Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес

Скопје1.мк

fon-der-lajen

Авионот на Фон дер Лајен останал без ГПС – сомнежи за руско мешање

Авионот со кој патувала претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен останал без ГПС навигација при слетување во Бугарија, а во Брисел се сомневаат дека зад инцидентот стои Русија.„Можеме да потврдиме дека имало блокирање на ГПС сигналот, но авионот безбедно слета,“ изјави Аријана Подеста, заменичката на портпаролот на ЕК.Настанот се случил за време на турнејата на Фон дер Лајен низ Летонија, Финска, Естонија, Полска, Литванија, Бугарија и Романија. Таа вчера пристигна во Бугарија

Свет | пред 1 година

trajko09112022

Гувернерот Славески најави: Ќе се намалува учеството за купување прв стан

Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Согласно изјавата на гувернерот Трајко Славески, дадена во интервју за „Радио Слободна Европа“, новите мерки предвидуваат дека лицата кои за првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на станот.„Целта е да се поддржат граѓаните кои купуваат свој дом, додека кај оние кои купуваат стан како инвестиција, учеството ќе се згол

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

Почна судењето за „Геријатрија“ – обвинетите го отфрлаат обвинението за мито

Пред Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето за случајот „Геријатрија“. Обвинетите Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, и Блерим Амити, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.Арифи се гони за примање поткуп, додека Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.Според обвинителниот акт, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена со

Скопје | пред 1 година

venko

Филипче: Инвестициите во образованието се клучни, секое дете мора да има еднаква шанса

„Вложувањето во образованието е најважната инвестиција која не трпи импровизации“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на почетокот на новата учебна година. Тој нагласи дека во времето на владата предводена од СДСМ бил ставен силен фокус на изградба и реконструкција на училишта, како и на зголемувањето на наставничките плати.„Изградивме и реконструиравме над 80 училишта. Направивме значајна инвестиција во платите на наставниците – зголемување од над 50%, нешто што сега сериозно недостас

Скопје | пред 1 година

prvacinja

Општина Ѓорче Петров со ранци и учебници за сите првачиња

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денес присуствуваше на свечената приредба во ООУ „Ѓорче Петров“ во Дексион, по повод почетокот на новата учебна година и запишувањето на најмладите ученици.„Радост, насмевки и желба за другарување ги исполнија училишните клупи – местото каде што се создаваат најубавите спомени, првите петки и најискрените пријателства. На првачињата им посакувам многу среќа и успех во учењето. Верувам дека токму тие ќе бидат двигателите на нашето опш

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-09-01-at-11.29.08

(Видео) Неверојатна сцена во ЗОО Скопје: родител му вика на негувател „Понашај се малку покултурно“, додека децата му висат на ограда

Негувателот во ЗОО Скопје, Војо Иванов направи снимка на која се гледа како голем број деца се качени на оградата на едно од живеалиштата на животните и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено. Откако Иванов како вработен во Зоолошката градина Скопје им пристапува и им укажува дека не смеат тоа да го прават, имаше контра реакција од родител.„Господо, господо, доле. Доле господо“, рече Иванов, а родител врати: „Полека бе полека“. На реакцијата на Иванов кој рече „Децата ви се горе“, родител

Скопје | пред 1 година

avgan-zemjotres

(Видео) Деца има под урнатините! Бројот на жртви во земјотресот во Авганистан надмина 800

Бројот на жртви од разорниот земјотрес што ја погоди источна Авганистан надмина 800, а повеќе од 2.800 луѓе се повредени, соопшти портпарол на владата на Талибанците.Земјотресот со јачина од 6 степени по Рихтер се случи во недела навечер, околу 23:30 часот по локално време, во покраината Кунар. Епицентарот бил во близина на градот Џалалабад, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од десет километри.Министерството за внатрешни работи на Талибанците информира дека повеќе од 600 загинати

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-09-01-at-10.25.28

Си Џинпинг испрати порака до САД без да ја спомене

Кина повика на поголемо единство меѓу земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС), меѓу кои се Русија, Индија, Иран и други држави надвор од НАТО-системот.„Треба да најдеме заеднички јазик, а истовремено да ги занемариме разликите“, порача кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот што се одржува во кинескиот пристанишен град Тјанџин.Во своето обраќање, Си остро се спротивстави на менталитетот на Студената војна и на блоковските поделби во светот. „Треба да се спротивставиме н

Свет | пред 1 година

ursula-1

Фон дер Лајен од Бугарија: Проширувањето на ЕУ останува процес заснован на заслуги

Проширувањето на Европската Унија е и останува процес базиран на заслуги, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на брифингот при нејзината посета на фабриката за инженерство „ВАЗ – Сопот“ во Бугарија.„Постојат јасни барања и подобрувања што треба да се постигнат. Секој кандидат ќе биде оценет според неговите заслуги и ова е исклучително важно и за процесот и за Унијата“, нагласи таа.Фон дер Лајен истакна дека иако проширувањето бара време, тоа е од суштинско

Свет | пред 1 година

uapsen-rusin

Украинците уапсија осомничен за убиство на истакнат политичар, објавија фотографии: „Злосторството има руски траги“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во раните утрински часови на 1 септември објави дека осомничениот за убиството на Андриј Парубиј, поранешен претседател на парламентот и истакнат политичар, кој беше убиен на 30 август во Лавов, е уапсен.„Осомничениот го даде своето првично сведочење. Во тек се итни истражни дејствија за да се утврдат сите околности на ова убиство“, рече Зеленски, заблагодарувајќи им се на полицијата и на Службата за безбедност на Украина за нивната брза акција.Иван Вих

Свет | пред 1 година

izbori-makedonija-Copy

Истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури, има дури 22-јца независни кандидати за градоначалник

На полноќ завршува периодот предвиден за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври.Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата поддршка за градоначалнички кандидатури се собираше во 16 општини за вкупно 22 кандидати. Најмногу пријавени има во Демир Хисар – четворица, додека по двајца кандидати има во Македонска Каменица, Битола и Новаци. Потписи се прибираат и во Куманово, Дебарца, Охрид, Струга, Дебар, Центар, Деми

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-09-01-at-10.01.08

(Видео) Протести во Нови Сад: Граѓани на улица, студенти преку прозор влегуваат на факултет

Во Нови Сад продолжуваат протестите поради обележувањето на десет месеци од трагедијата на Железничката станица. Голем број граѓани се собираат пред факултетските објекти, каде атмосферата е напната.Студентите, кои со месеци се во блокада, денеска решија на необичен начин да влезат во зградата на Факултетот за спорт и физичко воспитување – преку прозорци. Очевидци велат дека заедно со нив во зградата бил внeсен и деканот Патрик Дрид, кој со помош на тројца мажи и под асистенција на полицијата ус

Свет | пред 1 година

avganistan-helikopter

(Видео) Трагедија во Пакистан: Падна воен хеликоптер, има загинати

Најмалку пет лица загинаа денеска при пад на воен хеликоптер во северниот дел на Пакистан, соопшти портпаролот на владата. Несреќата се случила во областа Диамер во регионот Гилгит-Балтистан, каде сите членови на екипажот – двајца пилоти и три техничари – го загубиле животот. Портпаролот Фаизулах Фирак изјави за Anadolu дека хеликоптерот бил користен за спасувачки и хуманитарни мисии поради неодамнешните обилни дождови и поплави во регионот. Хеликоптерот изведувал пробно слетување на новоизграде

Свет | пред 1 година

novi-sad-nesreka3

Поминаа 10 месеци од трагедијата во Нови Сад, се оддава почит за 16-те загинати

Во Нови Сад денеска се одбележуваат 10 месеци од уривањето на бетонската настрешница на влезот на железничката станица, несреќа во која загинаа 16 лица, а едно лице беше тешко повредено.Во 11:52 часот, точното време на несреќата, граѓаните се собраа на железничката станица и оддадоа почит со 16 минути молчење. За вечерва, од 19 часот, средношколците најавија собир на универзитетскиот кампус под мотото „Средношколците се сеќаваат – сите сме под настрешницата“. Поддршка за иницијативата стигна и о

Свет | пред 1 година

vardariste

Ветувања за паркови, реалноста – чад и смрдеа од Вардариште

Со години наназад, на сите локални избори, без разлика на политичката партија или кандидатот, проблемот со дивата депонија „Вардариште“ беше дел од кампањите со ветувања дека конечно ќе се реши. Дури и беа најавувани големи проекти – на местото на депонијата да се изградат зелени паркови и рекреативни зони.Хронологија: кој што ветуваше (и кога)2014 – Град Скопје (раководството на Коце Трајановски): се најавува „нова намена“ на Вардариште – запечатување, ремедијациски технологии, собирање гас и п

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-09-01-at-09.35.34

Смрт во притвор: институциите со спротивставени информации, семејството со тешки обвинувања

Смртта на притвореникот Мирсад Пушка во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари повторно го отвори прашањето за условите и здравствената заштита во казнено-поправните установи. Иако Министерството за внатрешни работи информираше дека тој побарал медицинска помош и дека лекарите се обиделе да го реанимираат, семејството тврди дека Пушка со месеци бил оставен без потребната терапија за неговите сериозни заболувања, меѓу кои и канцер.Адвокатот и роднина на починатиот, Асмир Алиспахиќ, јавно обвини дека с

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-08-31-at-09.54.04

Путин: Западот ја предизвика оваа криза

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на самитот на Шангајската организација за соработка во кинескиот град Тјанџин, зборувајќи за офанзивата на неговата земја во Украина, повторно го обвини Западот дека е виновен за започнувањето на конфликтот.„Оваа криза не започна со нападот на Русија врз Украина, таа е резултат на државниот удар во Украина кој го поддржа и предизвика Западот,“ изјави Путин, мислејќи на протестите на Мајдан во 2014 година, по кои прорускиот претседател Виктор Јанукович ј

Свет | пред 1 година

sad

САД ги укинуваат визите за речиси сите Палестинци

САД ги суспендираа визите за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата.Ограничувањата се построги од оние што претходно ги објави администрацијата на претседателот Доналд Трамп, со што ќе им биде оневозможено на Палестинците да патуваат во САД за медицински третман, колеџ и работа, објави весникот, повикувајќи се на неименувани претставници.Стејт департментот пред две недели објави дека ќе ги суспендира визите за поединци од Газа додека не спроведе „целосна“ р

Свет | пред 1 година

zemjotres-avganistan

(Видео) Повеќе од 600 загинати и илјадници повредени во силен земјотрес во Авганистан, Талибанците бараат меѓународна помош

Природна катастрофа го погоди источен Авганистан, каде што силен земјотрес од 6 степени по Рихтер усмрти најмалку 610 лица, а повеќе од 1.300 се повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи на властите предводени од Талибанците.Епицентарот бил лоциран на 27 километри од Џалалабад, петтиот по големина град во земјата, и околу 140 километри од Кабул. Според Геолошкиот завод на САД, потресот е регистриран на длабочина од 8 километри во 19:17 часот по Гринич.Куќи и згради се урнати во повеќ

Свет | пред 1 година

IMG_4387

Стартува новата учебна година, сите учебници се обезбедени и ВИ влегува во образовниот процес

Денеска официјално започна новата учебна година за 245.000 ученици ширум државата – 177.800 во основното и 67.200 во средното образование. Наставата ќе трае до 10 јуни, а за матурантите ќе заврши порано, на 15 мај.Министерката за образование, Весна Јаневска, изјави дека сите ученици годинава ќе учат со обезбедени учебници, вклучувајќи ги и оние по странските јазици.Паралелно, стартува и новиот електронски дневник со подобрени перформанси, кој ќе им овозможи на наставниците полесно и во секое вре

Македонија | пред 1 година

Dodik-1

Додик ќе бара поддршка од Путин за отцепување на Република Српска

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, најави дека во октомври, при неговата планирана посета на Русија, директно ќе побара од рускиот претседател Владимир Путин поддршка за отцепување на РС од Босна и Херцеговина.Во изјава за BBC на руски јазик, објавена во неделата, Додик призна дека и претходно се обидувал да го убеди Путин во оваа идеја, но тој секогаш ја поддржувал Дејтонската спогодба и територијалниот интегритет на БиХ. „Многу нешта се променија од тогаш. Ќе се обидам

Свет | пред 1 година

Screenshot-2021-08-23-at-12.25.11

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Силен земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала во неделата навечер ја погоди планинската област Хиндукуш на североистокот на Авганистан, во близина на границата со Пакистан, соопштија американските сеизмолози.Епицентарот на потресот, кој се случил во 23:47 часот по локално време, бил на релативно мала длабочина од 10 километри и на 42 километри од градот Џалалабад, соопшти Американскиот геолошки завод.Засега властите не известуваат за жртви или материјална штета.Авганистан чес

Свет | пред 1 година

viber_image_2025-08-31_17-07-46-486

Телефонскиот број 192 во Скопје привремено не функционира

Секторот за внатрешни работи Скопје ги информира граѓаните дека поради технички причини телефонскиот број 192 моментално не е во функција.Од МВР апелираат сите граѓани кои имаат потреба да пријават случај или да достават информација, да го користат бесплатниот број за итни повици 112 или телефонските броеви на полициските станици во нивните населби.Надлежните уверуваат дека се преземаат мерки бројот 192 што е можно побрзо да биде повторно ставен во функција.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2025-08-31_16-40-56-292

(Видео) Голем пожар во Маџари, во близина на Кванташки и на бензиска станица

Голем пожар изби во Маџари, наспроти Кванташкиот пазар, во близина на бензиска пумпа. Засега не е познато што е опожарено, а црниот чад се гледа од различни делови на Скопје, дури и од Карпош.Повеќе имформации се очекуваат за подоцна.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Се превртел автомобил на автопатот Гоце Делчев, повредени четири лица меѓу кои малолетници

На 30 август 2025 година во 13:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, во насока од Свети Николе кон Скопје, во близина на клучката Коњари, се превртело патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски таблички управувано од З.Н. (36) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а возачот, неговата сопатничка С.Н. (36) и уште еден малолетен сопатник добиле телесни повреди. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тере

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања