„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

ДИК соопшти нови податоци за излезноста на гласачите, од скопските општини најмногу гласале во Сарај

Државната изборна комисија информира дека до 15 часот излезеноста на локалните избори била 31 отсто, најмногу гласачи излегле во Сарај.Излезноста на локалните избори до 15 часот во Скопје е 31,16 проценти, информира Државната изборна комисија.По општини во Скопје:Аеродром – 31,50 проценти излезностБутел – 33,10 проценти излезностГази Баба – 27,82 проценти излезностЃорче Петров – 30,11 проценти излезностКарпош – 33,37 проценти излезностКисела Вода – 31,58 проценти излезностСарај – 36,33 проценти излезностЦентар – 34,40 проценти излезностЧаир – 35,3 проценти излезностШуто Оризари – 21,99 проценти излезностМакедонија:Берово 40,14 проценти излезностБогданци 39,57 проценти излезностВаландово 35,88 проценти излезностГевгелија 35,78 проценти излезностГрадско 37,12 проценти излезностДебарца 43,43 проценти излезностДемир Капија 46,65  проценти излезностДојран 48,88 проценти излезностЗелениково 41,34 проценти излезностКратово 42,35 проценти излезностКрушево 47,47 проценти излезностЛозово 47,32 проценти излезностМакедонски Брод 48,21 проценти излезностНоваци 52,84 проценти излезностПробиштип 45,12 проценти излезностРосоман 46,4 проценти излезностСтаро Нагоричане 43,48 проценти излезностЧашка 53,19 проценти излезностНајмала излезност има во општините:Центар Жупа 17,12 проценти излезностРадовиш 24,24 проценти излезностМаврово Ростуше 20,14 проценти излезностГостивар 20,95 проценти излезностВрапчиште 14,94 проценти излезностДосега, како што велат од ДИК, нема никакви приговори за неправилности на избирачките места.

Македонија | пред 4 месеци

45378819_869472936776676_5451244269576650752_n

Осуммина кавадарчани насилно влегле во дом и нападнале брачен пар

Група лица ги искршила вратите и покуќнината во дом на сограѓанин и физички го нападнала сопружничкиот пар.Во периодот од 22:05 до 01:25 часот во Кавадарци, полицијата извршила разговор со осум лица осомничени дека ја оштетиле влезната врата и нападнале брачен пар во нивниот дом. По документирање ќе бидат поднесени пријави, информира МВР.

Македонија | пред 4 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Тешка сообраќајка кај Струга – четворица со сериозни повреди

Судир меѓу два автомобили кај селото Подгорци заврши со повеќе повредени лица, меѓу кои и тешко повредени патници.На 18.10.2025 околу 16:10 часот на локалниот пат кон с.Подгорци, струшко, се судриле два автомобила – „цитроен берлинго“ и „цитроен саксо“. Со тешки повреди се здобиле возачот А.Д.(41) и тројца сопатници, а со полесни возачот А.О.(45). Повредените се хоспитализирани во Струга, Охрид и Скопје. Извршен е увид од јавен обвинител и полициска екипа, соопшти МВР.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryan6jlt130379aKcgNq4

Граѓаните може да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија: Ќе функционира до 19.00 часот

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.Исто така, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.Народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycodc4574q33efLnSpil

„Што ти пречи оџа“: Градоначалникот Костовски го прозва имамот кој среде молитва ги повикал верниците да не гласаат за него

Градоначалникот Дарко Костовски остро фреагираше кон имамот од амијата во Бутел 2 поради повикот до Албанците да не гласаат за него и го повика народот да ја избере иднината преку реализираните проекти.Имено, оџата за време на петочната молитва ги повикал верниците в недела да не гласаат за актуелниот градоначалник.Сакам лично да го поздравам оџата од Џамијата во Бутел 2. Да му кажам јавно неколку реченици. Оџа на денешната петочна Џума требало да проповедаш тоа што го учи исламот како вера, а не да кажуваш дека албанцице не треба да гласаат за Дарко Костовски затоа што е македонец. Па најдобро било да гласаат за ДУИ. (Тие што шајка немаат ставено во Бутел.)Што ти пречи Оџа ?Тоа што во Бутел 2 се гради нова градинка за нашите деца ?Тоа што во училиштето Панајот Гиновски Бутел 2, се направи нова фасада ?Тоа што Љуботен после 30 години добива чиста вода ?Тоа што Визбегово доби ново училиште ?Тоа што во Скопје Север се вложуваат повеќе од еден милион евра ?Тоа што пред нова година ќе удриме камем темелник на нова поликлиника ?И за крај, дали и јас по твојот памет требаше да не градам кај албанците само затоа што се албанци ?Еден куп албанци ми се јавија згрозени од твојот денешен повик.Да знаеш дека во Недела, целиот народ меѓу кои и албанци, многу жестоко ќе го поразат ова ваше мизерно однесување.Народот сака развој и проекти, сака иднина за нивните деца.Весна ДодевскаГрадоначалник за сите Дарко Костовски, нека престанат со ширење омраза по национална основа, Бутел ја градиме како мирна модерна мултикултурна општина .

Скопје | пред 4 месеци

puls-6

Одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува во судска постапка.Советот за оценка на обвинителниот акт го прифатил и второто обвинение со број КО 2317/25, поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.Обвинението, поднесено на 4 септември 2025 година, се однесува на едно лице – А.Н., осомничен за кривично дело по член 292 став 2 во врска со член 288 став 3, став 2 и член 22 од Кривичниот законик.Според информациите од судот, А.Н. се јавува како одговорно лице и реален сопственик на обвинетото правно лице „Рубикон секјурити солушн“ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, фирма за обезбедување на имот и лица.Со одобрувањето на обвинителниот акт е формиран кривично-правен предмет со број К.бр. 1970/25, кој, согласно АКМИС-системот, е распределен кај судијката Биљана Смаќовска за понатамошно постапување.Кривичниот суд информира дека за сите нови информации поврзани со постапката, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени.

Македонија | пред 4 месеци

nasilstvo-vrz-deca

Сексуален инцидент меѓу штитеници во установа во Скопје

Во установа за згрижување деца во Скопје е пријавен случај на сексуални односи меѓу малолетници.На 16.10.2025 во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година, во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуални односи пред 12-годишен штитеник, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

krazhba-na-kola

Кражба во Центар – обиен мерцедес и украдена актовка со пари и документи

Непознат сторител украл актовка со пари, печати и документи од службено возило паркирано во центарот на Скопје.На 17.10.2025 во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје, од патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, била одземена актовка со пари, документи, печати и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Скопјанка го нападнала партнерот и со нож ги оштетила гумите на неговото возило

44-годишен маж од Тетово пријавил дека во Скопје бил физички нападнат и му било оштетено возилото од неговата партнерка.На 17.10.2025 во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријавил дека на 16.10.2025 околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите и физички го нападнала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

policija-2457

Пукање од возило кон дом во Ѓорче Петров

Маж од Скопје пријавил дека бил испукан огнен оружје кон неговиот дом, но за среќа нема повредени.На 17.10.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, слушнал возило како застанало и три истрели од огнено оружје, по што во дневната соба забележал скршено стакло од прозор, оштетување на ѕидот, а на подот пронашол две зрна од огнено оружје. Повредени лица нема, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

izbori-glasanje-11-92584

Политички инцидент во Куманово – нападнати лица додека делеле изборен материјал

Двајца Кумановци пријавиле дека биле нападнати додека делеле изборен материјал од нивната партија.На 16.10.2025 во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена пријава.

Македонија | пред 4 месеци

gaza-evaakuacija

СЗО: Менингитис, дијареја, респираторни заболувања, болестите се „надвор од контрола“ во Газа

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека заразните болести во Газа денес се „надвор од контрола“, а само 13 од 36-те болници на територијата делумно функционираат.„Без разлика дали станува збор за менингитис, дијареја, респираторни заболувања, зборуваме за огромна количина на работа“, рече Ханан Балки, регионален директор на здравствената организација на ОН.Истовремено, СЗО соопшти дека ги зголемила залихите на медицинска опрема за здравствените установи откако стапи на сила прекинот на огнот во Газа.„Оваа недела, повеќе од 220 палети со основни лекови и медицински потрошен материјал беа испратени од нашиот јужен магацин до партнерите што ги поддржуваат болниците низ Газа“, се вели во соопштението на платформата Икс.Светската програма за храна на ОН денес објави дека од почетокот на прекинот на огнот, во Газа доставувала просечно 560 тони храна дневно, но дека тоа е сè уште под потребните количини.Во бруталната војна што ја водеше Израел, загинаа речиси 68.000 луѓе во Газа, претежно жени и деца, наведува палестинското Министерство за здравство.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryi9elooumgvl74Q1layO

Љутков: Почнува целосна реставрација на куќата на Владо Малески во Струга

Министерството за култура најави итен проект за реставрација на музеј-куќата на Владо Малески во Струга, која беше сериозно оштетена при уривање на соседен објект – дивоградба, со што беа поткопани нејзините темели.Министерот за култура, Љупчо Љутков, изјави дека работите ќе започнат веднаш, со цел да се зачува автентичниот изглед и историскиот дух на домот на авторот на македонската химна.„Ќе бидат ангажирани експерти кои ќе ја водат обновата на најпрофесионален начин, со цел да се заштити и зачува културното наследство“, нагласи министерот Љутков.Според најавите од Министерството, реставрацијата ќе биде изведена со ангажирање на стручњаци и експерти од областа на заштитата на споменици на културата, а фокусот ќе биде на враќање на оригиналниот, автентичниот изглед на објектот и спречување на понатамошни оштетувања.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryac3e9k4rmjo52x9bMZh

„Нè уништи чувството дека не вреди да се бориш“, вели „Ова е нашата земја – нема кој да ја направи достоинствена ако не ние“, вели Луке Галески

Во отворено писмо, Луке Галески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Центарот за комуникации, испрати порака за потребата од промена, ангажман и одговорност, а во пресрет на изборите во недела.„Ние сме децата на транзицијата, генерација што преживеа, но сега мора и да создаде. Ова е нашата земја, и никој нема да ни ја направи достоинствена ако не ја направиме ние“, порача Галески, потенцирајќи дека вистинскиот избор не е меѓу лево и десно, туку меѓу пасивност и ангажман, меѓу цинизам и вера, меѓу живот во страв и живот со цел.Галески вели дека генерацијата што ги издржа деведесеттите мора да ја замени апатијата со дејствување:„Нè уништи чувството дека не вреди да се бориш. А тоа чувство се лечи само со еден лек – дејствување. Секоја мала акција е отпор. Секоја вистина кажана во време на лага е револуција.“Тој повикува на „револуција на карактерот“, наместо улични бунтови, и на враќање на моралот и смислата во јавниот живот:„Да ја играме играта на политиката не како циници, туку како луѓе што знаат зошто веруваат. Да го направиме изборот, не мора за партија, туку за смисла.“Во завршницата, Галески испраќа порака за враќање на достоинството и создавање систем што ќе им даде надеж на идните генерации:„Нашата генерација не е повеќе дете на транзицијата – ние сме родители на иднината што мора да ја изградиме. И затоа, време е за пресврт. Време е за вистински избор.“

Македонија | пред 4 месеци

media-library5bthfpjopbae7fXrTjn

(Видео) Екплодираше автомобилот на италијанскиот новинар Ранучи, му поставиле бомба под возилото

Синоќа е целосно уништен автомобилот на познатиот италијански новинар Зигфридо Ранучи, откако бомба која била поставен под возилото експлодирала. Во експлозијата нема жртви, објави сајтот на емисијата Репорт, која тој ја води на РАИ 3.Од екплозијата биле оштетени и втомобилот на неговата ќерка и фасадата на зградата, по што инцидентот беше осуден од бројни политички функционери.Премиерката на Италија, Џорџа Мелони изрази „целосна солидарност“ со новинарот и „цврсто го осуди овој сериозен чин на заплашување“.„Слободата и независноста на информациите се вредности на нашата демократија од кои не можеме да се откажеме и кои ќе продолжиме да ги браниме“, додаде таа.

Свет | пред 4 месеци

media-library88in3uo69hdh4WT9q0F

(Фото) Силна експлозија во станбена зграда во Букурешт, загинаа две лица

Силна експлозија во висока станбена зграда во Букурешт, предизвика уривање на два ката, при што загинаа две лица, а 12 се повредени и тие веднаш се пренесени во болница, објавија утринава локалните медиуми.Од силината на експлозијата се скршиле и прозорците на блиското средно училиште, а според наводи на Reuters, eксплозијата освен што целосно урнала два ката, оштетила и неколку под нив.Спасувачките екипи кои се натерен ги пребаруваат урнатините предизвикани од експлозијата.Официјални информации за причината за експлозијата се уште нема

Свет | пред 4 месеци

media-libraryhvkm2gion51faA8d8SH

(Видео и фото) Ликвидиран е Филип Ивановиќ од Цетиње во „Белград на вода“, бил баран од Интерпол

Доцна синоќа во познатата белградска населба Белград на вода, е убиен 33-годишен маж на детско игралиште.Станува збор за Црногорецот Филип Ивановиќ од Цетиње, кој бил застрелан со куршум во челото од страна на 21-годишно момче. Полицијата брзо го уапсила Ѓ.З. кај кого биле пронајдени два пиштола и словенечки документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани.По Ивановиќ била распишана меѓународна потерница, откако на 4 декември 2024 година побегнал од куќен притвор во Белград, при што насилно го отстранил електронскиот надзор.Во Србија против него се водел судски процес поради помагање на Лазар Тејиќ по убиството на Бојан Мирковиќ, додека Црна Гора го барала под сомнение дека бил член на организирана криминална група и соизвршител во неколку тешки убиства.Од Управата на полицијата на Црна Гора соопштиле дека Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион објавил меѓународна потерница по Ивановиќ и дека неговото екстрадирање во Црна Гора било планирано по завршување на судскиот процес во Србија.Ивановиќ претходно бил уапсен во Белград на 25 ноември 2020 година под сомнение дека учествувал во тешко убиство. По бегството од куќниот притвор, повеќе од девет месеци бил во бегство, сè до неговото убиство синоќа.Осомничениот, Ѓ.З. (21), бил пресретнат од полицајци во цивилна облека на само 200 метри од местото на злосторството, каде што бил разоружан и уапсен.На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа, а во тек е истрага, по што ќе бидат познати повеќе детали.Итната медицинска помош потврди за РТС дека човекот е убиен и дека пукањето се случило во 23:13 часот.

Свет | пред 4 месеци

viena-crkva-1

Тинејџер со потекло од Македонија осомничен за тероризам во Австрија: со Чеченец сакале да воспостават калифат

18-годишно момче со потекло од Македонија, кој заедно со Чеченец биле осудени пред две години во судот во австрискиот град Лебен, за планирање напад врз средно училиште сега се повторно во притвор под сомнение за тероризам, пишува весникот „Kronen Zeitung“.Како што наведува весникот, тие биле осудени на затворски казни, бидејќи сакале да воспостават калифат во Австрија и со предумисла да убиваат лица од христијанска вероисповед. Едниот од двајцата, сега 17-годишен, бил предвремено ослободен откако отслужил две третини од казната и според судството, ги следел упатствата како што се мерки за дерадикализација и психотерапија.Бил уапсен затоа што очигледно планирал крвопролевање со полуавтоматски пиштол и побарал од познаник да му даде пари однапред за да го купи оружјето.Тинејџерот досега одбивал да соработува со истражителите. Неговиот соучесник, сега 18-годишен, беше уапсен на македонска граница кон крајот на август, откако се враќал од посета на земјава.Тој исто така е обвинет за нови, сериозни планови за напади, вклучувајќи и употреба на бомби и повторно е во затвор по условната казна од првото судење.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2htgta7h0o9tclxCo91

(Видео) Руски напад со „Шахед“ дронови го разурнаа украинскиот воен аеродром во Криви Рог

Руските сили извршија напад врз воен аеродром во Криви Рог, каде, според наводите, се наоѓале авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција „РИА Новости“, повикувајќи се на координаторот на проруското „Миколаевско подземје“, Сергеј Лебедев.Украинските власти потврдија дека во Криви Рог одекнале повеќе од десет експлозии за време на воздушна тревога, но не спомнаа аеродром.„Изброени се околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозоватски, на северот од градот, каде што има пет авиони, меѓу кои и на НАТО. Од таму масовно се лансираат и дронови кон јужниот дел на Русија – Крим, Краснодарскиот крај и југот на Ростовската област“, изјави Лебедев.Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички јазол со неколку хангарски објекти и складишта со оружје.Украина: Криви Рог бил нападнат со повеќе од десет „Шахед“ дроновиКриви Рог бил под силен напад од иранските дронови „Шахед“, а забележани се повеќе од десет експлозии додека системите за противвоздушна одбрана биле активни, соопшти на „Телеграм“ претседателот на Одбранбениот совет на Криви Рог, Олександр Вилкул.„Криви Рог – масовен напад со дронови ‘Шахед’. Веќе има повеќе од десет експлозии и повеќе од десет дронови над градот“, напиша тој.„Русија и понатаму го тероризира животот во Украина“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален канал на „Телеграм“.Што се „Шахед“ дронови?Шахед“ (Shahed) се ирански беспилотни летала за самоубиствено дејство, познати и како „камиказа-дронови“. Русија ги користи во војната против Украина под својата ознака „Герањ-2“ (Geran-2).Тип: Ударни дронови исполнети со експлозивОпсег: До 2.000 километриБрзина: Околу 180 km/hНачин на дејство: Летаат ниско и се уриваат врз целта, предизвикувајќи голема детонацијаЦели: Енергетски објекти, инфраструктура и цивилни зониПотекло: Производство во Иран, модели Shahed-131 и Shahed-136Овие дронови се евтини, масовни и тешко се откриваат, па Русија ги користи за исцрпување на украинската противвоздушна одбрана. Кога се приближуваат, се слуша карактеристично зуење — поради што Украинците ги нарекуваат „мопеди на смртта„Ниту една ноќ без руски напади“„Ништо не се променило за Русија – таа и понатаму го тероризира животот во Украина. Рој дронови го погоди Криви Рог, со цел гаѓање на цивилната инфраструктура. Во нашето небо се појавија десетици други борбени дронови. Забележани се и проектили. Всушност, во последните недели нема ниту една ноќ без руски напади врз Украина. Повеќето цели се инфраструктурни објекти – дел од систематската кампања на терор против нашиот енергетски сектор“, стои во објавата.Зеленски нагласи дека Русија се обидува да го претвори овој дел од Европа во „остров на опасност и страдање за луѓето“ — што, како што рече, не смее да се дозволи.„Русија ќе биде принудена да го прекине војувањето тогаш кога повеќе нема да може да го продолжи. Вистинската подготвеност на Русија за мир не се гледа во зборови — такви на Путин никогаш не му недостасувале — туку во вистински престанок на нападите и убиствата. А токму тоа е нешто со што тој има проблем“, истакна Зеленски.

Свет | пред 4 месеци

drzavna-izborna-komisija-izbori

Граѓаните ги слушнаа сите ветувања, на полноќ почнува изборниот молк

Вечерва на полноќ стартува изборниот молк пред денот на гласањето за локалните власти, закажан за недела, 19. октомври.Граѓаните ги слушнаа ветувањата од кандидатите за градоначалници и носителите на изборните листи од страна на политичките партии, независните кандидати и коалиции. Тие уште денеска имаат можност да ги претстават нивните програми и планови за функционирање на општините во наредните четири години.Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот изборен круг.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfjrvgc2t8cnq3f1sbHE

Нов напад на САД врз брод во Карибите, најверојатно превезувал дрога: Овојпат има преживеани

Американската војска изврши нов напад врз пловило во Карибите за кое постојат сомневања дека превезувало дрога. За разлика од претходните случаи, овојпат биле пронајдени преживеани членови на екипажот, потврдил за „Ројтерс“ (Reuters) американски функционер под услов на анонимност. Тој не понудил дополнителни детали, освен што навел дека не е јасно дали нападот бил изведен со намера да има преживеани, пишува „Ројтерс“.Овој развој на настаните отвора повеќе прашања — меѓу кои и тоа дали американските сили им пружиле помош на преживеаните и дали тие сега се наоѓаат во американски воен притвор, можеби дури и како воени заробеници. Пентагон, кој целните лица во нападите ги означи како „наркотерористи“, сè уште нема одговорено на барањето за коментар.Досега, во американските воени напади врз сомнителни бродови во близина на Венецуела загинале најмалку 27 лица. Овие напади предизвикаа загриженост меѓу правните експерти и конгресмените демократи, кои ја преиспитуваат нивната усогласеност со меѓународното право за вооружени конфликти. Видео-снимките од претходните напади, објавени од администрацијата на Трамп, прикажуваа целосно уништени пловила, а досега немало извештаи за преживеани.Администрацијата на Трамп ги оправдува нападите со тврдењето дека САД веќе се во војна со „наркотерористички групи“ од Венецуела. Според нив, тие се неопходни затоа што традиционалните методи — како апсење на екипажот и заплена на товарот — не успеале да го запрат шверцот на дрога кон САД. Овие инциденти се случуваат во контекст на засиленото американско воено присуство во Карибите, кое вклучува разорувачи, борбени авиони Ф-35, нуклеарна подморница и околу 6.500 војници, додека претседателот Доналд Трамп го засилува притисокот врз владата на Венецуела.Напнатоста дополнително се зголеми откако Трамп во средата откри дека ја овластил ЦИА (CIA) да спроведува тајни операции во рамките на Венецуела, што поттикна шпекулации за можен обид за соборување на претседателот Николас Мадуро. Поради нападите на море, венецуелскиот амбасадор при Обединетите нации, Самуел Монкада, побара од Советот за безбедност да ги прогласи американските акции за незаконски и да го поддржи суверенитетот на неговата земја.Загриженоста дополнително се зголеми поради неочекуваните промени во американското воено раководство. Пентагон неодамна соопшти дека операциите против дрога во регионот повеќе нема да ги води Јужното командување, туку новоформирана работна група под раководство на маринците. Во четвртокот, министерот за одбрана Пит Хегсет потврди дека адмиралот Алвин Холси, шеф на Јужното командување, поднел оставка две години пред истекот на мандатот. Водечкиот демократ во Сенатскиот комитет за вооружени сили, сенаторот Џек Рид, ја нарече оставката „загрижувачка“.„Оставката на адмиралот Холси само ја продлабочува мојата загриженост дека оваа администрација ги игнорира тешко стекнатите лекции од претходните американски воени кампањи и советите на нашите најискусни офицери“, изјави Рид.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryfua31kk201ubaiNJD2N

Министерството за култура со реакција до наводите на СДСМ: Куќата музеј на Малески е оштетена при уривање на соседен објект

Министерството за култура и туризам најостро ги отфрла неточните и тенденциозни обвинувања изнесени во денешното соопштение на СДСМ во врска со оштетувањето на заштитениот објект – куќата на Владо Малески во Струга.Сметаме дека овие обвинувања од СДСМ претставуваат исклучиво политичка злоупотреба на една чувствителна тема за дневно партиски цели и манипулација со јавноста.Заради правилно информирање, потенцираме дека Решението за рушење на постојниот соседен објект и изградба на нов објект во сопственост на Зуди Каба од село Велешта, под број 08-738/2022 од 17.07.2023 година, е издадено во периодот кога институциите беа под раководство на СДСМ.Ова јасно покажува дека токму претходната власт, наместо да го штити културното наследство, го занемаруваше и игнорираше.За разлика од повеќегодишната негрижа, министерот Љутков се залага и е максимално посветен на системски пристап во заштитата, промоцијата и презентацијата на културното наследство.Инаку веднаш по добиените информации во текот на вчерашниот ден увид изврши стручен тим од надлежниот Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, а во моментов на терен е инспекциската служба од Управата за заштита на културното наследство која врши увид во состојбата со заштитениот објект, за што јавноста ќе биде благовремено информирана.Министерството останува непоколебливо посветено на вистинската заштита и унапредување на културното наследство, кое претставува темел на македонскиот идентитет и потенцијал за развој на културата и туризмот.Нашата заложба е јасна – културното наследство не смеат да бидат жртва на политички игри и дневнополитички интереси. Културното наследство му припаѓа на народот, затоа нема да дозволиме тие да бидат искористувани за партиски пресметки и деструктивни наративи кои создаваат недоверба и поделби.И додека СДСМ рушеше објекти, јазикот, културата и идентитетот, ние градиме  на дело: Универзална сала, Струмички театар, Театар Куманово, Кино Партизан....

Македонија | пред 4 месеци

zaloznici-izrael

Хамас копа под урнатините за да ги врати на Израел останките на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е категоричен во настојувањата да бидат вратени телоата на сите убиени заложници што ги држеше Хамас повеќе од две години. Тој ја обвини терористичката организација дека го прекршила мировниот план на Трамп бидејќи според договорот мора бидат предадени сите заложници во Газа, и живи и мртви, во рок од 72 часа од стапувањето во сила на прекинот на огнот.Хамас во понеделникот ги врати 20те живи заложници на време, но предаде останки само на девет од 28-те заложници кои се мртви.Хамас се правда дека не знае точно каде се закопани телата, додавајќи дека му е потребна посебна опрема за извлекување на останатите тела. Претседателот на САД Доналд Трумп изјави дека Хамас „копа“ за да пронајде тела.-Копаат. Пронаоѓаат многу тела. Некои од нив се таму мнгоу долго, а некои се под урнатините. Мора д аги расчистат урнатините. Некои тела се во тунелите, рече тој.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryfua31kk201ubaiNJD2N

МВР со детали за уривањето на културното обележје во Струга: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески

МВР соопшти детали за тоа како е урнат музејот-куќа на Владо Малески во Струга.На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство.Увид на местото извршија претставници на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, како и полициски екипи. По целосно расчистување на настанот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“ по член 264 од Кривичниот законик, информира МВР.

Македонија | пред 4 месеци

vozilo-pozar

Опожарен е мерцедес во Кисела Вода

Во Скопје, повторно е запален автомобил. Опожарен е мерцедес во Кисела Вода.На 16.10.2025 во 01:30 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје е пријавено дека на ул.„Народни херои“ во Скопје е опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) од Скопје.Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања