Скопје1.мк

bogdanka

СДСМ: Платите се 35 отсто од европскиот просек, а цените над 60 проценти – животниот стандард тоне

Животниот стандард на граѓаните постојано опаѓа, платите стагнираат, а цените растат – оцени СДСМ на денешната прес-конференција. Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, истакна дека Владата на Христијан Мицкоски ги запрела политиките на континуирано зголемување на платите што ги водеше СДСМ, доведувајќи ги граѓаните „до точка на преживување“.„Просечната плата во Македонија денеска изнесува само околу 35% од европската просечна плата, односно една третина. Од друга страна, цените достигнуваат над 60% од европскиот просек. Тоа значи дека граѓаните во маркет, на пазар, во продавница плаќаат речиси европски цени, а мора да живеат со трипати пониски плати“, рече Кузеска.Таа посочи дека синдикалната потрошувачка кошничка во август изнесувала 65.507 денари и дека „двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат основните месечни трошоци“.„Минималната плата во Македонија е меѓу најниските во Европа и регионот. Во БиХ минималната плата е 511 евра, во Србија 500 евра, во Црна Гора од 600 до 800 евра. Во Македонија, со власта на Мицкоски, минималната плата се држи на дното, иако требаше одамна да достигне 500 евра“, нагласи таа.СДСМ смета дека „погрешните економски политики на оваа влада ги заковаа платите и животниот стандард на дното во Европа“ и критикуваше дека во буџетот од шест милијарди евра нема пари за граѓаните, но има за „луксузирање на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ“.Кузеска порача дека потребни се итни мерки:зголемување на сите плати,покачување на минималната плата на 500 евра,укинување на ДДВ за храната, како што предлага СДСМ.„Тоа се единствените реални политики за достоинствен живот на работниците и граѓаните“, рече портпаролката на СДСМ.

Македонија | пред 5 месеци

unnamed-4

Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека хидросистемот Ѓавато е во процес на санација и дека во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен. Тој нагласи дека заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, на лице место ги утврдиле проблемите што со години наназад го попречувале системот да работи со полн капацитет. Мицкоски посочи дека голем дел од цевководите биле оштетени и нефункционални, што предизвикувало значителни загуби на вода.Премиерот истакна дека благодарение на општествено одговорна компанија веќе се пристапило кон санација на цевките и дека се очекува во наредните денови тие да бидат целосно санирани, што ќе овозможи зголемување на количината вода која се носи до резервоарот и понатаму во Дојранското Езеро. Дополнително, тој нагласи дека од предвидениот капацитет на хидросистемот од 1.000 литри во секунда, моментално функционираат само две бунарски пумпи со капацитет од по 100 литри во секунда, додека останатите не се во функција. Планот на Владата е најскоро време да се оспособат уште четири пумпи, а потоа и дополнителни две, со што ќе се достигне целосниот капацитет на системот.„Со тоа не само што ќе се подобри состојбата со Дојранското Езеро, туку ќе се помогне и на земјоделците и на граѓаните во регионот кои во одредени периоди од годината зависат од овој водовод,“ рече Мицкоски. Тој додаде дека Владата ќе донесе одлука фабриката за опрема и делови при склоп на РЕК Битола да ги демонтира и санира потребните пумпи во рок од десет дена.Мицкоски најави и поставување на соларни панели и батериски системи со вкупна моќност од околу 2 мегавати, со што ќе се намалат огромните месечни трошоци за електрична енергија, кои сега изнесуваат околу 200.000 евра. Според него, ова ќе значи заштеда од приближно 2,5 милиони евра годишно, пари кои ќе се користат за одржување на хидросистемот.„Пристапуваме системски, со цел Ѓавато да стане целосно оперативен и функционален во најскоро време,“ истакна премиерот, додавајќи дека години наназад апелите на вработените не биле слушнати од претходните власти.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Извештаите за работењето на Стоматолошката комора доставени до Обвинителството

Министерството за здравство ја достави целокупната документација и извештаи од надзорните комисии за работењето на Стоматолошката комора до Јавното обвинителство, за натамошно постапување согласно законските надлежности, потврдија за МИА од Министерството.Станува збор за три извештаи изготвени од комисијата за надзор над законитоста на вршењето на јавното овластување на Комората – од 25 февруари, 15 мај и 21 мај 2025 година. Дополнително, доставено е и известување до Комората од 11 март годинава, како и целосната документација од секторот за стоматолошка здравствена заштита.Од Министерството за здравство за МИА потсетуваат дека, со оглед на тоа што привремено ги презедоа надлежностите за издавање и продолжување лиценци за докторите по стоматологија, потребната документација може да се достави во нивната архива, до секторот за стоматолошка здравствена заштита.

Македонија | пред 5 месеци

gaza

Прогласен глад во Газа

Гладот ​​го погоди Појасот Газа и веројатно ќе се прошири во септември, соопшти глобалната иницијатива на IPC, во проценка што ќе го зголеми притисокот врз Израел да дозволи повеќе хуманитарна помош во палестинската енклава разорена од војната.Извештајот за Интегрирана класификација на безбедноста на храната (IPC) вели дека 514.000 луѓе, речиси една четвртина од палестинското население во Газа, страдаат од глад и дека тој број би можел да се зголеми на 641.000 до крајот на септември.Околу 280.000 од погодените луѓе се во северниот регион што го вклучува градот Газа, додека останатите се во Деир ал-Балах и Кан Јунис, централни и јужни области за кои IPC предвидува дека ќе бидат во состојба на глад до крајот на следниот месец.Критериуми за прогласување гладЗа еден регион да биде класифициран како регион во состојба на глад, најмалку 20 проценти од населението мора да страда од екстремен недостиг на храна, при што едно од три деца е акутно неухрането, а две лица од секои 10.000 жители умираат од глад, неухранетост или болест секој ден.Анализата на IPC дојде откако Велика Британија, Канада, Австралија и многу европски земји предупредија дека хуманитарната криза достигнала „незамисливи нивоа“ по речиси две години војна меѓу Израел и Хамас, палестинските милитанти. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, долго време предупредува на „епска хуманитарна катастрофа“ во енклавата со повеќе од два милиони луѓе.Ова е петти пат во последните 14 години IPC - иницијатива во која учествуваат 21 хуманитарна организација, агенции на Обединетите нации и регионални организации, а финансирана од Европската Унија, Германија, Обединетото Кралство и Канада - да идентификува глад.IPC претходно ја процени гладта во областите на Сомалија во 2011 година, Јужен Судан во 2017 и 2020 година и Судан во 2024 година.

Свет | пред 5 месеци

nikk

Светската ѕвезда Ник Кејв вечерва во Скопје, музички спекаткл со специјално донесено пијано од Грција

Скопје вечерва со нетрпение го очекува концертот на легендарниот австралиски музичар Ник Кејв, кој ќе настапи во 20 часот на стадионот на АРМ во Градски парк. На сцената ќе му се придружи и Колин Гринвуд, басистот на „Редиохед“, што ќе му даде поинтимен амбиент на настапот.Клучен дел од вечерната магија е пијаното на кое Кејв ќе свири, специјално донесено од Грција за оваа пригода. Организаторите соопштија дека сите фан-пит влезници се веќе распродадени, што е доказ дека скопската публика со огромна возбуда го чека настапот на еден од најголемите музички артисти на 20. и 21. век.фото: YouTube/Print Screen

Магазин | пред 5 месеци

policija-2457

Уште една измама со лажна сообраќајка – тетовчанка оштетена за над 26 илјади евра

Нова измама со добро познатиот метод „лажна сообраќајка“ е пријавена во Тетово.Како што информира МВР, на 21 август 2025 година во 14:40 часот, 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.Според пријавата, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди. За итна операција, наводно, биле потребни пари. Жената, верувајќи во измамата, ги фрлила парите од својот балкон на лице кое дошло да ги подигне. Подоцна сфатила дека станува збор за измама.„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 5 месеци

mucunski4-2

Муцунски: Градиме нови пријателства, но остануваме верни на НАТО, ЕУ и партнерството со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за NewsMax Balkans зборуваше за европската интеграција на државата, регионалните прашања, НАТО-членството, партнерството со ЕУ во областа на безбедноста и одбраната, како и за странските инвестиции.Тој нагласи дека Владата активно работи на проширување на меѓународните пријателства, без да ги запостави темелните стратешки приоритети – членството во НАТО, патот кон ЕУ и сојузништвото со САД.Муцунски потсети дека неодамна ја потпишал Заедничката декларација за стратешко партнерство со Велика Британија, како и билатерален договор меѓу двете влади, кој според него има историско значење поради обемот и содржината.„Благодарение на овој договор ќе се реализираат клучни инвестиции во неколку значајни сектори – меѓу кои Коридорот 10, здравствениот систем и дигиталната инфраструктура,“ истакна министерот.Како посебен пример на пријателство, Муцунски го наведе партнерството со Унгарија, кое, како што рече, веќе носи конкретни резултати – инфраструктурни проекти во повеќе општини, значителна финансиска помош за државата и директна поддршка за македонските компании.Министерот потсети дека Владата го потпишала и Договорот за партнерство со Европската Унија во сферата на безбедноста и одбраната. „Веќе е реализирана првата поддршка – Министерството за одбрана доби 20 милиони евра за набавка на опрема значајна за одбраната и безбедноста на државата,“ додаде тој.На крајот од интервјуто, Муцунски ја потенцираше конзистентноста на Владата во однос на меѓународната политика:„Активно работиме на проширување на пријателствата, но без да ги запоставиме нашите приоритети: НАТО-членството, европската интеграција и стратешкото партнерство со САД, кое е клучна гаранција за стабилноста на регионот.“

Македонија | пред 5 месеци

ukraina76878967

Руски ракети погодија американска фабрика во Украина – пораката на Путин до Трамп е јасна

Политичките пораки ретко се појасни од руските проектили што во ноќта меѓу среда и четврток удрија врз американска фабрика во западна Украина, далеку од фронтот на војната што нема крај.Овој напад е дел од една од најжестоките руски офанзиви со дронови и ракети во последниот месец и јасно покажува што рускиот претседател Владимир Путин мисли за мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува CNN.Минатата недела Трамп на Алјаска го пречека Путин со црвен тепих, а Белата куќа говореше за „историски помак“ во мировниот процес. Но, руските бомбардирања продолжуваат, цивили умираат, а Путин не покажува намера да го заврши војувањето. Најавуваниот самит меѓу украинските и руските лидери сè уште е само празно ветување.Според аналитичарите, Москва води стратегија на одложување, надевајќи се дека војската ќе оствари нови добивки на фронтот. Главниот тактичар е министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, познат по советските опструкции, кој повторно се обиде да внесе раздор меѓу САД и Европа.Претседателот Володимир Зеленски останува на ставот дека нема да се откаже од Донбас, бидејќи тоа би ја оставило Украина ранлива за идни напади кон Киев. Иако настојува да му угоди на Трамп и да покаже подготвеност за разговори, тој не може да прифати капитулација под маска на компромис.Трамп останува единствениот светски лидер кој може да зборува со двете страни, но неговите пораки често се контрадикторни. На социјалните мрежи најави дека е невозможно да се победи во војна без удари врз земјата-агресор, но само неколку дена претходно избегна да зборува за вклучување на американски сили. Снимен е и како на францускиот претседател Емануел Макрон му вели дека Путин „сака договор за него лично“.Додека Белата куќа зборува за „светло на крајот од тунелот“ и го величи Трамп како „претседател на мирот“, реалноста е дека Русија во новите напади уби девет цивили и рани 19 лица, меѓу кои и во напад на американската фабрика Flex Ltd. „Руските сили точно знаеја каде удираат“, рече Зеленски, истакнувајќи дека целта била американска инвестиција во Украина.Една недела по самитот на Алјаска, ситуацијата е јасна: Путин сака продолжување на борбите, Зеленски не може да попушти, а Европа е немоќна без Америка. Сè зависи од Трамп – дали навистина ќе го отвори патот за мир или ќе остане заробен во сопствените контрадикции.

Свет | пред 5 месеци

grk

(Видео) Херојски подвиг - млад Грк со СУП-даска спаси татко и неговите две деца од давење

Во Епаноми кај Солун викендов се одиграла вистинска драма со среќен крај, кога силните морски струи одвлекле две деца-туристи од Романија и нивниот татко кон отворено море. Случајно, на плажата се нашол млад човек со СУП-даска, кој успеал да го спаси таткото и да спречи трагедија, пренесе „Катимерини“.Инцидентот се случил во неделата попладне на плажата Калогрија. Двете деца, на возраст од 13 и 15 години, биле однесени од морето, а нивниот татко, обидувајќи се да ги спаси, останал целосно исцрпен и во опасност да се удави. Сцената ја забележал Евангелос Папајоану, кој сурфал во областа и веднаш им пришол.„Сурфав во областа и се враќав на брегот кога слушнав вресоци од морето. Се свртев и видов две деца, момче и девојче, во далечината, како повикуваат помош. Се приближив до нив и кога ги прашав што се случува, ми рекоа дека пливаат долго време и дека не можат да излезат“, раскажал Папајоану за грчките медиуми.Тој им објаснил дека пливаат спротивно од струјата и им кажал во која насока да се движат за брановите да им помогнат. „Не можев да повлечам двајца луѓе на даската и кога им реков дека ќе бидам со нив за да излеземе заедно на брегот, ми рекоа: ‘Ајде да одиме, одете да му помогнете на нашиот татко’“, вели Папајоану.„Веднаш почнав да гледам наоколу, но на почетокот не го видов. Се качив на даската и потоа го видов две или три секунди, бидејќи тонеше и се враќаше на површината“, опишува младиот херој.„Беше полусвесен, во паника, во шок. Не можеше да дише. Штом ме виде, малку се крена, ја зграпчи даската, но не можеше добро да се држи, се лизгаше, кашлаше и повраќаше вода. Го држев за рацете некое време за да може да се потпре на даската, бидејќи немаше сила, човекот беше целосно исцрпен“, додаде тој. По пет минути таткото се соземал, па заедно со Папајоану успеале да излезат на брегот.На плажата ги чекале децата, кои веќе успеале да испливаат и со прегратки му се заблагодариле на спасителот.„Јас и моите пријатели веќе бевме подготвени да тргнеме. Веќе бев на едно возење со даската и во последен момент решив да ја извадам камерата од автомобилот и да одам на друго возење за да снимам видео и да му го испратам на еден пријател. Оваа приказна се случи затоа што доцнев пет до десет минути до автомобилот“, вели Папајоану, додавајќи дека неговото присуство било „чиста среќа и случајност“.

Свет | пред 5 месеци

stojkoski-nikistani

Нов асфалт и инфраструктура во село Никиштани, Ѓорче Петров нема заборавени места, вели Стојкоски

Општина Ѓорче Петров започна со градежни активности во селото Никиштани, каде што ќе се изградат нови асфалтни површини на две улици со вкупна големина од 1.500 квадратни метри.Градоначалникот Александар Стојкоски денеска беше во посета на месното население и најави дека за прв пат општината интервенира на дел од главната улица што ја поврзува џамијата со центарот на селото, а која ќе обезбеди и подобра поврзаност со локалните патишта.„Најголемиот инвестиционен проект за Никиштани е реконструкцијата на главниот пат што го поврзува селото Орман со Никиштани. Тој ќе добие целосно нов лик, ќе биде проширен, ќе се изгради пешачка патека и ќе се постави ново улично осветлување,“ изјави Стојкоски.Со оваа инвестиција, како што нагласуваат од Општината, се потврдува заложбата за рамномерен развој и вложување во сите населени места на Ѓорче Петров.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-11.52.29

Само Чаирчанец може да го спаси Скопје, вели Апасиев за кандидатурата на Мециновиќ за Град Скопје

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска го промовираше кандидатот на партијата за градоначалник на Град Скопје – пратеникот Амар Мециновиќ. Кратко по прес-конференцијата објави и фотографија.„Само Чаирчанец може да го спаси Скопје“, напиша Апасиев, кој претходно најави дека Левица на овие локални избори ќе настапи со рекорден број кандидати.Партијата, како што истакна лидерот, ќе има над 20 кандидати за градоначалници низ државата и повеќе од 62 советнички листи„Ова покажува дека Левица прераснува од мала во средно-голема политичка партија,“ рече Апасиев.

Коментари | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Ќе побара ли Апасиев од Мециновиќ да го врати пратеничкиот мандат? ВМРО-ДПМНЕ му бара да биде доследен на изјавата од пред четири години

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во 2021 година побара сите пратеници кои се кандидираат за градоначалници да си поднесат оставки од пратеничката функција. Сега, кога Амар Мециновиќ се кандидираше за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го праша лидерот на Левица, дали ќе побара актуелниот пратеник да го врати мандатот.„Дали Апасиев ќе побара од Мециновиќ да си поднесе оставка од пратеник сега кога се кандидираше за градоначалник, како што бараше претходно? Очекуваме Апасиев да остане доследен до себе и да побара Мециновиќ да си поднесе оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Инаку, Мециновиќ денеска беше претставен како кандидат на Левица за градоначалник на Скопје, на престојните локални избори.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-11.34.13

(Видео) Дојавата за бомба во парламентот на Република Српска, каде се дискутираше за референдумот за Додик

Седницата на Народното собрание на Република Српска, закажана за изјаснување околу предлогот за организирање референдум, беше одложена поради дојава за бомба. Заседанието, кое требаше да почне во 10 часот, беше прекинато додека специјализирани полициски тимови го проверуваа просторот.„Во 10:07 стигна известување до службите на Народното собрание дека е поставена експлозивна направа и моравме да извршиме целосна евакуација“, изјави генералниот секретар на парламентот, Борана Босанчиќ.Владејачката коалиција, предводена од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик, предложи Собранието да ја усвои оставката на премиерот Радован Вишковиќ, поднесена оваа недела, како и да донесе одлука за распишување референдум. На референдумот, граѓаните би се изјасниле дали треба да се почитува пресудата на Судот на БиХ со која Додик беше осуден на една година затвор, како и одлуката на Државната изборна комисија за одземање на неговиот мандат како претседател на РС.Хрватскиот европратеник Давор Иво Штир, известувач за БиХ во Европскиот парламент, оцени дека ваквите маневри на Додик се одамна видена тактика.„Додик повеќепати најавуваше референдуми и непризнавање на институциите на БиХ, за потоа сепак да ги признае. Ако продолжи да ја оспорува државноста, тоа не може добро да заврши – ни за него, ни за оние што го следат. Ако мислеше дека по победата на Доналд Трамп во САД ќе има простор за таква политика, се прецени. Тоа веќе се покажа неколку пати и ако продолжи, ќе ја влоши ситуацијата“, изјави Штир за сараевското „Ослобоѓење“.Во Република Српска досега е одржан само еден референдум – во септември 2016 година, за тоа дали 9 јануари ќе продолжи да се одбележува како „ден на РС“, и покрај одлуката на Уставниот суд на БиХ кој тоа го забрани. На тој референдум, кој беше оценет како нелегитимен, излегле околу 55% од регистрираните гласачи, а речиси сите што гласале, одговориле потврдно.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.57.47

Османи со националистички пораки во Чаир: „Не е лапсус – сакаат укинување на Рамковниот договор“

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, промовирајќи што ќе прави со општината, повторно се осврна на националистички прашања. Тој промовира теза дека се спрема укинување на Рамковниот договор. Ова доаѓа откако министерот за правда, Игор Филков рече „Бадентеровото мнозинство се злоупотребува, можеби е дојдено време да се ревидира“, а премиерот Христијан Мицкоски возврати: „Рамковниот договор е исполнет во целост и тоа е завршена тема“. Османи најави мобилизација, обвинувајќи дека „Македонија станува дел од српскиот свет“.„Јас мислам дека тоа не е лапсус и не е случајно, дека е дел од стратегијата на премиерот да бара од министрите да најават теми кои се многу проблематични, за потоа со празни деманти да балансира. Целта е во јавност да се пушти пробен балон, да се релативизира темата, да се навикне увото на граѓаните на таквата тема и еден ден како што направија со многу столбови на Рамковниот како јазикот, правото на одлучување на Албанците - да го поништат. Едно да кажам, нема да дозволат Албанците поништување на Рамковниот договор. Ова ќе нѐ најде мобизирани“, рече Османи.Според Османи, 461 пратеник од Европскиот парламент изгласале извештај според кој Македонија станува дел од српскиот свет.„Елементите на српскиот свет го фаќаат системот. Ова е изолација од ЕУ, станување дел од српскиот свет, кој е прокси на рускиот свет. Иднината на државата е загрозена“, рече Османи.

Македонија | пред 5 месеци

mecinovic-apasiev

Амар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Скопје од Левица, Апасиев најави рекорден број кандидати на локалните избори

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев соопшти дека кандидатот за градоначалник за Град Скопје од нивната партија ќе биде Амар Мециновиќ.„Левица ќе настапи со рекорден број на кандидати. На минатите избори имавме осум кандидати, оваа година ќе одиме со преку 20. Претходно имавме 38 советнички листи, а оваа година ќе одиме над 62. Ова покажува дека Левица прераснува од мала во средно-голема политичка партија. Почнуваме со претставување на кандидатот на градоначалник за Град Скопје, место кое ќе биде за најглавен мегдан“, рече Апасиев.Мециновиќ кажа кои ќе бидат негови приоритети, потсети дека бил и советник во Градот. Посебен фокус стави на јавниот транспорт, градската чистота, Генералниот урбанистички план, борбата со загадениот воздух.„Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јавниот превоз ќе ни биде првиот примарен приоритет за кој ќе се залагаме. На нивна страна се парите и моќта, а за она што ние го нудиме тие немаат одговор. Ова е наша борба и наша приказна, за нашето Скопје. За граѓаните треба да биде јасно дека гласаат за политичка волја, која ни пресуди ние сега да немаме автобуси“, рече Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Центар.Мециновиќ влезе во трката со Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Каја Шукова кандидатка на СДСМ.

Скопје | пред 5 месеци

naftovod-napad

(Видео) Украинците повторно нападнаа клучен руски нафтовод, Унгарија бесна: „Немаме нафта“

Украина изведат нов напад врз најголемата руска пумпна станица за нафта – дел од системот на нафтоводот „Дружба“, лоцирана во градот Унеча, Брјанска област. Информацијата ја потврди Роберт Бровди, познат како „Маѓар“, командант на украинските Сили за беспилотни системи, објави „Кијив Пост“.Според него, нападот бил изведен со дронови од 14. полк на украинските беспилотни сили. „UNECHA NPS – заврши во пепел“, напиша Бровди на „Телеграм“, објавувајќи и видео со пожарот по експлозиите. Постројката Унеча, сместена четириесетина километри од украинската граница е систем долг 9.000 километри снабдува со нафта руски воено-индустриски капацитети и претставува клучна извозна рута за Москва.На нападот веднаш реагираше унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој соопшти дека „снабдувањето на Унгарија со сурова нафта повторно е запрено“. Тој го нарече ударот „нов напад врз енергетската безбедност на Унгарија“ и предупреди на „уште еден обид земјата да се вовлече во војната“.Ова не е прв случај на напад врз истата станица. На 13 август украински дронови исто така погодија дел од постројката, по што беа пријавени повеќекратни експлозии и голем пожар.Според податоците на Генералштабот на Украина, нападите врз руските компании и инфраструктура во 2025 година предизвикале штети од 74,11 милијарди долари, што е околу 4% од рускиот БДП. Речиси 80% од метите биле нафтени и гасни капацитети – рафинерии, складишта и логистички центри како што е Унеча.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Ова се воените опции на Западот за Украина: „Европа ќе го даде лавовскиот дел од силите“

Војните команданти на САД и повеќе европски земји изминатите денови им претставија опции на своите советници за национална безбедност за тоа како да ѝ се обезбедат безбедносни гаранции на Украина, потврдија американски и европски функционери за „Ројтерс“.Средбата следеше откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе помогне во заштитата на Украина како дел од секој можен договор за завршување на руската војна, која трае веќе три и пол години.На состанокот што се одржа од вторник до четврток во Вашингтон учествуваа началниците на генералштабовите на САД, Финска, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство и Украина.Американскиот државен секретар Марко Рубио, кој воедно е и советник на Трамп за национална безбедност, одржал видео-конференција со своите европски колеги – меѓу нив британскиот советник за безбедност Џонатан Пауел, шефот на кабинетот на претседателката на Европската комисија Бјорн Сајберт и претставници од НАТО, Франција, Германија, Италија и Финска.Конечните детали допрва треба да се доработат, но според изворите, европските земји би дале „лавовски дел“ од силите во рамките на безбедносните гаранции за Украина. Тоа го потврди и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.Трамп изјави дека нема да распоредува американски копнени сили во Украина, но остави отворена можност за други форми на воен ангажман – како воздушна поддршка или дополнителни системи за противвоздушна одбрана.Меѓу разгледуваните опции е и испраќање европски сили во Украина под американско командување. Американската воздушна поддршка би можела да вклучува воведување зона на забрането летање, која би ја спроведувале американски борбени авиони.Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кеир Стармер изразија подготвеност за учество во ваква „коалиција на подготвените“, а и германскиот канцелар Фридрих Мерц сигнализираше отвореност. Во Германија, претставници на воениот синдикат предупредија дека за долгорочни мировни сили во Украина ќе бидат потребни „десетици илјади војници“.Во меѓувреме, извори од Кремљ тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин бара Украина да се откаже од амбициите за НАТО и да се повлече од целокупниот Донбас. Москва, според наводите, би прифатила замрзнување на фронтовите во Запорожје и Херсон, а дури и предавање на мали делови од регионите Харков, Суми и Дњепропетровск кои ги контролира.Путин останува цврст во барањето западните сили да не бидат распоредени во Украина – дури ни како мировни сили.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.43.09

Трамп со нова географска „лекција“: Крим е „среде океан“ и „голем колку Тексас“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја изненади јавноста со своите изјави за Украина. Во интервју за конзервативниот радио-водител Марк Левин, Трамп изјави дека Крим е „парче земја среде океан“ и „голем колку Тексас“.„Прекрасен е. Знаете, тој огромен дел земја што вирее среде океан, среде Црното Море. Толку е убав, навистина прекрасен,“ рече Трамп, додавајќи дека поранешниот претседател Барак Обама наводно ѝ порачил на Украина „да го препушти Крим на Русија“.Фактите се сосема поинакви. Крим не е „среде океан“, туку полуостров во Црното Море, кој со копното е поврзан преку украинската област Херсон. Со Русија е споен единствено преку 19-километарскиот Керчки мост, изграден по руската незаконска анексија во 2014 година – мост кој редовно е цел на украинските напади.Површината на полуостровот изнесува околу 27.000 квадратни километри, што е приближно еднакво на американската сојузна држава Масачусетс или на Хаити. Тексас, пак, е 26 пати поголем и дури нешто поширок од цела Украина.Во февруари 2014 година Русија распореди околу 30.000 војници на Крим, во време кога во Киев траеја крвавите денови на Евромајдан. За кратко време Москва ја презеде контролата и организираше нелегитимен референдум, без меѓународни набљудувачи и со вооружени војници на избирачките места. Кремљ тогаш објави дека 97% од гласачите наводно поддржале припојување кон Русија. Анексијата на Крим претставуваше најголемо насилно прекројување на границите во Европа по Втората светска војна – сè до целосната руска инвазија врз Украина во 2022 година.Ова не е првпат Трамп да даде конфузни изјави за Крим. Во април годинава тој на сопствената мрежа Truth Social напиша: „Зошто не се бореа за него пред 11 години, кога беше предаден на Русија без испукан куршум?“Фактите, сепак, јасно покажуваат дека Москва со години пред анексијата ја зголемуваше својата воена присутност на полуостровот преку договори со прорускиот претседател Виктор Јанукович. Русија тајно внесуваше ново оружје на Крим, а потоа го искористи политичкиот хаос во Киев за да ја преземе територијата.Со последната изјава, Трамп уште еднаш демонстрираше површно разбирање на географијата и на историјата на конфликтот. За Москва, пак, ваквите зборови од американски лидер се дипломатски подарок – бидејќи индиректно ја релативизираат најголемата повреда на меѓународното право во современа Европа.

Свет | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Раководител во Шуто Оризари украл 58.000 евра општински пари и си префрлил на своја фирма

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против раководител на сектор во општина Шуто Оризари, кој со лажни налози за исплата и злоупотреба на печат и потпис успеал да присвои 58.000 евра. Дел од парите ги префрлил кон фирма од Скопје, а остатокот кон фирма што самиот ја основал и во која бил сопственик.Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело Измама во службата, при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од Кривичниот законик. Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари со цел да прибави противправна имотна корист – од буџетската сметка на општината, по основ на одржување на училишни објекти, во пет наврати изготвил лажни налози за исплата на парични средства, злоупотребувајќи печат на општината како и скратен потпис на актуелен градоначалник на истата. Притоа откако ги пуштил паричните средства од трезорска сметка парите биле префрлени по основ на три налози кон правно лице од Скопје, а дополнително осомничениот формирал уште едно правно лице во кое тој бил сопственик каде што исто така пуштил уште два парични налози. На тој начин осомничениот Д.А. го оштетил буџетот на општина Шуто Оризари за 3.600.000 денари (58.000 евра)“, соопшти полицијата.

Скопје | пред 5 месеци

Politicar-grcija

Познатиот грчки политичар Апостолос Везиропулос почина по срцев удар на Халкидики

Поранешниот пратеник и висок функционер на Нова демократија, Апостолос Везиропулос, почина на 59-годишна возраст, откако доживеа срцев удар за време на престој на плажа во Ситонија, Халкидики. Веста ја објави грчката телевизија „Скај“.Како што пишуваат грчките медиуми, несреќата се случила вчера попладне на плажата Калогрија, каде поранешниот заменик-министер за финансии и актуелен секретар на пратеничката група на Нова демократија се почувствувал лошо додека бил во еден од баровите на плажата. Итна помош го пренела во Здравствениот дом „Агиос Николаос“, каде лекарите и спасувачите се обидувале да го реанимираат.Тој бил префрлен во болницата „Папагеоргиу“ во Солун, каде за жал била констатирана смрт.Подоцна бил транспортиран во болницата „Папагеоргиу“ во Солун, каде лекарите ја констатирале неговата смрт.Апостолос Везиропулос е роден на 29 мај 1966 година.Сочувство за неговата смрт изразија европратеникот од ПАСОК, Никос Папандреу, и портпаролот на СИРИЗА, Костас Захаријадес.фото: ФБ

Свет | пред 5 месеци

kim-vojnik

(Видео) Ким плаче и ги прегрнува војниците, прв пат ги признава загубите кај Курск: „Простете ми“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната против Украина, велејќи дека „му се крши срцето“, во ретко признание за воените загуби на Пјонгјанг, објави Си-Ен-Ен.Ким ги даде овие коментари на церемонија во Пјонгјанг, каде што се сретна со командантите на единица која се бореше во западниот руски регион Курск, објави севернокорејскиот државен медиум КЦНА. Тој ги пофали како „херојска армија“, а фотографиите се гледа како закачува медали на нивните униформи. Фотографиите објавени од КЦНА, исто така, покажуваат како Ким става значки на врамени фотографии од загинатите војници, чии имиња беа напишани со златна боја под сликите.„Срцето ме боли и огорчен сум додека се соочувам со реалноста дека благородните личности кои ги дадоа своите скапоцени животи за големата победа и слава можат да се сретнат само преку фотографии на спомен-ѕидот“, рече Ким во својот говор. „Додека стојам пред ожалостените семејства на паднатите војници, не знам како да го изразам моето жалење и извинување што не успеавме да ги заштитиме нашите драгоцени синови.“Според објавените снимки, церемонијата била исклучително емотивна. Ким се сретнал со ожалостените членови на семејството кои плачеле и им оддале почит на сликите од војниците. На неколку фотографии се гледа како Ким ги прегрнува расплаканите деца и војници. По церемонијата, властите одржаа банкет во чест на единицата што се вратила.

Свет | пред 5 месеци

f_37272129_1280

(Видео) Хиперсоничните ракети – „супероружје“ што може да ја смени војната

Хиперсоничните ракети, новата генерација на офанзивни оружја што летаат со брзини повеќекратно поголеми од звукот и можат да маневрираат во лет, стануваат централна точка на глобалната трка во вооружувањето. Русија и Кина предничат во развојот, додека САД и сојузниците настојуваат да ја достигнат технолошката рамнотежа.Кина уште во 2019 година на парадата во Пекинг ја претстави ракетата DF-17, додека Русија се фали со системите „Авангард“ и „Орешник“. Вашингтон последниве години инвестира во сопствени програми како „Dark Eagle“, но заостанува поради деценискиот фокус врз антитерористички операции.Хиперсоничните ракети летаат најмалку пет пати побрзо од звукот (Mach 5), на ниски височини и со можност за нагли промени на насоката, што ги прави речиси невидливи за радарите. За разлика од класичните балистички проектили, овие оружја се појавуваат на сензорите дури во последната фаза на летот, оставајќи многу малку време за одбрана и пресретнување.Постојат два вида:Хиперсонични „glide“ проектили, кои се истрелуваат и потоа клизаат кон целта.Хиперсонични крстосувачки ракети, што користат scramjet мотори и летаат блиску до земјата.Според експерти, нивната најголема закана не е само разорната моќ, туку фактот што е речиси невозможно навреме да се откријат.Рускиот претседател Владимир Путин редовно ја истакнува оваа предност, со тврдења дека „можат да претворат градови во прашина“. Минатата година Москва тестираше нов модел „Орешник“ над украинскиот град Днипро, кој достигнал брзина од Mach 11 и се распаднал во повеќе боеви глави што погодија различни цели. Стратезите предупредуваат дека вакво оружје може за неколку минути да стигне до било кој европски град.Покрај Русија, Кина и САД, и други држави вложуваат во оваа технологија: Иран тврди дека располага со хиперсонични ракети, Израел развива системи за пресретнување, а Северна Кореја демонстрира редовни тестирања. Франција и Јапонија, исто така, инвестираат во истражувања.Иако експертите предупредуваат на потенцијалот за стратешка надмоќ, дел од воените аналитичари сметаат дека заканата е делумно пренагласена. „Нападот и одбраната уште немаат совршено решение,“ вели поранешниот британски адмирал Том Шарп.Едно е сигурно – кој прв ќе успее да создаде ефикасен хиперсоничен арсенал, ќе стекне клучна предност во геополитичките судири на иднината.

Свет | пред 5 месеци

siljanovska-t324

Сиљановска-Давкова: Струга е поетска република што гради мостови и го менува светот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа го отвори 64. издание на Струшките вечери на поезијата, каде што во рамки на свеченото отворање се одржа и Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова потсети дека фестивалот започнал во 1961 година, по повод стогодишнината од издавањето на Зборникот на браќата Миладиновци, и оцени дека Струга прераснала во „поетска република“ која обединува творци од целиот свет.„Најважните белези на струшкиот поетски републиканизам се универзалноста, отвореноста, инклузивноста, рамноправноста, талентираноста и слободољубивоста. Струга е место што ги спојува поетите без разлика на политичките или идеолошките поделби“, рече претседателката.Таа предупреди на предизвиците од дигиталната зависност, сензационализмот и брзиот развој на технологијата, нагласувајќи дека и покрај вештачката интелигенција, „само поетите се господари на чувствата и волшебници на зборот“.Сиљановска-Давкова потсети на судбината на забранети книги, меѓу кои и АБЕЦЕДАРОТ, и истакна дека „живиот збор е делотворно оружје што може да ја разбуди совеста, да поттикне активност и да ја промени реалноста“.Таа го поздрави враќањето на традиционалните белези на фестивалот – читањата кај Св. Климент во Охрид, поетското пловење до Св. Наум и матинето во дворот на „Св. Богородица Перивлепта“, и ги прогласи овогодинешните Струшки вечери за отворени.„Од тука, од Струга, вие сте го менувале и сѐ уште можете да го менувате светот, градејќи вечни поетски мостови од мислата и зборот, проткаени со ум и чувства“, порача Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-09.54.11

(Видео) Џамбазов е репер за преживување, нема човек што е позлоупотребуван од него, раскажа Михајловски

Актерот Тони Михајловски во втората сезона на подкастот „Претрес со Ландов“ проговори за својот колега Игор Џамбазов, опишувајќи го како човек кој успеал да преживее најтешки животни премрежја, а притоа никогаш не злоупотребил никого – иако самиот многу пати бил злоупотребен од луѓето околу него.„Игор Џамбазов сам по себе е репер за тоа како се преживува на оваа сцена и што сè може човек да поднесе. Нема човек што толку сака да помогне на друг, а истовремено нема човек што е повеќе злоупотребуван од него“, изјави Михајловски.Михајловски раскажа и сцена од минатото, кога Џамбазов престојувал во Неготино, без средства за живот.„Седиме, има пари за една паштета и четврт лепче, и во тој момент му се јавува човек од Скопје. Игор мислеше дека конечно добива спас, излез од блатото. Но човекот дојде единствено за да му потпише авторски права за некоја песна. Го злоупотреби тоа што го познава“, рече Михајловски.Според него, токму во тие моменти Џамбазов ја сфатил суровата вистина – дека многу од луѓето што ги сметал за блиски гледаат само свои интереси.И покрај сите падови, Михајловски истакнува дека Џамбазов секогаш успевал да се врати.„Успеал да излезе од најтемните улички на својот живот, од најподрумските простории, па да стане синоним и препознатлив симбол за мултиталентираност во државата. И потоа ќе се појави некој новокомпониран и ќе рече – не може тој да ми биде репер. Како не може?“, праша Михајловски.На крајот заклучи: „Џамбазов најмногу се повредил себеси и оние најблиски околу него. Но за другите – секогаш бил само од корист. Никогаш никого не искористил, а него – предолго и премногу“.Михајловски за првпат раскажа во детали за неговиот живот, но и за односот со политиката, колеги...Погледнете:

Магазин | пред 5 месеци

0-02-05-0c18bfe524b6aae54a4bc506686e78d39d9b33df62f29043e4b6f3ab86e7536b_21d1182000d

Десетдневниот пожар во „Јасен“ конечно изгаснат со помош на дождот

Дождот кој утрово заврна на подрачјето на ловиштето „Јасен“ и траеше нешто повеќе од два часа помогна да се изгасне пожарот што повеќе од десетина дена пустошеше во регионот.И покрај обилните врнежи, на одредени делови од пожарната линија и понатаму има чадење.„По кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Овој терен ќе биде пребаран и со дронови со термални камери“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.Екипи на ЈП „Јасен“ продолжуваат со патролирање се додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат.Дожд денес падна претежно во северните и северозападните делови на државата, додека во источните, југоисточните, централните и југозападните региони засега немаше врнежи.Според прогнозите на УХМР, денес се очекува силен ветер со брзина до 60 км/час, што значително го зголемува ризикот од нови пожари на отворен простор.„Апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар, но и да пријават секое сомнително однесување. Доколку забележат електрични жици кои се допираат или искрат, веднаш да пријават во ЕВН или на бројот 112“, порача Ангелов.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања