Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

Screenshot-2025-04-01-at-11.25.51

ССМ и СДС се едно исто, синдикатот молчеше кога работниците со месеци беа без плата, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека Сојузот на синдикати на Македонија и СДС, како што наведуваат, дејствуваат како „едно исто“, обвинувајќи го синдикалното раководство дека не се грижи за реалните интереси на работниците, туку служи за дневнополитички цели на опозициската партија.Според ВМРО-ДПМНЕ, барањата за минимална плата од 600 евра и за покачување на платите, кои доаѓаат од ССМ, не претставуваат искрена борба за подобар животен стандард, туку политичка агенда. Како аргумент, од партијата посочуваат дека актуелното раководство на ССМ, предводено од Слободан Трендафилов, одбило предлог на Владата за системско зголемување на платите, со кое, според нив, до крајот на мандатот минималната плата би достигнала 600 евра, а платите на останатите вработени би се зголемиле и до 40 проценти.Во соопштението се наведува дека одбивањето на овој предлог е мотивирано од потребата ССМ и СДС да задржат тема за дневна политика, која, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, не носи конкретна корист за работниците. Дополнително, од партијата го критикуваат и предлог-законот на СДС за минимална плата од 600 евра, оценувајќи го како популистички и неподготвен, без јасно образложение за изворите на финансирање и начинот на негова реализација.ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека пред две години, кога ја презела власта од СДС, затекнала, како што наведуваат, уништена економија, буџетски дефицити и институции со сериозни финансиски проблеми. Како пример ги посочуваат Македонски железници, Македонски шуми и „Македонија пат“, каде, според нив, вработените со месеци не добивале плата. Во тој период, велат од партијата, ССМ и неговото раководство не реагирале, што, според нив, дополнително ја потврдува поврзаноста меѓу ССМ и СДС.Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат ССМ и неговото раководство да го прифатат и потпишат новиот колективен договор, со кој, како што тврдат, во април 2026 година вработените би добиле покачување од околу 15 проценти, при што најниското зголемување би изнесувало 3.580 денари. Според партијата, со ваква динамика и системско решение, минималната плата во јавниот сектор би достигнала 600 евра до 2028 година.Во заклучокот од соопштението, ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека не ветува „чуда“, туку, како што велат, искрен, чесен и системски пристап за постепено подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypi53rkqmpvqe5Th4zEP

Три лица поврзани со петте тони дрога од Македонија завршија во притвор

Вишиот суд во Белград синоќа, на 31 јануари, им одреди притвор на тројца од уапсените лица по рекордната заплена на пет тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац. Притвор им е одреден на Н.С., Р.С. и И.Д., поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, ризик од повторување на кривичното дело, како и поради нарушување на јавниот ред и мир, соопштија од Вишиот суд, пренесуваат српските медиуми.Јавното обвинителство за организиран криминал претходно објави дека е донесена наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Раде Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски. Според обвинителството, станува збор за организирана криминална група која дејствувала на меѓународно ниво и во текот на јануари 2026 година набавила повеќе од пет тони марихуана на територијата на Република Македонија.Како што наведуваат истражните органи, по план на организаторот, осомничениот Иван Драгниќ ја транспортирал дрогата преку државната граница до магацин поврзан со семејството Спасојевиќ, од каде што осомничениот Урош Младеновски ја преземал за понатамошна продажба на српскиот пазар. Според официјалните податоци, станува збор за точно 5.002.079,18 грама марихуана, што оваа заплена ја прави најголема во историјата на Србија.Особено внимание во јавноста и во истрагата предизвикува фактот што осомничениот Иван Драгниќ е косопственик на компанијата регистрирана во Скопје за производство и преработка на медицински канабис. Според српските медиуми, овој податок дополнително ја зајакнува тезата за меѓународен карактер на криминалната операција и отвора прашања за потеклото на наркотичната дрога.По сослушувањето, сите осомничени го искористиле законското право да се бранат со молчење, по што обвинителството побарало притвор за сите лица, оценувајќи дека сериозноста на делото и количината на дрогата претставуваат висок ризик за истрагата. За Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на криминалната група и се наоѓа во бегство, поднесен е предлог за распишување потерница, вклучително и меѓународна.Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека станува збор за најголемата заплена на дрога досега во земјата, нагласувајќи дека акцијата претставува рекорд во историјата на српската полиција. Според официјалните податоци, претходниот рекорд изнесувал 1.960 килограми, додека во текот на целата мината година во Србија биле запленети вкупно 6,1 тон различни наркотични супстанци.

Свет | пред 1 месец

media-librarygog8jc24lp4h1AguCnT

Триумф на македонскиот џез: Победа на Гордан Спасовски во Холандија

Нашиот композитор, аранжер и пијанист, како и член на Националниот џез оркестар, Гордан Спасовски, вечерва оствари значаен меѓународен успех, освојувајќи ја првата награда на престижниот International Big Band Composition Contest во Холандија.Македонскиот композитор и пијанист беше прогласен за победник со својата композиција „Lioness“, која ја воодушеви меѓународната жири-комисија и ја донесе највисоката награда на овој реномиран натпревар.Ова признание претставува уште една потврда за квалитетот и меѓународниот потенцијал на македонската џез-сцена, како и за уметничкиот печат што Гордан Спасовски го остава надвор од границите на земјата.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски: Доброволното плаќање на казната носи поволности, но сериозните прекршоци значат и забрана за управување со возило

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија, детално го објасни начинот на примена на санкциите во рамки на системот „Безбеден град“, со посебен акцент на повеќекратните прекршоци, сериозните надминувања на дозволената брзина и можностите за доброволно прифаќање и плаќање на казните.Тошковски посочи дека законската рамка јасно ги дефинира последиците за сообраќајните прекршоци и дека иако секој возач може да погреши, драстичното и опасно прекршување на правилата носи построги санкции. Како пример наведе дека доколку на делница со дозволена брзина од 50 километри на час возач управува со повеќе од 90 километри на час, покрај парична казна се изрекува и забрана за управување со моторно возило.Со таквата мерка, како што појасни министерот, лицето во одреден временски период нема да смее да управува ниту со сопственото, ниту со кое било друго возило од таа категорија, што претставува сериозна последица за оние што грубо ги кршат сообраќајните правила.Во исто време, Тошковски нагласи дека системот предвидува и механизми за стимулирање на одговорно однесување од страна на граѓаните. Доколку сторителот доброволно ја прифати одговорноста и ја плати казната во рок од осум дена, ќе плати само половина од изречениот износ. Дополнително, доколку во рок од 16 дена ја плати казната и го признае прекршокот, Министерството има можност да изрече и поблага мерка на забрана за управување.Според министерот, доколку законот предвидува минимална забрана за управување од три месеци, во ваков случај таа може значително да се намали, на пример на 45 дена. Овој модел, како што рече, е воведен со цел да се избегнат долги и непотребни судски постапки кога постојат јасни и недвосмислени докази за сторениот прекршок.Тошковски посочи дека системот „Безбеден град“ функционира врз основа на видео записи и фотографии, што обезбедува високо ниво на точност при утврдување на прекршоците. Граѓаните, нагласи тој, имаат право да поведат судска постапка доколку сметаат дека тоа е оправдано, но во таков случај не можат да ги користат поволностите што ги нуди доброволното прифаќање на одговорноста.„Целта не е казнување по секоја цена, туку подигнување на сообраќајната култура и заштита на човечките животи. Оние што прават сериозни прекршоци ќе сносат последици, а системот е дизајниран да превенира трагедии, а не само да полни буџет“, истакна министерот.Проектот „Безбеден град“, според Министерството за внатрешни работи, претставува еден од клучните чекори кон зголемување на сообраќајната дисциплина, целосна дигитализација на постапките и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvaj191t0469hbWksSvL

Студено утро со дожд и снег: На Попова Шапка измерени –4 степени, врнежи во целата држава

Според податоците на УХМР, утрово се измерени ниски минимални температури низ државата. Најстудено било на Попова Шапка со –4 степени, додека –1 степен е регистриран во Берово и Маврови Анови. Во Крушево минималната температура изнесувала 0 степени, а во Претор, Радовиш – Пожар, Крива Паланка и Охрид 1 степен. Два степени се измерени во Битола, Тополчани, Пожаране и Ѓуриште, три степени во Прилеп, четири во Скопје – Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Велес и Тетово, пет во Скопје – Петровец, Струмица и Штип, додека најтопло утрово било во Демир Капија и Гевгелија со 7 степени.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Гевгелија – 12 литри на квадратен метар. Во Крушево и Битола наврнале по 10 литри, во Демир Капија, Маврови Анови и на Попова Шапка по 6, во Велес и Пожаране по 4, во Ѓуриште 3, а по 2 литри во Скопје – Зајчев Рид, Тополчани, Штип, Радовиш – Пожар и Тетово. По 1 литар воден талог е измерен во Охрид, Берово, Виница, Кавадарци, Струмица, Претор и Крива Паланка.Снежната покривка утрово до 7 часот изнесувала 36 сантиметри на Попова Шапка.Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови од земјата, каде количината може да надмине 20 литри на квадратен метар. Поради продор на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во дел од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната дневна температура ќе се движи од 3 до 8 степени.Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне околу 7 степени.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydmgn8ft3ttjl0IQ9EoZ

Нова жртва тврди: Епштајн ме испрати во Велика Британија за сексуален однос со принцот Ендру

Уште една жена тврди дека била испратена од Џефри Епштајн во Обединетото Кралство со цел да има сексуален однос со Принц Ендру, откри нејзиниот адвокат за британските медиуми. Наводниот настан, според тврдењата, се случил во 2010 година во „Ројал Лоџ“, резиденцијата на поранешниот британски принц, кога жената, која не е британска државјанка, била во своите дваесетти години.Според изјавата на адвокатот Бред Едвардс од адвокатската канцеларија „Едвардс Хендерсон“, ова е првпат некоја од жртвите на Епштајн да наведе дека сексуален однос се случил во рамки на кралска резиденција.Тој тврди дека по ноќта помината со принцот Ендру, на жената ѝ била организирана и тура низ Бакингемската палата, пренесува BBC.Од Бакингемската палата засега не ја потврдиле ваквата посета, наведувајќи дека без откривање на идентитетот на жената не може да се проверат евиденциите за посетители. Од кабинетот на принцот Ендру не беше доставен одговор на барањето за коментар на обвинувањата.Адвокатот Едвардс, кој застапувал повеќе од 200 жртви на Епштајн ширум светот, претходно ја застапуваше и Вирџинија Џуфре. Таа тврдеше дека во 2001 година, на 17-годишна возраст, била донесена во Лондон за да има сексуален однос со тогашниот принц, како и дека подоцна била принудена на уште два сексуални односи со него – во Њујорк и на приватен остров на Епштајн на Карибите. Принцот Ендру ги негираше сите обвинувања.Едвардс наведува дека пред наводната средба во 2010 година постоела комуникација меѓу неговата клиентка и поранешниот принц, по што, како што тврди жената, таа преноќила во неговиот дом. Тој додава дека бил во контакт со правни застапници на Ендру во САД, но дека комуникацијата престанала откако Крал Чарлс Трети формално му ги одзел титулите, стилот и кралските почести.Одземањето на титулите, според адвокатот, имало спротивен ефект, бидејќи на поранешниот принц му овозможило да тврди дека нема финансиски средства за исплата на отштета. „Со тоа, на овие жени им се дозволува само да страдаат“, изјави Едвардс, критикувајќи го однесувањето на кралското семејство.Би-Би-Си во своја истрага утврди дека Епштајн преку комерцијални летови и приватни авиони пренесувал повеќе жени во Обединетото Кралство. Од Бакингемската палата во октомври соопштија дека „нивните величества изразуваат најдлабоко сочувство и поддршка за сите жртви и преживеани од каква било форма на злоупотреба“.Адвокатот најави дека разгледува можност за поднесување нова граѓанска тужба против принцот Ендру во име на жената. Потсетува дека Вирџинија Џуфре во 2021 година поднесе тужба против него во САД, која беше завршена со вонсудска спогодба во февруари 2022 година, проценета на околу 12 милиони евра. Џуфре минатата година изврши самоубиство, додека принцот Ендру и понатаму ги негира сите обвинувања.

Свет | пред 1 месец

media-library5hegc93e08mtb8uWKBU

Научниците предупредуваат: „AI ројеви“ ќе ги преплават социјалните мрежи со дезинформации

Социјалните мрежи наскоро би можеле да бидат преплавени од т.н. „ројеви“ на вештачка интелигенција кои ќе шират дезинформации, ќе ги вознемируваат корисниците и ќе ги поткопуваат демократските процеси, предупредуваат научници во коментар објавен на 22 јануари во реномираното научно списание Science.Според авторите, овие „AI ројеви“ претставуваат ново и исклучително опасно оружје во современите информациски војни. За разлика од досегашните ботови, кои најчесто се примитивни и релативно лесно препознатливи, новите системи ќе можат уверливо да го имитираат човечкото однесување, да се приспособуваат на заедниците во кои се инфилтрираат и да создаваат впечаток на спонтано и автентично дејствување.Како резултат на тоа, корисниците би можеле да стекнат чувство дека пред нивните очи се формира јасен став на мнозинството по одредено прашање, иако во реалноста станува збор за координирана активност управувана од вештачка интелигенција. Овој привид на консензус, според научниците, може силно да влијае врз јавното мислење, бидејќи луѓето по природа се склони да ги следат ставовите што ги доживуваат како доминантни.Коавторот на анализата, Јонас Кунст, професор по комуникации на BI Norwegian Business School, објаснува дека луѓето се конформни и често прифаќаат ставови на мнозинството затоа што тоа им дава чувство на сигурност и припадност, дури и кога не се целосно убедени дека тоа мнозинство е во право. Токму оваа психолошка слабост, предупредува Кунст, AI ројевите би можеле да ја искористат со голема ефикасност.Опасноста, сепак, не се ограничува само на манипулација со јавното мислење. Истите системи можат да се користат и за организирано дигитално вознемирување, при што лица со поинакви ставови би биле изложени на координирани напади од „вештачки корисници“, сè додека не бидат замолчени или истиснати од платформите.Авторите нагласуваат дека напредокот на големите јазични модели и автономните агенти овозможува кампањите за влијание да достигнат досега невидени размери и прецизност. Генеративните алатки можат масовно да произведуваат пропаганда и невистини со низок трошок, при што тие често делуваат „почовечки“ од содржините создадени од луѓе. Со поврзување на овие модели во повеќеагентски системи, AI ројевите можат автономно да се координираат, да се инфилтрираат во заедници и долгорочно да создаваат илузија на општествен консензус, со што директно ја загрозуваат демократијата.Научниците предупредуваат дека проблемот не е само во злоупотребата, туку и во самиот начин на кој се дизајнирани и управувани овие технологии, како и во економските модели зад нив. Поради тоа, тие не веруваат дека одговорното однесување може да се остави на добра волја на компаниите или корисниците, туку бараат јасни правила и конкретни мерки што би ја ограничиле потенцијалната штета.Иако не се наведува точен временски рок кога ваквите ројеви би можеле масовно да се појават, авторите предупредуваат дека тие ќе бидат исклучително тешки за откривање, па не е исклучено некои форми веќе да се користат. Проценките покажуваат дека и денес повеќе од половина од вкупниот интернет-сообраќај го сочинуваат ботови, што дополнително ја заматува границата меѓу автентична и автоматизирана комуникација.Како илустрација за реалноста на овој ризик, авторите потсетуваат на случајот кога платформата Reddit минатата година се закани со правни чекори против научници кои користеле AI-чатботови во експеримент за влијание врз мислењата на милиони корисници. Прелиминарните резултати покажале дека одговорите на чатботовите биле неколкукратно поубедливи од оние на луѓето.Заклучокот на научниците не е дека апокалипсата е неизбежна, туку дека станува збор за реален и растечки ризик кој бара сериозна и навремена општествена дебата. Доколку општествата не се подготват навреме, предупредуваат тие, границата меѓу вистинското јавно мислење и вештачки создадениот привид може да стане опасно нејасна.

Свет | пред 1 месец

IMG_6878

Техеран возвраќа на Брисел: Европските војски на иранската листа на терористи

Иран официјално ги прогласи армиите на европските земји за „терористички групи“, како одговор на одлуката на Европска унија да ја стави Иранската револуционерна гарда на листата на терористички организации. Одлуката ја соопшти претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, обраќајќи се пред пратениците во Техеран.„Во согласност со член 7 од Законот за контрамерки поврзани со прогласувањето на Корпусот на Исламската револуционерна гарда за терористичка организација, армиите на европските држави се сметаат за терористички групи“, изјави Галибаф. Тој додаде дека со обидот да ја нападнат Револуционерната гарда, „Европјаните всушност си пукаа во нога и донесоа одлука спротивна на интересите на сопствените народи, слепо потчинувајќи се на Американците“.За време на седницата, Галибаф и дел од пратениците се појавија облечени во униформи на Иранска револуционерна гарда, како симбол на солидарност со организацијата. Засега не се јасни непосредните практични последици од ваквата одлука на иранските власти.Одлуката на Европската унија, донесена во четвртокот, претставува значајна и симболична промена во европскиот пристап кон иранското раководство. Со неа, Револуционерната гарда беше ставена на истата листа со организации како Исламска држава и Ал Каеда, по најкрвавите пресметки со протестите во Исламската Република од нејзиното основање во 1979 година.Иако дел од земјите членки на ЕУ, предводени од Франција, долго време се спротивставуваа на ваков чекор, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, соопшти дека „репресијата не смее да остане без одговор“ и дека министрите за надворешни работи донеле одлучна одлука со означувањето на ИРГК како терористичка организација.Галибаф најави и дека парламентарната комисија за национална безбедност ќе разгледува можност за протерување на воените аташеа на земјите членки на ЕУ од Иран и дека по ова прашање ќе биде воспоставена координација со иранското Министерство за надворешни работи.Иранската револуционерна гарда е формирана по Исламската револуција во 1979 година со цел заштита на шиитскиот клерикален систем на власт. Со текот на децениите, таа стекна огромно влијание во земјата, контролирајќи значителни сегменти од економијата и од вооружените сили, што ја прави еден од клучните столбови на иранскиот политички и безбедносен систем.

Свет | пред 1 месец

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

„Најголемиот триумфален лак во светот“: Трамп најави монументален проект во главниот град

Американскиот претседател Доналд Трамп подетално зборуваше за својата идеја за изградба на триумфален славолук во Вашингтон, опишувајќи го како монументална градба инспирирана од парискиот Arc de Triomphe. Во разговор со новинари на претседателскиот авион Air Force One, Трамп изјави дека планираниот објект ќе наликува на познатиот француски споменик, а на социјалните мрежи веќе е наречен „Arc de Trump“.Трамп истакна дека триумфални лакови постојат на многу места низ светот, но дека сака оној во Вашингтон да биде најголем. „Ние сме најголемата и најмоќната нација. Би сакал да биде најголемиот од сите“, изјави тој, додавајќи дека ќе биде формиран посебен одбор кој ќе го надгледува проектот.Славолукот е најновиот во низата архитектонски проекти со кои Трамп сака да остави личен печат во главниот град. Во тек е и изградба на луксузна балска сала на теренот на Белата куќа, поради што беше срушено старото Источно крило – потег што предизвика бројни критики во јавноста.Според пишувањето на The Washington Post, еден од плановите предвидува славолукот во Вашингтон да достигне висина од 76 метри. За споредба, парискиот Триумфален лак, завршен во 1836 година, е висок околу 50 метри. Дел од архитектите ја критикуваат предложената висина, оценувајќи дека објектот не би се вклопил во околината, додека некои историчари ја поддржуваат идејата за ваков споменик во престолнината на САД.Трамп првпат јавно ја спомена идејата во октомври, а минатата недела објави три различни дизајни на својата платформа Truth Social. Еден од предложените модели изобилува со златни украси – препознатлив естетски елемент на Трамп, кој и претходно го преуреди Овалниот кабинет со златни детали.

Свет | пред 1 месец

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Опозицијата бара 600 евра минимална плата веднаш: „Од први до први не се живее“

Од СДСМ порачаа дека е време премиерот Христијан Мицкоски да се соочи со реалноста на работниците и да „погледне во своите часовници вредни 65.000 евра“, кои, како што наведуваат, чинат колку 150 минимални плати и за кои работник со минималец би работел 12 години.Според СДСМ, на работниците им е потребна достоинствена минимална плата од 600 евра сега, а не по најави за две години, бидејќи со сегашните примања и високите трошоци едвај преживуваат. Тие посочуваат дека потрошувачката кошничка за четиричлено семејство изнесува 66.413 денари, што значи дека за покривање на основните егзистенцијални потреби се потребни 2,8 минимални плати. Со две минимални плати, нагласуваат од партијата, едно работничко семејство не може да има достоинствен живот.Опозицијата укажува дека со континуираните поскапувања на храната, електричната енергија, греењето и со инфлацијата, на граѓаните не им стигаат парите од први до први. Наместо изговори и одложувања, Владата, според СДСМ, мора веднаш да обезбеди средства за повисоки плати, додавајќи дека „не може да има пари за криминални тендери, а да нема пари за работниците“.Во реакцијата се поставува и прашањето како е можно власта да се фали дека земјата е „четврта економија во Европа“, а истовремено да биде на дното по висината на платите. СДСМ тврди дека македонските работници денес имаат најниска минимална плата во регионот и во Европа, при што наведува дека Косово ја зголемува минималната плата на 500 евра, Албанија од 1 јануари 2026 година воведе минималец од 500 евра, Србија ја зголеми минималната плата на 500 евра, а во Црна Гора таа веќе се движи меѓу 600 и 800 евра.Како последица на ваквите политики, според СДСМ, квалификуваните работници масовно заминуваат, младите се иселуваат, а државата се претвора во пазар за „економски работници“. Од партијата оценуваат дека ова води кон намерно обезвреднување на трудот и намалување на цената на работата, доколку тоа, како што велат, не е и свесна цел на актуелната власт.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfisefdcltqbg3o3TEFQ

До 200 метри, четири ленти и 24 часа контрола: што сè можат камерите на „Безбеден град“

Со стартот на системот „Безбеден град“, на македонските улици и булевари се активираше нов начин на сообраќајна контрола, базиран на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста најчесто се зборува за казните, клучното прашање е – како функционира системот откако ќе се регистрира прекршок и што точно можат да „видат“ и измерaт овие камери.Во моментот кога возилото ќе ја надмине дозволената брзина, ќе помине на црвено светло, ќе биде регистрирано со истечена регистрација или ќе запре на недозволено место, камерата автоматски го детектира настанот. Системот работи континуирано, 24 часа дневно, без оглед на временските услови, и не зависи од физичко присуство на полиција на терен.Клучната карактеристика на овие уреди е тоа што тие не се обични надзорни камери, туку интегрирани мерни системи. Камерите користат радарска технологија за мерење на брзината, во комбинација со видео-анализа, со што се обезбедува висока точност и дополнителна потврда на прекршокот. Мерењето на брзината се врши на далечина од приближно 10 метри, па сè до над 200 метри, што значи дека прекршокот може да биде регистриран далеку пред возачот да ја забележи камерата.Техничките спецификации овозможуваат истовремено следење на повеќе сообраќајни ленти. Во зависност од поставеноста, една камера може паралелно да контролира до четири ленти, во ист или во спротивен правец на движење. Во секоја од тие ленти, системот следи повеќе возила истовремено, без мешање на податоците, при што точно се утврдува во која лента се движело конкретното возило и со која брзина.Камерите се опремени со инфрацрвено осветлување, што овозможува јасно снимање и ноќе, без заслепување на возачите. Системот чита регистарски таблички и при високи брзини, дури и над 200 километри на час, како и во услови на дожд, магла или намалена видливост. Дополнително, софтверот прави разлика меѓу типови возила – патнички, товарни, автобуси и мотоцикли – што е важно за делници со различни ограничувања.По детекцијата, камерата автоматски генерира доказен пакет. Тој вклучува јасна фотографија од регистарската табличка, фотографија од возилото во поширок сообраќаен контекст, кратко видео од движењето на возилото, како и технички податоци – точен датум и време, локација, измерена брзина и дозволена брзина за таа сообраќајница. Сите податоци се дигитално заштитени и врзани за конкретниот уред, што ја исклучува можноста за накнадна измена. Дел од нив се доставуваат до сопственикот на возилото со казната. Другите се чуваат во случај на спор или докажување дали прекршокот е сторен или не.Паралелно, системот автоматски ја чита табличката и ја споредува со базите на податоци, со што се утврдува сопственикот на возилото и статусот на регистрацијата. Во случаи кога се детектира прикриена, оштетена или нечитлива табличка, тоа се евидентира како посебен прекршок.Врз основа на овие технички податоци, се подготвува прекршочен налог согласно законските одредби. Камерата не ја одредува висината на казната, туку таа е строго дефинирана со закон, при што се применуваат и законски дозволените толеранции, особено кај мерењето на брзината.Системот „Безбеден град“, според институциите, има цел да воведе постојана и еднаква контрола за сите учесници во сообраќајот, без селективност и човечки фактор. Фокусот, како што се нагласува, не е исклучиво на казнување, туку на превенција, дисциплина и намалување на бројот на сообраќајни несреќи, особено на критичните и фреквентни сообраќајни точки.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

(Видео) Србија ја тресе најголемата нарко-афера која води до Македонија: рекордна заплена на марихуана

Набавката на повеќе од пет тони марихуана oд територијата на Република Македонија е клучниот елемент во истрагата за најголемата заплена на дрога во историјата на Србија. Според српското Обвинителство за организиран криминал, организирана криминална група од почетокот на јануари до 29 јануари 2026 година во Македонија се стекнала со точно 5.002.079,18 грама марихуана, која потоа била транспортирана преку граница и пласирана на српскиот пазар.Како што наведуваат истражните органи, дрогата, по план на организаторот, преку државната граница ја пренесувал осомничениот Иван Драгниќ, по што била складирана во магацин поврзан со семејството Спасојевиќ. Од таму, осомничениот Урош Младеновски ја преземал марихуаната за понатамошна продажба.Особено внимание предизвикува фактот што Иван Драгниќ е косопственик на скопската компанија ALPHAPHARM, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис, пишува Блиц. Овој податок, според српските медиуми, дополнително ја зајакнува тезата за меѓународен карактер на криминалната операција и ја отвора линијата на истрага поврзана со потеклото на дрогата.Во рамки на предметот, јавниот обвинител за организиран криминал во Србија донесе наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Раде Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски, поради сомнение за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги.По сослушувањето, сите осомничени го искористиле законското право да се бранат со молчење, по што обвинителството побарало притвор за сите лица од судијата за претходна постапка при Посебното одделение за организиран криминал на Вишиот суд во Белград. Предлогот е образложен со сериозноста на делото и со фактот дека станува збор за рекордна количина наркотична дрога.За Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на криминалната група и се наоѓа во бегство, поднесен е и предлог за распишување потерница, вклучително и меѓународна.Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека станува збор за најголемата заплена на дрога досега во земјата, нагласувајќи дека акцијата претставува рекорд во историјата на српската полиција. Според официјалните податоци, претходниот рекорд изнесувал 1.960 килограми, додека во текот на целата мината година биле запленети вкупно 6,1 тон различни наркотични супстанци.

Свет | пред 1 месец

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски: Чекаме детали од САД за продолжување на мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина очекува дополнителни информации од Соединетите Американски Држави во врска со натамошните мировни преговори и најави дека се очекуваат нови средби следната недела.Во своето вечерно обраќање, Зеленски индиректно навести дека утрешниот состанок, кој беше најавен да се одржи во Обединетите Арапски Емирати меѓу претставници на Украина, Русија и САД, најверојатно нема да се реализира. Трите страни одржаа еден круг разговори пред една недела.„Во постојана сме комуникација со американската страна и очекуваме прецизни детали од нив околу понатамошните состаноци“, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена да учествува во сите работни формати доколку тоа доведе до конкретни резултати. Тој нагласи дека Киев смета на нови состаноци во текот на следната недела и дека подготовките веќе се во тек.Во меѓувреме, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф денеска разговарал со претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев, при што разговорите биле оценети како „продуктивни и конструктивни“. Виткоф изјави дека прашањето за територијата останува клучно за постигнување напредок во преговорите, додека Киев категорично го отфрла барањето на Москва Украина да ја предаде целата област Донбас, вклучително и териториите кои не се под руска контрола.Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека територијалното прашање не е единствениот нерешен проблем во разговорите, но не прецизираше кои други точки остануваат отворени.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Туфегџиќ: Документите за Епштајн ја оголуваат хипокризијата на оние што ни држат лекции за „европски вредности“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ оцени дека објавувањето на документите и комуникациите поврзани со Џефри Епштајн е исклучително значајно за јавноста, бидејќи, како што истакна, овозможува јасно да се види „кои пореметени умови се на слобода и го управуваат светот“.Според Туфегџиќ, особено загрижува фактот што дел од луѓето поврзани со т.н. клиентела на Епштајн, со децении имаат влијание и присуство во Македонија и пошироко на Балканот. Тие, како што нагласи, токму во изминатите 30 години настапуваат како авторитети кои ѝ држат лекции на државата и на граѓаните за тоа како треба „европски“ да се однесуваат.„Истите тие луѓе ни објаснуваат што сè треба да смениме – име, презиме, историја, знаме – и ни делат памет за европски вредности, како да сме малоумни“, порача Туфегџиќ, додавајќи дека објавените документи отвораат сериозни прашања за моралниот кредибилитет на оние кои со години се претставуваат како носители на демократски и цивилизациски стандарди.Тој потенцира дека ваквите објави не се важни само поради скандалот околу Епштајн, туку и затоа што ја разоткриваат длабоката противречност меѓу јавно пропагираните вредности и приватните постапки на дел од глобалните и регионалните елити, кои, како што рече, сè уште имаат реална моќ и влијание.

Коментари | пред 1 месец

media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

Две измами врз стари лица во Штип: Лажни лекари и измислени сообраќајки

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во последните 24 часа на подрачјето на Штип се пријавени две измами извршени врз повозрасни лица, при што сторителите се претставувале како лекари и лажно пријавувале тешки сообраќајни незгоди.Според полицијата, на 30 јануари 2026 година, во СВР Штип најпрво бил пријавен случај во 11:30 часот од 96-годишен маж од Штип, кој навел дека бил измамен за износ од 3.500 евра. Како што пријавил, телефонски бил контактиран од лице кое се претставило како лекар и му соопштило дека неговата ќерка се здобила со скршеници и дека е неопходна итна операција за која требало веднаш да се плати. По претходен договор, оштетениот од балконот ги фрлил парите, кои биле преземени од лице што чекало под објектот и веднаш го напуштило местото. Подоцна, откако стапил во контакт со својата ќерка, сфатил дека станува збор за измама.Вториот случај бил пријавен истиот ден во 16:30 часот од 77-годишна жена од Штип. Таа изјавила дека по идентичен начин била измамена од лице кое се претставило како лекар и ѝ соопштило дека нејзината ќерка е тешко повредена и дека е потребна итна операција. По договор со сторителите, таа од балконот предала 3.000 евра, 30.000 денари и златен накит на женско лице, кое по преземањето го напуштило местото на настанот. Подоцна и таа утврдила дека станува збор за измама.Од МВР соопштуваат дека и во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните и откривање на сторителите, а апелираат граѓаните, особено повозрасните, да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви телефонски измами.

Македонија | пред 1 месец

media-library5tb45vp9dq6b1pbS8xy

Чернобил остана без надворешно напојување поради затемнувањата во Украина

Нуклеарната централа во Чернобил привремено остана без надворешно напојување со електрична енергија, во услови кога низ Украина продолжуваат затемнувањата како последица на оштетувањата на енергетската мрежа. Засега не е познато што точно го предизвикало краткотрајниот прекин на струјата во објектот.Инцидентот се случува во период кога Русија со месеци изведува напади врз украинската енергетска инфраструктура, особено во текот на зимата, додека војната се приближува кон својата четврта годишнина во февруари. Овие напади значително го оптоварија електроенергетскиот систем и доведоа до чести прекини во снабдувањето со струја низ земјата.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил овој викенд да не се напаѓа украинската енергетска инфраструктура, во момент кога Украина се соочува со исклучително тешки зимски услови. Кремљ соопшти дека станува збор за краток и ограничен прекин на нападите, кој ќе заврши во недела, додека Украина потврди дека за возврат нема да ја напаѓа руската енергетска мрежа.За недела се најавени и трилатерални мировни разговори меѓу Киев, Москва и Вашингтон, но нивната реализација сè уште е неизвесна. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговорите можеби нема да се одржат според планираното, поради зголемените тензии меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.„Од наша гледна точка, нешто се случува во односите меѓу САД и Иран и тие случувања би можеле да влијаат врз тајмингот“, изјави Зеленски, оставајќи отворено прашањето дали дипломатските напори ќе продолжат без одложување.

Свет | пред 1 месец

media-librarygbvv7qr8a1pr4wzMjDz

Ѓоковиќ по 11. пат во финале во Мелбурн, Алкараз му стои на патот

Финалето на Australian Open е закажано за недела со почеток од 9:30 часот, а за трофејот на првиот грен-слем турнир во сезоната ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.Ѓоковиќ избори пласман во финалето по драматичен полуфинален меч во кој славеше со 3:6, 6:3, 4:6, 6:3 и 6:3, иако двапати беше во резултатска негатива. Со ова, српскиот тенисер уште еднаш ја потврди својата доминација и ментална цврстина на терените во Мелбурн.Негов противник во финалето ќе биде Алкараз, кој по исцрпувачка борба што траеше пет часа и 21 минута, во пет сета го совлада Александар Зверев, обезбедувајќи си место во мечот за титулата.Ова ќе биде 11. финале за Ѓоковиќ на Австралија опен, турнир на кој досега никогаш не загубил финален натпревар. Доколку триумфира и овој пат, тој ќе ја освои својата 25. грен-слем титула во кариерата, со што дополнително ќе го зацврсти својот статус како еден од најуспешните тенисери во историјата на спортот.Финалниот дуел меѓу Ѓоковиќ и Алкараз се најавува како судир на искуството и младоста, во меч кој привлекува огромно внимание од тениската јавност ширум светот.

Спорт | пред 1 месец

media-librarysqlrta387mnb2FesoVl

Две експлозии во Иран: најмалку пет загинати, режимот негира напад врз воен командант

Најмалку пет лица го загубија животот во две одделни експлозии што одекнаа во Иран, во време на засилени регионални тензии, јавуваат меѓународните медиуми. Иранските власти ги демантираа гласините дека цел на нападите бил висок воен командант, оценувајќи ги таквите тврдења како целосно неосновани.Првата експлозија се случила во јужното иранско пристаниште Бандар Абас, каде, според локалните медиуми, едно лице загинало, а најмалку 14 биле повредени. Втората експлозија е регистрирана во Ахваз, град оддалечен повеќе од илјада километри, при што животот го загубиле четири лица, потврдија локални официјални претставници.По инцидентите, полуслужбената новинска агенција Тасним соопшти дека наводите на социјалните мрежи, според кои мета на нападот бил командант на морнарицата на Револуционерната гарда, се „целосно лажни“.Според извештај на агенцијата Фарс, експлозијата во Бандар Абас погодила осумкатна зграда, при што биле предизвикани сериозни оштетувања на првите три ката. Радио „Персиски Залив“ информира дека биле оштетени и неколку автомобили и деловни објекти. На местото на настанот веднаш интервенирале спасувачки и противпожарни екипи, додека причината за експлозијата засега останува непозната. Објавените снимки прикажуваат расфрлано стакло и урнатини околу зградата.Пристаништето Бандар Абас се наоѓа на стратешки исклучително важниот Хормушки Теснец, клучен поморски премин меѓу Иран и Оман, низ кој минува околу една петтина од светската нафта. Инцидентите се случуваат во период на растечки тензии, во услови кога Соединетите Американски Држави ја засилуваат својата воена присутност во регионот.Иран во последниот период се соочува и со масовни протести предизвикани од економската состојба, кои, според властите, прераснале во обиди за уривање на режимот. Демонстрациите биле задушени од Иранската револуционерна гарда, а според проценките, загинале илјадници луѓе.Претходно оваа недела, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „голема армада“ се движи кон Иран, предупредувајќи дека доколку двете земји не постигнат договор, „ќе видиме што ќе се случи“.

Свет | пред 1 месец

media-librarylqfv6rev63pbdSID1PK

(Видео) Пристигна трејлерот за „Берлин и дамата со хермелин“ – најавена најголемата кражба досега

Нетфликс го објави првиот трејлер за долгоочекуваниот спин-оф од универзумот на La Casa de Papel, со наслов Berlin i dama s hermelinom, кој ветува динамична и адреналинска приказна исполнета со акција, брзи автомобили, оружје и експлозии. Во 90-секундната најава, нараторскиот глас ја поставува сцената со зборовите дека Севиља е совршено место за инспирација на новата кражба.Дејството на новата сезона, која ја продолжува приказната од светот на сериите „La Casa de Papel“ и „Berlin“, е сместено во Севиља, а главниот лик Берлин повторно се здружува со Дамијан за да собере екипа и да изведе мајсторска кражба. На површина, целта е познатата слика „Дамата со хермелин“, но тоа е само параван. Вистинската мета, како што открива трејлерот, се војводата од Малага и неговата сопруга, кои се обидуваат да го уценат Берлин, не знаејќи дека со тоа ја будат неговата најмрачна страна и незапирливата желба за одмазда. Во трејлерот јасно се најавува и обемот на потфатот, со пораката дека станува збор за „најголемата кражба во историјата“.Објавата на трејлерот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде обожавателите на Берлин и „La Casa de Papel“ со нетрпение го очекуваат продолжението и новата приказна за еден од најхаризматичните ликови во франшизата.Во главните улоги повторно се појавуваат Педро Алонсо, Мишел Џенер, Тристан Уљоа, Бегоња Варгас, Хулио Пења Фернандес и Хоел Санчез. На актерската екипа ѝ се приклучуваат и нови имиња, меѓу кои Инма Куеста, која ја толкува Кандела – нова членка на бандата што ќе го освои срцето на Берлин, како и Хосе Луис Гарсија-Перес и Марта Нието, кои ги играат војводата и војвотката од Малага.Новата сезона, составена од осум епизоди, ќе има премиера на Netflix на 15 мај. Серијата е создадена од Алекс Пина и Естер Мартинез Лобато, а сценариото го потпишуваат заедно со Давид Барокал, Лорена Г. Малдонадо, Ициар Санхуан, Умберто Ортега и Луис Гаридо Хулвео. Режијата ја потпишуваат Алберт Пинто, Давид Барокал и Хосе Мануел Кравиото, додека продукцијата е во рацете на компанијата Vancouver Media, позната по глобалните хитови од истиот серијал.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Малолетници од Струмица пријавени за насилство врз соученик

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе известување согласно Законот за правда за децата против тројца малолетници од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.Според информациите од полицијата, на 29 декември 2025 година, во основно училиште во Струмица, а потоа и надвор од училишниот објект, пријавените физички нападнале нивен соученик. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и постапување по случајот, во согласност со законските прописи што се однесуваат на малолетни лица.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfgvh7b599obe7jNveCs

Тешка несреќа на градилиште во Ѓорче Петров – возач на комбе не забележал човек зад возилото

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

Ноќен инцидент во Ѓорче Петров: непознат фрлил запалени шишиња кон семејна куќа

Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека на 31 јануари 2026 година, во 03:22 часот, во СВР Скопје 49-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров непознато лице фрлило две стаклени шишиња со непозната течност кон семејната куќа, кои претходно биле запалени.Според пријавата, едното стаклено шише паднало во дворното место во близина на паркирано товарно возило, додека второто завршило на терасата од куќата, при што предизвикало пожар. Пожарот бил изгаснат од членови на семејството, а повредени лица нема.Од полицијата информираат дека е извршен увид на местото на настанот и дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 1 месец

policija-2457

Скопјанец среде Центар покажувал агресија кон полицајци, малолетници со закани изнудиле пари од малолетник во Карпош

Полициски службеници од СВР Скопје на 30 јануари 2026 година, на повеќе локации во Скопје, ги лишиле од слобода А.Е. (24) и едно 17-годишно лице, двајцата од Скопје, откако кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.Истиот ден, во 23:50 часот, на подрачјето на Центар во близина на угостителски објект, полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.С. (24) од Скопје, поради агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.Претходно, околу 21:00 часот, во СВР Скопје, А.С. (52) од Скопје пријавила дека околу 18:00 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, две малолетни лица со закана му одзеле пари на нејзиниот малолетен син. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

СДСМ прашува: Дали клеветата кон Филипче беше алиби за повлекувањето на Кедев

Од СДСМ поставија сериозни прашања за, како што наведуваат, координирани потези на власта поврзани со здравствениот скандал со наводно непотребни операции на срце извршувани во приватни клиники, откако Сашко Кедев се повлече од комисијата што требаше да го разгледува случајот.Според СДСМ, и покрај сериозноста на обвинувањата и јавните објави за овој скандал, од неговото појавување до денеска нема конкретни институционални постапки. Како што наведуваат, јавноста не е информирана кои лекари и кои приватни клиники се инволвирани, нема транспарентност околу наодите, а досега не е поднесена ниту една кривична пријава.Во партиската реакција се поставува прашањето дали настапот на Жан Митрев со обвинувања кон Венко Филипче бил искористен како повод власта да го повлече Кедев од комисијата, со што, според СДСМ, се отвора сомнеж за политичко влијание и прикривање на одговорност.„Ова ли е цената што сите треба да ја платат за да се заштити Жан Митрев од одговорност?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека молкот на институциите и отсуството на конкретни чекори остава впечаток дека се купува време – за прикривање на траги, избегнување на одговорност или евентуално бегство од правдата.Опозицијата оценува дека за ваков скандал никој нема право да молчи или да калкулира и порачува дека ќе инсистира на целосно расветлување на случајот. „Нашата порака е јасна – ќе има одговорност, сите до еден“, наведуваат од СДСМ, барајќи итна реакција од надлежните институции и целосна транспарентност пред јавноста.

Македонија | пред 1 месец

ukraina-kiev-1

Каскаден испад во украинската електромрежа: Киев и повеќе региони без струја, греење и вода

Украинскиот премиер Денис Шмихал соопшти дека утринава дошло до „каскаден испад“ во електроенергетската мрежа на Украина, по серија нарушувања на преносните водови меѓу Романија и Молдавија, како и помеѓу западниот и централниот дел на земјата.Според Шмихал, поради испадот нуклеарните електрани во моментов работат со намален капацитет, со цел стабилизација на системот. Државниот оператор на електроенергетската мрежа, Укренерго, околу 14 часот по средноевропско време информираше дека се воведени вонредни исклучувања на струјата во Киев и околината, како и во Черкаската, Чернивечката, Житомирската и Харковската област.„Недостигот на електрична енергија во системот и натаму е исклучително голем“, соопштија од Укренерго, додавајќи дека итните санациски работи се во тек и дека приоритет има снабдувањето на критичната инфраструктура.Причините за колапсот засега не се официјално потврдени. Извори од енергетскиот сектор и од Кабинетот на министри за украински медиуми изјавиле дека станува збор за системски дефект во енергетската мрежа, но дека точниот причинител сè уште се утврдува.Во Киев, по инцидентот, граѓаните останале без струја, греење и вода, во услови кога температурите се под нулата. На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии и видеа од станови кои се целосно замрзнати, додека жителите се обидуваат да се загреат со импровизирани средства. Настанот доаѓа по повеќемесечната руска кампања на напади врз клучната украинска инфраструктура, која му нанесе сериозни оштетувања на енергетскиот систем.Киевската воена администрација соопшти дека околу 11 часот подземната железница привремено го запрела сообраќајот поради прекинот на електричната енергија. Дел од патниците останале заглавени во тунелите со часови, пред да бидат безбедно евакуирани.Компанијата Kyivvodokanal информираше дека поради прекинот на струјата е запрено и водоснабдувањето во целиот град, додавајќи дека нивните екипи соработуваат со енергетичарите за што побрзо нормализирање на состојбата. Проблеми со снабдувањето се пријавени и во јужниот дел на Одеската област, како и во централно-источната Дњепропетровска област.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се преземени „сите неопходни мерки“ за обновување на електроенергетската мрежа и дека се очекува стабилизација на состојбата во најкраток можен рок. Украинските железници соопштија дека железничкиот сообраќај до пладне бил стабилизиран со минимални доцнења, а градската железница во Киев повторно почнала со работа.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања