Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-libraryt1b5t40oe14b7hCbf00

Уапсен 24-годишник по напад на полицаец за време на блокадата на „Пластичарска“

Дваесет и четиригодишен учесник на вчерашната блокада на улицата „Пластичарска“ е уапсен откако физички нападнал полициски службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според МВР, инцидентот се случил додека полицаецот извршувал службени дејствија, односно го регулирал сообраќајот за време на одржувањето на протестот. Повредениот полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани телесни повреди.Од полицијата информираат дека по целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Инаку, жителите на населбата Серава во општина Чаир веќе трет ден се без електрична енергија поради дефект кој, според нив, не бил саниран од страна на ЕВН. Во знак на револт, тие вчера го блокираа сообраќајот на улицата „Пластичарска“.Граѓаните кои учествуваа во блокадата за телевизијата „21“ изјавија дека нема да се повлечат сè додека дефектот не биде отстранет, обвинувајќи дека проблемот намерно се остава нерешен, поради што тие се без струја во студените ноќи пред празниците.Од ЕВН, пак, велат дека без пристап на екипите за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа, невозможно е трајно да се санираат дефектите. Според компанијата, проблемите се последица на пренатрупаност на мрежата од диви приклучоци, при што во овој регион загубите на електрична енергија надминуваат 70 проценти, а наплатата изнесува околу 60 проценти од потрошувачката.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarygli7pcbcf2ga0dDkxai

ЈП „Охридски комуналец“ апелира: Пријавете отпад и спречете создавање диви депонии

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ упати апел до граѓаните доколку имаат отпад за кој не знаат каде соодветно да го одложат, да го пријават на телефонскиот број 075 397 944, со цел да се спречи појавата на диви депонии.Од претпријатието предупредуваат дека дивите депонии не се само естетски проблем, туку сериозна закана за здравјето на граѓаните и животната средина. Нелегалното одлагање отпад доведува до загадување на почвата и подземните води, ширење токсични материи и создавање услови за појава на штетници и зарази.Воедно, „Охридски комуналец“ посочува дека екипите секојдневно излегуваат на терен за чистење на вакви локации, при што се трошат значителни јавни средства кои би можеле да се насочат кон други приоритетни активности доколку отпадот се одлага на дозволени и соодветни места.Од јавното претпријатие нагласуваат дека одговорноста за чиста и здрава животна средина е заедничка и апелираат граѓаните со правилно одлагање на отпадот да придонесат за заштита на просторот во кој живеат и за спречување долгорочни последици врз животната средина.

ОО | пред 3 месеци

media-libraryj4ru1qn0td7ccARkg85

Прва седница на новиот Генерален совет на ДУИ по Конгресот: Фокус на кадровско екипирање

Во седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Мала Речица попладнево се одржа првата седница на новиот Генерален совет на партијата, по неодамна одржаниот Конгрес.Состанокот започнал околу 17:00 часот, а на него учествуваат 30 членови, што претставува значително проширување на ова партиско тело во споредба со досегашниот состав од 10 членови. Проширувањето е резултат на одлуките донесени на последниот Конгрес на ДУИ.Иако од партијата засега официјално не го објавија дневниот ред, неофицијални извори информираат дека главен акцент на седницата е целосното кадровско екипирање на партиската структура. Според најавите, се очекува да бидат соопштени и имињата на новите претседатели на партиските ограноци низ државата.На седницата се присутни и повеќе истакнати партиски функционери, меѓу кои поранешниот министер за образование Јетон Шаќири, потпретседателот на Генералниот совет Бујар Османи, како и генералниот секретар Арбер Адеми.Оваа средба следува по значајните конгресни промени, со кои, според партиските соопштенија, биле заменети околу 80 отсто од раководните кадри, додека лидерот Али Ахмети го доби својот петти мандат на чело на ДУИ.Повеќе информации за донесените одлуки и новите кадровски решенија се очекуваат по завршувањето на седницата, кога партијата треба официјално да се огласи со соопштение.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryebnvl26o3dhdbT09Kjh

Основачот на Телеграм: Ќе платам вештачко оплодување за жени кои сакаат дете од мене

Основачот на Телеграм, милијардерот Павел Дуров, понудил да ги покрие сите трошоци за медицински потпомогнато оплодување (МПО) за жени помлади од 38 години кои сакаат да ја користат неговата сперма за зачнување. Четириесет и едногодишниот Рус тврди дека веќе е татко на повеќе од 100 деца добиени преку донација на сперма, покрај шесте деца што ги има со три партнерки, објави „Волстрит журнал“.Дуров, чие богатство се проценува на речиси 17 милијарди долари, донацијата на сперма ја смета за „граѓанска должност“. Според него, на овој начин помага да се надмине недостигот од „висококвалитетен донаторски материјал“ и да се дестигматизира поимот донација на сперма. Тој изјави дека сите негови деца, без разлика на начинот на кој се зачнати, еден ден ќе наследат дел од неговото богатство.„Сè додека можат да го утврдат заедничкиот ДНК со мене, можеби за 30 години, ќе имаат право на дел од мојот имот по мојата смрт“, изјави Дуров за подкастот на Лекс Фридман. За францускиот магазин „Ле Поан“ додаде дека не прави никаква разлика меѓу своите деца.Според „Волстрит журнал“, минатата година десетици жени се јавиле на оглас во една московска клиника кој нудел користење на спермата на Дуров. Во огласот било наведено дека трошоците ќе бидат целосно покриени за жени помлади од 38 години заинтересирани за неговата, како што била опишана, „високобарана“ сперма. Иако Дуров повеќе не донира активно, примероци од неговите претходни донации сè уште се чуваат во клиниката „Алтравита“, а во објава на Телеграм во јули 2024 година тој потврдил дека спермата „сè уште е достапна“.Дуров започнал со донирање сперма уште во 2010 година, со цел да му помогне на пријател кој се соочувал со неплодност. Подоцна продолжил откако, како што вели, експерти му укажале на сериозен недостиг на донаторска сперма. „Моите претходни донации им помогнаа на повеќе од сто парови во 12 земји да добијат деца“, напиша тој лани на Телеграм, најавувајќи планови да го направи својот ДНК „отворен извор“ за неговите биолошки деца полесно да можат да го пронајдат.Еден поранешен лекар од клиниката изјавил дека жените кои се јавувале на огласот биле добро образовани и здрави, и сакале дете од „успешен, интелигентен и привлечен донатор“. Тој нагласил дека Дуров немал улога во изборот на жените.Освен децата зачнати преку донации, Дуров има две деца со поранешна девојка и уште три со адвокатката за човекови права Ирина Болгар, која живее во Швајцарија. Меѓу нив во тек е правен спор, откако Болгар тврдеше дека Дуров во 2023 година ја прекинал финансиската поддршка за неа и децата. Таа поднела и кривична пријава, тврдејќи дека тој физички го нападнал нивното најмало дете, што портпаролот на Дуров го демантира.Основачот на Телеграм, платформа која денес има повеќе од една милијарда корисници, моментално е во врска со инфлуенсерката Јули Вавилова.

Магазин | пред 3 месеци

media-library8ger6jjedbvu2eP6nRV

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ во преговорите со Бугарија ги штити македонската традиција и идентитет

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој дискутираше за внесувањето на Бугарите во Уставот со одложено дејство, и посочи дека државата ќе продолжи да се грижи за состојбите со Бугарија, но истовремено земајќи ги во предвид и потребите на државата.„Наша должност е покрај тоа што имаме стабилен економски раст, три и пол пати поголем од тој којшто го имаа СДС, имаме 100% усогласена надворешна и безбедносна политика со Европската Унија, имаме законодавство коешто од сите кандидати е највисок степен усогласеност со Европската Унија, останува да се грижиме за состојбите коишто ги имаме со Бугарија, но истовремено треба да мислиме и на потребите на државата“, рече Пренџов и додаде:„Кога се работи за Македонија, кога се работи за нашите предци и за нашите поколенија мора многу сериозно, многу стратешки и многу мудро да се размислува. Не велиме никогаш нема да има Бугари во Уставот, велиме кога Македонците ќе ги внесеме во Европска Унија тогаш и вие ќе влезете во нашиот Устав. Работиме на таа тема паралелно, ама немаме 1% раст каков што имаше владата на Заев, имаме 3,8% раст“.Пренџов истакна дека владата на Заев оставила големи штети и покрај сите тогашни предупредувања, променето име, знаме, банкноти, и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги сочува македонската традиција и македонскиот идентитет.„Тоа што го бара Бугарија не е ново, тоа што го бара Бугарија го бара 150 години и ниту еден претходно не го направил тоа коешто го направи двоецот Заев и Филипче. Ве молевме и ве предупредувавме дека ќе завршиме во ќор сокак, ве молевме и ве предупредувавме дека Македонецот доста му е од понижување, ве молевме и предупредувавме дека покрај сменето име, презиме, банкноти, 20 пати Устав сменето, знаме сменето, не сакаме повеќе да бидеме луѓе коишто ќе си ја наведнеме главата ќе молчиме, ќе бидеме научени да губиме а ништо да не добиваме. Ние сме нова политичка номенклатура, ние доаѓаме и ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена“, дециден е Пренџов.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryokn3q51dd09pbUFSM9o

Петрушевски: Непристрасен јавен обвинител, законски измени и финансиска поддршка се клучни за враќање на довербата во правосудството

Во денешната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека Јавното обвинителство не ја исполнило својата функција изминатиот период и дека довербата на граѓаните е на ниско ниво, воедно посочувајќи дека оставката на обвинителот Коцевски поднесена непосредно пред закажаната седница претставува избегнување јавна дебата и соочување со аргументите.„Јавното обвинителство е заробено од неколкумина јавни обвинители кои се на висока позиција на чело со овој што си даде оставка и не сите се од тој калибар, меѓутоа оние кои што го држат стегнато јавното обвинителство се оние кои придонесуваат за таа ниска доверба и ги прават оние чувања во фиоки, на предмети за високи функционери на СДС и ДУИ. Свесен дека аргументите се на наша страна, свесен дека на јавна сцена ќе биде обелоденето се она коешто за жал не го работел, јавниот обвинител пред самата седница си поднесе оставка иако за тоа имаше можност месеци наназад да го направи, самиот чин што го направи пред седницата покажува дека сме биле во право и дека избега од една јавна дебата на која што ќе ги соочивме сите аргументи“, вели Петрушевски.Петрушевски изрази очекување дека следниот јавен обвинител ќе биде компетентна и непристрасна личност, способна да се справи со предизвиците и да ја испорача правдата.„Верувам дека следниот јавен обвинител на Република Македонија ќе биде пред се компетентна личност која ќе биде способна да се справи со сите предизвици кои што ја носат таа функција и да ја испорача онаа правда која не само ние како ВМРО-ДПМНЕ туку и граѓаните во Република Македонија ја бараат“, рече Петрушевски.Во однос на идните чекори тој посочи дека со измените на Кривичниот законик како и со обезбедување на финансиски средства за судската и обвинителската власт, Јавното обвинителство ќе функционира ефикасно и сите кои се огрешиле пред законот ќе бидат санкционирани.„Со добра организација, со реформи и на делот на законодавството, во делот на она што го направивме овој период, а тоа е подготвивме  измени на Кривичниот законик каде што воведуваме поригорозни казни, она коешто го најави премиерот, а тоа е дека ќе им се дозволат поголеми финансиски средства и на судската власт и на обвинителската служба, мислам дека сите овие аспекти ако се земат во едно, ако дојде еден способен квалитетен јавен обвинител којшто ќе ја менаџира работата непристрасно, преку словото на правото, мислам дека се ова може да се постигне во наредниот период и сите оние коишто се огрешиле пред законот да си ја добијат заслужената казна. Со сите законски измени кои ги правиме, со финансиите кои ги обезбедуваме и со кадровската реструктурираност која треба да се случи во ЈО мислам дека сработувањето на овие предмети не е недостижно“, рече Петрушевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryurdlg2hik65qcX4p8dm

(Видео) „Зимзоленд“ вечерва затворен по контроли на УЈП

Забавниот парк „Зимзоленд“ вечерва не работи, откако, според неофицијални информации на “Скопје1”, биле извршени контроли од страна на Управа за јавни приходи, при што биле утврдени неправилности во работењето.Иако засега нема официјално соопштение од надлежните институции, извори тврдат дека токму констатираните неправилности се причина поради која објектот вечерва е затворен за посетители. Откажан е настапот и на ДЈ Тина.Во изминатиот период во јавноста се отворија повеќе прашања поврзани со „Зимзоленд“, меѓу кои и дали содржините што се поставени се безбедни за граѓаните, како и дали организаторите поседувале соодветни дозволи за поставување и функционирање на забавниот парк.Се очекува во текот на наредните денови надлежните институции да се произнесат официјално за резултатите од контролите и за тоа дали и под кои услови „Зимзоленд“ ќе може повторно да продолжи со работа.Засега нема ниту објава од Зимзоленд за тоа што се случувало попладнево.

Македонија | пред 3 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче за заканите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија, тоа нема да му помине

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче одговори на заканите на Али Ахмети кој рече:,, Нема никој во Македонија од мене што подобро прави национализам. Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови”.Филипче смета дека тие барања на Али Ахмети се само за негово лично политичко поентирање.,,Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Има луѓе од друга на од другите етнички заедници нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се смени ниту пак се негува на тој начин којшто предлага господинот Ахмети.Гледам кажал ја растурил Југославија, ако мисли дека вака ќе ја растури Македонија можам да порачам дека нема да победи на овој начин.Во однос на коментарите на ВМРО-ДПМНЕ нека го гледаат сопствениот двор со какви кадри располагаат. Еве гледаме за жал кадрите што ја менаџираат во овој момент државата граѓаните ги доведоа до просјачки стап. Така да тоа треба да им е работата нив, не да се занимаваат со СДСМ.Имаме многу висок критериум за избор на личности на сите позиции и практично се спремаме на следните избори,кога и да се случат, власта да ја вратиме во рацете на граѓаните”, рече Филипче

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybpadjj0k1bf4aJ2k0gC

Ѓорѓиевски: Нема толеранција за никого - изречени се казни на загадувачите во Скопје

Скопје изминативе денови се соочи со сериозно загадување на воздухот, при што, според податоците од државниот мониторинг, беше надминат дозволениот праг, состојба која наметна итна и решителна реакција, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.„Како градоначалник, но и како граѓанин кој заедно со своето семејство го дише истиот воздух, немав право да молчам и да не постапам“, порача Ѓорѓиевски.Тој информира дека во изминатите два дена биле спроведени засилени и координирани инспекциски надзори на терен, при што Инспекторатот за животна средина изрекол казни за правни лица кои ја загадуваат животната средина.„Законот важи за сите. Оваа акција нема да застане тука – продолжуваме уште поинтензивно и уште поодлучно. Секој што го загрозува здравјето на граѓаните ќе биде санкциониран, без никаква толеранција“, нагласи градоначалникот.Паралелно со репресивните мерки, Градот Скопје објави и сет препораки и мерки за заштита од загадениот воздух, кои веќе се применуваат и се јавно достапни за граѓаните. Според Ѓорѓиевски, тие се важен дел од заедничката борба за почист воздух.Во својата изјава, тој ја поздрави и континуираната заложба на Владата на Република Македонија за подобрување на квалитетот на воздухот, наведувајќи ги Стратегијата за почист воздух 2024–2030, субвенциите за инвертер клими, поставувањето прочистувачи на воздух во градинките, пошумувањето, гасификацијата, изградбата на когенеративни централи и новите паркови со вградени прочистувачи.„Борбата за почист воздух е заедничка. Апелирам до сите скопјани да се придржуваат до препораките и мерките – секој поединечен придонес е важен“, истакна Ѓорѓиевски.Тој порача дека за надлежностите на Градот Скопје нема да има компромис.„Ред мора да има. Законот ќе се спроведува, а здравјето на скопјани ќе биде наш апсолутен приоритет“, рече градоначалникот.Граѓаните се повикуваат да пријавуваат потенцијални загадувачи на електронската адреса: prijavizagaduvachi@skopje.gov.mk.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryj06i8htj5k87824ah17

(Видео) Непознат маж запали новогодишна декорација пред Градската куќа во Нови Сад

Непознат маж во Нови Сад вчера навечер го запали дел од новогодишната декорација пред Градската куќа. Според информациите, мажот пристигнал со велосипед, а во 4:14 часот го подметнал огнот на еден од осветлените вагони кои се дел од декоративниот воз на плоштадот.Полицијата веднаш започнала истрага за случајот и работи на утврдување на идентитетот на сторителот.

Свет | пред 3 месеци

media-librarytqbvs8472ivq6WO3IFh

Почина Крис Риа – музичка легенда и автор на „Driving Home for Christmas“

На 74-годишна возраст почина легендарниот британски пејач и текстописец Крис Риа, еден од најпрепознатливите гласови на рок и поп-сцената од крајот на 20 век. Веста за неговата смрт ја соопштија неговата сопруга и двете деца.„Тој почина денес мирно во болница по кратко боледување, опкружен со своето семејство“, се наведува во официјалното соопштение на семејството. Риа подолг период се соочуваше со сериозни здравствени проблеми, откако во 2001 година му беше дијагностициран рак на панкреас, по што му беше целосно отстранет панкреасот.Крис Риа зад себе остави богато музичко наследство и бројни хитови кои и денес се слушаат ширум светот, меѓу кои „Driving Home for Christmas“, „Fool (If You Think It’s Over)“, „Let’s Dance“ и „The Road to Hell“. Неговата кариера го доживеа врвот во доцните седумдесетти и осумдесетти години, кога стана еден од најпопуларните британски музичари.Роден е во 1951 година во Мидлсбро, во семејство со италијанско-ирско потекло. Неговото семејство се занимавало со бизнис со сладолед, а анегдотски е податокот дека Риа го положил возачкиот испит управувајќи со комбето за сладолед на неговиот татко. Во раните дваесетти години ја купил својата прва гитара „Hofner V3“ од 1961 година, со која го започнал својот професионален музички пат.Во текот на кариерата, Крис Риа објави 25 соло албуми, од кои два се искачија на првото место на британската листа на албуми. Неговиот препознатлив рапав вокал и виртуозното свирење на слајд гитара остануваат заштитен знак во песни како „Road to Hell“, „Auberge“, „On the Beach“ и „Driving Home for Christmas“.Со неговата смрт, светската музичка сцена изгуби уметник чија музика остави длабока трага и продолжува да живее низ генерациите.

Свет | пред 3 месеци

media-librarybokb1tmgc0bf3EdvYhi

Петрушевски: 2026 година ќе биде во знак на владеење на правото, правосудството ќе го водат професионалци

„Преку стотина кривични пријави имаат поднесено институциите надлежни за прогон, од коишто над 40 се за висока корупција и за високото профилирани личности. Ние дадовме шанса на овој јавен обвинител којшто е избран од СДС и ДУИ, ние имавме 16 месеци јавен обвинител којшто не беше избран од владеачкото мнозинство и му дадовме шанса да работи, нема еден граѓанин којшто ќе ви каже дека добро работи јавното обвинителство. Доживотни мандати имаат, уживаат имунитет, се што треба државата им обезбедила, она коешто се бара од нив тоа е да испорачаат неселективна правда“, рече Бране Петрушевски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на телевизија Алфа во емисијата „За или против“.Петрушевски исто така потенцираше дека во Македонија доаѓа периодот во кој правдата ќе завладее, и дека јавното обвинителство и судството ќе бидат сочинети од компетентни луѓе кои ќе можат да се носат со функциите во правосудниот систем.„Правдата ќе почне да се чувствува во Република Македонија, дел од овие реформски закони коишто допрва ќе стигаат во Собранието, се составен дел на планот за раст на Европската Комисија, коишто ја бараат таа реформа од нас, ќе имаме 12 закони само од овој правосуден сегмент коишто во 2026 година ќе стапат на сила, имаме во завршна фаза комплетно нов Кривичен законик“, рече Петрушевски и додаде:„Заштитен знак во 2026 година ќе биде почеток на носење на правдата во Република Македонија, затоа што самите закони се така направени да полека го чистат тој талог во јавното обвинителство и во судството, и ќе доаѓаат луѓе на вистински позиции, луѓе коишто пред се компетентни и коишто можат да се носат со функциите во правосудниот систем. Ќе имаме добар период во 2026 за правдата во Република Македонија, тоа граѓаните го бараат, полека ги реформираме и овие најзаостанати сегменти во нашето општество“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

Наместо зголемување на минималната плата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, актуелната власт признава дека во буџетот нема средства ниту за работниците, ниту за пензионерите, ниту за земјоделците, реагираат од СДСМ.Од партијата посочуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ целосно ја напуштила социјалната политика, а граѓаните веќе се соочуваат со пораката дека повисоки плати нема да има и дека мора да се „навикнат“ на сиромаштија.– Во исто време кога нема пари за минимална плата и пензии, власта склучува договори со кои презема обврски за т.н. „економски работници“, за кои, според објави на британски медиуми, државата ќе мора да обезбеди плати, сместување и пензиски придонеси – велат од СДСМ.Според партијата, со измените на Законот за странци, Владата се обидува да ја замагли суштината на проблемот, нарекувајќи ги мигрантите „економски работници“, а постои реална опасност тие подоцна да добијат и македонски пасоши, со што ќе станат рамноправни граѓани.– Договорот е договор, но цената ќе ја платат граѓаните. Ако нема работа, ќе мора да им се плаќа, што директно значи уште помалку пари за платите и пензиите на македонските граѓани – предупредуваат од СДСМ.Од опозициската партија додаваат дека во буџетот веќе недостигаат околу една милијарда евра, но тоа, како што велат, не ја загрижува власта.– Очигледно има пари само за криминални тендери и партиски бизниси до крајот на мандатот – се наведува во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4lj193ajg5bi3JW24a9

Телевизија Сонце згасна: Македонскиот етер без уште еден национален канал

Уште еден телевизиски канал исчезна од македонската медиумска сцена. Телевизија Сонце, која подолг период беше дел од националниот кабелски телевизиски простор, повеќе не емитува програма.Корисниците на кабелските оператори забележуваат дека каналот е недостапен, а на негово место се појавува порака за немање сигнал или целосно затемнет екран, што упатува на прекин на работата.ТВ Сонце се издвојуваше со програма насочена кон теми од македонската историја и култура, како и содржини посветени на иселениците и македонската дијаспора ширум светот. Медиумот беше основан од бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и со години имаше препознатлив уредувачки пристап.Засега нема официјално соопштение за причините поради кои телевизијата престана со емитување, а неизвесна останува и иднината на вработените кои работеа во овој медиум.

Македонија | пред 3 месеци

Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

Намалена видливост предизвика проблеми во авиосообраќајот на Скопје

Поради густа магла и намалена видливост, денеска (21 декември 2025 година) е отежнат авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје. Во периодот од полноќ до 20 часот реализирани се ограничен број летови, додека дел од нив се откажани или пренасочени.Според ажурираните информации од аеродромот, во наведениот временски период слетале вкупно 13 авиони од повеќе европски дестинации, меѓу кои Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз (Буве), Берлин, Минхен (Меминген) и Цирих.Истовремено, од скопскиот аеродром полетале 13 авиони кон Виена, Белград, Загреб, Брисел, Хамбург, Баден-Баден, Франкфурт, Берлин, Варшава, Базел и Барселона, додека летовите за Рим (Фјумичино) и Малме се очекува да полетаат во текот на вечерните часови.Откажани се вкупно 20 летови, и на пристигнување и на поаѓање, а два авиона биле пренасочени кон други аеродроми поради неповолните временски услови.Од Меѓународниот аеродром Скопје апелираат патниците редовно да ги следат информациите од своите авиокомпании, бидејќи временските услови се менуваат, а секоја компанија има сопствени процедури и критериуми за слетување и полетување при намалена видливост.Надлежните информираат дека аеродромот е отворен и дека сите капацитети се ставени во функција. Персоналот и техничката опрема работат непрекинато со цел безбедно и навремено опслужување на авионите и патниците.Промените во редовниот распоред на летање се објавуваат во реално време на официјалната веб-страница на аеродромот, а патниците со дополнителни прашања можат да се обратат на информативниот пулт во терминалната зграда или на телефонскиот број 02/3148-333.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7sjrd585i5qj8dRVD0i

(Видео) Сара Јо со солзи на сцената во Скопје му посвети песна на Панчо

Српската поп-пејачка Сара Јо синоќа, на 20 декември, настапи во еден од најпознатите скопски клубови, каде што концертот доби неочекувана и длабоко емотивна димензија. Наместо исклучиво музичко уживање, присутните беа сведоци на трогателен момент кој силно ја одбележа вечерта.За време на настапот, Сара Јо им соопшти на присутните дека ќе изведе песна посветена на својот близок пријател Панчо од групата ДНК. Станува збор за нумерата „Ако утре ме нема“, песна која, како што истакна, за неа има посебна емотивна тежина.По првите стихови од песната, Сара Јо видливо се расплака.Инаку, уште пред концертот, Сара Јо преку социјалните мрежи најави дека настапот во Скопје ќе биде посветен на Панчо, споделувајќи и видео од проба на кое ја изведува истата песна со силни емоции.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycuv8lbqa7nkefbq4mTm

Пукање во Сараево: Од автомобил пукале кон маж, полицијата откри оружје и дрога

Во Сараево синоќа, во полициска акција, беа уапсени двајца мажи, Ф.П. (1998) и А.Х. (2001), поради сомнение дека сториле обид за убиство во населбата Кобиља Глава. Се сомнева дека во ноќта кон недела, во 00:35 часот, од автомобил во движење пукале кон В.Д. од Сараево, кој исто така се наоѓал во возило, но за среќа не се здобил со повреди.Пронајдени оружје и дрогаОперативната акција ја спровеле службениците на Управата на полицијата на МВР на Кантонот Сараево, под надзор на надлежното обвинителство. При претрес на возилото и станбените простории што осомничените ги користат на подрачјето на Стари Град, пронајден е цел арсенал.„Со извршениот претрес на возилото и станбените простории кои осомничените ги користат на подрачјето на Стари Град, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една автоматска пушка, еден пиштол, два детонатори, одредена количина муниција, повеќе ПВЦ пакувања во кои имало материи што асоцираат на опојни дроги хероин, кокаин и марихуана, дробилки, дигитална вага и други предмети од интерес за истрагата“, соопштија од МВР на Кантонот Сараево.За што се товарат осомниченитеПоради низа тешки кривични дела, Ф.П. (1998) од Сараево е уапсен поради сомнение за обид за убиство, оштетување на туѓа ствар, недозволено држење оружје и експлозивни материи, како и неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги. Вториот осомничен, А.Х. (2001) од Сараево, се товари за обид за убиство, оштетување на туѓа ствар и кривично дело по член 74 од Законот за набавување, држење и носење оружје и муниција на Кантонот Сараево.„Осомничените се наоѓаат на криминалистичка обработка во Управата на полицијата на МВР на Кантонот Сараево, по што ќе бидат предадени на надлежното Кантонално обвинителство на Кантонот Сараево“, се додава во соопштението.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Погодивме осино гнездо, ДПМНЕ дефокусира од предавството „мигранти за пари“

СДСМ денеска ја оцени кампањата на ДПМНЕ како обид за дефокусирање на јавноста од најважната тема – „мигранти за пари“, што ја објавија британските медиуми.Според партијата, ДПМНЕ е во паника и дури донесе неуставна Резолуција со која се обидува да ја ограничи слободата на говорот и да воведе цензура, за никој да не зборува за оваа тема. СДСМ ја спореди ваквата постапка со нацистичкиот пристап од 1933 година, кога преку Декретот на Адолф Хитлер беа суспендирани клучни граѓански слободи, вклучително и слободата на говор.„ДПМНЕ секојдневно организира прес-конференции за напади на СДСМ, штанцајќи лажни вести и повторувајќи стари фрази од времето на Никола Груевски. Се обидуваат да отвораат и по 50 теми дневно, но бегаат од вистината – ‘мигранти за пари’. Граѓаните ја дознаа вистината за предавството на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.Партијата додава дека промената на Законот за странци од страна на ДПМНЕ им овозможува на мигрантите да се претставуваат како „економски работници“, со што, како што велат од СДСМ, се подготвува план за избори, а потоа за мигранти.„Нема да ви помине. Борбата започна!“, нагласуваат од СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

Густа магла предизвика проблеми со летовите на скопскиот аеродром

Поради густата магла што ја покри скопската котлина, видливоста на Меѓународниот Аеродром Скопје е значително намалена, што денеска доведе до откажување на 20 летови и пренасочување на еден лет, соопштија од ТАВ Македонија.По 11 часот на аеродромот успешно слетаа авионите од Дортмунд и Виена, а во моментов се очекува полетување на летот за Хамбург. Според најавите од метеоролозите на М-НАВ, намалената видливост ќе продолжи и во остатокот од денот, како и утре.ТАВ Македонија апелира до сите патници редовно да ги проверуваат информациите за своите летови кај авиокомпаниите, нагласувајќи дека аеродромот е отворен и сите капацитети функционираат. Аеродромот се затвора само во исклучителни ситуации, кога некој од основните капацитети за авио-операции не е во функција или во случаи на вонредни околности.Пилотите, во согласност со минималната видливост која ја прифаќа секоја авиокомпанија, одлучуваат дали летовите ќе се слетуваат или пренасочуваат на друг аеродром. Сите промени во распоредот на летови се објавуваат во реално време на веб-страницата на аеродромот https://skp.airports.com.mk/, како и на пултот за информации достапен 24/7 на телефонскиот број 02 3148 333.Вчера, истата временска состојба предизвика 16 откажани и 11 пренасочени летови, додека три авиони слетаа и три полетаа по подобрувањето на временските услови во попладневните часови.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryh7cv0d0qhhib33nSzUy

Герасимовски: На Водно ја продолжуваме традицијата, бадниковите гранчиња нека донесат здравје, среќа и благосостојба

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им се приклучи на скопските бадникари на јужните падини на Водно, продолжувајќи ја традицијата на собирање дабови гранчиња во пресрет на Бадник.Првите гранчиња симболично ги пресекоа бадникарскиот кум Зоран Кондратенко и здравичарот Јаков Дренковски, со што беше означен почетокот на бадникарските активности.„Секоја година, овде на Водно, се собираме за да ги зачуваме и одбележиме македонските вековни обичаи. Општина Центар секогаш ќе биде покровител на настани што ја негуваат традицијата и духовните вредности“, порача Герасимовски.На настанот, во организација на здружението „Одбор за традиционална прослава на Бадник“, граѓаните се почестија со посна трпеза и во добро расположение испратија пораки за здравје, среќа и благосостојба за празниците.Собраните бадникови гранчиња, како симбол на сила, здравје и среќа, на 6 јануари ќе бидат споделени на верниците на централната прослава во Соборниот храм.

Македонија | пред 3 месеци

media-library0j96olh9324mbhRLlbi

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Макрон

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за разговори со францускиот колега Емануел Макрон, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна новинска агенција РИА Новости, а кабинетот на францускиот претседател веднаш ја поздрави оваа изјава.Песков изјави дека Путин смета оти, доколку постои обострана политичка волја, разговорите меѓу нив двајцата можат да се гледаат само позитивно.Макрон го застапува европското вклучување во мировните преговориВо петок, по европскиот самит во Брисел, Макрон изјави дека повторен разговор со Путин би можел да биде корисен за Европа и Украина, за Европа директно да се вклучи во мировните преговори, наместо тие сами да ги водат Соединетите Американски Држави.„Во спротивно, ние преговараме само со преговарачи кои потоа разговараат со Русите, а тоа не е оптимално“, рече францускиот претседател.Минатата недела, во Берлин, Украинците, Американците и Европјаните разговараа за мировно решение за Украина, која Русија ја нападна пред скоро четири години.Разговорите во Мајами влегле во нов круг за време на викендот. Американските преговарачи планираат да ги пренесат резултатите од Берлин на руските претставници.Рускиот преговарач Кирил Дмитриев го оцени првиот круг на преговори како конструктивен.Елизејската палата ја поздравува Путиновата подготвеност за дијалогФранцуското претседателство ја поздрави објавата на рускиот претседател дека е „подготвен“ да разговара со Макрон, додавајќи дека „во наредните денови“ ќе се одлучи за најдобрите начини за реализација.„Добро е што Кремљ јавно ја одобри оваа иницијатива. Затоа, во наредните денови ќе одлучиме за најдобриот начин на кој тоа ќе го спроведеме“, соопшти Елизејската палата.Париз истакна дека сите разговори со Москва ќе се водат „целосно транспарентно“ во однос на украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите Европјани, а нивната цел останува постигнување „цврст и траен мир“ за украинскиот народ.„Инвазијата на Украина и тврдоглавоста на претседателот Путин ги прекинаа сите можности за дијалог“ во последните три години, додава Елизејската палата.„Сега, кога изгледите за прекин на огнот и мировните преговори стануваат појасни, повторно е корисно да се разговара со Путин“, се додава во соопштението.Макрон и Путин последен пат разговарале телефонски на 1 јули, првпат по три години, но тогаш можеле само да ги констатираат разликите во ставовите.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryj099d82c30u1fma45JC

Избувна пожар во стан во Загреб

Во Загреб денес околу 11:30 избувнал пожар, потврди Јавната противпожарна единица на Загреб.Пожарникарите примиле пријава во 11:32 часот. Пожарот го зафатил дневниот престој на станот, а опожарената површина изнесува околу пет квадрати. Во пожарот изгореле маса и плакар.Според информациите од пожарникарите, станарите успеале да ја задушат огнената стихија пред нивниот пристигнување. Една личност побарала итна медицинска помош поради вдишување чад, а полицијата повикала брза помош.Пожарникарите го изгаснале пожарот, го прегледале просторот и опожарените делови од станот ги изнеле надвор. Интервенцијата завршила без потреба од понатамошни активности.Неофицијално, причината за пожарот била свеќа.

Свет | пред 3 месеци

media-library2gq3bkag59dvdrsGMQz

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ - наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека СДС и ДУИ стојат зад, како што рече, криминална шема во државната компанија ЕСМ, преку која биле испрани околу два милиони евра пари на граѓаните.Петрушевски изјави дека во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен тендер вреден осум милиони евра. Според него, наместо спроведување транспарентна јавна набавка, биле вклучени две правни лица – едно од Скопје и едно од Куманово – со однапред утврдени улоги.Како што појасни, фирмата од Куманово настапила со непотполна документација и со повисока цена, со цел да се создаде привид на конкуренција, додека скопската фирма доставила понуда речиси идентична со проценетата вредност на тендерот, иако таа вредност, според него, воопшто не била јавно објавена во огласот.Петрушевски тврди дека по доделувањето на тендерот, за да се прикрие трагата, осомничените пуштале во оптек, примале и пренесувале средства во износ од околу два милиони евра, што, според него, претставува основ за кривично дело перење пари.„По примерот на Зоран Заев и Венко Филипче, вака се местеа тендерите во државата додека владееја СДС и ДУИ“, изјави Петрушевски, обвинувајќи ги двете партии дека молчат и не се оградуваат од случајот, туку, како што рече, го штитат криминалот.Тој порача дека токму поради ваквите случаи, СДС и ДУИ, според него, ќе останат во длабока опозиција. Од СДС и ДУИ засега нема официјален коментар на овие обвинувања.

Македонија | пред 3 месеци

media-library649377a2c8tsdwFByP5

Манасиевски: Мали Фрчко - новото лице на Филипче, кадар на уништениот систем

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска остро ја критикуваше СДС, обвинувајќи дека партијата останува нереформирана и дека во своето раководство вклучува лица со, како што рече, сериозни контроверзии.Манасиевски изјави дека на чело на СДС, според него, стои „чуварот на фотелјата на Зоран Заев“, Венко Филипче, а во партиското раководство бил вклучен и Јон Фрчковски, син на нивниот идеолог. Тој оцени дека во раководството на СДС има „различни профили на луѓе“, кои, како што тврди, се поврзуваат со криминал, корупција и манипулации.Според Манасиевски, во јавноста пред неколку месеци се појавиле фотографии од Фрчковски, за кои тој тврди дека покажуваат користење психотропни супстанции на работно место. Како што додаде, од СДС немало ниту оградување, ниту јасна реакција, а најавената оставка, според него, не била разгледана.Тој постави низа прашања, меѓу кои и зошто надлежните институции, вклучително и Јавното обвинителство, не постапиле доколку, како што тврди, настанот се случил во државна институција, како и од каде потекнуваат спорните супстанции. Манасиевски праша дали постои привилегиран однос кон „децата на транзициската елита“.„СДС му должи извинување на народот, наместо да ги наградува луѓето кои ја злоупотребуваат доверената функција“, изјави Манасиевски, нагласувајќи дека вистински реформи во СДС се „повеќе од потребни“.Од СДС засега нема официјален одговор на овие обвинувања.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7jrqk189itp0aXBFYfT

(Видео) Полуголи Дедо Мразовци трчаа низ Будимпешта за хуманитарна цел

Улиците во центарот на унгарската престолнина беа исполнети со празничен дух за време на необичниот настан „Трка на полуголи Дедо Мразовци“. Десетици учесници, облечени во црвени костими, и покрај ниските температури трчаа со цел да ги насмеат минувачите и да ја подигнат свеста за работата на хуманитарните организации.Покрај трчањето, настанот беше збогатен со пеење, танцување и вежбање, додека извици „хо-хо-хо“ одекнуваа низ градот и го привлекуваа вниманието на жителите и туристите. Организаторите истакнаа дека ваквите активности, освен забава, имаат и важна општествена порака.Учесниците посочија дека студот не им претставувал проблем, бидејќи постојаното движење и заедничката енергија создале топла и весела атмосфера. Настанот е инспириран од слична трка во Бостон, но со додадени локални елементи, со што прераснува во препознатлива празнична традиција во Будимпешта.

Магазин | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања