Скопје1.мк

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Жена нападната по сообраќаен конфликт во Шуто Оризари

Физички напад врз жена е пријавен во полициското одделение Шуто Оризари, по расправија во сообраќајот. Настанот се случил на 3 август околу пладне, а според пријавата, напаѓачот бил маж со кого жената претходно имала недоразбирање на патот.-На 03.08.2025 во 20.15 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.В.(55) од с.Мирковци, скопско, пријавила дека околу 12:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Скопје | пред 6 месеци

Fudbal-Mozz

Фудбалот е повеќе од игра – Караванот на Mozzart пристигнува во Свети Николе!

После Охрид и Велес, радоста и спортскиот дух продолжуваат да го освојуваат и Свети Николе. Караванот „Фудбалот е повеќе од игра“ утре ќе го донесе третиот мини пич терен, ново место каде младите соништа ќе се будат, топките ќе тропаат со надеж, а срцата ќе чукаат во ритамот на спортот.Оваа акција, започната во Србија, годинава со љубов и посветеност се реализира и во Македонија. Секој терен е доказ дека фудбалот поврзува генерации, зајакнува заедници и инспирира идни шампиони.Теренот во Свети Николе со гордост ќе го носи името на легендарниот македонски фудбалер Бобан Бабунски, додавајќи му посебен дух и чест на овој простор. Претходно, фудбалската магија веќе оживеа во Охрид со теренот на Гоце Толески и во Велес со теренот посветен на Панче Ќумбев.Свеченото отворање ќе се одржи утре, на 05.08.2025, со почеток во 18:30 часот, на ул. 29 Ноември.Mozzart ве поканува да бидете дел од овој незаборавен момент – да го прославиме спортот, заедништвото и соништата.„Ве покануваме сите љубители на фудбалот – дојдете, поддржете, инспирирајте! Заедно да го заокружиме патувањето на караванот оваа година со радост, емоција и верба дека фудбалот навистина е повеќе од игра,“ порачуваат од компанијата Mozzart.*пр објава

Македонија | пред 6 месеци

soobrakajka-5001

Четири возила во сообраќајка кај Тајмиште – тешко повреден мотоциклист

Вчера (3 август) околу 13:00 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на селото Тајмиште, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила, а еден мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди.Како што информираат од СВР Охрид, во несреќата учествувале: мотоцикл со битолски регистарски ознаки управуван од 45-годишниот Д.Б. од селото Љубојно, ресенско, товарно возило „Фолксваген“ со тетовски таблици управувано од В.Ј. (38) од село Раковец, Боговиње, патничко возило „Опел“ со германски национални ознаки управувано од Љ.С. (40) од село Пршовце, Теарце, патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски таблици управувано од Д.С. (39) од село Црешево, скопско.Во незгодата, тешко повреден бил мотоциклистот Д.Б., чии повреди биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево.Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево, која работи на утврдување на причините за судирот.фото: Архива/Скопје1

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-40-9280PM

Прегазена жена на патот Кичево-Македонски брод, со тешки повреди однесена во болница

Во петокот вечерта, околу 21:20 часот, на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, во близина на влезот за селото Лисичани, општина Пласница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која 30-годишна жена била сериозно повредена.Според информациите од СВР Охрид, патничко возило марка „Мерцедес“ со кичевски регистарски таблички, управувано од 23-годишниот Н.Н. од селото Челопеци, удрило во пешакот А.В. од Лисичани. Жената со тешки телесни повреди била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде биле констатирани нејзините повреди.Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а полицијата работи на целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.

Македонија | пред 6 месеци

ohrid-carsija-policija

Полицијата со две интервенции во Охрид: Приведено лице со дрога и угостител кој послужувал алкохол на малолетници

СВР Охрид регистрираше две нарушувања на јавниот ред и закон во текот на вчерашниот ден (3 август), при што беа преземени конкретни мерки против сторителите.Во вечерните часови, во 23:15, полициски службеници од криминалистичката полиција го приведоа 33-годишниот охриѓанец А.Е., кај кого била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, за која се сомнева дека е дрога. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Претходно, околу 16:30 часот, при контроли на плажите во автокампот „Градиште“, полицијата затекнала вработени од еден угостителски објект како послужуваат алкохол на малолетници. По налог на јавен обвинител се преземаат мерки за документирање на инцидентот, а против правниот субјект и одговорното лице ќе следуваат пријави.

Охрид | пред 6 месеци

ohrid-gubree

Охридските комуналци со 24-часовен ангажман за чист град во екот на сезоната

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ информира дека нивните оперативни екипи работеа без прекин во деновите пред и по Илинден, со цел да се одржи јавната хигиена на највисоко ниво во текот на најфреквентниот туристички период. Со постојано присуство на терен, особено во утринските часови, екипите расчистуваа големи количини отпад од јавните површини, обезбедувајќи чист и уреден изглед на градот.

Охрид | пред 6 месеци

hugel

(Видео) „Dame un grrr“: Хугел ја запали охридската ноќ – финале на летната еуфорија

Францускиот диџеј и продуцент Хугел синоќа приреди вистински спектакл во Охрид, со сет полн со енергија, хитовски ритми и експлозивна атмосфера. Илјадници фанови танцуваа под отворено небо, создавајќи заедно со Hugel ноќ за паметење на стадионот „Билјанини извори“.Познат по своите ремикси и енергични перформанси, Hugel докажа зошто е едно од најбараните имиња на светската хаус-сцена. Сцената беше преплавена со светлосни ефекти, фанови и беспрекорна продукција, додека басовите вибрираа низ цел град.Настапот на Хугел дојде веднаш по спектаклот на Jason Derulo, и беше логично продолжение на врвната продукција што Прагма продукција ја обезбеди ова лето. Охрид, се позиционира како сериозна музичка дестинација на мапата на европските фестивали.

Магазин | пред 6 месеци

armin-sempre

(Видео) Битола под ритамот на Армин ван Бурен: „Sеmpre msuic“ ја загреа сцената на „Битола Опен Ер“

Битола синоќа живееше музичка еуфорија каква што одамна не се памети. Под ѕвездите, во рамките на фестивалот „Битола Опен Ер“, на сцената настапи еден од најголемите диџеи на светската електронска сцена – Армин ван Бурен. Атмосферата беше токму онаква каква што ѝ прилега на една таква музичка легенда – експлозивна, хипнотична и незаборавна.Пред светската ѕвезда да го преземе пулсот на градот, на сцената се качија момците Sempre Music – кои со својот сет маестрално ја отворија вечерта. Со динамична комбинација од мелодичен техно и длабоки грувови, Sempre Music успеаја да ја раздвижат публиката уште од првата минута, поставувајќи го темелот за ноќ исполнета со ритам и енергија. Нивниот настап беше пречекан со ентузијазам, а нивната музика – со аплауз и скандирања.Битола полека, но сигурно, станува нова точка на мапата на големите фестивали. Настапот на Армин ван Бурен тоа само го потврди.

Магазин | пред 6 месеци

ZHM

„Зелен хуман град“ почна да собира потписи за формирање партија и излез на избори

Изборната трка започнува и за „Зелен хуман град“ – граѓанското движење почна да собира потписи за формирање политичка партија, што е услов за учество на претстојните избори. Од ЗХГ велат дека партијата ќе биде само средство, а нивната мисија – борба за зеленило, транспарентност и јавен интерес – останува иста. Во продолжение нивниот повик до граѓаните:ПОТПИШИ СЕ ЗА ЗХГ ДЕНЕС!Драги луѓе, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД го почнува процесот на собирање 1.000 потписи за да основаме партија. Роковите се кратки, а принудени сме да формираме партија и да собереме потписи според строги законски правила за да имаме право да се кандидираме на избори и да продолжиме да се бориме. За воздух, за зеленило, за јавен интерес. За Скопје, какво што заслужуваме!ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори.Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните. Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности.ЗАПОЧНИ СО ПРОЦЕСОТ ТУКА: https://zhg.mk/potpisi/Тие 30-тина минути што ќе ги одвоиш во наредните 10 дена, ќе значат дека наредните 4 години ЗХГ ќе продолжи да се бори за тебе. Ќе продолжи да носи зеленило, транспаретност, дигитализација, борба за заштита на животните и борба против луда урбанизација.Партијата е само алатка – борбата продолжува. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД останува она што отсекогаш бил – заедница на луѓе што се грижат. За градот. За луѓето. За животните. За иднината. Нема шефови. Нема скриени спонзори. Само луѓе. Како тебе. Како нас.

Македонија | пред 6 месеци

izet-medziti

Кампања од кабинет – Меџити ќе биде и министер и кандидат за градоначалник на Чаир

Изет Меџити ќе продолжи со министерување, иако е кандидат за градоначалник на Чаир. Тој и другите кои ќе влезат во трката за локалните избори, нема да ги напуштат функциите. За премиерот Христијан Мицкоски, тоа не е ништо ново.„Секој министер има и заменик министер. Тие не поднесоа оставка, нормално е дека ќе ги извршуваат обврските во рамките на министерствата и истовремено ќе бидат кандидати. Тоа не е првпат да се случува, се случувало и во минатото“, рече Мицкоски.Прашан дали е етички и коректно, Меџити да води кампања, а да биде министер, премиерот Мицкоски рече дека политичарите не се тука да даваат морален суд.„Дали сметам дали е етички и коректно, не би дал коментар, односно ќе кажам дека не гледам зошто не би било. Се случувало и порано. Не е спротивно на закон“, рече Мицкоски.Мнозинство за измени на Изборниот законик засега нема. Според премиерот Христијан Мицкоски, измените се заглавени во Собрание.Изборите треба да се распишат оваа недела, а да се одржат во октомври.

Скопје | пред 6 месеци

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Владата ќе спречува ценовен шок пред учебната година

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека пред септември, ќе се воведат мерки за да се спречи ценовен шок на училишните прибори. Според него, ќе се бара и начин да се санкционираат тие кои планираат да ги зголемат цените на училишните материјали во пресрет на новата училишна година.„Сигурно ќе има мерки за училишната кошница. За да нема нагли зголемувања пред почеток на учебната година. Тоа однесување не само што ќе има жестока реакција од Владата, туку бараме законски можности како да санкционираме. Поврзано со цените во маркетите, апсолутно ги следиме овие два месеци, по двата месеци со мерки. И правиме анализа, за колку, одредени правни субјекти-маркети ги зголемиле цените“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

kosarka-kumanovoo

Од спорт до скандал – антиалбански скандирања предизвикаа лавина реакции

Бројни реакции и критики беа упатени по кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија-Романија кој се одржа во реновираната спортска сала во Куманово. Поради критиките дека навивачите скандирале навредливи и националистички пораки, Обвинителството отвори постапка. Министерот за спорт, Борко Ристовски, рече дека не реагирале оти скандирањата доаѓале од навивачи, а не клубови.„Немаме никаква ингеренција да реагираме кога доаѓа од навивачи. Во Македонија нема потреба за такви скандирања ниту од една, втора, трета страна. Секој нека си ја поддржува својата екипа, ама нема потреба од вакви скандирања. Ние може да работиме на едукација“, рече министерот за спорт Борко Ристовски.Премиерот Христијан Мицкоски, го осуди скандирањето, кое рече дека, дошло од „неколкумина“.„Во текот на вчерашниот ден, домаќинот, Кошаркарската федерација и Општина Куманово, го осудија скандирањето. Додека бев таму, не го забележав тоа, бидејќи стануваше збор за мала група луѓе. Еве ќе ја искористам приликата за испадот на национализмот и ксенофобијата, како и да упатам порака до сите групи да навиваат спортски“, рече премиерот Мицкоски.На социјалната мрежа „Фејсбук“ се огласи поранешниот министер за здравство Арбен Таравари кој упати остри критики кон премиерот, претставниците на ВРЕДИ, министерот Тошковски и други функционери.„Ние, Албанците, бевме проколнати за нашата мајка, семејство, потекло, племе и семе во хор од македонските навивачи! Премиерот молчеше и молчеше… се чинеше како да добива одговор на она што го поттикна пред неколку дена со палење оган меѓу етникумите и користење опасни изрази како „каур“. П.С. Викаа за Чиста Македонија (без Албанци)… Што да кажам?! Ќе изберам молчење како и секогаш, но овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот на Србија, па и подалеку, мора да биде осуден и изгаснат!“ напиша тој во објавата на „Фејсбук“.Вицепремиерот и министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити исто така ги осуди скандирањата за време на кошаркарскиот натпревар. Тој посочи дека Северна Македонија е заедничка земја за сите и дека спортот треба сите да ги обедини, а не да ги дели.„Најостро ги осудувам расистичките и антиалбанските скандирања што се слушнаа за време на кошаркарскиот натпревар во Куманово. Навредливите зборови и песни што поттикнуваат омраза немаат место во нашата држава и општество. Тие претставуваат напад врз соживотот и еднаквоста што ја прават Северна Македонија единствена. Северна Македонија е заедничка држава за сите: Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и други. Сите ние придонесуваме за оваа земја. Сите заслужуваме почит. Спортот треба да нè обединува, а не да нè дели. Фашистичките скандирања не претставуваат никого од нас и не смеат да се повторуваат повторно“ напиша Меџити на неговиот „Фејсбук“ профил.

Македонија | пред 6 месеци

zaloznici-izrael-gaza-hamas

Хамас подготвен да дозволи пристап за хуманитарна помош до израелските заложници, но имаат свои услови

По објавувањето на видео снимка на која е прикажан израелски заложник во сериозно влошена здравствена состојба, Хамас соопшти дека ќе овозможи пристап на Меѓународниот комитет на Црвениот крст до заложниците што ги држи во Појасот Газа – но само доколку се исполнат одредени услови.Палестинската милитантна организација бара Израел целосно да ја дозволи хуманитарната помош за палестинското цивилно население во Газа и да ги прекине воздушните извидувачки летови во периодот кога се распределува помошта. Изјавата беше објавена преку Телеграм од страна на портпарол на Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас.Истовремено, од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштија дека тој остварил контакт со регионалниот директор на МКЦК и побарал итна интервенција за обезбедување храна и медицинска помош за заложниците.Израелските власти велат дека Хамас држи околу дваесет израелски заложници, киднапирани на 7 октомври 2023 година, во мрежа на подземни тунели под Газа. Според истите извори, заложниците се наоѓаат во крајно нехумани услови и без соодветна нега.Во последните денови, Хамас објави неколку видеа на кои се гледаат заложници во состојба на видлива неухранетост и психофизички замор, што предизвика остри реакции во Израел и пошироко во меѓународната јавност.Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон остро ја осудија објавата на снимките, опишувајќи ги како „шокантни и вознемирувачки“, и упатија повик за итен пристап до заложниците.Израелски разузнавачки извори проценуваат дека Хамас ја користи тешката состојба на заложниците како средство за политички и дипломатски притисок врз израелската влада, во обид да обезбеди отстапки во областа на хуманитарната помош и преговорите за прекин на огнот.фото: Х

Свет | пред 6 месеци

policija-1313

ОЈО Струга отвори истрага за обид за убиство и насилство – предложен притвор за двајца осомничени

Две лица се опфатени со истражна постапка што ја отвори Основното јавно обвинителство Струга по насилен инцидент што се случил на 2 август во Струга. Едниот од осомничените се товари за обид за убиство и насилство, а вториот за помагање при извршувањето на делото.-На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил БМВ Х6 го попречил патот на Фолксваген голф 7 во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице. Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото, информираат од обвинителството.Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Македонија | пред 6 месеци

avtobus-patuvanje1

Двегодишно девојче пронајдено живо во куфер во автобус во Нов Зеланд, уапсена е 27-годишна жена

Двегодишно девојче е пронајдено живо во куфер во багажникот на автобус во Нов Зеланд. Според полицијата, девојчето било многу жешко кога било пронајдено, но за среќа немало други видливи повреди, објавува Sky News.Шокантно откритиеИнцидентот се случил во неделата за време на застанување во Каивака, околу 100 километри северно од Окленд. Возачот на автобусот забележал движење во куферот откако еден од патниците побарал да пристапи до багажникот. Кога го отворил сомнителниот багаж, бил шокиран - внатре имало девојче.Главниот инспектор за детективи, Сајмон Харисон, рекол дека девојчето било „многу жешко, но инаку изгледало физички неповредено“. Веднаш била однесена во болница каде што била задржана на детални прегледи.Уапсена 27-годишна женаПолицијата уапси 27-годишна жена, чиј идентитет не е објавен, под обвинение за занемарување и злоупотреба на дете. Детективите не открија колку долго девојчето било во куферот ниту по која рута се движел автобусот.Жената треба да се појави на суд во понеделник, а службите за заштита на децата се известени.Entrada Travel Group, која управува со националната автобуска услуга InterCity, потврди дека инцидентот се случил во еден од нивните автобуси. „Полицијата беше повикана да реагира и да го истражи инцидентот. Никој не беше повреден за време на инцидентот“, се вели во соопштението на компанијата.Пофалби за мирниот возачВозачот на автобусот беше заслужен за среќниот исход, а детективот Харисон го пофали за тоа што „забележал дека нешто не е во ред и презел итни мерки, спречувајќи многу полош исход“.фото: Unsplash

Свет | пред 6 месеци

526323883_18380527114193710_8494147044000928277_n

(Видео) Џејсон Деруло приреди музички спектакл во Охрид: Илјадници фанови, светска продукција и незаборавна вечер под отворено небо

Стадионот „Билјанини извори“ пулсираше со светски ритам – американската мегазвезда Џејсон Деруло одржа концерт каков што ретко се гледа на овие простори.Илјадници фанови од цела Македонија и регионот беа сведоци на шоу полно со харизма, врвна продукција, и незаборавни хитови како „Wiggle“, „Talk Dirty“, „Trumpets“, „Swalla“ и „Savage Love“.Сцената беше спектакл сама по себе – со моќна светлосна и звучна поддршка, танчари, енергични кореографии и Деруло во врвна форма. Настапот не беше само концерт, туку целосно музичко и визуелно доживување што го трансформираше Охрид во епицентар на светската забава.Организаторот Прагма продукција по концертот порача: „Охрид синоќа блесна како една од најжешките музички дестинации во Европа, благодарение на неверојатната енергија што заеднички ја создадовме на спектакуларниот концерт на Џејсон Деруло! Од срце ви благодариме што бевте дел од ова незаборавно музичко доживување. Вашата поддршка, позитивна енергија и безрезервен ентузијазам го направија овој настан вистински спектакл!“.

Магазин | пред 6 месеци

Dusko-Cifliganec-zaginat

„Каде се брзаше другарче мое“, пријателите се простуваат од Душко Чифлиганец

Тажната вест за смртта на бизнисменот Душко Чифлиганец силно ги погоди неговите пријатели и јавни личности кои преку социјалните мрежи се простуваат од него со емотивни пораки. Душко (32) загина во Чешка, каде се случи тешка несреќа за време на мото-трка во Брно.И покрај напорите на лекарите, повредите на главата биле фатални.Неговиот најдобар другар и бизнис партнер Иван Ивановски напиша:Душко, прерано не напушти, пријателе. Не верував дека ќе дојде денот кога вака ќе ти се обраќам...Секој што те познаваше знае дека беше човек со големо срце, но и визионер каков што ретко се среќава. Јас ја имав честа да те имам не само како пријател, туку и како бизнис партнер.Имавме јасна визија, големи цели и уште поголема мотивација. Не правевме само планови, ги живеевме тие идеи, ги сонувавме со отворени очи и работевме посветено на нивно остварување.Твојата посветеност, твојот оптимизам, начинот на кој ги гледаше работите од поинаков агол, сето тоа ќе ми недостига секој ден. Не само во работата, туку и во животот.Во овие тешки мигови, моите мисли се со твоето семејство, со најблиските, со сите што те сакаа и почитуваа.Ќе продолжам, исто онака како што заедно замисливме. 
Во секоја одлука. Во секој нов чекор.Фала ти што беше тука, твојот дух ќе остане во се што правиме понатаму. Секој нареден успех ќе биде наш заеднички успех. Ветувам.Игор Дурловски:Жалосно е што понекогаш дури и во моменти на загуба, се заборава човечноста и се истакнуваат разликите. Нека неговото заминување биде потсетник да ја цениме секоја човечка душа и да покажуваме сочувство и почит.Нека почива во мир Душко и да му даде Господ царство небесно.Луција ЈаковлевскаЗа каде се брзаше бе другарче мое...Пасија ти беа трките со коли и со мотори...Беше прекрасен човек, голем другар и одличен бизнисмен...Понекогаш животот не е фер, Бог ги зема најдобрите луѓе кај себе.Почивај во мир Душко Чифлиганец, нека Бог ти ги отвори портите небесни.Сочувство до семејството.Во знак на почит, и многу јавни личности, меѓу кои Тамара Тодевска, Миро Кацаров, Иџе и Миа Костова, споделија спомени и изразија сочувство до неговото семејство. Во продолжение дел од нивните објави.

Македонија | пред 6 месеци

bujar-osmani

Османи: „Молкот на Владата за говорот на омраза е порака за нормализација на антиалбанската реторика“

Бујар Османи, остро реагираше на скандирањата со говор на омраза за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово, посочувајќи дека молкот од премиерот Мицкоски и Владата е уште позагрижувачки. Во својот пост на ФБ, тој оценува дека се нормализира антиалбанската реторика.-Скандирањата за „смрт на Шиптари“, за „гасни комори“, за „чиста Македонија“ пред бројна Владина делегација предводена од Премиерот претставува скандал сам по себе на кој треба сите да реагираат. Отсуството на реакција, пак, од самиот Премиер, и од Владата, испраќа позагрижувачка порака за нормализација на овие трендови.Мицковски ја пропушти шансата да покаже дека е Премиер на сите граѓани, и дека барем симболично е загрижен за навредите и заканите испратени кон Албанците во земјава.Тој требаше веднаш да ја напушти салата, или во најмала рака, преку реакција на социјалните мрежи, да ги осуди овие скандирања; пропушти и Владината служба формално да испрати реакција од страна на Владата, за која, пак, сме виделе дека има капацитет да произведува и серија соопштенија за најмали потреби.Овој скандал на трибините во Куманово не преставува изолиран случај, туку уште еден во низата преку кој Власта ја поттикнува, или во најмала рака, ја нормализира антиалбанската реторика во општеството. Да се потсетиме само на случајот со Богевски, коалицискиот партнер кој исто така се прослави со навреди и понижувања на Албанците, а беше награден и подоцна заштитен од самиот Премиер.Ова се опасни и загрижувачки тенденции, и оние кои ѝ мислат добро на земјата не треба да ги толерираат овие испади, туку треба јасно и недвосмислено да ги осудат“, напиша Османи.

Македонија | пред 6 месеци

kosarka-kumanovo

Обвинителството поведе постапка за говор на омраза на кошаркарскиот меч во Куманово

Основното обвинителство-Куманово започна предистражна постапка и му наложи на Секторот за внатрешни работи да испита можни елементи на кривично дело поврзано со говор на омраза, откако за време на натпреварот меѓу Македонија и Романија биле забележани скандирања со навредлива и омаловажувачка содржина од засега непознати лица.-Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до СВР Куманово издаде повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеа говор на омраза од засега непознати лица на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, велат оттаму.Како што информираат од обвинителството, издадена е наредба да се прибават видеоснимки од надзорните камери за полесно идентификување на инволвираните лица.Настанот се одиграл на 2 август во спортската сала во Куманово, кога двете репрезентации одиграа натпревар од квалификациите за Светското првенство во кошарка 2027.Натпреварот, во кој македонската селекција беше поразена со 72:80, воедно го означи и повторното отворање на реконструираната спортска сала во Куманово. Меѓу присутните на трибините беа и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот Максим Димитриевски.фото: ФБ

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-03-at-19.56.27

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од 24 часа борба за неговиот живот во чешка болница, тој не успеа да преживее. Лекарите се обидуваа да го спасат откако тој падна од морот во Чешка, од што се здобил со сериозни оштетувања на мозокот. Несреќата се случила вчера околу 16 часот.Семејството веднаш по несреќата заминало за Чешка, каде со докторите ги разгледувале сите опции за лекување. Душко, по падот, бил во кома и приклучен на апарати.Душко е познат како љубител на мотори и автомобили. Има добивано престижни признанија за брзински мотоциклизам.Душко Чифлиганец е генерален менаџер на фирмата „Адора”. Долги години живее во Дубаи, каде заврши и дел од високото образование.

Македонија | пред 6 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-03-at-18.41.36_06aac166

Душко Чифлиганец тешко повреден при возење мотор во Чешка

Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец е тешко повреден управувајќи мотор и се наоѓа во критична состојба.Несреќата се случила на позната патека за возење мотори во Чешка.Душко е познат како љубител на мотори и автомобили. Има добивано престижни признанија за брзински мотоциклизам.Душко Чифлиганец е генерален менаџер на фирмата „Адора”. Долги години живее во Дубаи, каде заврши и дел од високото образование.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-03-180237

(Видео) Национални шуми: Повторно нови пожари, во Македонија има многу граѓани кои не ѝ мислат добро

По краткиот прекин и станилизирање на состојбата претпладне, попладнево во повеќе места во Македонија изнувнаа нови пожари.Информацијата ја објави заменик директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, Кире Михаилов.„Дефинитивно во Македонија има многу граѓани кои не и мислат добро, друго објаснување за ова кое се случува јас немам. Пожаров кој го гледате е над село Ваксинце, општина Липково и избил пред 30 минути, а истиот ветерот многу бргу го шири накај Стража.Таму се две екипи на ЈП “Македонски Шуми” Куманово и ТППЕ Куманово.Откако ја стабилизиравме целосно состојбата и со добра координација на Главниот Штаб на Македонија до пладне го решивме и последниот активен пожар кај Долнени, во текот на попладневните часови веќе имаме пријава за неколку нови пожари.После пладне е пријавен нов пожар во близина на село Богомила, општина Велес каде веднаш од страна на Главниот Штаб беа упатени сили на ЈП “Македонски Шуми”, екипи на МВР и месно население, а таму на помош беше пратен и делуваше од воздух еден хеликоптер.Во 14 часот, во исто време се појавија два пожари, едниот во близина на село Милетино во општина Брвеница кој по брзата интервенција од копно беше локализиран и во општина Желино, во близина на село Церово на кој во моментов во координација со Главниот Штаб делуваат копнени сили составени од ТППЕ и ЈП “Македонски Шуми” и двата ЕР Трактори на ДЗС.Исто така, нашите копнени сили кои сеуште се наоѓаат високо на пожарот во Долнени над селото Стровија попладнево ни пријавија појава на дури четири нови чадења или нови пожари кој во моментов службите ги проверуваат и пристапуваат на гасење на истите”, напиша Михаилов на ФБ.Тој објави и видео од пожарот над Ваксинце.

Македонија | пред 6 месеци

policija-belgrad

Поранешните министри Весиќ и Момировиќ во притвор за корупција

Вишиот суд во Белград им одреди притвор до 30 дена на 13 осомничени во случајот за корупција за време на реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад и реконструкцијата и модернизацијата на железничката пруга Нови Сад – државна граница. Меѓу нив се и поранешните министри Томислав Момировиќ и Горан Весиќ.Одлуката за притвор сепак не е конечна, бидејќи адвокатите на осомничените имаат право на жалба на оваа одлука во следните три дена.Томислав Момировиќ, Анита Димовски, Небојша Шурлан и другите осомничени кои досега беа испрашувани од Обвинителството за организиран криминал негираа каква било вина во врска со корупцијата во проектот за реконструкција на железничката пруга од Нови Сад до Суботица.Горан Весиќ не бил испрашуван бидејќи била доставена медицинска документација во која се наведува дека е на болничко лекување.Приведените се сомничат дека го оштетиле буџетот на Република Србија за 115,56 милиони американски долари, што претставува разлика помеѓу преземените финансиски обврски за државниот буџет и договорната цена од комерцијалниот договор.

Свет | пред 6 месеци

ambulanta

Од печено месо отруени повеќе од 20 гости на слава, меѓу отруените и деца

На слава во село Павловац, од печено месо повеќе од 20 лица се јавиле на лекар поради симптоми од труење.Четири лица, вчера, се задржани на одделението за инфективни болести во Општата болница во Врање.Како што соопштија од Здравствениот дом во Врање, меѓу затруените има и деца.Сите пациенти се пуштени дома по прегледот, а четирите возрасни лица кои биле задржани се во стабилна состојба.

Македонија | пред 6 месеци

petrusevski

Петрушевски: Кога СДСМ повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски кого го спасија и држат на функција

„Кога СДСМ повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и го држат на функција“ , вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и додава:СДСМ и главниот обвинител Коцевски, играа пинг-понг во јавноста, се до моментот кога тој требаше да си замине од позицијата, па СДС мораше јавно да истапи и да го брани, за да се спасат себе си.Кога граѓаните се прашуваат до каде е случајот, треба да знаат дека е на линија помеѓу главниот обвинител Коцевски и СДСМ. Вторите лажно го напаѓаа првиот, за да создадат привид во јавноста, операција која не им успеа затоа што мораа да го бранат во Собрание, да не останат без него.На фолирањето на СДСМ му дојде крај. Не додржаа ниту еден месец, па СДСМ мораше да се соголи, и да покаже дека ќе направат се само главниот обвинител, Љупчо Коцевски, да остане на позиција.Сега е многу очигледно и зошто СДСМ држеше пресови за Кочани, каде со лажно душегрижништво го напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ, а всушност договорени со нивниот обвинител Коцевски, сакаа да креираат хаос.Сите обиди за хаос и сценарија на СДСМ се изјаловија.Секој може да види каде е вистината, а таа е дека СДСМ го спаси главниот обвинител Коцевски, кој има задача да ги спасува нив од одговорност, но и да им креира наративи за политички прес-конференции, како во случајот со Кочани.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања