Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

kineski-brodovi-tajvan

Научници лоцираа над илјада контејнери со нуклеарен отпад во Атлантскиот океан

Меѓународен тим научници откри повеќе од 1.000 контејнери со нуклеарен отпад фрлени во северниот Атлантик пред неколку децении, соопшти францускиот истражувачки центар CNRS. Според податоците, до 1993 година во тие океански води биле фрлени најмалку 200.000 вакви контејнери.Во средината на јуни, научниците испловиле од пристаништето Брест со бродот „L’Atlante“ со цел да го истражат западниот Атлантик. Четиринеделната експедиција имала за цел да ги лоцира местата каде што бил депониран отпадот и

Свет | пред 1 година

orban1

Унгарија со нов закон: Полицијата ќе може да забрани ЛГБТ+ маршеви и ќе користи камери за препознавање лица

Унгарскиот парламент, каде што владејачката десничарска партија на Виктор Орбан – Фидес има значајно мнозинство, усвои контроверзен закон кој овозможува полицијата да забрани ЛГБТ+ маршеви, со образложение дека „заштитата на децата“ има предност пред правото на јавно собирање.Законот, кој беше изгласан во март, ѝ дава овластувања на полицијата да користи камери за препознавање лица за идентификација на учесниците на јавни собири, со цел полесно изрекување казни – јави Ројтерс.Критичарите го оцен

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп ја налути Јапонија: Ги спореди ударите врз Иран со атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки

Претседателот на САД Доналд Трамп предизвика бран осуди во Јапонија откако ги спореди неодамнешните американски напади врз Иран со атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки на крајот од Втората светска војна.„Тој удар ја заврши војната“, изјави Трамп во средата пред новинарите.„Не сакам да ја користам Хирошима како пример, не сакам да ја користам Нагасаки како пример, но суштински беше исто.“ Јапонските власти остро реагираа. Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, изјави: „Ако овие изјави

Свет | пред 1 година

filkovsd-2

Судскиот совет со нови правила – јасни критериуми и јавни постапки за избор и разрешување

„Предлог Законот за Судски совет е прикачен на е-Влада а Министерството за правда го доби и мислењето од Венецијанската комисија .Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно за нас е што Комисијата го препозна транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучувањ

Македонија | пред 1 година

Screenshot_3-Copy-32

Бугарија доби зелено светло за евро: ЕУ поддржа влез во еврозоната од 2026 година

Бугарија вчера официјално доби поддршка од лидерите на Европската унија за воведување на еврото како национална валута од 1 јануари 2026 година, по неуспешниот обид да го стори тоа во 2024.На самитот во Брисел, европските лидери го одобрија предлогот на Европската комисија, со кој Бугарија би станала 21-та членка на еврозоната. Преостануваат уште консултации со Европскиот парламент и Европската централна банка, но тие се сметаат за формалност.Бугарија, членка на ЕУ од 2007 година, би била првата

Свет | пред 1 година

shumska-policija

Од 1 јули стапува на сила целосна забрана за движење во шумите до крајот на август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите - ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отво

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-4600PM

Втор уписен рок со над 16.000 слободни места за средношколци – најголем интерес за стручно образование

Полуматурантите кои не се запишаа во средно образование во првиот јунски рок ќе имаат втора можност да го сторат тоа на 30 јуни, кога започнува второто електронско пријавување за упис во учебната 2025/2026 година. Според податоците на Министерството за образование и наука, на располагање има вкупно 16.034 слободни места во јавните средни училишта низ државата.Од вкупниот број, 10.758 места се застава на македонски јазик, 4.781 на албански, 474 на турски и 21 место на српски наставен јазик. Се ну

Македонија | пред 1 година

3-1

Со спектакл на Роџер Санчез, Кисела Вода го прослави својот 70-ти роденден: „Сега сè е на свое место!“

Со несекојдневен музички спектакл и настап на светски познатиот диџеј Роџер Санчез, Општина Кисела Вода синоќа го одбележа својот 70-ти роденден и го означи почетокот на Културното лето 2025, кое годинава се одвива под мотото „Сè на свое место“.Над 30.000 посетители од цело Скопје, Македонија и од соседните Србија, Бугарија и Грција, се собраа за да бидат дел од овој настан, кој ќе остане запаметен како едно од највпечатливите музички случувања во главниот град.Музичката вечер започна со сет на

Скопје | пред 1 година

uploads_thumbs_resize_800x420_542322

Руски дронски напад врз Запорожје предизвика големи пожари и штети

Во ноќен напад со руски дронови врз градот Запорожје се предизвикани серија пожари и значителни оштетувања на индустриски објекти и гаражни комплекси, пренесе денеска агенцијата „Укринформ“.Гувернерот на Запорошката област, Иван Федоров, преку Телеграм информираше дека биле погодени најмалку шест различни локации во регионот. Според него, беспилотни летала удриле во индустриско претпријатие и територија на гаражна задруга, што довело до силни пожари.И покрај сериозната материјална штета, нема жр

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-06-27-at-09.06.57

(Видео) Објавена снимка од подметнување пожар во сеулското метро

Јужнокорејското обвинителство објави видео од надзорна камера на кое се гледа моментот кога маж истура запалива течност во вагон на подземната железница во Сеул и предизвикува пожар. Инцидентот се случил на 31 мај. Во пожарот се повредени шест лица – главно поради вдишување чад и обид за бегство. Една личност се здобила со истегнување на зглобот додека се обидувала да избега. За среќа, нема загинати.Полицијата го уапсила 67-годишниот осомничен, кој сега е официјално обвинет за обид за убиство и

Свет | пред 1 година

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

54-годишен маж тепал и давел сопруга со чадор во алкохолизирана состојба - обвинение за семејно насилство во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при вршење семејно насилство, односно согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба вршел телесно ја повредил својата сопруга. Во семејниот дом на улицата ,,Бутелска“, на 20 јуни, тој најпрво влегол во спалната соба каде се наоѓала оштетената, и се доближил држејќи чадор во раката и започна

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-06-27-at-08.47.50

Почина професорката Мирјана Поленак Акимовска – истакнат правник и научник со длабок траг во македонската правна наука

Почина професорката Мирјана Поленак Акимовска. Веста на социјалните мрежи ја сподели нејзиниот колега, Гордан Калајџиев.„Замина уште еден голем професор, Мирјана Поленак Акимовска, бескрајно ја сакав и почитував, а таа ме поддржуваше кога ми беше најтешко“, напиша тој.Мирјана Поленак Акимовска беше реномирана македонска професорка по правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и авторка на повеќе дела во областа на римското право и интелектуална сопственост. Беа познати нејзини

Македонија | пред 1 година

IMG_0656

Новак Ѓоковиќ по тренингот со Алкарас: „Чест ми е што ме избра за спаринг-партнер“

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас одиграа тренинг-меч на Вимблдон кој заврши без победник – 5:5 без ниту еден брејк – по што беше прекинат поради временско ограничување. По натпреварот, српскиот тенисер даде изјава за Вимблдонската телевизија, пренесена од „Експрес“.„Не можам да бидам посреќен. Карлос, како бранител на титулата, има право да избере со кого ќе тренира. Овојпат ме избра мене и тоа ми е навистина голема чест. Привилегија е да се тренира на ваков терен. Сè е совршено, а дури се чувству

Спорт | пред 1 година

IMG_6878

Иран започна брутална акција против наводни шпиони – повеќе од 700 уапсени, неколку погубени

Иранските власти тврдат дека преземаат неопходни мерки за заштита на националната безбедност, но активистите и набљудувачите предупредуваат дека станува збор за обид да се задуши несогласувањето и да се засили контролата врз населението.Според информациите објавени од персискиот сервис на Би-Би-Си, иранските функционери тврдат дека израелски агенти без преседан се инфилтрирале во безбедносните структури на земјата. Протекувањето на информации, според наводите, овозможило серија атентати врз висо

Свет | пред 1 година

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Топло и до 40 степени, но попладне можно е да има невреме

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАСончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 40 степени.Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен

Македонија | пред 1 година

pozarna-avtobus-nokje

Едно лице на лекување, стан изгоре до темел во Делчево

Во текот на ноќта, околу 00:20 часот, во станбената зграда „Брод“ на булеварот Македонија во Делчево избувна пожар, при што целосно изгоре еден стан.Во пожарот нема повредени лица, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од страна на екипа на Итна медицинска помош за дополнителен преглед.На терен интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица Делчево, како и припадници на полицијата. Пожарот бил ставен под контрола и целосно изгаснат окол

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-24-at-09.15.26

САД и Кина постигнаа договор за ретки метали: Белата куќа потврди пробив во трговските односи

САД и Кина постигнаа значаен договор кој предвидува забрзување на испораките на редки земни метали во САД, соопшти претставник од Белата куќа. Овој договор доаѓа како дел од напорите за смирување на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека договорот е потпишан во средата, без да открие повеќе детали, но најави и можност за нов договор со Индија.Клучниот дел од договорот, како што информираа официјални лица за Reuters, с

Свет | пред 1 година

83dd0774-a533-4b94-abad-6dc627653ed3-1

Јапонија по три години повторно активираше смртна казна: Погубен „Убиецот од Твитер“

Јапонија денес ја изврши првата смртна казна по речиси три години, погубувајќи го Такахиро Шираиши, озлогласениот како „Убиецот од Твитер“, кој беше осуден за убиство на девет лица во 2017 година. Телата на жртвите биле распарчени и скриени во неговиот стан во близина на Токио.Погубувањето предизвика бурни реакции, особено по сè погласните повици за укинување на смртната казна во земјата. Минатата година, најдолговечниот осуденик на смрт во светот, Ивао Хакамада, беше ослободен, што дополнително

Свет | пред 1 година

policija-germanija

Хрват пронајден жив по 30 години: Намерно ја лажирал својата смрт и започнал нов живот во Франција

Хрватскиот државјанин Борис Ц. од Виерсен (Северна Рајна-Вестфалија), кој исчезнал во 1994 година, по речиси три децении е пронајден жив во Франција, каде што живее под нов идентитет со ново семејство, пишува Јутарни.хр. Случајот кој со години се водеше како можна жртва на убиство, доби неочекуван и драматичен пресврт.Во времето на исчезнувањето, Борис имал 37 години. Неговиот автомобил бил пронајден во Дизелдорф со траги од крв, кои подоцна било потврдено дека се негови. Германската полиција ве

Свет | пред 1 година

EU-1

ЕУ ги продолжува санкциите против Русија до јануари 2026: Избегната нова блокада од Унгарија

Лидерите на земјите-членки на Европската унија постигнаа договор за продолжување на секторските санкции против Русија за дополнителни шест месеци, до јануари 2026 година. Одлуката доаѓа цел месец пред крајниот рок – 31 јули – и претставува изненадување, со оглед на честите закани од Унгарија дека ќе ја блокира одлуката.Секторските санкции, кои вклучуваат забрана за извоз на различни производи во Русија, како и замрзнување на средства и забрана за влез на одредени лица и компании, се обновуваат н

Свет | пред 1 година

ukraina-kiev-3

Украински дронови нападнаа цели во Волгоград: затворени мост и аеродром, Русија тврди дека соборила 39 беспилотни летала

Голем украински дронски напад ја погоди руската територија и Кримскиот Полуостров во текот на ноќта, при што беа активирани противвоздушни системи во повеќе региони. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила вкупно 39 дронови, од кои 13 над областа Волгоград.Нападот предизвикал прекин на сообраќајот на важен мост преку реката Дон во Калачевскиот округ, објави утрово администрацијата на регионалниот гувернер Андреј Бочаров. Според информациите, мосто

Свет | пред 1 година

splav.jpg

(Видео) Пожар на сплав на Ада Циганлија - 22 пожарникари на терен

Голем пожар избувна попладнево на сплавот „Оган и вода“ на белградската Ада Циганлија. Како што јавуваат српските медиуми, пожарот бил пријавен во 14:55 часот, по што веднаш на терен интервенирале противпожарните екипи.На местото на настанот се распоредени 22 пожарникари со седум противпожарни возила, кои се обидуваат да го локализираат и изгаснат пожарот. Засега нема информации за тоа што ја предизвикало огнената стихија, ниту дали има повредени лица.Не е познат ниту износот на материјалната шт

Свет | пред 1 година

zdravkovski

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од собраниската говорница за време на 57 седница посветена за пратенички прашања. Здравковски се осврна на темите за младите, и особено го истакна фактот што младите се во фокус на Владата, а доказ за тоа е и новиот Оперативен план, а второто прашање го посвети на темата за земјоделие.,,Овие денови одбележуваме една година од владеењето на оваа влада која што е предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Една година од новиот почеток и

Македонија | пред 1 година

mickoski-filipce-2

Филипче и Мицкоски во судир околу „модерниот“ македонски идентитет: предупредувања за амандмани во Европскиот парламент

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска разменија остри ставови во Собранието поради најавените амандмани во Европскиот парламент со кои се предлага пред македонскиот јазик да се додаде зборот „модерен“.Филипче го праша премиерот дали Владата има рок до кога ќе се обидува да издејствува подобра преговарачка позиција со ЕУ и дали со ваквите амандмани се загрозуваат македонскиот јазик и идентитет. Тој потенцираше дека сите досегашни документи, вклучувајќи го и францу

Македонија | пред 1 година

1-1

Тошковски го отвори Европското првенство во џудо за кадети - потпишан и меморандум за разбирање за соработка и обука на полициските службеници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на отворањето на Европското првенство (ЕП) во џудо за кадети, во организација на Европската џудо-унија (ЕЏУ), кое од четврток до недела ќе се одржи во Скопје. Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух.„Македонија за првпат е организатор на Европско првен

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања