивните постапки, невнимание и ароганција довеле до катастрофата. Она што дополнително ја продлабочува нивната болка е, како што велат, отсуството на човечност кај дел од обвинетите.„Овие луѓе, обвинетите, ги нарекуваме убијци не затоа што сакаме да користиме остри зборови, туку затоа што тоа е вистината: нивните дела, нивната негрижа и нивната корупција донесоа смрт. А што е уште потажно, многумина од нив и денес не покажуваат ни трошка жал, ниту искрено сочувство. Нивниот однос кон нас, родителите кои останавме со незалечива болка, зборува за страшна празнина, молк пред човечката трагедија“, стои во нивната изјава.Тие потенцираат дека нивниот гнев не е слеп, туку насочен кон конкретните одговорни, сопствениците и управителите на дискотеката, како и институциите кои издале дозволи и не спровеле контроли.„На 19 ноември ќе бидеме во судницата со тешки срца, но со непоколеблива волја. Нема да дозволиме случајот да се сведе на административни фрази. Сите пропусти, коруптивни игри и кршења на правилата мора да се разоткријат. Сакаме ова судење да не биде само формалност, туку споменик на вистината. Да се чуе секој доказ, секоја снимка, секој сведок, и конечно да се именуваат сите одговорни – од оние што потпишувале дозволи, до оние што ги игнорирале безбедносните ризици“, порачуваат родителите.Првото судење за трагедијата е закажано за 19 ноември, а обвинети се 34 физички и три правни лица, меѓу кои се сопственикот и управителите на дискотеката, како и поранешни градоначалници и министри.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4jbsesnl2rgmbPwHk1h

Нема „пазарења“ со Мерко за поддршка во Струга: Нема преговори за поделба на позиции во власта

Од Владата на Република Македонија категорично ги отфрлија наводите објавени во неколку медиуми дека се водат преговори за поделба на позиции во извршната власт во замена за политичка поддршка од градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за кандидатот на ВЛЕН во Струга.„Во целост ги отфрламе ваквите невистини. Нема апсолутно никакви преговори за поделба на позиции во извршната власт“, велат од Владата за „Скопје1“.Претходно, дел од медиумите објавија дека, наводно, „се пазарела амнестија меѓу власта на Христијан Мицкоски и Рамиз Мерко“, при што „со оваа поддршка на осудениот Мерко, тој си ја купува слободата од власта на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ“.Од Владата, меѓутоа, истакнуваат дека такви средби или договори не постојат и дека станува збор за дезинформации со политички мотиви.

Македонија | пред 3 месеци

IMG_7454

Инцидент во СВР Струмица: полицаец пукал во полициска станица откако го суспендирале

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полициски службеник вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под сомнение дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“.Како што соопштија од МВР, А.Б., кој бил на работно место самостоен инспектор, на 30 април 2025 година, околу 10:25 часот, додека бил на работа во службена просторија во кругот на Секторот за внатрешни работи Струмица, по добивање решение за отстранување од работното место, го извадил службениот пиштол, го репетирал и испукал еден куршум во правец на метален сеф кој се наоѓал во просторијата.Во моментот на инцидентот, во канцеларијата имало повеќе полициски службеници, а според внатрешната контрола, постои значителна опасност што можела да резултира со повреди или смрт на присутните лица.„По издадена наредба од началникот да го предаде службеното лично вооружување, пријавениот го извадил службениот пиштол и испукал куршум во правец на металниот сеф, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на присутните“, соопштија од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.Против полицискиот службеник ќе биде поднесен предлог за поведување дисциплинска постапка и ќе му бидат изречени мерки за суспензија од работното место, одземање на службеното оружје и муницијата, како и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед, додека трае постапката.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylt8r0dobpfn7bmRZYVp

Таткото што нападна двајца малолетни фудбалери во Штип доби затворска казна од 11 месеци

Родителот кој во август, за време на натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“, физички нападна двајца 15-годишни фудбалери, е осуден на казна затвор од 11 месеци.Како што информира портпаролот на Основниот суд – Штип, обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје, е прогласен за виновен за сторено кривично дело – насилство, по член 386 став 4 од Кривичниот законик. Пресудата сè уште не е правосилна и следи периодот за жалба до Апелациониот суд во Штип.Инцидентот се случи на 24 август годинава на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, за време на младински натпревар меѓу екипите на „Брегалница“ и „Шкупи“. Основното јавно обвинителство Штип веднаш поведе итна постапка против 43-годишниот родител, поради грубо насилство со кое ја загрозил сигурноста на две деца родени во 2010 година — играчи на домашниот тим.Според истрагата, насилството започнало откако синот на обвинетиот, незадоволен од одлуката на судијата, реагирал со удари кон еден од играчите на „Брегалница“. Во тој момент на теренот влегол таткото, кој со тупаници и клоци ги нападнал двете деца, нанесувајќи им повеќе повреди, меѓу кои и скршеница на нос без дислокација. Скопје1 објави и видео снимка од насилниот инцидент.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-10-08-at-09.02.31

„(Видео) „Да беше Пинокио, носот ќе ти удреше во крстот на Водно“: Јакимовски му одговори на Мицкоски

Откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврдеше дека по првиот круг на претходните локалните избори Стевче Јакимовски дошол кај него ненајавен и исплашен и го молел за поддршка во вториот круг, за да победи, денеска во видео обраќање, актуелниот градоначалник на Карпош кој на овие локални избори влегува во вториот круг, тврди дека Мицкоски изнел големи лаги.„Да беше Пинокио, носот ќе ти удреше во крстот на Водно. Јас за свои 65 години таква реченица немам изговорено. Тоа се реплики од турски серии, не од сериозни политичари“, му одговори Јакимовски на Мицкоски.Тој вели дека не е точно дека му покажувал детални урбанистички планови на Мицкоски, и додава дека во првите 30 дена од мандатот немало ниту еден нов урбанистички план, затоа што приоритет му била блокираната сметка на општината.„Вистината е дека дојде со список од 37 луѓе за вработување, бараше секретар на општината, директор на јавно претпријатие и на училиште, како и урбанистичка маркица за фирма блиска до негов пријател од „Гранит“. Сето тоа – надвор од било каков институционален ред и закон. Мицковски спомнува „пресуда“ – нема никаква пресуда! Постои само политички прогон за барака која денес е пренаменета во простор каде се згрижени деца од градинката Мајски цвет“, вели Јакимовски.

Скопје | пред 3 месеци

vizzar

Со новите линии на „Виз ер“ ќе се лета до Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел

Од денеска, нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ (Wizz Air) воведува пет нови линии кои ќе ги поврзат македонските патници со неколку европски метрополи – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел. Новите рути ќе оперираат од Меѓународниот аеродром Скопје и од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид на 27 и 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија.„Многу сум среќен што денес, на почетокот на зимската сезона, пет нови авиолинии започнуваат од двата аеродроми — во Скопје и во Охрид. Секако, со поддршка на Владата и благодарение на посветеноста на Виз ер. Сигурен сум дека овие пет дестинации ќе бидат многу посетени и сакам да нагласам дека се избрани токму според желбите на патниците кои со нетрпение очекуваа да бидат поврзани со овие градови. Благодарен сум и на тимот на ТАВ Аеродроми кој ја даде својата поддршка за подготовката на овие линии. Верувам дека патниците ќе уживаат во новите дестинации, а ние не запираме тука — посветени сме да обезбедиме уште повеќе линии од двата македонски аеродроми,“ изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.Новата линија Скопје – Стокхолм започна утрово во 6:05 часот, со лет до главниот аеродром во шведската престолнина – Арланда. Првиот лет на рутата Скопје – Бари ќе се реализира денеска во 14:40 часот, додека од Охрид првиот авион за Базел полета напладне.Утре, на 28 октомври, ќе стартува и линијата Скопје – Мадрид, со прв лет во 16:05 часот. Истовремено, ќе се обнови и линијата Скопје – Ларнака, со лет што ќе пристигне од Кипар во 7:15 часот.Летовите кон Стокхолм, Бари и Базел ќе се одвиваат двапати неделно — секој понеделник и петок. Линијата Скопје – Мадрид ќе сообраќа секој вторник, петок и сабота, а Скопје – Ларнака — вторник и сабота.Од ТАВ Македонија очекуваат голем интерес за новите рути, бидејќи сите пет градови се меѓу најбараните туристички дестинации во Европа.Од петте нови линии, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар — главниот град на Македонија за првпат ќе има директна врска со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град. Ларнака и Базел се повторно воспоставени линии, додека Скопје – Стокхолм е нова рута што ќе се реализира до главниот аеродром Арланда.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3ob1699g23rk0h7j20O

(ФОТО) Откорнати големи дрвја во Капиштец пред ОУ „Киро Глигоров“, улицата е затворена за сообраќај додека екипите ги отстрануваат

Две големи дрвја паднале утринава на улицата „Козара“ во Капиштец. Двете стебла лежат на самата улица пред основното училиште „Киро Глигоров“ која води кон Заводот за физикална медицина и рехабилитација.На едната од фотографиите што ги направи Скопје1, се гледа дека дрвото е од корен паднато, заради што е искршена и павер патеката.“Во моментов, екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на остранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“. Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час”, вели Герасимовски.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarykpsqbkbvt26s35f6kLu

(Фото) ПОЦ и „Паркови и зеленило“ ги отстрануваат двете паднати дрвја во близина на училиштето Киро Глигоров

Општина Центар информира дека во моментов екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“.Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.

Скопје | пред 3 месеци

media-library0p9i96h5dqjqcZ3jPpN

(Фото) „Уловен“ од камерите! Уапесен крадец на филијали за брзи кредити

Лишено од слобода лице од Скопје, признал две разбојништва во филијали за брзи кредити, поднесена му е кривична пријава и определен му е притворНа 26.10.2025 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.

Скопје | пред 3 месеци

media-library28od03qp8lvpdDJBV0P

(Видео) Вознемирувачка снимка од убиството на таткото во Словенија, премиерот Голоб ќе ја заострува казнената политика

Словенија е во шок по викендот, кога пред еден локал во Ново Место беше убиен 48-годишен маж кој дошол да си го собере синот. Осомничен за убиството е 21-годишен Ром.На социјалните мрежи се појави и вознемирувачка снимка, а поранешниот словенечки министер за внатрешни работи Алеш Хојс објави на Х дека полицијата била информирана и реагирала, но само со издавање парична казна, критикувајќи го министерот и полицискиот директор како „неспособни и марионетски“.Премиерот Роберт Голоб најави заострување на казнената политика и серија репресивни мерки за зголемување на безбедноста.Најави дека сите институции – полицијата, обвинителството и судството – ќе добијат поголеми овластувања, а новите мерки нема да бидат „популарни“, но ќе бидат неопходни за воспоставување ред.Голоб потенцираше дека заострувањето не се однесува само на Ромите, туку на сите насилници.

Свет | пред 3 месеци

media-library4jbsesnl2rgmbPwHk1h

Мерко нема да го поддржи кандидатот на НАИ во вториот круг од локалните избори

Актуелниот градоначалник на Струга од редовите на ДУИ, Рамиз Мерко, во објава на ФБ ги демантира шпекулациите дека во вториот изборен круг ќе го поддржи кандидатот на Алијансата за национална интеграција, предводена од ДУИ, Арсим Далипи. „Денес ви се обраќам директно и со најголема сериозност за да ги уништам веднаш новите шпекулации и измислени гласини што имаат цел да ја поткопаат вашата доверба. Се шират гласини дека јас, Рамиз Мерко, ќе го поддржам кандидатот на НАИ во вториот круг. Сакам јасно да нагласам: јас, Рамиз Мерко, не го поддржувам кандидатот на НАИ на изборите,“ напиша Мерко.Според него, станува збор за „подли гласини на оние што веќе се губитници и сакаат да манипулираат со гласовите на граѓаните“, потенцирајќи дека Независната листа, која ја предводеше на изборите, е сериозно и решително движење чии одлуки се носат по детални консултации, а не преку шпекулации. Во објавата, Мерко најави дека Независната листа во следните денови ќе одржи состанок со кандидатите за советници и со поддржувачите, по што официјалниот портпарол на листата ќе објави јасна изјава со ставот за вториот круг од изборите. „Не дозволувајте никој да ве збунува. Верувајте само на официјалното соопштение на Независната листа,“ порача Мерко во објавата на ФБ.

Македонија | пред 3 месеци

crna-gora-policija

Опсадна состојба во Подгорица откако турски државјани избодeа млад човек, ќе се укинува безвисниот режим со Турција

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, реагираше веднаш и објави дека денеска ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани. Оваа одлука ќе се спроведе по итна постапка.„За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес во духот на добрата соработка и сојузништвото“, напиша Спајиќ на платформата ,,X“.Синоќа беше воведена вонредна состојба во подгоричката населба Забјело, каде што полицијата спроведе рации откако синоќа во таа населба беше претепан и избоден жител на Подгорица, М. Ј.Жителите на населбата Забјело во Подгорица се собраа синоќа на протест откако група турски државјани нападнаа и избодоа еден нивен сограѓанин претходната ноќ. Во исто време, црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани.Многу жители извикуваа навредливи пароли против Турските државјани.На местото на настанот беа голем број полицајци и инспектори, а беа контролирани неколку локации во тој дел од градот.Полицијата досега идентификуваше и приведе двајца турски државјани.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-02-25-at-11.18.49

Уапсен скопјанецот кој пукаше во Чаир, бил затекнат со пиштолот

Околу 20 часот синоќа на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот Р.Т. од Скопје.-Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот.По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.396 од КЗ.

Скопје | пред 3 месеци

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Голем одрон на автопатот Скопје-Велес, возилата се движат само по една коловозна лента

Авто-мото сојузот на Македонија утринава информира дека поради одрон на левата коловозна лента на автопатот Скопје-Велес, пред тунелите кај Башино Село, сообраќајот се одвива само по десната коловозна лента.-Испратена е служба од Полициската станица Велес за да го регулира сообраќајот. Во меѓувреме на истото место се случија две сообраќајни незгоди со матријална штета. Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информира АМСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Го претепал сопствениот брат со дрвен предмет, повредениот паднал во бесвест

37-годишниот Д.Т. од село Марино беше приведен бидејќи физички го нападнал својот брат А.Т. (40) и му нанел тешки повреди.Инцидентот се случил на 18 октомври околу 22:30 часот, по претходна семејна расправија, кога Д.Т. употребил дрвен предмет и му нанел тешки телесни повреди на братот. Нападнатиот бил пренесен на лекарска помош, а напаѓачот бил уапсен следното утро, на 19 октомври околу 09:50 часот.Од Министерството за внатрешни работи информираа дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarydb7tk13bjf8faIJ7S0P

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

Опозициската партија СДСМ соопшти дека резултатите од првиот круг на локалните избори покажуваат стабилизација и раст на поддршката во повеќе општини, и покрај тоа што резултатот не е целосно задоволителен за партијата.„Вкупниот број гласови покажува дека СДСМ ја намалува разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ, ја зголемува предноста во однос на ЗНАМ и ја задржува стабилната предност пред Левица. Ова јасно укажува дека вкупниот амбиент се менува“, се наведува во соопштението.Од СДСМ посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ „попусто се обидува да прикаже огромен триумф“, бидејќи според нивните податоци, владејачките партии бележат сериозен пад на поддршката. „И покрај сите притисоци, уцени, поткуп и злоупотреба на институциите, ВМРО-ДПМНЕ изгуби речиси 140.000 гласа од минатогодишните избори и падна под резултатот од 2021 година. Заедно со ЗНАМ, изгубија над 155.000 гласови“, стои во реакцијата.СДСМ најавува дека ќе продолжи со работа на консолидација и ќе се фокусира на победа во повеќе општини во вториот изборен круг. Од партијата оценуваат дека имаат солидни резултати, но и дека ќе треба дополнително да се зајакне поддршката на терен, особено во средини каде што настапиле независни кандидати кои, како што велат, одзеле гласови од опозицијата.„Во вториот круг СДСМ го зголемува својот коалициски капацитет. Коалицијата на СДСМ со граѓаните и со другите партии од опозицијата допрва ќе расте“, се наведува во соопштението, во кое се упатува порака до ВМРО-ДПМНЕ „да се соочи со фактот дека падот на гласови е резултат на катастрофалните политики во изминатата година“.СДСМ најавува дека уште од утре продолжува со кампањата и ги повикува граѓаните и поддржувачите на другите кандидати што не влегоа во вториот круг, масовно да ја дадат својата поддршка за кандидатите на партијата.

Македонија | пред 4 месеци

media-library0m93ufldt2e80yYEqce

ВМРО-ДПМНЕ ќе има 18 советници во Град Скопје, СДСМ само пет

Најмногу советници во Советот на град Скопје ќе има од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Според првичните резултати од обработени 99,93 отсто од гласовите, владејачката партија влегува со 18 советници, потоа ВРЕДИ, НАИ и Левица кои ќе имаат по шест советници, додека СДСМ ќе има само пет. Еден советник ќе има од партијата на Максим Димкитриевски, ЗНАМ.Како независни во совет на Град Скопје влегуваат и Ристо Пенов од Искуство за успех и Јана Белчева Андрееска и Марјан Калевски, како независни.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryodhuqv3pnksa85Wyh7A

„По 20 години, во општината која беше пример за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција“, Костадинов ја честиташе победата во Струмица

Костадин Костадинов, досегашниот градоначалник на Струмица во објава на ФБ вели дека по 20 години, СДСМ во таа општина ќе биде опозиција. Тој исто така ја честиташе победата.Уште еднаш сакам да честитам на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината. Тоа е гласот на струмичанки и струмичани, избор што произлегува од политичката понуда создадена од одлуките на раководството на СДСМ.Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тешка брука и срам политички, но и морален. Состојбата во која е запален црвен аларм не е доволен сигнал за раководството на, до вчера, најголемата опозициска партија. Ова е сигнал за политичко заминување на поголем број членови од раководството.Тука станува збор за политичка одговорност и политички срам. Недозволиво е самоволието да продолжи да владее и со тоа секој еден член на СДСМ да биде понижен.Немојте да зборувате дека сте среќни со резултатот. Поголем пораз од ова нема.Час поскоро, секој кој носел одлуки треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес.Mора да се седне на маса.За консолидација, но суштинска, а не декларативна на прес конференции. Вистинска, лице в лице.Повикувам, со ладни глави, кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ.

Македонија | пред 4 месеци

media-library7kei8i47m7j0d60Kfvn

(Видео) Се урна „Боинг 747“ во Хонг Конг, има загинати

На најголемиот каргоаеродром во светот, Хонг Конг, раноутринава се урнал товарен авион од Дубаи во моментот кога се обидувал да слета. Авионот, практично од пистата излетал во морето.Сите членови на екипажот се живи, но според наводите на локалните медиуми две лица загинале.Станува збор за двајца службеници за безбедност на аеродромот, на возраст од 30 и 41 година. Товарниот авион го турнал нивниот патролен автомобил во морето.„Членовите на екипажот беа спасени и немаше товар во авионот“, се вели во соопштението на Емиратите.

Свет | пред 4 месеци

maksim-dimitrievski-91234

Максим Димитриевски влегува во втор круг во Куманово, има огромна предност пред независниот Горан Стојковски

Во Куманово ќе има втор круг од локалните избори, откако актуелниот градоначалник и кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски, не успеа да освои доволен број гласови за победа уште во првиот круг.Според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, Димитриевски добил 37,89 отсто од гласовите, односно 16.183 гласа. На второ место е независниот кандидат Горан Стојковски со 13,92 проценти или 5.946 гласа.Трет по број на освоени гласови е Селвер Ајдини од ДУИ со 5.905 гласа, а веднаш зад него е кандидатот на СДСМ, Мартин Костовски, со 5.793 гласа. Според досега обработените 98,80 проценти од гласачките ливчиња, овие резултати се сметаат за речиси конечни.Димитриевски синоќа изјави дека води убедливо во однос на сите останати шест кандидати и дека ЗНАМ, со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, има добиено најголем број гласови. Тој додаде дека во вториот круг очекува конечна победа, бидејќи, како што рече, граѓаните го препознаваат континуитетот и сакаат Куманово да продолжи да се развива во истиот правец.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryagcbg1mln2q92BJzG24

Скопјани избраа градоначалници во 6 општини, втор круг ќе има во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари

Според податоците што ги објави ДИК на својата веб-страница, во речиси сите скопски општини обработени се 100 отсто од избирачките места, а кај четири општини недостасуваат податоците уште од неколку места.Скопјани избараа градоначалници во првиот круг во шест општини:Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај, Чаир, додека втор круг на 2.ноември ќе има во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари.После првиот круг во Општина Аеродром, каде се обработени 99,90 отсто од избирачките места, води канидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен в.д. градоначалник Дејан Митески со 49,09 отсто од гласовите на скопјани или 16 225 гласа. Зад него е д-р Александар Трајановски од СДСМ кој има 20,79 отсто или 6 872 гласа, во Карпош актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски заостанува зад кандидатот на ВМРО, Сотир Лукровски за околу 1.500 гласови.Во Центар води актуелниот градоначалник од СДСМ, Горан Герасимовски пред Лабудовиќ од ЗНАМ со околу 3.000 гласови.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryajftn38v04kk9nQhZvl

И во Кочани ќе има втор круг, граѓаните ќе гласаат за д-р Грозданов и Венко Крстевски

Граѓаните на Кочани не избраа градоначалник во прв круг. На 2.ноември ќе гласаат за независниот кандидат Венко Крстевски или за д-р Владко Грозданов, исто така независен кандидат, поддржан од од ВМРО-ДПМНЕ.Според 80, 47 отсто од преброените гласови, Крстевски има 23.67 отсто или 2.704 гласови, а Грозданов со 39.95 отсто или 4.564 гласови.Вториот круг од Локалните избори ќе се одржи на втори ноември.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryo4eqadf4g83o7jIRlIz

Орце Ѓорѓиевски и Аамар Мециновиќ одат во втор круг, Каја Шукова е на четвртата позиција по освоени гласови

Според 99 отсто oд обработени гласови од Државната изборна комисија, во вториот круг на локалните избори, за градоначалник на Скопје, влегуваат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.Ѓорѓиевски со 99 отсто обработени гласови имаше освоено  39,43 отсто или 91.582 од гласовите на скопјани, додека Мециновиќ – 13,20 отсто или 30.659 гласа.Третото место го освои кандидатот на коалицијата Вреди, Башким Бакиу за кого гласаа 27.864 избирачи, додека кандидатката на СДСМ, Каја Шукова го освои четвртото место во градоначалничката трка за Скопје, со само 26.714 гласа.Според обработените податоци, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи се во убедливо водство во 54 општини низ државата, додека коалицијата Вреди води во девет, СДСМ во седум, а коалицијата НАИ предводена од ДУИ во пет општини. Демократската партија на Турците има предност во една општина.Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања