Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Maja-Slaveva

ВМРО ДПМНЕ: Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти

Министерот за здравство Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти! Пред само неколку месеци, во октомври, владата набави 20.000 шишиња лубриканти. Сега преку министерството за здравство се набавуваат ни помалку ни повеќе 80.000 шишиња подмачкувачи, истакна Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.Цената која што сега Филипче ќе ја плати за кондомите „со номинален дијаметар 54-56 мм подмачкани со лубриканти, без мирис, без вкус и без боја“ се уште не е наведена. Понудата сеуште се чека.Ако во октомври владата набавила 20.000 шишиња лубриканти за невладино здружение „Егал“, за кого и за што ли му требаат на Филипче набавува 80.000 лубриканти и 150.000 кондоми?Почитувани, здравството е во колапс, граѓаните се оставени да се снаоѓаат кој како знае, нема грижа за децата, нема грижа за возрасните, нема лекови за хронично болните и за лица со ретки болести, нема доктори, скандали секојдневно го тресат здравството.Но, Филипче и оваа власт се грижат само за лубриканти и кондоми. Ваква неодговорност, вакво самоволие и бесчуствителност е незапаметена.Филипче треба да даде одговор за сите скандали кои го тресат здравствениот систем, а на интервјуа не споредува со земји членки на ЕУ од кои сме светлосни години далеку.Министерот освен што допринесе да паднеме на дното на извештајот за „Најздрави нации во светот“, друго ништо не придонесе. За ова одговорност треба да поднесе пред граѓаните и неговиот шеф Заев, истакна Славева.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: Епидемијата на непотизам ги зарази сите функционери и нивните роднини од СДСМ

Епидемијата на непотизам во државава се рашири во толкави размери да ги зарази сите функционери и нивните роднини од СДСМ. Упориштата на зараза се државните институции каде што има огромни плати над просекот на платата во државата, вели Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Вчера ние како ВМРО-ДПМНЕ поднесовме барање за постапување до државната комисија за спречување корупција и во прилог доставивме список на 182ца роднини во блиско крвно сродство кои се вработени во државната администрација и државните институции.Очекуваме, разврска на овој најголем случај на непотизам во историјата на Република Македонија во најбрз можен рок и во најбрз можен рок антикорупционерите да ги санкционираат функционерите на СДСМ.Дополнително, повикуваме уште еднаш, СДСМ да си погледне во редовите и уште веднаш да ги повика функционерите да си поднесат оставки, бидејќи тоа е чин на морал. Не е чин на морал еден член на семејството да си даде отказ на работа, а друг да не си даде.На прсти може да се избројат роднините што си дадоа откази на работа, дали се 4- рица или 5 -ца. Замислете само 4 или 5 луѓе од список со 182ца си дале откази од работа од морални причини и само толку се одзвале на повикот на Заев да си дадат откази како што тие викаат морални причини.Отказите на овие 4, 5 луѓе докажуваат дека навистина имало влијание врз вработувањата и со нив си ја признаа вината. Штом има признание на вината за влијание врз вработување на роднините, функционерите на СДСМ треба уште веднаш да си дадат оставки и да сносат одговорност согласно законите.Почитувани,Толку од моралот и моралните принципи на СДСМ. Затоа, СДСМ треба и мора да ги изгуби овие избори. Овие избори се шанса за граѓаните да го симнат ова зло од власт и да се спречи епидемијата на непотизам која се шири, за жал во епски размери, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

DSC_4097

(ВИДЕО) Митрески: Лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ е дека ќе се менуваат термините мајка и татко регулирани со закон

Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, вели дека Лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ е дека ќе се менуваат термините мајка и татко регулирани со закон.„Значи, тоа е уште една лажна вест пласирана од ВМРО-ДПМНЕ, законот којшто е предложен во собраниска процедура има позитивно мислење и од Венецијанската комисија, и од ЕУ, Обединетите Нации, ОБСЕ и ОДХИР, така што тоа е само измислица и чиста лага пласирана од ВМРО-ДПМНЕ. Во делот на прашањето за семејството, или за бракот, бракот е дефиниран во законот за семејството кадешто јасно стои дека тоа е заедница помеѓу еден маж и една жена, или помеѓу татко и мајка, вели Митррески.

Македонија | пред 7 години

DSC_4097

Митрески: Одиме напред, економијата е во нагорна линија

Одиме напред, економијата е во нагорна линија, успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, истакна на денешната пресс конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.Во 2018 година постигнат е рекорден, историски износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра. Странските инвестиции во 2018 година се за два и пол пати повисоки од 2017 година, кога тие изнесувале 181 милион евра. Инвестициите носат повеќе пари, можности за отворање нови и подобро платени работни места, подобар животен стандард на граѓаните.Само за една година, во странските инвестиции се отвориле 4.500 нови работни места, со што позитивно се влијае врз намалување на невработеноста, на растот на платите и растот на бруто домашниот производ. Она што е особено значајно е податокот дека во 2018 во нашата економија најмногу инвестирала Велика Британија, а по неа следува Сојузна Република Германија. Тоа е потврда дека процесот на интеграција, стабилноста и успешните економски политики се препознаени и носат бројни придобивки за граѓаните.Кога зборуваме за интеграција, за членство во НАТО и ЕУ, зборуваме и за повеќе инвестиции, подобро платени работни места, силна економија и подобар животен стандард. Република Северна Македонија станува атрактивна земја за инвестирање. Годините на уназадување, стагнација и затвореност се зад нас.Почитувани,Членството во НАТО, напредокот во интеграцијата кон ЕУ, спроведените реформи и успешните економски политики отвораат можности инвестициите дополнително да се интензивираат, а со тоа да се интензивира и економскиот раст, напредокот. Остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани, истакна Митрески.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Ја силувал партнерот на бабата – 11 годишно девојче стана мајка

Единаесетгодишно девојче од Аргентина стана мајка. Породувањето  било извршено со царски рез. Тоа забременило откако ја силувал партнерот на нејзината баба.Во февруари оваа година нејзината мајка побарала да се изврши абортус, но властите со недели доцнеле со одговорот.  Од клиниката пак се правдаат дека мајката прво сакала девојчето да роди и изјавила дека таа ќе го чува бебето, но подоцна се предомислила и премногу доцна побарала абортус. Новороденчето е хоспитализирано, но докторите се сомневаат дека ќе преживее.

Свет | пред 7 години

ojo

ОЈО поведе постапка за убиството во струшко Поум

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место во струшкото село Поум каде вчера во попладневните часови беше лишено од живот едно лице на возраст од 23 години. Обвинителот издаде наредби за прибирање и вештачење на пронајдените траги, како и наредба за вршење обдукција над починатото лице.Настанот се случи околу 18.30 минути, кога на локален пат во близина на Струга со огнено оружје е пукано во сега починатиот и неговиот татко (46). Оштетените се движеле по патот со патничко моторно возило кога до нив се доближил осомничениот (22), управувајќи со друг автомобил. Осомниченото лице започнало да пука, најпрвин со пиштол, а потоа и со ловечка пушка, при што сега починатиот е смртно погоден, а неговиот татко се стекнал со тешки телесни повреди. По извршување на делото, осомничениот се дал во бегство, за подоцна самиот да се пријави во полициска станица.Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка поради постоење на основано сомневање дека осомниченото лице сторило кривични дела Убиство од член 123 став 2 точка 3 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Струга ќе достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. 

пред 7 години

zaev-za-kandidat

Заев му отиде на Курц: Разговаравме за соработка, добивме понуда

Премиерот Зоран Заев вчера во Виена се сретна и со австрискиот канцелар Себастијан Курц, а беше и негов почесен гостин на Виенскиот Бал.„Искористивме прилика да се видиме со Канцеларот Курц, кој важи за голем пријател на целиот Балкан, но и нашата Република Северна Македонија и кој ја поддржува интеграцијата на државата и во Европската Унија па дури и во НАТО иако Австрија не е земја членка на НАТО. Но, целиот овој период, од самостојноста на Северна Македонија, Австрија важи за една од нашите најголеми поддржувачи“, рече Заев по средбата.Секако, додаде тој, поддршките што последниве години доаѓаа се важни, од поддршката за Преспанскиот договор до реформите дома и сега за она што се случува во делот на економијата бидејќи на еден начин поврзани сме со компании од Австрија.„Искористивме прилика да разговараме и за економска соработка зошто за нас сега тоа е многу значајно.  Веќе добивме една конкретна понуда којашто дома ќе ја разгледаме, за австриска компанија и нејзин влез во инвестициите на Клиничкиот центар, преку евтино финансирање од страна на Австрија, со дополнителен грант, којшто ќе ги намали севкупните трошоци за инвестирање во самиот Клинички центар. Деталите ќе ги добиеме на писмено и дома ќе ги разгледаме за да може да се исконсултираме со опозицијата, со стручните луѓе, со експертите. Верувам дека тоа ќе даде можност за брза постапка за самата реализација на Клиничкиот центар“, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

stop-policija

Две деца прегазени од џип во Скопје

На 28.02.2019 околу 12.35 часот на улица „Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген туарег“, управувано од С.Р.(31) од Скопје, удрило во две деца-пешаци на возраст од девет години.Децата биле пренесени во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде кај едното биле констатирани тешки телесни повреди, а кај другото телесни повреди.Извршен бил увид на местото и се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

soobrakajka

Пет сообраќајки го „тресеа“ Скопје

Во текот на изминатиот ден (28.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди од кои една сообраќaјна незгода со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и три сообраќајни незгоди со материјална штета.Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и едно лице се здобило со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 26 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 18 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни.Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, двајца поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи поради непоседување пропишана зимска опрема, 11 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози и 85 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

policija-2

23-годишниот стружанец со кола ги пресретнал убиниот и неговиот татко

На 28.02.2019 околу 19 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека истиот ден околу 18 часот на локалниот пат село Делогожда-село Поум, на место викано „Кодра бум“ У.В.(22), управувајќи патничко возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(46) од село Поум, во кое бил и неговиот син З.Б.(23).Според пријавеното, В.Б. и З.Б. излегле од возилото и со секири тргнале кон У.В. со кого од порано имале нерасчистени односи. У.В. испукал повеќе куршуми и ги погодил З.Б.и  В.Б., по што заминал од местото и се пријавил во Полициската станица Струга.Од случајни минувачи повредените биле пренесени во Медицински центар Струга, каде кај З.Б. била констатирана смрт, додека В.Б. бил задржан на лекување. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

133474234-105843-207971

„Летаа“ казни во Битола

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 28 февруари извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло и алкохол, при што биле контролирани 428 возачи и возила.При контролата, констатирано е дека 19 возачи управувале возило со поголема брзина од дозволената, еден возач управувал без возачка дозвола, а кај тројца возачи има утврдено присутво на алкохол.Нерегистрирано било едно едно возило, на мобилен телефон разговарале три возачи и двајца возачи не користеле сигурносен појас.Пет возачи се писмено опоменати, а на 42 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, изготвени се и 17 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други 27 различни прекршоци.

Македонија | пред 7 години

zaev-odgovornost

Вечерва во хотел „Хилтон“, СДСМ и ДУИ ќе го кажат името на кандидатот за претседател

СДСМ и ДУИ вечерва во хотелот „Хилтон“ ќе го кажат името на кандидатот за претседател. Средбата ќе се одржи во 20 часот, а потоа, ќе се каже и конечниот став на коалициониот партнер. Според информациите, двете партии ќе имаат заеднички кандидат.Висок функционер од СДСМ вчера за Плусинфо брифираше дека изборот на заедничкиот кандидат за шеф на државата е стеснет помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски. Од ДУИ пак, брифираат дека сѐ уште во игра се четирите кандидати, односно Спасовски, Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.Алијансата за Албанците и БЕСА, пак, соопштија дека ќе ја поддржат номинацијата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река.

Македонија | пред 7 години

helsinski

Хелсиншки за „родител 1 и 2“: Во ниту еден закон не се менуваат термините „мајка“ и „татко“

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги осудува лажните вести кои се пласираат во медиумите, а се однесуваат на предлог Законот за заштита од дискриминација, во период кога демократските чинители во земјава се борат за негово итно усвојување.„Овој закон, кој треба да гарантира еднаков третман и заштита на сите граѓани во земјава, веќе подолго време е блокиран во Собранието од страна на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Се наоѓаме во недозволива ситуација кога закон што регулира основни човекови права е предмет на партиски калкулации. Истовремено, преку медиумите и социјалните мрежи се шират дезинформации околу содржината на овој закон, за на небулозен начин да се оправда ваквото недемократско и анти-европско однесување на политичките партии.  За дополнително појаснување за сите кои се впуштија во ширење на извртена вест, нагласуваме дека во ниту еден предложен или донесен закон не се предвидува замена на термините „мајка“ и „татко“ со „родител 1“ и „родител 2“. Тоа е теза нафрлена во форма на прашање од страна на политичка партија што е против предлог-Законот за заштита од дискриминација“, велат оттаму.

Македонија | пред 7 години

dzes-bejli12-620x336

Бејли дојде во Македонија си отиде од Северна Македонија: Се гледаме!

Aмериканскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли на Твитер и се заблагодари на Северна Македонија за гостопримството, пријателството и љубезноста.„До следно видување“, напишал Бејли.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Џафери и се спротистави на Русковска: Вината за Вељаноски е кај вас

Одговорноста за евентуално бегство на Трајко Вељаноски кому не му беше одземен имунитетот не може да се бара во Парламентот, туку ќе биде кај судот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите.-Одговорноста ќе биде кај Судот кој треба да го обезбеди присуството на сите осомничени и обвинети, кажа Џафери.Обвинителката Вилма Русковска откако пратениците не му го одзедоа мандатот на Вељаноски, кажа дека одговорноста за евентуалното бегство ќе биде кај пратениците.

Македонија | пред 7 години

Akcija-za-sadenje

Продолжува зазеленувањето на Општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве продолжи со засадување нови дрвја и со обновување на зеленилото на кружниот тек во Стар Аеродром, како и во дворовите на основното училиште „Браќа Миладиновци“ и детската градинка „Сонце“.Во оваа акција се засадуваат околу 800 садници, од кои повеќето се даб, липа, јавори, а се садат и јуниперуси и леланди.Општина Аеродром и есента спроведе голема акција во која беа засадени повеќе видови високостеблести дрвја на различни локации на целата територија. Набавени се над 1800 садници, за што од буџетот на Општината се издвоени 8 милиони денари.Општината останува посветена на раззеленувањето на просторот, како долгорочна мерка за зачувување на здравата животна средина.

Скопје | пред 7 години

klima-ured

Започна постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на клима уреди

Градот Скопје, како една од мерките против загадувањето на воздухот, денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување.Со јавниот повик се опфаќаат сите инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари 2019 година и ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход, додека јавниот повик ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“.На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, кои имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.Целосниот јавен повик со условите и критериумите за аплицирање граѓаните можат да го видат на следната интернет врска –www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен повик за инвертори.pdf  

Скопје | пред 7 години

1783741-670x377

Попладне ќе се знае кој од СДСМ ќе и се спротистави на Силјановска

Јавноста и натаму очекува објава на името на заедничкиот претседателски кандидат на коалициските партнери СДСМ и на ДУИ,  што го договорија Заев и Ахмети. Како што беше најавено по нивната средба во средата, името на кандидатот треба да биде објавено денеска.Алијансата за Албанците и БЕСА, пак, соопштија дека ќе ја поддржат номинацијата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река. Тој од вчера се приклучи на списокот кандидати за претседател на кој е и Гордана Силјановска Давкова, зад која застана ВМРО-ДПМНЕ.По одлуката на лидерите од владејачката коалиција СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, за заеднички кандидат, дел од медиумите објавија дека веќе е познато и името, а дел, пак, тврдеа дека се уште се во игра се имињата на Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

GSMA-Awards

HUAWEI Mate X прогласен за најдобар нов мобилен телефон на Светкиот конгрес со Барселона

Huawei Mate X паметниот 5G телефон ја освои наградата на GSMA „Најдобро поврзан мобилен уред на Светскиот мобилен конгрес во Барселона 2019 година“, поради својата Falcon Wing Mechanical Hinge, водечката комуникациска способност од 5G, иновативната интеракција на човекот со паметниот телефон и неговиот Супер полначот.Оваа специјална и најпосакувана награда ја дава организаторот GSMA за новолансирани или уреди кои ќе бидат лансирани во блиска иднина, што претставува највисоко признание во пионерските идни технологии. Претходно оваа недела на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, Huawei освои бројни GLOMO награди (Global Mobile Awards ), вклучувајќи ја и наградата „Најдобар паметен телефон на годината“ за HUAWEI Mate 20 Pro, кој е водечки во својата класа.„Во име на целиот наш тим во Huawei, јас би сакал да се заблагодарам на GSMA за оваа награда. Оваа година, 5G е на сите уреди, мрежи и чипсети кои се поврзуваат, 2019 е година во која го трансформираме начинот на кој се поврзуваме, носејќи нови и неверојатни можности во нашите животи“, рече Кевин Хо, претседател на телефонскиот бизнис во Huawei Consumer Business Group.HUAWEI Mate X, најбрзиот 5G телефон на преклоп во светот е опремен со флексибилен OLED панел, Falcon Wing Mechanical Hinge, 7nm чипсет Balong 5000 и висока моќност на батерија од 4500mAh која e поддржана од најбрзиот светски HUAWEI SuperCharge од 55W. Оваа високо-технолошка технологија ја револуционизираше традиционалната форма на мобилни телефони, донесе неверојатно искуство за интеракција и водечко иновативно истражување на индустријата за паметни телефони. Со самото лансирање, HUAWEI Mate X беше широко признат од врвните светски медиуми. Досега има добиено награди од дури 30 меѓународни светски медиуми од различни земји и региони.Huawei инвестира повеќе од 10% од продажбата во истражување и развој секоја година. Само во 2018 година, Huawei инвестираше 15 милијарди американски долари во истражување и развој и доби 87.805 овластени патенти. Huawei е рангирана на петтото место во светот, според Европската инвестициска табела, за инвестициски рејтинг на ЕУ за 2008 година. Водејќи се со слоганот „потрошувачот на прво место“, Huawei е посветен на овозможување на сите луѓе да ги уживаат придобивките од дигиталниот животен стил. Со доаѓањето на 5G технологијата, Huawei е еден од малкуте производители кои имаат способност да развијат целосна палета на 5G производи и да испорача целосно синхронизирано корисничко искуство.World Mobile Conference 2019 во Барселона, во организација на GSMA, се одржува од 25 февруари до 28 февруари. GSMA ги претставува интересите на мобилните оператори ширум светот, обединувајќи повеќе од 750 оператори и речиси 400 компании во поширокиот мобилен екосистем, вклучувајќи производители на мобилни телефони и уреди, софтверски компании, снабдувачи на опрема и интернет компании, како и организации во слични индустриски сектори. GSMA, исто така, ги спроведува водечките MWC настани во индустријата што се одржуваат секоја година во Барселона, Лос Анџелес и Шангај, како и на регионалните конференции за мобилна телефонија.

пред 7 години

Sobranie-naa-FFM-777x437

Експретседателот на ФФМ затајувал данок

Управата за Финансиска полиција до ОЈО поднесе кривична пријава против екс претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓоржиоски поради сомневање за даночно затајување и фалсификување и уништување на деловните книги.Како што се наведува во соопштението од Финансиската полиција, делата за кои се товари екс претседателот на ФФМ се сторени во перидот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018.Ѓорѓиоски, според Финансиската полиција, „свесно и со намера во име и на сметка на ФФМ прикажал лажни и невистините податоци во завршната сметка за 2017 кои на 27 февруари 2018 ја поднел до УЈП и Централаниот регистар“.Делата за кои се сомничи Ѓорѓиоски се дека тој во сметководствената евиденција не извршил отпис на ненаплатени побарувања од купувачите постари од три години и тоа од ликвидиран непостоечки субјект АД Тобако Скопје во износ од 10.639.293 денари и од АД Југохром Јегуновце во износ од 6.169.832 денари.На ваков начин како што велат од Финансиската полиција, Ѓорѓиоски ја зголемил даночната основица од непризнаените расходи за даночни цели , за кој износ не пресметал и не платил данок на добивка со што ФФМ остварила противправна корист од 1.680.912 денари.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Рекордниот износ на странски инвестиции во 2018

Официјалните податоци ја потврдувуваат успешноста на економските политики на Владата предовдена од СДСМ, се вели во соопштението од СДСМ.Странските инвестиции во 2018 година изнесуваат 624,5 милиони евра, што е рекорд, највисок износ во историјата на нашата економија.Странските инвестиции во земјава минатата година обезбедиле нови 4.500 добро платени работни места, со што директно влијаат на намалување на невработеноста, го јакнат бруто домашниот производ, се зголемува извозот, платите растат а со тоа се подобрува и животниот стандард на граѓаните.За само 20 месеци во Технолошко индустриските развојни зони во државата инвестирале 17 странски компании. Дополнително, по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, нови шест компании донеле одлука да инвестираат во нашата земја.Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување мерки и политики што го поттикнуваат економскиот раст, што обезбедуваат нови вработувања, повеќе инвестиции и повеќе пари кај граѓаните, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев се рак за македонското здравство

СДСМ е партијата која парите во здравството, наместо за реновирање на болници, градење на нови или набавка на опрема за здравствените установи, ги троши за непродуктивни работи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Единствено што јавноста ќе го памети во 2018 година од Венко Филипче е обидот да додели тендер од 35 милиони евра на фантомска фирма отворена неколку дена пред распишувањето на тендерската постапка за набавка на реагенси во лабораториите.Немаат слух ниту за 30 деца со лесна кршливост на коските кои цела година се без неопходната терапија. Овие алармантни податоци беа обелоденети во јавноста.Грипот зeма се поголем зафат, има починати 4 лица, а епидемијата на морбилите коси низ целата територија на државата. Има епидемија на морбили, а на праг е и епидемија на грип. На епидемијата со морбили и покрај мерките не и се гледа крајот, а за состојбата со грипот нема ниту мерки. Молк од Филипче.Раководењето на Филипче со министерството од ден на ден го зголемува хаосот во здравството.За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

mepso_sl111

МЕПСО трошела милиони евра за ски центри, барокна фасада и адвокати

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка за МЕПСО врз основа наревизорскиот извештај за финансиското работење на оваа компанија. Се истражува работењето на поранешното раководство додека директор беше Синиша Спасов, кадар на ВМРО-ДПМНЕ од 2012 до 2016 година. Истрага води и Управата за финансиска полиција за барокната фасада и реконструкцијата на дирекцијата на МЕПСО која достигна цена од 11 милиони евра, а се уште не е докрај завршена.Ревизорскиот извештај беше објавен лани во март, а иницијатива за отворање на истрага ја потегна Владата, која е сопственик на МЕПСО. Во ревизорскиот извештај се обелоденети сомнителни тендери, договори за кои постојат индиции дека се коруптивни, сомнежи за злоупотреба на милиони евра државни пари и злоупотреба на службената положба на тогашното раководство.Поранешниот директор Синиша Спасов за ИРЛ тврди дека работел законски и домаќински, но тоа не го покажува и ревизорскиот извештај.Повеќе на ИРЛ.МК

Македонија | пред 7 години

policija-leptokarija

Детали за пукањето пред ТЦ Лептокарија, не се познати учесниците

Престрелка меѓу два автомобили во движење вечерва ги вознемири жителите на скопската населба Карпош 3. Како што соопшти полицијата, нешто пред 19 часот биле пријавени пукотници на булеварот „Партизански одреди“ пред трговскиот центар Лептокарија.Од полицијата велат дека до овој момент нема пријавено повредени лица, а на терен, екипите кои веднаш излегоа на увид освен чаури од испуканите куршуми не нашле траги на крв.Вистинска среќа е што нема повредени ниту случајни минувачи со оглед на тоа што се пукало во непосредна близина на автобуската станица која во тој момент била преполна со ученици кои се враќале дома по наставата.Се уште нема информации за учесниците во престрелката.

пред 7 години

Нема фотографија

Eпидемија на морбили и во Куманово

Центарот за јавно здравје во Куманово вчера прогласи епидемија на морбили. Бројот на заболени од мали сипаници од почетокот на годинава изнесува петнаесет, а последнава недела заболени се три лица. Новозаболени се првоодделенче и двајца здравствени работници од детското одделение од кумановската болница. Детето престојувало во целодневен престој во кумановска градинка.„Извршен е увид во вакциналниот статус на децата во градинката и во училиштето, извршена е дезинфекција и континуирано се врши проверка на вакциналниот статус на децата во градинките на ниво на Куманово, Исто така, тече вакцинирање во Здравствениот дом, се спроведуваат мерки во болницата со ограничени посети, зачестена дезинфекција и тријажа на пациентите“, изјави доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.Од вкупниот број заболени од почетокот на годинава, единаесет лица се од Куманово, а четири се жители на Општина Липково. Секој ден има нови случаи на морбили. Во последното деноноќие, од средата кон четвртокот, лекарите регистрирале морбили кај седум пациенти и, според податоците на Министерството за здравство, четворица се примени н болничко лекување.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања