„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ева Петковска

media-libraryfugehmae4e3u8BUgYRr

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто

На дуел кај Иван, кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски потенцираше дека ветувањето за чисто Скопје во рок од 72 часа е реално и остварливо.„Јас стојам зад тоа што сум го ветил дека градот може за 72 часа да биде чист, убеден сум дека 117 камиони има, а само 17 се исправни, 46 има метлачки и камиони за перење на улици, а само 6 се исправни, имам добар план и визија како ќе го направам тоа”, појасни Ѓорѓиевски.Освен градските и општинските власти, Ѓорѓиевски рече дека и граѓаните и општествено одговорните компании ќе помогнат во овој процес.“Одговорно тврдам со општествено одговорни компании со помош на нашите колеги не само во Скопје, туку надвор од Скопје, добро ќе биде исчистен градот не само на микролокациите туку секаде, и конечно исто така после долги години за прв пат ќе ги испереме улиците“, вели Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 1 месец

media-library36jd3u8uvlrtaxQnxkf

Митески: За прв пат во општина Аеродром во исто време се градат основно училиште, градинка и спортска сала, нешто што до сега не се случило

Во изминатиот период, како општина сработивме многу проекти, особено во развој на инфраструктурата и за прв пат во исто време во Аеродром во еден период градиме и основно училиште, детска градинка и спортска сала. Нешто што претходно не се случило во општина Аеродром, рече актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Аеродром, Дејан Митески во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.„Морам да напомнам во претходниот мандат, три години имавме централна власт од СДСМ, којашто ни беше апсолутен кочничар во реализација на голем број на проекти и четири години власт на Данела Арсовска во Градот Скопје, од каде добивме нула поддршка во реализација на клучни инфраструктурни проекти кои се во надлежност на градот“, рече Митески.И покрај овие блокади и несоработка, Митески потенцираше дека изминатиот период интензивно се работеше и почнаа да се реализираат многу инфраструктурни проекти, а многу и се завршија.Во гостувањето се зборуваше и за состојбата со која се соочува градот Скопје која ја предизвика Комунална хигиена со насобирањето на сметот.„За жал, сега пред избори, имавме криза со насобирање на отпадот од страна на Комунална хигиена којашто траеше повеќе од 10 дена во делот на Аеродром и повеќе од три недели во делот Лисиче, од каде што од индивидуалните домаќинства не се собираше отпадот. Комунална хигиена е единственото надлежно претпријатие којшто е должно да го транспортира ѓубрето, зошто ние како граѓани плаќаме кон нив. Јас бев првиот градоначалник и единствениот најверојатно, којшто поднесе кривична пријава против директорот на Комунална хигиена и денес ја гледам реакцијата на Обвинителството и на министерството за внатрешни работи. Се преземаат интензивни мерки се со цел спречување, понатамошно постапување, зошто одговорноста мора да има име и конечно во Македонија да сфатиме дека кога преземаме јавна функција, преземаме и одговорност да ги исполниме нашите обврски кон граѓаните, за што сме платени од нив“, истакна Митески.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynl5fcil6p00qbXzItp9

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево за вредностите кои ги застапува Александар

После вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во историјата на демократската Македонија, по бројот на градоначалници, којашто некогаш се случила. И ако на тоа се додаде и извесната победа на Орце Ѓорѓиевски за град Скопје, којшто води 3:1 после првиот круг во однос на неговиот противкандидат, тогаш заокружуваме бројка од 60 градоначалници коишто ќе дојдат од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и главниот град, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот мини митинг во Кичево во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори на 2 ноември во недела.Мицкоски се осврна и на победата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за листите на советници во 58 општини, каде што оствари убедлива победа и освоија мнозинство во советите.Додаде дека не беше лесно, туку дека беше тешко но единството и поддршката на граѓаните покажа дека може да се совлада и помногуброен противник, зошто кога сме сплотени и обединети како едно, сме посилни и можеме да совладаме многу побројни и поголеми противници.„Затоа е многу важно на 2 ноември во недела да се обединиме овде во Кичево, без разлика на нашите различности, без разлика дали тие различности се етнички, верски или политички. Многу е важно да бидеме како едно, да се обединиме околу вредностите коишто ги споделуваме, да се обединиме околу цивилизацијата којашто ја застапуваме. Затоа што јас сум убеден дека против кандидатот на Александар не ги споделува нашите вредности, не ја споделува нашата цивилизација. И секој оној којшто ќе го земе пенкалото во рака и ќе застане позади гласачката кутија, со гласачкиот лист пред него, нека го слуша својот разум и своето срце и нека гледа длабоко во својата душа, од таму ќе извира бројот 9. И нека го заокружи бројот 9, нека заокружи за Александар“, повика претседателот Мицкоски во недела масовно да се гласа за кандидатот ан ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски.Понатаму додаде, секој оној кој ќе биде исправен пред предизвикот дали да го поддржи Александар или неговиот против кандидат, нека се присети на вредностите кои ги застапува Александар и вредностите кои ги застапува неговиот против кандидат.„Дали вие сакате да живеете во средина во којашто ќе владеат криминалот, блуд, разврат и уцени? Дали сакате Кичево да биде домаќин на блуд, разврат, криминал и уцени? Заборавете на етничката припадност, сетете се на вашите ќерки, на вашите внуки, дека некоја од нив може да биде жртва на овој човек. Затоа, кога ќе го имате пенкалото во рака, верувајте во вредности, не во басни, не во приказни. Заборавете на нешто што некој ви кажува дека се случило пред 4, 5, 6 децении, верувајте на оние коишто ви кажуваат што ќе се случува за четири, пет децении од денес. Заборавете на оние романтични приказни што некој ви ги кажува за некое измислено минато коешто никогаш не се случило. Верувајте на иднината којашто сите ние заедно Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати ќе ја градиме. Тоа е иднината на Македонија“, упати Мицкоски обединувачка порака и повик до сите етнички заедници.

Македонија | пред 1 месец

media-library0uas2u1cojd3epRaudE

Петрушевски: Очекувам убедливата победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ уште посилно да се рефлектира во вториот круг

Пратеникот Бране Петрушевски вечерва гостуваше во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, кој најнапред зборуваше за очекувањата од вториот круг од градоначалничката трка за локалните избори 2025 година, пришто посочи дека очекува голема, убедлива победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО- ДПМНЕ, односно како што кажа тој можеби најуверлива победа на локални избори на една политичка партија.„Очекуваме она коешто се случи во првиот круг, а тоа е една убедлива, голема победа на кандидатите на ВМРО- ДПМНЕ, уште посилно да се рефлектира во вториот круг. Генерално онаму кадешто сме во вториот круг сме победници на прво место, со огромна разлика во гласови којашто во најголемиот дел од општини е реално ненадоместлива со било какви калкулации. Меѓутоа ние сме активни на терен, активни помеѓу граѓаните ја пренесуваме нашата визија, нашата идеја за општините, оној прием којшто го добиваме од страна на граѓаните е уште поголем, со поголема енергија, така што очекувам да ја финишираме оваа изборна трка со уште една уверлива можеби и најуверлива победа на локални избори на една политичка партија“, вели Петрушевски.Пратеникот Петрушевски ги искажа и своите очекувања од вториот круг за градоначалничката трка за градот Скопје и истакна дека очекува уверлива победа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски за Град Скопје, бидејќи разликата во гласови е огромна и истата е во полза на Ѓорѓиевски.„Таа разлика, таа уверлива победа, па и таа енергија или бран од првиот круг ќе се пренесе сега и во вториот круг и јас очекувам солиден раст на гласовите на Орце Ѓорѓиевски во вториот круг, прашањето е само колкава ќе биде изразена таа победа и колкави ќе бидат потоа очекувањата на граѓаните, и тука мораме да испорачаме како што сме испорачувале во минатото во оние други општини кадешто имавме свои градоначалници коишто повторно го добија својот мандат. Се надевам дека Орце ќе има една низа на мандати, а тоа ќе значи една низа на реализирани проекти за скопјани што ќе им го подобри животот“, рече Петрушевски.Петрушевски посочи зошто Ѓорѓиевски е вистинскиот избор за скопјани и ја искажа својата увереност дека со доаѓањето на Ѓорѓиевски на градоначалничката позиција на градот Скопје, скопјани ќе ја почувствуваат разликата од неговото управување со градот, уште во првиот месец, споредбено со она што беше до сега.„Орце е работник, Орце е докажан како човек кој знае да реализира проекти, да работи, да решава проблеми, народен човек, човек којшто е нон стоп меѓу народот и сум цврсто убеден дека уште во првите неколку недели или месец дена од неговиот мандат ќе се почуствува огромна разлика помеѓу она што значи политичар којшто е од народот, којшто е работник и којшто знае да работи vis a vis она што сме го гледале претходно“, посочи Петрушевски.

Македонија | пред 1 месец

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

МВР: Во Скопје и Куманово училишта попладнево добиле дојави за поставени бомби

Министерството за внатрешни работи информира дека неколку училишта во Скопје и Куманово попладнево добиле дојави за поставени бомби.Веднаш по дојавите, училиштата биле евакуирани, а се врши увид и проверка од страна на полицијата и одделите за заштита и спасување.До сега нема официјални информации за пронајдени експлозивни направи, ниту за повредени лица.МВР апелира јавноста да пријавува сомнителни предмети и активности, и да остане смирена додека траат проверките, со цел да не се попречи работата на надлежните.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypruv0nj8g9k2eeLlhdZ

Јовановски: Со заокружување на бројот 9, Кичево ќе добие градоначалник кој ќе се жртвува за својот град

Александар Јовановски, кандидат за градоначалник за општина „Кичево“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во општината, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамките на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат 2 ноември.На самиот почеток Јовановски се заблагодари за присуството на граѓаните, и потенцираше дека кампањата која се водела за локалните избори во општина Кичево, била исклучиво позитивна.„Ви благодарам на присуството, ви благодарам на поддршката, самата ваша бројка доволно говори. Целата кампања ни се засноваше на позитивна енергија, целата кампања зрачи и ќе продолжи да зрачи после големата победа само со позитивна енергија, ќе продолжи да зрачи со надеж и среќа за сите. Сите оние коишто не веруваат, сите оние коишто сеуште се двоумат, сите оние кои мислат дека не е можно да оствариме победа, нека размислат уште еднаш“, рече Јовановски.Јовановски истакна дека Кичево заслужува за градоначалник да има чесен и трудољубив човек, кој ќе се жртвува за својот град.„Верувајте, заслуживме да имаме чесен човек, трудољубив човек и човек  којшто ќе се жртвува за овој град, а тој човек сум јас почитувани. Сакам да изразам особена благодарност до припадниците на сите политички партии во нашиот град, без разлика на кој етникум припаѓаат, без разлика на која идеологија припаѓаат, има луѓе кои увидоа со што се соочуваме, за жал сите вие сте сведоци на што се, се изнагледавме изминативе денови, какви снимки изнаслушавме и какви видеа видовме, ние како граѓани не го заслужуваме. Дојдете на 2 на истото ова место, ќе славиме заедно“, истакна Јовановски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhv46qfckuap1d7eWSKj

Сајкоски: Масовно излезете и гласајте за Александар Јовановски, за развој и напредок на Кичево

На вечерашниот мини-митинг во општина Кичево, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој упати порака за масовна излезност на 2 ноември за глас на  кандидатот Александар Јовановски, за развој и напредок на Кичево.„Почитувани, ни останаа уште неколку денови до она за коешто работевме долг период. Ни останаа уште 3-4 дена до 2, денот кога треба да излеземе масовно како што излеговме на овој плоштад, да кажеме не за не работата, не за неморалот, не за кандидатот којшто не посрамоти. И да кажеме да за оној којшто сака, којшто може и којшто треба да сработи за нашата општина, да кажеме да за Александар Јовановски за иден градоначалник на Кичево“, рече Сајкоски.Сајкоски ги повика и оние граѓани кои живеат во дијаспората да го дадат својот глас за бројот 9, за да има подобри услови, кои ќе донесат подобар живот за кичевчани.„Сакам кратко да порачам и за оние коишто сакаат и се спремаат да доаѓаат од странство. Почитувани, многу ве почитуваме и секогаш нашата врата е отворена за вас, но нашите деца 265 дена дишат нечист воздух, нашите деца 365 одат по калливи улици, нашите деца и ние со нашите автомобили се движиме низ фекалии во населбите од нашиот град. Затоа и вие придружете се кога ќе дојдете тука во Кичево, гласајте за број 9, гласајте за Александар Јовановски, гласајте за победничката опција во Република Македонија“, вели Сајкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqhk5l7rp3nlp0jaONnT

Тоневски: Населба за млади, бесплатен канцелариски простор за млади кои сакаат да отворат приватен бизнис

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник за општина Пробиштип, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во емисијата Директно на Телма телевизија, при што го соопшти неговиот мотив за повторната кандидатура за градоначалник на општина Пробиштип, а тоа е што во изминатите 8 години општината, како што кажа тој тоне во апатија и безидејност, а евидентно е и отсуството на идеа, план, визија и конкретна реализација на проекти.Тоневски истакна дека во текот на неговиот мандат, главен приоритет ќе биде економскиот развој на општина Пробиштип преку отворање на нови индустриски зони, создавање на услови за отворање на нови мали и средни претпријатија како и изготвување на водич за инвеститори и истовремено ја стимулира и важноста од измената на генералниот урбанистички план како и донесувањето на нови детални урбанистички планови.„Мојот главен приоритет во мојот мандат ќе биде економскиот развој на Пробиштип, задржување на младите, да останат да живеат во Пробиштип. Токму во таа насока, најважно од се е да се направи, почетно измена на генералниот урбанистички план, донесување на нови детални урбанистички планови, отворање на индустриски зони пред се за лесна и незагадувачка индустрија со што ќе го зголемиме интересот, ќе направиме и водич за инвеститори, ќе им подадеме рака на сите коишто сакаат да инвестираат. Моја цел ќе биде да овозможиме отворање на нови помали претпријатија, мали и средни претпријатија, за што во моментот нема ниту една слободна парцела, ниту една индустриска зона“ рече Тоневски.Тоневски додаде дека неговиот фокус во текот на неговиот мандат ќе биде и задржувањето на младите во општината, најнапред преку мерката за субвенционирање на млади брачни парови до 35 години, за купување на парцели за изградба на куќи, како и бесплатно користење на општински простории за млади кои сакаат да отворат приватен бизнис.„Ќе направам населба за млади, каде што ќе им понудам да купат сопствена земја по 1 евро од квадрат, да се ослободат од комуналии плаќање, да направам комплетна инфраструктура во таа населба, да им обезбедам бесплатен канцелариски простор на сите млади коишто сакаат да отворат приватен бизнис, општински простории и нормално да се инвестира во спортот, во културата, да се направат фестивали“.Тоневски заклучи дека неговото водство во првиот круг се должи на различните концепти, а граѓаните точно ја гледаат разликата и визијата и е сигурен во убедлива победа во недела.

Македонија | пред 1 месец

media-library2dunjntsvfpheTmbtZ0

Митески: Општина Аеродром успешно се справи со нефункционалноста на Комунална хигиена, го исчистивме целото ѓубре и во Дрисла депониравме 600 тони отпад

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески, кој на самиот почеток дискутираше за актуелната тема денес, односно за приведувањето на директорот на Комунална хигиена како и раководителот во претпријатието, заради непостапувањето со ѓубрето во Скопје.Митески истакна дека општина Аеродром со помош на околните општини во Скопје, успеала да го собере целиот отпад во Аеродром, и дека повеќе од 600 тони отпад биле депонирани во Дрисла.„Денеска она што го гледаме како исход на кривичната пријава којашто е поднесена токму од страна на општина Аеродром, и од мене како градоначалник против одговорните лица во Комунална хигиена Скопје, само ја потврдува тезата којашто ја говоревме во изминатиот период, дека ние како граѓани плаќаме во Комунална хигиена меѓутоа не ја добиваме услугата којашто треба да ја испорача. Во текот на изминатава недела како општина со помош на околните општини од градот Скопје, Илинден, Зелениково, Сопиште, Петровец, успеавме да го собереме целиот отпад којшто се наоѓаше покрај контејнерите, повеќе од 600 тони отпад депониравме во депонијата Дрисла“, рече Митески.Митески објасни дека општина Аеродром ангажирала соодветна механизација од околните општини, со цел сметот да не остане на улиците, како резултат на непостапувањето и нефункционирањето на Комунална хигиена.„Моравме интервентно да преземеме чекор да го исчистиме оној отпад којшто се создаде а не беше собран повеќе од 10 дена од страна на Комунална хигиена. Во изминатиот период ние ангажиравме механизација од околни градови, поради  нефункционирањето на Комунална хигиена, се со цел да не го оставиме сметот на улиците, туку да го собереме. Ова е последица на непостапувањето на јавното претпријатие, и како општина и како институција нема да дозволиме да останеме нем сведок на она што се случува, прв бев што поднесов кривична пријава по која денеска постапува обвинителството“, објасни Митески.Митески посочи дека поради неизвршувањето на обврските од страна на претпријатието, општината нашла соодветни алтернативни начини за решавање на проблемот со отпадот.„Ако оној чиј примарна цел тоа да го врши, оној на којшто му плаќаме сите ние, не го врши, тогаш ние мора да се снаоѓаме со алтернативни начини. Меѓутоа мора да знаеме дека тоа општината ја чини дополнителни пари, едно собирање отпад во изминативе денови и депонирање во Дрисла, кошташе повеќе од 50 илјади евра дневно, тоа се пари коишто наместо да бидат наменети за потреби на граѓаните, ние ги трошевме за собирање на отпад, работа за којашто Комунална хигиена Скопје наплаќа“, рече Митески.На крај Митески се осврна на темата за вториот круг на локалните избори и посочи дека СДС станува трета партија, и дека граѓаните ќе ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ.„Добивме како ВМРО-ДПМНЕ најголема поддршка на овие локални избори во Аеродром со огромна предност пред останатите политички партии, мене навистина ми е жал што СДСМ веќе е и трета партија, во Советот на општина Аеродром добивме мнозинство со 15 советници, а бројот на советници на СДСМ падна на 5, тоа значи дека и тука ја губат поддршката од страна на гласачите и верувам дека уште еднаш ќе се потврди онаа разлика којашто ја имавме во првиот круг, со сериозна можност за зголемување на разликата, имајќи предвид дека граѓаните се повеќе препознаваат и даваат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и на мене како градоначалник, она што го работиме го работиме во интерес на граѓаните“, дециден е Митески.

Македонија | пред 1 месец

media-library7fdfscc4711sfst3TV9

Мицкоски: Во недела масовно да излеземе на избори, да го заокружиме бројот 9 за Тони Тоневски и за развој на Пробиштип, седењето дома е најлошата опција

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг, против кандидати на нашите кандидати се откажаа, што значи дека сега веќе се 35 градоначалници и во уште 24 општини сме во вториот круг. Во недела ќе се одлучува кој ќе биде градоначалник во тие 24 општини. Во 6 од тие 26 општини сме второпласирани, со тенденција и со голема шанса, бидејќи разликата е премногу мала, да бидеме првопласирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот мини митинг во Пробиштип во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.Мицкоски изрази убедување дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, после овие локални избори ќе има 59 градоначалници.„Истовремено, дозволете ми да информирам дека во 58 општини советничките листи ан коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победија и имаат убедливо мнозинство во Советот. Кога на сето тоа ќе се додаде и резултатот во Градот Скопје, односно убедливото водство на идниот градоначалник на Градот Скопје, Орце Ѓорѓиевски, 90 илјади наспроти 30 илјади, отприлика нешто повеќе од 3 спрема 1, очекуваме во вториот круг таа бројка да дојде до 120 можеби 125 илјади гласа. И убедливата победа на советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, доаѓаме до фантастична бројка од 60 општини во кои што се состои и Градот Скопје, нешто што до сега на ниту една политичка коалиција во независна Македонија не и се случило“, истакна Мицкоски.Втората крупна политичка порака, вели Мицкоски, која сакам денес од Пробиштип да ја испратам, е дека конечно, партијата која повеќе од 20 години беше дел од сите влади во Македонија, Демократската унија за интеграција, на овие локални избори е поразена.„Ние велевме на парламентарните избори пред година и половина ги развластивме и дека ќе дојде време, кога на локалните избори, тие ќе бидат поразени. И тие практично се поразени на овие локални избори“, рече Мицкоски.Додаде дека во вториот круг имаме три опции, од кои првата е да се гласа за коалицијата која ја претставува ВМРО-ДПМНЕ, која е победничката коалиција, додека втората опција е поранешната владина коалиција предводена од СДСМ, која е опција која не враќа назад во времето и која ја ограбуваше, понижуваше и распродаваше Македонија.„И третата опција, по мене, најкатастрофални е да останеме дома и да не излеземе на изборите и да дозволиме некој друг да одлучува во наше име“, дециден беше Мицкоски додавајќи дека со седењето дома никој не се казнува, туку со тоа се казнуваат самите граѓани кои не излегле на гласање.Затоа, Мицкоски ги повика граѓаните на Пробиштип, но и на цела Македонија во недела на 2 ноември да излезат на гласање што е можно помасовно и да го дадат својот глас онака како што тие мислат дека е најдобро.„Но, убеден сум дека кога ќе застанете позади параванот, со пенкалото во рака и со гласачкото ливче пред вас, ако го слушате разумот и вашето срце, и длабоко погледате во вашата душа, ќе видите и ќе препознаете дека таму извира бројот 9 и името на Тони Тоневски. И јас сум убеден дека тоа ќе биде вашата опција за следните четири години“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryre5jscthqhq75ePqbme

Тоневски: Со глас за број 9, Пробиштип добива нов правец, проекти за младите и развој на туризмот

На вечерашниот мини-митинг во општина Пробиштип, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски кој истакна дека во Пробиштип е потребна промена после 8 години апатија и уништување на градот, потенцирајќи дека новиот правец во кој ќе се движи општината ќе биде развиен, вистински и долгорочен со реализација на многу проекти кои ќе донесат развој и напредок на Пробиштип.„Во првиот круг жителите на Пробиштип беа јасни, покажавте верба храброст и желба за промени, освоивме стабилно мнозинство во советот и сега сигурно со дигната глава  одиме на уште поголема победа. Вие граѓаните ја препознавте програмата што значи работа, развој и сигурна иднина. Вие граѓаните го направивте вистинскиот избор за нашиот Пробиштип. Осум години стоевме во место, наместо да броиме нови индустриски погони, работни места, водоводи, ние броевме изгаснати светла во домовите. Затоа минатата недела Пробиштип испрати јасна порака, доста беше стагнација, уназадување и апатија, време е за нов правец, развиен, вистински, долгорочен“, рече Тоневски.Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип посочи дека програмата е сеопфатна и е сработена заедно со граѓаните, со нивни предлози и идеи, со што ќе се инвестира во секој дел од општината, со проекти за младите да останат во својот роден град како и инвестиции во областа на  туризмот, спортот и индустријата.„Многу ми е важно нашиот град да има иднина, нашиот Пробиштип заслужува многу повеќе, ние не ветуваме чуда ние ветуваме само работа, ветуваме развој, ветуваме иднина. Во програмата се влезени вашите идеи, оваа програма е победничка, заедно ја пишувавме заедно ќе ја реализираме, ќе започнеме со нова урбанизација, нова населба за изградба на куќи и нова индустриска зона исклучиво за незагадувачка индустрија. Ќе создадеме услов за нови работни места и повисоки плати, нашиот фокус се младите, младите ќе имаат бесплатен канцелариски простор доколу сакаат  да започнат сопствен бизнис и бесплатни проекти за типски куќи. Голем дел од младите ќе можат да ја градат својата кариера и во туристичката дејност затоа што инвестициите во Лесново и Пониква ќе бидат големи, ќе изградиме детско одморалиште на Пониква, ново одбојкарско игралиште, Пробиштип ќе добие и нов градски базен“, вели Тоневски.

Македонија | пред 1 месец

tramp

Трамп: Уште 10% царина за Канада поради измама и непријателски чин

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување дополнителни 10% царина за Канада, поради, како што оцени тој, сериозно искривување на фактите во неодамнешна реклама што ја критикува американската царинска политика.„Рекламата требаше веднаш да биде повлечена, но сепак беше прикажана синоќа за време на World Series, знаејќи дека станува збор за измама“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.Според Трамп поради сериозното искривување на фактите и непријателскиот чин ја зголемува царината за 10% повеќе од постоечката стапка.Рекламата ја прикажуваше изјавата на поранешниот американски претседател Роналд Реган од 1987 година, каде што тој коментира недостатоци во трговските царини, особено за увоз од Јапонија. Објавата предизвика остри реакции и ги доведе до прекин на трговските преговори со Канада.Трамп претходно воведе царини од 35% на многу канадски увозни производи, како дел од својата трговска политика во вториот мандат, со образложение дека Канада не успева да спречи криумчарење дрога кон САД.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Санкциите на Трамп ја зголемија цената на нафтата

Санкциите на американскиот претседател Доналд Трамп против Русија имаат силен ефект.Сепак неизвесно е дали светот ќе престане да купува руска нафта и гас.Анализата на угледниот Гардијан наведува дека новата офанзива на американскиот претседател против приходите од фосилни горива во Русија може да претставува и шанса за мир во Украина и економска придобивка за САД.Трамп минатата недела воведе санкции против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, со цел да ја ослаби способноста на Москва да ја финансира својата воена машинерија.Новите санкции значат дека сите компании кои купуваат руска нафта ризикуваат да го изгубат пристапот до финансискиот систем заснован на американскиот долар. Ова може да има сериозни последици за Индија и Кина, кои се најголеми купувачи на руска нафта и гас.по целосната инвазија на Украина. Влијанието на санкциите се почувствува веднаш — глобалната цена на нафтата порасна за 6%, а се појавија и извештаи дека големите индиски и кинески рафинерии моментално го стопирале увозот.Доколку Москва ги изгуби тие пазари, може да остане без околу 7,4 милијарди долари месечни приходи, што претставува приближно 3,6 милијарди долари во месечни даноци што директно одат во воениот буџет на Кремљ.

Свет | пред 1 месец

struja-1

Дел од Бутел денеска без струја

Без електрична енергија денеска од 9:00 до 11:00 часот ќе останат објектите на Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение Скопје, лоцирани во општина Бутел.Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.

Скопје | пред 1 месец

Screenshot-2025-02-10-at-21.12.43

Ѓорѓи Галетановски: „Чомбе не се повлече од партијата, туку од функцијата – вредностите и пријателствата се вечни“

Поранешниот директор на Зоолошката градина и долгогодишен член на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, преку објава на социјалните мрежи реагираше на, како што вели, дезинформации и шпекулации во јавноста по неговата оставка од функцијата претседател на Градската организација на СДСМ – Скопје.Во објавата, Галетановски посочува дека никогаш не барал партиски позиции, туку ги прифатил исклучиво од чувство на одговорност.„Чомбе никогаш не молел да биде претседател на Градската организација на СДСМ, ниту да биде кандидат за советник. Функциите му беа понудени и тој ги прифати со чувство на одговорност. Минатата недела по првиот изборен круг поднесе оставка — без патетика и без театар за внимание, туку од лични и морални причини,“ напиша Галетановски.Тој нагласува дека никогаш не бил на платена државна функција, освен во периодот кога бил директор на Зоолошката градина, именуван од тогашниот градоначалник на Скопје, со, како што наведува, „најниска директорска плата во градските институции – 42.000 денари“.„Никогаш не извршував владина функција, ниту во времето на Заев, ниту на Ковачевски,“ потенцира тој.Галетановски додава дека не се збогатил преку партијата, не користел функции за лична корист и никогаш не побарал позиција во друга политичка партија.„Пред една година, коалициски партнер од власта ми понуди директорска позиција под услов јавно да се откажам од СДСМ. Во присуство на сведок ја одбив понудата. Исто така, пред осум месеци ми беше повторно понудено раководното место во Зоолошката градина, но и тоа го одбив,“ открива Галетановски.Во својата објава тој потенцира дека секогаш бил критичар на локалната власт заради, како што вели, уништувањето на Скопје, и најавува дека ќе продолжи да го прави тоа без разлика која власт е на функција.„Ќе продолжам да критикувам секоја власт што не работи во интерес на скопјани,“ порача тој.Галетановски, познат по својата јавна активност во поддршка на младите, правата на животните и граѓанските иницијативи, истакна дека не се повлекува од партијата, туку само од функцијата.„Чомбе не беше кандидат за Скопје, ниту носител на листа, ниту шеф на штаб. Се повлече од функцијата, не од партијата. Функциите не се вечни, но вредностите и пријателствата се. Ќе останам достапен на истиот телефонски број и ќе продолжам да придонесувам за младите, угостителството, правата на животните и јавниот интерес,“ напиша Галетановски.

Македонија | пред 2 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Грабежи во ГТЦ и Чаршијата – осомничениот го фрлил пиштолот во Вардар

Јавното обвинителство – Скопје соопшти дека е поведена истрага против 25-годишен жител на Скопје, осомничен за две кривични дела „разбојништво“ според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според обвинителството, првото разбојништво било извршено на 15 август годинава во просториите на фирма за брзи кредити во Градскиот трговски центар (ГТЦ).Осомничениот, влегол во објектот и седнал на столче за странки, а кога вработената го прашала колку пари сака да подигне, извадил пиштол и ѝ наредил да ја отвори касата. Исплашена за својот живот, вработената ја отворила касата и му ги дала сите пари — 60.500 денари, по што тој избегал.Само три дена подоцна, осомничениот на сличен начин извршил и второ разбојништво во друга филијала на истото правно лице во Старата скопска чаршија. Со закана со пиштол го натерал вработениот да го отвори сефот и одзел 25.000 денари.Потоа, според истрагата, го фрлил оружјето во реката Вардар од Камениот мост и избегал во непознат правец. Некое време бил недостапен за полицијата, бидејќи побегнал во Хрватска.„Со оглед на тоа што постои ризик осомничениот повторно да се даде во бегство и можност да го повтори делото, обвинителството побара од судијата на претходна постапка да му биде определен притвор“, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarylt6g86b08qpp650qm0h

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се обрати од маалската средба која се одржа во општина Карпош. Мицкоски зборуваше за акутелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, навраќајќи се неколку години назад и раскажа што се случувало.„Никогаш не сум зборувал порано каде ни се разотидоа патиштата со Стевче Јакимовски кој беше дел од нашата коалиција, но мислам дека денес е добра можност да кажам некоја реченица за тоа. Ќе се вратам на таа 2021 година, пред 4 години, после прв круг на локалните избори дојде ненајавен исплашен во паника и нормално го примив, велам што е работата Стевче, вели те молам ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка. Јас го гледам и велам немој, непријатно ми е, сепак си човек во години не ти личи вакви работи, те молам седни на столчето, дај напиј се вода, ќе разговараме, да видиме како можеме да помогнеме, сепак сме коалиција, ние првиот круг победивме. Не, те молам пак ќе клекнам, што треба ќе направам, само да ме поддржите, вели народ може да те оправда, да те обели. Само народ може да ме обели да победам на избори и ништо не ми треба после. Велам Стевчо, имам едно барање до тебе сè друго те разбирам само те молам да нема бетонизација за Карпош, уморни се карпошани. Вели не ме интересира ништо само народ да ме обели. Заврши состанокот се вклучивме целото раководство во кампања, тој стана градоначалник. Поминаа неколку дена отидов да му честитам и ми вели дојди да ти покажам, една голема маса, кој била знае ги наредил сите детални урбанистички планови, 30 на ред и вика бирај, што да бирам му викам, па кои се за тебе. Чекај Стевчо, нели беше кај мене во кабинет нели молеше да те поддржиме да застанеме зад тебе нели рековме нема бетонизација. А вика не тоа, јас морам да живеам од нешто. Го погледнав, само му се заблагодарив, не му велам, благодарам за ова од мене немаш поддршка и со заминав“ истакна Мицкоски.Мицкоски на крај кажа за каква личност станува збор опишувајќи го актуелниот градоначалник на Карпош.„После тоа разочаран, бидејќи истото тоа го потврдија и нашите советници во советот му кажаа не благодарам, почна да го напаѓа мојот родител, па потоа мојата сопруга, па да го навредува мојот постар син за да на крај се скара и со помалиот син. Ете за таква личност станува збор. Сакав ова да го кажам за да знаат карпошани со кого имаат работа. Но времето на овој итрец завршува. Сакам да ги потсетам карпошани дека станува збор за човек кој се наоѓа на црната листа на САД за криминал. Затоа ве повикувам на 2 ноември и масовно да гласаме за Сотир да го заокружиме бројот 9“ истакна Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library0g0nlu9615ph9USSMi3

Мицкоски : На 2 ноевмри гласајте за број 9 за крај на бетонизацијата и за вистински развој

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на мини митингот во Карпош, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски од Карпош зборуваше како човек кој го поминал својот живот низ улиците во Карпош со карпошани и повика граѓаните на 2 ноември да гласаат за број 9 за крај на бетонизацијата, за развој и напредок.„Денес сум овде како човек кој го поминал својот живот тука во овие улици тука низ Карпош, како карпошанец и како таков сакам да кажам неколку работи коишто сметам дека се важни да се кажат. На овие локални избори народот јасно и гласно кажа која партија ја има довербата. После првиот круг ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија 33 градоначалници плус кандидатите кои се во втор круг како првопласирани и 6 како второпласирани, тогаш доаѓаме до бројка од 59 општини. Во 58 општини коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и има мнозинство во советите. Ако на тоа се додаде и огромната предност која ја има Орце во однос на неговиот противкандидат којшто вчера видовте како на медиум јавно избегна да каже дали ќе ги поддржи кандидатите во Брвеница и Кичево на ВМРО-ДПМНЕ, тоа треба да се запомни, ние знаеме, но добро е скопјани да запомнат со какви измамници имаат работа. Затоа што еднаш измамник цел живот измамник. Честа се стекнува на улица и таму се учат работи кои во училиште не можеш да ги научиш, а меѓу нив е и честа и таа се брани на улица, но овој човек не само што не ја има таа чест туку тој има од кого да учи од неговиот ментор претседателот на таа политичка партија за која одамна вие знаете за каков измамник станува збор, тие луѓе ја изгубија својата чест и ја немаат“ нагласи Мицкоски.Мицкоски од Карпош повика на масовна излезеност и поддршка за број 9, за Сотир Лукровски и Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Скопје„Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје убедливо победи во однос на сите други советнички листи, што значи имаме вкупно 60 општини во кои ВМРО-ДПМНЕ победи на овие локални избори во првиот круг. Јас сум убеден дека и после вториот круг ќе имаме 59 градоначалници плус Градот Скопје“ истакна Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните на 2 ноември да гласаат за број 9 и Сотир Лукровски во Карпош, за развој и напредок.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9jeq5vufepm7364octb

Лукровски: Завршуваат старите практики кои беа штетни за карпошани, време е да се реалзираат проекти во интерес на граѓаните

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Карпош, на којшто истакна дека следува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека  ќе завршат старите практикии кои биле штетни за карпошани, потенцирајќи дека време е да се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните.„Знаеме колку  паркови се претворија во згради, знаеме колку непринципиелни договори и колку криминални ДУП-ови видовме“, вели Лукровски и додаде:„Овие избори се референдумски за нас карпошани. На овие избори, карпошани мора да се решат дали ќе стават крај на досегашните практики и ќе избереме луѓе со визија, со нов концепт, а се за подобро на нашите деца“.Лукровски ги повика граѓаните во вториот круг масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9 за историска победа и развој на општина Карпош.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynbttsfo1nuvt6BJu0NY

Ѓорѓиевски: Промените во Карпош ќе се случат со Сотир Лукровски

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од маалската средба во општина Карпош и порача дека со поддршка на Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ, Карпош и Скопје конечно ќе расчистат со нефункционалноста на јавните претпријатија. Тој најави дека веднаш по изборите ќе следува акција за чистење на градот во првите 72 часа, стабилизирање на работата на ЈСП и почеток на реализацијата на мостот Љубљанска, со цел воспоставување на поуреден и функционален град.,,Kарпош има шанса еднаш засекогаш да расчисти со остатоците од транзицијата, а тоа е со актуелниот градоначалник, Стевчо Јакимовски. Нашата светла опција е од другата страна, а тоа е нашиот Сотир Лукровски, којшто ќе ги направи промените заедно со мене и во Скопје, но и во општина Карпош“, истакна Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се соочува со целосен хаос и колапс на јавните претпријатија, а најголем проблем претставува нефункционалноста на Комунална хигиена и ЈСП Скопје. Тој додаде дека, и покрај ваквите услови и неактивноста на актуелниот градоначалник кој се занимава со самопромоција, заедно со Сотир Лукровски вложуваат максимални напори Карпош да биде почист и поуреден.,,Во Скопје имаме целосен хаос и колапс на сите јавни претпријатија. Но она најмногу што не мачи изминатиов период е нефункционалноста на комунална хигиена и проблемите кои што ги имаме со нефункционалноста на ЈСП Скопје. Изминатиов период дека со Сотир даваме се од себе, да колку толку се амортизираат состојбите, во услови кога комунална хигиена не функционира, во услови кога вашиот актуелен градоначалник овде изиграва инфлуенсер и оди на поткасти што сам си ги прави со договорени негови прашања, вашиот Сотир кој што е вистинската опција за Карпош од 6 часот и пред 6 часот цел изминат период, помага за Карпош да биде почист“, вели Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски најави дека веднаш по вториот круг од локалните избори, кога очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, прв приоритет ќе биде акцијата за целосно чистење на Карпош и Скопје во првите 72 часа.,,Во првата недела ќе имаме нормализирање на состојбите со ЈСП Скопје, но и ќе започнеме конечно да го откочуваме процесот за мостот Љубљанска да стане функционален, а вие да имате, нов начин на движење овде во Карпош“, кажа Ѓорѓиевски и додаде:,,Тоа ќе бидат нашите први чекори, а сето она што го имаме ветено во нашата предизборна програма, се обврзав за истото и одговорно стојам зад тоа дека во наредните 4 години ќе биде заеднички со Сотир реализирано овде во Карпош. И секако со поддршка на нашиот претседател, Христијан Мицкоски кој што изминативе година и пол покажа како се сакаат граѓаните, и покажа што значи кога премиерот и Владата стојат зад локалната самоуправа“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library6qqfqm8lqdgr0BtquYD

Демир: Благодарност до сите ромски политички партии за поддршката во вториот круг, офанзива од инвестиции во пост изборен период во Шуто Оризари

Денес, на средба во Шуто Оризари, по потпишувањето на Декларацијата за заедничко делување, Ерџан Демир, кандидат за градоначалник за општина Шуто Оризари, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за медиуми ја изрази својата благодарност до сите ромски политички партии за одлуката да му ја дадат поддршката во вториот круг од градоначалничката трка за локалните избори за 2025 година, а во насока на испорака на подобри услови за живот на граѓаните на Шуто Оризари.„Голема благодарност до сите ромски политички партии, коишто одлучија да ни се приклучат, да ни дадат поддршка во овој втор круг, се со цел да можеме да го постигнеме она што го посакуваме. На нашите сограѓани во Шуто Оризари му овозможуваме подобри услови за живот, да има инвестиции во Шуто Оризари како и во другите општини. Шуто Оризари да не биде заборавена општина како до сега, да може нашите сограѓани да бидат директно вклучени во работењето односно во носењето на одлуките на општината, на целата администрација, буквално да направиме една нова промена“, рече Демир.Кандидатот за градоначалник за Шуто Оризари од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Демир посочи дека неговите сограѓани ќе бидат вклучени како и во процесот на работа на самата општинска администрација, така и во процесот на донесување на одлуките и најави офанзива на инвестиции во пост изборниот период со кои општина Шуто Оризари идентично како што е тоа случај и во другите општини.„Во Шуто Оризари верувам дека после 2 ноември ќе следи една офанзива од инвестиции во нашата општина“, заврши Демир.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjfbfv5tuvfma1cysqhw

Тричлено семејство загина во страотна сообраќајка во Белград

Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќта помеѓу саботата и неделата во Нов Белград.Во несреќата загинаа три лица:татко, мајка и нивното дете. Загинатите се на 42, 38 и 9 годишна возраст, соопшти полицијата.Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобил со босански регистарски таблички, управуван од Никола Ѓ., државјанин на Босна и Херцеговина, поминал низ раскрсница на црвено светло и удрил во возилото во кое се наоѓало семејството со голема брзина.Алкотестот покажал дека возачот кој го управувал возилото од кое загига семејството, Никола Ѓ. имал 1,17 промили во крвта. Тој ќе се товари за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај од член 297 став 2 од Кривичниот законик.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryfs5a7b1j4mche7hqNUJ

На 63-годишна возраст почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

По неколку дневна хоспитализација и интензивно лекување во приватна болница во Скопје, Агим Јонуз за жал не успеа да ја добие најважната битка во својот живот.Јонуз беше активен во политочкиот живот во Македонија и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.Роден и пораснат во скопски Чаир, Јонуз секогаш се залагаше за искрен соживот и реален просперитет на Македонија.Погребот на Агим Јонуз ќе биде утре на гробиштата во Бутел.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfblk4mahrdkablQSReM

Герасимовски заедно со граѓаните, младите и хигиеничарите го чистеа Центар

Денеска, градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со граѓани, млади и  хигиеничарите го чистеа сметот во Општина Центар. Изминативе неколку дена, хигиеничарите се постојано на терен, во две смени за да го исчистат хаосот што го остави ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт откако сите општини во Скопје беа преплавени со смет. Герасимовски, потенцира дека чистењето почнало од Буњаковец и продолжило на повеќе локации на ул. „Васил Ѓоргов“, Капишец, Дебар Маало, Градски Парк, просторот кај Олимписки базен, кадешто се собраа огромни кеси со смет.Тој, истакнува дека кризата со хигиената трае повеќе месеци и континуирано апелирал комуналното претпријатие да го подигне сметот од улиците кадешто има надлежност, но тогаш ЈП „Комунална хигиена“ испраќала деманти дека чисти според утврдена динамика. „Недозволиво е ова што му се случува на Центар, но и на градот Скопје. Сите скопски општини се преплавени во смет поради неажурноста на градската власт. Од утринава, граѓаните и млади лица се вклучија во акцијата кадешто сите заедно со нашите хигиеничари ја чистиме нашата општина. Во чистењето вклучена е целата механизација на општината и ПОЦ, а направиме и план со мерки за справување со кризата. Од денеска е започнато дератизацијата во основните училишта и градинки, предвидено е да трае во следните неколку денови. ЈП „ПОЦ“ организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад. Мора да се направи и дератизација во сите згради, а вонредната дератизација е во тек кадешто во 1980 шахти се фрла сертифициран препарат. Им благодарам на сите граѓани кои се активираа и помогнаа, упатувам апел до компаниите да ни помогнат со механизација, камиони и логистика“, рече Герасимовски.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynitnpmtp25v96k9jqwW

Ѓорѓиевски: Скопје се чисти за 72 часа, колку и тоа да не изгледа остварливо за поединци

Во емисијата „Стадион“ на Канал 77 денеска гостуваше кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој на самиот почеток истакна дека градот Скопје за 72 часа ќе биде исчистен колку и тоа да звучи и изгледа неостварливо.„Јас одговорно тврдам и стојам зад тоа дека за 72 часа ќе го исчистам градот, колку и тоа да не изгледа остварливо за поединци или да не сакаат да им изгледа тоа остварливо“, рече Ѓорѓиевски и додаде:„Од надмудрувања граѓаните во 21 век немаат основни хумани услови за живот, тоа нема да го дозволам јас во мојот мандат. Во Кисела Вода можете да ги прошетате сите населби, последната инвестиција ни е водоводна мрежа во населено место Стаклара каде претходно направив канализација, секаде каде недостасуваше подземна инфраструктура ја решив, нема населено место без вода за пиење и без подземна инсталација. Што подразбира тоа, 30 години требало да поминат за да дојдам јас и да го завршам тој процес“.Ѓорѓиевски истакна дека во план е набавка на 50 камиони за чистење отпад, 30 машини за перење на улиците како и 1.000 луѓе коишто ќе бидат приклучени во самиот процес на чистење.„Јас кога ќе влезам во градот Скопје ќе видите какви непродуктивни трошоци имало изминатите четири години, за првите 72 часа она што граѓаните треба да го очекуваат е да има околу 50 камиони за чистење на отпад, триесетина машини за перење на улиците и околу 1.000 луѓе коишто ќе бидат приклучени во процесот. Многу ми е едноставно во оваа кампања аргументирано да говорам затоа што имам нешто сработено позади себе, а тоа нешто е многу сериозен успех за се што сме постигнале четири години во Кисела Вода, еден од тие успеси е транспарентноста“, дециден е Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања