Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

soobrakajka

59-годишен маж изгубил контрола врз возилото и се превртел на кров

На 01.02.2019 година во 08.30 часот на локалниот пат село Габрово-Делчево, патничко возило ,,Пежо 206“ со  делчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(59) од  село Габрово, изгубило контрола,  удрило во  брегот од десната страна на патот и се превртел на кровот.Притоа, возачот Б.Ј. се здобил со тешки телесни  повреди и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар Кочани и по укажаната помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, едно лице со тешки телесни повреди

На 01.02.2019 година во 21.40 часот на крстосницата на булеварите „Србија“, „12-та Македонска Бригада“ и „3-та Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Скопје и патничко возило „Тојота Ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(36) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.М.И.(32), сопатничка  во возилото „Тојота Ајго“. Со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

При претрес во Велес пронајдени пиштоли

На 31.01.2019  година во периодот од 07.00 часот до 08.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во куќа на улица „Киро Рогужаров“ во Велес, која ја користи лицето Б.К.(69) од Велес.При претресот биле пронајдени и одземени  пиштол „Pietro Beretta“ калибар 7,69 мм, една рамка за пиштол со осум куршуми калибар 7.69 мм, пиштол непозната марка со дрвена рачка, една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7,65 мм и една кутија со 17 куршуми калибар 7,65 мм. По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 7 години

Bojan_Petrovski_I_Maja_Siljanovska_Brisel_02_02_2019

МОДОМ на стратешко планирање во Брисел

Бојан Петровски и Маја Силјановска, од младинската организација на ДОМ-МОДОМ, учествуваат на стратешко планирање на Федерацијата на млади европски зелени (FYEG), во Брисел.„На собирот, младите европските зелени се подготвуваат за кампања за претстојните европарламентарни избори.Петровски се обрати пред присутните и нагласи дека ја очекува поддршката од земјите членки на Европската Унија за членство на Македонија во Европската Унија“, велат од МОДОМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Скопје утрово повторно меѓу десетте најзагадени градови во светот

Утрово Скопје повторно се најде на листата помеѓу десетте најзагадени градови во светот според специјализираната интернет страница за мерење на загадениот воздрух „Airvisual“.На врвот е градот Делхи во Индија а пред нас на второ и трето место се Лахоре во Пакистан и Бејлинг во Кина.Високи концентрации на ПМ10 честички текот на ноќта се забележани и на мерните станици во Гостивар, Струмица и Тетово.  

Скопје | пред 7 години

toni-mihajlovski

Тони Михајловски: Дроновите за следење на загаденоста се изгубија во смогот или пилотите дадоа отказ?

Актерот Тони Михајловски се огласи на својот Фејсбук профил во врска со енормното загадување.„Тоа дроновите за следење на загаденоста да не се изгубија во смогот? Или пилотите дадоа отказ?“, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја уназади економијата додека граѓаните уште ја чекаат платата од 500 евра

Стравот на Заев од соочување со граѓаните на предвремени парламентарни избори е уште еден показател дека негова единствена цел е да продолжи да функционира криминалниот картел кој ги осиромашува и краде граѓаните на Македонија. Аболицираниот Заев единствено го интересираат криминалните тендери и грантови кои станаа главна валута за исплата на партиските послушници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ ја уназади економијата додека граѓаните уште ја чекаат платата од 500 евра. Институциите се урнисани, судството партизирано, здравството во хаос, образованието нереформирано, стопанството дише на помошни апарати додека компаниите и фамилиите блиски до Зоран Заев и Анѓушев живеат подобро од било кога.ММФ излезе со поразителни податоци дека за прв пат во македонската историја јавниот долг ја помина опасната граница од 50 проценти. Власта упорно ги задолжува граѓаните, а ништо не се гради.Наместо да го оствари ветувањето за едно општество за сите, Заев го подели македонското општество како никогаш досега. Неуставното носење на законот за јазици додатно ја парализира државата и ќе ја чини Македонија огромни суми на пари.Договорот со Грција за промена на името е уште еден пораз кој Зоран Заев им го сервира на граѓаните на Република Македонија. Оваа неспособна Влада мора да си замине. Граѓаните на Македонија заслужуваат подобро, заслужуваат просперитетна иднина и висок стандард. На црнилата мора да им се стави крај. Затоа Зоран Заев мора да собере храбост и да се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Zaev

СДСМ: По намалување на извршителските и нотарските трошоци се отвора и можност за бришење на стари долгови на 200.000 граѓани

Со низа на мерки на Владата предводена од СДСМ во семејните буџети се слеваат повеќе пари. Намалување на извршителските и нотарските трошоци од 50 до 90%, отписот на камати на стари долгови за електрична енергија, топлинска енергија, намалувањето на казните за 70% за физички лица и намалување за 60% на казните за фирмите се дел од мерките, велаат од СДСМ.„Како што објави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, остварен е напредок во преговорите на Владата со ЕВН и ЕЛЕМ за бришење на долгови за струја настанати до 2006 година.Постои волја за решавање на овој проблем, со што се отвора можност за бришење на стари долгови за 200.000 граѓани и семејства кои се заглавени во лавиринти со проблеми од извршители и блокирани сметки.Очекувањата се дека по постигнување на конечен договор со овие компании, ќе може да се избришат долгови од 110 милиони евра, пари што на овој начин ќе останат кај граѓаните.Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките и проектите што го олеснуваат животот, ги намалуваат трошоците, обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Еднаков третман - Унапредување на заштитата на правата на немнозинските заедници

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска се сретна со директорот на Агенцијата за унапредување на правата на заедниците, г. Илхан Рахман, и заменки-директорот на АОПЗ г. Џелал Хоџиќ, кои до Министерството за правда го доставија Предлог-законот за унапредување и заштита на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од вкупното население во Република Македонија.„Измените и дополнувањат на овој закон се во насока на поголемо афирмирање на концпетот „Едно општество за сите“. Секој граѓанин е важен, па во таа насока е и унапредувањето и заштитата на правата на сите немнозински заедници во Република Македонија.Овој Предлог-закон кој беше подготвен од страна на Агенцијата за унапредување на правата на заедниците наскоро ќе биде објавен на Единствениот национален рагистар на прописи (ЕНЕР).Како што информираа од АОПЗ, главна цел на овие измени и дополнувања на законот е да се подобри состојбата со имплементација на правата на заедниците, да се олесни следењето на степенот на нивното остварување и да се обезбеди надзор над реализација на овие права од страна на институциите на централно и локално ниво.Директорот на АОПЗ, г. Илхан Рахман истакна дека предлог-законот е подготвен од страна на инклузивна работна група формирана од страна на Агенцијата за унапредување на правата и дека наскоро и јавноста ќе може да ги достави своите коментари и предлози за подобрување, откако текстот ќе биде објавен на ЕНЕР.При изготвување на предлог измени и дополнувања на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) доби поддршка од страна на Европската Комисија преку инструментот ТАИЕКС, како и од Мисијата на ОБСЕ во Скопје“, велат од Министерството за правда.

Македонија | пред 7 години

8097702141-MihailCvetkov960.jpg.crop_.960x542

Екс министрите Цветков и Делев одат во Шутка

Истражен судија од Основниот суд Скопје 1 Скопје, по предлог на Основното јавно обвинителство им определил мерка 30 дена притвор на Михаил Цветков и Христијан Делев, додека на Ацо Спасеновски куќен притвор, поради здравствени причини.„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за 4 лица, судија на претходна постапка при одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на лицата по однос на предлогот, а во присуство на нивни бранители и јавен обвинител како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.Ц. и К.Д им определи мерка притвор во траење од 30 дена додека на А.С. зарди утврдени здравствени проблеми му определи мерка куќен притвор.Во однос на Љ.Д. кој е пратеник во Собранието на Р.М. и истиот се повикува на пратенички имунитет ќе биде дополнително повикан да се прозинесе во судот, откако ќе се создадат услови за тоа – пишува во соопштението од Основниот суд Скопје 1 Скопје.Тие се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Македонија | пред 7 години

SUBVENCII-ZA-KUPUVANJE-NOVI-VELOSIPEDI-2019

Нови субвенции за велосипеди во Карпош

Општина Карпош  продолжва со акцијата за субвенционирање на купување на нови велосипеди.Ќе се субвенционира 30% од цената на купениот нов велосипед, но најмногу до 3.000 (три илјади) денари.Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев во изјава за медиумите говореше за условите и критериумите на Јавниот повик, како и за придобивките од оваа акција:- Право на субвенција има секој полнолетен жител на Карпош, кој ќе купи нов велосипед, започнувајќи токму од денеска, 1. февруари.Граѓаните треба да достават копија од лична карта, од трансакциска сметка, од фискална сметка (оригинал) за велосипед којшто е купен не порано од 01.02.2019, рече Богоев.Локалната самоуправа минатата година за прв пат субвенционираше купување на велосипеди и како резултат на големиот одзив и позитивните реакции, продолжуваме и оваа година.За реализација на оваа акција годинава ќе се одвојат 500 илјади денари од Буџетот на Општина Карпош, а исплатата на средствата ќе биде по завршување на изборниот процес (претседателските и локалните избори).Поттикнувањето на возење велосипед, како препорака е вметната и во новиот Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) на Карпош, со што директно, на долг рок, се влијае на заштита на животната средина и на намалување на аерозагадувањето.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Променливо облачно и топло време, од следната недела нови врнежи

Денес времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во утринските часови на северозапад со слаб локален дожд, а по котлините со слаба магла. Преку денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 7 доо 15 степени.Во Скопје облачно со температура од 2 до 10 степени.Следува период на променливо облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. И утре претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб, а во среда со умерен интензитет кога на планините врнежите ќе бидат од снег. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, можност од појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

drisla-1

Депонијата Дрисла во 2018 година согорела околу 989 тони медицински отпад?

15 минути главниот влез во депонијата „Дрисла“ беше блокиран од еко-активистите. Протестот го изведе здружението „За чист воздух“. Тие од властите побараа поригорозни мерки против загадувањето на воздухот. Јавно прашуват што всушност се согорува во депонијата?„Во име на граѓаните на Македонија бараме запирање на увоз на отпад во Македонија. Бараме од премиерот Заев итно да го измени Законот за увоз на отпад. Стопирањето на увоз на отпад значително би го намалил степенот на аерозагадувањето, особено во Скопје. Сериозните сомневања за горење на медицински отпад во Дрисла без исполнување на соодветниот стандард, се една од причините за загадување на воздухот“, истакна активистот Аријанит Џафери.Од здружението велат дека депонијата Дрисла во 2018 година согорела околу 989 тони медицински отпад и заработила речиси милион евра. Печката за согорување на медицинскиот отпад работела по најмалку 14 часа на ден, 365 дена во годината.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Зоран Крстески: Негативни емоции

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Негативните емоции како што се: фрустрацијата, срамот, гневот, стравот, тагата, депресијата, вознемиреноста и негативноста целосно не исцрпуваат на енергетски план, за разлика од позитивните емоции кои се динамо за енергија и никогаш не предизвикуваат исцрпеност и ментална истоштеност.Кога сме зафатени од негативните емоции, тогаш максимално ни опаѓа креативната енергија, стануваме несигурни, фрустирани, незадоволни, полни со чемер, јад и со чувство на духовна неисполнетост. Ако сакаме да се извлечеме од песимизмот, немирот и кризата, неопходно е да ги преиспитаме причините што не довеле во лоша емоционална состојба. Високото ниво на самосвест ќе ни помогне да ги препознаеме негативните емоции и да воспоставиме контрола врз ситуацијата во која се наоѓаме.Ослободувањето од штетните проекции дека “ништо не е доволно добро” и менталното чистење на негативните мисли се првите чекори што треба да ги спроведеме.Секој човек на различен начин ги доживува егзистенцијалните кризи, тешкотии и притисоци. Некои луѓе имаат поразвиена отпорност и способност за справување со проблемите, додека други лесно паѓаат во депресија, губат волја и не умеат да им се спротивстават на ограничувањата. Кога стануваме свесни за причините кои довеле до лоши последици, тогаш многу поуспешно може да се избориме со проблемите. Причини за појава на негативните емоции има многу, тука ќе наведеме дел од нив: разочарување во себе или во другите; развод, конфликти и недоразбирања во љубовниот однос; неисполнети очекувања, чувство на подреденост и нереализираност на работното место; финансиска несигурност и константен недостиг на материјални средства; живеење во заедница без да се има време и простор за себе; нарушени и отуѓени односи со пријателите; тага поради емоционални повреди од минатото; страв од болест, од напуштање и губиток на блиски итн.Сите овие нешта предизвикуваат негативни емоции, создаваат тага, иницираат длабок немир и прават ментален притисок врз личноста. Доколку дозволиме дел од овие состојби константно да ги напаѓаат нашите емоции, тогаш ќе се истоштиме на психофизички план и ќе ја уништиме можноста за создавање мир и хармонија во животот.Негативните емоции се максимално штетни за нашето здравје, така што ако подолг период сме изложени на тага, мачнина, незадоволство, песимизам и имаме чувство на вина може да предизвикаме пад на имунитетот и да се соочиме со главоболки, срцеви заболувања, астма, артритис и други болести. Докажано е дека негативните емоции и стресот, заедно со генетските предиспозиции се меѓу главните причинители на малигните заболувања.Кога долго време се чувствуваме несреќни, истоштени, гневни и несигурни, постепено ја исцрпуваме силата и го загрозуваме телото. Тома Аквински тоа го објасни со зборовите: “Од сите страсти, тагата најмногу му наштетува на телото”.Кога сме тажни и под влијание на негативните емоции, тогаш и нашето его е многу пофрустрирано, поради што брзо се возбудуваме и за најмали ситници се бунтуваме и конфронтираме со околината. Личната несигурност и ранливост прави да паѓаме на провокации или да си умислуваме провокации. Тоа се случува, бидејќи не се чувствуваме добро со самите себе и имаме впечаток дека другите намерно ја загрозуваат нашата личност. Народната мудрост тоа го објасни со зборовите: “Не му се сите овци на број”. Кога е така, дисхармоничната енергија предизвикува да манифестираме его, да се расправаме и создаваме конфликти. Затоа се вели: Остави го, нека му помине, утре ќе разговараме, сега не е во состојба трезвено да размислува и конструктивно да му пристапи на проблемот.Кога некој од нашите блиски чувствува психичка напнатост, емоционална тензија и шири бран негативна енергија, треба да го оставиме на мир и да чекаме да му помине кризата. Да замислиме што ќе се случи, доколку проблемите и недоразбирањата ги решаваме кога владее негативната енергија, а самоконтролата е на најниско можно ниво. Тогаш, какви ќе бидат резултатите?Гневната и афективна реакција ја уништува можноста рационално да им пристапиме на проблемите и да ја согледаме пошироката слика на нештата. Кога ни е воспалена амигдалата (центарот на нашите емоции), тогаш имаме стеснета свест која оневозможува да го согледаме тоа што е вредно и да се ослободиме од тоа што е штетно.Во амигдалата се сместени сеќавањата кои ги создаваат нашите стравови. Овие жлезди претставуваат сензори на позитивната и негативната емоција.Врската помеѓу телото и умот е биолошки поврзана со нагонот за опстанок.Кога сме под закана, нам ни преостануваат две опции – да се бориме или да бегаме. Ако се одлучиме за борба, во тој момент доаѓа до физиолошка реорганизација на целиот организам што овозможува да изградиме стратегија на себезаштита. Кога решаваме да бегаме, тоа не значи дека го прифаќаме поразот, туку се штитиме од негативната енергија и не дозволуваме афектот и нервозата да ги креираат нашите емотивни реакции. Затоа, се вели: “Изброј до 10, смири се малку, па потоа реагирај”. Доколку реагираме импулсивно и агресивно, може да предизвикаме голема штета и да создадеме конфликтни ситуации. Тоа најчесто се случува, кога ќе почувствуваме дека нашето его е повредено или кога сме под силно влијание на стресогените фактори.Негативните емоции предизвикуваат да станеме конфликти, нервозни и деструктивни.Многу т.н. улични тепачи афективно реагираат и се подготвени за борба, бидејќи сметаат дека некој лошо ги погледнал и сака да им наштети. Со таквите единки не треба да влегуваме во расправии, зашто тие се луѓе со краток фитил и лесно се воспалуваат и вознемируваат.Умно постапување е кога создаваме пријателство или партнерство со позитивни и добронамерни личности. Исполнетиот и среќен поединец не пристапува со его и ниски побуди. Затоа сите сакаат да бидат во негова близина, бидејќи зрачи со позитивна енергија и придонесува за убавото расположение на другите. Доколку, пак, остваруваме релации со фрустрирани и негативни индивидуи, кои насекаде гледаат закана и непријателства, тогаш максимално ќе се исцрпиме на енергетски план и нема да се чувствуваме убаво.Внатрешниот мир и емоционалната состојба на нашата личност ќе настрадаат, ако подолг временски период ги впиваме негативните вибрации и ги слушаме жалопојките на лицата кои константно манифестираат незадоволство од самите себе и од животот. Некои од нив можеби не се лоши луѓе и немаат намера енергетски да не исцрпат, но поради проблемите со кои се соочуваат, несвесно шират неубава, напната и фрустрирачка енергија. Постојат и лица кои се крајно себични, негативни, нестабилни и полни со емоционален отров. Доколку оствариме љубовна врска со такви поединци, може да се случи целосен колапс на нашето биополе, поради што ќе бидеме емоционално истоштени, психофизички загрозени и под константен удар на енергетскиот вампиризам.Секогаш треба добро да размислиме кого пуштаме во својот интимен простор и со каква личност градиме љубовна блискост, пријателство или деловен однос.Емоциите влијааат на целокупното тело, сметаат научниците од Универзитетот Алто во Финска. Кај испитаниците се забележани различни реакции во телото во зависност од емоциите кои ги имале. Љубовта и среќата предизвикале чувство на топлина, прилив на енергија и хармонија во целото тело; додека депресијата го затапила осетот во рацете, нозете и главата. Затоа, кога е во состојба на депресија, човекот е летаргичен, мрзоволен, пасивен и нема доволно енергија за реализирање на целите. Истражувањето покажало дека стравот создава силен ефект во пределот на градниот кош и срцето, а гневот предизвикува зголемена активност (гестикулација) на рацете.Целта на истражувањето е да докаже дека емоциите имаат силно влијание врз телото и дека можеби “процесот на размислување не започнува од мозокот, туку од срцето”, како што своевремено сметале древните Египќани и Семити.Како и да е, едно е сигурно – постои тесна поврзаност помеѓу нашите мисли и нашите емоции. Ние самите ги бираме стравовите, се определуваме за радоста или тагата, се насочуваме кон позитивната или негативната енергија. Гневот, стресот, напнатоста, стравот и сличните емоционални реакции потекнуваат од умот. Таквите реакции создаваат хемиски дисбаланси и прават отровни супстанци кои ја разоруваат внатрешната хармонија на телото.Една стара индијанска изрека кажува: “Ако сакаш да знаеш какви ти биле мислите вчера, погледај ја состојбата на своето тело денес. Ако сакаш да знаеш како ќе ти изгледа телото утре, погледај какви ти се мислите денес”.Доколку сакаме да бидеме во мир со себе, да го подобриме своето здравје, да чувствуваме убавина, хармонија и да зрачиме со благородна енергија, неопходно е да размислуваме позитивно и да иницираме емоции исполнети со мир, радост и ведрина.Во тој контекст одат и укажувањата на Норман Винсент Пил: “Човекот кој размислува песимистички, испраќајќи ги своите негативни мисли, на негативен начин ги активира настаните околу себе и затоа ги привлекува негативните резултати. Негативните мисли се стремат кон негативни резултати, позитивните мисли – кон позитивни резултати”.Заклучокот е дека секој од нас може да го подобри квалитетот на својот живот, но само доколку го промени менталниот став и се одлучи за позитивните мисли и емоции, бидејќи само таквиот избор создава позитивни резултати.

Магазин | пред 7 години

edi-rama

Возило од придружбата на Еди Рама учествувало во сообраќајна несреќа

Едно од возилата кои беа дел од придружбата на премиерот Еди Рама, денес учествувало во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила на патот кон Берат.Неофицијално до несреќата дошло кога едно возило му го пресекло патот на едно од придружните возила од делегацијата.Според албанските медиуми владиониот автомобил е оштетен , но никој не бил повреден.Според полицијата видовник за нереќата било возилото што му го пресрекло патот на владината придрижба.Но, ов не е прва несреќа кој им се случува на возила од придружбата на Рама. Кон крајот на ноевмри 2017 год два автомобила од придружбата на албанскиот премиер Еди Рама учествуваа во сообраќајна несреќа на патот кон Корча при што беа повредени три лица.

Свет | пред 7 години

ljupco-dimovski-zb

ОЈО бара притвор за пратеникот Љупчо Димовски, судот бара да му се одземе пратеничкиот имунитет

По новата истрага на Основното јавно обвинителство, каде за злоупотреби се товарат ексминистри и пратеникот Љупчо Димовски од Социјалистичката партија, судот бара да му се симне пратеничкиот имунитет за да му се одреди мерка притвор.Утре во Собранието ќе заседава Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, на која претседател е Павле Богоевски.За потсетување, името на Љупчо Димовски се споменуваше во процесот за уставни промени, како пратеник кој одбил да гласа “за” и да им се приклучи на осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Македонија | пред 7 години

zaev-ohrid

Заев: Минавме сензитивен процес, донесовме одлуки, верувам дека за неколку месеци бенифитите ќе ги почувствуваат граѓаните

На трибината организирана под мотото „Силна економија – шанса за сите“ претседателот на СДСМ и на Владата Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска пред охриѓани говореа за сработеното, но и за се она што треба да се сработи во периодот што претстои, пред се во областа на стопанството, перспективи, напредок, развој.-Минавме сензитивен процес, донесовме одлуки, верувам дека за неколку месеци бенифитите од таквите крупни политички одлуки ќе ги почувствуваат граѓаните.-Сакам да најавам време кога економските придобивки од отворените процеси треба да бидат фокусот на сите институции – владата, парламентот, општините, претседателот, па и на сите граѓани. Сега е време да ги засукаме ракавите и да сработиме, рече тој, притоа посочувајќи мерки за надминување на тромоста на администрацијата, зголемување на продуктивноста во земјата, конкурентноста на пазарот, намалување и до 60 отсто на казните за стопанските субјекти, враќање на парите кај граѓаните, истакна Заев.Постои волја од Владата, ЕЛЕМ и ЕВН да избришеме долгови за струја во вкупен износ од 110 милиони евра на 200.000 граѓани и семејства, рече премиерот. Сите мерки коишто ги спроведуваме се во насока да ги вратиме парите назад кај граѓаните, додаде тој.Доколку се спроведе оваа мерка десетици илјади граѓани кои имаат блокирани сметки конечно ќе можат нормално да функционираат.-Моделот на повраток на ДДВ ќе го тестираме во март, а од јули сакаме целосно да го спроведеме. Целта е од данокот што го плаќаме насекаде, 15 отсто од тие средства да се вратат кај граѓаните, средства од сто до 150 милиони евра годишно, истакна Заев, притоа најавувајќи уште нови 17 странски инвестиции во вредност од над 150 милиони евра со отворање повеќе од 4.500 нови работни места, што според него ќе доведе до побарувачка на работна сила, а со тоа и раст на платите. Тука ги посочи и алоцираните повеќе од 70 милиони евра од буџетот годишно за поддршка на инвестициите во индустријата преку повеќето фондови и поддршка на стопанството.На крајот уште ги посочи проектите насочени кон развој на Охрид и Струга од деблокирањето на општинските сметки, плановите за пренамена на поранешната касарна, проекти за подобрување на инфраструктурата, се до преземањето на грижата за Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од државата, што со аплауз беше поздравено од присутните во Центарот за култура.Покрај премиерот на трибината во Охрид, присуствувше и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Ѕој посочи дека над 1,2 милијарди евра ќе бидат искористени за сериозно подобрување на патната инфраструктура во земјата. Голем дел од нив е за охридско-струшкиот регион, од автопатот Охрид – Кичево, старт на реконструкција на транзитниот пат околу Охрид, патниот правец Подмоље – Радожда, од хотелот „Гранит“ до Пештани, патот од Подмоље до граничниот опремин „Ќафасан“.Како значајни активности за подобрување на локалната економија, министрот Сугарески ги нагласи склучените договори за нови авионски линии од охридскиот аеродром, за кои истакна дека независни повторувањето на повикот, немало ниту една отстапка од предвидените критериуми.Сугарески уште најави дека државата повторно ќе ги земе ингеренциите за стопанисување со плажите на Охридското Езеро преку Закон за градежно земјиште што наскоро ќе влезе во собраниска процедура.

Македонија | пред 7 години

merkel-instagram

Меркел се збогувa со фејсбук, од сега следете ме на Инстраграм рече таа ...

Германската канцеларка Ангела Меркел го угаси својот фејсбук профил.„Познато ви е дека повеќе не ја водам ЦДУ (Христијанско-демократската унија) и тоа е причина поради која го затворам својот Фејсбук профил“, објасни таа на видео- снимката.Додаде дека останува канцеларка, што значи дека граѓаните ќе може да ја следат и да ја коментираат нејзината работа на Фејсбук страницата на сојузната влада.„Или можете да ме следите на Инстаграм“, додаде Меркел.

Свет | пред 7 години

bremenost

Деца раѓаат деца - 62 малолетнички абортирале, а 731 се породиле

Во период од две години, односно 2016 и 2017 , во јавните здравствени установи се породиле вкупно 731 малолетничка, а 62 ја прекинале бременоста. Од Оние кои ја прекинале бременоста 23 се на возраст од 14 до 16 години, 18 на возраст од 17 години, а 21 со ненавршени 18 години. Најголем број од нив на возраст од 14 до 16 години кои абортирале се од македонска, ромска, албанска и турска заедница, а не се евидентирани случаи за прекин на пременост кај другите заедници, објави МИА.Ова истражување денеска го презентираше заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа, која посочи дека итно треба да се преземат мерки за целосно согледување и справување со проблемот со малолетничката бременост и едукација на младите во училиштата…– Вкупно 731 малолетничка се породиле во истражувачкиот период од кои четири на возраст од 11 до 13 години, 225 на возраст од 14 до 16 години, а останатите на возраст од 17 или со ненавршени 18 години. Меѓу малолетните мајки најголем број – 405 се Ромки, 162 Македонки, 109 Албанки, 43 Турчинки, пет Бошњачки, а шест од други заедници. Најголем број од бебињата (721) се дадени на натамошна грижа кај малолетната мајка, а 10 бебиња (шест родени во 2016 и четири родени во 2017 година) биле оставени од страна на малолетната мајка и понатаму се згрижени во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола, рече Бајрамовска – Мустафа.Според Бајрамовска – Мустафа Министерството за здравство треба да преземе мерки за изготвување на посебен правилник и протокол за постапување со малолетни пациентки без оглед дали се работи за абортус, породување или друга гинеколошка интервенција и да изготви документ со кој ќе се регулира постапувањето во случаи кога малолетната мајка го остава бебето во болница се до неговото преземање од центрите за социјална работа, а здравствените установи треба да обезбедат изјави за согласност за определена медицинска интервенција на малолетни пациентки и при нивен прием да извршат целосна идентификација на лицето кое е негов придружник (родител или старател).Во рамки на истражувањето бил доставен прашалник до 17 клиники и општи болници во Република Македонија, чија дејност е гинеклогија и акушерство.извор: МИА

Македонија | пред 7 години

vlado-misajlovski

(ВИДЕО) Мисајловски: Пристигнати се 8 кандидатури, на сите кандидати ќе им биде обезбедено време и простор за презентација на програмата

Заврши рокот за пријавување на кандидати за претседател кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојната конвенција на партијата во Струга, која ќе се одржи на 16 февруари. До архивата на партија пристигнати се 8 кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека дел од апликациите, би можеле да стигнат и по пошта, информираше на прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.-Сите кандидатури дополнително ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проверка на законски предвидените услови за кандидати за Претседател на Република Македонија, по која што проверка, најдоцна до вторник ќе бидат соопштени и имињата на кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за кандидат за Претседател на Републиката. Сите кандидати кои ги исполнуваат условите за претседателски кандидат ќе им биде обезбедено време и простор за презентација на нивната програма од страна на партијата пред општинските комитети и членовите во период од 6 до 16 февруари, изјави Мисајловски и додаде:„ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи достапност до партиските ограноци за секој кандидат подеднакво, согласно принципите на демократијата, со цел членството да може да ги слушне нивните идеи, ставови и аргументи.“Мисајловски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е прва партија во Македонија, која отвора еден вака широк процес на презентација типичен за развиените демократии, каде секој кандидатот има можност за непосредни средби со членството и негово запознавање со своите гледишта за државата.Според него ваквиот процес е со цел низ еден транспарентен и демократски процес да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење на граѓаните, ќе ги застапува нивните идеи и ќе работи во согласност со Уставот и законите во полза на сите граѓани.-ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повикува власта да се охрабри и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Хаосот кој го предизвикаа во државата не смее да продолжи. Власта која нема направено ништо за државата, а потроши две години од животот на граѓаните треба да си замине, дополни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 7 години

opinci

УМС Вмро-Дпмне О.К Охрид со подарок за Заев

УМС со сета почит му подарува на Премиерот Зоран Заев железни опинци со надеж што побрзо да го исполни даденото ветување од 500 евра плата за граѓаните.https://www.facebook.com/umsohrid/posts/2431412233557379Инаку премиерот Заев денеска присуствува на трибина во Охрид. 

Македонија | пред 7 години

goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Спомен обележје посветено на Горан Стефановски во паркот во Дебар Маало

На триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот „Идадија“ ќе биде поставено спомен обележје посветено на македонскиот драмски писател, Горан Стефановски, кој почина на 27 ноември минатата година.Иницијативата за поставување на спомен обележје во чест на Стефановски е на Македонската академија за науки и уменици.Советот на Општина Центар ја прифати иницијативата и на вчерашната седница ја усвои измената на програмата за одбележување значајни настани, истакнати личности и маалски традиции со спомен обележја.

Скопје | пред 7 години

vakcini

Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обезбедување на МРП вакцините со погрешни декларации

Постапувајќи по наредбата издадена од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени.Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка. Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонија лек“, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување. Проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба.

Македонија | пред 7 години

paneli

Фотоволтични панели ќе се поставуваат на зградите на општина Охрид и ОУ во Пештани и Велгошти

Во рамките на ИПА компонентата на ЕУ за набавка на фотонапонски системи за јавни објекти, која ја имплементира Министерството за финансии, Општина Охрид доби три фотоволтични системи. Енергетските системи ќе бидат поставени на зградите на Општина Охрид и на основните училишта во Пештани и Велгошти.Системите се веќе пристигнати и по завршувањето на соодветните законски пропишани постапки, се очекува да бидат монтирани во тек на месец март.Снагата на секоја фотонапонска централа е 15 kW , а произведената електрична енергија, преку посебни броила ќе се регистрира и ќе се дава на постоечкиот електросистем

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања