Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

soobrakajka-5001

Трагедија кај Демир Хисар: Возач почина на лице место

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска во атарот на селото Сопотница, демирхисарско.Од СВР Битола информираат дека во 12:20 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки излетало од патот на местото викано Крбла.Во несреќата на лице место починал возачот Љ.Б. (52) од селото Жван, демирхисарско. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Демир Хисар.Сопатникот Д.Г. (60), исто така од селото Жван, се здобил со повреди и е пренесен во Клиничката болница во Битола.Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната несреќа.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryej5tjn0nqe9iaLck2yw

Латас и Лазаров ослободени од обвинението за спорниот поткаст, обвинителот ќе бара осудителна пресуда од Апелација

Новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров се ослободени од обвинението за ширење расистички и ксенофобичен материјал, одлучи судијката Дијана Груевска-Илиевска во Кривичниот суд.Во предметот, Латас беше обвинет дека преку изјава евоцирал спомени од минатото со кои, според обвинението, се промовирал чин на полово насилство, додека Лазаров се товареше дека, иако бил свесен за влијанието на содржината, не спречил нејзино објавување.Од Основното јавно обвинителство соопштија дека ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд бидејќи не се согласуваат со донесената пресуда.„Вложена е жалба затоа што пресудата е ослободителна и надлежниот обвинител не се согласува со така утврдената фактичка состојба“, информираат од Обвинителството.Ова е второ судење за Латас и Лазаров. Во првичната постапка, Кривичниот суд им изрече условни казни, но Апелацискиот суд ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење.Во повторената постапка, судијката Груевска-Илиевска, постапувајќи по насоките од повисокиот суд, утврди дека нема вина кај обвинетите.Лазаров и претходно во јавноста изјавуваше дека не се чувствува виновен и дека не смета оти со својата реакција промовирал полово насилство, додека и Латас негираше одговорност за делото за кое беше обвинет.Спорниот поткаст беше отстранет од Јутуб, односно беше недостапен за публиката по покренување на истрагата за овој случај и бурните реакции во јавноста од страна на невладини организации и дел од граѓаните.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybcom294c9pml6ks08dL

Мајката која го сними таткото-насилник од Драчево: Ѓубрето слободно шета, ако се појави пред мојата врата, лично ќе пресудам

Мајката која минатата година го сними сопругот како ја тепа нивната ќерка во скопската населба Драчево повторно се огласи во јавноста, изразувајќи револт што, како што тврди, насилниот татко е на слобода.Скопјанката Валерија преку објава на социјалните мрежи порача дека доколку тој повторно се појави пред нејзината врата, „лично ќе пресуди“, обвинувајќи ги институциите за неефикасност и неправда.„Да ти се плукнам во правдата. Ѓубрето да си шета слободно, викенд му следувало, можел да оди на работа – буквално ќе си шета како ништо да не се случило. Демек таква проценка се дала, не бил опасен по живот. А што е со нас?“, напиша таа на Фејсбук.Таа тврди и дека од Центарот за социјална работа се обидувале да ги „смират“, и покрај насилството што, како што вели, со години го трпела таа и нејзините деца.Случајот стана познат во јавноста откако минатата година се појави видео на кое се гледа како таткото физички напаѓа четиригодишно девојче.По настанот, Основното јавно обвинителство покрена постапка против 28-годишниот скопјанец, кој беше приведен и кому му беше одреден притвор. Според обвинителството, инцидентот се случил додека мајката подготвувала храна, а девојчето играло со своите сестри. Кога детето се качило на кревет во дневната соба за да земе играчки, таткото почнал да ја навредува, а потоа и физички да ја напаѓа.Како што се наведува во наодите, тој ѝ удрил неколку шлаканици по лицето, при што ѝ нанел набиеница на главата и огреботини на лицето, а притоа упатувал и закани дека „ќе ја убие“.Засега нема официјална реакција од Центарот за социјална работа во врска со тврдењата на мајката дека од таму се обидувале да ја смират со насилниот сопруг, додека од Обвинителството се очекуваат дополнителни информации за текот и исходот на постапката.ПРЕТХОДНО ЗА СЛУЧАЈОТ:

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Белата куќа: Нема рок кога САД ќе го обезбедат Ормутскиот теснец

Белата куќа засега не открива временска рамка за плановите на САД за обезбедување на пловидбата низ Ормутскиот теснец, еден од најважните поморски коридори во светот.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека не сака да се „обврзе со рок“ кога станува збор за американските планови за безбедност на овој клучен поморски премин.Таа додаде дека ситуацијата активно ја анализираат американското Министерство за одбрана, кое администрацијата на претседателот Доналд Трамп го нарекува Министерство за војна, како и Министерството за енергетика.Ормутскиот теснец, кој е под контрола на Иран, е еден од најважните морски патишта за транспорт на нафта, низ кој поминува околу една петтина од светското снабдување со овој енергенс.Техеран претходно соопшти дека теснецот е затворен за меѓународен сообраќај.Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека американската морнарица, доколку биде потребно, ќе почне да ги придружува танкерите низ Ормутскиот теснец, додека Иран предупреди дека ќе ги нападне бродовите што ќе се приближат до тоа подрачје.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryb2bf3r7njobffL0eJJj

Повеќето летови од Дубаи и натаму се суспендирани

Повеќето летови од меѓународниот аеродром во Дубаи и натаму се суспендирани, соопштија аеродромските власти, повикувајќи ги патниците да не доаѓаат на аеродром доколку нивната авиокомпанија не им го потврдила времето на полетување.Во објава на социјалните мрежи се наведува дека патниците без потврден лет можеби нема да можат да влезат во терминалите.Патниците се советуваат за најновите информации да се обратат директно до својата авиокомпанија.Авиокомпанијата „Емиратс“ соопшти дека сите редовни летови кон и од Дубаи се суспендирани до 7 март во 23:59 часот по локално време, поради затворање на воздушниот простор во регионот.Од компанијата додаваат дека на ограничениот број достапни летови предност ќе имаат патниците со претходно направени резервации, додека патниците кои патуваат во транзит преку Дубаи ќе можат да продолжат само доколку имаат потврден следен лет.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf2fgjgh76quedW5u4jT

(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ ексклузивно во државниот авион на Македонија: за евакуацијата од Блискиот исток и најголемите авио-несреќи

Првпат и ексклузивно – влегуваме во државниот авион на Македонија.Авион за кој со години носи повеќе прашања отколку одговори.Колку е стар? Колку е безбеден? И колку чини да се одржува?Во „Претрес“ вечерва од кокпитот ќе ги одговориме прашањата за темите, кои досега се зборувале само на политичко ниво.Дознаваме:– Колкав е реалниот ризик од летови со ваков тип авион?– Каков е планот за утрешната евакуација од Блискиот Исток?– Кој ја носи последната одлука дали авионот ќе полета – пилотот или политиката?– Колку чини еден час лет и колку нè чини да го одржуваме?Ќе зборуваме и за најтешките летови, кризите кога авионот не превезувал функционери туку луѓе.Но и за едно прашање што секогаш ја вознемирува јавноста:Како се случија најголемите авионски и хеликоптерски несреќи во Македонија – и што научи воздухопловството од нив?Гостин е капетанот Емил Георгиев, пилот со децении искуство, човекот што го управува државниот авион изминативе 16 години.Ќе одговори и на најдиректното прашање:дали би го качил сопственото семејство во овој авион?Следете не на:

Настани | пред 2 седмици

media-libraryth1nrhuoccsv6cN13oX

(Видео) Белата куќа: Трамп нареди напад врз Иран затоа што имал „добро чувство“

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил напад врз Иран затоа што имал „добро чувство“ дека иранскиот режим подготвува напад врз САД, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.Според неа, претседателот се соочил со избор – дали американската војска прва да ја отстрани заканата или да чека Иран да нападне.„Претседателот беше соочен со избор: дали САД ќе ги искористат своите воени способности за први да ја отстранат заканата која 47 години ѝ се заканува на нашата земја или, како врховен командант, ќе седи и ќе гледа како иранскиот режим ги напаѓа нашите луѓе во регионот“, изјави Левит.Таа додаде дека од перспектива на Трамп, неактивноста била „неприфатлива“, што ја поттикнало одлуката за почеток на воената операција.Според Белата куќа, точниот момент на нападот бил одреден врз основа на разузнавачки процени за локацијата на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи и други високи претставници на режимот.„Тоа очигледно имало влијание врз временската рамка на операцијата, но не и врз самата одлука на претседателот“, додаде Левит.

Свет | пред 2 седмици

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Шпанија се предомисли, ќе соработува со американската војска по критиките од Трамп

Шпанија се согласила да соработува со американската војска по критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.Трамп претходно се закани дека ќе ја прекине трговијата со Шпанија откако Мадрид забрани користење на своите воени бази во операцијата против Иран.Левит изјави дека шпанските власти ја разбрале пораката на Трамп „гласно и јасно“.Таа додаде дека американскиот претседател очекува сите европски сојузници да соработуваат во воената операција.

Свет | пред 2 седмици

netanjahu

Белата куќа: Нетанјаху не ја диктирал одлуката на Трамп за напад врз Иран

Белата куќа ги отфрли тврдењата дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за напад врз Иран била донесена по телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, потврди дека разговорот меѓу Трамп и Нетанјаху пред нападот бил „важен во однос на временската рамка“ на воената операција.Претходно беше објавено дека Нетанјаху минатиот понеделник му се јавил на Трамп и го информирал дека иранскиот врховен лидер во сабота ќе се сретне со највисоките претставници на режимот, што би можело да биде можност за ликвидација на целото раководство.Сепак, Левит изјави дека тој разговор не бил пресуден за одлуката на САД да извршат напад.„Мислам дека претседателот и пред тој повик имаше силно уверување дека иранскиот режим ќе ги нападне САД во регионот“, рече таа.Според неа, Трамп тогаш се соочил со избор – да изврши превентивен напад или да „седи и гледа“ како Иран напаѓа американски цели.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjc3bsvsqpnai3K2G1Fn

Соборени дронови во близина на аеродромот во Багдад

Двe беспилотни летала биле соборени во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, неколку часа по сличен напад врз истиот објект, соопштија безбедносни извори во Ирак.„Два дрона се соборени во близина на багдадскиот аеродром, без пријавени жртви или материјална штета“, изјавил неименуван ирачки функционер за агенцијата АФП. Инцидентот го потврдил и друг безбедносен извор во главниот град.Во рамки на аеродромскиот комплекс се наоѓа и воена база во која делува американската дипломатска мисија, а во минатото таму биле стационирани и сили од коалицијата предводена од САД.

Свет | пред 2 седмици

media-librarylpgrepfjo4bo1ySjGIW

Иран до соседните земји: Го почитуваме вашиот суверенитет, нападите од САД и Израел нè принудија на одбрана

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати порака до лидерите на соседните држави во која нагласи дека Техеран го почитува нивниот суверенитет.Во објава на социјалната мрежа Икс, Пезешкијан истакна дека Иран се обидувал да избегне војна, но дека нападите од САД и Израел ја оставиле земјата „без избор освен да се брани“.Во меѓувреме, неколку соседни држави пресретнуваат ракети и дронови во текот на конфликтот, иако дел од нив успеале да ја пробијат противвоздушната одбрана и да погодат цели.Обединетите Арапски Емирати соопштија дека од почетокот на конфликтот биле цел на повеќе од 1.000 ирански напади. Еден дрон вчера предизвикал помал пожар во близина на американската амбасада во Дубаи, при што загинале три лица.Напади со дронови биле регистрирани и врз американската амбасада во Ријад во Саудиска Арабија, како и врз едно пристаниште во Оман.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryl4js6v4rs4hobYAQxv4

Најмалку 87 морнари загинаа по потопувањето на иранска фрегата кај Шри Ланка

Најмалку 87 морнари загинаа откако иранскиот воен брод „IRIS Dena“ беше погоден со торпедо од американска подморница во близина на Шри Ланка, јавуваат медиумите.Министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат, изјави дека досега се извлечени телата на 87 морнари, додека потрагата продолжува во водите јужно од градот Гале.Во нападот се ранети уште 32 морнари, кои се хоспитализирани во болницата „Карапитија“ во Гале. На бродот имало вкупно околу 180 членови на екипажот.Портпаролот на шриланканската морнарица, Будика Сампат, изјави дека веднаш била започната спасувачка операција откако бродот испратил сигнал за помош.„Пронајдовме луѓе како пловат во морето и ги спасивме. Подоцна утврдивме дека станува збор за членови на екипажот од иранскиот брод“, изјави Сампат.„IRIS Dena“ е фрегата од класата „Moudge“ која припаѓа на јужната флота на иранската морнарица. Според шриланканските власти, на местото на инцидентот биле видливи само траги од истечена нафта, а нападот се случил надвор од територијалните води на Шри Ланка.Бродот претходно учествувал на мултинационалната поморска вежба „Milan 2026“ во Бенгалскиот Залив и бил на пат кон Иран кога бил нападнат.Инцидентот се случува во време на ескалација на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, по серијата воздушни напади врз ирански цели во кои, според ирански извори, загинале повеќе од илјада лица, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи. Иран возврати со ракетни и дронски напади врз американски цели во регионот на Заливот.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2024-10-26-at-11.07.13

Иран се закани: Израелските амбасади ќе бидат легитимни цели

Иранските вооружени сили се заканија дека ќе ги сметаат израелските дипломатски мисии ширум светот за легитимни цели доколку Израел изврши напад врз иранската мисија во Либан.Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, во телевизиско обраќање изјави дека Техеран ќе одговори со напади врз израелските амбасади.„Доколку Израел го изврши тој злостор, ќе бидеме принудени сите израелски амбасади ширум светот да ги сметаме за легитимни цели“, изјави Шекарчи.Претходно, портпаролот на израелската армија за арапското говорно подрачје, Авихај Адраеи, предупреди дека Израел им дал рок од 24 часа на претставниците на, како што рече, „иранскиот терористички режим“ да го напуштат Либан.„Ги предупредуваме претставниците на иранскиот режим кои сè уште се во Либан веднаш да заминат пред да станат цел“, изјави Адраеи.

Свет | пред 2 седмици

IMG_4387

Дванаесетгодишник од Куманово жртва на врсничко насилство, соученик го терал да скокне од прозорец

Случај на врсничко насилство е пријавен во Куманово, откако 12-годишно дете, според пријавата на неговата мајка, подолг период било изложено на навреди и исмејување од свој соученик, кој во еден момент го поттикнувал да скокне од прозорец во училницата.Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека на 3 март 2026 година во 12:45 часот, 35-годишна жена од кумановско пријавила дека нејзиниот син, ученик во основно училиште во Куманово, подолг период бил малтретиран од соученик.Според пријавеното, соученикот често го навредувал и исмејувал, а во еден случај го наведувал да скокне од прозорец на училницата.Мајката пријавила и дека детето претходно го информирало педагогот во училиштето за случувањата, но, според неа, не биле преземени мерки, ниту пак таа била известена.Над малолетникот биле извршени лекарски прегледи во болницата во Куманово и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по што бил хоспитализиран на Клиниката за психијатрија.Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytettvl1nqhsh4KePBtZ

Иранскиот шеф за безбедност со закана и прашање до Трамп: Дали Америка е на прво место или Израел?

Шефот на иранскиот Совет за национална безбедност, Али Лариджани, остро го нападна американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи дека САД ќе „платат висока цена“ поради смртта на врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи.Во објава на социјалната мрежа Икс, Лариджани го обвини Трамп дека го вовлекол американскиот народ во „кукавичка војна со Иран“, тврдејќи дека одлуката била донесена под влијание на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.„Сега да пресметаме: со повеќе од 500 загинати американски војници за само неколку дена, дали Америка сè уште е на прво место – или Израел?“, напиша Лариджани.Али Лариджани во август беше назначен за секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Во текот на својата кариера извршувал повеќе високи функции и важи за еден од најблиските стратези на Хамнеи.Неговиот статус беше потврден и со дипломатски активности во последните месеци, меѓу кои и патувања во Оман за подготовка на индиректни нуклеарни преговори со САД, како и повеќе посети на Москва, каде разговарал за безбедносната соработка меѓу Иран и Русија.

Свет | пред 2 седмици

w_55031023

Каја Калас: Иран со неселективните напади сам си го забрзува падот

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека иранските власти со своите неселективни напади врз соседните земји придонесуваат за сопствениот пад.„Иранскиот режим со неселективните напади врз соседните држави силно придонесува за сопственото слабеење“, изјави Калас пред новинарите.Таа додаде дека стратегијата на Техеран е да шири хаос и да ја дестабилизира целата регија.Поради овие напади, Европската унија воведе санкции против Иран.

Свет | пред 2 седмици

viktorstojanov

Виктор Стојанов е бугарскиот активист осомничен за ширење омраза кон Македонија и Македонците

Бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“, е опфатен со кривична пријава за кривичното дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, предвидено во член 394-г од Кривичниот законик.Според информациите од Агенцијата за национална безбедност, пријавата е поднесена по претходно обезбедени сознанија за активности насочени кон ширење пропаганда и поттикнување етничка и национална омраза. Постапката била реализирана во координација со Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје.Од Обвинителството информираат дека осомничениот преку специјално креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук објавувал содржини со кои се поттикнувала национална и етничка дискриминација.Во рамки на истражните дејствија бил извршен претрес, при што бил одземен пропаганден материјал за кој постојат сомневања дека бил подготвен за дистрибуција на територијата на државата.Надлежните институции соопштија дека истрагата е во тек и дека се преземаат дополнителни активности за целосно утврдување на фактите и околностите во случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylenla4lvof1f2eR0mo4

Турција се подготвува за можен мигрантски бран од Иран

Турција подготвила планови за можен прилив на бегалци од Иран поради ескалацијата на конфликтот во регионот, изјави турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифтчи.Тој појасни дека властите подготвиле три сценарија за вонредни ситуации. Првото предвидува управување со евентуален мигрантски бран од иранска страна на границата, второто воспоставување тампон-зони доколку движењето не може да се запре, а третото контролирано влегување на луѓе во Турција.Според министерот, земјата веќе подготвила капацитети за сместување на до 90.000 лица, вклучително и шатори и привремени центри за прием.Чифтчи истакна дека засега на трите гранични премини меѓу Турција и Иран нема невообичаени движења.Сепак, според сведоштво на новинар на Ројтерс, во понеделник стотици Иранци биле забележани како ја преминуваат границата и влегуваат во Турција, додека други чекале да ја преминат.Турските власти добиле информации дека Иран го ограничува излегувањето на сопствените државјани, но дозволува заминување на турски државјани и на државјани на трети земји.Според податоците на турското Министерство за внатрешни работи, од 1 до 3 март во Турција влегле околу 5.010 лица, додека од земјата излегле 5.495 лица.

Свет | пред 2 седмици

media-library0e0g9nieuodh6OK8K96

„Не можела поинаку! Институциите реагираат дури по трагедија“, вели психологот Ивановска

Психологот и гешталт психотерапевт м-р Тиана Ивановска, по трагедијата во која животот го загубија Ивана и нејзината ќерка Катја по пад од балкон, остро реагираше за, како што вели, системските пропусти во институциите кои треба да ги штитат жртвите на семејно насилство.Ивановска посочува дека две години работела како психолог во анонимен шелтер за жени жртви на семејно насилство и дека во тој период сведочела на, како што наведува, бројни случаи на „институционална глувост, некадарност и партиски вработувања“ во системот за социјална заштита.Според неа, постојат сериозни пропусти во начинот на кој институциите постапуваат со жртвите. Таа наведува пример кога жена жртва на насилство била транспортирана во анонимен шелтер со службено обележано возило на Центарот за социјална работа, што, според неа, ја довело во дополнителна опасност.Ивановска посочува и дека често се случува насилниците да продолжат со закани и притисоци, додека институциите бавно реагираат, а во некои случаи се завршува само со „консултативни разговори“ наместо со конкретни заштитни мерки.„Тоа што ние го гледаме однапред, вие го гледате отпосле, откако ќе се случи трагедија“, наведува таа, додавајќи дека жртвите често живеат под постојан страв и закани.Таа повика сите институционални пропусти во случајот детално да се испитаат и одговорните лица да бидат санкционирани.„Земете ги сите досиеја и проверете ги до последната точка. Сите пропусти да се најдат и да се казнат“, порача Ивановска.

Коментари | пред 2 седмици

mkd-393567

Се стабилизираат цените на нафтата по ветувањето на Трамп за заштита на танкерите

Цените на нафтата се стабилизираа откако американската администрација најави мерки за заштита на танкерите што минуваат низ Персискиот Залив, по наглиот раст предизвикан од конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.Американската сурова нафта WTI порасна за 12 центи, односно 0,16 проценти, и достигна цена од 74,68 долари по барел. Во меѓувреме, глобалниот референтен бренд Брент се зголеми за 37 центи, или 0,45 проценти, на 81,77 долари по барел.Претходно неделава цената на WTI се приближи до 78 долари по барел, по масовните воздушни напади што САД и Израел ги изведоа врз Иран, членка на ОПЕК.Иран возврати со ракетни и дронски напади врз цели на Блискиот Исток, вклучително и енергетска инфраструктура, што предизвика раст на цената на американската нафта од 6 проценти во понеделник и дополнителни 5 проценти во вторник.Пазарот се смири откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе обезбедат поддршка за танкерите преку Меѓународната корпорација за развојно финансирање, а по потреба и поморска придружба за транспортот на нафта низ Персискиот Залив.Американскиот министер за финансии Скот Бесент потврди дека Белата куќа подготвува дополнителни мерки за поддршка на трговијата со нафта во регионот.Тензиите го погодија и сообраќајот низ Ормутскиот теснец, клучен поморски коридор низ кој се транспортира околу 20 проценти од светската потрошувачка на нафта. Поради страв од ирански напади, дел од бродовласниците привремено го прекинаа сообраќајот низ овој теснец.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryccdsakbp475idFLxmQG

Иран: Кукавичка и брутална воена агресија, ни го убија лидерот на работно место

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, ги обвини САД и Израел за „кукавичка и брутална воена агресија“ врз Иран, тврдејќи дека во нападите бил убиен и врховниот лидер на земјата.На прес-конференција во Техеран, тој изјави дека нападот се случил веднаш по последната рунда преговори меѓу Иран и САД.„Нашата татковина беше нападната на кукавички, суров и неправеден начин од најзлонамерните режими. Светот гледа и се соочуваме со јасен судир меѓу добро и зло“, изјави Багаеи.Тој тврди дека иранскиот лидер бил убиен на своето работно место, заедно со членови од неговото семејство, а дека во нападите загинале и деца, меѓу кои, како што рече, 171 дете во градот Минаб.Багаеи истакна дека, според американски и меѓународни извори, немало докази дека Иран планирал напад врз САД или дека развива нуклеарно оружје.Истовремено, остро ги критикуваше и Обединетите нации, оценувајќи дека Советот за безбедност е во „сериозна блокада“ и дека со нападот е прекршено основното начело на Повелбата на ОН – забраната за употреба на сила.„Воената агресија врз Иран е почеток на крајот на системот на Обединетите нации“, изјави портпаролот.Тој предупреди дека конфликтот може да се прошири доколку меѓународната заедница не реагира, но додаде дека Иран внимателно ги избира своите воени цели и дека земјата „се бори чесно“.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryc5sbpp9nqd430d51jKc

Хезболах тврди дека со рој дронови нападнал база кај Тел Авив

Хезболах соопшти дека извршил напад со рој напаѓачки дронови врз израелска воена база во близина на Тел Авив.Во соопштението се наведува дека нивните борци околу 14 часот по локално време ја таргетирале базата „Тел Хашомер“, која ја опишуваат како седиште на Генералштабот југоисточно од Тел Авив.Според Хезболах, нападот бил изведен како одговор на израелските воздушни удари врз десетици градови и населени места во Либан, вклучително и јужните предградија на Бејрут.Претходно израелската армија соопшти дека детектирала повеќе лансирања од Либан кон Израел и дека „поголемиот дел“ од проектилите биле пресретнати.

Свет | пред 2 седмици

media-library6mk1o37i99olePRe17W

(Видео) Пентагон објави снимка: Потопена иранска фрегата, десетици исчезнати

Американското Министерство за одбрана објави снимка од нападот врз иранска фрегата во Индискиот Океан, во близина на брегот на Шри Ланка.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека американска подморница го потопила иранскиот воен брод „Iris Dena“, кој, како што рече, „мислел дека е безбеден во меѓународни води“.„Бродот беше потопен со торпедо. Ова е прво потопување на непријателски брод со торпедо од Втората светска војна. Како и тогаш – ние се бориме за да победиме“, изјави Хегсет.Нападот се случил во близина на градот Гале, на југот на Шри Ланка, непосредно надвор од територијалните води на оваа островска држава.Според заменик-министерот за надворешни работи на Шри Ланка, во нападот загинале најмалку 80 лица. Според документацијата на бродот, на него имало околу 180 членови на екипажот.Шриланканската морнарица соопшти дека спасила 32 лица по повикот за помош од потонатиот брод, додека десетици други сè уште се водат како исчезнати.

Свет | пред 2 седмици

putin-vojna

Хегсет: Русија и Кина не се фактор во војната со Иран

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека Русија и Кина не претставуваат важен фактор во конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.„Немам порака за нив и тие всушност не се фактор овде. Нашиот проблем не е со нив“, изјави Хегсет, иако Москва и Пекинг имаат долгогодишни дипломатски и трговски врски со Иран, а Русија и воена соработка со Техеран.Тој нагласи дека фокусот на САД е насочен кон запирање на, како што рече, „иранските нуклеарни амбиции“.Русија и Кина претходно ги критикуваа американско-израелските напади врз Иран. Москва соопшти дека нема докази дека Техеран развива нуклеарно оружје, додека Пекинг повика на итен прекин на нападите.

Свет | пред 2 седмици

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Американскиот министер за одбрана го пофали Израел: „Борбата штотуку започна“

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека воената операција против Иран е само на почеток и дека САД имаат намера да ја продолжат борбата.Во своето обраќање тој го пофали Израел, нарекувајќи го „постојан партнер“ и „способен сојузник“.„На нашиот постојан партнер Израел: вашата мисија се спроведува со неспоредлива вештина и челична решителност. Да се бориме рамо до рамо со толку способен сојузник е вистински мултипликатор на сила“, изјави Хегсет.Тој додаде дека операцијата „Epic Fury“ продолжува и дека САД имаат намера да победат.„Само што ја започнавме борбата. Америка се бори за да победи и во операцијата ‘Epic Fury’ токму тоа и го правиме“, порача американскиот министер за одбрана.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања