Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library4t785b7ibsru8dPnv3B

Кој ќе ја води Венецуела? Трамп: За одреден период, Венецуела ќе ја водат луѓето зад мене

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави не ја исклучуваат можноста за присуство на свои војници на терен во Венецуела и дека американската војска веќе имала директно присуство за време на операцијата што доведе до апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.Одговарајќи на новинарско прашање дали управувањето со Венецуела од страна на САД подразбира и распоредување копнени сили, Трамп изјави дека Вашингтон „не се плаши од чизми на терен“. Тој дод

Свет | пред 10 месеци

media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

Рубио: Мадуро не е легитимен претседател, тоа го вели целиот демократски свет

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Николас Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела и дека тоа не е став само на актуелната американска администрација, туку континуирана позиција на Соединетите Американски Држави со години наназад.Рубио нагласи дека и администрацијата на Доналд Трамп во неговиот прв мандат, како и администрацијата на Џо Бајден, официјално го сметале Мадуро за нелегитимен лидер. Дополнително, посочи дека Мадуро не е признаен ниту од Европска Унија, како

Свет | пред 10 месеци

media-libraryujior5rf4egfdu5u9Qd

Како беше фатен Мадуро: 150 летала, целосно изненадување и прецизна акција

Американската воена операција за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро била резултат на повеќемесечна разузнавачка работа, прецизно планирање и координација на сите родови на американските вооружени сили, изјави началникот на Здружениот штаб на САД, генерал Дан Кејн.Обраќајќи се на прес-конференција, генералот Кејн истакна дека операцијата, со кодно име „Апсолутна решеност“, била „дискретна, прецизна и хируршки изведена“, при што биле ангажирани копнени, воздушни и поморски сили, за

Свет | пред 10 месеци

media-libraryg7cqrjogbsad0CGbAbI

Муцунски го поздрави апсењето на Мадуро: Стоиме со САД и народот на Венецуела

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го поздрави апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој, според објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, ноќеска бил приведен од американските сили во Каракас и ќе се соочи со судски процес во Соединетите Американски Држави.Во објава на социјалната мрежа Икс, Муцунски наведе дека ја поздравува одлуката Мадуро да биде изведен пред лицето на правдата, оценувајќи дека одговорноста е суштински елемент за владеењето на правото и

Свет | пред 10 месеци

media-library0ms65cr0i75pepXXmZb

Американски компании ќе ја преземат венецуелската нафта, Мадуро е на брод кон САД, вели Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новото американско „партнерство“ со Венецуела ќе донесе богатство, независност и безбедност за венецуелскиот народ, по воената операција што резултираше со апсење на претседателот Николас Мадуро.На прес-конференција, Трамп порача дека Венецуелците повеќе нема да страдаат и дека особено задоволни ќе бидат венецуелските иселеници кои живеат во Соединетите Американски Држави.„Тие ќе бидат исклучително среќни. Нема повеќе да страдаат“, рече американ

Свет | пред 10 месеци

media-library1i77ko6sdf9l4iKUt6s

Франција, Бразил и ОН остро против американската воена интервенција во Венецуела: Ова е опасен преседан

Воената операција на Соединетите Американски Држави што резултираше со апсење и одведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро претставува сериозно кршење на меѓународното право, оценија повеќе светски лидери и меѓународни институции, предупредувајќи дека станува збор за опасен преседан со далекусежни последици по глобалната безбедност.Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро соопшти дека операцијата ја нарушува основната забрана за употреба на сила, која претставува темел

Свет | пред 10 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

(Видео) Трамп најавува можен нов бран напади и американско управување со Венецуела

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави се подготвени да изведат втор, „многу поголем“ воен напад врз Венецуела, доколку тоа биде потребно, оценувајќи дека досегашната операција била „исклучително успешна“.Претседателот се осврна и на состојбата во венецуелскиот нафтен сектор, оценувајќи дека тој со години бил во колапс. Според него, големи американски компании ќе влезат во Венецуела, ќе инвестираат милијарди долари и ќе ја обноват нафтената инф

Свет | пред 10 месеци

media-libraryd27cureiliuadiUPLyP

(Видео) Tрамп тврди дека САД ќе ја водат Венецуела „некое време“: Воената операција во Венецуела беше извонредна

Американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени воената операција што Соединетите Американски Држави ја спроведоа во главниот град на Венецуела како „извонредна“, наведувајќи дека акцијата била изведена по негова директна наредба и траела во текот на ноќта и утринските часови.Во своето обраќање, Трамп истакна дека американската воена моќ била „преовладувачка“, дејствувајќи истовремено од воздух, копно и море. Според него, операцијата претставува демонстрација на целосна воена супериорност и одлу

Свет | пред 10 месеци

media-librarytsi3bud86af22v3NMfG

(Фото) Трамп објави фотографија за која тврди дека го прикажува Мадуро на американски воен брод

Aмериканскиoт претседател Доналд Трамп објави фотографија на својата социјална мрежа Truth Social, за која тврди дека го прикажува венецуелскиот претседател Nicolás Maduro на бродот „USS Iwo Jima“, со кој, според неговите наводи, Мадуро бил пренесуван кон Соединетите Американски Држави.На фотографијата се гледа лице кое наликува на Мадуро, со маска преку очите, слушалки на ушите и облечено во сива тренерка. Трамп не објави дополнителни детали за тоа кога и каде е направена фотографијата, ниту па

Свет | пред 10 месеци

media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Двегодишниот Нагип е погребан: адвокатот објасни што се случуло ноќта кога детето било погодено во глава, но точната причина уште не се знае

Адвокатот Срџан Амет, правен застапник на семејството на двегодишното дете кое почина во новогодишната ноќ, јавно побара итна, темелна и транспарентна истрага за трагичниот настан, посочувајќи дека околностите под кои настапила смртта сè уште не се разјаснети, а семејството не добило конкретни одговори од надлежните институции.Според изјавата на Амет, на 31 декември, односно во раните часови на 1 јануари, околу 00:05 часот, семејството Арслани се наоѓало пред својот дом за да го проследи новогод

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryfi9ck3q6mna1avIKWBh

Објавено обвинение против Мадуро и неговото семејство: „Испратил илјадници тони кокаин во САД“

Американското Министерство за правда објави нова, опсежна оптужница против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, а сега обвинети се и неговата сопруга Силија Флорес и синот Николас Мадуро Герра. Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде ќе се соочи со тешки обвиненија за „нарко-тероризам“.Според оптужницата, Мадуро и неговите сојузници го претвориле врвот на државата во жариште на корупција која се движи од трговија со дрога, користејќи ги институ

Свет | пред 10 месеци

media-library8vbn0ij3kj5c0eZUVOM

Претседателката на Европската комисија порача: Стоиме покрај народот на Венецуела

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во саботата порача дека Европската унија стои покрај народот на Венецуела и ја поддржува мирната и демократска транзиција во земјата.„Стоиме покрај народот на Венецуела и поддржуваме мирна и демократска транзиција. Секое решение мора да ги почитува меѓународното право и Повелбата на ОН“, напиша фон дер Лајен на социјалната мрежа X. Таа додаде дека ЕУ внимателно ја следи ситуацијата и ги повика граѓаните на Унијата во Венецуела да се п

Свет | пред 10 месеци

Нема фотографија

Мадуро се упатува кон строг федерален затвор – САД со сериозни безбедносни предизвици

Иако сè уште не е познато каде точно американските власти ќе го држат Николас Мадуро до почетокот на судскиот процес, обвиненијата против него се подигнати во Њујорк, што отвора можност тој да биде сместен во строго чуваниот Metropolitan Detention Center (MDC) во Бруклин.Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Мадуро моментално се наоѓа на воениот брод USS Iwo Jima, кој плови кон Њујорк. Според американските медиуми, токму поднесувањето на обвиненијата во овој федерален округ овозмож

Свет | пред 10 месеци

media-librarym593sn23o06r1u56q36

(Видео) Американски воздушни напади врз Венецуела: Штети на база кај Каракас, прогласена вонредна состојба

Американски воздушни напади насочени кон Венецуела предизвикаа значителна штета на инфраструктурата и уништување на возила во воздушната база Ла Карлота, во близина на главниот град Каракас. Нападите ги изведоа американските сили во рамки на воена операција, потврди американскиот претседател Доналд Трамп.Преку својата социјална мрежа Truth Social, Трамп соопшти дека станува збор за напад „од големи размери“, тврдејќи дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга се заробени

Свет | пред 10 месеци

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Мицкоски: Во март следува ново зголемување на платите во здравството и образованието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Вечер.мк истакна дека Владата останува цврсто посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку континуирано зголемување на платите и инвестиции во клучните сектори - образованието и здравството.Тој нагласи дека зголемувањето на платите во образованието и здравството се реализира согласно веќе потпишаните четиригодишни договори со репрезентативните синдикати.„Зголемувањето на платите во здравството и во образованието го правиме како резу

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryqltofkkvhnas5Aj6QIP

Николоски: Покажавме како се чува националното единство, да се бориме за нашите интереси без да виткаме кичма

Покажавме дека возможно е да се владее на поинаков начин, да се носат одлуки, а истовремено да не се потклекнува пред никого и да ги зачуваме македонските национални интереси - истакна во интервју за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.“Успеавме прв пат после децении газење да покажеме дека може да се чува македонското национално единство, дека можеме да се бориме за нашите интереси без да треба да виткаме кичма пред било кого. После долго врем

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryvg3apg7ibvsj1d5GqU5

Мицкоски: Пензиите се зголемуваат, а сиромаштијата се намалува

„Ставот на Владата е јасен, нашиот чекор што го направивме можеме да го аргументираме, а потврда дека сме направиле добар чекор се и објавите на Државниот завод за статистика кои деновиве излегуваат и се коментираат во јавноста околу лаекенските индикатори, односно нивото на сиромаштија, џини-индексот, нерамномерната распределба на доходот. Тука имаме добра вест, а тоа е дека се намалува стапката на сиромаштија, ако во 2021 година била 23%, сега е 21,9 во 2024, а во 2023 била 22,2%. Џини-индексо

Македонија | пред 10 месеци

media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

Мицкоски: За година и половина ги реализиравме сите цели, ја затекнавме државата со наследени проблеми, но воспоставивме одговорно и домаќинско управување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  истакна дека Владата во изминатата година и половина ги реализирала сите зацртани цели, а во многу сегменти направила и повеќе од првично планираното, како резултат на реалните и итни состојби со кои се соочила државата.„Немаше нешто што планиравме, очекувавме да го направиме, а не го направивме. Мислам дека направивме и повеќе од тоа што очекувавме”, истакна Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.Тој нагласи дека и по година и половина од преземањето

Македонија | пред 10 месеци

media-library27eh3srovpn02DZol8t

Трагичен епилог: Македонецот Стивен Ивановски е меѓу жртвите во пожарот во Кран-Монтана

Македонскиот државјанин Стивен Ивановски, кој исчезна за време на катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, е меѓу загинатите, дознава „Скопје1“ од извори блиски до семејството. По неколкудневна неизвесност и потрага низ болниците во повеќе европски држави, ДНК-анализата потврдила дека Ивановски не успеал да се спаси од огнената стихија.Трагичната потврда доаѓа по денови надеж и исчекување, во кои семејството и пријателите веруваа дека постои м

Свет | пред 10 месеци

media-library88540im8ne7m1fKx2La

Мадуро е тргнат од власт: Венецуела влегува во најнеизвесниот период во последните децении

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро е тргнат од власт, објави американскиот претседател Доналд Трамп, но засега останува целосно нејасно што ќе се случува понатаму во земјата и како ќе изгледа Венецуела по падот на режимот, анализира Би-Би-Си.Станува збор за најдиректната американска интервенција во Латинска Америка од 1989 година, кога САД ја нападнаа Панама и го соборија тогашниот воен лидер Мануел Нориега. Во Вашингтон, ваквиот развој на настаните многумина го доживуваат како голема побе

Свет | пред 10 месеци

media-librarybkav4ako1ovk8UHOvwE

Русија: Венецуела мора сама да одлучува за својата судбина

Руското Министерство за надворешни работи остро го осуди, како што го нарече, „чинот на вооружена агресија против Венецуела“ од страна на Соединетите Американски Држави, оценувајќи дека сите „изговори“ со кои се обидува да се оправдаат ваквите потези се „неодржливи“.Во официјалното соопштение, руската дипломатија изрази солидарност со венецуелскиот народ и поддршка за, како што наведува, насоката на боливарското раководство, насочена кон заштита на националните интереси и суверенитетот на земјат

Свет | пред 10 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-07-1250PM

Оџак предизвика пожар во Штип: мајка и ќерка завршија во болница

Две лица се пренесени на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје по пожар што избувнал во стан во Штип, информира Министерството за внатрешни работи.Како што соопшти МВР, на 2 јануари 2026 година во 15:01 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 6 часот наутро настанал пожар на оџак во стан на улицата „9 Мај“, сопственост на С.А. (41) од Штип. Поради вдишување чад, неговата мајка Д.А. (65) и сестра му С.Д. (39), двете од Штип, биле пренесени во скопските клиники за укажување л

Македонија | пред 10 месеци

media-library0c1d10tn5lbl6PRHVK6

Приведен жител на Стримница по закани со нож кон градоначалникот на Желино

Полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Ф.Б. (34) од тетовското село Стримница, по пријава дека се заканувал со остар предмет на градоначалникот на Општина Желино, соопшти Министерството за внатрешни работи.Како што информира МВР, на 2 јануари 2026 година во 17:45 часот, полицијата постапила по претходна пријава според која околу 10:00 часот истиот ден, во просториите на Општина Желино, осомничениот со остар предмет упатувал закани кон Б.С. (40) од селото Копач

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryi7u3pngd9sfe27C8Lrh

Осуденик од Штип со тешки повреди откако го натепале во кумановскиот затвор

Осуденик во Казнено-поправната установа Затвор К’шање во Куманово пријавил дека бил брутално физички нападнат од друг затвореник, при што се здобил со тешки телесни повреди, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата поднесена на 2 јануари 2026 година во 11:30 часот во СВР Куманово, З.С. (54) од Штип навел дека инцидентот се случил на 11 декември 2025 година околу 14:00 часот, во просторија во рамки на затворот, каде во тој момент се наоѓал заедно со уште четири лица. Според н

Македонија | пред 10 месеци

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

Пукале од оружје на семејна веселба во Лажани, две лица приведени

Две лица од селото Лажани, општина Долнени, беа лишени од слобода откако за време на семејна веселба пукале од огнено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Настанот се случил на 2 јануари 2026 година околу 09:30 часот, кога полициски службеници од Полициското одделение Ропотово интервенирале во селото Лажани. Според официјалните информации, М.С. (36) управувал патничко возило „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки, а С.Б. (29) управувал „мерцедес“ со германски национални ознак

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања