„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

Морална осуда за неврологот Кузмановски, неговото однесување ги компромитира и другите лекари, оцени Лекарската комора

Лекарската комора денеска соопшти дека Комисијата за етички и правни прашања, постапувајќи по случајот со видеоснимката со д-р Игор Кузмановски, кој веќе е разрешен од директорскта функција на Клиниката за неврологија, упатува јавна морална осуда за настанот.Ова, посочуваат од Лекарската комора, се прави со цел да се заштити интегритетот и угледот на лекарската професија, бидејќи однесувањето прикажано на снимката ги нарушува довербата во професијата и не е во согласност со високите морално-етички стандарди кои се очекуваат.Комората нагласува дека д-р Кузмановски, како и секој лекар, треба да биде свесен за својата улога и значење во заедницата. Од лекарите се очекува, како во професионалниот, така и во приватниот живот, да негуваат и покажуваат лични квалитети кои соодветствуваат на местото и достоинството на лекарската професија во општеството. Секој несоодветен, лекомислен, нечесен или понижувачки акт, покрај тоа што го компромитира самиот поединец, истовремено ги компромитира и сите негови колеги, стои во соопштението.На состанокот на Комисијата, детално беа разгледани документите добиени од Министерството за здравство, а беше направена и проверка на поднесените претставки до Комората за евентуални етички пропусти во работењето, при што беше констатирано дека нема случај поврзан со д-р Кузмановски. Со цел да може да се обезбедат соодветни факти и да се добие целосна слика за етичкото однесување на докторот во изминатиот период, што сметаме дека е важно во оваа ситуација, Комисијата цени дека е важно да ги имаат на увид и извештаи од стручните комисии формирани за овој случај од страна на Министерството за здравство и од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија. По добивањето на овие официјални извештаи и комплетирањето на информациите, Комисијата ќе донесе заклучок за понатамошно постапување во однос на прекршувањето на етичките норми.Д-р Кузмановски и понатаму останува без активна лиценца за вршење докторска дејност. Доставеното барање за повторно стекнување со лиценца ќе биде дополнително разгледано, информираат од Лекарската комора.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

АФЖ - Левица бара казна за Дехари: Остро го осудија сексуалното малтретирање што го вршел кичевскиот градоначалник

Антифашистичкиот фронт на жените, АФЖ - Левица, во партиското соопштение најостро го осудува одвратното, мизогино и злоупотребувачко однесување на Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево, како и срамното молчење од страна на ДУИ и останатите институции.Аудио-снимките што излегоа во јавност, на кои се слуша како Дехари сексуално малтретира и понижува вработени жени во Општината, се доказ за системска злоупотреба на моќ и родово насилство на работно место, а тоа е нешто што заслужува и кривична одговорност, не само - политичка оставка!Ниту една жена не треба да биде предмет на понижување, заплашување или сексуално изживување, особено не од страна на функционер платен со парите на граѓаните. Ова е скандал преку злоупотреба на функција, полов мобинг и родово засновано насилство, наведуват во соопштението АФЖ - Левица бара:• Јавна реакција од жените-функционерки во ДУИ;• Реакција од Комисијата за заштита од дискриминација;• Кривична одговорност и казни за насилникот!АФЖ - Левица не остапува од својата борба, додека насилниците не одговараат. Ние нема да бидеме дел од културата на молк: ниту во Кичево, ниту на кое било друго место во Македонија!

Македонија | пред 4 месеци

kocani-puls-protest-4

Блокадите ќе бидат во мирување: Родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ очекуваат фер судење

Родителите на младите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани решија да ги стават во мирување најавените секојдневни блокади на сообраќајот, откако конечно беше закажан датумот за почеток на судскиот процес.Од здружението на родителите велат дека одлуката да се прекинат блокадите не значи дека ќе престанат со борбата – напротив, тие најавуваат дека ќе продолжат со симболичниот „Марш за ангелите“ секоја сабота, како потсетник на општеството дека трагедијата не смее да се заборави и дека одговорност мора да има.„Ќе го следиме судскиот процес внимателно, ќе бараме тој да биде фер, транспарентен и непристрасен. Секој кој има вина мора да одговара“, велат од здружението.Пожарот во дискотеката „Пулс“ во март годинава однесе 62 животи, претежно млади луѓе, и остави трајни последици врз локалната заедница и јавноста. Од тогаш па наваму, родителите неколку пати организираа протести, блокади и јавни повици до институциите, обвинувајќи ги за бавност и незаинтересираност.Иако одлуката за мирување на протестите доаѓа како резултат на конкретен чекор од правосудниот систем, семејствата јасно ставија до знаење дека ќе останат будни и ќе реагираат ако процесот почне да се одложува или да се одвива со недозволиво темпо.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjv2em5bnrvut3XsFyW9

Клиника „Жан Митрев“: Центарот за мајка и бебе – 1 година работа, 167 среќни семејства

Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев одбележува една година успешна работа исполнета со радост, посветеност и стотици среќни моменти. Во текот на првата година од функционирањето, овој современ центар за породилна и неонатолошка грижа помогна да се родат 167 бебиња и создаде 167 нови семејства.Во изминатите дванаесет месеци низ Центарот поминаа бројни емотивни приказни – од најмалото бебе родено со тежина од само 1270 грама, до најголемото бебе спонтано родено со 4630 грама. Секоја од нив е доказ дека знаењето, искуството и технологијата кога ќе се обединат, го создаваат најубавото нешто – нов живот.„Создадовме породилен центар каде мајката и бебето се во фокусот – со безбедност, удобност и топлина што секое семејство ја заслужува. Нашата визија е секое породување да биде убаво искуство, ослободено од страв и неизвесност, а исполнето со доверба, професионализам и грижа. Во оваа една година докажавме дека и во Македонија може да се развива акушерство според највисоките светски стандарди – со врвна медицинска технологија, тим од искусни специјалисти и пристап кој ги спојува науката и хуманоста“, изјави медицинскиот директор д-р Емил Стоицовски.Центарот за мајка и бебе е изграден на површина од над 800 метри квадратни и опремен со најсовремена медицинска технологија. Располага со две родилни сали, операциона сала, соби за будење, неонатолошка и гинеколошка ординација, како и комфорни апартмански соби кои овозможуваат приватност и удобност во постпородилниот период.Областите во кои делува Центарот ги опфаќаат сите три тримесечја од бременоста, спроведување на дијагностички испитувања, ХСГ лабораторија, генетски испитувања како амниоцинтеза, хорионбиопсија, ултразвучни и неинвазивни пренатални тестови.Тимот кој се состои од гинеколози акушери, неонатолози, анестезиолози, акушерки и медицински сестри, овозможува целосна грижа пред, за време и по породувањето, достапна 24 часа дневно.Одделот за неонатална интензивна нега (NICU), кој работи во склоп на Центарот обезбедува третман и згрижување на предвремено родени и ризични новороденчиња. Еден од најзначајните моменти во изминатата година беше породувањето на тројка бебиња, родени во 31-та гестациска недела. Овој редок природен случај ја потврди високата стручност и подготвеност на медицинскиот тим, но и ја симболизира хуманоста и посветеноста кон секое новороденче.Центарот нуди целосен спектар на услуги за мајката и бебето – следење на бременоста, дијагностички и генетски испитувања, неинвазивни пренатални тестови, постпартална нега и советување. Особено внимание се посветува на индивидуалниот пристап, при што гинекологот кој ја водел бременоста е присутен и при самото породување, овозможувајќи доверба и континуитет во најважниот момент.Со само една година работа, Центарот за мајка и бебе се позиционира како водечки породилен и неонатолошки центар во земјата, кој секојдневно докажува дека успехот се мери во најубавата мерна единица – нов живот.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryuupk9r2bv30n1QCIE7G

Митко Јанчев со емотивна порака: 18 години без Тоше, но неговата песна сè уште одекнува

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев сподели за дел од времето кое го минал со неговиот драг пријател, Тоше. Напиша за дружењето, за спомените и за промовирањето на музиката низ целиот Балкан.18 години без Тоше…Колку и да помине време, тешко е да се поверува дека те нема меѓу нас. Се чини како вчера да ја слушавме твојата насмевка во секој тон, твојата душа во секоја песна. Твојата музика беше повеќе од звук беше утеха, беше надеж, беше љубов и радост.Тоше, ти не беше само гордост на Македонија, туку светлина што го осветлуваше целиот Балкан. Со твојата добрина, скромност и искреност допре до секое срце. Имав чест да бидеш мој драг пријател, имав чест да те познавам и да соработувам со тебе, чест и спомен што ќе го носам длабоко во себе засекогаш.Заеднички ја промовиравме македонската музика низ целиот Балкан.И денес, по 18 години, луѓето те сакаат исто како тогаш. Те слушаат, те чувствуваат, те спомнуваат со солзи, но и со благодарност што постоеше.Твојата песна не замолкна Тоше, само доби новo ехо во нашите души.Вечно ќе бидеш дел од нас, напиша Јанчев.

Македонија | пред 4 месеци

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

МЗ набави 80.000 вакцини против сезонскиот грип, имунизацијата официјално стартуваше

Вакцинацијата против сезонски грип официјално почна денеска на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје, соопшти Министерството за здравство.До денес, преку апликацијата vakcinacija.mk се пријавиле 43.000 граѓани, а можноста за пријавување продолжува и во наредните денови.– Голем е одѕивот на граѓаните кои досега се пријавија за вакцина против сезонски грип. Задоволен сум од покажаниот интерес, а воедно сакам да потсетам дека и понатаму е отворена можноста за пријавување, преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар – изјави министерот за здравство, д-р Азир Алиу.Министерот додаде дека оваа година е набавен историски најголем број вакцини против сезонски грип, вкупно 80.000 дози четиривалентна вакцина, произведена од реномираниот холандски производител „Абот“.– Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита на здравјето и очекувам бројката на пријавени лица да продолжи да расте во следните денови – рече Алиу.Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории на населението, меѓу кои:– лица над 65 години,– лица со хронични заболувања,– здравствени работници,– бремени жени,– деца на возраст од 6 месеци до 5 години,– лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во тие установи.Од Министерството за здравство посочуваат дека вакцинацијата ќе се спроведува континуирано, сѐ додека има достапни дози, и апелираат до граѓаните навремено да се пријават и да го искористат правото на бесплатна заштита од грип пред почетокот на зимскиот период.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfua31kk201ubaiNJD2N

„Уривањето на куќата на Владо Малески во Струга е удар врз македонската култура“: За СДСМ одговрони се Љутков и власта

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагира дека бруталното рушење на домот на писателот Владо Малески во Струга не е изолиран инцидент, туку резултат на „системска незаинтересираност, институционална парализа и политичка неодговорност“ на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Во реакцијата се наведува дека Управата за заштита на културното наследство, која има обврска по службена должност да реагира и превенира вакви уништувања, молчи и не презема ништо. „Дали затоа што рушителите се блиски до власта? Или затоа што институциите се ставени во служба на политичките и бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ и нивната тајна коалиција со ДУИ?“, прашуваат од СДСМ.Според партијата, министерот за култура, Зоран Љутков, наместо да го брани културното наследство, се занимава со партиска кампања и самопромоција. „Во време кога се брише споменик на македонската културна меморија, Љутков не излезе со ниту едно јавно соопштение, ниту најави конкретна постапка. Тоа е срам за институцијата Министерство за култура,“ стои во реакцијата.СДСМ потсетува дека Владо Малески не е само име од учебник, туку автор на текстот на македонската химна и дел од државноста и културниот идентитет. „Рушењето на неговиот дом е удар врз македонската култура, меморија и достоинство,“ се наведува во соопштението.Партијата бара итна и целосна истрага за случајот, одговорност од Управата за заштита на културното наследство, оставка од министерот Љутков поради неделување и итна реставрација и заштита на објектите со историско и културно значење во Струга.„Ова што се случува не е само правен, туку цивилизациски пад. Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема визија, ниту почит кон сопствената држава и нејзините симболи,“ порача СДСМ.Од партијата додаваат дека, заедно со граѓаните на Струга и со целата културна јавност, ќе се борат „овој срам да не остане неказнет“.„Никој нема право да ја руши историјата на Македонија,“ завршува реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 4 месеци

media-library366ul2cdlrhuf419AKk

Паднал цел систем на МРТВ, вчера не се емитувал ниту централниот ТВ -дневник

Македонската радио телевизија вчера поради технички проблеми не била во моженост за го емитува ниту централниот ТВ-дневник, ниту пак останатата програма.Извори за Скопје1 потврдија дека паднал цел систем, кој е во надлежност, односно го одржува надворешна компанија, аутсорсинг, која не е во рамки на МРТВ.Техничкиот проблем се решавал подолго време, заради што на МТВ се емитувале вести само со тон, без слика.Денеска имаат редовна програма.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Закажано првото судење за трагедијата во Кочани, познат датумот на одржување

Главната расправа за кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е закажана за 19 ноември 2025 година, со почеток во 09:30 часот, во судницата на КПУ „Идризово“.Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека обвинителниот акт, кој првично беше поднесен од ОЈО Кочани, а потоа по одлука на Јавниот обвинител на Република Македонија пренесен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, е одобрен во целост.Според судот, предметот согласно АКМИС-системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска.Дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини. Поканите до странките се веќе во фаза на достава.

Македонија | пред 4 месеци

jsp-avtobusi-na-gas-polnaci

ЈСП: Можно нарушување на возниот ред поради прекин во испораката на гас

ЈСП Скопје информира дека може да има редуциран градски превоз бидеќи е најавен прекин на испораката на природен гас.Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, Ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред.Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarybocsn6h4eh1q7jZqTHD

Лидерот на ЗНАМ за фотографијата на Црвенковски: „Човек со милион афери и уште ги употребува зборовите на Бранко“

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, коментирајќи ги фотографиите на кои поранешниот премиер и претседател, како и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски е во друштво на членови на партиите ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, вели дека секој има право со кого сака да седи во кафеана со кого сака.Со Црвенковски сме добри пријатели. Тој е еден од основоположниците на СДСМ и човек кој го почитувам. Добар дел од луѓето во ЗНАМ се поранешни членови на СДСМ, разочарани од тоа што денес се случува во таа партија. Секој има право со кого сака да седи во кафеана, изјави Димитриевски за централниот дневник на телевизија „Сител“.Димитриевски вели дека СДСМ за него е завршена приказна, но дека жали што партијата ја води лажен социјалдемократ кој го следат милион афери.Жалам што СДСМ дојде до ова дереџе – човек со милион афери, со златна виза за Дубаи, со луксузирање на јахти, кој се продава за чесна душа, денес ја води таа партија. И уште прави алузии на зборовите на Црвенковски – ‘или си СДСМ или не си’. Можеби тој наскоро ќе си замине, но сите тие што денес ја водат партијата треба час поскоро да си одат. Не може лажен социјалдемократ како Филипче да ја води социјалдемократијата во Македонија, рече Димитриевски.Лидерот на ЗНАМ потенцираше дека

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

Дехари е симбол на понижување и сексуална злоупотреба на жените, ДУИ го прикрива срамот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција ја обвини ДУИ дека се обидува да го прикрие скандалот со кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, кој, според партијата, направил брутална злоупотреба на функцијата и сексуално ги понижувал жените вработени во општината.„Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Тој е симбол на брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените,“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека во јавноста се појавиле снимки кои, како што велат, ја откриваат одвратната вистина за Дехари, на кои се слуша како тој малтретира и сексуално понижува жени на работно место.„Фатмир Дехари ја злоупотребил својата позиција и ова не смее да биде премолчено и неказнето. Ова е срам, навреда и понижување на секоја жена во државата без разлика на етничката припадност,“ стои во реакцијата.Наместо оставка и извинување, според ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ се обидува да го прикрие скандалот, нарекувајќи ги снимките „фабрикувани материјали“ и „шпекулативни и монтирани снимки“, со што, како што тврдат, партијата ја замајува јавноста и се обидува да го релативизира случајот.„Евтин е обидот на ДУИ скандалот да го претвори во етничка сторија. Тоа не поминува, јавноста ги слушна снимките. ДУИ да не ја потценува интелегенцијата на народот,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се наведува дека на снимките се слуша како жените вработени во општината се принудени да го бакнуваат и дури да му седнуваат во скут на Дехари. „Ова недолично и некултурно однесување не заслужува никакво оправдување,“ додава партијата.ВМРО-ДПМНЕ прашува дали ова е нивото на кое паднала ДУИ – да брани функционери кои сексуално малтретираат жени. „Дали почитта кон жената е празно слово во ДУИ? Што им порачуваат на жените и семејствата со ваквото однесување?“Партијата нагласува дека граѓаните на Кичево и целата јавност не заслужуваат вакво однесување и ваков срам, истакнувајќи дека ниту една жена не смее да биде третирана како објект.„Не живееме во средниот век, сите жени, мајки и ќерки заслужуваат да бидат третирани со почит и заштитени,“ стои во соопштението.ВМРО-ДПМНЕ бара Фатмир Дехари веднаш да поднесе оставка и да се повлече од јавниот живот. Исто така, ги повикува жените од ДУИ да го осудат неговото однесување, а сите институции, политички партии и здруженија за заштита на жените – да реагираат јасно и без компромис.

Македонија | пред 4 месеци

tose

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески, 18 години од смртта на најголемата музичка ѕвезда

Поминаа 18 години од смртта на нашата најголема музичка ѕвезда, Тоше Проески кој на денешен ден пред загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.Во негова чест и оваа година по ред, маратонците од Нова Градишка трчаат до Крушево. Маратонот почна од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, тие треба да пристигнат во Крушево.Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.Тоше го загуби животот во екот на неговата најблескава кариера, токму кога одбележуваше десет успех и кога таа почна да станува меѓународна. Албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-07-18-at-10.29.55

„Не ми ги чепкај ѓубрето, ѓубрето ми е поважно од се”, Тони Михајловски со реакција за ѓубрето во Скопје

Ниту актерот Тони Михајловски не остана без реакција поради преполните контејнери во Скопје.Колку би било убаво секој граѓанин да си земе по една кеса од ѓубрето, што ни се распаѓа со недели под прозори и пред врата, и да ги оставиме пред Влада, пред Паркови и Зеленило. Оти ништо друго освен едно ГОЛЕМО ЃУБРЕ е оној што ги остава граѓаните да живеат во ѓубре, смрдеа и зарази.Јас лично би оставил и пред мин за култура но тоа е за друг проблем.К’о што пееше Калиопи - Не ми ги чепкај ѓубрето, ѓубрето ми е поважно од се”“, напиша тој.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryuujqe82jhi3gdWIKOJl

Молитвен чин за Панчо, ќе биде погребан утре на гробиштата Бутел

Погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК кој почина по седум месеци лекување во „Систина“ по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, ќе се одржи утре (16 октомври) на гробиштата во Бутел, со почеток во 13:30 часот.Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде во 9 часот ќе започне Заупокоена литургија. Граѓаните ќе можат да изразат сочувство од 10 до 12 часот, а опелото ќе започне во 12 часот.Панчо беше еден од основачите и фронтмен на популарното дуо ДНК, кое остави силен белег на македонската музичка сцена со хитовите „Пешки го поминав светот“, „Говори ми нешто за љубовта“ и други. По трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 64 лица, а над 200 беа повредени, Панчо седум месеци се лекуваше од тешките изгореници, но за жал, не ја извојува битката за живот. Неговата смрт ја потресе јавноста и музичката сцена во земјава.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

Разрешениот директор на Неврологија, Игор Кузмановски ќе плати 500 евра казна зошто работел без лиценца

Инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат вчера влегле на Клиниката за неврологија и констатирале дека разрешениот директор д-р Игор Кузмановски, откако е назначен на функцијата од почетокот на август не прегледувал, пациенти, но работел без лиценца, односно вршел прегледи од март до август, период кога лиценцата не му била обновена.Заради ова, тој ќе биде парично казнет.Во врска со работата на проф. д-р Игор Кузмановски како здравствен работник без важечка лиценца за работа ќе му биде издаден прекршочен платен налог според член 309 став 1 точка 1 од Законот за здравствената заштита, но ќе следи и прекршочен платен налог за правното лице и за одговорно лице во правното лице, односно претходниот директор. За сите констатирани недостатоци во однос на работата на ЈЗУ УК за Неврологија Скопје, ќе биде издадено решение за наредба за отстранување на недостатоците, велат од Инспекторатот.Членот 309 став 1 точка 1 од Законот за здравствена заштита предвидува глоба од 500 евра за лекар што ќе врши здравствена заштита без лиценца.Инспекцијата нашла и дека противзаконски се вршеле заверувањата на извештаите од страна на шалтерските работници на Клиниката. Согласно надлежностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршен е увид во персоналното досие на Кузмановски и останатата документација на клиниката во врска со предметот на инспекцискиот надзор. При надзорот е констатирана следната фактичката состојба:Со решение од Министерство за здравство бр.11-8171/1 од 07.08.2025г. проф. д-р Игор Кузмановски е именуван за в.д. директор на ЈЗУ УК за Неврологија Скопје. Врз основа на решението, од страна на Управниот одбор на клиниката (УО) донесено е решение бр.0402-1885/1 од 21.08.2025г. за мирување на работното место на проф.д-р Игор Кузмановски доктор специјалист невролог раководител на Оддел за развојна неврологија сметано од 08.08.2025година. Според календарот на активности во интегрираниот информатички систем Мој Термин за сите доктори специјалисти вработени во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје за периодот од 01.01.2025г. заклучно со 30.11.2025г. се констатира дека д-р Кузмановски обавувал здравствена дејност до 08.08.2025год. Со назначувањето на в.д.дирекор не се евидентирани здравстени услуги реализирани од негова страна.

Македонија | пред 4 месеци

drisla1

Ограда долга скоро 5 километри и висока метар и пол ќе биде поставена околу Дрисла

На Депонијата „Дрисла“ денеска почна дооградувањето на уште еден дел кој не е заштитен. На настанот беа присутни првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и Орце Ѓорѓиевски, кој дојде во својство на претседател на ЗЕЛС, а кој инаку е и актуелен градоначалник на Кисела Вода, и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.Дооградувањето на Дрисла, како што рече Меџити се прави на барање на жителите на селото Батинце за заштита од кучињата скитници и расфрланите отпадоци.Оваа депонија со години претставува извор на загадување и здравствени проблеми за граѓаните и била предмет на бројни реакции од жителите на околните населби, особено од Батинце. По неколкуте средби што ги имав со нив, ветив дека ќе преземеме конкретни мерки, и денес работите веќе започна. рече Меџити.Со средства обезбедени од Министерството за животна средина, во вредност од 9 милиони денари, ќе се изгради ограда долга 4.800 метри и висока 1,5 метри, поставена на 1.500 метални столбови, со двојна бодликава жица и бетонски темели, со што ќе се оневозможи неовластен влез и ќе се намали загадувањето.Ѓорѓиевски рече дека станува збор за проект на Министерството за животна средина, чија цел е конечно да се стави крај на неконтролираното фрлање отпад.Веднаш по моето доаѓање на позицијата градоначалник на Скопје, „Дрисла“ ќе стане приоритет. Нашата визија е таа да прерасне во современ центар за рециклажа на отпад, по моделот на Словенија, со селекција, рециклирање и енергетско искористување, во согласност со највисоките еколошки стандарди.

Скопје | пред 4 месеци

100-2

Мисијата „Стразбур“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – проект или парадигма на влијанието на „академската“ елита во сенка?, прашува Илиевски

Вишиот просветен инспектор во пензија, Ѓорѓи Илиевски, во својата колумна во „Нова Македонија“ предупредува на можно системско злоупотребување на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Според неговите сознанија и сведоштва што ги пренесува од загрижени професори, оваа институција – која треба да биде темел на правната мисла и академската чесност – станала алатка за лични амбиции и политички влијанија.Во центарот на приказната е деканот на Правниот факултет, проф. д-р Сашо Георгиевски, кој, според Илиевски, започнал амбициозна кампања за избор во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Проблемот, како што наведува Илиевски не е во самата амбиција, туку во наводните методи со кои таа се реализира – ветувања за вработувања, унапредувања и академски титули во замена за поддршка.„Ако тоа е вистина, тогаш ова не е академија, туку институционална трговија со влијание,“ пишува Илиевски.Според него, професори сведочеле дека на еден од септемвриските совети на факултетот била отворена точка за нови 11 вработувања – од асистенти до редовни професори. Некои го поставиле прашањето „зошто токму сега и токму таму“, други – молчеле.Цел текст тука:

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybocsn6h4eh1q7jZqTHD

Филипче ги употреби зборовите на Црвенковски: „Или си со СДСМ или не си“, коментар за објавените фотографии

Од лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска беше побаран коментар за објавените фотографии на кои е Бранко Црвеновски во друштво со членови на партијата ЗНАМ и на ВМРО-ДПМНЕ.-Јас можам само да го цитирам поранешниот претседател со неговата позната изјава „Или си СДСМ или не си“.Црвенковски, кој со години е повлечен од јавниот и политичкиот живот, е фотографиран во Охрид на иста маса со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Саше Доневски и Јован Мирчевски, сопственик на „Пупе Компани“.На друга фотографија, која самата си ја објави на ФБ, Црвенковски е во друштво на Марина Ѓорговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.Cо најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид, напиша Ѓорговска. објави Скопје1.мк

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryco5096cgdn8559yQEKd

Сведок пронајден мртов во тоалетот во скопскиот Граѓански суд

На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР.-Според информациите на Скопје 1, З. Д. бил пронајден мртов во тоалетот во судот. Требало да го повикаат да сведочи на закажаното рочиште.

Скопје | пред 4 месеци

Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

Жител на Челопек истепал лекар во Клиничката болница во Тетово, полицијата го привела

Полициски службеници го лишија од слобода М.М.(28) од с.Челопек, постапувајќи по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово.Оттаму пријавиле дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л.А.(31) од с.Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му пружи лекарска помош.-Исто така, по пристигнување на полициските службеници, М.М. агресивно се однесувал и кон нив и физички нападнал еден од полициските службеници. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Тетово.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryg39o0v3npi1lfIhpspR

Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција изнесе алармантни податоци за состојбата на буџетот. До крајот на 2025 година според статистичките бројки во буџетот ќе недостигаат 1,4 милијарди евра.Се наоѓаме на само 75 дена пред крајот на 2025 година, а буџетската рамка, која е дефинирана од приходите и расходите во буџетот, покажува загрижувачка слика: Имено до денес, приходите се реализирани со 70,78% или 256,5 милијарди денари. Во исто време, расходите се на ниво од 72,82%, односно речиси 294 милијарди денари. Ова значи дека со вакво темпо, а тоа е за очекување, на крајот на годината ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра за да се покријат сите трошоци. Тоа е фрапантна буџетска дупка. Ова значи дека сите овие пари ќе треба да се покриваат со задолжување, со нови оптоварувања за бизнисите и граѓаните, или со кратења кај најважните јавни услуги. Ја прашувам власта, што планира да прави и како ќе ги покрива овие 1,4 милијарди евра?, праша Филипче.Филипче како што рече економската состојба во државата е алармантна поради што чувствува должност и загриженост да ја објави вистината пред граѓаните наспроти пораките за економски „успеси“, кои власта ги зборува на митинг.Во време кога премиерот Мицкоски од митинг на митинг зборува за економски „успеси“, должност ми е да зборувам за реалноста и да ги информирам граѓаните за реалната економска состојба. Во изминатите 15 месеци постојано алармиравме дека економијата и економските политики на оваа власт се многу погрешни, а реализацијата на проектите е историски најслаба. Денес тоа што го зборувавме го потврдуваме со реални економски индикатори, факти и бројки. Овие податоци укажуваат на алармантна состојба со буџетот, со приходите, со инвестициите и реализацијата на капиталните инвестиции, како основни индикатори за економската состојба во државата, рече Филипче на денешната прес конференција.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygsh79dl02ng9fHtnOUf

Морале да го бакнуваат и да му седнуваат во скут, по скандалозните аудо снимки за Фатмир Дехари: „Тој е срам за сите жени во Македонија“, реагира Ангелова

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, денеска на прес-конференција остро го осуди однесувањето на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, по објавените аудио снимки во јавноста, на кои, како што вели, се слуша како тој ги малтретира и понижува вработените жени во општината.Ангелова изјави дека наместо да ја користи функцијата за добробит на граѓаните, Дехари „се изживува врз вработените“ и на снимките покажува „понижувачки однос кон секоја жена“.„Ова не е само навреда кон жените во општина Кичево, туку и кон сите жени во Македонија – без разлика на етничката или верската припадност. Ова е срам за целиот наш мултиетнички мозаик и за секое семејство што воспитува ќерки со почит, труд и достоинство,“ рече Ангелова.Таа додаде дека од снимките се слуша како вработени во општината биле принудувани да го бакнуваат градоначалникот и да му седнуваат во скут, што го оцени како „скандалозно и недозволиво изживување“.„Ваквото однесување не е дел од ниту една култура, вера или традиција – тоа е срам што мора да биде осуден од сите. Зарем до тој степен е падната ДУИ, да води кампања за вакви луѓе?“, праша Ангелова.Таа оцени дека Дехари „се има заиграно со политиката и градоначалничката позиција“, и побара тој веднаш да поднесе неотповиклива оставка и да се повлече од политиката.Во своето обраќање, пратеничката побара реакција од сите институции и организации за заштита на жените, како и од самата Демократска унија за интеграција.„Дали жените од ДУИ ќе реагираат? Дали Комисијата за заштита од дискриминација ќе отвори случај? Дали Али Ахмети ќе го толерира својот миленик кој се изживува со жените вработени во општината?“ – запраша Ангелова, додавајќи дека ваквото однесување не смее да помине без широка општествена осуда.„Ова не е 18 или 19 век. Жените не се робинки или сопственост на некого. Тие се нечии мајки, ќерки, жени, деца. Ниту тие, ниту нивните семејства го заслужуваат ова,“ порача Ангелова, повикувајќи ги сите партии, институции и Јавното обвинителство за организиран криминал да реагираат и да дадат став за случајот.

Македонија | пред 4 месеци

kocani-puls-protest-8

За најголемата трагедија во Македонија – никој не прифаќа вина: Ниту еден обвинет за пожарот во „Пулс“ не признал одговорност

Ниту еден од обвинетите за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 64 лица и над 200 беа повредени, не признал вина во фазата на оценка на обвинението. Во документ од 117 страници, дури 109 се посветени на приговорите на одбраната, кои тврдат дека делата се од предолг период и дека недостасуваат надлежности и пријави за постапување, пишува Призма по увид во документот.Судскиот совет одлучил оценката да се разгледува на затворена седница.Првообвинетиот сопственик Дејан Јованов, кој се наоѓа во притвор во Куманово, дел од одговорноста ја префрла на институциите кои според него биле одговорни да го регулираат како и на организаторите на настапот, со тврдење дека не бил информиран за употреба на пиротехника. Неговиот син Михаил и братот Тодор наведуваат дека немале формални одговорности во управувањето со дискотеката. Вината се префрла врзПриговори поднеле и инспектори, градоначалници и поранешни функционери на локално и централно ниво, главно повикувајќи се на ненадлежност или отсуство на соодветни пријави/налози за постапување. Одбраната го нарекува обвинението паушално и најавува долг процес.Обвинението опфаќа 34 лица и три фирми, со повеќе од 1.440 докази и 283 предложени сведоци, што предметот го прави еден од најобемните во поновата судска практика. Се очекува судот да го закаже првото рочиште по завршување на процесните проверки

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybocsn6h4eh1q7jZqTHD

(Фото) Бранко Црвеновски во друштво на членови на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот премиер, претседател на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, предизвика бура реакции во јавноста откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои е во друштво на членови на партиите ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ.На една од фотографиите, која ја објави Инфомакс, Црвенковски, кој со години е повлечен од јавниот и политички живот, е фотографиран во Охрид на иста маса со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Саше Доневски и Јован Мирчевски, сопственик на „Пупе Компани“.На друга фотографија, која самата си ја објави на ФБ, Црвенковски е во друштво на Марина Ѓорговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.Cо најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид, напиша Ѓорговска.Објавените фотографии веднаш предизвикаа лавина коментари, особено поради долгогодишното повлекување на Црвенковски од јавната сцена.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања