Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

toskovski

Министерот Тошковски имал успешна операција на скопските клиники: „МВР функционира без застој“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски објави дека бил подложен на успешна операција во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и дека се чувствува стабилно, уверувајќи дека МВР функционира непречено и без последици од неговото кратко отсуство.Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување.Ве уверувам дека Министерството за внатрешни

Македонија | пред 1 година

siljanovska-3

Сиљановска-Давкова: Ова не е време за реформи, за жал, бидејќи времето наликува на време за време на војна, или пред војна

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, нагласи дека по 16. пат, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Таа посочи дека ЕУ немала јасна стратегија, доцнела на Балканот, САД понекогаш биле побрзи, не била доследна во мировното здружување, „па и

Македонија | пред 1 година

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: Еден од најлошите извештаи на ЕУ е поразителна слика за власта на Мицкоски

Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешното обраќање на седницата каде се разгледуваше Извештајот на Европската комисија, порача дека документот претставува силна и јасна опомена но и доказ за катастрофалните политики на владата на Мицкоски.„Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила од Европската Комисија. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава“, предупреди Филипче.Според него, иако од

Македонија | пред 1 година

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Рама пресече торта во Брисел – Албанија го отвори последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија во Брисел го одбележа почетокот на последниот преговарачки кластер со Европската Унија – земјоделство и кохезија – на седмата Меѓувладина конференција, каде премиерот Еди Рама симболично пресече торта во чест на напредокот. Со тоа, Тирана за нешто повеќе од една година ги отвори сите шест кластери, што европските претставници го оценија како напредок постигнат со „невидено брзо темпо“.Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, порача дека денот е историски и за ЕУ и за Албанија, бидејќи

Свет | пред 1 година

media-libraryglestvlcvj867txpgmY

Сузбиена група што криумчарела мигранти: откриени кампови на граница, петмина пријавени

На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Одделот за криминалистичка полиција,  под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, спроведоа координирана полициска операција за сузбивање на кр

Македонија | пред 1 година

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Бензинот и дизелот поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, кои стапуваат на сила од полноќ.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и сега ќе изнесува 35,621 ден/кг.Од 18.11.2025 година од 00:01 часот максимал

Македонија | пред 1 година

media-libraryagq418rjagdc0EcRz8T

Одбиен од македонската амбасада – примен во словенечкиот парламент: искрена приказна на студентот Филип Трајковски

Филип Трајковски, млад Македонец кој минатата година заминал на магистерски студии во Словенија, ја сподели својата лична приказна која на најдобар начин ја покажува разликата меѓу институционалната култура дома и надвор од државата.„Во Љубљана затекнав функционален и организиран град со култура и хигиена на завидливо ниво. Ме потсети на тоа што нашите места би можеле да бидат, но не се. Сепак, наместо да барам причини, ќе споделам пример,“ започнува тој во својата објава.Како дел од условите за

Македонија | пред 1 година

policija-2457

Работел во нивниот двор, па по расправија го нападнале: Скопјанец пријавил напад од две жени во Аеродром

Работел во нивниот двор, по што настанала расправија и физички напад.На 16.11.2025 во 19:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2025 околу 13:00 часот во општина Аеродром, Р.З.(65) од с.Трубарево бил физички нападнат од две жени, во чиј двор извршувал работни задачи. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

mkd-355369

Трамп безмилосен кон сите што купуваат руска нафта: Најавените 500-процентни американски царини ја тресат српската економија

Србија се соочува со сериозен економски шок откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави воведување казнени царини од 500 отсто за секоја држава што посредува во купување или препродажба на руска нафта. Новиот американски пакет, оценуваат економистите, може значително да го наруши трговскиот модел на Белград и да создаде притисок што земјата одамна го нема почувствувано.Во своето обраќање, Трамп повтори дека Вашингтон сака да ги пресече сите финансиски канали што, според САД, му

Свет | пред 1 година

ubistvo-noz

Ѝ го скршил черепот со тврд предмет, пресечени делови од телото ги сокрил, а трупот го закопал во дворот: ОЈО бара притвор за 74-годишникот што ја уби жената во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Осомничениот 74-годишник, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која биле во блиски лични односи, така што со тврд предмет и задал повеќе удари во главата, кршејќи и го черепот. Потоа, со остар предмет пресекол делови од телото и ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот

Македонија | пред 1 година

240646547_996452591177168_8429942148345254552_n

Биле затекнати како питачат со нивните малолетни деца, приведени четворица од Куманово и Скопје

Приведени четворица од Куманово и Скопје поради злоупотреба на деца за питачењеНа 16.11.2025, според план и во координација со Центарот за социјални работи Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода С.А.(28), Т.Џ.(42), С.Б.(33) од Куманово и С.С.(27) од Скопје затоа што биле забележани како питачат со малолетни деца. Следуваат пријави за „запуштање и малтретирање на дете“.

Македонија | пред 1 година

media-libraryu9okj8sr8gqo3j8tK6Q

Навивач оштетил возила и нападнал полицајци по кошаркарски натпревар во Куманово

Приведен кумановец по тепачка на кошаркарски натпреварНа 16.11.2025 во 21:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.Ж.(23) од Куманово. По завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово меѓу МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле нападнати и полициски службеници. К.Ж. бил забележан како оштетува возила на гостинскиот тим. По документирање ќе следува пријава. Се работи н

Македонија | пред 1 година

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Во четирите општини — Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа — на 11 јануари повторно ќе се гласа, откако претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска официјално ги распиша локалните избори за овие општини.Овој потег следува затоа што во првиот круг на 19 октомври не беше достигнат потребниот праг на излезност, па гласањето мора да се повтори.Одлуката на Гаши не се совпадна со барањата на дел од албанската опозиција. Од партијата на Арбен Таравари реагираа дека изборите требало д

Македонија | пред 1 година

media-library9q3igu1tb4e86Rtm9Wj

Мицкоски за случајот „Пулс“: „Болката на семејства е огромна и должност ни е да ја ублажиме колку што можеме„

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека институциите ќе останат максимално ангажирани околу трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани и дека поддршката за семејствата на загинатите нема да изостане.Во врска со иницијативата да се формира собраниска анкетна комисија која би го разгледала случајот, Мицкоски посочи дека одлуката е во рацете на пратениците.„Тоа прашање треба да им се постави на народните избраници. Сметам дека јавноста многу скоро ќе има можност да ги слушне сите детали

Македонија | пред 1 година

media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

Мојсоска: „Власта веќе нема изговори - надзорна расправа и анкетна комисија за Кочани мора да има“

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, денеска, на нејзиниот Фејсбук профил, порача дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе ниту еден аргумент да го одлага одржувањето на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, имајќи предвид дека обвинителниот акт е поднесен пред повеќе од еден месец:„Власта е на потег... Надзорна расправа за трагедијата во Кочани мора да се одржи, а тоа го ветуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Во сите нивни изјави и медиумски настапи пред неколку месеци, пратеницит

Македонија | пред 1 година

media-library8g9i55tfq5atfoyLa6A

„Алдина можеше сѐ“! Фудбалскиот судија ѝ го одзеде животот на младата економистка од Босна

Алдина Јахиќ (32), економистка и истражувачка од Калесија, е жената што беше убиена во Мостар од нејзиниот поранешен партнер, фудбалскиот судија Анис К. (33). Трагедијата се случи во саботата вечер, во момент кога Алдина се обидувала да избега во угостителски објект во центарот на градот.Според истрагата, Анис ја следел од автобуската станица, го паркирал автомобилот на околу педесетина метри од ресторанот и влегол по неа. Девојката се засолнила во тоалетот, но тој ја пронашол и пукал кон неа од

Свет | пред 1 година

w_56736105

Студенти, аплицирајте веднаш! Стартува доделувањето ваучери за таблети и лаптопи

Државата денес го активираше новиот повик преку кој студентите ќе можат да добијат вредносни ваучери за купување електронски уреди. Пријавувањето се одвива исклучиво онлајн, преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, каде што услугата е веќе достапна.Рокот за поднесување на барања е 20 декември 2025 година, а уредите купени со ваучер мора да се подигнат најдоцна до крајот на годината – до 31 декември 2025.Како се аплицира?Студентите кои веќе постојат во евиденцијата на МОН само треба

Македонија | пред 1 година

media-library2a51rmq3iie0bXjOAUc

(Видео) Прошетка покрај Вардар, чист град и нови ветувања: Луна Паркот конечно добива зелено светло, најави Ѓорѓиевски

Синоќа премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски направија ненадејна вечерна прошетка низ центарот на градот, за да видат како изгледа главниот град по најновото големо миење на улиците и кејот на Вардар. Според градоначалникот, резултатот бил „видлив од прв поглед“.Ѓорѓиевски истакна дека главните градски зони, плоштадите и кејот биле полни со луѓе, чисти и уредени, што – како што рече – е слика која, според него, треба да биде секојдневие, а не исклучок. „Скопје

Скопје | пред 1 година

media-librarydfkam57lpukgcPvMJ06

(Видео) Јанков од Левица: Скопјани ќе платат 40 милиони дури и да нема снег

Советникот од Левица, Андреа Јанков, на седницата на Советот на Град Скопје предупреди дека предложената Програма за зимско одржување на магистралните и собирните улици за 2025 и 2026 година содржи сериозни нелогичности и финансиски ризици по градскиот буџет.Имено, во програмата се појавува измислен параметар од 4,8 ефективни часа, кој не постои во ниту еден технички стандард и овозможува да се плаќа механизација дури и во услови кога нема би немало снег. Овој модел, како што истакна тој, ќе дов

Скопје | пред 1 година

lisici

Во скопски трговски центар: Го следеле, го нокаутирале и му украле 8.800 денари, ојо бара притвор, но едниот избегал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.Делото го извршил заедно со уште едно лице по кое се трага. На 15 ноември, спроти еден трговски центар во Скопје, двајцата следеле еден оштетен. Во еден момент осомничениот со тупаница го удрил оштетениот по главата, а другиот напаѓач му се заканил со боксирач.Претурајќи по јакната на нападнатиот пронашле и одзеле 8.800 де

Скопје | пред 1 година

media-libraryv3sunro02up8erHSeMq

(Видео) Атмосферата во Каракас: Мадуро ја пее „Imagine“ на Џон Ленон, а САД распоредуваат воени бродови

Во Каракас викендов се одржа голем митинг на кој претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, се обрати пред своите поддржувачи во момент на зголемени тензии со Вашингтон. Американската морнарица распореди носач на авиони и повеќе воени бродови во Карибите, неколку десетици километри од венецуелскиот брег, што во Каракас го толкуваат како можна најава за ескалација.Мадуро, во обид да испрати порака дека Венецуела не сака конфликт, но е подготвена на одбрана, ги повика граѓаните на смиреност и го

Свет | пред 1 година

1680676725_Tramp-5-696x464

Конгресот кон обелоденување на досиејата за Епштајн: Трамп ја промени позицијата и даде зелено светло

Напорите на група американски конгресмени да го забрзаат отворањето на документите поврзани со истрагата за сексуална трговија на финансиерот Џефри Епштајн се во завршна фаза и оваа недела се очекува предлог-законот да добие широка поддршка во Претставничкиот дом. Републиканци кои претходно се спротивставуваа, сега масовно се приклучија зад иницијативата, спротивно на првичниот став на раководството на партијата – и на претседателот Доналд Трамп.Но, Трамп во меѓувреме направи целосен пресврт и ј

Свет | пред 1 година

skolo-4

АХВ затвори 15 локали до училиштата, учениците купувале небезбедна храна

Во засилената инспекциска акција што Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја спроведе во последните десетина дена, затворени се 15 продажни места кои продавале храна со нарушена безбедност, претежно на ученици. Во истиот период биле извршени 445 контроли.Инспекторите заплениле и уништиле 696 килограми производи со сомнително потекло и квалитет, кои биле оценети како небезбедни за употреба.Според АХВ, контролите биле насочени кон дуќани, пекари, мини-маркети и други оператори со храна што се

Македонија | пред 1 година

media-libraryv2rneohk19i98zyWTod

Фудбалски судија од Мостар ја застрелал партнерката, па се обидел да се самоубие

Во центарот на Мостар вечерва се случи шокантно убиство што го вознемири целиот град. Жената била застрелана од нејзиниот партнер по драматична потера што започнала во близина на автобуската станица. Од Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон потврдија дека полициските екипи излегле на терен и во моментов го обезбедуваат местото на настанот.Убиецот се обидел да се самоубие, но пиштолот му се заглавил. Набрзо бил уапсен на лице место, а истрагата траела со часови.Н

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

Ноќна стража за ѓубрето, во Скопје се воведува нов режим - по 22 часот не смее да се фрла отпад

Од денеска во главниот град започнува да важи новото правило со кое се ограничува фрлањето отпад после 22 часот – мерка што Град Скопје ја воведува со намера да се стави ред во одлагањето на сметот и да се спречат нерегуларностите околу користењето на контејнерите.Спроведувањето на забраната ќе го надгледуваат комуналните инспектори и редарските служби, кои од утре преминуваат на работа во три смени, покривајќи го теренот непрекинато, 24 часа дневно. На располагање се вкупно 20 комунални инспект

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања