Скопје1.мк

policija-policaec-35-450x270-1

Лишени од слобода две лица во Струга, на градската депонија предизвикале пожар

На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп, кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар.Против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 02.08.2025 во 17:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода З.И.(24) од Неготино. По издадена судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес и ОВР Неготино, извршија претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени 2 000 евра, мобилен телефон и зелена растителна материја. З.И. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 02.08.2025 во 18:35 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.А.(31) од Кавадарци. По претходно издадена судска наредба, при извршен личен претрес кај него била пронајдена и одземена зелена растителна материја, а при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, зелена растителна материја, 21 семка и пакување со цветови од зелена растителна материја. Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 месеци

rasta

Уапсен српскиот рапер Раста во Охрид – кај него пронајдена марихуана

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста е уапсен синоќа (2 август) во Охрид, во присуство на минувачи. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето се случило нешто по полноќ, на 3 август во 00:10 часот, на стадионот во Охрид.„Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, кај кого при извршен преглед беше пронајдена и одземена марихуана“, соопштија од МВР.Раста е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Инаку тој требаше да настапи на стадионот.Настанот предизвика бурни реакции кај фановите на раперот, кој беше присутен во Охрид по повод летни музички настани.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Исчезна 15-годишна девојка со своето новороденче – МВР трага по мајката и бебето

На 2 август 2025 година, во Полициската станица Карпош, Р.Л. (42) од Скопје пријавил дека неговата 15-годишна ќерка, Е.Л., утрото околу 07:00 часот се оддалечила од семејниот дом во непознат правец, носејќи го со себе и своето новороденче.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на малолетната мајка и детето.

Скопје | пред 6 месеци

brza-pomos

Маж од Скопје починал, по два дена откако паднал од тротинет – случајот ќе се истражува

На 2 август 2025 година, во 09:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ со екипа од Итната медицинска помош бил донесен починат Б.С. (55) од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.“На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош во ГОБ „8 Септември“ во Скопје бил донесен починат Б.С. (55) од Скопје. Според пријавеното, тој на 31.07.2025 паднал од тротинет, но не се упатил во болница за укажување на медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција”, велат од МВР.По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта. Случајот е во фаза на истрага.

Скопје | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Мотоциклист тешко повреден во несреќа кај Скудриње

Во попладневните часови на 2 август, околу 16:20 часот, на влезот во селото Скудриње се случила тешка сообраќајна несреќа во која сериозно бил повреден 48-годишниот Н.Б. од истото село, информира Министерството за внатрешни работи.Според официјалните податоци, Н.Б. управувал мотоцикл марка „Хамачи“ без регистарски таблици, кога изгубил контрола над возилото и излетал од локалниот пат. Од здобиените повреди, тој бил пренесен во Општата болница во Дебар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.На местото на настанот извршен бил увид од страна на увидна екипа при ОВР Гостивар. Причините за несреќата се сѐ уште предмет на истрага.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Трагедија во Кратовско: Загина маж откако се превртел трактор

Во утринските часови на 2 август, околу 9:00 часот, во кратовското село Крилатица се случила трагична несреќа во која животот го загубил 61-годишниот Д.И. од село Куклица, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила кога тракторот што го управувал Д.И. се превртел, при што возачот починал на самото место. На местото на несреќата бил повикан јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Кратово.Точните околности под кои дошло до несреќата се предмет на истрага.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_6897

Се трага по 15-годишник од Битола – избега од установата за згрижување деца во Козле

На 3 август 2025 година, во 00:10 часот, во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Јавната установа за згрижување деца ОЕ Козле се оддалечил 15-годишниот И.И. од Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.Момчето, кое било сместено во установата, самоволно ја напуштило локацијата, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање.Случајот е евидентиран и се работи на утврдување на околностите под кои исчезнал малолетникот.

Македонија | пред 6 месеци

476D2DF5-BAE8-4083-9BE1-2431B9B4FB9E_1_102_a

(Видео) Спектакл за паметење: Лепа Брена го „запали“ Охрид со концерт каков што не се памети

Под отворено небо, со илјадници светла, моќен звук и публика што не престануваше да пее, Лепа Брена приреди вистински спектакл на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Брена, со сценска енергија каква што ретко се гледа и по четири децении на сцена, излезе пред публиката облечена во блескаво сребрено сценско издание, придружена од својот бенд.Сцената беше спектакл сам по себе – со огромни LED екрани, танчери, специјални ефекти и динамично осветлување. Секој детаљ беше испланиран – од визуелизациите зад неа до кореографиите што ја следеа секоја песна.Концертот го организираше „Балкан медиа“, а Брена најави дека до крајот на годината, доаѓа со концерт во Скопје.

Магазин | пред 6 месеци

rast-na-berzi

Светските берзи во пад поради новите трговски царини на САД

Минатата недела цените на акциите на светските берзи забележаа остар пад, откако Вашингтон воведе високи царини за увоз од земјите со кои до 1 август не постигна трговски договор. Ова предизвика голема несигурност кај инвеститорите и ги затресе пазарите ширум светот.На Волстрит, индексот Dow Jones се намали за 2,9% и се затвори на 43.588 поени, S&P 500 загуби 2,4% (6.238 поени), додека Nasdaq падна за 2,2% и заврши на 20.650 поени.Падот следуваше откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба за воведување царини од 10 до 50% на увоз од земји како Индија (25%), Тајван (20%), Тајланд (19%), Швајцарија (39%) и Бразил (50%). Дополнително, царините за некои канадски производи се зголемени од 25% на 35%.Сега се очекува одлуката на Трамп дали ќе се продолжат преговорите со Кина или ќе следи дополнително зголемување на царините кон втората најголема светска економија.Иако новите царини може да го зголемат буџетскиот приход, експертите предупредуваат на раст на инфлацијата. Федералните резерви (ФЕД) одлучија да ги задржат каматните стапки непроменети поради „ниска невработеност и стабилно пазарно работење“, но и покачена инфлација. Тоа ги разочара инвеститорите кои очекуваа намалување на каматите уште во септември.Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, изјави дека е рано за одлука за намалување на каматите и дека моменталната монетарна политика е „благо рестриктивна, но не го гуши економскиот раст“. Ова доаѓа и покрај инсистирањето на Трамп да се олесни монетарната политика пред изборите.Иако БДП на САД порасна за 3% во второто тримесечје – повеќе од очекувањата – вестите за слаб раст на вработеноста ги вознемирија пазарите. Во јули се отвориле само 73.000 нови работни места, далеку под очекувањата, а ревидираните податоци покажаа дека во мај и јуни биле отворени 258.000 помалку работни места од првично објавеното.Овие индикатори укажуваат на забавување на пазарот на труд и нови предизвици за ФЕД, кој е под притисок – дали да ги намали каматите за да стимулира вработување или да ги задржи поради растечката инфлација.И европските берзи беа во минус. Лондонскиот FTSE изгуби 0,6% (9.068 поени), франкфуртскиот DAX потона 3,3% (23.425 поени), а парискиот CAC ослабе 3,7% (7.546 поени).Берзите влегуваат во период на нестабилност и висока осетливост на економски и политички вести – особено додека се чека следната одлука на ФЕД во септември.

Свет | пред 6 месеци

rusija-raketa

„Орешник“ – руската хиперсонична ракета што ја менува рамнотежата на моќта?

Ниту Украина ниту нејзините западни сојузници во моментов немаат ефикасна одбрана против новата руска хиперсонична ракета „Орешник“, тврди поранешниот безбедносен аналитичар на Пентагон, Мајкл Малов. Според него, ова оружје би можело драматично да го наруши стратешкиот баланс, особено во тековниот конфликт во Украина.„Поседувањето ракета за која во моментов не постои противмерка е извонреден технолошки пробив. Украинците немаат одбрана против тоа“, изјави Малов за „Russia Today“. Тој посочи дека ракетата се движи со брзина над 11.000 км/час и може да погоди цел за само неколку минути.Хиперсоничниот проектил, кој според Москва веќе бил успешно употребен при напад на украинскиот воено-индустриски комплекс „Јужмаш“ во ноември 2024 година, може да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави. Рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека при тој напад „Орешник“ достигнал брзина поголема од 10 маха, што го прави недостижен за постојните противракетни системи.Путин потврди и дека масовното производство на „Орешник“ е веќе започнато, а воената опрема е веќе дел од арсеналот на руската армија. Најави и можен трансфер на технологијата во Белорусија до крајот на 2025 година.Иако САД работат на надградба на својот систем THAAD за справување со вакви закани, Малов предупредува дека тие програми сè уште се во фаза на развој и не нудат реална заштита во моментов.Хиперсоничниот „Орешник“ веќе се наметнува како нова пресвртница во воената технологија, со потенцијал да ја редефинира геополитичката рамнотежа – особено ако други земји почнат да се вооружуваат со истото.

пред 6 месеци

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.07

Хамас: Нема разоружување без палестинска државa

Палестинската организација Хамас објави дека нема да го положи оружјето сè додека не се воспостави целосно независна и суверена палестинска држава со Ерусалим како главен град. Со тоа директно го демантираа американскиот изасланик Стив Виткоф, пратеник на претседателот Доналд Трамп, кој неодамна тврдеше дека Хамас е подготвен да се разоружа.Изјавата на Хамас доаѓа во период кога индиректните преговори со Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците се во ќорсокак. Според Хамас, правото на вооружен отпор останува легитимно сè додека не се исполни условот за државност.„Нема да се откажеме од нашето право на отпор. Оружјето е дел од нашата борба за слобода и тоа ќе продолжи додека не биде основана суверена палестинска држава со Ерусалим како главен град“, соопшти Хамас.Израел од своја страна продолжува со воени закани, барајќи разоружување и ослободување на заложниците како услов за прекин на огнот. Израелската армија обвини дека Хамас ги изложува заложниците на глад и тешки услови во Газа, пренесува BBC.И покрај зголемениот меѓународен притисок, вклучително и од арапски и западни држави, шансите за брз договор остануваат мали.

Свет | пред 6 месеци

Нема фотографија

Дим и експлозии близу најголемата нуклеарната централа во Европа – расте ризикот за безбедноста

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) предупредува на сериозен ризик по нуклеарната безбедност откако нејзин тим утрово забележал дим и слушнал експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје – најголемата ваква централа во Европа.Според соопштението на генералниот директор на агенцијата, Рафаел Маријано Гроси, нападот започнал околу 9 часот со употреба на дронови и артилериско гранатирање, при што мета била помошна инфраструктура на околу 1.200 метри од главниот енергетски блок. Во текот на целото претпладне, димот од погодената зона бил јасно видлив.„Секој напад во близина на нуклеарна електрана – без разлика на целта – претставува потенцијална закана по нуклеарната безбедност и мора итно да се избегне“, изјави Гроси, додавајќи: „Повторно повикувам на максимална воена воздржаност околу нуклеарните објекти, за да се спречи ризикот од катастрофална нуклеарна несреќа.“Нападот се случува во услови на продолжена воена ескалација во регионот, а Запорожје останува под контрола на руските сили од 2022 година, што редовно предизвикува загриженост кај меѓународната јавност поради блискоста на воените дејствија до нуклеарната постројка.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

САД отвори истрага против обвинителот кој го водеше случајот против Трамп

Американската независна федерална агенција Office of Special Counsel (OSC) покрена формална истрага против поранешниот специјален обвинител Џек Смит – човекот кој ги водеше двете највисокопрофилни истраги против Доналд Трамп по неговиот прв мандат.Истрагата треба да утврди дали Смит го прекршил федералниот закон што им забранува на вработените во државна служба да го користат својот службен статус за политички цели. Поводот за истрагата доаѓа по барање поднесено од републиканскиот сенатор Том Котон, кој го обвини Смит дека ги злоупотребил своите овластувања со цел да му наштети на Трамп во трката за Белата куќа.„Станува збор за политички актер под маска на јавен службеник. Затоа барав итна истрага за ова невидено мешање во изборите во 2024 година“, напиша Котон на социјалната мрежа X.Иако OSC нема овластување да покрене кривични постапки, нејзините наоди може да влијаат врз понатамошни политички и правни последици.Џек Смит, кој поднесе оставка во јануари откако Трамп повторно ја обезбеди републиканската номинација, досега не дал јавен коментар. Тој го обвини Трамп во два одвоени предмети – за злоупотреба на доверливи документи и за обид за уривање на резултатите од претседателските избори во 2020 година, што кулминираше со нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.Ниту еден од случаите не стигна до судење – тие беа одложени поради правни предизвици и пресудата на Врховниот суд, кој на поранешните претседатели им признава широк имунитет од кривично гонење.Смит во јануари објави извештај во кој стои дека доказите против Трамп се доволни за осудителна пресуда, но дека, согласно долготрајната пракса на Министерството за правда, не се гони актуелен претседател.Во меѓувреме, Трамп – кој ги негира сите обвинувања – го користи развојот како дел од својата кампања, претставувајќи се како жртва на „политички монтирани“ процеси. Истрагата против Смит дополнително ја заострува политичката атмосфера пред изборите во ноември.

Свет | пред 6 месеци

rusija-pozar

Украински дронови предизвикаа пожари и повреди во Русија – нападнати Вороњеш и Сочи

Во најновите прекуноќни напади со дронови, Украина погодила неколку цели на руска територија, при што е повредена најмалку една жена, а предизвикани се пожари во домови и инфраструктурни објекти во Вороњеш и Сочи, јавуваат руските власти.Гувернерот на Вороњешката област, Александар Гусев, соопшти дека руските сили за противвоздушна одбрана уништиле околу 15 украински беспилотни летала над регионот, но кршотини предизвикале запалување на неколку куќи и комунални објекти. Тој додаде дека „опасноста од нови напади сè уште постои“.Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека вкупно 41 дрон бил соборен во саботата до полноќ над неколку региони гранични со Украина, како и над Црното Море. Во градот Сочи, нападот резултирал со голем пожар во нафтено складиште со капацитет од 2.000 кубни метри, потврди гувернерот на Краснодарскиот крај, Венјамин Кондратјев. Повеќе од 120 пожарникари учествувале во гаснењето на пожарот. Според руската авијациска служба „Росавијација“, аеродромот во Сочи привремено ги суспендирал летовите поради безбедносни причини.Овие напади доаѓаат по неколку слични украински операции на руска територија, особено насочени кон објекти кои Киев ги смета за клучни за руските воени напори – како складишта, рафинерии и логистички центри. Украинската страна, засега, не ги коментираше нападите.Иако двете страни негираат дека намерно ги таргетираат цивилите, Москва и Киев постојано разменуваат обвинувања во војната што Русија ја започна во февруари 2022 година со инвазија на Украина.

Свет | пред 6 месеци

vulkan

Прва ерупција по 600 години: Вулканот Крашениников на Камчатка се разбуди по силниот земјотрес

По речиси шест века мирување, вулканот Крашениников на рускиот полуостров Камчатка доживеа ноќна ерупција, прва во историјата што е документирана. Рускиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека ерупцијата може да биде поврзана со силниот земјотрес што минатата недела го погоди рускиот Далечен исток и предизвика предупредувања за цунами сè до Француска Полинезија и Чиле.„Ова е прва историски потврдена ерупција на вулканот Крашениников во последните 600 години“, изјави Оља Гирина, раководителка на мониторинг тимот за вулканска активност. Таа додаде дека последната ерупција се проценува дека се случила околу 1463 година, со можни отстапувања од 40 години.По ерупцијата, регистриран е облак од вулкански пепел што достигнал височина од 6.000 метри, пренесе руското Министерство за вонредни ситуации. Вулканот, висок 1.856 метри, моментално не претставува закана за населени места – пепелниот облак се движи кон исток, во насока на Тихиот Океан.Инцидентот доби „портокалов“ авијациски код, што укажува на зголемен ризик за воздушниот сообраќај во регионот.Паралелно со Крашениников, еруптираше и најактивниот вулкан на полуостровот – Клучевски, што дополнително ги засили сеизмолошките стравувања на Камчатка. Научниците продолжуваат да ја следат ситуацијата и потенцијалните последици од новата фаза на вулканска активност.

Свет | пред 6 месеци

526941598_122248523630197509_7212545005421830999_n

Тошковски од Трново: Илинден е инспирација, не само сеќавање

Министерот за внатрешни работи Панчо Тошковски утрово учествуваше на традиционалната Семакедонска средба во Трново, по повод Илинден – празникот кој, како што нагласи, претставува симбол на стремежот на македонскиот народ да биде свој на своето.„Не сме тука само да се потсетиме на минатото како нешто изгубено, туку да се инспирираме од него. Жртвата на нашите предци треба да ни биде сила што нè води напред“, рече Тошковски, испраќајќи порака на единство и самодоверба.„Денес од Трново испраќаме јасна порака – дека сме обединети, способни и решени. Не за да бидеме против некого, туку за да бидеме за себе – за Македонија“, изјави министерот, завршувајќи со честитка: „Да ни е честит празникот. Да е вечна Македонија.“

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-10-27-at-11.43.36

Затвореник од Идризово почина во Клиниките „Мајка Тереза”

Денеска (02.08.2025) во 01:20 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив за укажување помош од КПД Затвор Идризово бил донесен затвореникот С.Д., но поради тешката здравствена состојба, тој починал во 03:07 часот.За случајот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено за обдукција.

Македонија | пред 6 месеци

policacec-ohrid

Нереди, насилство и дрога низ Охрид за Илинден: Четворица приведени во една ноќ

Илинденската ноќ во Охрид помина со серија инциденти – од тепачки во казино до запленета дрога на спортски терени и улици. СВР Охрид информира за четири одвоени случаи во период од само неколку часа, со повеќе приведени лица.Во 00:30 часот, на 2 август, во казино на улицата „Партизанска“, јавниот ред и мир бил нарушен со физички напад. А.Ф. од Охрид физички го нападнал сограѓанинот С.М. (34). Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.Неколку часа претходно, на 1 август во 21:50 часот, на спортски центар во Охрид, бил лишен од слобода Д.Д. (26) од селото Тремник, Неготинско. При преглед, кај него била пронајдена и одземена опаковка со бела прашкаста материја – сомнеж за дрога. Слична ситуација се случила и во 23:10 часот, кога полицијата го привела И.Ј. (41) од Охрид со иста материја во негово поседување.Утрината, на 2 август во 05:40 часот, на булеварот „Македонски Просветители“, бил приведен и К.Г. (28) од Љубљана, Словенија. И кај него, полициските службеници пронашле бела прашкаста материја.Сите случаи се документираат и против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

Охрид | пред 6 месеци

deponija-sutka

(Видео) Како Бангладеш: Во Шутка расфрлан отпад околу цело игралиште, кој може да е извор на зарази

Спроти зградата на Општина Шуто Оризари, во непосредна близина на детското игралиште, се создава нова дива депонија. Наместо простор за одмор и игра на најмладите, теренот е претворен во жариште на отпад – расфрлани кеси, стари предмети и останато ѓубре доминираат на секој чекор.Жителите на овој дел од Скопје укажуваат на проблемот, но велат дека надлежните остануваат глуви. Молиме за реакција, никој не доаѓа“, коментира локален жител.Оваа ситуација повторно ја отвора темата за несоодветниот однос на институциите кон заедниците во периферните општини. Но и однесувањето на граѓаните кон околината во која живеат.Граѓаните бараат итна интервенција и чистење на локацијата.

Скопје | пред 6 месеци

2402025_Mickoski_pres_2

Мицкоски потврди: ВМРО-ДПМНЕ ќе има свој кандидат за градоначалник на Кичево

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер, Христијан Мицкоски, ја потврди намерата на партијата да настапи со сопствен кандидат на локалните избори во Кичево.„Да, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе кандидираат градоначалник на Кичево“, рече Мицкоски, додавајќи дека внимателно ги следи дискусиите околу таа тема и, како што рече, „точно препознавам кој е инспираторот“.Тој посочи дека иницијативата за отворање на ова прашање доаѓа од опозициски кругови:„Тоа доаѓа токму од онаа опозиција која по 22 години не е во Владата. Тие хушкаат хушкачи“, изјави Мицкоски.Изјавата доаѓа во пресрет на изборната трка за една од најетнички чувствителните општини во земјава, каде досега ВМРО-ДПМНЕ ретко настапувала со сопствен кандидат.

пред 6 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Нашата мирновременска борба не е завршена, порача Филипче за Илинден

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Крушево упати честитка по повод Илинден, подвлекувајќи ја историјата и обврската што произлегува од двата Илиндени – 1903 и 1944 година.„Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, борбата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме двата Илиндени – и Крушевскиот и АСНОМ-скиот“, рече Филипче.Тој се поклони пред жртвите вградени во темелите на македонската држава и потенцираше дека нивната жртва не смее да биде заборавена. „Од една сиромашна, полуфеудална и неразвиена земја, денес живееме во модерна држава. Но, нашата мирновременска борба не е завршена“, предупреди Филипче.Според него, клучната задача сега е Македонија конечно да стане полноправна членка на Европската Унија: „Припаѓаме таму – цивилизациски, културно и географски.“Филипче повика на надминување на поделбите и вештачките етикети на „патриоти“ и „предавници“:„Вистински патриотизам денес е да се унапредува државата. Само заедно можеме да го продолжиме патот што нашите претци го започнаа со Илинден.“

Македонија | пред 6 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: Илинден е жив идентитет и обврска за иднината

„Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност, жива вистина за Македонија која живее“, порача премиерот Христијан Мицкоски по повод 2 Август – Илинден. Тој подвлече дека овој ден не е само историски спомен, туку постојан потсетник на стремежот за слобода, правда и државна самостојност.„На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за достоинство. Тој стремеж денес е остварен, но не и завршен“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека Илинден е и обврска – особено за институциите, кои мора да работат чесно и одговорно.Тој посочи дека Владата е свесна за довербата што граѓаните ѝ ја дале и за обврската таа да се оправда со резултати.„Ќе ја направиме Македонија држава на можности – праведна, безбедна и просперитетна, со силни институции на страната на граѓаните“, рече Мицкоски, додавајќи дека оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро – и ќе покаже.Во пораката премиерот подвлече дека Илинден обединува и повикува на надминување на поделбите: „Да извлечеме сила од историјата и да ја претвориме во иднина. Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност.“

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп: Не сум добил барање за помилување на Гилејн Максвел – ништо не знам за тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не добил никакво барање за помилување на Гилејн Максвел, поранешната соработничка на Џефри Епштајн, која моментално издржува 20-годишна затворска казна поради учество во сексуално злоставување на малолетнички.„Имам овластување да ја помилувам, но никој не ми побарал да го направам тоа“, рече Трамп во интервју за Newsmax. „Не знам ништо за случајот.“Изјавата доаѓа откако Максвел неодамна беше преместена во затвор со минимални безбедносни услови во Тексас, една недела по состанокот со заменик-државниот обвинител Тод Бланш. Тој, според информации, разговарал со неа за други можни лица вмешани во злосторствата на Епштајн.Преместувањето на Максвел ја поттикна јавноста и дел од конзервативната база на Трамп, како и демократите во Конгресот, да бараат поголема транспарентност од Министерството за правда, особено околу потенцијалните нови инволвирани личности и тајните документи од истрагата.Максвел е прогласена за виновна во 2021 година за регрутирање девојки за сексуална злоупотреба од страна на Епштајн. Таа се изјасни за невина и побара од Врховниот суд да ја поништи пресудата. Нејзините адвокати изјавија дека таа би го поздравила евентуалното помилување од Трамп, но не е поднесено официјално барање.Епштајн, кој се изјасни за невин, беше пронајден мртов во својата ќелија во Њујорк во 2019 година, додека чекаше судење за трговија со луѓе и сексуално искористување. Американските власти сега бараат дозвола за објавување на сведочењата пред големата порота, кои би можеле да откријат нови детали за мрежата на злоупотреба и соработниците на Епштајн.

Свет | пред 6 месеци

juan-kolumbija

Поранешен порно актер и ЛГБТ активист ќе стане министер за еднаквост во Колумбија

Хуан Карлос Флориан, поранешен порно актер и борец за правата на ЛГБТ заедницата, ќе биде именуван за нов министер за еднаквост во Колумбија, потврди владини извори за агенцијата AFP.Флориан, кој во минатото бил сексуален работник и продуцент на хомосексуална порнографија, ќе ја предводи институцијата задолжена за заштита на ранливите категории граѓани и нивниот пристап до социјални програми.Неговото именување сигурно ќе предизвика силна полемика во оваа длабоко католичка јужноамериканска држава. Сепак, тој веќе има искуство во владините институции, а работел и за меѓународни организации.Ова е само најновото од низата контроверзни кадровски решенија на левичарскиот претседател Густаво Петро, чии три години мандат се одбележани со повеќе од 50 промени во министерските редови.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања