Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

26032021_AMS_Mojsovski_pres-konferencija-1

(Видео) Наумче Мојсовски: Бараме законско решение за спортистите да добијат право на пензија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска одржа прес-конференција на која информираше за отпочнувањето на процесот за утврдување на законско решение за поранешните и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија.Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме интегралното обраќање на директорот Мојсовски:„Ми претставува особена чест што денеска имам можност да го најавам исправувањето на една децениска неправда кон спортистите и спортистките во нашата држава.Со нивниот придонес, влог, со нивната пожртвуваност, многу од нив и како наши најголеми амбасадори, репрезентативци нѐ задолжиле сите нас ја задолжиле државата која гордо ја претставувале во Европа и светот.За спортистите и спортските работници, кои се занимаваат и се занимавале со професионален спорт, екипен или индивидуален, од независноста, па се до денеска, немаше конкретно системско решение, со коешто се регулира законски статусот за нивниот професионален ангажман, во делот што се однесува на здравствено, социјално, пензиско и инвалидско осигурување.Тоа значи дека вложениот труд, потрошеното време и учинокот на секој спортист, по заминувањето во спортска пензија, па до исполнување на старосната возраст за исполнување на правото за пензија, до денеска, не добиле вредност, како секој друг работник кој работи во различни дејности.Почитувани граѓани, почитувани спортисти и спортски работници,Оваа Влада предводена од претседателот Зоран Заев и целиот мој тим од Агенција за млади и спорт презема конкретни мерки за да го врати достоинството на спортистите и спортските работници, но и за да ја врати довербата во спортот.Во заедничка координација со Фондот за пензиско осигурување, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, формиравме работна група за изнаоѓање на најдобрите модели со коишто преку законска измена ќе се стигне до трајно и системско решение, односно времето коешто спортистите го поминале професионално ангажирани од спортски клуб да им биде додадено, поточно, тоа време, тие години, да им бидат впишани во пензискиот стаж, во моментот кога ќе ги исполнат законските критериуми и старосната граница за заминување во пензија.Kако ракометар со повеќе од 20 години успешна ракометна и репрезентативна кариера, немам ниту еден ден стаж, а истата судбина ја делат плејада на спортски легенди. И, тоа се тажни неправди, но и навреда за се’ што тој спортист дал за својата држава.По завршувањето на спортската кариера, овие големи луѓе, се оставени на маргините на општеството, без работен стаж, без здравствено осигурување, но и најчесто и без алтернативна професија и образование, работи коишто ги испуштиле градејќи спортска кариера на највисоко ниво, посветени на достоинствено претставување и промоција на нашата држава ширум светот!И, не, овие спортисти и спортистки никако не смеат да бидат заборавени од општеството.И токму затоа, драго ми што од овде денеска го најавувам процесот на реализација на моето прво ветување кога ја преземав оваа функција, правиме законско решение со кое овозможуваме поранешните и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија!Денеска ја исправаме децениската неправда кон спортистите!Остварувањето на спортска пензија за поранешните спортисти и спортистки е само првиот сегмент од исполнувањето на владините мерки во однос на трудовите и социјалните политики во спортот.Следен сегмент е поддршката за регулирање, односно субвенционирање на придонесите на сегашните спортисти и спортистки процес којшто ќе отпочне во вториот квартал од годинава и ќе тече паралелно со тој за спортските пензии.“видео: Влада

Македонија | пред 5 години

Gordana-Dimitrieska-Kocoska-26.03.2021

Димитриеска Кочоска: Заев и најкриминалната влада во Европа тргнаа во процесот на приватизирање на Царината, за да им врви работата и да ги полнат џебовите

Заев и најкриминалната влада во Европа тргнаа во процесот на приватизирање на Царината, за да им врви работата и да ги полнат џебовите. Нов ден нов бонбона бизнис за фамилијата на власт или шверц комерц. Дојде ред да се приватизира и дел од Царинската управа. И тоа случајно оној дел кој годишно собира над 410 милиони евра. Ќе се приватизира едниот столб на државата кој го полни буџетот, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Димитриеска Кочоска додаде:Владата работи на анализа за јавно приватно партнерство кое ќе има за цел да ги следи акцизните стоки.Дека е ова нов бонбона бизнис говори и фактот што пред повеќе од една година и половина Царинската управа го пушти во употреба системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). Овој проект ги чинеше граѓаните неколку милиони евра.Делот за обработка пак на акцизни документи стартуваше заедно со новиот Закон за акцизи од 01.01.2020 година со кој требаше да се подобри наплатата на контролата на акцизните производи. Со воведувањето на овој систем производителите и увозниците на акцизни добра потрошија време и ресури на усогласување на своите системи со системот на Царинската управа но исто така компаниите и Царинската управа инвестираа во обуки и кадар кој треба да работи согласно законот за акцизи.Од тука се поставува прашањето зошто се потрошија толку пари за развој на модул за акцизни добра кога се планира по само една година истиот да се напушти и да се воведе нов интегриран систем за следење на акцизни стоки врз база на јавно приватно партнерство.Исто така дали со воведувањето на овој систем повторно ќе се оптерети бизнис заедницата со нови трошоци и колку ќе ја чини една компанија инсталирањето, користењето и одржувањето на еден ваков систем. Владата го правда воведувањето на овој систем дека е во интерес на намалување на сивата економија но всушност е комплетно спротивно бидејќи овој систем нема никаков механизам за контрола на нелегалните продажби на акцизни производи, а ниту компанијата која ќе стопанисува со истиот ќе има ингеренции за санкционирање на дивите продавачи на акцизни добра.Всушност овој систем само дополнително ќе ги оптерети редовните плаќачи на акцизи, а наместо да го забрза протокот на стоки и услуги уште повеќе ќе ги оптерети компаниите со дополнителна бирократија и фиксни трошоци.Владата не се изјасни како преку овој систем ќе се контролира транзитирањето на акцизните стоки кој е еден од најбитните сегменти во меѓународната трговија и каде се можни злоупотреби од катастрофални размери. Односно на Владата на СДСМ единствена јака страна им е шверцот на акцизни добра, а преку овој систем планираат да го легализираат својот бонбона бизнис.Покрај ова се поставува и прашањето зошто упорно се вработуваат лица во Царинската управа кога во исто време дел од веќе постоечките вработени со воведувањето на јавно приватно партнерство ќе останат без работни задачи.Фамилијата Заеви се повеќе се богати и мисли на себе, за државата никој не води сметка, а сето тоа го плаќаат граѓаните на Македонија. Истите оние кои секој ден стравуваат дали ќе заболат од корона, а болните дали ќе го дочекаат следниот ден.За крај кој ќе застане во име на фамилијата Заеви и ќе го добие јавното приватно партнерство?видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Директорката на ММФ, Георгиева: Народната банка има витална улога – вашите професионалност и независност се од клучно значење

„Народната банка има витална улога во ублажувањето на влијанието на кризата и обезбедувањето економска и финансиска стабилност. Вашите професионалност и независност се од клучно значење.“ – рече директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, на состанокот со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, одржан вчера.На состанокот беше нагласена важноста на силните и кредибилни институции, особено во услови на криза, кога треба да сторат сѐ што е потребно за зачувување на довербата и поддршка на домаќинствата и компаниите. Исто така, беше истакнато дека професионалноста и независноста на централната банка се клучни предуслови за исполнување на нејзиниот мандат, вклучително и за обезбедувањето на целокупната стабилност на финансискиот систем.Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги нагласи поддршката и партнерството од страна на ММФ низ годините. „За нас е особено важно што имаме меѓународен партнер со силен интегритет, професионализам и стручност, којшто постојано вложува во подобрувањето на нашите капацитети и ни помага во зацврстувањето на нашата улога во општеството.“ – кажа гувернерката Ангеловска-Бежоска.Во однос на тековната здравствена криза, Георгиева и Ангеловска-Бежоска разговараа за неизвесноста и предизвиците за носителите на политики во периодот што доаѓа. На состанокот беше истакнато дека на глобално ниво е потребна будност и претпазливост во овие околности и заради неизвесноста околу времетраењето и последиците од пандемијата. Ова се однесува и на политиките на финансискиот сектор, во коишто треба да има мерки за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем. Во тој контекст беше посочено на неопходноста од претпазливост во политиките за распределба на дивиденда, како важен чекор во градењето на капацитетот на системот, сѐ додека не започне процес на одржливо закрепнување.На крајот на состанокот беше заклучено дека ММФ и Народната банка ќе продолжат со интензивната соработка, поддржувајќи ги напорите во создавањето придобивки за економијата и општеството и штитејќи го јавниот интерес. Во овој поглед, доброволното учество на Народната банка во пилот-оценувањето на усогласеноста со Кодексот на ММФ за транспарентност на централните банки беше оценето како важен дополнителен влог за зајакнување на транспарентноста и интегритетот на институцијата.

Македонија | пред 5 години

Arsovski-26.03

Арсовски: Дали тутунот завршил во Арачиново?

Ова место позади мене, кое треба да биде Влада на Република Македонија, стана дувло и извор на криминал и корупција.Од наместени тендери, до шверц на тутун, се што се прави криминално во државава е аминувано и потекнува директно од оваа зграда позади мене, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски на прес конференцијата додаде:Откако јавното обвинителство отвори случај за неплатена акциза на увезен тутун кој бил продаден внимавајте нелегално, повторно молк од институциите и обид за спин дека наводно биле лажни вести. Не само што не се лажни вести туку следствено оди вака - најпрвин се обидоа да го игнорираат целиот овој скандал со шверц на над 100 тони тутун, потоа се обидоа да го заташкаат преку монтиран случај во Јавното обвинителство кое што го отворија без воопшто да изнесат информации што и како се работи во случајот, па велат лажни вести биле и на крај ќе испадне дека како и секогаш половина Влада знаела за ваков криминал и молчела, затоа што е милионски криминал, и најверојатно некој се офајдил и од нив.Јавноста и пред се чесните тутунари заслужуваат да знаат, а институциите треба да одговорат на следниве прашања:Дали тутунот завршил во скопско Арачиново и на уште неколку места во Скопје?Дали за овој тутун можеби некој земал субвенции исто како да го одгледувал откако го откупил нелегално?Дали е пуштен нелегално во промет и со тоа се заработени милионски суми на пари во евра?Дали институциите се обидуваат да го заташкаат сето ова и затоа молчат?Дали за овој случај тогаш како министер бил известен и Љупчо Николовски и бидејќи се работи за негови пријатели од Крива Паланка, едноставно премолчил?Ова се одговорите кои треба да ги даде и обвинителството, но и оваа криминална и коруптивна Влада.Обвинителството треба да каже дали се повикани луѓе на разговор, дали се обезбедени докази за целиот случај, и нормално кој е осомничен и кој ќе одговара? Бидејќи како што реков се работи за криминал во милионски суми евра.Ова е голем случај, ова е скандал од милионски размери, ова е случај каде што за сметка на милионите кои што ги зема власта, страдаат чесните тутунари и земјоделци. И секојдневно плачат за нивната неплатена мака.Одговорност мора да има за ова криминално дувло позади мене.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

164302712_731255557568578_1376655913827559949_n

Дарко Димитров раскажува анегдоти: Емина Јаховиќ расплакана си заминала од студио, Цеца и Анастасија кои често доаѓаат кај него

Композиторот и продуцент Дарко Димитров за Репортер  раскажува за српската песна за Евросонг, како ја запознал сопругата Маја пред 30 години, за децата и татко му Славе Димитров, како сакал да биде режисер, а не музичар, но и за ѕвездите со кои снима, што ја советувала Цеца Анастасија кога ја снимале првата песна, за Емина која со плачење си оди од неговото студио...Македонскиот композитор и продуцент Дарко Димитров ова лето ќе прослави 30 години кариера. Од времето кога настапуваше со „Нулта позитив“ и заедно со Мирко Митревски ја испеа „Отвори го пенџерчето“, па до денес, Дарко важи за човек што ги диктира музичките трендови не само кај нас туку и во регионот.„Секое утро станувам и си велам дека јас сум никој и ништо, па ослободен од мислите почнувам да работам од нула. Само вака, кога не сум оптоварен од хитови, соработки, награди, мислам дека можам да создавам музика “, ни раскажа тој во интервјуто за „Репортер“.Малкумина знаат дека во осмо одделение основал фирма за компјутери и дека сакал да се занимава со режија. Сепак, кога во средно наставничките побарале од него на школска приредба да ја испее „Чија си“, легендарната песна на татко му Славе Димитров, Дарко сфатил дека не може да побегне од музиката.„Не сакав да пеам на приредбата, но ме убедија. Потоа им кажав дека ќе пеам, само ако ми ги поправат оценките. Тогаш компонирав песна за сите професори од училиштето и така тргна сè“, се сеќава Димитров на почетоците.Почнал со преработки на народни песни во рап-верзија, а потоа почнал да го менува стилот и да создава поп-музика. Оттогаш нема кој не дошол во неговото студио. Речиси сите македонските пејачи, а покрај нив и најголемите балкански ѕвезди. Некои чекаат и по две-три години за да им направи песна. „Не дека не сакам да работам со некого, едноставно, немам време. Но, тие што биле упорни, успеале“, рече Дарко.И покрај обврските со музиката, семејството секогаш му е на прво место. Со сопругата Маја е заедно триесет години и ги имаат ќерките Мона и Лара. Дарко раскажува и за првиот состанок со Маја, на прославата на независноста на Македонија.„Отидовме на плоштадот да го слушаме татко ми како пее и ни се случи магија“, вели композиторот.Се пошегува дека има многу анегдоти и ни призна дека никогаш нема да успее да раскаже што сè се случува кај него во студио. Од Емина Јаховиќ, која расплакана си заминала, до Цеца и Анастасија, кои често доаѓаат кај него. За „М2 потрагата по ѕвезди“, за „Ноќна кралица“ на Ерзана, кој и денес за многумина е најдобриот македонски албум, за српската песна за Евросонг, „Локо, локо“, чиј автор е тој, но и како неговите ќерки реагираат кога некој популарен пејач ќе дојде во студиото и за љубовта со сопругата Маја, која трае 30 години...извор:  „Репортер“.

Магазин | пред 5 години

nebojsa

Почина Небојша Трпковски директор на средното училиште „Моша Пијаде“

На 42 години почина Небојша Трпковски, директор на државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ – Тетово.-Со огромно жалење ја објавуваме веста за прераната смрт на нашиот ценет и почитуван директор. Изгубивме голем човек. Нека почива во мир. Погребот ќе се одржи денеска, објавија денеска од училиштето.Како директор Небојша Трпковски го спроведе процесот на преминување на училиштето во регионален центар.-Денес се збогуваме од нашиот драг колега Небојша. Неуморно работеше во ребрендирање на училиштето е нејзино претворање во регионален центар. Неговите дела ќе живеат засекогаш. Почивај во мир директоре, напиша на социјалната мрежа „Фејсбук“, Ахмед Ќазими, раководител на секторот за образование и јавни дејности при општина Тетово.фото: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

vakcina-astra

Попишувачите ќе бидат во приоритетните групи за имунизирање со вакцините АстраЗенека, вели Заев

Попишувачите ќе бидат во приоритетните групи за имунизирање со вакцините АстраЗенека кои ќе стигнатт в недела преку Ковакс системот, изјави денес во Делчево премиерот Зоран Заев.Претседателот додаде дека ќе биде исполнето барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и попишувачите ќе влезат во првата категорија на граѓани кои ќе се вакцинираат со дозите кои треба да се примат само еднаш.Можевме да согладаме предност и слабости од земјите пред нас, а вакцините се здрави и час поскоро ќе ја победиме оваа грозна пандемија. приоритет секако ќе бидат и попишувачите“, истакна премиерот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

monstrum-8

Денеска нови протести за „Монструм“ еве кои скопски улици ќе бидат затворени

За денеска е закажан уште еден протест против пресудата за обвинетите во случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковско Езеро.Според најавите, протестот ќе почне во 13:30 часот од паркот во Чаир.Од МВР информираа дека од тогаш, па до завршувањето на протестот затворени за сообраќај ќе бидат улиците Христијан Тодоровски Карпош, Џон Кенеди, Цветан Димов, Крсте Мисирков и булеварот Гоце Делчев.МВР исто така апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.Последниот протест беше насилен и беа повредени седум полицајци.Приведени беа осум лица, од кои тројца веќе ја признаа вината. фото: Архива

Скопје | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

19 лица затекнати надвор за време на полицискиот час

Од 22.00 часот (25.03.2021) до 05.00 часот (26.03.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (25/26.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 571 прекршок.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

apostol-simovski

Четворица попишувачи заразени со КОВИД 19, Симовски вели ова не е пречка да се реализира попишувањето

Откако екс пратеникот Илија Димовски обвини дека има веќе заразени попишувачи, директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија призна дека тоа е точно.Има четворица, не се пет заразени инструктори за попишување, заразени од своите сопружници, но не се заразени од ДЗС, изјави Симовски.Тој додава дека нема никаква опасност и тоа не е пречка да се реализира попишувањето.Протоколите за попис се јавно објавени, има различни протоколи за различни ситуации. Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето – рече Симовски на Канал 5.На ова Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ  му укажа на директорот Симовски дека во ден со над 16.000 активни сличаи на ковид се заканува со кривично гонење на народот, ако не сакаат дома да им доаѓаат попишувачи.Фото: PRTSC Канал 5

Македонија | пред 5 години

2-4

Претседателската вила „Водно“ и Владата - дел од локациите кои ќе потонат во мрак за часот на планетата земја

– Дванаесета година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, кога во 20:30 часот по локално време, во период од еден час во мрак ќе потонат над 180 земји и 7000 града ширум светот.Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот виртуелно ќе се обединат во испраќање на порака за солидарност со проблемите со кои се соочува планетата Земја.Со докази кои упатуваат на тесна поврзаност помеѓу уништувањето на природата и светските пандемии како таа со КОВИД-19, оваа година преку светскиот едночасовен мрак ќе се алармира дека зачувувањето на природата и биодиверзитетот, намалувањето на ефектот од климатските промени и одржливото живеење се пресудни за нашата иднина на оваа планета.И оваа година акцијата ќе биде одбележана виртуелно, со одржување на првата дигитална климатска конференција во Македонија, под мотото „Дали природата го возвраќа ударот?“На двочасовната конференција која ќе се емитува во живо оваа сабота во 19:30 на фејсбук профилот на  Часот на планетата Земја премиерно ќе бидат претставени климатските акции на македонците преку презентацијата „Кон зелена иднина со амбициозни климатски акции“ на Павлина Здравева, координатор за климатски промени во канцеларијата на УНДП во Северна Македонија. Дополнително, преку три дебати во кои ќе учествуваат претставници од локалната власт, претставници од Собранието на РСМ, бизнис секторот и невладините организации, ќе бидат дискутирани теми поврзани со забрзаното уништување на природата и начините како да го промениме нашето живеење за да ја осигураме иднината на планетата  Земја.Освен официјалниот дел, во текот на конференцијата ќе биде презентирано и моќно вирално видео преку кое Часот на планетата Земја и Светскиот фонд за природа (WWF) ќе се обидат да испратат порака на надеж, како што успеавме да се прилагодиме да живееме и дејствуваме против пандемијата, на сличен начин да се обидеме да дејствуваме против уништувањето на природата.Секако, останува моментот на едночасовно исклучување на осветлувањето, па така во мрак ќе потонат повеќе локации во градовите Скопје и Охрид, меѓу кои и претседателската вила Водно, Владата на РСМ, плоштадот Македонија, сите објекти и мостови по кејот на реката Вардар, скопската тврдина Кале, Порта Македонија, парковите во скопските општини Аеродром и Карпош, додека во Охрид меѓу  најатрактивните се Самоиловите тврдини, кејот Македонија и црквите Света Софија, Плаошник и Канео.Свое учество во акцијата најавија и Црвениот крст на РСМ, Сојузот на извидници, хотелите Мериот и Хилтон, трговскиот центар Капитол мол, салоните и управната зграда на А1 Македонија, цементарницата Усје и многу други.Повикот за акција важи и за граѓаните, па ги повикуваме масовно да го исклучат непотребното осветлувањеи во своите домови.Оваа година, Часот на планетата Земја ќе се одржи на 27 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија. Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега  се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.

Македонија | пред 5 години

zaev-mickoski

Заев прифати тет-а-тет средба со Мицкоски, ќе се сретнат во понеделник

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаа директна средба в понеделник.Средбата ќе се одржи во Клубот на пратеници со почеток од 13 часот.Договорот за средбата го потврди и Заев на неговиот Фејсбук профилДоговорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред – напиша Заев. Извор: ФБ Зоран Заев

Македонија | пред 5 години

pozar

(ВИДЕО) Опожарени две паркирани возила на паркинг пред хотел во Охрид

Вечерва опожарени се две паркирани возила на паркинг пред познат хотел во Охрид. Огнот го изгасна против пожарната служба од Охрид. Настанот се случил во време на полициски часНа местото на пожарот во моментов увид врши СВР Охрид.Дознаваме дека во инцидентот нема повредени, а причинета е материјална штета.Извор: News1.mk Видео: Читатели

Македонија | пред 5 години

astra-zeneka

Филипче: Во недела во 07:55 часот пристига првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека

Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот.извор: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

zaev-sobranie

Силјановска ја критикуваше власта дека нема родова избалансираност, па Заев и понуди место во Владата

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска откако  ја критикуваше власта дека нема родова избалансираност во Владата и во државните институции, премиерот Заев од место и дофрли-Ајде повелете во Влада, рече Заев низ насмевка.На ова Силјановска се насмеа и искоментира:-Ова е непристојна понуда.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

izvestaj

Усвоен извештајот на Илхан Ќучук за Северна Македонија во Европскиот Парламент

Со 558 гласа „за“, 70 „против“ и 59 воздржани Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата на известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук.Извештајот ги поздравува напорите на Северна Македонија во реформите за членство во ЕУ и ги охрабрува Скопје и Софија да изнајдат заемно прифатливо решение за спорот поради кој Северна Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ и покрај исполнетите реформи.-Се надевам дека Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат со дијалогот за нерешените билатерални прашања за да постигнат одржлив резултат. Постигнување компромис за акциски план со конкретни мерки, чија имплементација би се проценувала редовно согласно Договорот за пријателство, би го рестартирало процесот и би му овозможило на Советот да ја свика првата меѓувладина конференција што е можно поскоро, изјави Ќучук.Амандманот поднесен од страна на социјалдемократите и зелените, преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Северна Македонија, не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и европските конзервативци.

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: Апелирам сите политички чинители да го поддржат пописот, повиците за бојкот се атак врз својот народ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот, повика на одговорност од сите политички субјекти и поддршка на претстојниот попис.„Апелирам на одговорност од сите, оваа работа треба да ја завршиме сите. Оној кој ќе апелира за седење дома, или тајно ќе работи во таа насока, прави атак врз својот народ и својата етичка заедница“, оцени премиерот Заев.Тој рече дека „не е патриотски да се бојкотира“, туку „пописот е патриотски чин“, бидејќи во графите за попис стои Македонци, добиваат можност да се попишат Албанците, Турците, Бошњаците, Србите, Ромите и ги повика сите да излезат да се попишат.„Патриотски е и сите политички чинители, од која било партија и етничка определба, најгласно што можат, да испратат порака за поддршка на пописот, како сопствен највисок чин на одговорност и придонес кон оваа исклучително важна државна статистичка операција. Ако велиме дека е најважно граѓаните на Северна Македонија да се попишуваат, очекуваме пораката за задолжително учество во пописот да ја испратат и сите домашни политичари - вклучително и политичарите од домашната опозиција. Пописот е операција околу која треба сите да се обединиме за да дадеме максимален придонес. Тоа е должност кон семејството, заедницата, државата. Каде ни е одговорноста кон татковината?!“, порача премиерот Заев.Тој објасни дека пописот е многу важен бидејќи државата со години ги нема точните податоци врз основа на кои ќе се креираат социјални политики, пензиска политика, раст и развој на земјата, инвестициите.„Важам за човек кој прави договори и сака да прави компромиси. Но согласно законот и подзаконските акти е опишано дека помалку од 10 минути трае попишувањето. Вакцини има секаде низ светот, па бројките се поголеми. Светот нема одговори на 50 проценти од прашањата со пандемијата. Ако некој гарантира дека за година, две, есента, ќе имаме добри услови, немаме намера да водиме инает. Најлесно е да се блокира и да се одложи“, додаде премиерот Заев, повикувајќи на свест и совест за поддршка и спроведување на важната статистичка операција – пописот. фото: Влада

Македонија | пред 5 години

mickoski-3

Мицкоски: Го повикувам Заев на средба, државата е во криза и грч, граѓаните очекуваат сериозност и консензус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Дневникот на Сител телевизија го повика премиерот Зоран Заев на средба, затоа што како што вели државата и граѓаните се во грч, а се очекува сериозност и консензус за важните прашања.-Го повикувам Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници во ден и време кога тој ќе избере, стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време онака како што на нему му одговара, да разговараме за сите оние проблеми коишто се од животно значење за граѓаните, од кризата од пандемијата, до работата на парламентот, за се што е денеска отворено, а нерешено, а стои на маса, повика Мицкоски во Вестите на Сител телевизија вечерва.Мицкоски вели дека се надева дека со ова ќе може да се постигне некаков консензус за случувањата, како и тоа дека е подготвен да разговара на секоја тема да се разговара и за пописот, и за пандемијата, и за економијата, и за блокираните евроинтеграции и за широки или концентрациони влади, за национален спас, затоа што граѓаните очекуваат да се постигне консензус за важните прашања, затоа што граѓаните се во грч, а состојбата е на раб на издржливост.Дополнително Мицкоски порача дека за ова фијасно не може никој да не поднесе одговорност, одговорност мора да има, затоа што впрочем на тој начин се остава лош пример дека власта не чувствува вина за она што се случува, дека некој друг е крив, но тоа не е така, вие како министер или премиер ако вашите обврски не ги исполните, а само уживате во вашите привилегии, тогаш тоа е лицемерно, дезертерството и неспособноста не чини човечки животи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-3

Млади лица без претходни болести починуваат од тромбови - Ковид-19 коси во земјава

Млади пациенти ги губат животите како последица од Ковид-19. Лекарите алармираат на се почестата појава на тромбови кај родилки и помлади заразени.Пациентите во овој трет бран се со многу потешка клиничка слика. Починуваат млади лица со тромбови како поселдица на коронавирусот.Овие информации ги анализираше телевизија Сител.извор: Сител

Македонија | пред 5 години

mirjana-najcevska

Најчевска удри по власта: После 5 години владеење да се повикуваш на гревовите на претходникот е несериозно

После 5 години владеење да се повикуваш на гревовите на претходникот е несериозно. Не ми е гајле колку стана имал Груевски, напиша на својот Фејзбук профил Професорката Мирјана Најчевска.Професорката во објавата додава:Гајле ми е дека:-е надвор од државата со парите украдени од граѓаните.-никој не одговараше затоа што побегна.-не е вратен ниту денар од украдените пари.-уште има вработени кои примаат плата а не работат-уште долговите за вода не застаруваат а крадењето на функционерите застарува-уште стојат сите монструозни градби од Скопје 2014- уште сме најзагадена држава во Европа и пошироко- ушре сме најнеписмени- уште произведуваме струја од јагленИ гајле ми е дека сме единствена држава во која не е вакциниран ниту еден промил од граѓаните, напиша Најчевска на ФБ.извор: ФБ Мирјана Најчевска

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Нова црна статистика - 29 починати лица и 1.264 нови случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Во последните 24 часа се направени 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 585, Прилеп - 60, Битола – 59, Штип – 58, Куманово и Велес по – 56, Кавадарци – 42, Струмица – 36, Тетово и Охрид по – 35, Гостивар – 31, Гевгелија – 28, Кочани – 22, Свети Николе – 21, Неготино – 17, Кичево, Берово и Пробиштип по – 13, Ресен – 11, Радовиш – 9, Валандово и Крушево – по 8, Струга – 7, Демир Капија и Пехчево – по 6, Крива Паланка, Делчево, Виница и Богданци – по 5, Македонски Брод – 3, Кратово и Демир Хисар – по 2, Дебар и Македонска Каменица по - 1.Регистрирани се 722 оздравени пациенти од:Скопје - 331, Охрид – 59, Кавадарци – 36, Прилеп – 33, Неготино – 25, Битола – 24, Куманово -23, Гостивар и Крива Паланка – по 22, Гевгелија – 20, Струга – 18, Велес – 16, Тетово, Штип, Кочани и Струмица – по 13, Валандово – 7, Кичево, Радовиш, Делчево и Богданци – по 4, Демир Капија и Пробиштип – по 3, Свети Николе, Берово, Ресен и Крушево – по 2, Виница, Демир Хисар, Македонски Брод и Пехчево – по 1.Пријавени се вкупно 29 починати лица, на возраст од 38 –86 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, по 3 пациенти од Охрид и Струмица, по 2 пациенти од Куманово, Струга, Велес и Крушево, и по едно починато лице е пријавено од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и Демир Капија. Од пријавените, 28 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.Направени се 3.897 тестови преку: ИЈЗ-829, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-76, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-12, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија – 79, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Авицена-351, Биотек-463, Систина-260, лабораторија Лаор–138, Синлаб-73, Ремедика-34, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1340.Досега во земјата се направени вкупно 603.679 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 55184, активни 8362Прилеп 6715, активни 988Куманово 6451, активни 664Тетово 6106, активни 508Гостивар 4342, активни 406Кавадарци 4240, активни 677Велес 4198, активни 573Битола 4113, активни 549Штип 4088, активни 353Охрид 3932, активни 616Струмица 3125, активни 294Струга 2600, активни 166Кочани 2148, активни 210Кичево 1922, активни 123Неготино 1826, активни 422Гевгелија 1689, активни 334Свети Николе 1225, активни 96Крива Паланка 1029, активни 101Ресен 957, активни 143Радовиш 859, активни 98Дебар 826, активни 31Делчево 824, активни 91Берово 792, активни 107Пробиштип 658, активни 83Виница 576, активни 48Валандово 480, активни 82Крушево 421, активни 134Богданци 384, активни 67Демир Капија 336, активни 77Кратово 320, активни 27Демир Хисар 320, активни 48Македонски Брод 286, активни 32Пехчево 215, активни 19Македонска Каменица 198, активни 5Дојран 106, активни 9фото: Архива

Македонија | пред 5 години

isceznato-lice-DZS

Петти ден нема трагa од Ислам Лумани, се пребарува теренот - секоја информација би била од помош

Дирекција за заштита и спасување -Секторот за оператива и логистика во соработка со Подрачното одделение за заштита и спасување Ресен и началникот на полицијата во Ресен, одржаа состанок за координација и потрага на исчезнатото лице од с.Крани. Претставниците од ДЗС заедно со полицијата беа на лице место и го пребаруваат теренот.Инаку семејството и пријателите на Ислам Лумани од Преспа апелираат за било каква информација за него. Тој последно бил виден неделата наутро, кога тргнал кон плажата во Крани.„Во недела (21.03.2021) во 10 часот наутро е виден за последен пат нашиот другар Ислам Лумани, тој имаше облечено сини пантолони, црно палто и црни чевли. Се знае дека тој е тргнат да оди кон плажата во с. Крани, но постои можност да тој е отиден во сеуште непознат правец. Денеска е четврти ден без него. Браќа и сестри, помогнете да го најдеме нашиот брат жив и здрав. Секоја информација од ваша страна може да ги смири нашите срца.“ стои во објавата.Телефон за контакт:+389 70743937+389 71841758+389 75848084

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Град Скопје ги враќа старите имиња на Ленинова, Железничка, Мексичка, 4ти јули ...

Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за имињата на 485 улици во градот. Најголем дел од овие улици досега биле именувани со број или биле именувани како краци на други поголеми улици.  По усвојувањето на оваа одлука од Советот, овие улици ќе добијат нови имиња.Новите имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје согласно со Законот за определување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти предвидено е да се црпат од Регистарот на имиња кој неодамна беше дополнет од Советот со листа од нови 570 имиња, по претходно добиената согласност од Владата на РСМ.Согласно со овој закон името на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект може да биде определено со географско, етнографско, историско и друго обележје, име на истакната личност од областа на историјата, науката и културата, други погодни имиња, како и име на значаен настан и датум.Најголем дел од предлозите за нови имиња на улиците се предлози со кои ќе се именуваат краците на улиците Тодор Чангов, Ѓорѓи Капчев, Христо Татарчев, Бутелска, Скупи, Јуриј Гагарин, Козле, Алексо Демниевски и други. Речиси четвртина од предлозите за нови имиња се предлози со кои ќе се заменат имињата кои претходно биле нумерирани со број.Со оваа одлука ќе бидат вратени и дел од старите имиња на улиците кои беа променити во текот на 2012 година спротивно на волјата на граѓаните кои живеат на тие улици. Со тоа се враќаат имињата на улиците Ленинова, Железничка, Мексичка, Каирска, Стив Наумов, Салвадор Аљенде, 4 Јули, 29 Ноември, Бихаќка, Владимир Комаров, Руди Чајавец, Жарко Зрењанин, Драчевска, Ратко Митровиќ и други.Мостот Тодор Александров (популарно наречен мост Близнак) ќе биде преименуван во Мост Накие Бајрам и Роса Плавева, мостот Слобода (кај Холидеј Ин) ќе се вика мост Вера Ацева, а новиот мост на бул. АСНОМ ќе се вика Генерал Михајло Апостолски.Улицата пред Градскиот стадион ќе се вика Столтенбергова според угледниот норвешки дипломат и висок функционер на Обединетите нации, Торвалд Столтенберг кој даде голем придонес во обновата на градот по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.Булеварот ВМРО ќе добие ново име и ќе се вика Блаже Конески, улицата Стив Наумов (поранешна Ленинградска) ќе се вика Славко Јаневски, улицата Адолф Циборовски ќе се вика Горан Стефановски, а улицата 1523 во Кисела Вода ќе се вика Благоја Георгиевски – Буштур. Пешачкиот мост кај зградата на Владата ќе го добие името по неодамна починатиот заменик-градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи.При изборот на нови имиња кои ќе бидат содржани во предлогот на градоначалникот Шилегов до Советот земени се предвид етничките, културни и социјални специфики на локалното население кое живее на тие улици. На тој начин и новиот булевар кој е предвидено да биде изграден од Скопската обиколница до бул. Словенија, а поминува низ Визбегово, ќе се вика Хасан Приштина. Во таа насока во редот на новите имиња на улици ќе се најдат и Беким Фехмиу, Ибрахим Ругова, Адем Демачи и Мајка Тереза.Сите имиња на улици кои ќе бидат сменети од овие причини, ќе бидат повторно искористени на начин што по нивните патрони ќе бидат именувани други улици во градот каде што повеќе одговараат на локалните специфики на населението.Листа за промена на улици во Скопје: https://skopje.gov.mk/media/6648/ulici.pdfфото: Град Скопје 

Скопје | пред 5 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Ременски: Сведокот Тодоровска под заклетва кажа дека лично ја познава Мила Царовска, дали вицепремиерката повторно ќе се заканува со тужба?

Вчера на судското рочиште за "Меѓународен сојуз", "сведокот" г-ѓа Лилјана Тодоровска на прашање на ЈО Ивана Трајчева, под заклетва по вторпат (прво пред ОЈО ГОКК, вчера пред Судот) експлицитно изјави (цит.):"Имам лично познанство со Мила Царовска ..., бев во МТСП и го презентирав проектот ..., многу и' се допадна и ми кажа ден, место и време на основање на Меѓународниот сојуз преку кој може да се реализира проектот ...".Ова е дел од изјава на сведок на ОЈО, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.Ременски во објавата додава:Минатата година кога ова "упатување во Меѓународен сојуз" во Суд го посочи Бојан Јовановски врз основа на исказ на госпоѓата пред ЈО , вицепремиерката Мила Царовска излезе со остар демант и најави тужба за клевета.Во таа изјава на вицепремиерката таа нагласи дека, не ја познава г-ѓата Лилјана Тодоровска и дека не соработувала со неа.Немам информации дали има тужба за клевета, но до објавување на овој статус чекав да видам дали ќе има демант и најава за тужба за клевета за "сведокот" г-ѓата Лилјана Тодоровска од (сега) министерката за образование и наука.До сега нема❗Има изјава на некои прашања на генералниот секретар на мојата партија за етички кодекс како стратегија за генерална одбрана, што нема врска со оваа сериозност.🚩Дали отсуството на демант за изјавата на сведокот под заклетва пред Судот произлегува од потребата за легитимирање на статусот на овој (според сите полициски правила) дискутабилен "сведок" кој "не знаел ништо за ништо", или пак е опасност за "сведокот" и неговата кривична одговорност за давање на лажен исказ пред ЈО и на Суд под заклетва ⁉️Добар PR за PR-обвинение мора за се признае, напиша Ременски на ФБ. извор: ФБ Фросина Ременски

Македонија | пред 5 години

sudstvo-2

ХЕРА, Хелсиншки комитет и „Маргини“ поднесоа кривична пријава против „Од нас за нас“

Здруженијата ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Коалиција Маргини поднесоа кривична пријава против Здружението за заштита на човековите права „Од нас за нас“ за поттикнување омраза и дискриминација врз повеќе основи. Самостојно, ХЕРА поднесе и тужба за утврдување граѓанска одговорност за навреда и клевета.Овие чекори се преземени согласно реакцијата на ХЕРА по која здружението „Од нас за нас“ не само што не се извини и не ги повлече лагите за сексуалното образование и за ХЕРА, туку и продолжи да шири невистини и да објавува несоодветни визуелни материјали во врска со пилотирањето на сексуалното образование во Македонија. Со ова „Од нас за нас“ недвосмислено со месеци наназад исто така активно промовира и поттикнува омраза и дискриминација не само кон ХЕРА и организациите и поединците кои го поддржуваат предметот сексуално образование, туку и против децата, жените и ЛГБТИ луѓето.Преку објавите на својата веб-страница и Фејсбук-страница, здружението „Од нас за нас“ го поткрепува своето несогласување во врска со пилотирањето на сексуалното образование во земјава со пишан материјал полн лажни информации за креаторот и содржината на пилот-програмата и за начинот на нејзиното спроведување. Притоа, користи фотографии и илустрации од преплашени деца и од разголени детски тела со замаглени гениталии кои се преземени од други образовни системи и кои не се дел од прирачните материјали развиени за потребите на овдешната пилот-програма, со единствена намера да предизвика страв и дезинформираност кај јавноста.Дека здружението не е искрено во своите намери правилно да ги информира граѓаните ниту е доследно на своите заложби за рамноправност на сите граѓани потврдуваат и неговите Фејсбук-објави преку кои со умисла предизвикува дискриминација и омраза. Доволен показател за ова се коментарите под објавите кои се пример за навреди, исмејување и говор на омраза врз основа на пол, род и сексуална ориентација – објави на кои здружението во ниту еден наврат не реагира. Во услови кога стапката на насилство кон девојките и жените е на загрижувачко ниво, говорот на омраза кон маргинализираните групи и постапките на здружението во Интернет-просторот директно охрабруваат хомофобија и дискриминација врз жените.Очекуваме Јавното обвинителство да ја прифати кривичната пријава и да започне постапка со што, конечно, ќе даде пример дека во оваа земја не смее да има простор за поттикнување говор на омраза кон ранливите групи на граѓани и за ширење лаги кои директно се одразуваат на здравјето на младите. Дополнително, очекуваме и Основниот суд да утврди граѓанска одговорност за навреда и клевета за лагите и невистините кои ги пласира ова здружение.Обврската за воведување сексуално образование произлегува од низа меѓународни документи кои Република Северна Македонија ги има потпишано и ратификувано, вклучително и од препораките на последниот извештај на Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената, според кои и наставниците треба да имаат значајна улога во справувањето со родовите стереотипи. Воведувањето на сексуалното образование се предвидува и во повеќе национални стратегиски документи на кои се имаат обврзано владите на Македонија од 2010 година наваму. Сексуалното образование во училиштата се предвидува како мерка за спречување на насилството кај младите и со Новиот закон за спречување насилство врз жените и семејно насилство,  усвоен од Собранието во јануари 2021 година.

пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања