Скопје1.мк

528638447_1234337865374551_7145224522103510401_n

Костовски: Д-р Никола Божиновски е нов претседател на Советот на Општина Бутел, убеден сум дека ќе имаме одлична соработка

„Д-р Никола Божиновски е нов пртетседател на Советот на Општина Бутел“, напиша Дарко Костовски во неговата фејсбук објава и додаде:Д-р Никола е специјализант ЈЗУ Универзитетска Клиника. Никола живее во Бутел 2, пред се станува за добар млад човек. Тој добро ја познава душата на Општина Бутел, неколку години работеше и како матичен лекар во Бутел. Слободно можам да кажам дека беше исклучително омилен кај своите пациенти.Д-р Никола е човек со изграден карактер, човек со интегритет, на посебен начин ја доживува Македонија, особено Општина Бутел.Нашата Општина може да се гордее со вакви квалитетни млади луѓе.Докторе, убеден сум дека ќе имаме одлична соработка, не чека многу работа, покажавме дека можеме и знаеме. Тек допрва доаѓаат најголемите работи.Искрено сакам да му се заблагодарам на досегашниот претседател на совет д-р Игор Николов за одличната соработка. Тој веќе е избран за амбасадор во Р. Франција. Честитки.

Слајдер | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Кривична пријава за две лица од Скопје, изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл.258 ст.3 од Кривичен законик.Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, при што континуирано му упатувале сериозни закани врз неговиот и животот на неговата фамилија, со што прибавиле противправна имотна корист во вредност од 300.000 евра.Во наведениот временски период оштетениот од Ш.М. земал 30.000 евра договарајќи се секој 1-ви во месецот да му исплаќа камата од 16%, при што до сега во повеќе наврати преку брз трансфер на пари, но и лично на Ш.М. му исплатил вкупно околу 300.000 евра.На 04.08.2025, врз основа на претходен договор меѓу Ш.М. и оштетениот, тие се сретнале во кафе бар во склоп на бензинска пумпа во Куманово, каде оштетениот му дал на Ш.М. 2000 евра, по што Ш.М. е лишен од слобода, а при извршен преглед на лицето, кај него се пронајдени парите.Врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во куќа каде престојуваат Ш.М. и Ф.М., при што е пронајдена документација поврзана со кривичното дело.

Скопје | пред 6 месеци

kosarka-kumanovoo

МВР апелира за фер и спортско навивање, а било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.Во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во СВР Куманово веќе се повикани неколку осомничени лица со кои што е извршен службен разговор, и по извршени анализи во координација со ОЈО Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки против инволвираните лица, вклучително и кривични постапки. Денеска, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.М. (30) од Куманово, кој се сомничи дека на полувреме од кошаркарскиот натпревар се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина. По целосно расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.Во тој контекст, МВР уште еднаш нагласува дека во рамки на обезбедувањето на мирни и непречени спортски натпревари, полицијата ќе биде крајно ригорозна по однос на било какви нарушувања на јавниот ред и мир, односно било какви навредливи скандирања врз база на национална, етничка или верска припадност и тоа ќе биде најстрого санкционирано, без никаква толеранција. Само спортското фер навивање и бодрење може да ни донесе успеси, победи и спортски радости.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Продавал билети за концерт што не постоел, кривична пријава за Скопјанец

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 25-годишен скопјанец, кој преку веб страница продавал билети за концерт што никогаш не бил планиран ниту договорен. Според МВР, осомничениот не им ги вратил парите на оштетените граѓани, а се товари за кривично дело „компјутерска измама“.-Денеска (05.08.2025) Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело „компјутерска измама“ по чл.251-б од Кривичниот законик. А.Х. во периодот од 04.04.2025 до 13.06.2025 како одговорно лице на компанија која организира музички настани, преку веб страница за продавање на билети овозможил електронско купување на билети за концерт кој воопшто не бил предвиден да се одржи, односно не бил склучен никаков договор за негово одржување, со што ги довел лицата во заблуда да купат билети за концертот и притоа не ги рефундирал парите, соопѓти МВР.Секторот за компјутерски криминал во рамки на утврдениот делокруг на надлежности, продолжува активно да спроведува мониторинг на содржините на социјалните мрежи и целокупниот интернет простор, со цел превенција на повикување на насилство, загрозување на сигурноста, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, злоупотреба на лични податоци и говор на омраза со елементи од кривични дела за кои се постапува по службена должност.

Скопје | пред 6 месеци

seizmograf

Македонија може да остане без 13 сеизмолошки станици, МОН најавува можно решение преку научен проект

Ако не се обезбедат средства и нова опрема, државата од почетокот на 2026 година ризикува да остане без телеметриската мрежа од 13 сеизмолошки станици што ја покриваат територијата на цела Македонија и пограничниот регион. Причината – истекувањето на меѓународниот проект AdriaArray, по чие завршување германската влада ќе ги повлече инструментите со кои во моментов се врши мониторингот на сеизмичката активност.Со ова, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе остане без функционална опрема, а мрежата за следење земјотреси во реално време ќе биде практично нефункционална. Институцијата веќе алармираше за тешка состојба, поради недостиг на опрема, кадар, софтвери и сеизмометри.Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека постои надеж оти преку тековен конкурс за научно-истражувачки проекти може да се обезбедат барем дел од неопходните средства.– „Ова прашање е актуелно и е многу значајно бидејќи ние сме трусно подрачје. Германската влада ќе си ги повлече инструментите затоа што завршува проектот“ – изјави министерката на денешната прес-конференција.Таа додаде дека веќе неколку пати имала средби со директорката на Сеизмолошката опсерваторија и разговарале за можностите за решавање на проблемот.– „Односно да се обезбедиме, тоа не е помош, тоа е сигурност на сите граѓани на оваа земја. Јас сум многу среќна што кога ги разгледував апликациите на научно-истражувачките проекти, видов дека Сеизмолошката опсерваторија конкурирала на овој конкурс и, според информациите кои ги добивам од комисијата, многу се големи изгледите тие и да го добијат овој проект, со што ќе се обезбедат дел од средствата за да се набават одреден број инструменти. Ако тоа биде така, не можам да прејудицирам, но се надевам дека ќе биде така, малку од малку нешто ќе покриеме, а потоа продолжуваме да го решаваме проблемот за кој сметам дека ургентен и многу значаен“ – рече Јаневска.Организацијата ORFEUS, која стои зад проектот AdriaArray, од 2023 година инсталираше 13 привремени сеизмолошки станици во земјава. Мисијата е насочена кон подобро разбирање на движењата на Јадранската микроплоча и следење на сеизмичноста во регионот и глобално. Но, веќе во март 2026 година тие ја напуштаат Македонија и продолжуваат во други земји.Опсерваторијата предупредува дека за минимално ниво на сеизмички мониторинг во реално време потребни се барем десет нови станици, лиценциран софтвер и модерна компјутерска опрема. Во моментов, дополнителен сеизмички надзор се врши и на стратешки точки – браните Козјак и Св. Петка, како и на локацијата Белица кај Кнежево.

Македонија | пред 6 месеци

Dusko-Cifliganec-zaginat

Погребна церемонија за Душко Чифлиганец во среда – останките изложени во храмот во Аеродром

Семејството Чифлиганец соопшти дека посмртните останки на починатиот Душко Чифлиганец ќе бидат изложени на 6 август (среда) во 14 часот во храмот „Св. Јован Крстител“ во општина Аеродром.Опелото ќе го водат свештени лица предводени од Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.Душко Чифлиганец, познат македонски бизнисмен и заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“, загина на 3 август 2025 година по сериозна повреда од пад со мотор на трка во Брно, Чешка.Со хеликоптер е веднаш пренесен во медицинскиот центар во Брно во критична состојба и им подлегнал на повредите наредниот ден.

пред 6 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Крвава тепачка во Бардовци, осуденик со стаклено шише усмртил друг осуденик!

Ноќеска се случила тепачка меѓу две лица во Психијатриската болница Бардовци, по што едно од нив починало во болница заради повреди здобиени од убоди од стаклено шише, соопшти Министерството за внатрешни.„На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.T. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот. Имено, Д.С. е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на МВР.

Скопје | пред 6 месеци

hauba

Tошковски: Опасното возење за слава на мрежите ќе биде санкционирано

„Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание“ – со оваа порака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски реагираше по објавувањето на видео на кое се гледаат млади лица како се возат на хауба од автомобил што се движи со голема брзина низ скопските улици.Случајот предизвика силна реакција во јавноста, а МВР веднаш презеде мерки и ги идентификуваше лицата вклучени во опасното возење.-Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи.Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, напиша министерот.

Македонија | пред 6 месеци

kosarka-kumanovoo

Инцидентот во Куманово стигна до ФИБА – стартува истрага против МКФ

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) поведе истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања што се случија за време на натпреварот меѓу Македонија и Романија, кој се одигра во саботата во Куманово.Како што соопштија од ФИБА, во моментот се прибираат сите релевантни извештаи поврзани со инцидентот, а федерацијата е во постојана комуникација со националните кошаркарски тела, локалните институции и органите за спроведување на законот.Неприфатливото однесување на дел од публиката беше остро осудено од страна на Македонската кошаркарска федерација, Министерството за спорт, како и од политичките претставници во земјата. Министерството за внатрешни работи, пак, веќе презема мерки за идентификација и санкционирање на сторителите.

Македонија | пред 6 месеци

1L3A2067

Импресивен роденденски концерт на „Охридско лето“ со ангелскиот глас на Ана Дурловски

Со ангелскиот глас на првенката на Македонската опера и балет, сопранот Ана Дурловски која настапи во придружба на ерменско-германската пијанистка Анахит Тер-Татшатјан, вчеравечер пред многубројна публика во црквата „Света Софија“ беше одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“.Директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, честитајќи им го роденденот на вработените во оваа национална установа, но и на сите претходни директори и уметнички селектори кои се вградиле во успешната фестивалска приказна, порача, идните генерации внимателно да се грижат за оваа врвна установа која, како што додаде, претставува енциклопедиско национално богатство и редок пример за одржување на трајните вредности.-Вечерва првпат се враќаме на корените, онака како што е формиран овој бесценето реномиран и општествено важен фестивал, во далечната 1961 со концерт на македонската оперска првенка Ана Липша-Тофовиќ, а денес со концерт на најреномираната македонска пејачка Ана Дурловски, овде во оваа света црква, под оваа божествена акустика. Ана, благословена со уникатна боја на гласот и магнетно сценско присуство допира до најпрестижните оперски и концертни сцени во светот. Виенската државна опера, Метрополитен опера во Њујорк, Дојч Опера Берлин... се само дел од престижните институции каде Ана со себе носи дел од нашата татковина и претставува вистински културен амбасадор, рече директорот Цуцковски.Со својата колористичка перфекција и префинетост, сопранистката Ана Дурловски пееше инспиративно, со душа и срце, суверено владеејќи со подиумот во катедралната црква „Света Софија“.-„Охридско лето“ е симбол на нашиот културен идентитет, на нашата духовна енергија. За секој уметник што настапува тука е како средба со историјата, со традицијата, со оваа енергија што ја има овој град. За мене е огромна чест и поттик да бидам уште подобра и одговорност да се носам со тежината на еден ваков фестивал. Неколку пати сум настапувала на фестивалот и можам да кажам дека моите почетоци на некој начин се на овој фестивал. Уште како студент во четврта година, ја имав честа, круна на моето дипломирање да биде заокружено со целовечерен концерт во црквата „Света Софија“, рече националниот уметник Ана Дурловски.Традиционалниот роденденски коктел за сите што вчеравечер го проследија импресивниот концерт на извонредните уметници, го организира Винарската визба „Тиквеш“, еден од ексклузивните и долгогодишни спонзори на фестивалот „Охридско лето“ која годинава одбележува 140 години од своето постоење.Приказната „Охридско лето“ која низ годините прерасна во една од најзначајните музичко-сценски манифестации во Европа и регионот започна токму на 4. август 1961 година под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ со концерт на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ и нејзиниот пијано соработник Ладислав Перлдик.Оттогаш наваму во оваа успешна приказна се вградиле бројни уметници од целиот свет, збогатувајќи ја фестивалската историја со незаборавни концерти и театарски претстави.

Охрид | пред 6 месеци

elen

Трагедија во Алјаска: Загина млад Бугарин, тешко повредена Македонка по судир со елен

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила во раните утрински часови во близина на влезот на Националниот парк и резерват Денали во Алјаска.Несреќата се случила во петокот, на 1 август, околу 1 часот по локално време, на патот Денали Парк, во близина на 235-та милја од автопатот Џорџ Паркс (познат и како автопат Паркс), јужно од влезот на паркот.Според информациите на Националната служба за паркови, 24-годишен државјанин на Бугарија управувал со возилото кога удрило во елен. Тој починал на самото место.Во возилото се наоѓала и 24-годишна девојка од Македонија, која со тешки повреди била пренесена во болница во Фербанкс, на околу 190 километри оддалеченост.Од Националната служба за паркови изјавија дека овој трагичен случај е „тежок потсетник на опасностите што ги носи присуството на диви животни на патиштата во Алјаска“, особено во раните и доцните часови кога лосовите, карибуите и други крупни животни се најактивни и често тешко видливи.Службата додаде дека е во координација со бугарската амбасада за да ги извести најблиските роднини на починатиот, по што ќе биде објавен неговиот идентитет.фото: Unsplash

Македонија | пред 6 месеци

minister-srbija

(ВИДЕО) Српскиот министер Дарко Глишиќ доживеал тежок мозочен удар во емисија во живо

Гостувањето на српскиот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, во утринската програма на телевизијата Пинк заврши со нагло прекинување на емисијата, откако му се слоши додека беше во живо вклучување.Во еден момент, Глишиќ започнал нејасно да зборува, не успевајќи да состави реченица, што предизвикало загриженост кај водителите, кои неколку пати го прашале дали се чувствува добро. Откако не добиле јасен одговор, програмата веднаш била прекината, а министерот бил итно префрлен во болница.Според неофицијални информации, постои сомневање дека Глишиќ доживеал тежок мозочен удар. Набргу по хоспитализацијата, во болницата пристигнал и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кого министерот важи за еден од најблиските соработници.Дарко Глишиќ е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година ја води Извршната комисија на СНС. Министерската функција ја извршува од мај 2024 година.Во продолжение – видеото од драматичниот момент во студиото.

Свет | пред 6 месеци

gamper

Случајот „Секјуриком“ застарува за помалку од месец – Доневски и Гампер на чекор до конечна слобода, Апелација решила да не им ги конфискува милионите

Ексдиректорот на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски и сопственикот на „Секјуритиком“, Волфганг Гампер, против кои се водеа постапки за злоупотреби, за 26 дена, односно од септември, ќе бидат слободни граѓани. На судовите не им беа доволни седум години за да донесат правосилна судска одлука, па додека предметот се шеташе на релација Кривичен-Апелација, делата им застаруваат. Доневски и Гампер беа гонети за местење на тендер, односно злоупотреба на службена положба и овластување. Обвинението им беше поднесено во март 2018 година, а сега, предметот е пред Врховен суд, кој има нецел месец да одлучи, пред истиот да застари. Предметот две години седел во фиоките на Апелација, без да биде одлучен. Кога судиите решиле да одлучат по предметот, донеле одлука со која ги ослободиле осомничените, а решиле и да не се конфискува ниту имотот.„Во повторената судска постапка на  8.2.2023 година  е донесена пресуда  со која двајцата ги добиваат прво изречените казни, но сега  со пресудата се конфискува имот и парични средства во вредност од 480.487.402 денари од двајцата обвинети, како и од правното лице Друштвото за обезбедување и услуги „Секјуриком Мултисервис Интернационал“ ДОО Скопје. Против оваа пресуда осудените вложиле жалби и во јуни 2023 година предметот е доставен до Апелациониот суд Скопје да решава по истите. Постапувајќи по жалбите, Апелациониот суд Скопје повторно ја укина пресудата и одлучи да закаже главна расправа.  Главната расправа во Апелациониот суд беше закажана на 10.7.2025 година и по изведување на доказите и извршено советување и гласање, на 14.7.2025 година е донесена пресуда со која двајцата осудени се ослободени од обвинение и не е досудена ниту конфискацијата што беше утврдена со пресудата на првостепениот суд“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Побаравме одговори и од Апелација, зошто предметот две години седел во фиока и не бил одлучен, а сега, судиите од Врховен се во трка со времето, пред тој да застари. Оттаму не добивме никакво објаснување, туку одговор кој гласи: „Согласно евиденцијата на Судот, бил заведен предмет, во кој како обвинети се јавуваат гореименуваните лица. Жалбената постапка во целост е завршена и предметот со сите списи е доставен до првостепениот суд на ден 21.07.2025 година“.Доневски и Гампер беа гонети дека свесно ги пречекориле границите на службеното овластување со цел да прибават имотна корист за газдата на фирмата и самата фирма. Па според обвинителот, договориле спроведување на постапка за јавна набавка за одржување на хигиена, дактилографија, противпожарна опрема. Без спроведување на технички дијалог изготвиле записник, а ексдиректорот на СОЗР не ја поништил постапката, туку ја фаворизирал фирмата. Обвинителството тврди дека буџетот е оштетен за над 10 милиони евра.Ако се следи целата постапка, може да се види дека првостепената судска одлука на Кривичен суд била донесена во јануари 2021 година, а Васе Доневски е осуден на затвор од три години, додека Гампер во отсуство е осуден на пет години затвор.Апелација веќе во септември истата година ја укинува пресудата и предметот го враќа на повторно одлучување. Кривичен суд го суди случајот нови две години и во февруари 2023 година одлучува да ги одреди истите казни за обвинетите, но овојпат, одредува и конфискување на имотот и парите од двајцата обвинети, како и од „Секјуриком“.Предметот е пак во рацете на судиите во Апелација од јуни 2023 година. Во октомври истата година, Апелација ја укинува пресудата и закажува јавна расправа, која се одржува две години подоцна во јули 2025 година. Судиите носат одлука да ги ослободат обвинетите, како и да не им се конфискува имотот. Сега предметот е во рацете на Врховниот суд, чија одлука се очекува.Предметот требало да се води по скратена постапка, а со оглед дека од септември 2023 година се донесени измени на Кривичниот законик со кои е изменето и кривичното дело за кое се гонат двајцата обвинети, а пропишаната казна е до пет години затвор.

Македонија | пред 6 месеци

bekim-sali-3199

Ако Меџити стане градоначалник на Чаир, Сали ќе го замени како вицепремиер

Во рамките на коалицијата Вреди постигнат е договор – доколку Изет Меџити победи на локалните избори и ја преземе функцијата градоначалник на Општина Чаир, неговото место како прв вицепремиер ќе го заземе Беким Сали.Како што изјави Меџити за медиумите, партнерите во коалицијата се усогласиле дека Сали, кој претходно беше министер за здравство, е најсоодветен кадар за таа позиција – со искуство, подготвеност и стручност потребна за функцијата.Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски посочи дека и покрај најавената кандидатура на Меџити за градоначалник, тој ќе продолжи со извршување на своите актуелни обврски.

Македонија | пред 6 месеци

podneseni-prijavi-protiv-licata-koi-diveeja-so-avtomobil-po-skopskite-bulevari-image

(Видео) Најдени се лицата кои возеа лудо низ Ѓорче: 19-години има лицето качено на хауба, поднесени пријави

По појавувањето на видео запис на социјалните мрежи на кој се гледа како лице стои на хауба од движечко возило без регистарски таблици, Министерството за внатрешни работи веднаш презело мерки за идентификација и санкционирање на вклучените.Како што информираат од МВР, по преземените активности, лицата се идентификувани и со нив е извршен службен разговор. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.Возачот С.З. (20) од Скопје се товари за: превезување лице на надворешен дел од возило (член 167 став 2), управување возило без возачка дозвола (член 225 став 9), управување нерегистрирано возило (член 26 став 10 од Законот за возила).Р.Ѓ. (19), лицето што стоеше на хаубата, ќе одговара за: дозволување управување возило на лице без дозвола (член 317 став 14), загрозување на сопствената безбедност (член 165 став 2).Од СВР Скопје најавуваат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, апелирајќи до граѓаните за одговорно однесување во сообраќајот и почитување на законските прописи.

Македонија | пред 6 месеци

mercedes

Заплена на луксузни возила во Струга по гласна бучава – одземени се пет автомобили, интервенција на полицијата

Струшката полиција синоќа интервенирала по дојава за нарушен јавен ред и мир предизвикан од голема бучава на паркинг во градот. Според информациите објавени од Министерството за внатрешни работи, на терен биле затекнати повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила. Присутните не постапиле по наредбите на полицијата, па биле повикани засилувања, а ситуацијата била ставена под контрола.Одземени пет возила во Струга поради преголема бучава, преземени и други мерки по ЗБСПДенеска (05.08.2025) во периодот од 00:30 до 02:00 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај.Веднаш по пријавување на случајот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга излегле на местото и затекнале повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои наводно изведувале изложба. Лицата не постапиле по наредбите на полициските службеници, по што биле ангажирани дополнителни служби и состојбата била ставена под контрола.Притоа, биле одземени пет возила по член 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, а биле констатирани и осум други прекршоци од ЗБСП. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-Veles

Гром удрил во погонот на BioCosmos и предизвикал пожар – компанијата се огласи со официјално соопштение

По синоќешниот пожар во фабриката BioCosmos, компанијата се огласи со објава на својата официјална Фејсбук страница. Според соопштението, пожарот избувнал како резултат на удар од гром, а иако дел од просториите се оштетени, среќна околност, како што велат, е што нема повредени. Производствениот процес во соседната фабрика Mirana продолжува непречено, а компанијата најавува редовно информирање и апелира против ширење на шпекулации.Во продолжение го пренесуваме целосното соопштение:Почитувани пријатели, партнери и потрошувачи,Ве информираме дека денес избувна пожар во производствениот погон на BioCosmos како резултат на удар од гром. За среќа, пожарот е во тек и под контрола но нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба.Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално.Во координација со надлежните служби работиме на проценка и санација на штетата за што побрзо враќање на BioCosmos во функција. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.Ве молиме да се воздржите од шпекулации и дезинформации – сите точни и навремени информации ќе ги објавуваме преку нашите официјални канали.Со почит,Тимот на BioCosmos & Mirana

Македонија | пред 6 месеци

Davkova

„Навредите не се навивање“ – Силјановска Давкова со остар став за говорот на омраза на спортските терени

По неодамнешните случаи на навивачка омраза – најпрво за време на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и ТНС, а потоа и на кошаркарскиот меч во Куманово – претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, се огласи со став на својот Фејсбук профил.Во подолг пост насловен „(Не)научена лекција“, таа упатува апел за искоренување на говорот на омраза на спортските терени и повикува на воспоставување култура на почит, фер-плеј и воспитано навивање. Како што наведува, срамот од ваквите настани не паѓа само на поединци, туку на сите нас.Во продолжение, постот во целост:(Не)научена лекцијаВо средината на јули, на мечот меѓу Шкендија и велшкиот шампион ТНС, со расистичките навреди на фудбалерот Арманд Оте, го шокиравме сиот спортски, но и поширок свет којшто со право запраша: Како е можно да се случи недоветен навивач емоционално да скрши врвен фудбалер до солзи, посегајќи по говор на омраза врз расна основа?Срамот падна на сите: на домаќинот, на клубот, на присутните, на градот, на државата, на спортот! Логичниот заклучок беше: „Не смее да се толерира ваквото однесување на ниту еден стадион, во ниту еден спорт, никогаш и никаде“.И... заради нашата, по кој знае кој пат, спортска неписменост, со право не стивнуваат реакциите на ужасниот инцидент на кошаркарскиот натпревар во Куманово, на којшто, неколкумина недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси и, пак, сме засрамени.Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза, навредување и сатанизација со отровни убиствени зборови – проектили!По толку изгубени човечки битки на спортските терени, мора да кажаме јасно и гласно: Никогаш повеќе, каде и да сме, со кого и да се натпреваруваме, нема да дозволиме спортскиот терен да прерасне во гладијаторска навивачка арена.Се разбира, првата лекција „како се навива“ се учи дома, а по неа се нижат други: во градинка, во основно, во средно, на факултет, во клубот, на натпреварот, во публиката.Можеби за почеток, пред секој натпревар, треба да се упати предупредувачка порака до гледачите да ги исклучат лошите мисли и пораки, како што тоа го прават со мобилните телефони, оти натпреварот не е битка до смрт, туку витешка борба до заслужена победа, дека од публиката се очекува бодрење, поддршка и охрабрување, а не навредување и повредување, дека треба да победи подобриот, но и да се почитува другиот, дека навивањето е награда, а не казна.Да потсетам дека срамот не е само на оние чии зборови повредуваат, зашто ги погодуваат не само оние во салата или на теренот, туку и оние што ги гледаат и слушаат заради нивниот неограничен домет.Мора да ѝ се спротивставиме на навивачката омраза, да го култивираме и да го облагородиме навивањето, да учиме и да научиме како се навива, односно како не се навива, да ја засилиме битката против предрасудите и судири меѓу „ различните“, мора да се запознаеме и познаваме, мора да спречиме излив на омраза, да реагираме навреме, да лечиме дела од омраза, да ја санкционираме!Страсното навивање никогаш не е навредливо и агресивно. Ни треба азбука на навивањето како спортско уживање, навивачко описменување, оти Пирова е спортската победа ако е проследена со физичка или говорна агресија!

Македонија | пред 6 месеци

droga-apsenje-2

Искинал судска наредба за претрес – осомничен за трговија со кокаин во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истрага против едно лице под сомнение дека извршило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и за оштетување на службен спис.При претрес извршен на 1 август во неговиот дом во Гевгелија, полицијата пронашла 26,42 грама кокаин, за кој постои сомневање дека бил наменет за продажба. Дрогата била откриена во јакна закачена во ходникот од семејната куќа, заедно со други предмети со траги од кокаин.Според Обвинителството, за време на претресот, осомничениот ја зел судската наредба – издадена од судија на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија и примена во МВР со службен печат – и ја искинал пред службените лица. Со тоа, како што се наведува, го оштетил списот кој припаѓа на државен орган.Јавниот обвинител, врз основа на сите околности, до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 6 месеци

ivo-sanader

Иво Санадер излезе од затвор по 11 години – доби условна слобода под строги мерки

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е условно пуштен на слобода, откако Окружниот суд во Сисак го прифати неговото барање. Одлуката била донесена во четвртокот, а утрово е доставена до затворот во Липовица, каде што Санадер ја издржуваше казната.Со оваа мерка, Санадер добива можност да биде надвор од затвор, но под строго утврдени услови. Доколку ги прекрши, следува повторно враќање зад решетки.Тој беше осуден на вкупна казна од 18 години затвор во врска со три случаи – „Фими медиа“, „Планинска“ и „ИНА-МОЛ“. Од вкупната казна, досега има отслужено приближно 11 години.Според важечките прописи во Хрватска, затвореник може да поднесе барање за условен отпуст по издржани 50 отсто од казната – што во случајот на Санадер е исполнето.Судот во Сисак во образложението наведува дека казната досега ја извршувал уредно, а дури бил оценет и како особено успешен во одредени области.

Свет | пред 6 месеци

pozar-Veles

Изгореа магацин и канцеларии во фабриката „Мирана“ во Велес – пожарот го гаснеле шест часа

Голем пожар избувна синоќа околу 22 часот во велешката фабрика за прехранбени производи „Мирана“, при што беа зафатени магацинскиот дел и канцелариски простории. Пожарникарите интервенираа веднаш по дојавата, а целосното локализирање на огнената стихија беше постигнато дури шест часа подоцна – околу 4 часот утрово.Според податоците од Центарот за управување со кризи, магацинот во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друга опрема, како и административниот дел со документација и други материјали, биле целосно зафатени од пламените јазици.Иако пожарот е ставен под контрола, на одредени локации во објектот сѐ уште има појава на чад, поради што екипите остануваат на терен за да се спречи евентуално повторно разгорување.Во гаснењето учествуваа:три противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица Велес,едно возило на ЈКП „Дервен“,две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување,како и шест полициски службеници од СВР Велес.Надлежните служби ќе вршат дополнителна истрага за причините за избувнувањето на пожарот.

Македонија | пред 6 месеци

Dusko-Cifliganec-zaginat

Се завршуваат постапките за пренесување на посмртните останки на Душко Чифлиганец

Министерството за надворешни работи соопшти дека презема активности за пренесување на посмртните останки на Душко Чифлиганец, кој вечерта на 3 август им подлегна на повредите здобиени во тешка мотоциклистичка несреќа во Чешка. Несреќата се случи на 2 август, кога Чифлиганец, управувајќи мотор, паднал, по што бил пренесен во болница во критична и тешка здравствена состојба.„Дипломатско-конзуларното претставништво во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот, со цел завршување на формалните постапки и организирање на пренесување на телото во Република Северна Македонија“, велат од МНР.Чешката полиција пак работи на расчистување на случајот, како и околноста, како Чифлиганец паднал од моторот, но и кога и како реагирала Брзата помош распоредена на професионалната патека Брно. Детали не се споделуваат, освен со Амбасадата на Македонија и семејството.Починатиот Душко Чифлиганец беше заменик-претседател на групацијата „Адора“, син на бизнисменот Ванчо Чифлиганец, активен хуманитарец и мото-ентузијаст кој редовно учествуваше на мото трки. Веста за неговата смрт ја потресе деловната заедница, мото-клубовите и пошироката јавност.

Македонија | пред 6 месеци

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Од вечерва на полноќ поскапи за еден денар бензините, дизелот поевтин

Поскапуваат бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар, а поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за еден денар, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, што треба да стапи во сила ноќеска на полноќ.Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75 денари, 77 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС – 98, а по 69,50 денари ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство.Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС, за 0,533 денари за килограм и килограм ќе чини 39,945 денари.Со одлуката на РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 отсто во однос на одлуката од 28 јули 2025 година.

Македонија | пред 6 месеци

opozareno-bmw

Изгорен „Рено Меган“ пронајден во Тризла – возилото било украдено истиот ден

Целосно опожарено патничко возило е пронајдено на 3 август во прилепската населба Тризла, откако претходно истиот ден било пријавено како украдено. Станува збор за автомобил марка „Рено Меган“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на 57-годишниот С.П. од Прилеп.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во ОВР Прилеп во 19:20 часот. Возилото било целосно изгорено при пронаоѓањето, а засега не е познато под кои околности било запалено.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. Се работи на утврдување дали станува за тешка кражба, уништување на туѓ имот или обид за прикривање на траги поврзани со друго кривично дело.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 6 месеци

igor-dzambazov

Џамбазов со остра порака до хејтер: „Им посакуваш смрт на луѓе? Жалам, твој проблем – и на адвокатот“

Игор Џамбазов, актер, шоумен и долгогодишен естраден уметник, познат по тоа што ретко премолчува навреди на своја сметка, повторно возврати јавно на злобен коментар – овојпат сериозен, со отворена закана за тужба.На својот Инстаграм профил, Џамбазов се обрати до личност која му посакала смрт во коментар, предупредувајќи го дека делото што го сторил не е наивно и дека може да има правни последици.– Што човек си ти штом им посакуваш смрт на луѓето, и тоа вака јавно? – пишува Џамбазов, нарекувајќи го лицето по прекарот „Цане“, за кого тврди дека направил говор на омраза, дело што, како што наведува, е казниво по закон.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања