Скопје1.мк

medziti

Изет Меџити ќе се кандидира за Чаир – ВЛЕН ги соопшти кандидатите за локалните избори

Вицепремиерот и актуелен министер за животна средина, Изет Меџити, е официјален кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори. Меџити, ќе се соочи со противкандидатот од „Европскиот фронт“ на ДУИ – поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.Од Централното претседателство на ВЛЕН информираат дека се избрани кандидати за градоначалници во повеќе општини ширум државата. Во Тетово ќе се кандидира актуелниот градоначалник Билал Касами, додека во Струга поддршка ќе добие независниот кандидат Менди Ќира. За Кичево, ВЛЕН ќе го промовира министерот за социјална политика, демографија и млади – Фатмир Лимани.Во трката за градоначалник на Скопје, коалицијата ќе настапи со Башким Бакиу, директор на Дирекцијата за општи услуги во УКЦ Скопје. Во другите општини, ВЛЕН ги кандидира следниве личности:Дебар: Фисник Мела, заменик-директор на УЈПСарај: Мухамед Елмази, директор на „Номагас“Липково: Неџмедин Садику, директор на Државните резерви на нафтаАрачиново: Даут БеќириЖелино: Блерим Сејдиу, актуелен градоначалникТеарце: Даут Мемиши, директор на Бирото за регионален развојБрвеница: Хаќим Рамадани, директор на Државниот инспекторат за локална самоуправаВЛЕН со оваа листа покажува сериозна намера да се наметне како водечки албански политички блок на локално ниво, најавувајќи директна политичка пресметка со ДУИ во повеќе општини.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-02-at-10.35.42

(Видео) Среде ноќ, голем пожар во Лисиче: Изгореа две куќи, зафатена трета, едно лице во болница

Во раните утрински часови на 2 август 2025 година, околу 01:30 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје бил пријавен пожар во куќа на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, од пожарот целосно изгореле две куќи, сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), додека била зафатена и третата куќа на С.Г. (57), каде што бил опожарен дел од кровната конструкција.Во инцидентот повреден е С.С., кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Пожарот бил изгаснат од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден, за да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот.

Скопје | пред 6 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-01-at-19.24.17_afb95d8e

Илинденската коњаница пристигна во Крушево

Традиционално, вечерта пред големиот Илинден, во Крушево пристигнаа групите коњаници.Тие учествуваа во илинденскиот поход кон Крушево и Мечкин камен во чест на Илинденското востание и Илинденците.Утре, на 2 Август на Илинден, ќе бидат дел од чествувањето на Мечкин Камен.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_4069

Сиљановска Давкова: Безбедносната состојба е стабилна, не се очекуваат безбедносни проблеми

Една од темите на седницата на Советот за безбедност била и безбедносната состојба.„Безбедносната состојба е стабилна и под контрола”, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Како што посочи, на седницата се зборувало за безбедносните дилеми во светот кои ги засегаат сите држави, па и нашата.„Од воведните излагања и од средбата заклучокот беше дека, сепак, регионалната безбедност е стабилна и под контрола и во земјава не се очекуваат некакви безбедносни проблеми и дилеми. Главно се говореше за состојбата во регионот, она што се случува во Босна и Херцеговина, каде што често слушаме сецесионистичка реторика, институционалната криза во Косово поради неможност да се конститурираат органите, како и во соседна Србија каде има низа сериозни проблеми. Но од аргументите и од податоците што ги имаме, заклучокот е дека, сепак, и покрај овие проблеми и предизвици не се очекува тие да се одразат врз македонската безбедносна состојба”, изјави претседателката истакна Сиљановска-Давкова.За состојбата на Блискиот Исток, истакна дека кај сите присутни на состанокот биле неподелени ставовите за потреба од мир.Рече дека за тоа немаме сигурни гаранции зашто преговорите се во тек па се прекинуваат.„Честопати велам дека очекував поангажирана и поактивна Организација на Обединетите нации која, за жал, е маргинализирана”, изјави претседателката по седницата на Советот за безбедност.На седницата на Советот за безбедност се дискутирало и за евроинтеграциите.

Македонија | пред 6 месеци

sukova-kaja

Шукова: Поголема поддршка на независната културна сцена во Скопје- тоа е инвестиција во креативната иднина на градот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, одржа средба со претставниците на независната културна сцена од Културно-социјалниот простор „Јадро“, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат претставниците на независната културна сцена.Шукова на средбата посочи дека тие се едни од клучните двигатели на креативниот развој, иновацијата и демократските вредности во нашето општество.„Како кандидат за градоначалник на Град Скопје, чувствувам одговорност да најавам поголема поддршка за работата на независната културна сцена. Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град – во неговата креативност и човечност“, рече Шукова.На средбата, Шукова посочи дека за развојот на независната културна сцена е важно да се создадат слични вакви културни јадра и во другите општини, а дополнително се отвори и прашањето за можноста за зголемување на финансиската поддршка.„Независната културна сцена претставува важен двигател на културниот и општествениот развој на Скопје и затоа сметам дека заслужува поддршка. Потребно е да се обезбедат услови за проширување на просторните капацитети но и да се размислува за отворање на слични културни јадра и во другите општини. Затоа и ќе се заложам за обезбедување поддршка не само во простор, туку и зголемена финансиска поддршка за програмските активности на независната сцена која активно твори и придонесува за културниот живот во градот Скопје“, рече Шукова.Културно-социјалниот простор – Јадро е професионална, отворена и инклузивна платформа која во континуитет ги поддржува уметниците, културните работници, граѓанските организации и граѓаните. Со повеќе од 100 културни настани во текот на годината, оваа установа е модел за успешна соработка помеѓу локалната власт во општина Центар и културната сцена.

Македонија | пред 6 месеци

siljanovska-davkova-1

Сиљановска - Давкова загрижена што дел од пожарите се подметнати, ќе ни помага и вештачка интелегенција во предвидување ситуации

Денеска се одржа втората седница на Советот за безбедност, а главна тема биле пожарите кои беснееја во Македонија.Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, по дво и пол часовна бурна дикусија рече дека пожари има секаде во регионот.Таа изрази загриженост што голем дел од пожарите се подметнати, но дека голем дел од постапките се во предистрага.Претседателката најави измени на законската регулатива и следење со камери и дронови за да се лоцираат подметнувачите.„Од Владата изложија низа мерки кои во иднина ќе ги применуваат, ќе се менува Законот за справување со кризи за да се оневозможи паралелно постапување”, рече Сиљановска - Давкова.Потенцираше дека се ангажирани волонтери, приспособени се возила. Таа вели дека на седницата биле презентирани билтени од страна на нејзиниот претставник кои се испраќаат до надлежните институции, но на седницата било дискутурано дека многу ситуации може да се предвидат со помош на вештачката интелегенција.Минатата година, рече, имало поголеми топлотни шокови, но годинава има институционална размена и можни се предвидувања на ситуациите.„Пожарите се под контрола во овој момент, тоа не се должи само на ангажирањето на домашните ресурси кои се интегрирани, но имаме и европска помош.Останува дилемата што со намерно предизвиканите пожари, но јас не можам повеќе да зборувам за тоа додека нема докази и постапки”, изјави претседателката.

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Ограбени канцеларии во Прилеп и Кисела Вода: Провалници украле ранец со пари, електромотори и кабли

Во два одделни инциденти, пријавени во Прилеп и Скопје, провалници со употреба на физичка сила и подесен алат влегле во канцелариски простории и однеле вредни предмети, електромотори и пари. Првиот случај се случил во управна зграда од поранешната фабрика „11 Октомври – Еурокомпозит“ во Прилеп, а вториот во деловни простории на фирма во Кисела Вода. Полицијата работи на расветлување на двата случаја.На 31.07.2025 во 11:30 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во периодот од 18:00 часот на 04.07.2025 до 22.07.2025 со употреба на физичка сила и подесен алат било влезено во канцеларии на фирма на подрачје на Кисела Вода и бил одземен ранец во кој имало пари во различни апоени.На истиот ден, е пријавена кражба и во Прилеп.На 31.07.2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од 16:30 часот на 27.07.2025 до 14:00 часот на 31.07.2025 со употреба на физичка сила и подесен алат било влезено во канцелариски простории во управна зграда од поранешна фабрика „11 Октомври - Еурокомпозит“ на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, при што биле одземени четири електромотори од хидраулична машина со електрични додатоци, кабли, инсталации и предмети од различни електронски уреди, два електромотори од фрижидер и две торби со повеќе метални предмети. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 месеци

policiska-lenta

Заталкани куршуми на различни локации во Скопје: Еден паднал на кров, друг пробил автомобилско стакло

Во два одделни случаи, еден куршум оштетил кров на куќа во Чаир, а друг пробил предно стакло на автомобил паркиран во Гази Баба. Полицијата работи на расветлување на случаите и утврдување на потеклото на куршумите.На 31.07.2025 во 21:45 часот во СВР Скопје, П.Т.(46) од Скопје пријавил дека околу 21 часот во неговиот двор на подрачјето на Чаир пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило кровот од куќата. Исто така, на 31.07.2025 во 18:24 часот во Полициската станица Гази Баба, К.Д. пријавила дека на ул.„Катлановска“ во Скопје во нејзиното патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки забележала дека од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено предното стакло на возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштеието на МВР.

Скопје | пред 6 месеци

DSC_0104

Обвинителство обвини шест лица за фалсификување евра – продале лажни банкноти вредни над 114.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против шест лица, осомничени дека како дел од злосторничка група фалсификувале евра и ги дистрибуирале на територијата на Македонија и Србија.Според обвинителството, групата била организирана од првообвинетиот, кој во периодот од крајот на 2023 до февруари 2025 година набавил и користел опрема и материјали за изработка на лажни банкноти во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра. Петмина од обвинетите се товарат за кривичното дело „Фалсификување пари“, додека двајца, меѓу кои и организаторот, се обвинети и за „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“.Фалсификуваните пари, кои се произведувале во Македонија, се дистрибуирале главно во Србија, по цена од 25 до 30 отсто од нивната номинална вредност. Вкупно, групата во периодот од јуни 2024 до јануари 2025 година успеала да продаде 114.150 лажни евра за 42.400 евра.Шестообвинетиот, според Обвинителството, изработувал и одржувал машините за печатење на лажните пари.Обвинителството со поднесениот акт бара и продолжување на мерката притвор за осомничените. Паралелно, против шест српски државјани, кои наводно биле вклучени во дистрибуција на фалсификатите, се води постапка во Србија.

Македонија | пред 6 месеци

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 09 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа од бул. „Кочо Рацин“ до ул.„11-ти Октомври“ (кај зграда на Црвен Крст) и крстосницата од „Филип Втори Македонски“ до ул.„Кеј 13-ти Ноември“.„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, велат од МВР.

Скопје | пред 6 месеци

kocani-puls-protest-2

„Маршот за ангелите“ ќе паузира оваа сабота

Родителите на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани соопштија дека оваа сабота, на 2 август, нема да се одржи редовниот „Марш за ангелите“. Одлуката е донесена поради државниот празник Илинден, ден посветен на борбата за слобода и достоинство.Во обраќањето до јавноста, семејствата наведуваат дека Илинден е ден кој заслужува тишина, почит и потсетување дека вистинската слобода постои само кога постои и правда – особено за невините.„Иако овој викенд нема да бидеме на улиците, нашата болка, љубов и борба не престануваат. Продолжуваме следната сабота – посветени, обединети и гласни – во име на сите што беа неправедно одземени“, се наведува во соопштението потпишано од родителите на загинатите.Маршевите, кои се одржуваат секоја сабота во Кочани, се еден од начините преку кои семејствата бараат одговорност од институциите за смртта на 62 млади луѓе во трагедијата што се случи на 16 март годинава. Случајот сè уште не е целосно расветлен, а јавното обвинителство и натаму е под притисок од јавноста и медиумите да даде конкретни одговори.Следниот „Марш за ангелите“ е најавен за сабота, 9 август.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ристоска се жали на нетранспарентност, но и самата молчи додека „нејзината вистина“ и „вистинската вистина“ не се поклопуваат

Два дена откако објави дека имала „укажувања да ја повлече кандидатурата“ за судија во Стразбур, обвинителката Ленче Ристоска сè уште не одговара на клучните прашања што произлегоа од нејзината изјава. Јавноста остана без одговор – кој ѝ укажал да се повлече и кој стои зад тие пораки. Молк има и за наводите дека таа во изминатите месеци лобирала преку странски амбасади, чекајќи одлука од Владата.Нејзиното одбивање да одговори не е ново. И по текстот за нејзината кандидатура во мај годинава, Ристоска најави дека ќе даде појаснувања за неколку контроверзии поврзани со нејзиниот углед – но тие одговори никогаш не стигнаа.Изјавата на Ристоска не сакаше да ја коментира премиерот Христијан Мицкоски, кој оцени дека „тоа е нејзина вистина“, а „вистинската вистина“ е онаа што ја дала Владата.„Јас нема да навлегувам во тоа што го кажуваат кандидатите, тоа е нивна вистина. Вистинската вистина е таа што ја кажа Владата. Се формира нова комисија составена од луѓе што раководат со судско-обвинителски институции. Тие нека одлучат на следниот конкурс кој е најдобар, за да нема изговори. Би се воздржал од каков било коментар за изјавите на кандидатите“, изјави Мицкоски.На новинарско прашање зошто Владата би имала поголема тежина од Комисијата која ја формираше Министерството за надворешни работи – во која членуваат професори, правници и други релевантни експерти – Мицкоски не даде директен одговор. Не објасни ни кои точно критериуми не ги исполниле тројцата избрани кандидати меѓу кои беше и Ристовска.„Констатирано е дека не ги исполнуваат критериумите, има во соопштението на Владата. Обратете се таму, ќе ви објаснат“, кусо одговори премиерот.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

Коцевски спасен до ноември: поради изборите, наредните три месеци не можат да го разрешат ако не даде оставка

Премиерот Христијан Мицкоски, смета дека републичкиот обвинител Љупчо Коцевски е лојален на партиите СДСМ и ДУИ кои го донеле на функцијата, па пред новинарите призна дека сега не можат да го продолжат процесот за разрешување бидејќи ќе се распишат избори веќе идната недела. Со ова, Коцевски е сигурен до ноември.„Сега и ние да сакаме да преземеме, влегуваме во процес на избори. Изборите ќе се распишат следната недела. Поради ограничувањата со законот, сите процеси ги оставаме за во ноември, кога ќе продолжат. Ако даде оставка влегуваме во лавиринт, не можеме да бираме. А таму има заменици кои ќе ја преземат работата“, додаде Мицкоски.Тој претпоставува дека Коцевски сака да остане на позицијата, додека не биде отповикан од СДСМ и ДУИ кои го гласале.„Така се случи и со Судскиот совет. Изгласаа недоверба пратениците, Судскиот совет си остана таму, уживаат во привилегиите. Во некои куларски разговори велат „партијата ме поставила, додека не ме отповика не си одам“. А знаете кои партии беа на власт. Факт е дека тие не си заминуваат. Истото е претпоставувам и чувството за јавниот обвинител. Вие се сеќавате од опозицијата мене ме обвинуваа дека сум во коалиција со него, дека сум диктирал обвиненија.. Во рамките на неколку минути се демантираше тоа. Видовте кој го поддржаа, тоа е поранешната Влада – ДУИ и СДСМ. Тој практично е се уште лојален на тие кои претходно му дале поддршка“, посочи Мицкоски.Неколку дена откако му изгласаа недоверба, Коцевски си остана на функцијата без да даде никаков коментар. Нема ни одговор од страна на Обвинителството кои ќе бидат неговите наредни чекори на републичкиот обвинител.„Скопје1“ веќе објави дека сценариото за „преживување“ што е можно подолго е преку спас со распишување на локалните избори, кога не може да се именува и разрешува.

Македонија | пред 6 месеци

orce-i-misko

Орце Ѓорѓиевски објави фотографија со Мишко Ралев: Посакуваниот кандидат за градоначалник на СДСМ му се приклучи во тимот за Скопје

Иако долго време се шпекулираше дека професорот Мишко Ралев ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, партијата пред десетина дена ја избра Каја Шукова како свој официјален кандидат. Ралев, кој важеше за еден од најпосакуваните избори внатре во СДСМ, сега ѝ се приклучи на кампањата на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за престолнината.Со тоа, Ралев направи остар политички пресврт и се позиционира како поддржувач на противкандидатот.„Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје. Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за нас... Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина!“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, објавувајќи и фотографија со него.Ралев е декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и поранешен член на Извршниот одбор на СДСМ во времето на Димитар Ковачевски.

Скопје | пред 6 месеци

transparensi-inter

Матните и бистрите настани во јули според Транспаренси: Обвинението за Димитровска, Извештајот на ЕК за Македонија...

Транспаренси Интернешнл – Македонија го објави месечниот извештај за најматни и најбистри настани во земјата за месец јули, во кој највисоко на листата на сомнителни случувања се најде обвинението против претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.Според организацијата, Димитровска се соочува со сериозни обвинувања за злоупотреба на службена положба и оддавање службени тајни. Таа, според Обвинителството, незаконски изнесувала и фотографирала документи поврзани со набавки на адитиви во енергетскиот сектор, меѓу кои и податоци за обвинетиот Небојша Стојановиќ во предметот „Адитив“. Исто така, било откриено дека Димитровска и уште еден државен службеник – ревизор – нелегално пристапиле до системот за класифицирани информации. Ревизорот, користејќи нејзини кодови, присуствувал на обуки и полагал тестови во нејзино име за да се стекне со безбедносен сертификат „државна тајна“.Други „матни“ настани, според извештајот, вклучуваат:Годишниот извештај на Европската комисија за владеење на правото во Македонија, во кој се нотира загриженост за мешање на извршната власт во судството, слабости во антикорупциските реформи, политизирано разрешување на главниот обвинител и нарушување на поделбата на власта.Раскриена криминална мрежа поврзана со злоупотреба на системот за инвалидски пензии и туѓа нега, во која се вмешани лекари, адвокати и службеници. Осомничените, делувајќи преку две криминални групи, овозможувале незаконско стекнување на права за надоместоци, за што наплатувале од 150 до 5.000 евра.Сериозни слабости во работењето на Фондот за здравствено осигурување за 2023 година, како што се отсуство на интегрирани ИТ-системи, недоволни контроли и ризик од неправилно користење на јавни средства, нотирани во извештајот на Државниот завод за ревизија.Финансиски и системски неправилности кај Државното правобранителство, вклучително и нетранспарентни јавни набавки, нерегулирани договори на дело и нејасни процедури за оценка на вработените.ЈП за стопанисување со спортски објекти, кое формално не постои од 2017 година, но сѐ уште функционира, без ажурирани пописи и со изгубена или одземена документација.Недоволен буџет за здравство и застој во изградбата на клинички центри, според ревизорскиот извештај за 2023 година. Дваесет и три програми се реализирале со недоволни средства, што довело до слаба ликвидност на јавните здравствени установи и недостиг од лекови.Ревизија на Основен суд Прилеп, која укажува на несоодветна евиденција, одсуство на внатрешна ревизија и недефинирани платни правила.Случај со заменик директор на Институтот за сточарство и рибарство при УКИМ, за кој ДКСК утврди судир на интереси, поради деловни релации со фирма во која сопственик е неговата сопруга.„Бистри“ настаниВо позитивниот дел од извештајот, Транспаренси Интернешнл издвојува:Апсењето на очна докторка во Клиничката болница во Битола, откако од пациент примила пари за лекарска услуга. Министерството за здравство најави дисциплинска постапка и ги повика граѓаните да пријавуваат неправилности преку платформата „Пријави неправилност“.Обвинение против директорот на ЈЗУ „13-ти Ноември“ – Скопје, кој, според ОЈО за гонење организиран криминал, побарал 20.000 евра за прием на пациент во тешка здравствена состојба.Обвинение за злоупотреба на службена положба против поранешен в.д. претседател на СУНРСМ, кој, според Обвинителството, со пропусти во работењето нанел значителна штета на буџетот на институцијата.Новина на веб-страницата на Министерството за здравство, каде граѓаните отсега ќе можат анонимно да пријавуваат неправилности во здравствениот систем, со можност за контакт доколку е потребна дополнителна информација. Податоците од пријавите ќе се објавуваат месечно.

Македонија | пред 6 месеци

policija-policaec

Со 99% слепило, возел товарно возило и усмртил жена во Неготино – обвинителството отвори истрага за лажни документи

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена во сообраќајна несреќа. Обвинетиот, кој бил корисник на инвалидска пензија и додаток за попреченост поради слепило, сепак управувал „Ситроен Џампер“ со велешки таблички без важечка возачка дозвола.Несреќата се случила на 3 декември 2024 година, на регионалниот пат Пепелиште–Неготино, на место викано „Лаки“, кога обвинетиот не забележал пешак и со ретровизорот ја удрил 67-годишната Ангелина Ангелова по главата. Жената била отфрлена надвор од коловозот и починала од тешките повреди – скршен череп, пршлени и повеќе коски.Истрагата утврдила дека, иако имало одреден пропуст кај жртвата, тој е оценет како секундарен во споредба со грубото прекршување на правилата од страна на возачот.Најшокантниот дел од случајот – обвинетиот, иако со документирано слепило од 99%, не само што управувал со возило, туку и успеал да ја обнови својата возачка дозвола во текот на истражната постапка.Обвинителството побарало од ОВР Неготино да спроведе дополнителни проверки за тоа како обвинетиот воопшто се стекнал со возачка дозвола и инвалидска пензија, односно дали е можно да се работи за злоупотреба или лажна медицинска документација.

Македонија | пред 6 месеци

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Потера на автопат, удари, пукање и апсење – косовски криумчари превезувале осум кинески мигранти

Во филмска полициска акција, двајца косовски државјани се лишени од слобода откако не застанале на полициски знак и се обиделе да избегаат со возило во кое биле пронајдени осум мигранти од Кина.Како што соопшти МВР, акцијата се случила вечерта на 31 јули околу 21:40 часот, кога возило „Фолксваген Кеди“ со косовски регистарски таблички било забележано на автопатот Градско – Скопје, но наместо да застане на знак од полицијата, возачот дал гас и пробал да избегал.Следела потера со висока брзина и сериозни последици – возачот, 24-годишниот Г.Л., додека бегал, оштетил наплатни станици во Градско и Петровец, удрил во возило „Опел Инсигниа“ со странски ознаки, како и мотоцикл со македонски регистарски таблички.Кога возилото конечно излетало од патот кај клучката Приштина на скопската обиколница, возачот физички нападнал полициски службеник во обид да избегне апсење, но бил совладан. Во акцијата полицијата испукала и предупредувачки куршуми – среќно, без повредени.Во возилото биле пронајдени осум лица мигранти од Народна Република Кина. Тие се сместени во транзитен центар, додека двајцата косовски криумчари – Г.Л. (24) и Б.Л. (18), се приведени.По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни кривични пријави од Одделението за прекуграничен криминал и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север.

Македонија | пред 6 месеци

siljanovska-davkova-2

Илинденски помилувања: Претседателката Сиљановска Давкова ослободи четворица осуденици, на уште четворица им ја намали казната

По повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на неколку осудени лица.Со актот на помилување, четворица затвореници се целосно ослободени од понатамошно издржување на казната затвор. Станува збор за:Раде Здравко Јовановиќ од село Криволак, општина НеготиноАлберт Тарзан Алиевски од КавадарциНиколче Љубе Костадиновски од КумановоЗејадин Сали Мифтари од село ЧеркезеПокрај нив, делумно помилување – односно намалување на изречената казна – добија уште четворица осуденици:Емир Надир Јонузи од село Слатино, Тетово – казната му е намалена за 3 месециКоле Петре Талевски од Битола – намалување за 3 месециЧушков Јордан Сашо од Велес – помалена казна за 3 месециИсмаили Џелал Јетмире од Гостивар – намалување на затворската казна за 6 месециОваа одлука е донесена во согласност со член 84 од Уставот на Република Северна Македонија и Законот за помилување. Таа веднаш стапува во сила и ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Македонија | пред 6 месеци

bugarski-pasos

Бугарски пасоши вадат и Србите: Околу 8.000 граѓани со бугарско државјанство, а трендот расте!

Сè повеќе граѓани од јужниот дел на Србија добиваат бугарско државјанство, по примерот на илјадниците Македонци што тоа веќе го сториле во изминатите години. Според „Нишке вести“, на чија анализа се повикува агенцијата БГНЕС, бројката на српски државјани со бугарски пасоши се движи меѓу 5.000 и 8.000, а само во последните две години повеќе од 2.000 лица од Србија станале бугарски државјани.Во текстот се наведува дека, иако бројките сè уште не се масовни, трендот е во постојан пораст, а Бугарија веќе не ги пресметува овие лица како Срби во своите статистики. „И, најважно: Бугарија повеќе не ги смета во статистиката како Срби“, стои во коментарот на порталот.Како причина за загриженост, авторот посочува дека бугарската држава може еден ден официјално да го прогласи југот на Србија за „бугарски културен простор“ и да тврди дека таму живеат десетици илјади Бугари, што ќе го оправда со постоењето на документирани државјанства и идентитетски изјави.„Истото веќе се случи – во Северна Македонија. Таму, над 120.000 граѓани добија бугарски пасоши. Нема медиумска возбуда. Нема скандали. Само редици пред конзулатот. Ова не е политичка завера, туку политичка расправија“, се вели во текстот.БГНЕС потсетува дека Белград го користи терминот „Јужна Србија“ и кога се однесува на територијата на денешна Северна Македонија, алудирајќи на историските и политички претензии.Авторот на анализата предупредува: „На прв поглед – легитимно право на секој граѓанин е да бара подобра можност. На втор поглед тоа е – аларм. Секоја земја треба да се запраша: што значи кога нејзините граѓани масовно добиваат државјанство на друга земја, но продолжуваат да живеат, работат и гласаат тука? Пасошот не е само средство за патување. Тој е основа на меѓународното право, идентитетот и потенцијалните територијални и културни претензии“.„И најважно – тоа се информации што се внесуваат во официјалните регистри. Кога се случува криза, кога се дискутира за малцинствата во Советот на Европа, кога се подготвува нов буџет за прекугранична соработка – бројките стануваат алатки. Алатки на политиката. А, ние? Ние молчиме. Затоа што 'станува збор за работа'. Затоа што 'ништо нема да се случи'. Затоа што 'важно е да се оди некаде'. Забораваме дека историјата честопати не прашува како нешто започнало – туку кaде одвело“, пишува „Нишке вести“.Во Србија, сè погласни се повиците за отворање јавна дебата за тоа што значи колективна промена на идентитетот без јавна расправа. Авторот заклучува:„Ако го игнорираме ова, за 10, 20 или 30 години некој навистина може да каже: Таму живеат 50.000 Бугари. Ова е наша територија. Наш интерес. Наша историска одговорност. И нема да биде важно што биле Срби. Дека зборувале српски, живееле во Ниш. Она што ќе биде важно е што е напишано во пасошот. И колкумина од нас молчеле“.Во текстот се додава и дека, иако Бугарија се радува на овие бројки и на уплатите поврзани со постапката за добивање државјанство, никој не зборува за можниот „бумеранг“ ефект – сценарио во кое овие новоосознаени Бугари би можеле да се самоорганизираат, да формираат политичка партија и да влијаат врз одлуките во Србија.

Свет | пред 6 месеци

sveka

„Почивај во мир, ангелу“ – училиштето СОУ „Крсте Петков Мисирков“ се прости со 16-годишната Теодора

Училиштето СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар се прости од својата ученичка Теодора Бабарчиќ, која трагично се удави во реката Вардар. Шеснаесетгодишната Теодора исчезна на 23 јули, а нејзиното безживотно тело беше пронајдено по шест дена интензивна потрага. Тимовите за спасување и бројни волонтери денови наназад ја пребаруваа реката, надевајќи се на чудо што за жал не се случи. По оваа трагедија, училиштето ѝ оддаде последна почит преку емотивен пост на Фејсбук:

Македонија | пред 6 месеци

solun-poplava

(Видео) Невреме го потопи северот на Грција: Солун поплавен, улиците во Халкидики непроодни

Солун е поплавен по силното невреме што го зафати регионот во четвртокот наутро, оставајќи драматични сцени во центарот на градот. За само еден час наврнале врнежи во количина што одговара на целокупната просечна месечна сума за јули – дури 37 литри на квадратен метар, објавија експертите од „Weather Analysis“.Голем дел од улиците во централното градско подрачје беа под вода, што доведе до хаос во сообраќајот и интервенции на службите за итна помош. На авенијата Цимиски, едно од најпрометните места во градот, мотоциклист паднал поради лизгавиот асфалт и се здобил со повреди. Неговата здравствена состојба сè уште не е целосно позната.Според информациите на локалниот медиум „ToVima“, под притисокот на надојдената вода попуштиле шахтите, што дополнително го влошило поплавувањето на главните улици. Дел од сообраќајот бил привремено прекинат, а улиците се претворија во порои. Временските неприлики не зафатија само Солун – силни врнежи беа регистрирани и во делови од Халкидики, како и во региони како Кукуш, Епир, Тесалија, Спорадите и Тракија.Во Неа Флогита, на Халкидики, улиците беа поплавени, што го отежна движењето низ туристичкото место. Посетители кои таму летуваат споделуваат фотографии на социјалните мрежи од водата што надоаѓа, а според „grtimes.gr“, цивилната заштита останува во состојба на готовност поради најавите за натамошна нестабилност на времето.

Свет | пред 6 месеци

MixCollage-01-Aug-2025-09-12-AM-4982

Словенија со ембарго за оружје за Израел и повик до светот: Признајте ја Палестина!

Словенија го прекинува секој вид трговија со оружје со Израел – воведе забрана за извоз, увоз и транзит на оружје, станувајќи првата земја во Европската Унија што презела ваков чекор. Одлуката беше донесена на владина седница, а ја соопшти премиерот Роберт Голоб, истакнувајќи дека станува збор за принципиелен став во насока на мир и почитување на меѓународното хуманитарно право.Овој потег следи по претходната одлука на словенечките власти да прогласат двајца министри од израелската влада за непожелни лица (persona non grata). Станува збор за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерката за финансии Безалел Смотрич, чие делување, според Словенија, придонело за создавање на „неподнослива состојба“ во Појасот Газа.Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, на Генералното собрание на Обединетите нации ги повика сите земји-членки да ја признаат државата Палестина, оценувајќи дека единствениот одржлив пат кон мир на Блискиот Исток е решението со две држави. Таа додаде дека „начинот на кој бараме мир денес ќе ја одреди историјата и иднината на генерациите што доаѓаат“.„Историјата не се пишува со големи зборови, туку со дела. А Словенија одлучи да дејствува – ја призна државата Палестина“, рече Фајон, најавувајќи и потпишување на меморандум за соработка со палестинските власти.Словенечката министерка посочи и дека врз некои држави се врши притисок да не ја поддржат Палестина, споменувајќи дека има слободни места во Генералното собрание на ОН, меѓу кои и држави-соседи на Словенија. Таа изрази несогласување со ставовите што го попречуваат прекинот на огнот во Газа и постигнувањето на траен и праведен мир.Словенија ја призна независноста на Палестина во јуни оваа година, по што и Холандија го следеше примерот. Вкупно 147 од 193 држави-членки на Обединетите нации досега официјално ја признале државата Палестина.фото: Unsplash/FB

Свет | пред 6 месеци

unnamed-1-1

Ви ја знам стратегијата „каурите да не бираат градоначалник“, знам што правите, му рече Мицкоски на Снопче порачувајќи дека имаат синдром на тоалетна хартија

Премиерот Христијан Мицкоски, жестоко ја нападна стратегијата на Арбен Таравари и неговото движење, обвинувајќи ги дека на терен работат за интересите на ДУИ и практикуваат поделби од минатото.„Знам која ви е стратегијата во Гостивар и Тетово – ‘да не дозволиме каурите да бираат градоначалник’. Знам што правите. Тоа е стратегија од 19 век“, изјави Мицкоски.Тој го повика пратеникот Халил Снопче, дел од таборот на Таравари, да се откаже од таквиот пристап и му порача дека државата ѝ припаѓа на сите граѓани, без разлика на етничка или верска припадност.„Ако сум јас Македонец, секогаш се обраќам на сите. Влегувате во замката на коалициониот партнер – ДУИ“, рече Мицкоски.Според него, Таравари се одлучил да верува безусловно на ДУИ.„Таравари не ми рекол ‘Ако сакате да останеме во Владата, треба Влен да излезе’, но ми рече ‘А зошто да не влезе ДУИ?’. И јас го гледам во очи и реков ‘Ако влезе ДУИ, што ќе си ми ти?’. И ме гледа... јас го гледам... и така траеше тоа можеби минута до две. ‘Епа добро’ рече и си замина“, рече Мицкоски.Тој додаде дека Таравари свесно прифатил политичка математика во која, како што вели, ДУИ ќе го поддржува тивко, таму каде што тие нема да имаат кандидати.„Синдромот на тоалетна партија веќе сте го почувствувале, не е добро пак да го почувствувате“, предупреди Мицкоски, изразувајќи разочараност што, според него, наместо вистинска реформа, Влен избрал да биде алатка во рацете на стариот политички естаблишмент.

Македонија | пред 6 месеци

MixCollage-01-Aug-2025-08-46-AM-3107

Димитровска се враќа на висока функција, во ревизија, Најчевска се изнасмеа: „Нема веќе крадци, измамници, злоупотреби... сè ќе биде по закон“!

Татјана Димитровска повторно ќе извршува висока функција во јавната администрација. По оставката од претседателското место во Државната комисија за спречување на корупцијата, се враќа во Државниот завод за ревизија. Димитровска ќе ја преземе функцијата помошник на главниот државен ревизор, позиција која ѝ беше во мирување за време на нејзиниот ангажман во антикорупциската комисија.Во однос на ова, професорката Мирјана Најчевска цени дека ситуацијата очигледно ја надмина и границата на апсурдот-Ахахахахахах. Криминалци од сите вери и невери, од сите етницитети, од сите краишта на државата, обединети под партиските знамиња.Ахахаха.Од сега па понатаму ниту еден државен службеник нема да работи спротивно на законот.Се ќе биде по закон.Затоа што законите го штитат крадењето, и мамењето, и насилството, и криминалот од сите видови и подвидови, и ...Нема веќе дивоградби, нема ни крадци, нема ни измамници, нема злоупотреба на службена должност.Крадењето е озаконето и измамата и самоволието и убиството и ...“, напиша таа.

Македонија | пред 6 месеци

soobrakajka-tetovo

(Видео) Снимка од несреќата на автопатот-Тетово-Скопје, каде загинаа три лица, а дете заврши во болница

Надзорна камера ја снимила несреќата на автопатот Тетово-Скопје каде загинаа три лица, а од која се гледа како автомобилот, со нагло свртување на лево, влегувајќи во спротивна насока на движење, се судира со автобус.Најпрво, автомобилот се движи споро на првата сообраќајна летна. По десетина метри, свртува лево, а во втората летна веќе се движи цистерна. За среќа, цистерната избегнува сообраќајна несреќа, но веќе во последната летна, има автобус, кој иако се обидува со свртување, не успева да спречи директен судир. Автомобилот кој движи зад автобусот, свртува и избегнува да удри во автомобилот „опел“.Неофицијалните информации и сомнежите се дека возачот имал здравствени проблеми, во моментот кога свртува на лево. Издадена е наредба за обдукција. Се проверува и исправноста на возилото „опел“, а повикан е и сообраќаен вештак за да се испитаат сите околности.За возачот на автобусот е наложено испитување за евентуално присуство на алкохол или психоактивни супстанции. Во несреќата, тешко повредено е дете, кое е во болница.Претходно:

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања