„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Анита Буховски

media-librarynp07ku7jloqv6kePys2

„Животот не вреди“ – ВМРО-ДПМНЕ за условната казна на докторка од Онкологија

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресудата со која докторка од Клиниката за онкологија и радиотерапија доби условна казна од две години, поради тоа што признала вина. Од партијата сметаат дека оваа одлука е „срамна“ и претставува уште еден доказ дека судството функционира под насоки од раководството на СДСМ.„Судот со оваа пресуда јасно укажува дека човечкиот живот не вреди и дека нема интерес за неговата заштита. Судството секојдневно покажува дека работи исклучиво по насока на Зоран Заев и неговата дружина, во која е Венко Филипче и дел од раководството на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Како пример партијата ја посочува и пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 16 лица, каде, според нив, наместо да се утврди одговорност за тогашниот министер за здравство Венко Филипче, биле осудени само двајца директори и болницата како правно лице.„Крај на овој правосуден систем, кој работи под диригентска палка на Заев и компанија, мора да се стави“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryt13iusqp4nqo3Ewghp7

Документарецот „Приказната за Силјан“ ќе биде прикажан на National Geographic Documentary Films

Во срцето на рурална Македонија, Никола – земјоделец кој се соочува со суровата реалност на новите владини политики – спасува повреден бел штрк на депонија, настан кој засекогаш го менува животот и на човекот и на птицата. Така започнува „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan), нов документарен филм на режисерката Тамара Котевска, која светската публика ја запозна преку „Медена земја“, остварување номинирано за „Оскар“.Филмот оживува предание со длабоки корени во македонската култура и го преточува во емотивна и визуелно впечатлива приказна за тивката сила на поврзаноста меѓу човекот и природата.„Приказната за Силјан“ ќе биде прикажана во продукција на National Geographic Documentary Films до крајот на годинава, а потоа ќе биде достапна и на стриминг-платформите „Дизни+“ (Disney+) и „Хулу“ (Hulu).

Македонија | пред 3 месеци

rosica

Поранешната министерка предупредува: Без целосна истрага – нови трагедии како со Росица ќе се повторат

Професорката по право и поранешна министерка за правда, Рената Десковска, реагираше по повод двојното убиство и самоубиството што неодамна се случи во Велес, предупредувајќи дека случајот не смее да се затвори само затоа што убиецот е мртов.Таа како пример го наведе најновиот случај Scuderoni против Италија (бр. 6045/24), во кој Европскиот суд за човекови права утврди дека Италија ги прекршила член 3 и член 8 од Европската конвенција за човекови права поради тоа што властите не презеле навремени и соодветни мерки за заштита на жртвата. Судот тогаш наложи исплата на 15.000 евра за нематеријална штета и 10.000 евра за трошоци.„Потребна е целосна истрага за да се утврди одговорноста на оние кои требало да преземат дејствија за заштита, а не го сториле тоа. Тоа е потребно заради задоволување на правдата, но и како поука за идни случаи. Не може секогаш вината да се бара во наводните ‘дупки’ во законите“, напиша Десковска.Таа истакна дека најблиските роднини на убиените имаат право да ја тужат државата за сериозни прекршувања на домашното право и на Европската конвенција за човекови права, како и да бараат надомест на штета.https://www.facebook.com/share/p/19hVXX25uV/?mibextid=wwXIfr

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryitr46p4moe8ma5gIABN

(Видео) Убиен е познат хрватски политичар и безбедносен експерт, по целодневна потрага уапсен е убиецот

Полицијата во Славонски Брод соопшти дека е уапсено лицето поврзано со убиството што се случи во вторникот во општината Гарчин. Според неофицијални информации, жртвата е 62-годишниот Зоран Гргиќ од Славонски Брод, експерт за безбедност и поранешен член на Советот за граѓански надзор над безбедносно-разузнавачките служби при Хрватскиот сабор.Инцидентот се случил нешто по 18 часот во местото Шушњевци. Според сведоци, Гргиќ целиот ден бил во друштво со осомничениот на излетничкото место Лескови води. Подоцна, на патот во Шушњевци, напаѓачот со своето возило му го попречил патот, излегол од автомобилот и пукал кон него. Гргиќ бил смртно погоден додека бил во сопственото возило.Поради истрагата, полицијата го блокирала сообраќајот кон Лескови води и Врховина, а за осомничениот, кој во прв момент бил во бегство, беше организирана широка потрага. Неколку часа подоцна, тој е пронајден и уапсен.

Свет | пред 3 месеци

f

Семејствата на загинатите ученици од „Рибникар“ бараат кривична одговорност од 12 години и санкции за родители

Семејствата на убиените деца и домарот Драган Влаховиќ од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград денеска најавија поднесување иницијатива до Министерството за правда за ревидирање на законската рамка и намалување на старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години, преку измени на Кривичниот законик и Законот за малолетни сторители на кривични дела и кривична заштита. Паралелно, тие бараат да се воведе кривична одговорност на родителите за тешки кривични дела извршени од нивните деца и да се укине забраната помлад возрасен (18–21 година) да не може да добие доживотен затвор, со можност – според биопсихолошката зрелост и околностите – да се изрече максималната законска казна.Во изјавата се наведува дека со намалување на границата на 12 години за сериозни кривични дела со елементи на насилство, Србија би ги следела современите трендови и би испратила јасна превентивна порака дека правниот поредок ја препознава реалноста и дека бруталното однесување нема да остане несанкционирано.Семејствата потсетуваат дека возрасната граница во домашното законодавство била поставена во поинакви општествени околности: денес децата побрзо созреваат, изложени се на насилство и во дигиталниот и во реалниот простор, а насилството добива сè побрутални форми со сè помлади сторители. Како аргумент посочуваат и дека статистиката покажува постојан раст на кривичните пријави против деца на или под долната граница од 14 години, како и дека ниту еден меѓународен документ не пропишува универзална минимална возрасна граница.Во продолжение се подвлекува значењето на воведување кривична одговорност на родителите. Без јасно дефинирани превентивни механизми и доследна примена на законот, одговорноста – според нив – останува дифузна, што го поттикнува насилството и создава чувство на неказнивост.

Свет | пред 3 месеци

media-library652rhj7abvuoaCVzvXQ

Во скопско Козле ноќеска гореле три куќи и помошна просторија!

Министерството за внатрешни работи го потврди пожарот за кој утринава информираше Скопје1. Пожарот избувнал ноќеска на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле при што биле зафатени три куќи и една помошна просторија, сопственост на тројца скопјани. Во инцидентот нема повредени лица, а огнот е изгаснат од екипите на Противпожарната бригада на Скопје.На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

kapistec-maloletnici

Насилство во средно училиште во Карпош, нападнат малолетник од врсници со тврд предмет

Малолетен ученик бил физички нападнат од група врсници во двор на средно училиште во Карпош, при што, според пријавата, бил употребен и тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.На 22.09.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Почнува скринигот за жителите на Трубарево по пожарот со токсичен чад и тешки метали

Од утре започнува дводневен скрининг на жителите на Трубарево и околните населени места, најави министерот за здравство Азир Алиу.„Ги замолувам сите граѓани што сметаат дека треба да посетат доктор да се пријават на овој скрининг. Прегледите се наменети за жителите од Трубарево и од околните места, а особено за лицата што чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми што укажуваат на заболувања на дишните патишта“, изјави министерот Алиу.Прегледите ќе ги вршат тимови од Клиниката за пулмологија и алергологија, со комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни испитувања. „Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие или ќе бидат извршени на лице место или пациентите ќе бидат упатени на Клиничкиот центар во Скопје“, додаде тој.Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Оливер Зафировски, потенцираше дека скринингот ќе го спроведат две екипи со две амбулантни возила. „Започнавме една убава акција ‘Здравјето на граѓаните пред сè’. Два тима ќе ги посетат сите граѓани во Трубарево и ќе направат почетни испитувања. Во зависност од тоа, ако може да се постави дијагноза или да се покаже дека немаат никакви оштетувања на нивните бели дробови, останува да им се ревидира терапијата. Но, ако има потреба, ги упатуваме на Клиниката за пулмологија за да можеме да ги продлабочиме испитувањата“, изјави Зафировски.Иако според последниот извештај на Министерството за животна средина концентрациите на ПМ10 честички се во рамки на дозволеното, по пожарот во фабриката „Ф-групација“ на 13 септември беа регистрирани сериозни надминувања. Тогаш во Трубарево ПМ10 честичките достигнале 92,65 микрограми на кубен метар, речиси двојно над дозволената граница. Покрај тоа, измерени се покачени концентрации на олово, арсен и особено кадмиум – дури десет пати над максимално дозволените вредности.Црниот чад од пожарот тогаш со часови се гледаше од целиот град, а жителите на Трубарево сè уште стравуваат за последиците врз здравјето.

Скопје | пред 3 месеци

media-library0b5lnrd0gtsr0QJuOOe

СДСМ: „Мицкоски го остави судството без реформи, Јаневска ги остави учениците без учебници“

Опозициската СДСМ денеска упати серија критики кон власта, обвинувајќи за неисполнети ветувања и неработење во клучни сектори – правосудството и образованието.Во соопштение од партијата се наведува дека премиерот Христијан Мицкоски повторно се обидел да ја изманипулира јавноста со празни флоскули за судството и обвинителството, додека фактички, откако е на власт, не донел ниту еден реформски закон. „Наместо ветените промени, Мицкоски го претвори правосудството во партиска филијала – со судии сопружници на негови градоначалници и роднини на коалициските партнери“, стои во реакцијата.СДСМ оценува дека Мицкоски една година ја потрошил во политички пазарења и кадровски комбинации, додека судството го држи „во заложништво на ВМРО-ДПМНЕ“.Паралелно, на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, го отвори прашањето за учебниците, обвинувајќи ја министерката за образование Весна Јаневска дека ги оставила учениците без основното право на квалитетно образование.„Помина цел месец од почетокот на учебната година, а учебници сè уште нема. Власта ветуваше дека секој ученик од 1 септември ќе има учебник, а излажа. Родителите не се должни да печатат материјали дома, ниту наставниците да импровизираат“, изјави Кузеска.Таа додаде дека Министерството мора да обезбеди план, логистика и контрола, и веднаш да ги достави учебниците до училиштата. „Весна Јаневска мора да понесе одговорност затоа што излажа и затоа што учениците ги остави без учебници“, порача Кузеска.Од СДСМ велат дека ова не е прашање на политика, туку прашање на иднината на децата и целиот образовен систем.

Македонија | пред 3 месеци

vardariste-protest

„Стоп за Вардариште“: Нашите протести не се партиски

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ испрати демант до јавноста, во кој категорично ја отфрла поврзаноста со која било политичка партија или организација. Реакцијата следува откако в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изнесе тврдења дека протестите се под влијание на партиски структури.„Најостро демантираме дека нашите протести се под водство, влијание или во служба на која било политичка партија или организација. Нашата иницијатива е исклучиво граѓанска, чесна и независна – за здравјето на сите нас, за воздух без чад и отров, за иднината на нашите деца“, стои во соопштението.Од иницијативата нагласуваат дека протестите ги организираат и ги водат единствено граѓаните, без дозвола некој да ја злоупотреби борбата за партиски или лични цели. „Нашиот единствен интерес е чист воздух, здрава животна средина и одговорни институции“, додаваат од таму.Иницијативата апелира граѓаните да останат обединети и да не подлегнуваат на дезинформации. „Нашата сила е во нашето единство и решителност“, наведуваат од „Стоп за Вардариште“.Протестите продолжуваат секој ден во 18 часот, на раскрсницата кај мостот Близнак.

Скопје | пред 3 месеци

kocani-puls-protest-4

Мицкоски за барањата за негова оставка поради Кочани: Се злоупотребува болката на родителите

Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан за коментар по последните барања за оставки од него и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кои дојдоа од родител во Кочани.„По последните маршови за ангелите од Кочани, можев да се видам во свој дигитален споменик, со лик испрскан со крв, каде што се води кампања против мене, министерот Тошковски и директорот Јанев.Мислам дека постојат луѓе на кои најмалку им е грижа за ангелите од Кочани и ја злоупотребуваат трагедијата на родителите што ги изгубија своите деца. За првпат можеби на македонската политичка сцена сведочев на дигитален споменик со мојот лик испрскан со крв. Ако некој смета дека тоа е добра кампања – во ред“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

zagadeno-skopje

Мицкоски најави филтри на оџаците како мерка против загадувањето: Очекувам невладини да се борат за воздуј по седум години молк

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата веќе размислува за конкретни мерки за намалување на загадувањето во претстојната зимска сезона.„За еден месец започнува грејната сезона. Денеска на владина седница ќе отворам значајна точка. Гасификацијата ќе трае подолго, затоа треба да разгледаме можност, како што субвенционираме клими и топлотни пумпи, да обезбедиме филтри на оџаците за 5 до 10 илјади домаќинства. Лично работев на оваа проблематика и видов дека во голем дел од градовите на тој начин е намалено загадувањето“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека Владата веќе мапирала околу 500 државни објекти кои користат фосилни горива, најчесто дрва, и дека постои можност и таму да се инсталираат филтри.„Очекувам повторно од ноември невладини организации да се активираат и да се борат за почист воздух, иако во изминативе седум години ги немаше. Оваа мерка би била вонредна, но мора да видиме како законски да ја реализираме, бидејќи сме во изборен период“, додаде премиерот.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryq1o20pjcbqn6cHVWhjM

(Видео) Скопје - град заложник на ѓубре! И ѓубриња.

Улиците на главниот град се претворени во мини депонии – преполни контејнери, купишта отпад расфрлани околу нив, смрдеа и пешачки патеки низ кои не може да се помине.Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае – глетката е иста, а граѓаните реагираат дека ова трае со денови. Град што треба да биде метропола, денес е заложник на сопствениот отпад. „ГРАД ЗАЛОЖНИК НА ЃУБРЕ! И ЃУБРИЊА.“ – натпис што не е случајно избран.Прашањето е што собираат камионите на ЈП „Комунална хигиена“? Ако задачата им е да го остават ѓубрето расфрлано околу контејнерите и на булеварите – работата им оди „одлично“.Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае, состојбата е очајна. Дел од контејнерите преплавени, некои се празни, дел од тротоарите блокирани, миризбата неподнослива.Дел од граѓаните се жалат дека не се поминува на пешачките патеки.А институциите? Едни велат „не е наша надлежност“, други велат „ќе се среди“. Во меѓувреме, градот се претвори во отворена депонија. И тоа со денови, не со часови.„Скопје навистина не заслужува вакво понижување. Но очигледно, ѓубрето си има свои заштитници“, се коментира на Фејсбук од жители.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryg8k3mn0775me6OdlrY4

По кратка постапка! Разрешен заменик министерот за внатрешни на Албанија, пушел цигари на службен пат во ресторан во САД

Заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Анди Махила, е разрешен од функцијата откако бил фатен како пуши цигари во ресторан за време на службен престој во САД.Одлуката ја донесе министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, која на својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека реагирала по пријава од албански државјанин што живее во Њујорк.„Од граѓанин што живее во Њујорк добив пријава дека заменик-министерот за внатрешни работи пушел цигари во ресторан. По направената проверка, ја донесов одлуката за негово разрешување“, наведе Кочиу.Таа додаде дека станува збор за сериозно кршење на законот и неприфатливо однесување за висок функционер на Министерството за внатрешни работи.„Ненамерни грешки се разбирливи, но пушењето во ресторан не може да се смета за таква. Тоа е свесно прекршување на правилата, што не може да се оправда“, потенцира министерката.Албана Кочиу е првата жена која застанала на чело на албанската полиција. Во претходната влада таа ја извршуваше функцијата министерка за здравство.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryqufotg8hrlgh1vN1GXd

(Фото) Герасимовски објави слики - го чистеше ѓубрето во Општина Центар заедно со хигиеничарите

Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите во повеќе локации во Центар, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје повторно потфрлија и го оставија цело Скопје, не само Центар затрупано во смет.„Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да остане проблем на граѓаните, ние сме тука за заедно да ги решаваме проблемите. А сега продолжуваме сите заедно да го чистиме Центар поради негрижата на градот“, изјави Герасимовски на терен.Герасимовски посочи дека акцијата продолжува динамично, со цел што побрзо да се нормализира состојбата.„Продолжуваме на следна локација, вечерва колку што ќе стигнеме да исчистиме, да ги наполниме контејнерите. Сабајле продолжуваме заедно со хигиеничарите да ги средуваме другите населби, една по една.Сите контејнери се полни, и на булеварите. Центарци нема каде да се паркираат, и паркинг местата ги узурпирале со смет. Се надевам дека градската власт ќе се свести и од утре ќе си ги преземе одговорностите и ќе ни го направи почист градот. Ако тие не го направат тоа, нашите служби повторно ќе ја завршат работата на градот“, додаде Герасимовски.Општина Центар информира дека општинските хигиеничари и во текот на денешниот ден продолжуваат со расчистување на сметот во сите населби.

Скопје | пред 3 месеци

menduh-taci-vlada

Тачи се закани: Ако ДУИ проговори, ќе откријам кои бизнисмени од Скопје и од Албанија колку го молеле Мицкоски

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, синоќа во гостување на ТВ21 изјави дека се покајал што влегол во Европскиот фронт, обвинувајќи го лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека не си го одржал зборот.„Јас се покајав што влегов во Европскиот фронт“, нагласи Тачи.Во своето излагање, тој упати и сериозни предупредувања до ДУИ: „Ако отворат уста уште еден збор, тогаш на следен јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски. Кој, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, колку се поклониле, како се согласиле да влезат во Владата дури и без претседател на Парламентот“, рече Тачи.

Македонија | пред 3 месеци

media-library652rhj7abvuoaCVzvXQ

(Видео) Се слушале експлозии, горело многу: Голем пожар ноќеска во Козле, горела куќа

Ноќеска избувнал пожар во скопската населба Козле, на улица „Јуриј Гагарин“, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“.„Во 02:03 се јавив на 112 и веднаш ми се јавија и ми кажаа дека се запознаени и дека се во акција. Во 02:12 огнот беше изгасен, остана чад. Во02:30 пак се слушаа експлозии и имаше чад”, сведочи водителката Снеже Велков.Противпожарната бригада на Скопје интервенирала со четири возила, откако огнот зафатил една шупа, а поради големината на пожарот бил оштетен и покривот на соседната куќа.„Пожарот беше голем и бараше ангажман на повеќе екипи. По два часа интервенција, успеавме целосно да го изгаснеме“, изјави за медиумите Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на Скопје.Во инцидентот, за среќа, нема повредени лица, а причината за пожарот дополнително ќе се утврдува.

Скопје | пред 3 месеци

dron1

Дронови го блокираа воздушниот сообраќај во Копенхаген и Осло

Силно полициско присуство и целосен прекин на сообраќај ја одбележаа ноќта на аеродромот во Копенхаген, откако беа забележани беспилотни летала над областа. Аеродромот, познат и како Каструп, беше затворен со часови, а повторно се отвори околу 00:30 часот.Данската полиција потврди дека во близина на пистите биле видени два до три големи дрона. „Тие беа директно над аеродромот, а потоа се поместија на периферијата“, изјави началникот на полицијата во Копенхаген, Хенрик Штормер, за ТВ 2 Данмарк. Портпаролот на аеродромот, Ден Прангсгард, додаде дека дел од летовите биле пренасочени кон Билунд, а бил повикан и дополнителен персонал.Неколку часа подоцна, слична ситуација се повтори и во Норвешка. По полноќ, аеродромот Гардермоен во Осло беше затворен поради нов извештај за дрон во областа. Претходно вечерта, беспилотни летала биле забележани и над центарот на градот, а двајца државјани на Сингапур се уапсени во рамки на истрагата.„Воздушниот простор над аеродромот е затворен поради нов извештај за дрон“, изјави за весникот VG Моника Фастинг, раководителка на комуникациите на аеродромот. Според „Флајтрадар“, во моментот имало неколку авиони што кружеле над Осло и Гардермоен.„Авионите кружат над градот и чекаат да бидат пренасочени кон други аеродроми“, објасни Фастинг, додавајќи дека затворањето во тој момент погодило 12 до 14 летови.

Македонија | пред 3 месеци

putin-4124

Путин: Подготвени сме воено да му возвратиме на Западот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Русија е подготвена да одговори на сите закани, додавајќи дека Москва и понатаму го поддржува дипломатскиот пат за смирување на тензиите „и покрај деструктивните политики на Западот“.Говорејќи во пресрет на денешната седница на Советот за безбедност, Путин предупреди на „исклучителна опасност од понатамошно влошување“ на геополитичката ситуација, особено во контекст на војната во Украина.Тој додаде дека Русија понудила „конкретни идеи“ за промена на тој курс, но дека тие „апели и иницијативи не наидоа на јасен одговор“, пренесе Russia Today.„Не смее да има никакво сомневање: Русија е способна да одговори на сите постоечки и новонастанати закани. Не со зборови, туку со примена на воено-технички мерки“, порача Путин.Откажување од мораториумот за проектилиПутин потсети на одлуката на Москва од минатиот месец да се повлече од едностран мораториум за распоредување копнени проектили со среден и пократок дострел. Овој потег го опиша како „принуден чекор“, предизвикан од потребата да се спротивстави на плановите за распоредување американски и други западни проектили во Европа и азиско-пацифичкиот регион.Сепак, Путин нагласи дека Русија не е заинтересирана за воена реторика ниту за „мавтање со оружје“. „Убедени сме во доверливоста и ефикасноста на нашите национални сили за одвраќање, но во исто време не сме заинтересирани за понатамошно подигање на тензиите ниту за поттикнување трка во вооружување,“ рече тој.Тој додаде дека Русија секогаш им давала предност на „политичките и дипломатските методи за одржување на меѓународниот мир, засновани врз начелата на еднаквост, неделивост на безбедноста и заемно почитување на интересите“.

Свет | пред 3 месеци

media-librarykne2pg9kpgq7dFwOrDv

(Видео) Трамп и Маск повторно лице в лице: Читач на усни откри што си рекле еден на друг

Американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск повторно се сретнаа на погребот на конзервативниот активист Чарли Кирк, кој се одржа во неделата во Аризона.Маск, основачот на „Тесла“, му подаде рака на Трамп во претседателската ложа, а двајцата кратко разговараа пред Трамп со гест на рака да му покаже да се повлече.Според читачот на усни Никола Хиклинг, Трамп му рекол на Маск: „Како си?“, а потоа додал: „Чув дека сакаш да разговараш.“Маск слегнал со раменици, а Трамп предложил: „Ајде да се обидеме да најдеме начин да се вратиме на вистинскиот пат.“Американскиот милијардер потврдно кимнал со главата, по што Трамп му ја стегнал раката и изјавил: „Ми недостигаше.“Нивната средба се случува по повеќемесечна јавна кавга.

Свет | пред 3 месеци

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Од полноќ поскапува Еуродизелот за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ се зголемува цената на Еуродизелот (Д-Е V) за половина денар по литар. Така, од утре на бензинските пумпи овој дериват ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар.Цените на другите горива остануваат непроменети. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по 75,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 77,50 денари за литар.Со оваа одлука, граѓаните ќе плаќаат малку повеќе само за дизел горивото, додека цените на бензините остануваат исти. Регулаторната комисија редовно врши усогласување на цените на нафтените деривати врз основа на движењата на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ристоска го демантира Мицкоски: Платата ми е редовна, не повисока

Обвинителката за врски на Македонија во Европравда, Ленче Ристоска, го демантира премиерот Христијан Мицкоски и истакна дека никогаш не примала за два до три пати повисока плата од редовната. Таа нагласи дека нејзиниот надоместок не го одредува државниот обвинител преку Правилник и дека е единствениот обвинител кој работи од сопствената држава.Реакцијата следува откако Мицкоски на брифинг со новинарите во петокот изјави дека претставникот на Македонија во Европравда зема „ненормално висока плата“. Премиерот беше дециден дека е против судиите и обвинителите да имаат зголемени плати, иако, како што рече, тоа го бараат со поддршка од граѓаните од едвај два проценти.Во овој контекст, Мицкоски додаде дека во законите за судиите и обвинителите не се предвидуваат суштински реформи, туку единствено зголемување на платите.Европската комисија, пак, бара зголемување на платите за судиите и јавните обвинители, како и за членовите на Судскиот и Обвинителскиот совет. Сепак, Владата е против ваквото решение и најави дека ќе направи компаративна анализа со пет европски земји за да се утврди колку средства тие издвојуваат за судството и обвинителството.

Македонија | пред 3 месеци

motor-18-

Во четири града, четири сообраќајќи со мотори, најтешко е повреден пешак во Куманово

Црн ден за моторџиите низ државата. Во текот на 21 септември се случија четири сообраќајни несреќи во кои беа вклучени мотоцикли, при што повеќе лица се здобија со тешки телесни повреди.Во Охрид, на улицата „7 Ноември“, 18-годишен возач на мопед „априлија“ од селото Лескоец е тешко повреден при судир со патничко возило „рено“.На 21.09.2025 во 21:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на  улицата „7 Ноември“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(69) од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.З.(18) од охридското село Лескоец. Н.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.Во Свети Николе, на крстосницата од улиците „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“, 33-годишен мотоциклист од Скопје е тешко повреден во судир со возило „пежо“.На 21.09.2025  во 14:40 часот во Полициската станица Свети Николе е пријавено дека на крстосницата од ул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(33) од Скопје и патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 50-годишната Е.Ѓ. од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.Во Куманово, на булевар „Трета македонска ударна бригада“, мотоцикл „бмв“ со швајцарски ознаки удрил во 74-годишен пешак кој се здобил со тешки повреди. Повредени се и возачот на моторот и неговата сопатничка.-На 21.09.2025 во 20:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово мотоцикл „бмв“ со швајцарски  национални ознаки, управуван од З.Б.(48) од Куманово, удрил во пешакот М.Д.(74) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Со телесни повреди се здобиле З.Б. и неговата 36-годишна сопатничка Л.Д. од Украина. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.Во Битола, на крстосницата од улиците „Филип Втори Македонски“ и „Наум Наумовски Борче“, мотоцикл удрил во патничко возило „сеат“. Тешки повреди добила 50-годишна жена сопатничка на моторот, а полесно е повреден и возачот.На 21.09.2025 во 14:58 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(44) од Битола и мотоцикл управуван од С.А.(22) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 50-годишната С.А. од Битола, која се превезувала на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката  болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 3 месеци

media-library66ibkhdvmf1f1FW9wNJ

Обвинителството повторно побара обдукција на телото на починатото девојче во тетовската болница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово повторно издаде наредба за извршување на судско-медицинска обдукција на телото на седумгодишното девојче од селото Челопек, кое на 20 септември почина за време на лекување во Клиничката болница во Тетово, а за кое родителите не дозволуваат да се изврши обдукција.Според обвинителството, обдукцијата е неопходна за целосно да се расветлат околностите околу смртта на детето.Од Клиничката болница Тетово претходно информираа дека веднаш по приемот на пациентката биле преземени сите неопходни медицински мерки, но и покрај напорите на лекарите девојчето починало.

Македонија | пред 3 месеци

AVTOBUS-JSP

Автобусите на ЈСП може повторно да останат без нафта – „Пуцко петрол“ ја прекина доставата

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје се соочува со проблеми во снабдувањето со нафта, откако компанијата „Пуцко петрол“ ја прекина испораката и покрај активниот договор.Од претпријатието предупредуваат дека оваа ситуација може да влијае врз редовното сообраќање на автобусите во градот.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања