Скопје1.мк

5g-internet

Два трика за побрз интернет на вашиот телефон

Секојдневното користење на мобилен интернет знае да биде вистинска мака кога врската е бавна – страниците тешко се отвораат, видеата кочат, а апликациите се спори. Но, постојат два едноставни трика кои можат значително да го подобрат искуството, особено кај корисниците на Android телефони.Првиот е вклучување и исклучување на авионски режим. Со ова, телефонот ја прекинува врската со базните станици и по повторното вклучување се поврзува со најоптималната антена во близина. Овој „ресет“ често ја стабилизира конекцијата и носи побрз интернет.Вториот трик е бришење на кеш меморијата. Со тек на време, телефоните зачувуваат привремени датотеки од апликации и веб-страници. Наместо да помагаат, тие знаат да го забават уредот и интернетот. Чистењето на кешот – преку интернет прелистувачот или во подесувањата на секоја апликација – може да ослободи простор и да ја подобри брзината.Со овие два едноставни чекора, корисниците добиваат побрза и постабилна врска, без потреба од дополнителни апликации или сложени подесувања.

Магазин | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Дипломатски скандал: Салвини до Макрон – „Оди сам во Украина со шлем и пушка“

Дипломатски скандал ја потресе Европската унија по изјавата на лидерот на италијанската Лига, Матео Салвини, кој порача дека „Макрон сам треба да оди во Украина со шлем и пушка“. Изјавата ја даде за време на состанок во Милано, одговарајќи на прашање за можноста Италија да испрати војници во Украина, пренесува Corriere della Sera.Француските дипломатски извори веднаш реагираа, оценувајќи дека зборовите на Салвини се „спротивни на климата на доверба и историските односи меѓу двете земји“. Во последниот период, официјален Париз и Рим водеа билатерален дијалог околу поддршката за Украина, кој, според француската страна, покажал силна соработка меѓу Франција и Италија.Ова не е прв пат Салвини да упати остра критика кон францускиот претседател. Во март годинава го нарече „луд“ и го обвини дека ја „турка Европа во конфликт со Русија“.Франција и Велика Британија предводат иницијатива за формирање „коалиција на доброволци“ која е подготвена да испрати трупи во Украина како гаранција за безбедност по евентуален мировен договор. Од друга страна, италијанската премиерка Џорџа Мелони јасно се спротивставува на оваа идеја и се залага Италија да не биде дел од ваквата воена операција.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-07-at-11.22.54

Нов електронски модул ги открива сите донации во здравството

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за донации, со цел транспарентен преглед на сите донации примени од Министерството за здравство, како и од сите јавни здравствени установи.Модулот е достапен на веб страницата: donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детален преглед на секоја донација, со наведени податоци за донаторот, вредност на донацијата, како и информации за предметот на донацијата, односно дали се донирани медицински материјали, апарати, и сл. Статистичките податоци покажуваат дека 85% од дадените донации досега се состојат од медицински материјали, вклучувајќи лекови, вакцини, апарати за некои јавни здравствени установи и други материјали.- „Од самиот модул се гледа дека донациите доаѓаат од широк спектар донатори – од меѓународни институции и организации, држави и хуманитарни фондации. Токму нивната поддршка е клучна потврда за довербата и значењето што го има нашиот здравствен систем. Досега во модулот се евидентирани над 400 донации, процесот на регистрирање се уште е во тек и оваа бројка ќе биде уште поголема, што зборува за тоа дека расте довербата на меѓународните партнери и пријателски држави во нашиот здравствен систем“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.Целта е да обезбедиме координација и одобрување на донациите, а воедно да се избегнат ситуации кога пристигнува апаратура со различни оперативни системи или опрема за која нема достапни резервни делови и сервис во нашата земја.- „Со овој модул, испраќаме јасна порака дека во здравството нема скриени процеси и тајни договори, дека секоја донација е видлива, секоја помош е евидентирана, а секој граѓанин има право на информација“, заклучи министерот Алиу.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-08-at-11.54.42

Генералот Стојков до ЕБР: „Достоинствен продолжеток на Лавовите“

Генералот Горан Стојков упати честитка до припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) по повод нивниот ден.„Од мое име, упатувам искрена честитка до припадниците на ЕБР по повод нивниот ден. Оваа елитна единица е достоинствен продолжеток на традицијата и храброста на Лавовите – симбол на чест, пожртвуваност и љубов кон татковината. Ви посакувам многу здравје, успех и безбедни мисии во служба на Македонија,“ порача Стојков.ЕБР важи за една од најелитните полициски единици во државата, чија мисија е справување со најсложените безбедносни предизвици. Според Стојков, нивната работа претставува продолжување на традицијата на специјалните единици кои во минатото ја имаа улогата на симбол на дисциплина и пожртвуваност.

Коментари | пред 5 месеци

873x400-1-16

Еве кој ја снабдува Европа со гас и нафта

Вкупната продукција на нафта, кондензат, течни деривати и природен гас во Норвешка во јули достигна 672.000 кубни метри дневно, што е еквивалентно на 4,23 милиони барели нафта. Овој обем е за 3,9 проценти поголем од првичните прогнози, пренесе „Ројтерс“. Само производството на природен гас изнесувало 328,3 милиони кубни метри дневно, што е за 2,2 проценти над проценките, а производството на сурова нафта пораснало на 1,96 милиони барели дневно, исто така над очекувањата.Норвешка останува најголем снабдувач со природен гас на европскиот континент и е еден од најважните производители на нафта. Производството варира месечно, главно поради редовно одржување и застои на повеќе од 90 нафтени и гасни полиња во Северното Море. Владата во Осло најави дека ќе отвори нова рунда лиценци за истражување на нафта и гас на сè уште неистражени подрачја од норвешкиот континентален појас.Норвешка во просек произведува околу четири милиони барели нафтен еквивалент дневно – половина во природен гас, а остатокот во сурова нафта и други течни енергенти. Со тоа земјата го зајакнува статусот на стратешки енергетски партнер на Европа, особено во услови на намалени испораки од Русија.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-09.29.03

(Видео) Трагедија во САД: Пет загинати и десетици повредени во превртен автобус со туристи кај Нијагарините водопади

Пет лица загинаа, а десетици беа повредени во несреќа што се случи вчера кога туристички автобус со околу 55 патници се преврте на автопат во близина на Бафало, во северниот дел на американската држава Њујорк, недалеку од канадската граница.Според државната полиција, најголем дел од патниците биле со индиско, филипинско и кинеско потекло. Во автобусот имало и деца, но меѓу загинатите нема малолетни лица.Полицискиот портпарол Џејмс О’Калаган изјави дека автобусот се враќал од Нијагарините водопади кон Њујорк, кога возачот изгубил контрола, најверојатно поради невнимание. Исклучена е можноста за механички дефект или возење под дејство на алкохол.Според медицинските служби, ниту еден од повредените веќе не е во животна опасност. Дваесетина возрасни лица се пренесени во болници, а за транспортот беа ангажирани осум хеликоптери.Кинеската државна телевизија CCTV потврди дека меѓу патниците имало шест кинески државјани – петмина се полесно повредени, а еден морал да биде опериран.Преведувачи беа испратени на лице место за да им помогнат на странските туристи.

Свет | пред 5 месеци

pozar-helikopter-

Ова е состојбата со пожарите до утрово, под контрола е огнот кај „Јасен“

Центарот за управување со кризи информира дека во периодот од 22 до 23 август 2025 година, до 09:00 часот, на територијата на државата биле регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, 17 се изгаснати, еден е ставен под контрола, а активни пожари нема.Под контрола е пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ на територијата на Општина Македонски Брод, каде горела мешана шума.Во изминатото деноноќие изгаснати се пожари на повеќе локации: кај браната на Езеро Козјак (Сопиште), на планинскиот врв Китка кај селата Горно Количани и Драчевица (Студеничани), кај село Душегубица (Кичево), во село Велгошти (Охрид), во село Брушани (Кавадарци), кај депонија во село Кутретино (Демир Хисар), на локации во Битола, Новаци и Прилеп, како и во повеќе села од општините Долнени, Брвеница, Гостивар, Врапчиште, Чешиново-Облешево и Струмица.Од ЦУК повторно апелираат до граѓаните за внимателност поради високите температури и засилениот ветер, кои значително го зголемуваат ризикот од нови пожари на отворен простор.

Свет | пред 5 месеци

putin-reakcija

Путин и „коферот со измет“ – мерка за државна безбедност или бизарна практика?

Рускиот претседател Владимир Путин повторно се најде во центарот на медиумско внимание поради извештаите дека неговите телохранители носеле специјални куфери со неговите биолошки отпадоци за време на минатонеделниот самит на Алјаска со американскиот претседател Доналд Трамп.Според написите на Ekonomic Times и други западни медиуми, практиката не е нова – за неа првпат пишувале новинарите Реџис Жанте и Михаил Рубин во францускиот магазин Paris Match. Телохранителите на Федералната служба за заштита (ФСО) имаат задача да ги собираат изметот и урината на претседателот при негови посети во странство, да ги пакуваат во специјални кеси и да ги враќаат во Москва во безбедни актовки.Примери за вакви ситуации се бележат уште од 2017 година, кога Путин бил во Франција, а истата процедура наводно била применета и во 2019 година во Саудиска Арабија. Слично било забележано и во Париз, на самитот за Украина, кога Путин во тоалет бил придружен од шестмина телохранители.Според поранешната новинарка на BBC, Фарида Рустамова, Путин користи и „пренослив тоалет“ на патувања, за да не остави биолошки траги зад себе. Таа наведува дека ваквата мерка постои уште од неговото прво доаѓање на власт во 1999 година.Основната причина, велат извори блиски до Кремљ, е државната безбедност. Биолошките примероци можат да откријат здравствени информации за личноста, вклучувајќи болести или терапија, што за Путин би значело ризик од потенцијална злоупотреба од страна на странски разузнавачки служби.Иако ваквите тврдења често звучат бизарно, повеќе независни новинари и извори ги потврдуваат. Медиумите дури објавија и фотографии на социјалните мрежи, кои наводно го документираат овој необичен безбедносен протокол.

Свет | пред 5 месеци

kardinal-mateo-zupi

(Видео) На кардиналот Зупи седум часа му требало да ги прочита имињата на убиените деца во Газа

Кардиналот Матео Зупи, претседател на Италијанската бискупска конференција, минатата недела, во очи празникот Голема Богородица, предводеше потресно молитвено бдение на кое беа прочитани имињата на сите деца убиени во израелско-палестинскиот конфликт во последните две години.За време на бдението, Зупи и членови на неговата бискупија наизменично читаа имиња од список долг 469 страници: 16 израелски деца убиени на 7 октомври 2023 година и 12.211 палестински деца загинати во израелската офанзива во Газа до 25 јули 2025 година. Читањето траеше речиси седум часа.„Ги изговараме нивните имиња едно по едно. Тие од сите нас бараат да го бараме патот кон мирот со повеќе ум и страст“, порача Зупи.Бдението беше одржано во паркот Монте Соле кај Марзабото, на местото каде во 1944 година нацистите масакрирале речиси 800 луѓе, меѓу кои и деца. Организатор беше монашката заедница „Мала фамилија на Благовештението“ во соработка со Школата за мир.Католичките лидери последните недели сè поинтензивно апелираат за прекин на војната во Газа. Патријархот на Ерусалим, кардинал Пицабала, нагласи дека „крвта на невините не е заборавена“, а и папата Лав XIV повика на итен прекин на огнот.Кардинал Зупи, познат и како мировен посредник меѓу Русија и Украина, со овој чин уште еднаш ја нагласи силата на молитвата и потребата светот да не ги заборави жртвите на војната.

Свет | пред 5 месеци

gaza

Нови израелски напади во Газа – најмалку 12 загинати

Најмалку 12 лица загинаа од утрово во израелски напади низ Појасот Газа, соопштија медицински извори.Неутврден број Палестинци се повредени при напад со дрон врз стан во бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа, информираше извор од болницата „Ал-Авда“.Во текот на вчерашниот ден, според податоци на медицински извори за „Ал Џазира“, животите ги загубиле најмалку 65 Палестинци. Од нив, 37 биле убиени во самиот град Газа.

Свет | пред 5 месеци

vucic-brnabic

Брнабиќ: „Луѓе без лице не можат да ја водат Србија“

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро ги критикуваше оние кои, како што рече, веќе десет месеци се обидуваат да создадат нестабилност и хаос во државата, одбивајќи дијалог со претседателот Александар Вучиќ.„Претседателот во повеќе наврати понуди разговори за да се спречат поделби и уништување на Србија. Секогаш беше отворен за дијалог – од средби со ректорот Ѓокиќ, до разговори за избори, кои единствено тој може да ги распише. Тие тоа го одбиваат, како и секоја можност за јавна дебата пред граѓаните“, изјави Брнабиќ.Според неа, парадокс е што истите луѓе кои одбиваат разговор со претседателот со ентузијазам прифаќаат средби со странски претставници – од европски комесари до специјални известувачи – и кон нив покажуваат почит што не ја имаат кон институциите на сопствената земја.„Причините зошто одбиваат јавен разговор се јасни: сакаат да останат луѓе без лице за секој да може да ги идеализира, немаат ниту план ниту програма за Србија, а единствената визија им е насилство. Луѓе без лице не можат да ја водат Србија во сигурност и стабилност,“ порача премиерката.

Свет | пред 5 месеци

amsterdam

Азилант во Амстердам осомничен за убиство малолетничка и силување на жена; Градоначалничката: Жените не се сигурни

Холандската полиција уапси 22-годишен маж, барател на азил, под сомнение дека ја убил 17-годишната Лиса, која беше пронајдена мртва откако со велосипед се враќала дома по излегување во Амстердам. Според обвинителството, истиот маж е осомничен и за силување на жена пред една недела, како и за уште еден напад со сексуален напад во градот.Лисa била нападната околу 3:30 часот наутро, на пат кон својот дом во Абкоуде. Во обид да побара помош, таа се јавила на бројот за итни случаи 112, но полицијата ја пронашла веќе почината во близина на стадионот „Јохан Кројф Арена“. Според обдукцијата, смртта настапила од убодни рани, меѓу кои и во пределот на вратот.На прес-конференција во Амстердам, шефот на обвинителството Рене де Бекелаер изјави дека собраните траги упатуваат на истата личност која претходно е поврзана со силување и уште еден напад.„Имаме сериозна основа за сомневање дека станува збор за ист осомничен“, рече тој.Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, трагедијата ја опиша како „ужасна и неоправдива“ и порача дека ќе се преземат дополнителни мерки за заштита на жените. „Жените треба да можат да живеат слободно и без страв. Тоа што безбедноста не се подразбира е срамота за нашето општество“, истакна таа.Идентитетот и националноста на осомничениот засега не се откриваат. Тој во наредните денови ќе се појави пред суд, каде ќе биде соочен со примарните обвиненија за убиство и силување.

Свет | пред 5 месеци

dpmne-ck

ВМРО-ДПМНЕ денеска организира саем за отчет: „4 години работа за тебе“

Денес, 23 август 2025 година, во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи настанот „Саем-Отчет“ под мотото „4 години работа за тебе“. Настанот започнува во 11:00 часот, а свеченото отворање ќе биде со воведно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во 11:20 часот.Во рамки на програмата ќе се одржат панел-дискусии со градоначалниците, поделени по региони. Во 12:10 часот ќе настапат градоначалниците од Скопскиот регион, во 13:40 од Источниот регион, во 14:40 од Југозападниот регион, во 15:40 од Југоисточниот регион, во 16:40 од Вардарскиот регион и во 17:40 од Пелагонискиот регион.Покрај дискусиите, секоја општина ќе има свој промотивен штанд, каде граѓаните ќе можат да ги разгледаат отчетите на градоначалниците и директно да се информираат за нивната работа.Настанот ќе може да се проследи и онлајн преку официјалните YouTube и Facebook канали на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

filipce-sdsm-co-4

Седум кандидати на СДСМ ќе одржат прес-конференци: ќе откривале за тендерски скандали и шеми

„Под слоганот „4 години разочарувања – 4 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ“, СДСМ започнува серија прес-конференции посветени на катастрофалното владеење во изминатите четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ“, објави од СДСМ и додаваат:Ќе ја прикажеме реалноста којашто граѓаните добро ја знаат: скандали со тендерски шеми, поскапени давачки за граѓаните, неисполнети ветувања, хаос во општините, урбана мафија и корупција.ВМРО-ДПМНЕ ја претвори локалната самоуправа во сервис за бизнис интересите на партијата и локалните моќници, а граѓаните ги заборави.Денеска, почнувајќи од 11.00 часот, во седиштето на СДСМ ќе се одржи првиот серијал прес конференции:Прес конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски.Прес конференција на кандидатката за градоначалничка на Прилеп, Петра Лукаровска.Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Охрид, Асен Шајн.Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Штип, Павел ИвановПрес конференција на кандидатот за градоначалник на Свети Николе, Дејан Гичев.Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Неготино, Петар Мантев.Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Куманово Мартин Костовски.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_0656

Новак загрижен: „Се надевам дека состојбата во Србија ќе се смири, на раб сме на граѓанска војна“

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Њујорк каде што се подготвува за поход кон својата 25. гренд слем титула во кариерата.Во разговор за српските медиуми, Ѓоковиќ зборуваше и за ситуацијата во Србија:„Состојбата во земјата генерално е таква што на луѓето најмалку им е до спорт… Се случуваат многу работи, голема е транзицијата и на народот и на државата… Без да навлегувам во политика, бидејќи веќе доволно сум зборувал на таа тема, се надевам дека ќе се смират страстите. Сè многу ескалираше, буквално сме на граница на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата ќе се смири, но засега нема навестување за тоа,“ рече Ѓоковиќ.Тој ја спомена темата и во контекст на селидбата на тенискиот турнир од Белград во Атина.„Сè што можам да кажам е дека ние не сакавме да го селиме турнирот, тоа е сè. За жал, така е, како што е…“Фалејќи ја Атина и Грција, Ѓоковиќ изрази надеж дека турнирот повторно ќе се врати во Србија:„Дали ќе се врати турнирот во Србија… Се надевам дека ќе се врати. Од наша страна секогаш постои желба и тенденција. Мојот брат Ѓорѓе, кој го води турнирот, едноставно беше ставен во ситуација турнирот да мора да се пресели. Се надевам дека во наредните години ќе дојде подобро време и дека турнирот ќе се врати, можеби дури и во повисока категорија – никогаш не се знае. Белградската публика го сака тенисот и го следи, Србија во последните дваесет години стана вистинска тениска земја со сите наши успеси.“

Свет | пред 5 месеци

alkaraz-1

(Видео) Алкарас лут, покажа со прст кон камерите

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас изрази незадоволство поради тоа што нема приватност на тренинзите пред стартот на УС Опен.За време на загревањето на еден од споредните терени, Алкарас на својот агент му укажувал кон камерите кои ја снимаат секоја негова подготовка. „Сите терени се покриени со камери и микрофони, тоа ја нарушува подготовката на играчите“, смета Алкарас.Младиот тенисер коментирал дека камерите бележат сè, дури и доверливи разговори за ривалите, тактиката и подготовките, што, според него, создава дополнителен притисок.Алкарас својот настап на турнирот ќе го започне против Рејли Опелка, а целта му е да постигне подобар резултат од минатата година, кога беше елиминиран во второто коло од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп.

Спорт | пред 5 месеци

novak-dzokovic-1

Новак конечно дозна кого би можел да добие во второто коло на US Open

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби појасната слика за својот пат на US Open, откако завршија квалификациите.Во второто коло го очекува дуел со победникот од мечот меѓу Американецот Закарија Свajда и Унгарецот Зомбор Пирош. Досега одиграле два меѓусебни дуела, и двата во корист на Свajда – во Каљари и на Ролан Гарос минатата година. Во квалификациите, Свajда беше подобар од Холмгрен, Жукаев и Хеслер, додека Пирош ги елиминираше Букије, Тиранте и Дакворт.Пред тоа, Ѓоковиќ најнапред ќе одигра премиерен меч на турнирот против Лернер Тијен, моментално 48. играч на светската ранг-листа. Дуелот е закажан за понеделник во 01:00 часот по средноевропско време и се очекува да биде посериозен тест во однос на потенцијалните ривали во второто коло.Интересно е што во половината од ждребот каде што се наоѓа Ѓоковиќ, главно има Американци, па не е исклучено речиси до завршницата да игра исклучиво против домашни тенисери.US Open започнува во недела, а Ѓоковиќ тргнува во поход по својата 25-та гренд слем титула.

Спорт | пред 5 месеци

Apple-logo

Apple развива домашни роботи со вештачка интелигенција – еден од нив ќе има и роботска рака

Apple активно работи на развој на повеќе роботски проекти засновани на вештачка интелигенција, а најновиот извештај на Bloomberg открива детали што ја потврдуваат оваа насока. Според информациите, компанијата не создава само еден, туку неколку модели, од кои најинтересен за крајните корисници е уред налик на iPad со роботска рака.Овој уред ќе може природно да реагира на интеракции со луѓето, па дури и да се сврти кон оној што му се обраќа. За време на FaceTime повици, роботот ќе ја следи личноста и постојано ќе ја држи во кадар. Благодарение на надградената верзија на Siri, уредот ќе делува „живo“, вклучувајќи се повремено во разговор. На пример, кога двајца разговараат за вечера, роботот може да предложи ресторан во близина.Apple размислува да го користи препознатливиот Finder логотип од macOS за да му даде „личност“ и чувство на присуство. На проектот работат повеќе тимови – за хардвер, софтвер, AI и интерфејс дизајн, под раководство на Кевин Линч, кој претходно раководеше со Apple Watch и автомобилските иницијативи на компанијата.Покрај овој концепт, во оптек се и разговори за робот на тркала, сличен на Amazon Astro, па дури и за можен хуманоиден модел. Apple истовремено развива и голема индустриска роботска рака со кодно име T1333, наменета за фабричка употреба.Сепак, иако проектите напредуваат, нема гаранција дека некој од нив навистина ќе стигне до пазарот. Apple во минатото го стопираше Project Titan – автомобилот кој никогаш не беше претставен. Сепак, роботската рака во форма на AI таблет изгледа како проект со реални шанси да биде објавен.

Магазин | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-08.53.01

Снимањето на серијата „Емили во Париз“ во Венеција прекинато поради смрт на сетот

Снимањето на новата сезона на популарната серија „Емили во Париз“ е прекинато откако 47-годишен Италијанец починал на сетот во еден хотел во Венеција. Како што потврдија градските власти, тој се онесвестил за време на сет, а и покрај сите обиди за реанимација, не успеале да му го спасат животот. Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар.Засега не е познато колку долго продукцијата ќе биде ставена во мирување. Иако дејството на серијата е сместено во Париз, дел од новите епизоди се снимаат во Италија, вклучително и во Рим и Венеција. Според планот, снимањето во Венеција требало да трае до понеделник, по претходните снимања што се одржаа во мај во Рим.Од „Нетфликс“ најавуваат дека петтата сезона ќе ја има својата премиера непосредно пред Божиќ.Според италијанските медиуми, починатиот бил помошник-режисер кој долг период работел во меѓународната филмска индустрија. Тој бил роден во Венеција, а трагичниот настан се случил додека се снимала една од завршните сцени во прочуениот хотел „Даниели“. Градското собрание изрази сочувство до неговото семејство.

Магазин | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Путин: Со Трамп се гледа „светло на крајот на тунелот“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека гледа „светло на крајот на тунелот“ во односите меѓу Русија и САД, притоа изразувајќи надеж дека лидерските квалитети на американскиот претседател Доналд Трамп ќе помогнат во обновувањето на врските меѓу двете земји.„Со доаѓањето на претседателот Трамп, мислам дека конечно се појави светло на крајот од тунелот. Сега имавме многу добар, значаен и искрен состанок на Алјаска“, рече Путин, одговарајќи на новинарски прашања за време на неговата посета на центар за нуклеарни истражувања.Тој додаде дека следните чекори ќе зависат од американското водство, но нагласи дека е убеден оти лидерските квалитети на Трамп се „добра гаранција“ за обновување на односите.

Свет | пред 5 месеци

Nevreme-skopje

Времето денеска во Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Македонија | пред 5 месеци

sad

Администрацијата на Трамп ги проверува сите 55 милиони носители на визи во САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна обемна проверка на сите 55 милиони носители на странски визи во САД, со цел идентификување можни случаи за отповикување или депортација поради прекршувања на имиграциските правила.Претходно, Стејт департментот соопшти дека досега се одземени повеќе од 6.000 студентски визи поради различни причини – од пречекорување на дозволениот престој до случаи кога носители на визи биле фатени во возење под дејство на алкохол.„Ги разгледуваме сите достапни информации како дел од нашата проверка, вклучувајќи евиденции за спроведување на законот или имиграцијата, како и други податоци кои стануваат достапни по издавањето на визата и кои може да укажуваат на потенцијална неподобност“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.Според портпаролот, „огромното мнозинство“ од одземените визи се поврзани со кривични дела како напад, провала, возење под дејство на алкохол, но и со „поддршка на тероризам“. При тоа, околу 4.000 лица изгубиле визи поради кршење на законот, додека од 200 до 300 визи биле одземени поради поврзаност со терористички активности или поддршка на терористички организации.Во јавноста потсетуваат дека државниот секретар Марко Рубио и администрацијата на Трамп веќе беа во центарот на вниманието на почетокот на 2025 година, кога беше притворен и депортиран студентот од Колумбија, Махмуд Калил, поради неговиот пропалестински активизам. Калил подоцна беше ослободен и поднесе тужба против федералната влада.Сегашното преиспитување на сите носители на визи претставува значително проширување на иницијалниот процес на повторна проверка, кој во почетокот беше насочен главно кон студентите инволвирани во пропалестински или антиизраелски активности.

Свет | пред 5 месеци

ortopedija

Клиниката за ортопедија ги помести границите - хирурзите изведоа најсложена трансплантација досега!

На Универзитетската клиника за ортопедија е реализирана најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија во Македонија, информира Министерството за здравство.Пациент на возраст од 64 години, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, бил подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, потоа на реконструкција со графт од кадавер и на фиксација со клин.Интервенцијата се одвивала во два акта. Во вториот дел била изведена пластична реконструкција под раководство на др. Томислав Јовановски. Првиот хируршки тим го водел проф. д-р Милан Самарџиски, со учество на спец. д-р Бојан Будиќ, др. Теодора Тодорова и др. Гоце Гулески. За анестезија била задолжена проф. д-р Јасминка Нанчева, заедно со анестетичарот Јована Илиева. Во тимот биле и инструментарките Ерзен Муртезани и Татјана Дукадиновска, болничарот Дардан Синани и рендген техничарот Силвана Станковска.Министерството нагласува дека со овој оперативен зафат се воспоставува нова референтна точка во домашната ортопедија и уште еднаш се потврдуваат капацитетите на македонските хируршки тимови за изведување интервенции од највисок степен на сложеност.

Македонија | пред 5 месеци

zena-na-elektricen-trotinet

Удрил две малолетнички на тротинет во Скопје и избегал, полицијата трага по возачот

Возач на „фолксваген голф“ удрил две малолетнички на електричен тротинет скопски Капиштец и избегал од местото на несреќата. Тринаесетгодишната девојка е со тешки повреди, а нејзината 12-годишна сопатничка е полесно повредена. Полицијата трага по возачот.На 21.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, додека со телесни повреди нејзината 12-годишна сопатничка, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, a распишана е телеграма и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

devojcinja

Две малолетни девојчиња загинаа во страшна сообраќајка кај Кичево - ученички во ШМК „Дрита“

Трагична сообраќајна несреќа со две малолетни жртви се случила вчера доцна попладне во близината на Кичево-На 21. 08.2025 во 18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во с.Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.Станува збор за две ученички од Школата за музичка и културна дејност „Дрита“, Ериона Рамадани и Албина Абази.„Со длабока тага и потресени срца ја примивме веста за загубата на нашите сакани ученички. Нивниот замин остави незаменлива празнина во нашите срца и во секој агол на училиштето“, наведуваат од ШМК „Дрита“.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања