Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Анита Буховски

media-library9j52rviudi4me4VUKg9

“За ДНК приоритет беа децата, имавме чест да ги познаваме и да соработуваме“: ОУ „Љубен Лапе“ објави порака за збогум

За ДНК приоритет беа децата, пишува во објавата на основното училиште „Љубен Лапе“ каде учел Панчо.- Како колектив изразуваме длабоко жалење за веста која со неверување ја примивме денес - нашиот поранешен ученик Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.Овој пост му го посветуваме нему, а преку него освен длабоко жалење сакаме да ја изразиме и нашата благодарност и чест што ги познававме и што имавме чест да соработуваме со членовите на бендот ДНК - прекрасни хумани луѓе кои секогаш несебично учествуваа во сé што значеше да се помогне некому, а за нив секогаш приоритет беа децата. ВЕЧНА ИМ СЛАВА, се наведува во пораката.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygegbpg7vphqq04K9qqZ

Ако не ги вратат телата на убиените заложници, Израел ќе дозволи ограничена хуманитарна помош

Хамас во вторникот врати уште четири тела на израелски заложници како дел од мировниот договор постигнат минатата недела, откако Израел се закани дека ќе ја преполови хуманитарната помош за Газа поради наводно прекршување на договорот од страна на милитантната група, јави Ројтерс.Израелската армија соопшти дека добила четири ковчези преку Меѓународниот Црвен крст на договорен пункт во северна Газа. Ковчезите, во придружба на војската, биле пренесени преку границата и се испратени на форензичка идентификација.Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, на Фејсбук напиша дека „моментално се надгледува спроведувањето на договорот за предавање на телата, како дел од мировниот план за прекин на војната во Газа“.Израелските власти соопштија дека поради непочитување на договорот од страна на Хамас, почнувајќи од денеска ќе дозволат само половина од претходно договорените хуманитарни камиони да влезат во Газа. Исто така, е одложено отворањето на јужниот премин кон Египет, кој требаше да овозможи евакуација на ранетите.

Свет | пред 5 месеци

media-library966tct6p5o901VAslZF

Да се ограничи мандатот на јавниот обвинител и неговиот избор да биде со квалификувано мнозинство - предлог на Венецијанската комисија

Предложените закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители и покрај неколку недостатоци, содржат многу позитивни карактеристики - нови или преземени од законите што се во сила, се наведува во заедничкото мислење на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото (ДГИ) на Советот на Европа по двата предлог законски текста на македонската Влада.Во мислењето се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител, како и тој да се бира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието.- Со оглед на важноста на овие прашања за автономијата и релативната независност на Јавното обвинителство, Венецијанската комисија препорачува во контекст на идната уставна реформа, Уставот да се измени и по овие точки, се наведува во документот.Во однос на Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, во мислењето се препорачува да се преиспита времетраењето на професионалното искуство на сите членови-поротници на Советот, како и да се обезбеди алтернатива на начинот на кој се избираат четирите членови поротници, со што ќе се обезбеди избор базиран на заслугите и интегритетот на кандидатите, како и разновидна застапеност.Венецијанската комисија предлага и функцијата на обвинителите избрани за членови на Советот на јавни обвинители да биде суспендирана за време траењето на нивниот мандат во Советот.- Да се разјаснат концептите „влијае врз автономијата на јавните обвинители“ или „ги занемарува или не ги извршува своите функции и должности во работата на Советот“ како основа за разрешување на членовите на Советот на јавни обвинители, се вели во препораките.Натаму се предлага вклучување дополнителни заштитни мерки со цел важни одлуки, како оние за предвремен прекин на мандатот на член на Советот, да се носат мнозинство гласови на обвинителите во Советот.- Во Предлог-законот експлицитно да се предвиди дека и обвинителите и лаиците членови на Советот, се избрани врз основа на индивидуален капацитет, дека членовите обвинители не се подредени на Јавниот обвинител на Републиката во однос на нивната работа во Советот, како и да се предвиди дека Јавниот обвинител нема право на глас во Советот за одредени области, како што е дисциплината, се наведува во документот.Венецијанската комисија предлага и како преодна мерка во Законот да се предвиди дека актуелните членови на Советот ќе продолжат да ја вршат функцијата до истекот на нивните сегашни мандати.Во однос на Предлог-законот за Јавното обвинителство, Венецијанската комисија препорачува при одредување на подобноста за извршување на функцијата јавен обвинител меѓу критериумите да се вклучат и менаџерските и организациските вештини, како и да се прецизира дека е можен само еден реизбор на јавниот обвинител.- Да се предвиди дека секоја кривична пресуда што подразбира затворска казна го прекинува мандатот на Јавниот обвинител и обвинителите; да се изменат основите за разрешување на Јавниот обвинител за да се обезбеди поголема јасност и предвидливост; да се бара од Владата да достави јасно образложение до Собранието кога отстапува од мислењето на Советот на јавни обвинители за разрешувањето на Јавниот обвинител и да се обезбедат соодветни процедурални заштитни мерки за обвинителите што се оценуваат, се додава во препораките.Венецијанската комисија, исто така, препорачува да се отстрани можноста две последователни негативни оценки за работењето од листата на „најтешки дисциплински прекршоци“ да доведат до разрешување на обвинител, како и да се разјасни дека одговорноста на јавниот обвинител пред Собранието не се однесува на поединечни обвинителски одлуки и гонења на Јавното обвинителство.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

„Дали заслужуваат осигурениците да ги прегледува некој што користи дрога?“, Ина Многуфина за разрешениот д-р Кузмановски

Не стивнуваат реакциите за разрешениот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски. Во објава на Фејсбук, реагираше и Ина Многуфина која вели дека е очекувано докторите да дадат поддршка, колеги се, но Лекарската комора има неповторлива можност да застане сега со осигурениците и да ги заштити од доктори кои користат супстанци.„ По ред скандали од вадење органи, лекарски грешки и разни трагедии, прв пат имаме црно на бело ама поише накај бело, човек кој конзумира дрога. Не му е место во јавно здравство, тука дискусија нема. Дали воопшто треба да прегледува нека се собере фелата и да процени. Кој ќе проценува треба да земе предвид дека ваквите поединци фрлаат сенка на целата фела.Не може да ги ставиме во ист кош со оние што дрога, швалерај и мито им е заштитен знак. Тоа што бараме е една достоинствена здравствена услуга во јавното здравство каде нема да се сомневаме во проценката на докторот што не прегледал нас или наш близок. Разбирам дека докторите се држат и си чуваат грб, но за овој случај не е баш така, поделени се мислењата и се оградуваат. Така да тој тугедрнес од колегите не е баш дека е многуброен, со оглед на тоа што не се потпишани. Но, нивно право е тоа да се другарчиња. Овој народ не заслужува да го оставиме да го прегледува човек кој гледаме дека е корисник бидејќи вреди секој човечки живот“, вели инфлуенсерката.Ако ни го остават во здравство, пишува таа, и одат на манифестацијата на моќ од типот на, "сложни калуѓерки и во петок мрсат" тоа ќе значи дека само директорската фотеља е битна да не се испрља, судбината на пациентите е недоволно битна поточно споредна.„Не мислам дека треба да се гледа политички, буквално не постои ниеден политичар што ќе стави рака во оган за корисник што му носи штета во време на избори. Мене ако ме прашате, јас ќе му ги пратев господата од ентеше да видат што друго има во фиоката. Но, еве да се држиме до сегашната ситуација, дали заслужуваат осигурениците да ги прегледува некој што користи дрога? Не. Дали треба да летаат од работа сите што користат дрога, а работат со човечки животи? Да, до еден. И секој обид да ни протнат дека ако ги избркаме ќе останеме без доктори ќе биде обид да нормализираме корисници и зависници, што е обратно од законот. Освен ако не планираме да легализираме, а не планираме. Лекарска утре ќе има можност да биде од страна на осигурениците и на образот на медицинските чесни работници, пишува Ина во објавата.

Коментари | пред 5 месеци

media-librarymcub43b2j5epeds7GEI

„Ѕвездено небо во чест на Панчо“, вечерва граѓаните во Штип ќе му оддадат почит

Штип вечерва, во чест на Владимир Блажев Панчо ќе го подигне погледот кон небото. Во објавата на организаторите на настанот „Ѕвездено небо“ се повикуваат граѓаните да оддадат почит на човекот што „светеше меѓу нас“ – Панчо кој беше повреден во трагичниот пожар и за жал ја загуби битката за живот.Во негова чест, граѓаните ќе се соберат во 20:00 часот на Градскиот плоштад под мотото „Ѕвездено небо во чест на Панчо“, симбол на светлината што ја остава зад себе.Организаторите повикуваат сите што го познаваа, но и сите што сакаат да изразат поддршка и сочувство, да го споделат повикот и да присуствуваат.„Небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас,“ се вели во објавата што брзо се шири на социјалните мрежи.

Македонија | пред 5 месеци

media-library8ssutmmqeqkf5Ny0EVx

„Ме скрши Пане мој, засекогаш ќе те сакам“, и Ана, придружниот вокал на ДНК се прости со Панчо

Придружниот вокал на ДНК, пејачката Ана Костадиновска која ја преживеа трагедијата во „Пулс“ се збогува со Панчо, а во објавата на ФБ напиша:Ме скрши Пане мој, засекогаш ќе те сакам

Македонија | пред 5 месеци

media-library046o52eku19g5W9nxUv

„Д-р Кузмановски имал моменти на слабост, но има импозантна биографија“, премиерот Мицкоски одговори за разрешениот директор

Премиерот Христијан Мицкоски ја „оправда“ постапката на разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, со тоа што денеска изјави дека имал моменти на слабост.„Тоа што се случи, се случи, и тука не треба да се враќаме назад. Инаку, кога ќе ја гледате биографијата на професорот и мој колега, ќе дојдете до заклучок дека има импозантна биографија која што многу ретко ја има, генерално зборувам, на Балканот. Тоа што на моменти на слабост имал директорот поранешен, претпоставувам дека ќе го следи во текот на неговиот живот, тоа е негова приватна работа, јас тука немам што да кажам. Ние како Влада, тоа што требаше да го направиме, го направивме и реагиравме веднаш откако оној нелегален материјал се појави на социјалните медиуми“, одговори денеска Мицкоски по посетата на Клиниката за трауматологија, на новинарско прашање за тоа дали ќе побара одговорност од Министерството за здравство за случајот.

Македонија | пред 5 месеци

media-library3m3ofisbc5od3QakovO

”Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент”, Тамара и Каролина се збогуваа од Панчо

Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент, напиша Тамара по објавата за смртта на Панчо.Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место.Многу дружби, спомени, концерти, снимања...Многу смеење, музика и емоции...Горда сум што имав брат како тебе, другар за цел живот, колега кој знаеше да ме критикува, пофали советува...Патувај мирно Џуџе.Секогаш ќе те сакам, напиша Тамара на Инстаграм.Меѓу бројните личности кои се збогуваат од Панчо е и Каролина Гочева.„Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш и секогаш ќе те сакам…“

Македонија | пред 5 месеци

media-librarysgn2hvqn088a83jiXej

„Душата ми е распарчена стари, мислев нема да се дадеш“, шок и тага по смртта на Панчо

Панчо беше симбол на урбаната музика и еден од најхаризматичните артисти на домашната сцена. Неговата енергија, искреност и љубов кон публиката ја оставија групата ДНК како едно од најпопуларните имиња на новата генерација македонски изведувачи.Во јавноста се споделуваат бројни пораки на сочувство од пријатели, колеги и познати јавни личности кои се простуваат од него.Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и спомени од настапите и приватните моменти со Панчо.Коментираат: „Уште една голема душа ја напушти македонската сцена“.Смртта на Владимир Блажев – Панчо означува уште една длабока рана во најтешката трагедија што ја погоди Македонија во последната деценија.

Македонија | пред 5 месеци

Pentagon

Пентагон сака да одредува што смеат да објавуваат новинарите, медиумите во шок

Бројни водечки американски медиуми одбија да ја прифатат новата политика на Министерството за одбрана на САД, со која се ограничува што акредитираните новинари смеат да објавуваат, пренесе германската агенција ДПА.Новинарите имаат рок до денес во 17 часот да се согласат со новите правила, кои беа изменети откако првиот нацрт — според кој информациите „наменети за јавноста мора најпрво да ги одобри надлежен службеник, дури и кога не се доверливи“ — наиде на остри реакции во јавноста, објавија американските медиуми.Здружението што ги претставува новинарите кои известуваат од Пентагон (PPA) во соопштение наведе дека новите правила и понатаму „делуваат како обид да се задуши слободата на печатот и потенцијално да нè изложат на кривичен прогон само затоа што ја вршиме својата работа“.Медиуми како „Њујорк тајмс“ (The New York Times), „Вашингтон пост“ (The Washington Post), „Атлантик“ (The Atlantic) и Си-Ен-Ен (CNN) соопштија дека нема да ја потпишат ревидираната политика на Пентагон, наведувајќи дека таа го прекршува Првиот амандман на американскиот устав, кој го гарантира правото на слобода на говор.„Кршење на Првиот амандман“Извршниот уредник на „Вашингтон пост“, Мет Мари, изјави:„Предложените ограничувања ги поткопуваат заштитите на Првиот амандман, поставувајќи непотребни пречки во собирањето и објавувањето информации.“Главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, исто така рече дека „овие услови ги нарушуваат нашите права загарантирани со Првиот амандман, како и правата на Американците да знаат како се распределуваат воените ресурси и персоналот финансирани со пари од даночните обврзници“.Ричард Стивенсон, раководител на вашингтонскиот уред на „Њујорк тајмс“, во петокот предупреди дека новата политика „претставува закана за казнување на новинарите за вообичаено собирање информации што е заштитено со Првиот амандман“.Министерот за одбрана Пит Хегсет, во објава на социјалните мрежи, тврди дека новите правила само пропишуваат „новинарите повеќе да не можат слободно да се движат без контрола“, дека „мора да носат видлива идентификациска ознака“ и дека „акредитираните новинари не смеат да поттикнуваат на извршување кривични дела“.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryuftn6eqm3jji94qsNrw

Левица бара Обвинителството итно да постапи по кривичната пријава против Орце Ѓорѓиевски

Партијата Левица побара од Основното јавно обвинителство итно да постапи по кривичната пријава поднесена против актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.Како што наведуваат од партијата, пријавата, објавена во „Слободен печат“, се однесува на непостапување по службена должност и толерирање дивоградби во скопската населба Драчево.„Овој случај е уште една потврда за тесната поврзаност меѓу власта, бизнис интересите и урбанистичката мафија која со години го уништува Скопје“, стои во соопштението на Левица.Од партијата обвинуваат дека додека граѓаните плаќаат даноци и чекаат решавање на основни инфраструктурни проблеми, „бизнисмени од ДПМНЕ градат дивоградби на државно земјиште и ги легализираат преку промена на урбанистички планови – што е класичен пример за злоупотреба на функцијата за лична и партиска корист“.Левица бара Обвинителството да отвори истрага не само против Ѓорѓиевски, туку и против сите лица инволвирани во случајот. „Нема да има правда додека функционерите не почнат да одговараат за своите постапки“, порачуваат од партијата.Во соопштението дополнително се наведува дека толерирањето и легализирањето на бесправни градби не се изолирани случаи, туку дел од „систем што со децении го воспоставиле ДПМНЕ и СДС заедно со ДУИ, а сега и ВРЕДИ“.„Истите тие, кои во опозиција се колнат во правна држава, од позиција на власт ги кршат законите за да спасат приватни бизниси и свои финансиери,“ велат од Левица, нагласувајќи дека е потребна строга контрола над урбанистичките планови и ревизија на сите сомнителни дозволи за градба.„Скопје мора конечно да стане град на закон, а не на лични привилегии и договори под маса,“ се додава во реакцијата на Левица.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarya1597esfg3chaoKDn5h

Шукова: Време е јавните претпријатија да им служат на граѓаните, а не на партиите

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска од седиштето на СДСМ изјави дека реформата на јавните претпријатија ќе биде нејзин врвен приоритет, затоа што токму тие се основата за функционален, уреден и хуман град. Таа оцени дека Скопје денес изгледа запуштено, нечисто и хаотично затоа што јавните претпријатија се заробени од партиски интереси, долгови и неспособно раководство. „Граѓаните плаќаат за услуги, а добиваат несобран смет, нефункционален јавен превоз и хаотична инфраструктура“, истакна Шукова.Таа најави дека во администрацијата на Град Скопје ќе спроведе вистинска реформа, со цел јавните претпријатија конечно да им служат на луѓето, а не на партиите. Според неа, ЈСП ќе се модернизира со нови еколошки автобуси, електронски систем за наплата и воспоставување на брз автобуски транзит, со што ќе се врати довербата во јавниот превоз. Комунална хигиена, рече таа, ќе се ревитализира со современ центар за селекција и рециклажа, редовно собирање отпад и конечно решавање на Вардариште.„Во Паркови и зеленило ќе започне нова ера – ќе засадиме 10.000 дрвја и ќе изградиме 15 нови паркови во 15 месеци, со редовно одржување и враќање на зеленилото во маалата. Водоводот ќе го насочиме кон стабилно снабдување, модерна опрема и намалени загуби на вода, а ЈП Лајка ќе го развиеме во вистински хуман систем за згрижување и грижа за уличните животни“, додаде Шукова.Таа порача дека Скопје мора повторно да стане град што работи и се грижи за своите жители. „Време е институциите да му служат на граѓанинот, а не на партијата,“ нагласи Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

diler-veles

Татко-инспектор му бришел докази од мобилниот телефон на синот осомничен за дрога, заработи кривична пријава

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Џ.Н. на работно место Виш инспектор за недозволена трговија со оружје во Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, Одделение за криминалистичка полиција при СВР Тетово и против О.С. на работно место Самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога во Отсек за недозвоилена трговија со дрога и оружје, Одделение за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“ по член 368-а од Кривичниот законик, извести Министерството за внатрешни работи.„Првопријавениот, кој бил задолжен да постапува по предмет во кој две лица биле лишени од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215,  му овозможил на второпријавениот, кој не бил работно ангажиран и е родител на едно од лицата лишени од слобода, да има целосен увид во службената документација, да располага и да ја пренесува од една во друга просторија, да ги придружува лицата лишени од слобода, да дава насоки при постапувањето и да биде присутен и да учествува во разговорот со лицата лишени од слобода. Исто така, овозможил привремено одземениот мобилен телефон од едно од лицата лишени од слобода, кај кого била пронајдена поголема количина на дрога, да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата“, соопшти МВР.Втoропријавениот, иако не бил работно ангажиран, активно се вклучил во преземање на службените дејствија во предметот во кој неговиот син бил лишен од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик, при што му било овозможено да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Џ.Н. и О.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-25-at-11.23.00

Ќе го отстрани пешачкиот надвозник и ќе направи пешачки премин со семафори, Меџити го обелодени планот за Бит Пазар

За планот за решавање на едно од најпроблематичните прашања на Бит Пазар, пешачкиот надвозник, вчера во емисијата на ТВ 21 зборуваше кандидатот за градоначалник на Општина Чаир на ВРЕДИ, Изет Меџити.„Сè уште не сум го промовирал јавно, но го кажувам ексклузивно тука. Претходниот проект со мостот не ги даде очекуваните резултати, бидејќи граѓаните не го користат. Човечката психологија е таква што не сака ниту надвозник ниту подвозник. Дури и еснафите од Чаршија велат дека продавниците со неколку скалила не вредат за оние што се на рамно ниво“, рече Меџити.Конечното решение, како што вели е да се отстрани постоечкиот надвозник и да се изгради официјален пешачки премин со семафори.

Скопје | пред 5 месеци

media-library4tkh3n6vovnk3DFKiUm

„Трагедијата во 'Пулс' ѝ го одзеде животот брутално и прерано“, но Сања Христова од Облешево живее во спомените на сите

Поминаа седум месеци од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, но спомените за Сања Христова од Облешево не избледуваат.Сања, која беше жртва на фаталниот пожар, имаше само 25 години. Таа беше дипломиран психолог на Славјанскиот факултет, со искрена желба да им помогне на луѓето. Нејзината мајка, Ангелина Христова, во изјава за Канал 77 вели дека Сања имала неверојатна способност да ги разбира луѓето тивко и без осуда.„Таа ги разбираше луѓето со зборови што лечеа. Секогаш стоеше на страната на најранливите – осамените, отфрлените, најмалите,“ вели Ангелина.Во нејзините зборови се чувствува и болка и гордост: „Покрај хуманоста, Сања беше љубопитна и отворена кон светот. Работеше и во странство, сакаше да научи, да види нови нешта. Имаше соништа исполнети со љубов, надеж и желба за подобар свет.“Особено ја обожуваше природата и животните, а кучињата беа нејзина најголема љубов. „Секое напуштено или изгубено куче за Сања беше повик за акција, за грижа и љубов,“ раскажува нејзината мајка.Трагедијата што се случи во Кочани ѝ го одзеде животот брутално, неправедно и прерано. Но нејзиниот дух не може да се избрише. Сања живее понатаму – во секое спасено куче, во секој топол збор што некогаш го кажала, во секој спомен што ги грее срцата на оние што ја познаваа.„Сања не е само жртва. Таа е симбол на добрината што светот ја бара. Љубовта што ја ширеше нема крај. Таа е жива – во сите нас,“ додава Ангелина Христова за Канал 77.

Македонија | пред 5 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила казна од 40.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од ЈО и Коцевски за случајот со дискотеката „Пулс“ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Јавното обвинителство и министерот Љупчо Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила казна од 40.000 евра или, како што се тврди во телефонска комуникација објавена во јавноста, поранешниот министер Оливер Спасовски интервенирал за да се избегне плаќањето.„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката ‘Пулс’ платила казна или Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање. Доколку казната не е платена, Спасовски итно треба да биде повикан на одговорност и целата постапка да се истражи до крај“, стои во соопштението на владејачката партија.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е потребно да се стави крај на „калкулациите и заштитата на моќниците блиски до СДС“, нагласувајќи дека политичките влијанија во судството мора да престанат.„Дали Спасовски ја спасил ‘Пулс’ од казна и која е неговата улога во аферата? До кога ќе молчи ЈО и Коцевски? Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДС?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот.„Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството. Секој сомнеж мора да биде расчистен, а секој кој е вмешан треба да се санкционира. Време е за владеење на правото и правдата“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

mirjana-najcevska

„Срамна пресуда за Мерко“, за професорката Најчевска ова е возможно само во држава каде судтвото е лесно поткупливо

За професорката Мирјана Најчевска, условната казна изречена за Рамиз Мерко е срамна пресуда.Ова е срамна пресуда. Пресуда која индицира длабока корупција во судството.Да осудиш на условна казна човек кој е на функција и од позиција на функција го направил кривичното дело и за кој паралелно се водат уште 5 судски постапки е навистина возможно само во држава во која судството е слуга на политичките партии, лесно купливо и потполно неморално“, напиша таа на ФБ.

Коментари | пред 5 месеци

media-libraryq8g4t38olrj610cbDWF

Почина полицаец од Кочани осомичен во случајот “Пулс”

Почина пензионираниот полицаец, Владо Петров, кој беше во притвор поради поврзаност со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.Независниот синдикат на полицијата ja соопшти веста на својот ФБ профил.“Денес за жал трагедијата од Кочани ја зема својата 63та жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност.Владо Петров беше колегата кој од пензија беше испратен во притвор затоа што додека бил Главен испектор за собраќајни работи потпишал некаков документ за паркинг просторот пред дискотеката. Владо за жал не го издржа притисокот за кој ние вчера зборувавме и не успеа да види ништо од пензијата. Почивај во мир голем човеку. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе многу доцни. КАЈ ЌЕ ВИ ОДАТ ДУШИТЕ”, прашува Синдикатот.Ниту еден од осомничените полицајци не беше во притвор, туку со мерки за обезбедување присуство.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarymabr7ksfgr4acNB2T6r

(Видео) Штекли не се чувствува виновен: „Не го разбирам делото“, рече во судницата

На денешното судско рочиште, првообвинетиот за случајот за недозволена трговија со дрога Раде Трајковски Штекли, наводно не го разбира обвинението што му се става на товар.Сите останати обвинети пред Судот рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото што им се става на товар.Прашан дали се чувствува виновен за делото што му се става на товар, Трајковски, пред Судот рече дека не го разбира.– Не го разбирам, рече Трајковски.Останатите обвинети Петар Златановски, Стефан Китанов, Александар Вучевски, Стојан Иванов и Филип Таневски пред Судот рекоа дека го разбираат делото и дека не се чувствуваат за виновни.Јавната обвинителка Верица Бержетска Крстевска, во воведен збор рече дека групата била добро организирана и вршела набавка, транспорт и продажба преку синџир на посредници, контролиран од Штекли.Раде Трајковски Штекли се јавува како организатор и координатор на криминалната група, кој бил во контакт со лица од странство и домашни посредници, кои ја договара првичната набавка на кокаин, комуницира со неколку обвинети и осомничени и на истите им дава насока и упатство за проширување на мрежа. При претрес на домот и возилото, и комуникацијата од мобилниот уред се пронајдени бројни докази кои го потврдуваат неговото раководно и централно однесување во набавката на дрога. Со сите предложени докази Обвинителството ќе докаже дека обвинетите се виновни за кривичните дела, односно дека сториле неовластено производство и пуштање во промет на недозволено дроги, рече Крстевска.Одбраната на Штекли, адвокат Сашко Дуковски, во воведен збор рече дека ќе докаже дека Раде Трајковски не формирал, ниту се здружил со група за недозволена трговија со дрога.Трајковски ниту организирал група, ниту се здружил со некого, ниту давал некакви наредби. Обвинителството се повикува на некакви докази обезбедени со ПИ мерки, но во нив нема ниту еден за тоа дека Штекли давал било какви инструкции за овие лица. Прашање е дали некој постапувал по наредба на првообвинетиот или тоа се склоп на дејствија. Тука се поставува и прашањето за надлежноста на ОЈО ГОКК по предметот, изјави Дуковски.Следното рочиште е на 15 октомври и продолжува со изведување докази предложени од Обвинителството.Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.Четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков, исто така, поднесоа предлог за признавање вина, по што Судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.

Македонија | пред 5 месеци

boki-13

Бојан Јовановски-Боки 13 осуден на затворска казна во случај каде што е ослободена Фросина Ременски

Бојан Јовановски на повторното судење за Меѓународен сојуз доби пет годи затворска казна.Судијката Софче Гаврилова Ефремова смета дека сторил измама на бизнисмени и иако во текот на судењето бизнсменот Ардијан Амазовски се повчеле и кажа дека не се чувствува оштетен.Исто така, сведок на рочиштето кажа дека изјавата дадена во претходниот судски процес била изнудена и дека таа не се чувствува оштетена.На ова рочиште беше изречена и затворска казна од две години за Јасна Ерцеговиќ како и две условни осуди за двајца други обвинети.Апелација го врати предметот на повторно судење, откако Кривичниот суд ја ослободи од вина експратеничката на СДСМ, Фросина Ременски.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

Неврологот Кузмановски директорувал со клиниката без лиценца за работа, уште еден сериозен скандал има зад него

За д-р Игор Кузмановски не е проблем само видеото кое се појави во петокот во кое зборува за купување „бело“, и на кое се гледа како гледа како подготвува „линии“ од непозната супстанца. Тој од март наваму не ја обновил ниту лиценцата за работа, заради што Лекарската комора на Македонија практично и нема што да му одземе на д-р Кузмановски. Случајот за Скопје1 го потврдија оттаму.Лекарската комора информира дека доктор д-р Игор Кузмановски во моментов нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025, но докторот има поднесено барање за нејзино продолжување.Во однос на последните случување поврзани со д-р Кузмановски, во овој момент може да информираме дека се разгледуваат сите аспекти и се прибираат информации и документација од надлежните институции што ќе бидат разгледани на органите и телата на Комората во најкус можен рок, по што ќе ја информираме јавноста за донесените одлуки и мерките што ќе се преземат.И покрај тоа што неговата лиценца е неважечка повеќе месеци, од ЛКМ велат дека тој дури минатата недела поднел барање за нејзино продолжување. Засега, постапката за обновување е во тек, а неговото име не се наоѓа на официјалниот список на активни лекари објавен на веб-страницата на Комората.Доктор д-р Игор Кузмановски моментално нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025 година. Тој има поднесено барање за нејзино продолжување, а Комората ги разгледува сите аспекти поврзани со последните случувања.За да ја обнови лиценцата за работа, а за која е пропуштен рокот, д-р Кузмановски мора да има дополнителна обука и да полага стручна проверка пред комисија.Директорот на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски беше разрешен во петокот, само два часа откако на социјалните мрежи се појави видеото, по што се огласи Минитерството за здравство:„Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски. Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено“Ова не е прв сериозен скандал на таа клиника. Пред д-р Кузмановски да биде именуван за директор на Неврологија, на почетокот на август, со клиниката раководеше д-р Фатмир Меџити, за кого беше обелоденето дека работи и со договор на дело во Министерството за здравство за што примаше хонорар од 1.000 евра.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygbpgjfncpij263iV4eZ

Прегазено седумгодишно дете во Скопје, има тешки повреди

На 12.10.2025 во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшто МВР.

Скопје | пред 5 месеци

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Вакцините против сезонски грип се дистрибуираат во здравствените центри, граѓаните ќе добијат СМС за терминот

Министерството за здравство информира дека е во тек дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на неделава граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација.Вакцинацијата против сезонски грип ќе се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет во Скопје.Потсетуваме дека е во тек пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu  или преку својот матичен лекар.Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.Вакцинацијата претставува најефикасна превентивна мерка за заштита на здравјето. Министерството годинава набави 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarysl47erbhktib6ZA9dWo

Прегратки и солзи, последните заложници на Хамас се со семејствата

По точно 738 денови заробеништва, Хамас повеќе не држи заложници. Денеска се ослободени последните живи, како дел од мировниот план за Газа.Некои од заложниците успеале да остварат краток видеоразговор со своите семејства непосредно пред ослободувањето, а снимките од тие моменти се појавија и на социјалните мрежи.Мајката на 25 годишен заложник, Ејнав Зангаукер, кој беше ослободен во претходните мировни договори со Хамас, денеска за Тајмс ов Израел изјави:„Сите доаѓате дома – сите! „Војната заврши.“Во следните часови се очекува ослободување и на 250 палестински затвореници и 1.700 лица, кои ги држи Израел, а меѓу нив има и 22 деца.Според израелските медиуми, затворениците се подготвуваат за напуштање на затворот Офер, лоциран на окупираниот Западен Брег.Списокот на ослободените затвореници беше објавен од израелското Министерство за правда во петокот.Во него не се вклучени седумте високи палестински функционери, меѓу кои Марван Баргути и Ахмад Саадат, кои Хамас ги бараше како дел од размената.Десетици семејства од утринските часови се пред затворот да ги пречекаат своите блиски. Според планот, околу 100 затвореници ќе бидат ослободени на Западниот Брег, други ќе бидат депортирани во Газа или Египет, а мал дел ќе биде ослободен во Источен Ерусалим.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryrieav61lsa849CmO5O4

(ВИДЕО) Ослободен израелско-српскиот државјанин Алон Охел

Меѓу последните ослободени заложници на Хамас е и израелско-српскиот државјанин Алон Охел. По проверката на контролниот пункт, тој со останатите кои беа во двегодишно заробеништво ќе бидат повторно обединети со своите семејства во базата Реим.На Твитер е објавено и видео на кое Алон е насмен и изгледа добро додека разговара со жена војник.Семејството го чека Алон во базата Реим, а по првите снимки и фотографии од нивниот син, тие не го криеја своето воодушевување. „Сега го видовме Алон, изгледа неверојатно, стои на свои нозе“, рече неговата мајка Едит Охел. Првата група заложници беше ослободена околу 7 часот утрово како дел од мировниот договор меѓу Израел и Хамас.Според извештаите, меѓу ослободените седуммина беа Алон Охел, близнаците Гали и Зив Берман, Матан Ангрест, Омри Миран, Еитан Мор и Гај Гилбоа-Далал.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања