Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес

Скопје1.мк

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Камион излета од патот кај Зајас, возачот повреден

На 30 август 2025 година во 18:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар–Кичево товарно возило „Ман“ со кичевски регистарски таблички, управувано од Д.А. (38) од селото Зајас, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 1 година

IMG_7454

Се трага по 34-годишник и малолетничка - двајцата пријавени дека ги снемало во текот на вчерашниот ден, во одделни случаи

Министерството за внатрешни работи информира дека на 30 август 2025 година биле пријавени две исчезнувања на лица од Скопје. Околу 10:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар, од Јавната установа Завод за рехабилитација за деца и младинци – Скопје било пријавено дека од домот каде престојувал се оддалечил нивниот штитеник Р.А. (34).Истиот ден, околу 15:00 часот, И.А. (60) од Скопје во Полициската станица Бит Пазар пријавил дека од домот се оддалечила неговата 15-годишна ќерка А.М., која и прет

Скопје | пред 1 година

sutka-zatvor

Притвореник почина во затворот во Шутка

На 30 август 2025 година околу 15:30 часот во СВР Скопје, вработен во КПУ Затвор Скопје пријавил дека притвореното лице М.П. (54) од селото Долно Коњари побарал лекарска помош.На местото интервенирала екипа од Итната медицинска помош, а во 15:58 часот лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Скопје | пред 1 година

MUCUNSKI

Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати, вели Муцунски и упати критика кон Филипче

„Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата,“ изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.Тој потсети дека изминатите години се покажало

Македонија | пред 1 година

rosneft-1

Пад на приходите на рускиот нафтен гигант за повеќе од 68% поради ниските цени на нафтата

Нетo приходот на рускиот нафтен гигант „Роснефт“ се намали за повеќе од 68% во првата половина од годинава, достигнувајќи 245 милијарди рубљи (околу 2,6 милијарди евра), јави Ројтерс повикувајќи се на извори од индустријата.Причината за падот, како што се наведува, е намалувањето на цените на нафтата поради зголеменото производство од страна на Саудиска Арабија и другите држави-членки на Организацијата на земји извознички нафта (ОПЕК+).„Првата половина од годината ја одбележа пад на цените на на

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Аxios: Белата куќа ја обвини Европа дека ја продолжува војната во Украина

Според пишувањето на американскиот портал Axios, високи претставници на Белата куќа сметаат дека дел од европските лидери го продолжуваат војната во Украина, убедувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски да почека подобар договор со Москва.Фрустрацијата во Вашингтон расте поради отсуство на напредок од разговорите меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп што се одржаа пред две недели на Алјаска. Американските претставници веруваат дека некои европски државници ја поттикнуваат Украина да оче

Свет | пред 1 година

1680095499_zelenski

Зеленски: Украина планира нови удари длабоко во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Киев подготвува нова серија напади врз цели длабоко во руската територија.„Украина планира нови удари длабоко во Русија. Ќе ги продолжиме нашите активни операции токму на начин кој е неопходен за одбраната на Украина,“ изјави Зеленски.Тој додаде дека „силите и ресурсите се подготвени“ и дека „се планирани нови длабоки удари“, по средбата со врховниот украински командант Олександар Сирски.

Свет | пред 1 година

isjanovski

Потресни пораки од семејството на докторот Исјановски: „Те сакам бескрајно, тато“; Се прости и Перо Антиќ

Семејството на докторот Виктор Исјановски, кој почина во Грција, со неверување, се прости од својот сопруг и татко. Споделувајќи ја објавата, неговата ќерка Мила Исјановска напиша „Ќе те сакам бескрајно тато!“. Емотивна порака објави и неговата сопруга Милка, која напиша „Нема живот без тебе, чекај ме љубов моја, една и единствена“.И кошаркарот Перо Антиќ, кој ја споделил и последната фотографија со Исјановски од таверна во Грција, објави порака, со фотографија од плажа „Почивај во мир, братче м

Коментари | пред 1 година

vitanov-mitrovski

Кешбекот згасна – пирамидата падна: Митровски до Витанов „Ги превесла луѓето“, тој пак врати: „Не критикувајте, не разбирате!“

По банкротот на „Лајконет“, на тапет на јавноста постојано е нејзиниот промотер, Зоран Витанов, помал акционер во „Мај Ворлд“, која е сопственик и на „Лајконет Австрија“. Дел од оние кои вложиле во оваа пирамидална шема, вчера обзнанија дека не можат да пристапат ниту до апликацијата преку која работеле. Витанов пак, имал преписка на „Фејсбук“ преку коментари, со адвокатот Јанаки Митровски.„Зоран ти си цар. Ги превесла луѓево и сега си ги бушиш. Така и треба за лековерци кои веруваат дека можат

Коментари | пред 1 година

makedonija-5134

(Фото) По критиките за фонтот и обвинувањата за сквернавење на македонскиот јазик - Општина Битола ќе ја замени плочата на споменикот од Турунџев

По низата реакции во јавноста за изгледот на спомен-плочата посветена на револуционерот Александар Турунџев, Општина Битола соопшти дека ќе биде изработена нова плоча со современ македонски фонт, целосно усогласен со правописните норми.Забелешките од граѓаните беа насочени кон тоа дека буквите изгледаат како да се напишани со туѓа ортографија. Според стручната лингвистичка анализа, сепак, станувало збор за декоративно типографско решение, во кое одредени форми визуелно наликуваат на латинични зн

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-08-31-at-09.53.56

Путин со клучна дипломатска офанзива во Кина: Пари за војната и демонстрација на сила

Владимир Путин денеска започнува четиридневна посета на Кина, која според руските и западните анализи е од суштинско значење за продолжување на неговата војна во Украина и за зајакнување на меѓународниот легитимитет во услови на западни санкции.Москва се обидува да ја сопре негативната тенденција – трговијата со Кина, која лани достигна рекордни 245 милијарди долари, во првата половина од 2025 година падна за 8,1% во однос на истиот период од претходната година. „Без кинеската технологија ниту е

Свет | пред 1 година

anb-480x288-1

Обвинителството спие и тогаш и сега, време е за прочистување на безбедносните служби, порача Ковачки

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како член на собраниската комисија за надзор на работата на АНБ и АР, реагираше на објавите за сериозни злоупотреби во Агенцијата за национална безбедност во време на претходното раководство.Ковачки изрази разочарување што, како што вели, за овие злоупотреби молчат претседателот и заменикот на собраниската комисија за надзор, јавниот обвинител, народниот правобранител, како и невладиниот сектор и здруженијата за човекови права. Според него, тоа уште една

Коментари | пред 1 година

ukraina-4121-odesa

Повеќе од 29.000 жители на Одеса без електрична енергија поради руски удар

Руски дронски напад во текот на ноќта оштети електроенергетско постројка во близина на градот Одеса, со што повеќе од 29.000 луѓе останаа без електрична енергија.Гувернерот на Одеската област, Олег Кипер, информираше дека најтешко погоден е градот Чорноморск, веднаш до Одеса, каде што биле оштетени станбени куќи и управни објекти. „Клучната инфраструктура функционира со генератори“, изјави Кипер, додавајќи дека во нападот е повредено едно лице.Овој удар е дел од континуираните напади на Русија в

Свет | пред 1 година

veter-nevreme-skopje

(Видео) Силниот ветер во Скопје предизвика хаос: десетици паднати дрвја, оштетени возила и кабли кои предизвикале пожар

Силниот ветер кој вчера го зафати Скопје предизвика сериозни проблеми во повеќе делови од градот. Од Центарот за управување со кризи информираат дека на бројот за итни повици 112 биле пријавени десетици случаи на паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетувања на приватна сопственост, меѓу кои моторни возила, настрешници и кровови.Меѓу најтешко погодените локации се булевар „Партизански одреди“ спроти слаткарницата „Палма“, каде паднато дрво оштетило повеќе возила, улицата „Руѓер Бошковиќ“ кај

Скопје | пред 1 година

pratenici-sobranie-levica

Левица: Растот на платите постои само во табелите на ДПМНЕ, не и во паричниците на работниците

Левица остро реагира на изјавите на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој на прес-конференции се повикува на растот на реалната плата и стабилизирана инфлација како аргумент за наводно подобрен животен стандард на граѓаните.„Тврдењето дека растот на реалната плата е 6,7% е политичка манипулација и целосно игнорирање на реалноста во која живеат повеќе од половина милион работници. Во мај 2025 година, од 509.960 работници, дури 374.045 или 73,3% добиваат плата под просечната, а 169.082,

Македонија | пред 1 година

sdsm

Систем, не спектакли и пи-ар: Шукова и Битиќи со граѓаните за чисто и одржливо Скопје, велат од СДСМ

„Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото Граѓанско климатско собрание“, информираа од СДСМ и додаваат:Аерозагадувањето во Скопје и реалните, граѓански решенија за негово надминување, се итна тема и од суштинско значење.Шукова ги сослуша приоритетите на граѓаните, и јасно се заложи за нивна имплементација. Таа порача дека препораките кои произлегле од Климатското собрание се основа врз која треба да се г

Скопје | пред 1 година

viber_image_2025-08-30_18-35-54-228

(Видео) Скопје попладнево зафатено од невреме и повеќе пожари, има сомнежи и за подметнување на дел од нив

Скопскиот регион денес попладне беше погоден од силно невреме проследено со ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор, видливи од голем дел од градот и предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека за дел од пожарите постојат сомневања дека биле намерно подметнати.Во моментите кога огнената стихија беснееше на повеќе локации, силниот ветер и дожд во регионот на аеродромот Скопје не дозволија ер тракторите

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-08-30-205633

(Видео) Полиција евакуираше публика во СЦ “Борис Трајковски”, девет полицајци во болница

Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар.Исто така безбедно

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-08-30-190226

(Видео) Костовски: Спречивме голема катастрофа, пожарот кај училиштето „Св. Климент Охридски“ е под контрола

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, соопшти дека пожарот кој денеска избувна во близина на новоизградената детска градинка во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ е ставен под целосна контрола.„Станува збор за подметнат пожар кој се доближи на десетина метри од градинката. Не сакам да поверувам дека и најмалку овој грозен чин е политички инструиран од страна на крајно неразумни луѓе,“ напиша Костовски на социјалните мрежи.Тој им оддаде признание на пожарникарите за

Скопје | пред 1 година

1756545527_Screenshot_2025-08-30.format-webp.width-1200

„Виз ер“ хаос: Патници од Крит тргнале за Белград, но слетале во Скопје, а на аеродромот очекувале празен авион?

Летот на „Виз ер“ од Крит за Белград, кој требаше да полета 15 минути по полноќ, заврши со неочекуван пресврт – патниците наместо на белградскиот аеродром се најдоа во Скопје околу 4 часот изутрина, пренесе српската „Н1“.Една од патничките, Јелена, изјавила дека никој не бил информиран дека летот ќе биде откажан, туку добивале пораки на секој час со нови одложувања. Конечно, летот тргнал во 4:20 часот, но наместо во Белград, слетале во Скопје.„На аеродромот во Скопје сите беа изненадени и полици

Балкан | пред 1 година

Screenshot-2025-08-30-at-14.09.36

„Добар човек, кој прерано заминува“ - политичари и колеги со последни пораки за д-р Виктор Исјановски

Со длабока тага и неверување македонската јавност ја прими веста за прераната смрт на д-р Виктор Исјановски, истакнат психијатар, професор, долгогодишен здравствен работник и поранешен претседател на СДСМ Карпош.Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, а сега пратеник, Димитар Ковачевски, во својата порака истакна дека Исјановски ќе биде паметен како позитивен и професионален човек. „Како лекар, тој се грижеше за менталното здравје на граѓаните, а во најтешко време на пандемија успешно ја воде

Коментари | пред 1 година

tepacka

Инцидент на „Широк сокак“: Турист од Шведска нападнат поради маицата која ја носел, пробале да го расоблечат

Во СВР Битола вчера бил пријавен необичен инцидент на улицата „Широк сокак“, каде 32-годишен државјанин на Шведска со престој во Дебар бил нападнат од група непознати лица.Според пријавата, околу 19:50 часот неколку момчиња на возраст од околу 20 години му пришле на туристот и се обиделе насилно да му ја соблечат маицата на која имало симболи на друга држава. Откако сфатил дека не може да се одбрани, странскиот државјанин ја соблекол маицата и им ја предал, по што тие заминале во непознат правец

Македонија | пред 1 година

ba2fc64b-b550-41da-9bd9-7585fae1f337

(Видео) Објавенa снимка од моментот на ликвидацијата на поранешниот претседател на украинскиот парламент Андриј Парубиј

На социјалната мрежа X се појави видео од моментот на убиството на Андриј Парубиј, украински политичар кој беше претседател на Врховната рада и кој одигра значајна улога во револуцијата Евромајдан.Парубиј беше убиен денеска во западноукраинскиот град Лавов. Националната полиција претходно соопшти дека еден политичар бил застрелан, а подоцна пратеничката од „Европска солидарност“, Ирина Херашченко, потврди дека станува збор токму за Парубиј. „Министерот за внатрешни работи Игор Клименко и главнио

Свет | пред 1 година

isjanovski

Тажна вест: Почина психијатарот и ексдиректор на „Здравствен дом – Скопје“ Виктор Исјановски

Виктор Исјановски, поранешен директор на ЈЗУ „Здравствен дом – Скопје“, почина во Грција каде што престојувал на летувањеИсјановски беше на чело на најголемата здравствена установа во земјава од јуни 2019 година до смената на власта во 2024 година. Македонската јавност најмногу го памети по неговата активност за време на пандемијата со коронавирусот, кога Здравствен дом – Скопје со сите расположливи ресурси беше ставен во функција на борбата со Ковид-19, особено во процесот на масовна вакцинациј

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-08-30-at-13.27.05

Мицкоски за предлогот на Филипче: Донесоа декларации дека нема да менуваат име и нема да прифаќаат ултиматуми - па прифатија сѐ

Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со предлогот на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче за донесување на нова декларација во Собранието со „црвени линии“ во контекст на евроинтеграциите, за ако има ново вето, да се стави крај на преговорите. Според Мицкоски, тоа е само нова „итроштина“.„Мислам дека СДСМ и ДУИ го потценуваат народот и граѓаните и играат на картата на кратка меморија. Јас ќе ги потсетам дека тие имаа таква декларација во Собранието, да не прифаќаат ултиматуми од С

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања