Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-library90fp2ljlsd1s1LLAYHT

Груевски за сведоштвото на Катавеновски во „Претрес“: Му се одмаздиле затоа што не сакал да учествува во нечовечки прогон

Поранешниот премиер Никола Груевски во јавна објава стави акцент на сведоштвото на поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катавеновски во „Претрес со Ландов“, оценувајќи дека неговите наводи отвораат сериозни прашања за работењето на судството во периодот на политичките предмети што ги водеше поранешното Специјално јавно обвинителство.Според Груевски, Катавеновски јавно потврдил дека во случајот „Тенк“, поврзан со набавката на блиндираниот „мерцедес“, немало докази за штета или корист – елементи што, како што посочил судијата, се нужни за утврдување злоупотреба.„Самиот судија Ристо Катавеновски бил разрешен затоа што не прифатил да подготви извештај до советот во кривичниот суд за случајот “Тенк” (набавката на блиндираниот Мерцедес), со кој ќе се потврди пресудата на Кацарска од кривичниот суд и од апелациониот суд во Скопје кој сосема сигурно на ист начин одлучуваше. „За злоупотреба мора да има доказ за штета или за корист. Овие два елемента не беа исполнети“, кажа неправедно разрешениот судија Катавеновски.Тоа беше време кога мнозинството од судиите кои ги судеа политичките предмети не само што судеа што ќе им кажат, туку така беа исплашени што понекогаш ако немаше, сами бараа насока од политичарите како да пресудат за да не згрешат. Или алтернативно во политичките предмети ќе пресудеа на начин што ја гледаа општата политичка атмосфера и ценеа каква одлука би го задоволила Заев. Еве како судијата Катавеновски вели за неговиот разрешување, а е во сличен дух: „Не е директно до Судски совет. Додека некој не им каже, тие не постапуваат. Мора да им каже некој“.Веднаш штом изразил свој став со несогласување за потврдување на пресудата заради немање доказ, Катавеновски бил разрешен од судија, веќе следниот ден. Му се одмаздиле затоа што не сакал да учествува во еден нечовечки политички прогон“, напиша Груевски.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Кривичен суд не можел да одреди построга мерка од куќниот притвор, бидејќи тоа го барал обвинителот

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое ја прифати заедничката иницијатива на јавниот обвинител и одбраната за определување мерка куќен притвор за осомничениот Артан Груби. Судијата не можел да одреди построга мерка од предложената од Обвинителството, бидејќи Законот за кривична постапка го ограничува.Како што соопшти Основен кривичен суд Скопје, откако утрово КПУ затвор „Скопје“ – Скопје го известил судот дека осомничениот од 09:20 часот е спроведен во установата и започнал со издржување на претходно определената мерка притвор од 17.12.2024 година, судот го известил Основното јавно обвинителство.По барање на обвинителството, издадена е наредба за негов спровод пред јавен обвинител за сослушување. Во текот на денот, одбраната доставила предлог за замена на притворот со куќен притвор, кој бил проследен до обвинителството за произнесување.Со оглед дека обвинителството ја води истрагата и согласно законските овластувања оценува која мерка е соодветна за непречено водење на постапката, до судот било доставено писмено позитивно мислење, а на расправата јавниот обвинител предложил определување поблага мерка од претходно изречената.По сослушувањето на осомничениот во присуство на неговиот бранител, судот донел решение за замена на притворот со мерка куќен притвор со 24-часовен надзор, кој ќе го спроведува Министерството за внатрешни работи. Дополнително е определена мерка на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање друг документ за преминување на државната граница.Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Куќниот притвор за Груби е доказ дека постои договор, реагира СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагираше по одлуката за куќен притвор на Артан Груби, оценувајќи дека ваквата мерка е „потврда дека сè е договорено“.Од СДСМ тврдат дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Христијан Мицкоски и, како што наведуваат, „ВМРО-ОКГ“, обвинувајќи за политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби замина преку граница, иако бил на стоп-листа. Но, за неговото враќање камери има на секој чекор“, наведуваат од партијата.Според СДСМ, следела, како што велат, „веќе подготвена медиумска кампања“, а одлуката за куќен притвор ја оценуваат како продолжение на истото сценарио.„Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор? Пеш преминал преку граница и побегнал, а бил на стоп-листа. Сега, по 14 месеци, се враќа и добива куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио?“, прашуваат од СДСМ.Од партијата порачуваат дека „ништо не е случајно“ и дека, според нив, станува збор за дел од договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека останува да се види „која е цената“.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhh36fs92k6hgfJs9IBw

Рејтингот на Трамп допре ново дно

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво во неговиот втор мандат, покажува најновото истражување на јавното мислење.Според анкетата спроведена од The Washington Post, ABC News и Ipsos, 60 отсто од возрасните Американци не го одобруваат работењето на претседателот, додека 39 отсто го поддржуваат. Со тоа, неговиот нето-рејтинг на одобрување изнесува минус 21 процентен поен.Истражувачите наведуваат дека 60-процентното неодобрување е највисоко регистрирано од нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година, на крајот од неговиот прв мандат. Според нив, станува збор за најниска поддршка во досегашниот тек на вториот мандат.Рејтингот на претседателот би можел да има значајно влијание врз претстојните избори на средината од мандатот, на кои ќе се избираат членови на Претставничкиот дом и Сенатот во клучни сојузни држави. Иако Трамп нема директно да биде на гласачкото ливче, изборите се сметаат за своевиден референдум за неговата политика, додека Републиканската партија се обидува да го задржи тесното мнозинство во двата дома на Конгресот.Анкетата е спроведена од 12 до 17 февруари на примерок од 2.589 возрасни лица, со маргина на грешка од плус-минус два процентни поена, во пресрет на неговото обраќање за состојбата на нацијата пред Конгресот.Најслаби оценки Трамп добил во областа на инфлацијата, каде неговиот нето-рејтинг изнесува минус 32 поена. Неговата царинска политика исто така е оценета негативно, со нето минус 30 поени. Управувањето со економијата останува во негативна зона (минус 16), но претставува подобрување во однос на октомври, кога изнесувало минус 25 поени.Најдобри, иако сè уште негативни оценки, добил во однос на управувањето со американско-мексиканската граница, со нето минус три поени.И други истражувања регистрираат пад. Аналитичарот Нејт Силвер во својот блог наведе дека рејтингот на Трамп се спуштил на нето минус 15 поени, со 40,5 отсто поддршка и 55,5 отсто неодобрување. Анкетата на Associated Press и NORC at the University of Chicago, спроведена од 5 до 8 февруари, покажува 36 отсто поддршка и 62 отсто неодобрување, што претставува нето минус 26 поени.Од Белата куќа претходно соопштија дека Трамп бил „убедливо избран од речиси 80 милиони Американци“ за да ја спроведе својата програма и дека останува „најдоминантна фигура во американската политика“.

Свет | пред 3 седмици

media-librarya3b19223u4r30GZRbI4

Во притвор Груби не е безбеден, а загрозена е безбедноста и на неговото семејство, вели Обвинителството правдајќи го куќниот притвор

Основното јавно обвинителство – Скопје предложило замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби, оценувајќи дека не постои опасност од влијание врз постапката ниту ризик од бегство.Одлуката следува откако Груби денеска доброволно се пријави на граничниот премин „Блаце“, по една година откако ја напушти Македонија. По неговото приведување, тој помина три часа во притворска ќелија, по што беше спроведен во Обвинителството на увид во доказниот материјал.Обвинителството соопшти дека предложило куќен притвор и одземање на патната исправа, мерка која е доволна за обезбедување присуство, имајќи предвид дека во најголем дел доказите се веќе обезбедени, дека осомничениот доброволно се пријавил и дека постојат индиции оти во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.„Индициите се поткрепени со известувања од надлежните органи. Тие се однесуваат и на загрозената безбедност на членовите на неговото семејство“, наведуваат од Обвинителството.Ова доаѓа и покрај изјавата на директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Бобан Уткоски, кој претходно изјави дека безбедноста во установата е загарантирана.Груби денеска вршел увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал, увидот ќе продолжи и во наредните денови, по што ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана.Истрагата против него се однесува на сомнежи дека како раководител на владина седница го одобрил барањето на Државната лотарија за јавна набавка на ВЛТ-терминали, иако институцијата немала законско право самостојно да организира игри на среќа. Вечерва, како што веќе објавивме, судот му одреди куќен притвор.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarysmhvq8hdbo843HApFi1

Артан Груби доби куќен притвор

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако одбраната побара ваква мерка, а Обвинителството се согласи со предлогот, дознава „Скопје1“.Според неофицијални информации, одбраната образложила дека Груби ќе биде достапен за органите на прогонот, имајќи предвид дека сам се вратил во државата, како и дека не постои опасност од влијание врз постапката, бидејќи истрагата е завршена.Судијата на претходна постапка, како што тврдат извори од скопското Обвинителство, добил позитивен став од обвинителот во однос на предлогот за поблага мерка. По спроведувањето во судот, Груби бил сослушан, но засега не е официјално потврдено дали обвинителот формално доставил нов предлог за куќен притвор на самото рочиште. Од прес-службата на Обвинителството информираат дека немаат детали, со образложение дека обвинителот се наоѓа во судница.Истрагата против Груби ја води Основното јавно обвинителство – Скопје и се однесува на сомнежи дека како раководител на владина седница го одобрил барањето на Државна лотарија за јавна набавка на ВЛТ-терминали, иако институцијата немала законско право самостојно да организира игри на среќа. Тој е осомничен за кривично дело „проневера во службата“.Постапката беше отворена по одлуката на Стејт департмент на САД да го стави на „црната листа“, поради основани сомнежи за вмешаност во коруптивни дејствија и влијание врз судски предмети поврзани со поранешниот директор на тајните служби, Сашо Мијалков.Груби беше прв вицепремиер во владината коалиција на СДСМ и ДУИ и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, а во повеќе наврати ја водеше Владата во отсуство на премиерот.

Македонија | пред 3 седмици

policija-bombi_0

Пак дојави за бомби низ училишта во Скопје и Тетово

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска (23.02.2026) биле примени дојави за наводно поставени експлозивни направи во неколку училишта во Тетово и Скопје.Веднаш по добивањето на пријавите, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности, извршени биле проверки на посочените локации и направени се потребните безбедносни процедури.По извршените проверки, утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Од МВР информираат дека продолжуваат активностите за расчистување на случајот и идентификување на лицата кои стојат зад дојавите.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryftmqaukuqk6k2kXoNge

(Видео) По три часа во затворот во Шутка, Артан Груби со комбе однесен на распит во Обвинителството

По три часа поминати во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, ексвицепремиерот и поранешен министер Артан Груби е спроведен во Основното јавно обвинителство – Скопје на распит.⚡Сите вести за случувањта со Артан Груби следете ги тукаГруби претходно беше приведен на граничен премин, откако сам се врати во земјава по повеќе од една година престој надвор од државата. По него беше распишана потерница, бидејќи ја напушти Македонија два дена пред поднесување на кривичната пријава, иако се наоѓал на таканаречена „стоп-листа“. Сепак, граничен полицаец му дозволил да ја премине границата.Истрагата против него ја води скопското Обвинителство, а се однесува на сомнежи дека како раководител на владина седница го одобрил барањето на Државна лотарија за јавна набавка на ВЛТ-терминали, иако институцијата немала законско право самостојно да организира игри на среќа. Груби е осомничен за кривично дело „проневера во службата“.Постапката беше отворена по одлуката на Стејт департмент на САД да го стави на „црната листа“, поради основани сомнежи за вмешаност во коруптивни дејствија и влијание врз судски предмети поврзани со поранешниот директор на тајните служби, Сашо Мијалков.Со оглед дека истрагата е веќе завршена, а Груби сам се врати во земјата, можно е обвинителот да предложи поблага мерка од ефективниот притвор, како куќен притвор или други ограничувања. За тоа ќе одлучува судија на претходна постапка, кој ќе ја цени опасноста од бегство и можноста за влијание врз постапката.Груби беше прв вицепремиер во владината коалиција на СДСМ и ДУИ и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, а во повеќе наврати ја водеше и Владата во отсуство на премиерот.

Настани | пред 3 седмици

media-libraryjh1k5sgcdge21ARmadl

По скандалозен интернет-предизвик, +18 глумица соопшти дека очекува дете

Контроверзна ѕвезда од индустријата за возрасни и креаторка на содржини на платформата „ОнлиФанс“ објави дека е бремена, само неколку недели по настан што повторно предизвика силни реакции на социјалните мрежи.Бони Блу, чие вистинско име е Тиа Билингер, изјави дека очекува прво дете. Таа направила тест за бременост откако за време на одмор почувствувала сериозна мачнина, главоболки и повраќање. Во видео објавено на Јутјуб, каде што има околу 9.400 следбеници, таа раскажала дека симптомите биле интензивни, по што решила да направи тест.Според нејзините зборови, резултатот бил позитивен, а подоцна, по лекарски преглед во Лондон, бременоста била потврдена и со ултразвук. Таа тврди дека зачнувањето се случило по предизвик во кој, како што самата наведе, имала интимни односи со повеќе од 400 мажи во краток временски период.Билингер изјави дека пред настанот учесниците биле тестирани за сексуално преносливи болести и дека биле земени нивни ДНК-примероци и контакт-податоци. Таа најави дека доколку биде потребно, ќе ги информира учесниците за ситуацијата.Минатата година таа јавно зборуваше за желбата да стане мајка, откривајќи дека со поранешниот сопруг долго време се обидувала да добие дете и дека размислувала за асистирана репродукција.Инаку, Бони Блу претходно беше приведена на Бали, каде што планирала да снима содржини за возрасни. Индонезиските власти ја протераа од земјата и ѝ изрекоа забрана за повторен влез, поради кршење на локалните закони поврзани со производство на порнографска содржина.

Магазин | пред 3 седмици

media-library6nm8qfh0a5jrfsxzOrB

Зеленски предупредува: Русија со нова тактика ги таргетира железницата и водоснабдувањето

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека со регионалните власти разговарал за новата руска тактика на масовни напади, кои сѐ почесто се насочени кон логистички објекти и водоснабдителна инфраструктура.Во своето вечерно обраќање, Зеленски појасни дека цел на нападите се пред сè железничката мрежа и системите за водоснабдување, нагласувајќи дека заканата мора сериозно да се сфати на локално ниво за да се преземат соодветни заштитни мерки.„Противвоздушната одбрана, Министерството за одбрана и владините структури добија конкретни задачи. Очекувам координирана и навистина брза реакција на сите нивоа“, изјави украинскиот претседател.Тој посочи дека Министерството за одбрана, во соработка со армијата, мора дополнително да ја засили заштитата од руски беспилотни летала во пограничните подрачја, каде што се зачестени нападите врз цивилни возила, служби за итна помош и екипи за санација на штети.Според Зеленски, искуствата од регионите на првата борбена линија треба ефикасно да се применат и во Сумската и Чернихивската област.Во ноќта меѓу 21 и 22 февруари, руските сили извршиле комбиниран напад врз објекти од клучната инфраструктура. Украинските воздухопловни сили регистрирале 345 воздушни закани, при што биле соборени или електронски оневозможени 33 ракети и 274 беспилотни летала.Зеленски наведе дека речиси 300 јуришни дронови и околу 50 ракети биле насочени кон Киев и неговата околина, како и кон Дњипропетровската, Кировоградската, Николаевската, Одеската, Полтавската и Сумската област.Во нападот врз Киевската област загинало едно лице, додека 17 биле повредени, меѓу кои и четири деца, соопштија украинските власти.

Свет | пред 3 седмици

sad-policija

Лезбијка барала азил во САД, депортирана во земја каде што хомосексуалноста е казнива

Дваесет и едногодишна лезбијка од Мароко, која побарала азил во САД откако избегала од земја каде што хомосексуалноста е казнива со затвор, тврди дека била депортирана преку таканаречен систем на депортација во трети земји, а на крајот повторно завршила во Мароко, каде што сега се крие од сопственото семејство кое ѝ се заканувало со смрт.Фара, како што се претставува од безбедносни причини, изјавила за агенцијата „Асошиејтед прес“ дека по долготрајното патување до САД и речиси една година помината во притвор, нејзиното барање за азил било одбиено, но во август добила судска заштита со која ѝ било забрането да биде вратена во Мароко, поради ризик по нејзиниот живот.Во Мароко, хомосексуалноста е кривично дело и се казнува со до три години затвор. Фара тврди дека била физички нападната од членовите на своето и на семејството на нејзината партнерка кога дознале за нивната врска. Била исфрлена од домот, а откако се преселиле во друг град, повторно биле пронајдени и, како што наведува, бил направен обид за убиство.Преку пријатели дознале за можност да добијат виза за Бразил, од каде што планирале да стигнат до САД. Од Бразил, Фара со недели пешачела низ шест земји за да стигне до американската граница, каде што побарала азил.Наместо слобода, таа поминала речиси една година во притвор во Аризона и Луизијана. Иако добила судски налог со кој ѝ се гарантира заштита од враќање во Мароко, службеници на американската Имиграциска и царинска служба ѝ ставиле лисици и ја качиле на авион за Камерун – земја каде што, исто така, хомосексуалноста е незаконска.Таа била задржана во притворен центар во главниот град Јаунде, а подоцна, според нејзините тврдења, била префрлена назад во Мароко. Во притворниот центар во Камерун, според адвокати, се наоѓале и други лица депортирани од САД, од кои дел имале судски налози за заштита.Адвокати од организацијата „Ново Лигал груп“ изјавиле дека депортацијата во трета земја, од која лицата може повторно да бидат вратени во матичната држава, претставува „правна празнина“ и потенцијално кршење на американските имиграциски закони и меѓународните обврски.Американското Министерство за внатрешна безбедност соопшти дека законот се применува како што е напишан и дека доколку суд утврди дека лицето нема право да остане во САД, тоа ќе биде отстрането од земјата. Државниот секретаријат на САД не коментирал детали за дипломатските договори со трети земји.Според извештаи, администрацијата на претседателот Доналд Трамп склучила договори со повеќе африкански држави за прифаќање депортирани лица кои не се нивни државјани, при што дел од тие земји добиле милионски надоместоци.Фара, која сега живее во страв во Мароко, вели дека се чувствува изневерено. „Ова што ми го направија е неправедно. Да ме депортираа на вообичаен начин ќе беше поинаку, но да поминеш низ сето тоа, да изгубиш сè, и на крајот да те вратат таму каде што ти се заканува опасност – тоа е сурово“, изјавила таа.

Свет | пред 3 седмици

Iran

Нова дипломатска понуда од Иран додека САД разгледуваат воена опција

Иран најави дека е подготвен на одредени отстапки во врска со својата нуклеарна програма во преговорите со САД, во замена за укинување на санкциите и признавање на правото на обогатување ураниум за мирољубиви цели, во обид да се избегне можен американски воен напад.Според висок ирански функционер, кој говорел за агенцијата „Ројтерс“, Техеран сериозно ќе ја разгледа можноста половина од највисоко обогатениот ураниум да биде испратен во странство, остатокот да биде разреден, а земјата да учествува во формирање регионален конзорциум за обогатување. Ова е првпат Иран да понуди нови отстапки по завршувањето на последната рунда преговори минатата недела, кога се создаде впечаток дека позициите на двете страни се сè пооддалечени.Иранските власти, според истиот извор, бараат САД да го признаат правото на Иран на „мирољубиво нуклеарно обогатување“ во рамки на евентуален договор што би предвидувал и постепено укинување на економските санкции. Клучна точка на несогласување, како што се наведува, остануваат опсегот и механизмот за укинување на санкциите, за кои двете страни имаат различни очекувања.Дополнително, Иран понудил американските компании да учествуваат како изведувачи во големи проекти во иранската нафтена и гасна индустрија, како дел од поширок економски пакет.„САД може да биде економски партнер на Иран, но ништо повеќе“, изјавил функционерот, нагласувајќи дека Техеран нема да се откаже од контролата врз своите нафтени и минерални ресурси.Вашингтон, пак, гледа на обогатувањето ураниум во рамки на Иран како на потенцијален пат кон развој на нуклеарно оружје. Иран категорично негира дека има такви намери и инсистира дека неговата програма е исклучиво за цивилни цели.Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, најави дека очекува средба во Женева со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, додавајќи дека и понатаму постојат „добри можности“ за дипломатско решение.Во меѓувреме, претседателот Доналд Трамп изјави дека разгледува ограничени воени удари, додека американската страна бара и ограничувања на иранските балистички ракети со долг дострел и прекин на поддршката за регионалните сојузнички групи.Техеран ги отфрла разговорите за својата ракетна програма и сигнализира дека прашањето за регионалните сојузници не претставува „црвена линија“, но останува предмет на чувствителни преговори.Додека САД ја зголемуваат воената присутност на Блискиот Исток, иранските власти предупредија дека во случај на напад ќе одговорат со удари врз американски бази во регионот. Сепак, последните сигнали од Техеран упатуваат дека дипломатијата останува отворена како алтернатива на воена ескалација.

Свет | пред 3 седмици

media-librarytrb5l4fb2eb91Rd4qPn

(Видео) Судири и насилство во мексички туристички центар по ликвидацијата на најбараниот нарко-бос во Мексико

Насилни сцени се регистрирани во туристичкиот град Пуерто Ваљарта, во сојузната држава Халиско, по информациите за ликвидацијата на Немесио Осегера Сервантес, познат како „Ел Менчо“, водач на наркокартелот Картел Халиско.Според локални извори и објави на социјалните мрежи, по смртта на „Ел Менчо“ избувнале одмазднички напади, при што биле запалени возила и забележано присуство на вооружени лица на улиците. Дел од медиумите ја опишуваат состојбата како сериозна безбедносна криза, со сцени што наликуваат на вооружен конфликт.Засега нема официјални податоци за бројот на жртви или повредени лица, а мексиканските власти не објавија детални информации за размерите на немирите. Безбедносните сили се распоредени во повеќе делови од регионот, додека граѓаните се повикуваат да останат во своите домови.Халиско со години важи за упориште на ЦЈНГ, една од најмоќните криминални организации во Мексико, па аналитичарите предупредуваат дека евентуалната елиминација на нејзиниот лидер може да предизвика нов бран насилство и борба за контрола врз територијата.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryfnd9t80el03u8W9v0g5

Убиен „Ел Менчо“, најбараниот нарко-бос во Мексико

Немесио Осегера Сервантес, познат како „Ел Менчо“, е убиен во воена операција во Мексико, објавија локални медиуми. Тој важеше за најбараниот човек во земјата и лидер на моќниот наркокартел Картел Халиско Нова генерација.Според извештаите, операцијата била спроведена во неделата во раните утрински часови во сојузната држава Халиско, во западниот дел на земјата. Мексиканското Министерство за одбрана соопшти дека Осегера Сервантес починал од повредите здобиени за време на воздушниот транспорт, по завршувањето на воената акција, пренесува агенцијата „Ројтерс“.Картелот ЦЈНГ во изминатите години го прошири своето влијание надвор од матичната држава Халиско и денес делува на територијата на речиси цело Мексико, при што се смета за една од најсилните и најнасилните криминални организации во земјата.Во текот на денот се појавија непотврдени информации за запалени автомобили и вооружени лица на улиците во Халиско и во други делови на државата, што упатува на можни немири поврзани со операцијата.Поради новонастанатата состојба, Стејт департмент издаде предупредување до американските државјани кои се наоѓаат во државите Халиско и Тамаулипас, како и во делови од Мичоакан, Гереро и Нуево Леон, советувајќи ги да останат во засолништа.САД претходно понудија награда од 15 милиони долари за информација што би довела до апсење на „Ел Менчо“, кој со години беше еден од најбараните криминалци во регионот.

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2024-05-04-at-09.01.50

Од понеделник започнува Велигденскиот пост – време на покајание, молитва и духовно обновување

Од понеделник, ден по празникот Прочка, започнува Велигденскиот пост, посветен на духовната подготовка за празникот над празниците – Воскресението на Господ и Спасител Исус Христос.Велигденскиот пост трае седум недели, односно 48 дена – од Прочка до Велигден. Иако времетраењето е 48 дена, тој се нарекува Четириесетница, затоа што по првите 40 дена следува последната седмица пред Велигден, позната како Страдална или Страстна седмица, која е посветена на споменот на предавството, страдањата, распнувањето и погребението на Господ Исус Христос.Постот претставува време на соединување со Бога преку причестување, заедничарење и благодарење, односно преку светата Евхаристија. Неговата смисла е духовно очистување и подготовка за најголемиот христијански празник. Верата во воскресението е темел на христијанството, а Велигденскиот пост е пат кон тоа духовно искуство.Историски, постот имал две цели: крстените верници да се подготват за Велигден, а оние што требало да бидат крстени на Велигден – во текот на постот да бидат поучувани во верата и огласени за крштение.Во однос на начинот на постење, вообичаено се пости на вода, освен во сабота и недела кога се дозволува употреба на масло и вино. Масло и вино се допуштаат и на одредени празници, како и на Велики Четврток, поради споменот на Тајната вечера. Риба се јаде само на Благовештение и на Цветници, а на Лазарева сабота се дозволува икра.Првите три дена од постот, познати како тримери, некои верници доброволно ги поминуваат без храна, но тоа не е задолжително за сите. Велигденскиот пост се смета за најстрог облик на постење и подразбира воздржување од месо, млеко, јајца и производи што ги содржат, а во одредени денови и од масло и вино. Исхраната е претежно од растително потекло.Црквата предвидува и можност за ублажување на постот за болни, немоќни, деца до седумгодишна возраст, лица во поодмината старост, бремени жени, доилки, патници и лица во специфични животни околности. За такво олеснување се бара благослов од свештенослужител, при што никогаш не се дозволува консумирање месо.Но, постот не е само телесно воздржување. Неговата суштина е духовна. Тој подразбира откажување од гревот, од лошите мисли, зборови и дела. Време е за покајание, исповед, молитва и правење добри дела. Како што поучуваат светите отци, постењето без духовна преобразба нема вистинска вредност.Затоа, во текот на постот верниците се повикуваат да се воздржат од завист, осудување, кавги, гнев и злоба, да се оддалечат од непристојни зборови и лоши навики, да покажуваат повеќе љубов, трпение и милосрдие. Постот е време на духовна будност, на читање на Светото писмо, на учество во богослужби и на внатрешно преиспитување.Целта е доброто да стане навика и начин на живот. Велигденскиот пост не е само подготовка за празникот, туку можност за духовно зајакнување и преобразување, за да се дочека Воскресението Христово со чисто срце и обновена вера.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydrkpfggegl615FzL90S

(Видео) Пет кученца фрлени на улица, снимен сопственикот кој не сакал да ја стерилизира неговата кучка

Скопјанец исфрлил пет кучиња на улица, кој биле одземени од кучката кој тој ја чува и не била стерилизирана. Снимката ја објави „Анимка Мунди“ кои посочуваат дека ова е неодговорно сопствеништво и бараат одговорност бидејќи потегот е суров и штетен. Од видеото се слуша како жена му се обраќа на лицето дека со потегот кој го прави ризикува малите кучиња да бидат згазени од возило, притоа му укажува дека нема кој да ги храни. Тој и посочува таа да се грижи за кучињата кои тој ги исфрла.„Популацијата на бездомни животни е предвидлив, математички објаснив феномен -секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија никаде не дале трајни резултати. Напротив, создаваат „вакуум ефект“ - испразнетиот простор повторно се пополнува ако изворот остане неконтролиран“, напиша Анима Мунди.Од здружението посочуваат дека проблемите кои произлегуваат од човечко однесување не се решаваат со справување со последиците, туку со регулирање на изворот. Популацијата на бездомни животни, велат тие, е предвидлив феномен – секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа, според нив, мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија не даваат трајни резултати, туку создаваат таканаречен „вакуум ефект“, при што испразнетиот простор повторно се пополнува доколку изворот остане неконтролиран.„Не ни требаат повеќе стационари – ни треба систем што ќе ги празни, а не што ќе ги полни“, наведуваат од „Анима Мунди“, додавајќи дека отворањето нови капацитети без запирање на приливот е краткорочно решение што индиректно испраќа порака дека неодговорноста ќе биде апсорбирана од институциите.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarybui1hucudp2i5z5u3tB

Од Скопје до Коњух: марихуана била „маскирана“ како перници за да помине граница

Наместо лесни перници, тони марихуана завршиле од Македонија во Србија, објави „Код“. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против шест лица поврзани со околу петте тони марихуана пронајдени во Коњух, кои од земјава излегле преку граничниот премин „Табановце“.Имено, според „Код“, марихуаната влегла во Србија во камион декларирана како „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“ кои „требало“ да патуваат за Манчестер, Англија. Перниците биле извадени од камионот и претоварени во друг, а првиот камион бил натоварен со кутиите марихуана. Возач на камионот бил Александар Ивановски кој е сега притворен.Според соопштението на Обвинителството, првоосомничен е сопственикот на скопската фирма „Алфафарм“, Предраг Брковиќ, кој заедно со други засега неидентификувани лица организирал набавка на марихуана и нејзино повеќекратно транспортирање од Македонија до Србија со товарни возила, со цел натамошна продажба.Брковиќ, како што наведуваат од ОЈО ГОКК, им дал насоки на своите вработени за пакување на сув цвет од канабис во вкупна количина од 8.832 килограми, претходно набавен од фирмата „ЦБД Медплант“ од струмичкиот регион.Во период од околу две недели биле спакувани над 200 кутии, по што првоосомничениот им одобрил колективен одмор на вработените. На 13 јануари 2026 година, во пладневните часови, двајца ортаци, од кои едниот осомничен во Република Северна Македонија, а другиот во Република Србија, организирале пренесување на поголема количина сув цвет од канабис со товарни и патнички возила од објектот на правното лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе.Од Обвинителството информираат дека првоосомничениот, заедно со други неидентификувани лица, организирал кутиите да бидат натоварени во возилата и во два наврата пренесени до наведената локација.Клучниот момент, според истрагата, е што товарното возило, кое првично било наменето за превоз на лесни перници, било испразнето и наместо перници во него биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис. Од Свети Николе возилото се упатило кон граничниот премин „Табановце“ и ја напуштило државата, носејќи ја пратката кон Србија.Истрагата е во тек, а Обвинителството најавува натамошни активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на сите инволвирани лица.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytgeirvicmu1v9hOIn1g

Поранешен директор во „Мајкрософт“ му пишувал на Епштајн дека сопругата и ќерката на Путин биле на неговата јахта

Интересот на Џефри Епштајн за Владимир Путин е документиран во материјалите што американското Министерство за правда ги објави кон крајот на јануари. Сега се појави уште една интригантна врска меѓу осудениот сексуален престапник и рускиот претседател: во досега необјавени електронски пораки што ги разменувал со Епштајн, поранешниот извршен директор во „Мајкрософт“, Нејтан Мирволд, навел дека во 2010 година на својата јахта ја угостил сопругата и ќерката на Путин.Како што пишува рускиот независен медиум „Медуза“, Епштајн на 27 октомври 2010 година му испратил кратка порака на Мирволд со прашање: „Дали Путин беше на твојот брод?“ Одговорот пристигнал истиот ден: „Неговата сопруга и ќерка“, напишал Мирволд, потпишувајќи се со своето име.Владимир Путин беше во брак со Људмила Путин од 1983 до 2013 година, а од тој брак има две ќерки – Марија Воронцова и Катерина Тихонова.Преписката е пронајдена во најновиот сет документи од истрагата на американското Министерство за правда за Џефри Епштајн, финансискиот посредник кој во 2008 година беше осуден за кривични дела поврзани со детска проституција, а во 2019 година обвинет за трговија со деца заради сексуална експлоатација, по што истата година почина во притвор.Во други објавени верзии на истите електронски пораки, одредени податоци, вклучително и името на Мирволд, се редактирани. Не е познато кога наводно се случило патувањето со јахта, ниту која од ќерките на Путин би можела да биде присутна. Исто така, не е јасно зошто Епштајн бил заинтересиран за таа посета.Името на Путин се појавува во повеќе од илјада документи од најновиот пакет материјали поврзани со Епштајн. Според објавените записи, Епштајн со повеќе лица разговарал за можноста да се сретне со рускиот претседател, но нема докази дека таква средба навистина се случила.Нејтан Мирволд (66) изгради кариера во технолошката индустрија пред да се посвети на патентирање изуми, развој на нуклеарна енергија и кулинарски истражувања. Во 1980-тите докторирал физика на Универзитетот Принстон, а работел и со Стивен Хокинг на Универзитетот Кембриџ. Во „Мајкрософт“ се приклучил во 1986 година, а од 1996 до 2000 година бил главен технолошки директор на компанијата. По заминувањето, ја коосновал компанијата „Интелектуал вентурс“ и е член на управата на „Терапауер“, стартап за нуклеарна енергија поврзан со Бил Гејтс.Според „Сиетл тајмс“, новообјавените документи укажуваат дека контактите меѓу Мирволд и Епштајн датираат најмалку од 1996 година, а од 2010 до 2018 година редовно разменувале пораки и се среќавале во Сиетл и Њујорк.И покрај тоа, преку свој портпарол, Мирволд повеќепати негирал дека имал личен однос со Епштајн, наведувајќи дека го познавал од конференции и како донатор на научни истражувања, како и дека жали што воопшто го запознал.Во дел од електронските пораки, Епштајн го поканувал Мирволд на својот приватен остров на Американските Девствени Острови, место за кое повеќе жртви тврдат дека било база за неговите нелегални активности. Преписката содржела и пораки со вулгарна содржина, што, според медиумските извештаи, упатува на поблизок однос меѓу двајцата.Податоците за јахтата на Мирволд се јавно достапни. Според отворени извори, тој е сопственик на 49-метарската суперјахта „Телеост“, изградена во 1998 година, со проценета вредност од околу 15 милиони долари и годишни трошоци за одржување од 1,5 милиони долари. Јахтата е достапна и за изнајмување по цена од 195.000 до 220.000 долари неделно.

Свет | пред 3 седмици

media-library2rngd2fegpve3g36J9s

(Видео) Лидерот на СНСД, Додик, со чучњеви во природа: „Никогаш во подобра форма“

Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи, Милорад Додик, објави видео од тренинг во кое се пофали со сопствената физичка подготвеност.Во видеото, кое го сподели на платформата „Икс“, Додик се гледа како изведува чучњеви на отворено, во природна средина. Во описот на објавата кусо напиша: „Никогаш во подобра форма“.Ова не е првпат Додик да се појави во спортско издание. Во изминатиот период јавноста имаше можност да го види како вежба во теретана, како и во парк, каде изведуваше вежби за стомачни мускули, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryjvv5jjvai9ioe2d55wR

Москва под масовен напад со беспилотни летала, привремено затворени сите аеродроми

Сите четири аеродроми во московскиот регион беа привремено затворени откако десетици украински беспилотни летала ја гаѓале Москва, соопштија руски претставници.Според информациите објавени од „Киев индепендент“, нападите траеле околу четири часа во попладневните и вечерните часови.Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека дваесет дронови биле соборени на пат кон главниот град. Тој наведе дека на местата каде што паднале беспилотните летала биле испратени итни служби и дека засега нема информации за жртви или материјална штета.Руската федерална агенција за воздушен сообраќај, Росавијација, потврди дека летовите биле привремено прекинати на аеродромите Домодедово, Шереметјево, Внуково и Жуковски.Министерството за одбрана на Русија одделно соопшти дека 29 дронови биле соборени над Брјанската област, а неколку други биле пресретнати над Калушката, Белгородската, Тулската, Курската и Тверската област.Воениот блогер „Дронбомбер“ на платформата Телеграм објави дека, според руски извори, биле регистрирани околу 165 дронови и 15 млазни беспилотни летала, но овие информации не се независно потврдени.Украина редовно изведува напади со беспилотни летала врз воени и индустриски објекти на територијата на Русија, а напади врз самата Москва се регистрирани во повеќе наврати, често проследени со привремено затворање на аеродромите.„Киев индепендент“ наведува дека во моментот на објавување не можел независно да ги потврди тврдењата на руските власти.

Свет | пред 3 седмици

media-librarycivn3co3h8s243MPX8F

(Видео) Го преплавија теренот со мечиња: Спорт и солидарност во салата во Куманово

Кошаркарите на Куманово беа поразени од МЗТ Скопје со резултат 56-72 во натпревар од лигашкиот дел на сезоната, но спортскиот исход остана во сенка на хуманата акција што ја одбележа вечерта.По завршувањето на натпреварот, теренот беше преплавен со плишани мечиња кои навивачите ги донесоа во рамки на најавената акција. На даден знак од трибините, десетици мечиња беа фрлени на паркетот, по што беа собрани и ќе бидат донирани на деца од ранливи категории.И покрај неуспехот на теренот, глетката од салата испрати порака дека спортот може да биде и простор за солидарност и заедништво, надвор од резултатите и табелите.

Спорт | пред 3 седмици

media-librarykfft5qi41os319Pqu31

(Видео) Снимка од центарот: Автомобил во спротивен правец кај Цветен пазар

Видео објавено на социјалната мрежа „Х“ (од @narodencoek) прикажува автомобил „Рено“ со скопски регистарски ознаки како се движи во спротивна насока во централното градско подрачје, кај зградата на Нова Македонија.На снимката се гледа дека возилото влегува во лента наменета за спротивен правец, а потоа застанува во истата лента во близина на Цветен пазар почитувајќи го семафорот кој беше со црвено светло.Објавата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, при што дел од корисниците предупредуваат на сериозен ризик по безбедноста во сообраќајот. Со оглед на однесувањето на возилото, се претпоставува дека станува збор за несвесна грешка, односно дека возачот не забележал дека се движи по лента наменета за спротивен правец.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrhpvs0j72uem79YSPPW

СДСМ: Владата ја носи одлуката за почесен конзул, ВМРО-ДПМНЕ да одговори за Адамовиќ

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја избегне одговорноста во случајот со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул во Србија, истакнувајќи дека одлуката за именување ја носи Владата на седница.Од партијата посочуваат дека прашањето на одговорноста завршува токму таму – кај извршната власт, која формално и правно ја носи одлуката за избор на почесен конзул. Според СДСМ, покрај институционалната одлука, клучни се и критериумите врз основа на кои е направен изборот.„ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Адамовиќ ги исполнувал критериумите, но не кажува кои се тие критериуми“, наведуваат од СДСМ, отворајќи прашања дали станува збор за политичка блискост со премиерот Христијан Мицкоски или за неговата поврзаност со Српската напредна странка.Од партијата посочуваат и на информации во јавноста за наводни афери поврзани со Адамовиќ, прашувајќи дали македонските безбедносни служби направиле соодветна проверка пред именувањето и дали постоело лично лобирање.СДСМ бара премиерот јавно да одговори како од толку угледни бизнисмени во Србија Владата го избрала токму Адамовиќ за почесен конзул на Македонија и дали биле земени предвид сите релевантни околности при донесувањето на одлуката.

Македонија | пред 3 седмици

media-library21jgkaflc9l6fzquJTD

(Видео) Инцидент во резиденцијата на Трамп: Тајната служба употреби оружје

Агенти на Тајна служба на САД и заменик-шериф од Канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич застрелале вооружен маж кој рано утринава незаконски влегол во обезбедениот периметар на комплексот Mar-a-Lago во Флорида.Според соопштението објавено на платформата „Икс“, станува збор за маж на возраст од околу 20 години, кој бил забележан кај северната капија на имотот. Тој бил застрелан на лице место.Надлежните информираат дека лицето носело пиштол и канистер. Во инцидентот нема повредени припадници на Тајната служба ниту на локалната полиција.Потенцијалниот мотив, околностите на настанот и оправданоста на употребата на сила ги истражуваат ФБИ, Тајната служба на САД и Канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич.Во согласност со внатрешните процедури, агентите кои учествувале во интервенцијата ќе бидат ставени на рутинско административно отсуство додека трае истрагата.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Се запали авион со повеќе од 400 патници во него: Лет за Париз прекинат по експлозии на моторот

Авион на Ер Франс, кој сообраќал на линијата од Фор-де-Франс кон Париз, бил принуден да се врати на аеродромот само неколку минути по полетувањето, откако се запалил десниот мотор, јавуваат француските медиуми.Инцидентот се случил во ноќта на 21 февруари, кога авионот „боинг“ на летот АФ895, по само една минута во воздух, пријавил проблем со десниот мотор. Според информациите, моторот почнал да вовлекува течност, што предизвикало нарушена циркулација на воздухот, неправилно согорување и видливи експлозии.Сведоци од земја изјавиле дека слушнале детонации веднаш по полетувањето. Сепак, во инцидентот нема повредени лица.Како што пренесуваат локалните медиуми на Мартиник, екипажот на леталото, во кое се наоѓале 469 патници, го забележал проблемот во фазата на почетно искачување. Пилотот Ришар Рекли изјавил дека веднаш бил активиран протоколот за итно враќање, по што авионот безбедно слетал на истиот аеродром од кој полетал.Патниците биле пренасочени на друг лет, а надлежните служби започнале постапка за утврдување на причините за техничкиот дефект.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања