Скопје1.мк

bogdanka-SDSM-1

СДСМ: 4 години разочарувања - 4 години лoкална власт на ВМРО-ДПМНЕ

На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро ја критикуваше локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги изминатите четири години како „четири години разочарувања за граѓаните“.„Наместо развој и проекти за граѓаните, овие четири години донесоа нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени и бројни скандали со тендери“, изјави Кузеска. Таа посочи дека општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ станале епицентар на „тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари“, преку фирми блиски до власта кои добивале милионски договори без конкуренција.Кузеска обвини и дека јавните пари се трошат за партиски бизнис интереси, додека граѓаните се соочуваат со поскапи сметки за вода, канализација и смет, како и зголемени даноци. „Речиси и да нема општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ каде што не се покачени сметките за граѓаните“, рече таа, посочувајќи примери како Прилеп, Штип, Охрид, Битола, Ѓорче Петров, Бутел, Неготино, Гевгелија и Велес.Најостра критика беше упатена кон управувањето со главниот град. „Скопје стана симбол на хаос во јавниот превоз, нечисти улици и нефункционални јавни претпријатија. Клучните ветувања – бесплатен градски превоз и 250 еколошки автобуси – останаа само на хартија. Наместо тоа, имаме над 150 незаконски дивоградби и криминал тежок над 220 милиони евра“, изјави Кузеска.Таа порача дека изборните програми на ВМРО-ДПМНЕ останале само на хартија, а граѓаните добиле „четири години изгубено време“.„Оваа локална власт докажа дека е неспособна, корумпирана и оддалечена од потребите на луѓето. Локалните избори се шанса за промени, за крај на хаосот и враќање на општините во служба на граѓаните“, заклучи Кузеска.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Сообраќајка на патот Гостивар–Кичево: повредени четири лица

На 22 август 2025 година, во 12:10 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар–Кичево се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила – „Фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (48) од Гостивар, „Пежо“ со српски национални ознаки, управувано од М.Р. (38) од Република Србија и „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (67) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „Пежо“-то, А.А., додека полесни повреди добиле сопатниците Т.Р. и З.Р. од истото возило, како и возачот на „Голф“-от, Б.А. Повредите им биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа на ОВР Гостивар, а се работи на целосно расветлување на случајот.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-02-28-at-17.04.00

Го внеле во казино и го тепале - инцидент во Аеродром

На 22 август 2025 година, во 22:55 часот, во СВР Скопје, 41-годишниот М.Д. од Скопје пријавил дека истиот ден, околу 18:40 часот, на подрачјето на општина Аеродром, бил нападнат од три лица.Според пријавата, непознатите напаѓачи со употреба на сила го внеле во казино, каде што физички го нападнале.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 5 месеци

rabotnik-gradezen-

Несреќа на автопат во изградба кај Гостивар – почина 60-годишен работник

На 22 август 2025 година, околу 17:15 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека при извршување градежни работи на автопат во изградба, во атарот на селата Ѓоновица и Симница, трагично починал 60-годишниот Д.П. од село Врапчиште, општина Врапчиште.Според информациите од МВР, несреќата се случила за време на работни активности за приватна фирма ангажирана на теренот. Лекар од приватна здравствена установа ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.Случајот е пријавен и ќе биде целосно документиран од надлежните институции.

Македонија | пред 5 месеци

vlada

Мицкоски најави реконструкција на Владата, ќе се менуваат министри

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека веднаш по локалните избори ќе следи реконструкција на Владата и отворање на партијата за нови кадри, со цел да се обезбеди „повеќе динамика и поголем капацитет“ за реформите.„И затоа веднаш после овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување и поголема динамика на капацитетите. Веќе добро знаеме како може уште посилно и похрабро со зголемени потенцијали. Тоа не значи дека луѓето кои ќе бидат заменети биле лоши или немарни, но на Владата секогаш ѝ треба подинамичен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме“, рече Мицкоски.Тој додаде дека Македонија е на „патот на промените и заедничките успеси“ и дека резултатите веќе се гледаат во макроекономските показатели. „Имаме зголемен извоз, зголемен БДП, раздвижена економија, раст на стопанството, а времето на реално чувствување на овие резултати кај реалниот човек доаѓа“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„Не сум човек кој ги гледа работите од дистанца, и затоа промените во Владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси кои ќе оделотворат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор“, додаде тој.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-12.25.41

„Со фантомски листи сакаат да ја изиграат демократијата, но народот нема да се прелаже“, вели Мицкоски

„Со фантомски листи сакаат да ја изиграат демократијата, но народот нема да се прелаже“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека СДСМ и ДУИ преку „инфлација од независни кандидатури и фантомски листи“ се обидуваат да го заматат изборниот процес и да ја прикријат, како што рече, „сликата на историскиот пораз кој им претстои“.„Зад оваа игра не стојат само партиските штабови, туку и длабоката држава на СДС и ДУИ, нивните луѓе распределени во судството и ДИК. Денес тие се во коалиција за да го спречат поразот кој ќе им го донесе ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека владејачките партии продолжуваат со „матрицата на манипулации и подметнување“. „Не само што не се променети СДС и ДУИ, туку тие сакаат да докажат дека и непроменети ќе го прелажат народот. Но народот е мудар. За бадлија им е, тоа сакам јавно да им порачам. Вие сте гробари на демократијата и слуги на криминалот. Колку повеќе магла создавате, толку посилна ќе биде светлината на победата“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ е гаранција дека овој народ ќе ја закопа токму таа длабока држава што 30 години ја гуши државата“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-12.17.07

Брендовите не сакаат да соработуваат „инфлуенсери“ кои градат кариера со навреди, пишува Лопарски

Татјана Лопарски, сопственичка и извршна директорка на една од водечките ПР-агенции во Македонија – „Елемент ПР“, предупреди на негативните појави на социјалните медиуми и истакна дека автентичноста и искреноста се клучни вредности.„На социјалните медиуми денес има премногу ‘глумци’. Луѓе кои шират навреди, невистини и оцрнувања само за да привлечат внимание, или пак делат совети како да се безгрешни. Да се разбереме – никој од нас не е безгрешен“, изјави Лопарски.Таа додаде дека новите генерации се многу поедуцирани во дигиталниот свет и умеат да препознаат кој вреди, кој е писмен, кој е добар како човек и кој живее реален живот, наспроти оние кои „живеат во сопствена илузија“.„Брендовите не сакаат да соработуваат со луѓе кои имаат сè освен реалност. Најмалку пак со ‘инфлуенсери’ кои својата ‘кариера’ ја градат врз навредување на други или прикажување на нереален живот“, нагласи таа.Заклучокот на Лопарски е дека автентичноста е она што трае, а искреноста е она што привлекува.„Сè друго е само краткотрајна маска која сè побрзо паѓа и ќе паѓа“, порача таа.

Коментари | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-12.09.26

(Видео) Мицкоски за неговите градоначалници: Четири години работа без афери, со чесен образ пред граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ изјави дека локалните власти предводени од градоначалници на партијата успеале да се справат со сериозни предизвици, иако најголемиот дел од мандатот го поминале без поддршка од централната власт.„Поминавме низ еден тежок период, ги вадевме општините од бездна. Од овие четири години, три години градоначалниците имаа Влада која немаше слух, а имаше приоритети кои не беа локалните проблеми. Градоначалниците решаваа проблеми, минувавме низ сè без помош од Влада“, рече Мицкоски.Тој додаде дека најголемата вредност на овие четири години е фактот што, според него, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту една афера зад себе.„Четири години подоцна можам да кажам дека одговоривте на дадената доверба, го задржавте вашиот образ. Највредната работа е што немате ниту една афера зад себе, ниту еден криминален случај, ништо што би донело срам кон партијата и граѓаните“, истакна Мицкоски.Тој рече дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ останале луѓе врз кои граѓаните можеле да се потпрат.

пред 5 месеци

FB_IMG_1755936284147

Започна третото издание на „Охрид џез фестивал“

Со етно-џез концерт на „Чалгија Саунд Систем“, вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“ започна третото издание на „Охрид џез фестивал“ кој се организира под покровителство на Општина Охрид.На свеченото отворање на фестивалот пред присутните се обрати Претседателот ја Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.–Драги љубители на музиката, Вечерва, Охрид дише поинаку. Дише со срцето на музиката, со душата на џезот, со трепетот на очекувањето. Вечерва jа отвораме третата страница од музичката приказна наречена ,,Охрид Џез фестивал”.‎Џезот не е само звук. Тоа е емоција што не се објаснува, туку се чувствува. Џезот е музика на слободата и душата. Големиот Луис Армстронг рекол: „Џезот не е само музика, туку начин на живот, начин на чувствуваье, начин на постоење.” Ние вечерва сме тука за да го почувствуваме токму тоа – слободата на звукот, магијата на ‎импровизациіата и силата на заедништвото.‎Оваа година, од 22 до 24 август, имаме чест да уживаме во настапите на уметници кои не само што свират, туку и живеат преку музиката.Како што ни порачува и нашиот Ацо Шопов: „Уметноста е глас на човекот што сака да остане човек.”, така џезот е токму тој глас – универзален, мокен и вечен.Нека овие три фестивалски вечери бидат потсетник дека музиката нема граници и дека џезот значи слобода, но не можеш да ја научиш ако не знаеш што значи дисциплина.‎Конески ни порача: ,,Јазикот е нашата татковина”, а вечерва, џезот станува јазикот што не познава граници — татковина на чувствата, на слободата, на заедништвото.Нека оваа музика зборува таму каде што зборовите молчат, и нека ги обедини Охрид и Македонија во една заедничка симфонија на духот.Со убава мисла, со радост и гордост го прогласувам третиот „Охрид Џез фестивал” за отворен. Ви посакувам незаборавни вечери исполнети со звук кој ќе остане да одекнува во душите на сите нас, истакна Божиновски во своето обраќање.‎Во рамки на фестивалската програма, вечерва на истата сцена, со почеток во 20:30 часот ќе настапи познатиот македонски џез изведувач Павле Камилоски.‎Влезот на концертот е бесплатен.

ОО | пред 5 месеци

unnamed-scaled-1

Подготовка на студија за проценка на еколошкиот отисок на Општина Охрид

Согласно Одлуката за усвојување на Измените и дополнувањата на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 год.на Општина Охрид  бр.08-3254/95 од 14.03.2025г, Општина Охрид во рамки на оваа програма има предвидено изготвување на Студија за проценка на еколошкиот отисок на Општина Охрид Што е Еколошки отисок?Човековите активност ги трошат природните ресурси, а притоа емитираат јаглероден диоксид и произведуваат отпад. Како што нашата популација расте, потрошувачката се зголемува, при што од суштинско значење е да го измериме капацитетот на природата за да се исполнат овие барања. Еколошкиот отисок се наметнува како една од водечките мерки за пресметување на човековата побарувачка од природата. Тоа е метрички управуван податок кој покажува колку одржливо живееме. Пресметките се како „банкарски извештаи“ со кои документираме дали живееме во рамките на нашиот еколошки буџет или ги консумираме природните ресурси повеќе и побрзо отколку што тие може да се обноват.Еколошкиот отисок се мери како природна област или како износ на природниот капитал кој се консумира секоја година или хектари површина кои им се потребни на сите жители вклучувајќи ја и природната област потребна за да се асимилира произведениот отпад и да го филтрира јаглерод диоксидот. Општина Охрид, во определбата за дефинирање на насоките за одржлив развој, има потреба од определување на својот еколошки капацитет и утврдување на својот еколошки отисок (печат), како алатка за мерливо управување со развојот.Еколошкиот отисок, како мерлив индикатор на одржливиот развој, треба да го определи биолошкиот капацитет на просторoт на Општина Охрид во однос на предизвиците и потребите во секојдневниот живот на граѓаните во областите на транспортот, домувањето, обработката на земјиштето, создавањето на отпадот, индустриското производство и сл. Тој треба да даде одговор на прашањето:–  колку простор е потребен за граѓаните, за создавање на се она што го консумираат од своето опкружување (продукти и ресурси) и– што произведуваат и со што ја обременуваат својата животна средина (отпад и емисии),при што податоците се обработуваат на годишно ниво. Еколошкиот отисок на една одредена популација е мерка на влијание кое тие луѓе го имаат врз нивната околина. Се мери вкупното количество на обработлива почва и на вода што се потребни за производство на сите ресурси кои се искористуваат и количеството обработлива почва и вода потребни за згрижување на отпадот што популацијата го создава.Пресметувањето на еколошкиот отисок треба да ги вклучи деталните информации за потрошувачка на ресурси во одредена базна година, за:Храна,Енергија,Транспорт,Изградена инфраструктура,Отпад,Туризам.Еколошкиот отисок на Општина Охрид не може да биде само збир на еколошките отисоци пресметани за секоја од наведените компоненти и категории. Врз основа на еколошкиот отисок се добиваат значајни податоци за идентификација на проблемите и каде се лоцирани. Во оваа смисла, еколошкиот отисок е само првиот чекор во изработка на проценката на одржливиот развој на општината. Урбанистичкото планирање како комплексна дисциплина, бара поширок, попотполн и сеопфатен метод на проценка кој треба да опфати, покрај анализата на трошоците и добивките, економските и социјалните влијанија, трошоците на животниот циклус (транспорт, инфраструктура на водите  за пиење и отпадните води и сл.), и предлог мерки и активности во насока на унапредување на одржливиот развој на Општина Охрид. Сеопфатна слика за одржливоста на општината може да се добие ако општината не се набљудува како збир на издвоени делови и функции, туку како урбан екосистем.

ОО | пред 5 месеци

markica-1

Свикана шеесет и првата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ шеесет и првата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.08.2025 година (вторник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од 60-та седницаПредлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2025/2026 година на ООУ „Св Наум Охридски“ с.Пештани – Охрид.Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2025/2026 година на ООУ „Братство Единство“ Охрид.Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2025/2026 година на ООУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец.Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2025/2026 година на ООУ „Григор Прличев“ Охрид.Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2025/2026 година на ООУ „Живко Чинго“ с. Велгошти.Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2025/2026 година на ООУ „Кочо Рацин“ Охрид.Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2025/2026 година на ООУ „Св.Климент Охридски“ Охрид.Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2025/2026 година на ООУ „Христо Узунов“ Охрид.Предлог-oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООМУ„Методи Патчев“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Братство – единство“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец за учебната 2024/2025 година.Предлог-oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Григор Прличев“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Живко Чинго“ с.Велгошти за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Кочо Рацин“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Св. Наум Охридски“ с.Пештани за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Христо Узунов“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OОМУ„Методи Патчев“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Братство-единство“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Григор Прличев“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Кочо Рацин“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на              OОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Св.Наум Охридски“ с.Пештани за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Христо Узунов“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-oдлука за усвојување на годишната програма за работа на ОЈУ„Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за работа на јавната општинска установа за деца детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на годишната програма за згрижување и воспитно образовната работа на ЈОУДГ  „Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2025/2026 годинa.Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на работното време на вработените во јавната општинска установа за деца – детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за работа на групи со поголем, односно помал број деца од законски утврдениот број во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“- Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-oдлука  за усвојување на извештајот за работaтa на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид за периодот од 01.04. до 30.06. 2025 година.Предлог-oдлука за усвојување на извештајот за работата на ЈП „Водовод“ Охрид за периодот од 01.04. – 30.06.2025 година.Предлог-oдлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.04. до 30.06.2025 година.Предлог-oдлука за усвојување на извештајот oд работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.04. до 30.06.2025 година.Предлог-oдлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.04. до 30.06.2025 година.Предлог-oдлука за усвојување на извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски Комуналец“ – Охрид за периодот од 01.04. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025-2027 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на Oдделението за даноци за  периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за  периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година за периодот од  01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за млади и невладини организации за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година (Н1) за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 (НА) за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година (Н2) за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2025-2027 (НБ) за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година (В1) за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2025-2027 (ВА) за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за здравствена и социјална заштита за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општинскиот совет за превенција на малолетничко престапништво на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.04. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата урбана опрема – изградба и одржување за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување  јавна чистота за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година за период од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на  програма  ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година Подпрограма ЈДА реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект на пристапните патеки кои се во рамките на Градските гробишта во град Oхрид за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештај за реализација на   програма  ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици  за 2025 година – Подпрограма ЈДБ – реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект – локален пат до крстосица за село Рамне до црква Св. атанасиј општина Охрид за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештај за реализација на  програма ЈД -изградба и реконструкција на локални патишта и улици  за 2025 година Подпрограма ЈДД – реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект локален пат во село Куратица, општина Охрид за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештај за реализација  на програма  ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици  за 2025 година Подпрограма ЈДФ – реализација на основен проект  за реконструкција на инфраструктурен објект за улица во село Подмоље во град Охрид, за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештај за реализација на програма  ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици  за 2025 година-Подпрограма  ЈДГ – реализација на основен проект за реконструкција на  линиски инфраструктурен објект улица во село Долно Лакочереј во град Охрид за периодот од 01.01 до 30.06.2025 годинаПредлог-одлука за усвојување на извештај за реализација на  програма  ЈГ изградба на системи за водоснабдување    за 2025 година – Подпрограма ЈГА реализација на проект за замена на постоечка опрема во пумпена станица „Метропол“ во општина Охрид за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештај за реализација на  програма  ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година – Подпрограма ЈГБ – реализација на основен проект за реконструкција на водоводна линија на ул. Кленоец – ЛТХ Леарница, за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештај за реализација на   програма  ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици  за 2025 година Подпрограма ЈДЦ – реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за локалниот пат  во село Опеница  кој води до црквата Св. Кузман и Дамјан – општина Охрид, за периодот од 01.01 до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештај за реализација   програма  ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици  за 2025 година – Подпрограма ЈДЕ – реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за улици во село Пештани за периодот од 01.01 до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Предлог-одлука за прифаќање донација на движни ствари – специјално товарно противпожарно возило-комбе, наменето за територијална противпожарна единица на општина Охрид.Предлог-одлука  за давање на времено користење на недвижен имот по имотен лист број 101433 во КО Охрид 4.Предлог – програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025-2027.Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП а1 и ГП 2 во ДУП измени и дополнување за 3-та УЕ – МЗ2 – Воска – дел, МЗ 6 Кошишта – дел Охрид, општина Охрид  за 10-та урбана единица – Охрид, општина Охрид.Предлог-одлука за донесување на техничка исправка за ГП 2.3.24 и ГП 2.3.25 во ДУП за УЗ 2 дел од блок 2.3 опфат 2 – плански период 2015 – 2020 Охрид, општина Охрид.Предлог-одлука за определување на ширина на крајбрежен појас на водотек опфатен со изменување и дополнување на ГУП за УЗ 15 УБ 15.1 и ДУП за УЗ 15 УБ 15.1, општина Oхрид.Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Kп.бр.5563/2, Kп.бр. 5593/2, Kп.бр.5593/6, Kп.бр.6470/2, Kп.бр.5583/9, Kп.бр.5583/10, Kп.бр.6470/2 сите во КО Oхрид 4.

ОО | пред 5 месеци

IMG_4509-scaled-1

Започна 37. издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Со пригодна свеченост, вчеравечер во селото Велестово беше означен почетокот на  37 –то издание на интернационалната културна манифестација, “Поетска ноќ во Велестово”.‎Манифестацијата се реализира со поддршка на Општина Охрид , а на свеченото отворање поздравен говор имаше градоначалникот Кирил Пецаков.– Во денешниот свет на брзи зборови и мисли во кој доминираат технологијата, виртуелната реалност и вештачката интелигенција, поезијата е една мала искра која блеска силно во тишината на нашите емоции.Нејзината светлина е кратка, но има моќ да ги разбуди љубовта и надежта во нашите срца. Таа е повик да го почувствуваме сето она што сме заборавиле да го чувствуваме.Почитувани поети, драги љубители на пишаниот збор, ценети организатори, драги гости.Во оваа прекрасна августовска вечер, под ѕвезденото небо, на овој величествен планински предел, по 37-ми пат, ќе слушнеме уникатни стихови, кои ќе ни докажат дека поезијата како уметничка форма на човечкиот јазик е начин на живеење, начин на поврзување, начин на разбирање на светот и себе си.Поетската ноќ во Велестово не е само културен настан, таа е е светилник на македонската поезија, но и на културниот живот на Охридскиот регион и пошироко.Во мое лично име и во името на охриѓани ги поздравувам сите учесници кои покажаа интерес да го споделат својот поетски опус со нас. Вашите стихови нека бидат сведоштво за времето и за вечноста.Искрено им се заблагодарувам и на организаторите, на сите оние кои, низ годините, со љубов, посветеност и визија ја одржуваат оваа манифестација.Нашата локална самоуправа, ќе продолжи да дава поддршка за овој поетски настан и ве уверувам дека и понатаму ќе стоиме зад ваквите убави проекти кои ја чуваат културната традиција на Охрид.Охридскиот регион изобилува со уникатна природа и непроценлива историска вредност. Со сета своја убавина, тој претставува вистински поттик за уметност и совршено место за творење.Затоа ги поканувам сите гости на манифестцијата да го искористат својот престој тука и да уживаат во сите културни знаменитости.Почитувани, eден од нашите најпознати македонски поети Ацо Шопов напишал „Поезијата не е само збор, туку универзум на чувства и идеи“.‎Нека оваа ноќ во Велестово биде универзум што не поврзува и инспирира. Нека оваа поетска манифестација продолжи да се развива, како значаен дел од нашето културно наследство и силен мотив за културна преродба на младите генерации, истакна Пецаков во своето обраќање.Во рамки на програмата вчеравечер беше претставен портрет на Андреј Ал Асади, млад поет кој со своето досегашно творештво зазеде видно место во современата македонска поезија.‎Потоа се одржа поетско читање на гостите од странство Рошин Кели од Ирска, Фарид Хусеин од Азербејџан, Рената Јамбрешиќ Кирин од Хрватска, Мирослав Кирин од Хрватска, Поли Муканова од Бугарија и Анисија Ангел од Романија.‎Вечерта беше збогатена со настап на музичкиот уметник  Игор Климовски, а беше отворена и изложба на слики од Стефан Младеновски.Во рамките на манифестацијата која ќе трае до 17-ти август, ќе бидат промовирани книгите „Зебрано“ од хрватскиот поет Мирослав Кирин и „Како сон“ од Фарид Хусеин.‎Исто така предвидени се уште две поетски читања на кои ќе настапат македонски и интернационални поети.

ОО | пред 5 месеци

ZivkoCingo08132025016

„Вечер на Живко Чинго“ 2025

Синоќа во с. Велгошти се одржа  културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.  По традиција беше врачена истоимената награда  на авторката   Дијана Петрова  чиј расказ „Мизанабим”  беше избран за најдобар  по претходно распишан Конкурс на Општина Охрид.За значаењето на манифестацијата „Живко Чинго“ обраќање имаше  Ана Крстеска, заменик градоначалник на Охрид .– Во затишјето на ноќва во атарот  на нашево убаво  Велгошти се  собравме да оддадеме почит на делото на најголемиот раскажувач на сите времиња,  Живко Чинго кој по Климент Охридски и Григор Прличев веројатно е третата по значај културна личност од  Охрид и Македонија. Има ли Македонец кој не знае за  чудесната „Пасквелија“, која одново и одново не собира секоја година тука во родното село на великиот Чинго за да му оддадеме должна почит  за секој напишан збор, расказ или роман од неговата рака. Преку манифестацијата “Вечер на Живко Чинго“, ја покажуваме  нашата вековна  определба  делото на големиот раскажувач и  книжевник, засекогаш да биде запаметено во колективната меморија на Охрид и Македонија. Со вечерашново чествување, исполнуваме само мал дел од обврската кон сите великани кои оставиле културен и цивилизациски белег во милениумската историја на Охрид и Македонија, а Живко Чинго е во самиот врв.  На конкурсот за најдобар расказ што  во чест  на Живко Чинго секоја година го распишува Општина Охрид расте конкуренцијата и во бројот на пристигнати раскази и во литературниот израз, што покажува дека  неговиот лик и дело се слават  на најсоодветен начин. Секоја година се раѓа некоја “нова  Пасквелија“ напишана од перото на некој млад Чинго што е доволна потврда за почитта што ние како народ ја одааваме кон него.Годинава расказот „Мизенабим” по квалитет и раскажувачка моќ веројатно е „годинешната  Пасквелија“, а  авторката Дијана Петрова според книжевните вештини е младиот Чинго. Токму нејзе од срце и честитам за добиената награда  посакувајќи и идни книжевни успеси и достоигнувања, а вас почитувани ве замоолувам и во иднина да го почитувате, читате  и негувате делото на Живко Чинго најголемиот раскажувач на сите времиња- подвлече КрстескаНаградениот расказ се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе.Дијана Петрова е добитник на бројни награди и признанија.На манифестацијата беше промовирана и книгата „Наградата Живко Чинго од востановувањето  до денес“ од м-р Милчо Јованоски.Беседа за Живко Чинго одржа проф. д-р Кристина Николовска. 

ОО | пред 5 месеци

PressOWF08142015002

Во сабота започнува третото издание на Ohrid Water Festival.

Денес на прес конференција беше најавено третото издание на Ohrid Water Festival, манифестација која ги обединува спортот и езерото. Градоначалникот Кирил Пецаков, претставувајќи ја програмата, истакна дека фестивалот со претходните две изданија   ги оправда очекувањата во однос на промоција на потенцијалите на Охридското Езеро и водените спортови во комбинација  со  културната програма.– Годинава фестивалот започнува на 16-ти август на пладне со  Ревијалниот ватреполо турнир што ќе се одржи пред хотел Александрија, а попладнето на Старото пристаниште ќе се одржи Red Вull Педалинка. Наредниот ден на базенот „Атина Бојаџи“ ќе биде пливачкиот митинг. Од 18-ти до 21-ви август на плажата К’ј Дивоно ќе се организира Меѓународниот едриличарски тренинг камп, а на 22-ри и 23 ти август ќе се одржи Меѓународната едриличараска регата. За 24-ти  август се предвидени Спортскиот риболеовен Куп – Хранилка и АКВАЛОН. Наредниот ден  кај плажата Куба Либре ќе се одржи Меѓународната охридска веслачка регата , меѓународното штафетно нуркање за мир  и СУП јога на вода. На 26-ти август ќе се одржат СУП  33 километарскиот маратон со старт кај селата Радожда и Љубаништа, а кај градското пристаниште ќе биде настанот „Запознај го едрењето, заштити го езерото“ по што ќе има и промоција на рекреативно нуркање за деца. На 27-ми август ќе биде  „Меч рејс Европскиот куп“ по што е предвидено Балканското Јуниорско првенство на отворени води. За наредниот ден се закажани СУП трките на малото пристаниште пред хотел „Палас“. На 29-ти август во Струга ќе се одржи Кајак регата. Годинешното издание завршува со Охридскиот пливачки маратон на 30-ти август кога познати пливачки имиња ќе ја препливаат патеката Св. Наум- Охрид – истакна Пецаков.Претседателот на Организациониот одбор на фестивалот, Никола Вретоски,истакна дека годинава фестивалот нуди рекордна програма со над 20 спортски настани, кои ќе понудат натпреварувачки дух со многу адреналин и незборавни моменти. Вретоски посебно ја апострофира социјално-едукативната компонента на фестивалот со изложби, ,предавања и работилници, се во насока на подигнување на свеста за заштита на природата, водата и заедницата што ја споделуваме. 

ОО | пред 5 месеци

IMG_3364-1

Амбасадорот на Шпанија Сориано Ортиз во посета на Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска  во својот кабинет го прими  амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.На работната средба двете страни  разменија мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија при што се разгледуваа можностите за воведување на авио линија Скопје –Мадрит  со три летови неделно, по веќе воспоставената Скопје – Барселона. Тоа би значело поголем  број на шпански гости на охридската ривиера.Високиот гостин од Шпанија го информира градоначалникот Пецаков дека шпанската Влада има обезбедено Грант од милион евра кој што  е предвиден за реконструкција на прочистителниот систем на Охридското Езеро како природна реткост заштитена од УНЕСКО. Стана збор и за физибилити студијата  за прочистителни станици  наменети за нашето езеро, а  изработена од етаблирана шпанска компанија.Амбасадорот Сориано Ортиз го изрази своето задоволство од убавините на Охрид, неговите традиции и култура и посочи дека ќе биде дел од вечерашната публика на фестивалот Охридско лето на чиј репертопар е предвиден настап на уметници од Шпанија.

ОО | пред 5 месеци

DSC_7160-scaled-1440x958-1

Светлана Мојсов добитник на светската награда на хуманизмот за 2025 година

На големиот празник посветен на Свети Климент Охридски кој бил основач на средновековната школа по хуманизам , денеска напладне во куќата на Уранија беше врачена наградата за хуманизам за 2025г на Светлана Мојсов, а ја доделува Охридската академија на хуманизмот.Светлана Мојсов е 19-та по ред добитничка на ова престижно признание, а втора од Македонија по академик Георги Старделов. Мојсов е професор на универзитетот Рокфелер во САД. Таа има огромен придонес во современата македонска медицина, особено за нејзините структурални биохемиски откритија и ендокринолошки достигнувања во развивањето на ефективни лекарства за справување со дијабетесот и дебелината како и за ублажување на асоцијативни форми на патологии.На настанот се обрати градоначалникот Кирил Пецаков:– Почитуван Јордан Плевнеш, Претседател на Охридската академија на хуманизмот, ценети почитувачи на ренесансното и филозофско научно движење за воздигнување на личноста, драги охриѓани и пријатели на Охрид.Нашиов град кој денеска се поклонува во чест и спомен на најголемиот светител и просветител Св. Климент Охридски, денеска е и центар на Хуманизмот што векови и векови пред нас го основал тoкму тој, големиот Климент кој верувал дека со Просвештение се доаѓа до сапсение. Во овој празничен ден кога славиме за нашата вера и описменување се собра целата домашна и меѓународна асемблеја, a по повод долелувањето на светската награда за хуманизам. Уште поголемо е задоволството што и покрај сите големи дискурси што се одвивале во светски познати центри на културата сепак на крај Светските елити се враќаат на самите извори на хуманизмот во нашиов убав град Охрид.   Денес највозвишено се чувствуваат сите оние кои припаѓаат на нашиот род македонски затоа што годинешен добитник на Светската награда за хуманизам е Светлана Мојсов, родум од Скопје професор на Универзитетот Рокфелер во САД. Наградата и се доделува за нејзиниот придонес во современата медицинска наука, особено за нејзините структурални биохемиски откритија и ендокринолошки достигнувања во развивањето на ефективни лекарства за справивање со дијабетесот и дебелината како и за ублажување на социјативни форми на патологии. По Георги Старделов таа е втор по ред добитник на ова престижно светско признание од Македонија што не прави особено горди и среќни. Пред нејзиното официјално овенчување со ова престижно признание сакам да упатам јавна благодарност до амбасадорот Јордан Плевнеш и до Охридската Академија на хуманизмот што ја организираат оваа величествена манифестација со која се активира генетскиот код и колективната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот основана токму од Климент Охридски пред кого денес се поклонуваме. Во време на планетарни потреси, климатски промени, природни катастофи, поплави, бури и пожари со невидени размери, со воени жаришта и конфликти во кои се вовлекува цел Свет школата на хуманизмот доаѓа како мелем, дрво од рајот кој испушта длабоки кореник, а неговите кислородни капки не спасуваат од нашето битисување. Како хранилка на нашата духовност, на нашата здраворазумност поткрепена со хуманистички заклучоци од научни светски умови, школата на хуманизмот стана наша неопходност. Токму затоа Општина Охрид секогаш ќе го подржува овој величествен и исклучително значаен културен настан. Пред крајот на моето обраќање уште eднаш и честитам на годинешната добитничка Светлана Мојсов за големата награда и и посакувам успеси и во иднина– подвлече Пецаков кој на добитничката на наградата и врачи резбана статуетка на Св. Климент Охридски.Денеска беше посетена и локацијата каде ќе биде поставено спомен обележјето на хуманизмот, дело на уметниците, Жарко Башески од Македонија и Светлин Русев од Бугарија.

ОО | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-11.28.13

На 329 медиуми ќе се рекламираат кандидатите на локалните избори

Од вкупно 352 пристигнати барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали за претстојните локални избори, Државната изборна комисија (ДИК) регистрираше 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.Средствата што ќе се потрошат за платено политичко рекламирање за медиумите изнесуваат 66 проценти од буџетот на ДИК за локалните избори, односно 397.763.000 денари (околу 6,5 милиони евра) од вкупно 600.489.000 денари (околу 9,76 милиони евра).„Пристигнаа 352 барања за упис во регистарот, а до ДИК беа доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Врз основа на обработената документација, запишани се 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. Барањата на 22 правни лица – две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали – се отфрлени како неуредни, односно ненавремени и некомплетни. Дополнително, беа доставени и два ценовници без барање и тековна состојба, поради што истите се отфрлени како некомплетни“, изјави на седница членката на ДИК, Светлана Карапетрова.Комисијата го изгласа и решението за упис во регистарот на медиумите што ќе учествуваат во кампањата за локалните избори 2025 година.Првиот круг на изборите ќе се одржи на 19 октомври, а вториот на 2 ноември.

Македонија | пред 5 месеци

policija-policaec

Драма во Битола: Маж го претепал братот на поранешната сопруга во пекара, а потоа и неа во автомобил

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако синоќа, околу 21:40 часот, нападнал млад битолчанец и физички ја повредил својата поранешна сопруга, соопшти СВР Битола.Според информациите од полицијата, осомничениот Џ.Р. (30) најпрво во пекарница во Битола го нападнал 25-годишниот И.Л., брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет. Потоа, со употреба на сила, ја внел во возило својата 23-годишна поранешна сопруга и ја нападнал физички.Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода осомничениот. За случајот е известено Јавното обвинителство, а од СВР Битола информираат дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 5 месеци

WhatsApp-Image-2022-08-08-at-10.49.34-AM

Возач од Штип фатен како вози 252 километри на час на автопат – полицијата го уапсила

На 22 август 2025 година, во 18:35 часот, на автопатот „Пријателство“ кај селото Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј. (36) од Штип.При извршена сообраќајна контрола било утврдено дека тој управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од дури 252 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час.За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-11.06.04

Османи најмил „светска куќа“ и остава телефонски број по граѓани, за да дојде до градоначалничката функција во Чаир

Ексминситерот и актуелен кандидат за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, речиси секојдневно одржува прес-конференции и преку објави се промовира пред престојните локални избори, иако кампањата не е започната. На новинарско прашање, тој рече дека ова не е забрането.„Јас мислам дека ова е период кога треба да се разговара со граѓаните на Чаир, мислам дека визијата за новиот Чаир бара почести контакти. Освен светска куќа за нов изглед, јас тропам од врата на врата, давам телефонски број. Врвна светска куќа комбинирана со проблемите на граѓаните. Ја вклучивме светската експертиза“, рече Бујар Османи.

Скопје | пред 5 месеци

IMG_5572

Блупринт групата за постапката по трагедијата во Кочани: Државата треба конечно да покаже дека правдата не е апстрактен поим, туку процес што може да се види

Блупринт групата за реформи во правосудството излезе со заедничка изјава во поддршка на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани, кои на 17 август јавно сведочеа за своето искуство.„Тие сведочат дека наместо да добијат разбирање и поддршка, се чувствуваат нападнати и изложени на различни притисоци, што уште повеќе ја зголемува недовербата кон институциите. Во вакви околности, потребен е особено сензитивен и одговорен пристап, кој ќе покаже дека државата ги слуша и ги зема предвид нивните стравови и грижи,“ се наведува во соопштението.Групата посочува дека по завршувањето на истрагата и доставувањето на предметот во Основното јавно обвинителство, останува клучно постапката да се води целосно транспарентно и без притисоци врз семејствата, сведоците и сите вклучени.„Недовербата што ја изразуваат родителите и јавноста е гласна и оправдана реакција која се базира на одамна изгубената сигурност во институциите. Државата треба конечно да покаже дека правдата не е апстрактен поим, туку процес што може да се види, почувствува и доживее,“ се нагласува во изјавата.Воедно, апел е упатен и до медиумите да продолжат внимателно и одговорно да ја следат постапката, со почитување на достоинството на жртвите и нивните семејства, но и со упорност во откривањето на евентуални неправилности и притисоци. „Само преку внимателно известување и силна јавна контрола може да се обезбеди доверба дека правдата ќе биде достижна и достапна за сите,“ порачаа од Блупринт групата.Изјавата ја потпишаа: Институт за човекови права, Македонско здружение на млади правници, Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење“, Институт за европски политики и Центар за правни истражувања и анализи.

Македонија | пред 5 месеци

ebr-412

ЕБР: Почит за храброста и жртвата на припадниците

Единицата за брзо распоредување денес го одбележува својот ден, со потсетување на храброста, посветеноста и професионализмот на своите припадници.„Додека го одбележуваме Денот на ЕБР и им оддаваме почит на нашите колеги, не смееме да ги заборавиме сите оние кои го дадоа својот живот за безбедноста и мирот на татковината. Нивната жртва е темел на нашата слобода, нивната храброст – пример за идните генерации. Вечна им слава и почит,“ порачаа од Единицата за брзо распоредување.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп издаде наредба за мобилизација на Националната гарда

Околу 1.700 припадници на Националната гарда се мобилизирани во 19 американски сојузни држави за да ѝ помогнат на Службата за имиграција и царина (ICE) и на Министерството за внатрешна безбедност, објави „Фокс њуз“. Овој потег претставува продолжение на политиката на претседателот Доналд Трамп да користи федерални сили за справување со криминалот и нелегалната имиграција, откако претходно оваа недела распореди Национална гарда во Вашингтон.Војниците ќе бидат мобилизирани од август до средината на ноември, а Тексас, како клучна држава на границата, ќе има најголемо присуство. Гардијанците ќе дадат поддршка во управување со кризни ситуации, транспорт, логистичка помош и административни задачи, но ќе служат и како фактор на одвраќање од криминал. Процесот може да вклучи собирање на лични податоци, отпечатоци од прсти, ДНК и фотографирање на лица кои се во притвор на ICE.Државите каде што се активира гарда се: Алабама, Арканзас, Флорида, Џорџија, Ајдахо, Индијана, Ајова, Луизијана, Небраска, Невада, Ново Мексико, Охајо, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси, Тексас, Јута, Вирџинија и Вајоминг.Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, одобри војниците во Вашингтон да носат оружје и да вршат полициски задачи. Трамп изјави дека е задоволен од распоредувањето во главниот град и најави дека Чикаго и Њујорк би можеле да бидат следни. „Чикаго е хаос, со неспособен градоначалник. Ќе го средиме тоа. Граѓаните бараат интервенција,“ рече тој.Трамп најави и федерализација на полицијата во Вашингтон, што е привремено овозможено со Законот за самоуправа на федералниот дистрикт. Тој потенцира дека неговите потези имаат поддршка од граѓаните, посебно, како што тврди, од афроамериканските жени.

Свет | пред 5 месеци

kucinja-kuce

Како Ѓорѓиевски би го решил проблемот со уличните кучиња

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, информира дека имал средба со претставници на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, новинарката Мери Јордановска, Ирена Ристиќ и волонтери од градот.На средбата се разговарало за хумано решавање на проблемот со бездомните животни, што, како што истакна Ѓорѓиевски, е прашање од заедничка одговорност кое директно ја засега и безбедноста на граѓаните.„Преку вистински политики и искрена волја можеме да изградиме град во кој животните нема да бидат заборавени, туку згрижени и заштитени. Заслужуваме град каде што целосно ќе биде решено ова хуманитарно, здравствено, безбедносно и економско прашање“, порача Ѓорѓиевски.Меѓу идеите што беа разменети се подобрување на условите во прифатилиштата, чипирање и стерилизација за контрола на популацијата, поттикнување на вдомувањето и едукација на граѓаните за одговорно сопствеништво.„Верувам дека заедно можеме да создадеме Скопје кое ќе биде пример за хуманост, град во кој граѓаните ќе се чувствуваат безбедно, а секое куче ќе има право на достоинствен живот,“ додаде кандидатот за градоначалник.

Скопје | пред 5 месеци

policija-alkohol

Уапсени возачи од Куманово и Кочани затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вечерните и ноќните часови на 22 и 23 август 2025 година, полициски службеници привеле тројца возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.Во Куманово, на 22 август во 22:50 часот, на крстосницата меѓу улиците „Народна револуција“ и „Тоде Думба“, бил лишен од слобода 44-годишниот Д.Ј. од село Биљановце. При контрола било утврдено дека возел „Цитроен“ со 1,96 промили алкохол во крвта. Неколку часа подоцна, на 23 август во 02:59 часот, полицијата на улицата „Ленинова“ го привела и 51-годишниот Б.М. од Куманово, кој управувал „Ауди“ со 2,04 промили алкохол.Во Кочани, пак, на 22 август во 21:10 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го привеле 47-годишниот Е.Д. кој возел со 1,59 промили алкохол во крвта.Сите лица биле задржани во полициските станици, а против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања