Скопје1.мк

gaza-palestina-zname

Португалија разгледува признавање на палестинска држава, но со претпазливост и консултации

Португалската влада предводена од десниот центар ќе се консултира со главните политички партии и со претседателот Марселу Ребелу де Соуза во врска со можно признавање на палестинската држава – соопшти денеска премиерот Луиш Монтенегру.За разлика од соседна Шпанија, која заедно со Ирска и Норвешка веќе ја призна Палестина во мај 2024 година, Португалија настапува повнимателно, со став дека прво треба да се усогласи заедничка позиција на ниво на Европската Унија.„Владата реши да покрене консултации со претседателот и парламентарните партии за разгледување на признавање на палестинската држава, во процес кој би можел да се финализира на Генералното собрание на Обединетите нации во септември“, изјави Монтенегру.Од 193 земји-членки на ОН, околу 144 веќе ја признаваат Палестина како држава – меѓу нив Русија, Кина, Индија и голем дел од земјите од глобалниот Југ. Во ЕУ, сепак, тоа го направиле само неколку членки – главно поранешни комунистички држави, како и Шведска и Кипар.Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна најави дека и Франција размислува за ваков чекор, а слични сигнали дојдоа и од Велика Британија и Канада – како одговор на уништувањето и хуманитарната криза во Појасот Газа, каде Израел води жестоки воени операции против Хамас.

Свет | пред 6 месеци

pozarnikari-oglas

Се смирува огнената стихија: Сите пожари изгаснати освен еден во Малешевија

До 18:00 часот денеска, на територијата на државата се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои шест се изгаснати, а еден е ставен под контрола – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни пожари: НемаПод контрола: 1 – Берово, на планината Готен кон Малешевските Планини, каде гореле нискостеблеста шума, смрека, борова и букова шума, како и ниска вегетација и грмушки.Изгаснати: 6 пожари, и тоа:Карбинци – во селото Јунузлија (шума)Кавадарци – помеѓу селата Галиште и Ќесендре (ниска вегетација)Прилеп – кај с. Бешиште и околните локации, вклучително и кон границата со ГрцијаПрилеп – втор пожар меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и ДренСкопје, општина Гази Баба – с. Трубарево (пожар на депонија со ѓубре)Гевгелија – с. Милетево (ниска вегетација)ЦУК апелира граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено, особено во подрачја со сува вегетација.

Македонија | пред 6 месеци

261841615_1886698118206195_1276732134771307123_n

Дете е повредено во сообраќајката со тројца загинати на автопатот Тетово-Скопје, се проверува дали возачот на автобусот бил пијан

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на местото каде што попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа на автопатот кон Скопје, при што загинаа три лица, а едно дете е повредено.Според првичните сознанија, до несреќата дошло при контакт меѓу патничко возило и автобус, по што автомобилот излетал од патот. Во него се наоѓале тројцата загинати и повреденото дете.Обвинителството соопшти дека се преземаат сите дејствија за утврдување на причините и околностите кои довеле до трагедијата. Издадена е наредба за обдукција на починатите, а за возачот на автобусот е наложено испитување за евентуално присуство на алкохол или психоактивни супстанции.Возилата се одземени за технички преглед со цел да се провери нивната исправност во моментот на несреќата. На местото на настанот бил повикан и сообраќаен вештак, а ќе биде изготвено и целосно сообраќајно-техничко вештачење врз основа на собраните траги, фотодокументација и останати докази.

Македонија | пред 6 месеци

noname

Тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје: Три лица загинаа, едно повредено

Три лица го загубија животот, а едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 15:45 часот на автопатот Тетово–Скопје, кај клучката „Север“. Во несреќата учествувале патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистарски ознаки и автобус „Ман“ со скопски таблици.„Несреќата се случила кога патничкото возило, управувано од Т.И. (59) од Тетово, се судрило со автобусот управуван од Ш.Д. (62), исто така од Тетово. Во судирот починале возачот Т.И. и двете сопатнички И.И. (55) и З.М. (71), сите од Тетово. Четвртиот сопатник, Р.И. од Тетово, се здобил со телесни повреди и е задржан на опсервација во Клиничката болница во Тетово“, информираат од СВР Тетово за „Скопје1“.Увид на лице место вршат дежурен јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. Причините за несреќата сè уште се утврдуваат.

Македонија | пред 6 месеци

toskovski2

Министерот Тошковски од Граничниот премин Табановце: Зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е императив за МВР, возачите да прават пауза на секој два до три часа возење

Денеска (31.07.2025) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со дел од раководството на МВР го посети граничниот премин Табановце каде заедно со претседателот на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја продолжија кампањата „Безбедно во лето - Вози одморен“ чија промоција беше минатиот месец на граничниот премин Богородица.Министерот Тошковски посочи дека преку оваа кампања ги потсетуваме возачите на потенцијалните опасности од заморот, но и на ризиците од пребрзото возење, управувањето на возило под дејство на алкохол и на други сообраќајни прекршоци кои се причини за тешки сообраќајни незгоди., како и дека овие превентивни активности се насочени особено на делницата од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, каде во летниот период енормно се зголемува бројот на возила кои минуваат преку овој коридор.„Целта е да испратиме порака дека е исклучително значајно да се фокусираме сите во превенција на несакани настани кои најчесто се случуваат од премореност на возачите. Праксата покажува дека заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи посебно во летниот период од годината при патување на годишен одмор. На долгите патувања како што е годишниот одмор клучни се паузите за одмор, на секои два до три часа неопходно е правење пауза од барем 15-тина минути. Упатуваме апел до возачите да тргнат на пат одморени бидејќи заморот е голем непријател на безбедното возење. Статистиките покажуваат дека сообраќајните незгоди предизвикани од замор за жал најчесто завршуваат фатално“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, додавајќи дека зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е императив за МВР и дека и во наредниот период продолжуват активностите со цел да се намали бројот на жртви на патиштата.

Македонија | пред 6 месеци

Нема фотографија

Гостиварец си признал дека од лажен профил на социјална мрежа објавувал фотографии од девојки и текстови со сексистичка содржина

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР поднесе кривична пријава против 27-годишен жител на Гостивар, К.Н., кој е осомничен дека од лажен Инстаграм-профил јавно објавувал приватни фотографии од девојки од Гостивар, проследени со навредливи и сексистички текстови.Како што соопшти МВР, случајот бил расчистен по неколкумесечна истрага, а инцидентот датира од 28 февруари годинава, кога на лажен профил на Инстаграм биле објавени фотографии од шест девојки, преземени без нивна согласност од нивните приватни профили.„Покрај објавата на фотографиите, објавени биле и текстови со вулгарна и навредлива содржина, со што биле злоупотребени лични податоци и нарушено достоинството на оштетените“, информираат од полицијата.К.Н. бил повикан на службен разговор во Полициската станица Карпош, каде го признал делото. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, казниво по член 149 од Кривичниот законик.МВР апелира до граѓаните да пријавуваат вакви случаи на злоупотреба на социјалните мрежи и потсетува дека дигиталното насилство е казниво со закон.

Македонија | пред 6 месеци

ohrid-mladi

(Видео) Патриотски дух на охридскиот кеј: Млади пеат „Македонијо, ти си бисер балкански“!

Навечер, на охридскиот кеј, група млади се собраа и на сиот глас ја пеат познатата патриотска песна „Македонијо, ти си бисер балкански“.„Ова е Охрид, навечер, среде кеј… македонска младина“!

Охрид | пред 6 месеци

faton

Фатон Сељами предложен за нов народен правобранител

Комисијата за прашања на избори и именувања на денешната седница го утврди Фатон Сељами како предлог за нов народен правобранител.Сељами е раководител на Подрачното одделение на Министерството за правда во Тетово, во секторот за бесплатна правна помош и политички систем. Неговата кандидатура ја поднесе пратеникот Беким Ќоку од партијата Вреди.Тој е дипломиран правник и магистер по правни науки на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово. Има положено и правосуден и нотарски испит.За негов избор е потребно да гласаат најмалку 61 пратеник во Собранието, како и да се обезбеди бадинтерово мнозинство – односно најмалку 20 гласа „за“ од вкупно 39 пратеници што припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.фото: ФБ

Македонија | пред 6 месеци

lefkada-brza-pomos

Тешка сообраќајна несреќа кај Богданци – возач загина откако излетал од патот!

Возач на патничко возило го загубил животот на обиколницата кај Богданци, откако излетал од коловозот. Според информациите од МВР, лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта на местото на несреќата.-На 30.07.2025 во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16.00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Богданци, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија, стои во соопштението на МВР.

Македонија | пред 6 месеци

velosiped

Велосипедист заврши во ГОБ „8 Септември“ со тешки повреди - удрил во градежен шут на кејот на Вардар!!

На велосипедската патека на кејот на Вардар, на подрачјето на Карпош, велосипедист се здобил со тешки телесни повреди откако удрил во градежен шут на неосветлен дел од патеката. Настанот бил пријавен во СВР Скопје, а повредениот лекарска помош побарал во Градската општа болница „8 Септември“.-На 30.07.2025 во 15.35 часотво СВР Скопје, Б.Ј.(35) од Скопје пријавил дека на 28.07.2025 околу 21.00 часот додека управувал велосипед на велосипедска патека на кејот на река Вардар на подрачјето на Карпош на неосветлен дел од патеката, удрил во градежен шут и паднал. Притоа, тој се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, се наведува во соопштението на МВР.

Скопје | пред 6 месеци

Ilija

Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош: Левица алармира на предизборен поткуп

Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија. Станува збор за класичен пример на организиран предизборен поткуп и фиктивни вработувања, кои директно го оштетуваат државниот буџет и го нарушуваат интегритетот на јавните институции!-Главна фигура во овој скандал е Илија Петковски – Џани, поранешен и актуелен раководител на подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување во Пробиштип, кадар на СДСМ, кој сега преку коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повторно е дел од раководството. Само на последниот јавен повик за вработување по основ „Невработени Роми” се вработиле 40 лица регистрирани како Роми, иако според пописот од 2021 година, во Пробиштип живеат вкупно 104 припадници на ромската заедница. Тоа значи дека со еден повик, Џани „вработил“ 40% од целото ромско население во општината - бројка што е очигледно нереална и алармантно сомнителна, наведува Левица!Посочуваат и дека според анализата на имињата и презимињата на добитниците на позициите, не станува збор за припадници на ромската заедница, туку за Македонци кои се лажно регистрирани како Роми за да добијат наводна „социјална помош“.-Ова е само последен во низата случаи што укажуваат на систематско трошење на народни пари за партиски цели. Според нашите информации, во последните 2-3 години преку овие злоупотреби се извлечени над 300.000 евра од буџетот, велат од Левица.фото: ФБ/Илија Петковски Џани

Македонија | пред 6 месеци

unnamed-2

Изборот на нови функционери предизвик за Собранието – се бара наследник на Зибери и Димитровска, изборите ќе се распишат во август

Во пресрет на распишувањето на локалните избори, Собранието се соочува со две клучни задачи – избор на нов Народен правобранител и претседател на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Како што соопшти денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши, процедурите за обете позиции се во различни фази, но потребата од институционално пополнување е итна.Процедурата за избор на нов Народен правобранител веќе е започната. По пензионирањето на Насер Зибери на 14 јули, земјата остана без омбудсман, иако Законот предвидува распишување на оглас три месеци пред истекот на мандатот. На објавениот оглас се пријавиле 17 кандидати. Комисијата за избори и именувања денеска требаше да заседава и, доколку постои усогласеност, можно е веднаш да се свика пленарна седница за гласање. За избор на Народен правобранител е потребно и Бадинтерово мнозинство.Меѓу кандидатите е и актуелниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Дритон Небиу, кој денеска потврди дека се пријавил на конкурсот. Тој наведе дека има 18-годишно искуство како правник, 15 години работа во Собранието, меѓународно искуство и магистратура по човекови права, што, според него, го квалификуваат за оваа позиција.Паралелно со ова, Собранието ќе распише оглас за избор на нов претседател на ДКСК, откако досегашната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка поради сомнежи дека давала доверливи информации на обвинето лице во случајот „Адитив“ и дека друг вработен полагал испит во нејзино име за добивање безбедносен сертификат.„Законот предвидува рок од десет дена за распишување оглас по оставка или испразнување на функцијата. Тоа ќе го направиме денеска преку Комисијата за избори и именувања. Правната нејаснотија е дали може да се избере претседател на ДКСК или Народен правобранител за време на изборен процес, па ќе направиме правна анализа“, изјави Гаши.Во таа насока, тој најави дека локалните избори ќе бидат распишани најдоцна до средината на август – токму за да се овозможи простор институциите да ги пополнат вакантните места.Во однос на изгласаната интерпелација за јавниот обвинител Љубомир Коцевски, Гаши потсети дека Собранието веќе се изјаснило, и оти Владата, државниот обвинител, а потенцијално и Советот на јавни обвинители треба да постапат согласно „гласот на народните избраници“.Претседателот на Собранието информираше и дека поради здравствени причини нема да се обрати на Пелинце за Илинден. Тоа ќе го стори еден од потпретседателите. Иако пратениците се на летен одмор од 4 до 22 август, Гаши нагласи дека Собранието е во постојано заседание и може да се свика седница доколку има потреба.

Македонија | пред 6 месеци

unnamed-1-1

Мицкоски: Што не успеа Тодор Живков и плејада бугарски политичари, успеа во време на СДСМ – не се споменува македонскиот идентитет

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар за актуелните позиции во меѓународните односи, особено во делот на негаторските позиции кои соседна Бугарија ги искажа при гласањето на извештајот за државата во Европскиот парламент.Премиерот Мицкоски при одговорот на пратеничкото прашање поставено од страна на пратеникот Трајчулевски од СДСМ, потсети дека негаторските позиции за македонскиот идентитет и јазик не се новина во некои кругови во Бугарија и тие постојат уште од создавањето на бугарската држава до денес.„Нема да ве вратам во времето на Батембер, во времето на Егзахот Јосиф, како се обидувале да го асимилираат овој дел. Дошле и до вашето Крушево. Но не успеале. Потрошиле два буџети, но не успеале. Но тоа што го правеле, а потоа го продолжил Тодор Живков, вие го прифативте. Вие ли сега најдовте да ми кажувате? Тоа што не им успеало на Батемберг, преку Јосиф, преку оваа асимилаторска на Сталин, на комунистичкото раководство на Социјалистичка Бугарија, преку Тодор Живков, вие се прифативте.И да тешко е, преку ноќ не можеме за една година да го смениме, но ќе работиме да го менуваме. Бидете трпеливи. Во ваше време беше ерес да се спомене македонски идентитет и јазик во Извештај. Вие прифативте доброволно, потпишувајќи го, лажејќи тука во Парламентот, да ги асимилирате Македонците. Ние тоа нема да го правиме. Ние тоа ќе го исправиме. Бидете трпеливи.“, одговори премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

1L3A7572

„Загрепските солисти“ со импресивен уметнички сензибилитет на „Охридско лето“

Вчерашниот концерт во рамки на програмата на класична музика на фестивалот „Охридско лето“, исто како и претходните на репертоарот, ја воодушеви публиката. Во црквата „Света Софија“ настапи ансамблот „Загрепски солисти“ кој приреди прекрасно музичко доживување за слушателите кои, пак, ги наградија хрватските уметници со стоечки овации.Цели седум децении успешна работа на ансамблот во голема мера се должи на огромниот влог на бројните талентирани хрватски музичари кои биле дел од овој состав низ годините и оставиле силен печат со својата посветеност, дисциплина, ентузијазам и љубов кон камерното музицирање.-Загрепските солисти не се првпат на „Охридско лето“. Порано сме настапувале почесто, потоа не бевме подолго време, но се надевам дека ќе дојдеме повторно за кусо време. За вечерва подготвивме специјален репертоар што е многу интересен во смисла на тоа што се дела кои ансамблот често ги изведува. Почнавме со 10. Гудачка симфонија од Феликс Менеделсон, а продолживме со дело кое е посветено на 70-годишнината од постоењето на Загрепските солисти од хрватскиот композитор Фано Параќ. Првиот дел го заокруживме со Симфонија d-moll од Луиџи Бокерини. Во вториот дел од концертот ја изведовме Сувенири од Фиренца од Петар Илич Чајковски, едно од капиталните дела во гудачката литература, рече по завршувањето на концерот Крунослав Мариќ дел од ансамблот „Загрепски солисти“.Широкиот репертоар на овој ансамбл вклучува дела од сите епохи со особена посветеност на пронаоѓањето ретки и неизведувани дела, како и промоција на новите генерации хрватски композитори.-Секоја година имаме по една праизведба на дела од хрватски композитори, но исто така често ги ставаме на нашиот репертоар делата од хрватските автори. Тоа е една од нашите задачи, појасни Мариќ.Досега овој ансамбл има одржано преку 4000 концерти на сите пет континенти во престижните сали како „Музикферајн“ (Виена), „Концертгебау“ (Амстердам), Ројал Фестивал Хол (Лондон), салата „Чајковски“ во Москва, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Санта Чечилија“ во Рим, „Опера хаус“ во Сиднеј, „Викторија хол“ во Женева, Театарот „Реал“ во Мадрид, Театарот „Колон“ во Буенос Аирес, во дворецот „Версај“ и др.Гостуваат на најпрестижните музички фестивали во светот како оној во Салцбург, Прага, Единбург, Берлин, Берген, Барселона, Истанбул, Дубровник и други, а со нив како солисти настапуваат водечките солистички имиња како Хенрик Шеринг, Алфред Брендел, Џулијан Рахлин, Кристијан Ферас, Пјер Фурние, Леонард Роуз, Џејмс Голвеј, Жан-Пјер Рампал, Алдо Чиколини, Катја Ричарели, Лили Ласкин, Зузана Ружичкова, Марио Брунело, Изабел Морети, Ги Туврон, Марк Копеј, Реј Чен и многу други.Концертот на „Загрепските солисти“ беше поддржан од Амбасадата на Република Хрватска во земјава.

Охрид | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Две тешки сообраќајки за една вечер во Охрид и Струга – тешко повредени малолетник и 17-годишен возач

Секторот за внатрешни работи Охрид постапуваше при две сообраќајни несреќи случени вчера, во кои тешко беа повредени две малолетни лица – едно како пешак, друго како возач.Првата несреќа се случила во 21:05 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, кога патничко возило „Даихатсу“ со скопски таблички, управувано од 69-годишниот С.Г. од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид. Детето се здобило со тешки телесни повреди, кои се констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.Втората несреќа се случила околу еден час подоцна, во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта. Возило „Голф“ со струшки таблички, управувано од 17-годишно момче од селото Франгово, излетало од патот. Возачот добил тешки телесни повреди, а неговиот 15-годишен сопатник од селото Заграчани е полесно повреден. Повредените се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид и Општата болница во Струга.Во двата случаи увид извршила екипа од СВР Охрид. Полицијата ги истражува причините за несреќите.

Охрид | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Две тепачки во раните утрински часови во Охрид: меѓу тепачите и малолетници

Секторот за внатрешни работи Охрид информира за две физички пресметки кои се случиле вчера во раните утрински часови, при што се нарушен јавниот ред и мир, а едно лице се здобило со повреди.Првиот инцидент бил пријавен во 03:50 часот на улицата „Наум Охридски“, каде според полицијата, дошло до тепачка во која учествувале повеќе лица. Со телесни повреди се здобил 21-годишниот А.Ч. од Скопје. По преземени мерки, биле приведени двајца скопјани – К.К. (20) и П.М. (19), а се работи на целосно расветлување на случајот. СВР Охрид најавува соодветни пријави.Вториот случај се случил во 05:15 часот пред казино на улицата „Партизанска“ во Охрид, каде бил приведен Е.И. (20) од Охрид, кој, според полицијата, се степал со две малолетни лица од Скопје. И овој настан е документиран и ќе биде проследен со соодветна кривична пријава.Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од насилно однесување, особено во туристичката сезона кога градот е под засилено полициско присуство.

Охрид | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-57-7600PM

Два инциденти со дрога пред ноќни клубови во Охрид – приведени четворица млади лица

Секторот за внатрешни работи Охрид регистрираше два одделни случаи поврзани со дрога пред ноќни клубови во Охрид.Во првиот случај, на 30 јули 2025 година во 21:25 часот, полициски службеници привеле 21-годишниот Х.И. од Прилеп, кај кого во возилото „ауди“ била пронајдена и одземена опаковка со марихуана. На службен разговор биле повикани и неговите сопатници – Л.С. (21) и Б.Г. (21), исто така од Прилеп. По документирањето на случајот, ќе следува соодветна пријава.Во вториот случај, истиот ден околу 00:45 часот, бил лишен од слобода Ж.Р. (30) од селото Брвеница, Тетово. При преглед, кај него биле пронајдени и одземени паковки со бела прашкаста материја. И против него ќе биде поднесена соодветна пријава по комплетирањето на доказите.Од СВР Охрид најавуваат засилено полициско присуство и контроли во туристичките подрачја за време на летната сезона.

Охрид | пред 6 месеци

gubre

(ВИДЕО) Купишта отпад на влезот од поликлиниката во Шуто Оризари: Срамна слика пред здравствена установа

Граѓаните кои секојдневно бараат здравствена помош во поликлиниката во Шуто Оризари се соочуваат со грозоморна глетка уште на самиот влез. Левата страна од приодот до влезната врата е буквално затрупана со купишта ѓубре – стари картони, пластика, отпадоци, разнесени кесички и остатоци од храна се расфрлани и по патеката по која минуваат пациенти, мајки со деца, стари лица, граѓани на кои им треба лекарска помош.Станува збор за слика која не само што го нарушува достоинството на пациентите, туку и директно го загрозува јавното здравје.Иако поликлиниката е јавно здравствено објект, и треба да претставува простор со највисоки хигиенски стандарди, моменталната состојба на терен го покажува токму спротивното.Погледнете го видеото кое сведочи за срамната слика пред влезот на оваа здравствена установа во главниот град.

Скопје | пред 6 месеци

ohrid-carsija-policija

Жена од Србија со нож нападнала маж во угостителски локал во Охрид

На 30 јули 2025 година, во угостителски објект на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, дошло до физичка пресметка помеѓу две лица – Т.С. (25) од Србија и Г.М. (49) од Охрид. Според информациите од СВР Охрид, во инцидентот Т.С. со нож го нападнала Г.М..Двајцата се приведени, а од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 6 месеци

ukraina

Нови обвинувања: Русија со намерни напади врз цивили во Харкив – цел се и амбулантни и хуманитарни возила

Руските сили спроведуваат тактика на намерни напади врз цивилни цели во Харкивската област, предупреди регионалниот гувернер Олег Синехубов, пренесува локалниот медиум Gwara Media.„Непријателот директно цели врз цивили, амбулантни возила, евакуациски средства и возила на итните служби. Тоа се приоритетни мети“, изјави Синехубов.Само вчера, Русија изврши ракетен напад врз складиште во селото Васјишчеве, на периферијата на Харкив. Во нападот загина едно лице, а седум беа ранети, меѓу кои и припадници на противпожарната служба. Целосно се уништени објекти со цивилна стока.Ист ден, руските сили нападнаа и два реона во Харкив – Шевченковски и Слободски – при што беа повредени три лица. Нападите предизвикаа пожари на возила и згради, а итните служби интервенираа цела ноќ.Во Купјанск, град со висока логистичка важност за областа, руските напади усмртија едно лице, а две други беа повредени. Градот е речиси целосно уништен – само 5% од објектите се останати недопрени.Во вторникот, руските сили ја нападнаа Новоплатонивка (општина Борова), при што загинаа седум лица, а двајца беа повредени. Неколку од жртвите починале во болница. Нападот се случил додека луѓето чекале хуманитарна помош.Харкивската област, која се наоѓа на североистокот на Украина, на самата граница со Русија, е постојано изложена на напади од север, исток и југоисток.

Свет | пред 6 месеци

lence-ristoska

Ленче Ристоска обвинува: Владата врши притисоци и ја крши процедурата за избор на судија во Стразбур

Обвинителката Ленче Ристоска обвини дека Владата врши притисоци и спроведува нетранспарентна постапка при изборот на националниот кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Според неа, одлуката на Владата да не ја прифати листата со тројца кандидати, меѓу кои беше и самата, е очекуван политички потег, но спротивен на препораките на Советот на Европа.„Последниве два месеци имав укажувања дека треба да ја повлечам мојата кандидатура, а во јавноста се водеше и клеветничка кампања против мене. Затоа не ме изненади одлуката на Владата – само начинот на кој ќе ја прекрши процедурата беше неизвесен“, напиша Ристоска.Таа посочи дека Владата одбива да објасни зошто ја отфрла листата и кои критериуми не биле исполнети од кандидатите. Ова, според неа, е спротивно на принципите на транспарентност и отчетност што ги бара Советот на Европа.„Одлуката на Владата е неоснована, нетранспарентна и без образложение. Постапката треба да биде фер, однапред пропишана и јавна – како што тоа го налага Советот на Европа“, нагласува Ристоска.Таа потсетува дека оценката на кандидатите ја вршат Комисијата формирана токму за оваа цел и советодавното тело на Советот на Европа, и оти Владата има обврска да ја почитува нивната селекција или, доколку отстапи, да го образложи тоа со конкретни факти и критериуми.„Сосема е прифатливо да не ја добиете позицијата ако не сте најдобриот кандидат, но тоа мора да биде резултат на фер постапка – а не на политички маневри“, заклучува обвинителката.Како потсетување, Ристоска, која е дел од тимот на Европравда и поранешна членка на Специјалното јавно обвинителство, се најде под лупа поради предметот за бонусите во СЈО, во кој беше покрената постапка за разрешување на републичкиот обвинител.Таа е поврзана и со роднинска врска со сопругата на министерот Тимчо Муцунски, што предизвика сомнежи за можен конфликт на интереси. Министерството за надворешни работи ја оспори поврзаноста како правно релевантна, наведувајќи дека станува збор за далечно сродство. Ристоска е позната и по водењето на големи случаи како „Таргет-тврдина“ и „Талир“

Македонија | пред 6 месеци

saban-saliu

Салиу не чувствува вина за Кочани: „Не бев на одмор, се пријавив“

Министерот без ресор, Шабан Салиу, денеска изјави дека не чувствува вина и дека треба да се почитува презумпцијата на невиност додека не биде донесена судска одлука. Тој одговараше на новинарски прашања поврзани со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која и тој е опфатен.„Сè додека не бидам осуден, не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука и да ја водат постапката“, изјави Салиу пред почетокот на одбележувањето на Меморијалниот ден на Ромскиот Холокауст – 2 Август.Запрашан што мислел кога рекол дека новинарите „водат судска постапка“, Салиу рече дека не е фер и не е коректно новинари да сликаат таблички на неговото службено возило додека се движел кон судот.„Не бев на одмор, не бев никаде, напротив – во рамките на моите должности го извршив и тоа, се пријавив“, нагласи тој.Во врска со прашањето зошто со службено возило отишол во судот, Салиу одговори дека од 8 до 17 часот е на работа и дека не излегол од државата, туку бил во судот.

Македонија | пред 6 месеци

bankomat

Добри вести за граѓаните кои летуваат во Грција: Нови и поправични правила за вадење пари од банкомати

Добри вести за граѓаните кои летуваат во Грција: Нови и поправични правила за вадење пари од банкоматиГраѓаните кои летово се на одмор во Грција, омилената летна дестинација, ќе имаат придобивки од новите правила што стапуваат на сила од 11 август и се однесуваат на користењето на банкомати. Со овие измени, значително се намалуваат трошоците за провизии при подигање готовина.Измените, предложени од министерот за национална економија и финансии на Грција, Киријакос Пјеракакис, предвидуваат укинување на одредени надоместоци и поставување горни граници за други, со што ќе се намалат трошоците за граѓаните.Што точно се менува:Без провизија во општини со само еден банкоматВо општините и нивните населени места каде што постои само еден банкомат – без разлика дали е сопственост на банка или приватна фирма – нема да се наплатува провизија при подигање пари. Ова овозможува бесплатно користење на банкомати таму каде што нема други алтернативи.Бесплатно подигање пари помеѓу грчки банкиКорисниците на картички издадени од грчки банки што се дел од меѓубанкарскиот систем „Дијас“ (како Eurobank, Piraeus Bank, National Bank, Credia, Optima) ќе можат да подигаат пари од банкомати на други грчки банки без да плаќаат провизија. Ова не се однесува на картички издадени од странски банки, ниту на картички од системот VIVA.Без провизија кога банката има врска со сопственикот на банкоматотКога банкоматот е во сопственост или управуван од фирма со која банката има деловна или сопственичка поврзаност, нема да се наплатува надоместок за подигање пари. На пример, ако банкоматот е од компанијата Cashflex, а картичката е од Piraeus Bank, поврзаноста меѓу нив овозможува бесплатна услуга.Провизија најмногу до 1,5 евро во други случаиАко корисник на грчка картичка подигнува пари од банкомат на независен оператор (на пример Euronet, Cashflex), а нема деловна врска со издавачот на картичката, највисоката дозволена провизија е 1,5 евро по трансакција. Ова ограничување не важи за странски картички – кај нив важи политиката на домашната банка, без горна граница.Дополнителни олеснувањаНовите правила овозможуваат и бесплатен увид во состојбата на сметката, како и подобра координација меѓу банките и операторите на банкомати при трансфери на средства.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-31-at-11.23.42

(Видео) Невреме во Халкидики: Поплавени улици во Неа Флогита, силни бранови во Ханиоти

Силно невреме го зафати полуостровот Халкидики, при што обилните врнежи предизвикаа поплави во туристичките места. Членови на групата „Грција инфо“ на Фејсбук, кои престојуваат во Неа Флогита, споделија фотографии од поплавени улици,што го отежнува движењето низ местото.Дополнително, на социјалните мрежи се појави видео од Ханиоти, на кое се гледаат големи и силни бранови во морето, предизвикани од нестабилното време.Според метео-најавите, нестабилноста ќе продолжи и во текот на денот, со облачност и повремени врнежи. Туристите се повикуваат да бидат претпазливи, да ги следат временските прогнози и да избегнуваат движење на отворено во ризични зони.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-31-at-11.21.59

(Видео) Кличко: Најголем број повредени деца за една ноќ во Киев – последици од најсилниот напад досега

Најмалку девет деца се повредени во ноќешниот руски напад врз Киев – број кој, според градоначалникот Виталиј Кличко, претставува најголем број повредени деца во еден ден од почетокот на руската инвазија.„Има жртви меѓу населението во Соломјанскиот округ. Една од станбените згради е значително оштетена од непријателскиот напад“, соопшти Кличко, објавувајќи и видео од местото на трагедијата.Според последните информации, најмалку седум лица загинале, а повредени се 82, откако Русија синоќа изврши комбиниран напад врз Украина, користејќи над 300 дронови и осум ракети, потврдија украинските власти.Градоначалникот на Киев и началникот на воената управа Тимур Ткаченко потврдија дека Киев претрпел најголеми штети, особено во западниот дел од градот, каде дел од урнатините се уште се расчистуваат.Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека нападот е „одговор на Русија на нашата желба за мир, споделена со Америка и Европа“.Ова е еден од најжестоките напади врз главниот град на Украина во последните месеци, со силни последици по цивилното население, вклучително и деца, што предизвика нови осуди и реакции од меѓународната заедница.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања