Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Опозицијата ќе им поставува прашања на премиерот и министрите

Прва собраниска седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70 седница премиерот и министрите, според Деловникот два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници. На предлог на дневниот ред на 70 седница се верификација на мандат на пратеници во Собранието.На прво читање на седницата се изменувањата и дополнувањата на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за дан

Македонија | пред 11 месец

evra

Блиндирано возило со два милиони евра ограбено во Србија, комбето пронајдено запалено

Голем грабеж го потресе југозападниот дел на Србија, откако вчера попладне беше нападнато и одземено блиндирано возило што превезувало околу два милиони евра државни средства. Инцидентот се случил на подрачјето меѓу Рашка и Нови Пазар, а возилото подоцна било пронајдено целосно изгорено во местото Јабланица.Според првичните сознанија, обезбедувањето сопатувало на релација Крагуевац – Нови Пазар кога накратко застанале пред продавница. Во моментот кога едниот чувар влегол внатре, вооружен напаѓач

Свет | пред 11 месец

siluvanje-1-640x432-163518

Сексуално злоставувал петгодишно девојче - Обвинение за 23-годишник од Волково

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко.Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе

Скопје | пред 11 месец

sobranie

Се уште „виси” Бадентеровото мнозинство

Битни закони се закочени бидејќи актуелното владино мнозинство нема обезбедено бадентерово мнозинство или доволен број пратеници од немнозинските заедници.Затоа се актуелизира темата дали власта ќе успее да го прошири парламентарното мнозинство.ВМРО-ДПМНЕ, со ВЛЕН и ЗНАМ можеби ќе немаат проблем со двотретинско мнозинство, или поддршка од 80 пратеници, но камен на сопнување е Бадентерово мнозинство.Од 120 пратеници, 39 припаѓаат на немнозинските заедници и за да има Бадентер треба да се обезбеда

Македонија | пред 11 месец

Osnoven-sud-Kumanovo

Македонија има повеќе судии од Данска, Ирска, Шведска, Франција, Шпанија и Малта: Правосудството низ бројки

Иако судиите деновиве алармираат за високи оптоварувања и недоволни ресурси, официјалните европски податоци покажуваат дека Македонија има релативно голем број судии во споредба со другите држави.Според најновиот извештај на ЦЕПЕЈ (Европската комисија за ефикасност на правосудството), нашата земја располага со околу 22,3 судии на 100.000 жители, бројка која е над европскиот просек од околу 21,9–22,2.Тоа значи дека Македонија не е меѓу земјите со недостиг од судии – напротив, е во групата со пови

Македонија | пред 11 месец

media-libraryjoc5i9tijl1pcteMLkF

Добра одлука на Ѓорѓиевски за забраната да се фрла ѓубре по 22 часот: Софија Куновска посочи пример од Швајцарија

Според Софија Куновска, поранешта советничка во Град Скопје од СДСМ, одлуката на градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, да забрани фрлање ѓубре во контејнерите по 22 часот е добра одлука. Таа направи споредба со регулативата во Швајцарија.„Во Швајцарија пред 40 години првпат видов поставени камери кои набљудуваат кога и какво ѓубре одложува секој станар во или (скраја да е) покрај контејнерите.Ако е оставено несоодветно спакувано или вон предвиденото време ви го враќаат на врата со љубезен поздрав и

Скопје | пред 11 месец

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Пороен дожд утрово во Скопје, најавени обилни врнежи и силен јужен ветер низ државата

Утринава делови од Скопје беа зафатени од поројни дождови, по што продолжува периодот на нестабилно и влажно време што ќе ја погоди целата држава во текот на денот и ноќта. Во Скопје ќе биде облачно со повремени поинтензивни врнежи, а низ котлината ќе дува умерен, на моменти и засилен јужен ветер.Според најавите на метеоролозите, на повеќе локации ширум земјата врнежите ќе бидат пообилни и во едно деноноќие може да надминат 30 литри на квадратен метар. Можно е и формирање на краткотрајно невреме

Скопје | пред 11 месец

media-librarypqkun93musegeDkEOee

(Видео) „Вјесник“ во Загреб уште гори - пожарникарите цела ноќ се обидуваат да го изгаснат пожарот што го зафати облакодерот

Дека и утринава облакодерот „Вјесник“ во Загреб сè уште е зафатен од оган, потврдува големата интервенција што трае од синоќа, кога напуштената зграда на Славонска авенија беше зафатена од пожар малку пред полноќ.Пламените јазици се проширија брзо по горните катови, а околу 7 часот утрово огнот сè уште не беше ставен под целосна контрола. На терен работат повеќе од 30 противпожарни возила и речиси стотина пожарникари, а на местото пристигнаа и засилувања од дополнителни единици.Поради сложеноста

Свет | пред 11 месец

apasiev

Апасиев најави: Ќе закажам комисиска седница во Собранието за трагедијата во Кочани

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи соопшти дека планира следната недела да закаже седница на Постојаната анкетна комисија во Собранието, со која тој претседава. Ова следува откако родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани испратиле претставка.„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница

Македонија | пред 11 месец

media-libraryvia8rvls5l8e7FTxbMh

(Видео) Гори облакодер во Загреб, зафатени неколку ката, пожарот се шири низ вентилацијата

Вечерва во Загреб изби голем пожар на претпоследниот кат од облакодерот „Вјесник“, а пламенот се прошири и на неколку други ката од зградата. Според информациите од загрепските пожарникари, во гаснењето се вклучени 66 пожарникари со 20 возила, додека внатрешната интервенција е прекината поради зголемена опасност.„Пожарот е и понатаму активен и се шири преку конструкциските отвори. Поради зголемен ризик, пожарникарите се повлечени од внатрешната навала. Сите станици се испразнети и се пополнуваат

Свет | пред 11 месец

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

(Видео) Дијана Хрка по 16 дена го прекина штрајкот со глад, добила благослов од двајца свештеници

Дијана Хрка, мајка на младиот Стефан кој пред една година загина при уривање на настрешница во Нови Сад, по 16 дена го прекина штрајкот со глад пред српското Собрание.Таа рече дека добила благослов од двајца свештеници и повици од здравствени работници и студенти по медицинa за прекин на штрајкот и дека ги прифатила, но дека ќе остане пред српското Собрание.Европратеничката Ирена Јовева, со македонско потекло, вечерва ја посети Дијана.„Дојдов да ја изразам мојата поддршка“, и рече таа на Дијана

Свет | пред 1 година

filipce-51

СДСМ бара надзорна расправа и Анкетна комисија за независно испитување и одговорност за трагедијата во Пулс

Лидерот на СДСМ и пратеник Венко Филипче објави дека пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“.„На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврд

Македонија | пред 1 година

media-libraryscu3im72f02r2nD1SC8

Силен јужен ветер го отежнува авиосообраќајот над Скопје, два лета пренасочени кон Приштина

Два вечерни лета на Визeр , кои требаше да слетат во Скопје се пренасочени во Приштина поради неповолни услови за слетување.Од Центарот за управување со кризи информираат дека причина е силен јужен ветер.Други два авиони се уште кружат и чекаат насока за слетување.Летовите од Берлин и Ајнховен околу 18:20 и 18:50 добиле насока да продолжат кон аеродромот во Приштина.

Македонија | пред 1 година

media-libraryiefas287h1lt8sI4Bxb

Петрушевски: Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен, зголемена поддршка за социјалната заштита, здравството и образованието

Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, беше гостин во „Топ тема“ на телевизија Телма, каде се осврна на темата за Предлог-буџетот за 2026 година и во реплика на пратеничката од опозициската СДС, Јована Тренчевска, истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен. Тој се осврна на делот за пензии, кои како што вели, ќе се покачат за над 10%, а буџетот за социјална заштита како и во делот на здравството е зголемен, со средства за медицинска опрема како

Македонија | пред 1 година

media-librarydbusf2oq0ae4aiA6HPO

Стојаноски: Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години, што претставува силна потврда за добрите и одговорни политики што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе испорачува конкретни и мерливи резултати во економијата. Тој додаде дека 55.000 студенти ќе добијат ваучери за набавка на технолошки уреди, додавајќи дека есенската економска прогноза на Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години, што претставува силна потврда за добрите и одговорни политики што Владата ги спро

Македонија | пред 1 година

media-librarycspnj0gfmn504M6fmOY

Кузманоска: Домашните капитални инвестиции во 2026 година ќе бидат мотор за економскиот раст на земјата

Биљана Кузманоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година порача дека Предлог-буџетот за 2026 година носи ред, мерливи резултати и стабилен економски раст, со силен фокус на инфраструктурата и инвестиции кои треба да отворат нови работни места.„Буџетот за 2026 година не е само финансиска рамка, тој е одраз на новиот начин на работа, на новата политика што ја ветивме, политика на одговорност, ред и чесност“, рече Кузма

Македонија | пред 1 година

media-library323dk12e1r4n7IjcsLw

Илиевска: Предлог-буџетот за 2026 година е развоен, стабилен и насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните

На денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска каде истакна дека Предлог-буџетот е развоен, стабилен и директно насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.„Предлог-буџет за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра и она што е особено важно, а граѓаните треба да го знаат е дека во овој буџет се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, за нови училишта, нови спор

Македонија | пред 1 година

media-library1t5ehovudcaq4fGaZbU

Милевски: Предлог-буџетот за 2026 година со силен фокус на намалување на сивата економија

Пеце Милевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, имаше свое обраќање каде се осврна на делот за сивата економија при што потенцираше дека Предлог-буџетот за 2026 година има мерки за намалување на истата. Тој истакна дека во овој Предлог-буџет акцентот е ставен и на развојната компонента, преку високо ниво на капитални инвестиции.„Со овој Предлог-буџет многу се внимава на мерки за намалување на сивата економијата и

Македонија | пред 1 година

media-library09df1j8rss3p0TZ1yKN

Том Круз по 39 години ја доби статуетката Оскар

Познатиот актер Том Круз, со четири номинации за Оскар како актер и продуцент, го доби својот прв Оскар на доделувањето на наградите „Gaverners”.Овој почесен Оскар му беше доделен за исклучителни достигнувања за време на неговата 44-годишна кариера во филмската индустрија, а „Топ Ган“ секако се смета за негово најголемо достигнување.„Снимањето филмови не е она што го правам, туку она што сум. Во киното се смееме заедно, чувствуваме заедно, се надеваме заедно“, рече Круз.Том Круз досега четири па

Свет | пред 1 година

media-librarytl4opm1ih12d0lxGy0U

Богески е наследник на Котлар во Државниот Архив

Димитар Богески е нов директор на Државниот архив на Македонија. Богески 19 години е вработен во Архивот и досега беше заменик-директор.Тој доаѓа на местото на Наташа Котлар-Трајкова, која минатата недела во јавноста соопшти дека преку телефонски повик била разрешена од Владата.,,За директорот Богески оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упати благодарност до досегашната

Македонија | пред 1 година

media-library9jst3ru7gk0d0RJLc5x

Скопје се гуши, попладнево е на 15то место во светот по загаден воздух

Скопје се најде на 15 то место на глобалната листа на најзагадени градови во моментов, покажуваат најновите мерења на платформата за следење на квалитет на воздух.Скопје има индекс на квалитет на воздухот (AQI) од 97, што го вбројува во категоријата „нездрав за чувствителни групи“.На табелата ,,водат” Дака и Дубаи. Скопје е веднаш зад Манама и Лима.Загрижува фактот што зимата и грејната сезона се уште не се во полн ек.

Скопје | пред 1 година

media-librarysbp1udm44kgf7Lk9IT1

Гитаристот на ДНК со силна порака до неговите колеги – убаво што ги пеете песните на ДНК, но каде бевте на Маршот?

Скопје минатиот викенд повторно го почувствува товарот на тагата и спомените, кога стотици граѓани се собраа на „Маршот на ангелите“, оддавајќи почит на младите животи згаснати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Меѓу оние што чекореа беше и Горан Тонев, гитарист на групата ДНК и еден од преживеаните од трагичната ноќ што засекогаш го одбележа неговиот живот. По завршувањето на маршот, тој се обрати преку Instagram со кратка, но силна порака што брзо се прошири меѓу музичарите и јавноста.

Македонија | пред 1 година

media-libraryi5j7258nimer96DKPcn

(Видео) Драматично во Италија и Словенија: Поплави, лизгање на земјиштето, урната зграда и исчезнати

Делови од Словенија и Италија ги зафати силно невреме. Има големи поплави предизвикани од обилните дождови во италијанскиот регион Фриули-Венеција Џулија. Тоа е автономен регион на североистокот од Италија што се граничи со Словенија и Австрија.Во градот Брачани, во општина Крмин, до словенечката граница, лизгање на земјиштето затрупа и урна трикатна зграда. Спасувачките екипи успеаја да извлечат едно лице од урнатините, додека уште се бараат двајца жители.Бројни возила за спасување и хеликоптер

Свет | пред 1 година

media-library549stsm7fg0tf3IWW9I

Јаревски: Со Предлог-буџетот за 2026 година се утврдуваат здрави основи на фискална консолидација

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, имаше свое обраќање каде истакна дека според Фискалниот совет се забележуваат основи на фискална консолидација. Јаревски додаде дека Предлог-буџетот ја истакнува волјата на извршната власт за развој. Според него, опозицијата води несуштинска расправа во контекст на Предлог-буџетот.„Мојот впечаток во овие 3 дена општа расправа е тоа дека опозицијата се уште упорно одбива да ги у

Македонија | пред 1 година

vesna-janevska

Јаневска се пофали дека го решила проблемот со глувци во домот „Пелагонија”

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека е направена дератизација во домот „Пелагонија“ и се надева дека проблемот е надминат.„Знаете каква беше состојбата во Скопје, глувци не се појавија само во студентските домови, туку и на други места. Со оглед на тоа што се случуваше, не можам да речам дека е добро, но е очекувано”, изјави Јаневска во врска со појавата на глувци во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје.Јаневска посочи дека веднаш е направена дератизација и с

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања