Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

sandanski-vodovod

Поставена нова водоводна линија на улицата “Јане Сандански” во Охрид

Одличен старт на реконструкцијата на улицата “Јане Сандански“.Во моментов се поставува нова водоводна линија, а потоа продолжуваме соПриклучување на домаќинствата со средства покриени од општината.Продолжуваме да работиме на проектите кои се во интерес на граѓаните, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

12112019_PVRSM_Zaev_Sobranie

Заев за софтверот за сообраќајни прекршоци на Рашковски: Тој е набавен согласно законот за јавни набавки, транспарентно и одговорно

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање на Александар Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ за поврзаноста на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци , рече дека тој е набавен согласно законот за јавни набавки, транспарентно и одговорно.„Постапката за случајот„Леонардо“ е завршена уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар имаше задача да ги спроведе потпишаните договори од претходната власт. Целата истрага е завршена и комплетирана. Што се однесува до софтверот за сообраќајни прекршоци Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија се обратија до Владата, службите постапија и ги доставија сите информации до нив. Софтверот е набавен регуларно, авторските права се во сопственост на Владата и генералниот секретар има право да прави анализи за министерствата. Софтверот е работен од страна на „ ФИНКИ“ и е оспособен и предаден со изворен код, а создаден е за различни намени. Целосно е функционален и ефикасен и ќе се стави во функција откако ќе се соединат базите на податоци и завршат одредени законски и подзаконски процедури“, рече Заев.Драги Рашковски повторно стана актуелен деновиве откако излегоа информаци дека набавил софтвер за сообраќајни прекршоци без консултација со надлежното министерство, односно МВР.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sobranie-2

Пратениците од Власта и опозицијата се договорија, во тек е седницата на која се поставени законите од петтиот пакет мерки

Власта и опозицијата најдоа заеднички јазик во однос на блокираната 36-тата седница. По одржаната координација на собранискиот спикер Талат Џафери со парламентарните партии, започна седницата на која се поставени законите од петтиот пакет мерки. По утврдувањето на дневниот ред, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара на дневниот ред да останат само четири точки кои се однесуваат на мерките за справување со последиците од пандемијата. Со 87 гласа за, без воздржани и против беше усвоен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, односно дневниот само со законите од пакетот антикризни мерки.Претходно пратеникот на СДСМ Јован Митрески јавно се заблагодари на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за подадената рака и победата на разумот во интерес на граѓаните.„Ѝ благодарам на опозицијата што се надмина себе и даде рака за поддршка, заедно да ги изгласиме овие закони кои се важни за помош на стопанството и работниците“, рече координаторот на СДСМ, Јован Митрески.Собранискиот спикер Талат Џафери објасни дека ги следи одлуките на мнозинството од пленумот. Додаде дека на координацијата се разрешило недоразбирањето и се договориле да делуваат во интерес на граѓаните.„Да не се вратиме на претходниот дел од денот, останав конзистентен дека процедурите се одлика на пленумот, не се по моја волја. Секако дека ќе биде спроведено сè она што е во моја надлежност и во интерес на институцијата. Ме радува што имаме капацитет да најдеме заеднички јазик и да рефлектираме резултати“, рече Џафери.Претходно пратениците едногласно со по 86 гласа го усвоија предлогот на Владата за носење на Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност за месеците февруари, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата за исплата на платите за месеците февруари и март, изменување на Законот за личен доход, а исто така беше усвоена и предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба поради опасност од миграција низ територијата на државата и поради постоење на пандемијата со Ковид -19.Точките од економскиот пакет се по скратена постапка, ќе бидат разгледани од надлежните собраниски комисии по што се враќаат на седница на која ќе се расправа и ќе се гласа за нив.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dzaferi-5

Средба на претседателот Џафери со премиерот Заев

Денес претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери оствари средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, кратко пред почетокот на Пленарната седница за пратенички прашања.На средбата се разгледаа сите процедурални аспекти на функционирањето на Собранието и врз таа основа се оставаат на разгледување на парламентарните процедури и, наша заедничка констатација е дека „Парламентарната дебата останува во Собранието помеѓу Пратеничките групи и претставниците на политичките партии и тука треба да продолжи и да се изнајде соодветно процедурално решение за продолжување на работата на Собранието.Тоа е така затоа што, наша заедничка констатација е дека Собранието е институција на граѓаните и е подеднаква обврска како на пратениците од власта, така и на пратениците од опозицијата, во контекст на учеството во работата на Собранието согласно Деловникот за работа. Со надеж дека ќе продолжиме со редовните и ад хок координации, мислам дека ќе ги најдеме потребните заеднички решенија во корист на граѓаните, за да продолжи со работа Собранието и да ги исполни барањата на граѓаните во контекст на кризата и последиците од кризата врз животот на граѓаните воопшто.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Охрид SOS за некогашен Парк: Зошто Министерството за култура не побара внатрешна контрола во Управата за заштита на културното наследство и во Завод и музеј Охрид?

Иницијативата на Министерството за култура и последователните „активности“ на владата в.в. со дивјачки, насилно и преку ноќ (во полициски час!) срамнетиот со земја „Парк“ - не се ништо повеќе од контрола на штета. Но не контрола на штетата направена врз природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Контрола на штетата врз рејтингот, врз политичкиот капитал на партијата на власт!Повторно ќе основаат комисии за да „решаваат“ проблеми. Дефиниција за лудило е одново и одново да се повторуваат исти постапки, а да се очекува различен резултат! И на врапчињата им е јасно дека формирањето комисии и правењето планови се стандардните импотентни алатки што веќе со децении ги злоупотребуваат македонските заробени институции кои ниту се способни ниту се заинтересирани да посегнат по вистинските решенија. А тие решенија се толку едноставни и не, не се состојат од вечно состаночење и правење план за планот со јавни пари. Вистинските решенија се состојат од храбри чекори за сосекување на криминалот и корупцијата. Се состојат од одлучни напори за темелно отстранување на сиот наталожен гнилеж, пишува во објавата на ФБ Охрид SOS.Во продолжение на објавата од Охрид SOS додаваат:Тоа значи:- иницијативи по службена должност за итни инспекциски надзори- објективно извршени инспекциски надзори- кривични пријави по службена должност, вклучително и особено за активни носители на функции што го прекршиле законот- поднесување обвинителни акти по службена должност, вклучително и особено за активни носители на функции што го прекршиле законот- правично и објективно судско процесирање на обвинителните акти и ригорозни максимални казни за прекршителите на законот, вклучително и особено за активни носители на функцииЗошто не предложило Министерството за култура внатрешна контрола во Управата за заштита на културното наследство и во Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид? Само Охрид ЅОЅ јавно објави за најмалку 3 прекршувања на законите при издавање мислења и одобрување планови и проекти од овие две установи. Зошто не се разрешат веднаш раководните лица на овие две установи кога е толку евидентно нивното несовесно работење? Дали Министерството за култура со поднесувањето на информацијата до влада кога вели „ќе дава стручна помош за мислењата и за актите изготвени од Управата за заштита на културното наследство“, конечно признава дека оваа институција е, всушност, нестручна? Сите знаеме дека веќе со децении македонските институции единствено се стручни во земање плата за својата врвна нестручност. Оттука, знае ли Министерство за култура воопшто како се справува со некомпетентност? Наместо итно разрешување и санкционирање, почнувајќи од раководни лица, па сѐ до послушни извршители и целосна ревизија на работењето, сега Министерството ќе чека истите тие кои докажано го прекршиле законот, да донесат некаква реформа.Министерството за култура предложило, а владата прифатила „Министерството за транспорт и врски во рок од два дена да формира стручна комисија која ќе изврши увид во работата за Општина Охрид за процесот на издавање/спроведување на одобрението за градење“. Во рок од два дена Министерството за транспорт и врски да постапеше преку Инспекторатот за градежништво и урбанизам во својот состав, за што имаше повеќе од доволно време – речиси цел месец – едно архитектонско ремек-дело, еден редок примерок на современата архитектура од ХХ век во Македонија немаше да биде преку ноќ срамнет со земја како да живееме во завојувано подрачје во ран палеолит.Само нецивилизирани дивјаци може да постапуваат на овој начин со културно богатство и да оставаат неговото уништување да поминува несанкционирано со што создаваат совршени услови за неприкосновено владеење на урбаната мафија, башибозук и безредие.Јавен службеник и слуга на мафијата се две неспоиви и меѓусебно исклучиви функции. Македонските функционери повеќе немаат простор да бидат второто, додека глумат, многу провидно, дека се првото! извор: Охрид SOS

Македонија | пред 5 години

skopje-8

Нови рестриктивни мерки ни се спремаат од утре

Во текот на денов или утре Комисијата за заразни болести ќе има нов состанок за анализа на состојбата со заболените од Ковид – 19. Од Министерството за здравство велат дека е можно да се предложат, нови, построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, објави А1ОН.„Состанокот ќе биде денес или најдоцна утре. Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани. Нема да се случи од денес за утре да се усвои мерка, ќе има доволно време за граѓаните да се подготват. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.Текстот во целост на: А1ОН. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Шилегов: Неопходно е стратешко планирање, и за превенција и за успешно управување со кризи

Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво“, која се одржа во хотелот „Хилтон“. Конференцијата се организира во рамките на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија“ кој Институтот за демократија го спроведува со поддршка од Обединетото Кралство, преку Британската амбасада во Скопје. Проектот цели кон зајакнување на стратешкото управување со кризи во осум избрани општини и прикажување на процесот на развој на локални стратешки планови за намалување на ризиците од несреќи и од катастрофи.Целта на конференцијата, пак, е да се оствари дискусија за системот за управување со кризи, можностите за соработка и меѓусебна поддршка на органите на национално и локално ниво во овој домен, како и да се претстави процесот на изработка на локални стратешки планови за намалување на ризиците од несреќи и од катастрофи на осум пилот единици на локалната самоуправа.- Важноста на доброто управување со кризи најмногу се гледа во кризни времиња, а ние за жал живееме во време кога кризите континуирано ни наметнуваат нови предизвици и како луѓе, но и како институции кои носат определени одговорности во овој дел, согласно со надлежностите дефинирани со законите. Како држава повеќе од година се справуваме со кризата наметната од светската пандемија од коронавирусот што од друга страна е доволно долг период да извлечеме некакви поуки и заклучоци од кои можат да произлезат конкретни чекори. Искуството со брзината на подготовката и уредувањето на кругот на Клиничкиот центар за изградба на монтажната инфективна болница, како и сообраќајните решенија кои овозможија поголема проодност за возилата на итната медицинска помош беше предизвик со кој успешно се справивме, но истовремено и ни укажа на низа аномалии на системот кои има простор да бидат отстранети со цел тој да биде унапреден во насока на поголема ефикасност. Она што постојано ни се провлекува како институции е неопходноста од стратешкото планирање како клучен дел и од превенцијата, но и како предуслов за успех на самото управување со кризата во текот на целото нејзино времетраење – рече во своето обраќање градоначалникот Шилегов.Тој додаде дека улогата на Град Скопје и на општините како единици на локалната самоуправа во делот на управувањето со кризи е помалку или повеќе дефинирана со Законот за локална самоуправа, Законот за управување со кризи, Законот за заштита и спасување и други правни акти кои неретко знаат да бидат и ограничувачки фактори кои неповолно влијаат врз брзината и ефикасноста на справувањето со кризите.- Согласно со овие закони Град Скопје во делот на планирањето има обврска да изготви и редовно да ја ажурира Процената на загрозеност на подрачјето на Град Скопје од сите ризици и да подготви План за заштита и спасување на градот Скопје од природни непогоди и други несреќи. Во таа насока, секоја година се подготвува и годишна акциона програма за заштита и спасување, која содржи општи нормативни претпоставки за реализирање на Националната стратегија за заштита и спасување. Оттука потребата за подлабока и посеопфатна анализа на правната и институционалната поставеност на системот за управување со кризи. Тоа во голема мера ќе ни помогне како институции да ги идентификуваме системските празнини и предизвици кои пандемијата на Ковид-19 ги изнесе на површината – објасни Шилегов.Тој се заблагодари на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и на амбасадата на Обединетото кралство што преку реализацијата на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија“ ќе помогнат да се зајакне стратешкото управување со кризи во Град Скопје и уште неколку избрани општини, а понатаму и да се прикаже процесот на развој на стратегии за подготвеност и управување со кризи на остатокот од општините во државата.- Овој проект ќе ни помогне да ја подобриме и информираноста на граѓаните за надлежностите на општините во системот за управување со кризите, како и за можните начини на кои граѓаните ќе можат да се вклучат, што ќе ни помогне и нам како институции подобро да одговориме на она што се нарекува јавен интерес. Менаџирањето со кризите мора да биде предмет на стратешко делување доколку сакаме успешно менаџирање со кризите и минимизирање на нивните штетни последици по граѓаните. Притоа, задолжително поголем акцент ќе мора да се стави на планирањето и превенцијата во однос на ад-хок делувањето кое е често наметнато од некакви новонастанати ситуации со свои специфики. Безбедноста и заштитата на граѓаните на Скопје секогаш е во редот на врвните приоритети на институциите на локалната самоуправа и токму од оваа причина добро е што сме тука и добро е што разговараме на оваа тема, а јас искрено се надевам дека со здружени сили можеме да дојдеме и до систем кој ќе гарантира уште подобри резултати во управувањето со кризите што ќе придонесе директно кон поголема безбедност и подобра заштита на граѓаните – нагласи денеска градоначалникот Шилегов.На денешната конференција се обратија и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Рејчел Галовеј, националниот координатор за имплементација на националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Зоран Петров, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, градоначалници и експерти.

Скопје | пред 5 години

niko-nestor-struga

Девојка со нож нападнала соученик во средно училиште во Струга

Деветнаесет годишна ученичка во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга вчера утрото во училишниот двор со остар предмет нападнала соученик.Како што соопшти МВР, А.М.(19) од струшкото село Долно Татеши со остар предмет го нападнала соученикот Е.К.(19) од Струга.Ученичката е повикана на разговор во полициската станица и по целосно расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

HM-Sredba-EU-1

Мицкоски до Гир: Прв национален приоритет мора да биде борбата против пандемијата КОВИД-19

Денес, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадор на ЕУ, Дејвид Гир.На средбата Мицкоски нагласи дека прв национален приоритет мора да биде борбата против пандемијата КОВИД-19 и преземање на мерки против здравствените и економските последици од истата.Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ стратешки приоритет е полноправното членство во ЕУ, но дека тој пат подразбира конкретни реформи кои примарно мора да се насочат кон реформа на правосудниот систем и борба со корупцијата.Истовремено, Мицкоски додаде дека негово очекување е дека патот на Македонија кон полноправно членство мора да биде гледано единствено низ призмата на остварувањето на објективните критериуми за членство и во таа смисла тој очекува што поскоро отварање на пристапните преговори.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

korona-2

Болниците преполни, во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 81 пациент

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 81 нов пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 613 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 46 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти и 5 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 55 оздравени пациенти.Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 295 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 лица. На Клиниката за Детски болести има 20 пациенти позитивни на ковид 19 вирусот и 7 на ГАК .Вкупно 613 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Jovan-Mitreski

Митрески: Оваа седница е шанса, да им помогнеме на граѓаните и компаниите, заедно да ги донесеме законите за петтиот пакет мерки

Граѓаните, фирмите, навистина имаат сериозен проблем и ние како Собрание имаме обврска, час поскоро, ден поскоро да им излеземе в пресрет во оваа светска здравствена, а очигледно и економска криза, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, денеска од собраниската говорница.„Три дена опозицијата покажува наводна загриженост, а денеска овде во Собранието, да каже дека поважни им се пратеничките прашања покажува дека поважни им се пратеничките прашања, отколку помошта за граѓаните. Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски преку статус на Фејсбук повика денеска да се одржи седницата за законите за петтиот пакет мерки, на кој ќе учествуваат и пратениците од опозицијата, односно од ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му кажале дека денеска има пратенички прашања. Еве денеска, кога има пратенички прашања пратениците на ВМРО-ДПМНЕ велат да не се одржи седница на која ќе се донесат овие закони, за што поскоро да им помогнеме на граѓаните и на компаниите“ посочи Митрески.Митрески истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше деструктивно и кога се носеше Буџетот за 2021 година и правеше се тој да не биде донесен, а државата да мора да функционира преку времено финансирање.„Оваа ваша наводна грижа за граѓаните, ќе беше вистинска, ако не излеговте и не ја напуштивте седницата кога се носеше Буџетот за 2021 година. Тогаш, од надвор броевте дали има мнозинство на пратеници и ако нема, Буџетот да не биде донесен, за да имаме држава со времено финансирање. Времено финансирање значи само исплата на плати, времено финансирање значи дека нема помош за граѓани и компании кои се погодени од кризата. Тогаш избегавте од салата за да направите криза“ порача Митрески.Митрески посочи дека парламентарното мнозинство е стабилно и тоа се докажало и со гласањето на доверба на Владата.„Болката за мнозинството и тоа довикување „Готови сте“ може да си го кажувате по штабовите за да го храбрите членството. Имаше гласање за доверба на Влада и се пребоивме и видовме. Тогаш ја напуштивте салата и беше и страв да влезете внатре“ додаде Митрески.Видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Национален Блок „Не отворам врата“: Пописот е веќе неуспешен и веднаш да престане, во странство се попишува само едно малцинство од Македонија

Националниот Блок „Не отворам врата“ повикува ова лудило на власта по секоја цена да турка фалсификуван и живото-загрозувачки попис, да престане. Веќе станува јасно дека на пописот што сега се одвива во странство се попишуваат само Албанци организирани од албански политичари во земјата, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“.Во продолжение на истото тие додаваат:Според најновите информации, Артан Груби договорил во Тирана ангажирање и на албанската шпионска служба да собира матични броеви на Албанци од Македонија во странство и да ги запишат во пописот.Пописот стана еднонационален. Пописот мора да се одложи. Ги повикуваме нашинците во странство да продолжат да го следат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“, да го направиме пописот неуспешен.Затоа сега е потребно масовно непопишување и непризнавање на нелегитимниот попис кој ќе падне сам од себе, бидејќи, никој нема да прифати дека во Македонија и странство нема Македонци а има само Албанци, со што се отвора патот идната народна власт да направи реален и вистински, а не лажен и фалсификаторски попис.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Nikola_Micevski_12.03.2021

Мицевски: Бараме од Заев и владејачкото мнозинство веднаш да закажат итна пленарна седница на која ќе се изгласаат законите од петтиот пакет мерки

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието, бараме итна седница, рече на прес конференција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски откако претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите повтори дека нема да закаже посебна седница.Граѓаните, компаниите и стопанството немаат време за чекање. Економијата и бизнис секторот немаат време за политички сплетки и политиканство. Помошта е потребна веднаш, без одлагање. Од тие причини, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш, од оваа говорница бараме од СДСМ, Зоран Заев и владејачкото мнозинство веднаш да закажат итна пленарна седница на која што заедно ќе ги разгледаме и едногласно ќе ги изгласаме законите од таканаречениот петти пакет мерки поврзани со финансиската помош за граѓаните и компаниите, истакна Мицевски.Тој додаде:Во овој момент, на оваа прес конференција позади мене се присутни сите пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се подготвени да бидат присутни и да дадат целосна поддршка за овие закони доколку власта конечно се вразуми и одважи да ја закаже седницата.Апелираме уште еднаш, да престанат политичките игри, пазарења и тактизирања врз грбот на граѓаните и стопанството и веднаш, уште денес да се закаже итна пленарна седница на која што ќе ги изгласаме законите од таканаречениот петти пакет на мерки за финансиска помош на граѓаните и стопанството.Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидеме присутни во Собранието. Сега на потег е власта.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Nikola_Micevski_12.03.2021

Мицевски:Власта се плаши од поставување пратенички прашања и разоткривања на криминалот и скандалите

Јас би сакал да ми одговорите на циркузот кој го правите во Собрание затоа што три дена jа малтретирате македонската јавност дека нема можност да се свика седница со 4 точки од петтиот пакетот мерки, а денеска имаме закажано седница со ваше решение 37 седница која требаше да отпочне во 11 часот и отпочна со работа. Врз основа на што, дали сме известени дека ја прекинувате оваа седница или ја одложувате за понатаму и врз основа на кој член  од Деловникот вие ја прекинувате веќе почнатата седница за која што прво не бевме известени и второ зошто пред очите на јавноста сеуште ќе се занимавате со политиканство, а не го прифативте предлогот на опозицијата да одржиме седница 38 по ред  која ќе ја закажете денес по итна постапка со 4 закони од пакетот мерки да бидат изгласани и да го имате и присуството и на опозицијата, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски коментирајки  што првиот човек на Собранието сакаше да ја ускрати можноста да не започне седницата за пратенички прашања.Мицевски во своето обраќање посочи дека власта уште еднаш докажа дека го крши Деловникот.На 14 септември 2020 година на прес конференција ви кажав дека ова мнозинство е на стаклени нозе, дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе дејствува институционално за да го спречи хаосот кој го правите и кој продолжувате да го правите. Со денешниот пример еклатантен за вашето однесување кон однос на пратениците во Собранието и кон Деловникот го докажувате тоа и дека нема да дозволиме сите овие спинови, сите овие кршења на Деловникот да дозволиме да ги правите. Меѓутоа ветувавте дека имавте стабилно мнозинство и дека 62 пратеници ви се доволни, кажа тој.Мицевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави кворум на седници посебно не на седниците на која власта сака да протне штетни закони.ВМРО-ДПМНЕ и јас како координатор кажавме дека нема да ви прави кворум на седниците посебно не на штетните закони и она кое сакате да го протуркате без учество на опозицијата и без консултации на опозицијата. Повторно продолжувате да се однесувате како да имате 100 пратеници во ова Собрание, а не само 62 пратеници. Имавте можност овој петти пакет мерки да го донесете на 3 март кога си гласавте доверба на Влада и кога сакавте да ги воспитате коалиционите партнери и некои од вашите пратеници, не го направивте тоа и затоа да не ја обвинувате опозицијата. Ве замолувам да ми одговорите затоа што и тоа е ваша деловничка обврска по однос на процедуралното, врз основа на кој член се повикувате за да го направите ова кое сега го правите еклатантно кршење на Деловникот за работа на  Собранието, додаде Мицевски.

Македонија | пред 5 години

ruskovska

Во четири скопски населби, запленети дрога и автомобили, Русковска вели засега нема осомничени полицајци во акцијата

Голема акција на МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.  Во Грчец и Гази Баба, Чаир и Сингелиќ запленета поголема количина дрога, пари, автомобили и мобилни телефони. Неофицијално приведени се над 20 лица.Обвинителката Вилма Русковска во изјава за медиумите кажа дека тие имаат докази дека приведените лица сториле кривично дело „недозволена трговија со опојни дроги“. Пред акцијата не е спроведена финансиска истрага, од страв дека акцијата може да биде пробиена, но од понеделник ќе следи и финансиска истрага.„Цела година собиравме докази, имаше ПИ-мерки, слушање комуникации и следење. Приведени се 21 лице, тие се наоѓаат во повеќе полициски станици, а како што сум информирана, по одредени лица сѐ уште се трага“, истакна Русковска, која се надева дека утре ќе излезат на прес-конференција и ќе соопштат повеќе детали.Русковска додаде и дека до сега нема осомничени полициски службеници, но понатаму ќе бидат вештачени одземените мобилни телефони и доколку се најде комуникација сигурно дека ќе бидат осомничени и овластени службени лица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dzaferi-3

Џафери не прифаќа ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ

„За прогласување вонредна состојба има соодветна процедура, ама сега не е иста ситуацијата како во 2020 година, кога Собранието беше распуштено, па вонредна состојба прогласи претседателот Стево Пендаровски. Сега Собранието не може да биде прескокнато. Парламентарното мнозинство нема двотретинско мнозинство, ама парламентот има 120 пратеници и може да се состане. Од тој аспект не знам зошто би размислувале за вонредна состојба”, истакна денеска на брифинг со новинарите, претседателот на Парламентот Талат Џафери.На новинарско прашање, дали се сретнал со координаторите од опозицијата, Џафери рече дека нема што да разговара за ултиматуми, посочувајќи на понудата од Мицкоски да се свика седница со само четири точки, кои се однесуваат на кризната состојба на јужната и на северната граница и на антикризните мерки од петтиот пакет.“На “Фејсбук” предлагаат се и сешто, во Собрание ги нема да го спроведат тоа. Јас не водам седници на социјалните мрежи, лесно е да зборуваат таму, а овде да блокираат “, рече Џафери.Според  првиот човек на собранието, опозицијата е таа која блокира и ултимативно уценува иако опозициските пратеници не ја исполнуваат својата обврска да работат. 

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

22 лица го прекршиле полицискиот час, а 531 лице се казнети за неносење маска

Од 22.00 часот (24.03.2021) до 05.00 часот (25.03.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (24/25.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 531 прекршок.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sikole

Почина Александар Шиколе, познат доктор и професор на Медицински факултет

На 67 годишна возраст, во Скопје по кратко и тешко боледување почина познатиот доктор и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, Александар Шиколе.Шиколе беше редовен професор на катедрата за интерна медицина,  наставно – научната област нефрологија и вработен на Универзитетска Клиника за Нефрологија во Скопје, каде подолг временски период ја извршуваше директорската позиција.Докторите на социјалните мрежи се простуваат од својот професор и колега.Фото: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

policija-2

236 санкционирани возачи во Скопје, 35 за брзо возење, 31 за некористење сигурносен појас

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35, 12 санкции за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, 41 санкција што ја чинат пешаците, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 31 за некористење сигурносен појас и 45 за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

tineks-konevski

Коневски има деловниот простор вреден стотици илјади евра ќе го исплати преку закуп, а не од свој џеб

Деветкатница го замени зеленилото кај Мајчин дом во Аеродром и покрај протестите и противењето на жителите, а деловен простор од 312 квадрати на нејзиното приземје го носи името на поранешниот градоначалник на општината, Ивица Коневски за чие владеење беше променет ДУП-от со кој на локацијата се впиша градежната маркица. Но, Коневски деловниот простор вреден стотици илјади евра ќе го исплати преку закуп, а не од свој џеб, објави slobodnaevropa.mk. Договорот за купопродажба Коневски со фирмата инвеститор ЗСФ КОМ го потпишал пред некој месец, иако преддоговорот бил запечатен во март 2019 година. Во меѓувреме зградата го доби својот лик, а на 21 декември, минатата година и официјално името на Коневски е запишано на имотниот лист.Цената на деловниот простор од 312 квадратни метри, според договорот до кој дојде РСЕ, изнесува 27.256.313 денари или речиси 442 илјади евра со ДДВ. Додека пак метар квадратен со ДДВ е 1416 евра.Но, оваа сума сепак нема да ја плати Коневски, туку наместо него тоа ќе го стори Тинекс, кој го закупил просторот на 12 години. Девет дена пред Коневски и сопственикот на фирмата ЗСФ КОМ, Фатмир Етеми да стават потпис на договорот за купопродажба, бил договорен закупот на деловниот простор. Истиот ден е отворен и новиот Супер Тинекс во зградата со 248 станови со поглед на булеварот Јане Сандански.Закупот е заведен и во имотниот лист, а тоа го потврдува и самиот Коневски, кој вели дека деловниот простор 12 години нема да може да го користи ниту да располага се додека не се исплатат средствата од закупнина за тој период.Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk. фото:  slobodnaevropa.mk. 

Скопје | пред 5 години

paridenari1

Министерство за финансии: Не се планира зголемување на ДДВ и на персонален данок, туку уделот кој општините го добиваат од наплатата

Од Министерството за финансии се огласија со демант по повод вчерашната изјава на министерот Фатмир Бесими. Од министерството објаснуваат дека не се планира зголемување на стапките на ДДВ и на персоналниот данок, туку зголемување на уделот кој општините го добиваат од наплатата на ДДВ-то и од персоналниот данок.Во соопштението од министерството се вели:Имено, изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „Економски магазин“ се однесува на зголемување на уделот кој општините го добиваат од наплата на ДДВ-то и од персоналниот данок, како трансфери од централен буџет, а не на стапките на ДДВ и персонален данок.Министерот за финансии гостуваше во емисијата „Економски магазин“ на тема „Фискална децентрализација“, каде ја презентираше реформата за унапредување на фискалната децентрализација.И самиот автор на емисијата „Економски магазин“ Горан Теменугов преку социјалните мрежи посочи: „поради мала непрецизност објавена на веб-страната на Алсат, каде што стоеше дека ќе се зголемува ддв и персоналниот данок, дојде до забуна во јавноста. Информацијата се однесува на зголемување на тоа колку општините ќе добиваат од собраниот ддв и персоналец, а не на зголемување на даноците. Значи, ќе се зголеми процентот што ќе го добијат општините, а не даноците. Јас се извинувам за непрецизноста и во иднина ќе се потрудам да не се повтори ваков пропуст…“Во рамки на реформата за унапредување на фискалната децентрализација, за која претходно и министерот за финансии и Министерството за финансии ја информираа јавноста, се предлагаат три столба – подобрување на фискалниот капацитет на општините, домаќинско и отчетно работење и зголемување на транспарентноста.Кај првиот столб се предлага зголемување на уделот кој општините го добиваат од наплатата на персонален данок, како и постепено зголемување на стапката на дотација од наплатениот ДДВ, според перформансот на општините. Имено, планирано е формирање два фонда: Фонд за перформанси за општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи и Фонд за изедначување за општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажале фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи.Овие предлози ќе бидат ставени на јавна дискусија со ЗЕЛС и со сите засегнати страни со цел оваа реформа да се носи преку еден транспарентен и инклузивен процес.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски: Заев со покачување на даноците удира директно по џебот на народот

Заев со покачување на даноците директно удира по џебот на народот. Во време на корона ќе страдаат најсиромашните, но и сите други. Се задолжија милијарди, а сега народот треба да ја плаќа нивната неспособност и криминали.Ова е план на Заев и Бесими да му ја одерат кожата на народот. Одете си, секој ден поминат во тие фотелји е на штета на државата и народот, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.извор: ФБ Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

besimi

Бесими најави зголемување на ДДВ и на персонален данок

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, беше директно запрашан кога општините може да очекуваат повеќе пари, рече дека Владата има план за зголемување на даноците, вклучително и ДДВ во, но и персоналниот данок. Според Бесими, ова ќе започне да се реализира од 2022 година, за да продолжи во 2023, 2024 година и во зависност од процентот во 2025 година.„Општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од „Фондот за перформанси“, а од „Фондот за изедначување“ ќе се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажале фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи“, вели тој и додава дека примената на „Фондот за перформанси“ треба да оди со внимателен процес на транзиција со поддршка од централните институции со цел зајакнување на локалните фискални институции во општините коишто значително потфрлуваат во оваа компонента, а не секогаш по нивна вина. Ако има зголемување на даноците, и на ДДВ и на персонален данок, што ќе произлезе од анализата, имаме некои проценки. Заедницата за локална самоуправа (ЗЕЛС) има неколку проценки за нив, како и за работната група што е формирана во владата, во која членуваат ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, Министерството за политички систем и други оддели, тие имаат заеднички точки, всушност ќе се појави предлог за кој ќе разговараме поконкретно на ниво на бројки и динамика“, рече Бесими.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

akcija

Голема акција на МВР - во Грчец и Гази Баба 21 лице лишено од слобод за трговија со дрога

Претреси и апсења од рано утрово се случуваат во Грчец и Гази Баба, а досега се лишени од слобода 21 лица за трговија со дрога, дознава „А1он“. Дел од приведените се носат и во полициска станица Карпош.Акцијата ја координира и води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција заедно со Министерството за внатрешни работи. Обвинителката Вилма Русковска го потврди ова за „А1он“, а повеќе детали се очекуваат по нејзино завршување.Во акцијата се вклучени екипи на специјалните единици на МВР. Станува збор за сузбивање на голема група луѓе кои се теретат за сериозен криминал. Акцијата и натаму е во тек.извор:  „А1он“.

Македонија | пред 5 години

apasiev-1

Апасиев: Никаде во светот нема попис на дијаспора

Во време на пандемија не треба да се прави попис, ниту една држава во светот не попишува иселени. Ова е попис за отпис на Македонците како конститутивен народ, истакна во гостувањето на емисијата „Само вистина“ пратеникот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.„Имаме неколку аргументи како партија зошто сме против пописот. Првиот е здравствениот аргумент“, вели Апасиев. Според него, јавното здравје е приоритет.„ООН преку својот департмент за статистика препорача сите земји да ги одложат пописите. Тоа го направи Германија, Шкотска, Ирска, Романија, Хрватска, Србија. Ние како партија предлагаме одложување за една година“, истакна Апасиев.-Ова е попис за отпис на Македонците како конститутивен народ – рече Апасиев, додавајќи дека ќе ги гонат властите за загрозување на јавното здравје.Тој нагласи и дека меѓународните аргументи се мошне силни, бидејќи пописите во цел свет се унифицирани.„Има неколку групи на пописи. Ние имаме комбиниран попис, кој го ставија со европско знаменце. Никаде во светот нема попис на дијаспора“, вели Апасиев.видео: ФБ Канал 5

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања