Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

magla

Сообраќајот се одвива тековно, на Стража има магла

Сообраќајот на патиштата низ Македонија утрово се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост од 80 до 100 метри поради магла има на планискиот премин Стража.Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.АМСМ потсетува дека од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Македонија | пред 7 години

sudenje-6

Денеска судски рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Титаник" и „Титаник 3" на Специјалното јавно обвинителство.Минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено поради oтсуството на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, како и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се во притвор во затворот „Скопје“.Судот ќе треба да се изјасни по барањето на застапникот на обвинението на поранешниот премиер Никола Груевски, да му се суди во отсуство.Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се повеќе лица, меѓу кои и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 70-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 800 разговори.Во Кривичниот суд, денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Македонија | пред 7 години

kosovo-1

Сирени и истрели на Косово, уапсени четворица за случајот со Оливер Ивановиќ

Припадниците на специјалните единици на Косово, РОСУ рамо изутринава уапсиле четири лица, а се слушнало и пукање и сирени. Портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџај изјави за РТС дека по налог на надлежниот суд единиците на косовската полиција извршиле рација на четири локации и привеле четворица во рамките на истрагата за убиството на Ивановиќ.Уапсен е Драгиша Марковиќ, припадник на Косовската полициска служба (КПС) кој работел на случајот на убиството на Ивановиќ, Саша Чуркиќ, Марко Рашиќ и Недељко Спасојевиќ, исто припадник на КПС. Според РТС, тие се одведени во полициска станица во Јужна Мировица.Претседателот на Српската листа Игор Сомиќ изјави дека не знае каде се однесени уапсените, а сопругата на уапсениот Марковиќ рекла дека го тепале со раце, нозе и со кундак.Според пишувањето на порталот Коссев, во Косовска Митровица од изутринава во 6 часот се до 7 часот се случале сирени за воздушна опасност, што ги вознемирило граѓаните. Во истиот период се слушнале и истрели.Ивановиќ беше убиен на 16 јануари годинава, пред седиштето на политичката партија „Слобода, демократија, правда“, на чиешто чело беше тој. Извршителите на убиството сè уште не се фатени од страна на полицијата.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Промоција на публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“ во Собрание

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде промовирана публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“.На промоцијата ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери, програмскиот менаџер ДЦАФ Марк Ремилар, амбасадорот на Кралството Холандија во РМ Ваутер Пломп, амбасадорот на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, Лукаш Холуб од Делегацијата на ЕУ во РМ, претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Хари Локвенец, претседателот на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање Трајко Вељаноски и претседател на Комисијата за надзор над имплементацијата на специјалната истражна мерка следење на комуникации од страна на МВР, Финансиската полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана Емил Димитриев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Повеќе делови од Скопје без струја

„ЕВН Македонија“ АД известува дека денес заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат:од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од Ресторан „Александар“ и околните куќи, ул Радишанска, Маркети Рептил, КАМ, и ГИГО. (Општина Бутел )од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од село Горно Оризари (Општина Бутел )од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од село Долно Количани, селата Горно Количани, Пагаруша и Вртекица, Објекти на МВР и АРМ на Солунска Глава, Драчевица, Цветово, нас.Мала Река, Равни Габер, Црвена Вода, Китка, Палиград, Алдинци, Караџица, и дел од корисниците од ул. Московска кај пазарчето ( Општина Студеничани и Карпош )од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Морава, Дел од ул. Гвадалахара, Гарсија Лорка, Брсјачка буна и Антони Дворжак (општина Шуто Оризари )од 09:00 до 09:30 часот, корисниците од дел од село Горно Оризари, дел од селата Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Голиево, и каменолом ГП Гранит (Општина Бутел и Чучер Сандево ) од 10:00 до 10:30 часот, корисниците од дел село Мирковци, Кучевиште, Побожје, дел од селата Љубанци, Бродец, Малино маало, Танушевци, Брест, и Кодра фура(Општина Чучер Сандево )од 10:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Љуботенски Пат, ул. Радишанска 30 и околните подулички, ул. Радишанска 30 (Општина Студеничани )од 11:00 до 11:30 часот, корисниците од дел село Сандево, Манастир Св.Илија, Караула Рамно, дел од село Мирковци, Бањани, Горњани, и Чучер. (Општина Чучер Сандево )

Скопје | пред 7 години

Christmas-in-New-York-baner

Голем добротворен концерт на Македонско – американската алумни асоцијација

По минатогодишниот успех на „One night in America“, овој декември Македонско – американската алумни асоцијација (МААА) организира голем добротворен концерт на најпопуларните американски поп и џез композиции поврзани со новогодишните и божикни празници под наслов „Christmas in New York“ во изведба на Биг бендот на Здружението на џез музичари (ЗЏМ).Со оркестарот ќе диригира Џијан Емин, а како солисти ќе настапат Ирина Карамарковиќ и Џон Илија Апелгрен.Kонцертот  ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија на 15 декември 2018 /сабота/ од 20 часот.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно со максимална температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со сончеви периоди, особено околу пладневните часови. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени.Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.Утре ќе преовладува умерено до значително облачно време со појава на магла по одделни котлини. Од недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.Од среда ќе има и пад на температурата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Мијалков во пристојна соба со еден цимер

Во соба од 28 квадратни метри во која има кревет, маса за јадење и тоалет, поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков сега го поминува секојдневието во истражниот затвор во Шутка. Човекот кој се движеше опкружен со своите телохранители сега е во друштво со својот цимер во затворската ќелија. Во затворот го посетуваат неговите адвокати, а најблиските му испраќаат пакети, пишува Независен.По апсењето во хотелот „Мериот“, Мијалков беше однесен во обична ќелија во притворското одделение, но по еден ден беше преместен во „хашка соба“, простории кои за разлика од останатиот дел во затворот имаат попристојни услови. Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски, вели дека Мијалков бил преместен во хашка соба бидејќи над десет години бил на висока полициска позиција во земјава.„Лицето било функционер на високи позиции. И поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, беше сместен во хашка соба. Тие се ставаат во хашки ќелии бидејќи биле функционери на високи позиции во Управата за безбедност и контраразузнавање и на високи полициски функции, а внатре има криминалци што може завршиле во затвор во време на нивно функционирање. Целта е да се спречат некои несакани ситуации. Сметаме дека треба да биде поизолиран“, вели Котевски.Според официјалните изјави на раководството, досега немало никакви поплаки од Мијалков. Храната му се носи во соба и не ја зема со другите затвореници. Во истото одделение со него, но во различна соба, е неговиот бизнис-партнер, најбогатиот Македонец, Орце Камчев, додека поранешните високи функционери кои беа заедно на врвот со Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, се сместени во обични ќелии.Шесте хашките соби се градени според стандардите на ЕУ и условите во нив се далеку попристојни од останатите ќелии.„Во ќелијата во која сега се наоѓа Мијалков престојувал и новинарот Зоран Божиновски. Тој вели дека собата Ѓ6, во која е сместен Мијалков, е последната соба од одделението кое го викаат хашко.„На подот е поставен нов ламинат, креветите и душеците се нови. Во собата има два кревета и еден трет помошен, но тој не се користи. Има маса за јадење, столови нема, се седи на кревет кога се јаде. Има тоалет со ВЦ-шолја, има лавабо со чешма во собата. Има три нови прозорци ПВЦ со двојно стакло. Од прозорец се гледа управната зграда на затворот и влезниот двор и големата т.н. црна врата од која се влегува во затворот“, ни изјави Божиновски.Адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски, пак, вчера поднел жалба на решението за притвор, но не беше достапен за изјава за да каже што напишал во жалбата.Жалбата е поднесена до Апелацискиот суд, кој ќе ја достави на мислење до Специјалното јавно обвинителство, а потоа во судот доколку адвокатите инсистираат може да биде закажана и јавна седница.На барање на Специјалното јавно обвинителство во вторникот, Кривичниот суд му определи притвор на Мијалков кој е обвинет во случајот „Тврдина – Таргет“, поврзан со масовното прислушување. Според сознанијата на Обвинителството, Мијалков се подготвувал да бега. Опасноста од бегство во решението за притвор е поткрепена со сознанијата на Управата за финансиско разузнавање дека обвинетиот располагал со две сметки на кои има 11 милиони евра.Дополнително опасноста од бегство го зголемува и фактот што Мијалков е обвинет во повеќе предмети на Специјалното обвинителство, но и во последната истрагата поврзана со перење пари „Империја“.Освен притворско одделение, во Шутка има и дел каде што се издржуваат затворски казни и таму требаше да биде сместен поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта. Во затворскиот дел има над сто осуденици што издржуваат казна затвор до три години и повратници што се осудени на шест месеци затвор. Таму има и осуденици на повисоки затворски казни за потешки дела бидејќи таму се носат затвореници што издржале поголем дел од казната во затворот во Идризово или во други затвори во Македонија, па се префрлаат во затворот во Шутка на доиздржување на казната. Директорот на затворот во Шутка вели дека третманот во овој затвор е ист за сите, за никого нема да има ниту помалку ниту повеќе.

Македонија | пред 7 години

DSC_0096-800x533

Заев: Со Денот на албанската азбука го славиме зближувањето на различните културни традиции

,,Јазикот и негова соодветна азбука се дел од генетскиот код на еден народ. Во тој генетски код се елементите на идентитетот и потенцијалите за комуникација, општествена интеграција, за образование и развој.Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува јазикот и писмото на секоја нејзина заедница. На тоа не повикуваат и европските вредности, како вредности што ги прифативме како наши на патот на нашата интеграција во Европската Унија.Јазикот и писмото се најсилните средства и за чување и за афирмација на духовното наследство на една заедница”, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Свечената академија по повод одбележувањето на 110 годишнината од албанската азбука.,,Денес, кога го славиме значајниот јубилеј – 110 години од албанската азбука – вреди да ја споменеме исклучителната мисија што ја изврши големиот албански писател Исмаил Кадаре, кој, благодарение на стандардизацијата на албанскиот јазик и писмо, беше преведуван на стотици други светски јазици. Неговите дела, како и делата на десетици други писатели, научни работници и публицисти од албанскиот духовно-културен круг, ја ширеа вистината и културата на албанскиот народ од Албанија и од регионот.Тоа е силен доказ дека јазикот и писмото се мостови до другите традиции, култури и духовни наследства. Тоа се клучевите што ги отвораат портите на другите светови за да се запознаваат, почитуваат и да се помагаат едни со други”, додаде тој.Според премиерот, во Република Македонија имаме шанса на најдобар можен начин да ја промовираме и практикуваме големата европска идеја – Обединети во различностите.Затоа со право можеме да го истакнеме фактот дека прогласувањето на денешниот ден за официјален празник на албанското писмо, е составен дел од јазичното и од културното богатство на Република Македонија.Одбележувањето на културните вредности, датуми и традиции на сите етнички заедници, вклучувајќи ја и албанската, е во суштината, во основата на нашето мултикултурно општество.Прифаќањето на таа реалност е силен придонес за просперитетна иднина и за благосостојба на сите граѓани.,,Нашата определба е да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Нашата цел е да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон етничките, националните, верските и културните разлики. Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво што се градеше со векови и што претставува обврска за нашата заедничка иднина.Со право се залагаме и велиме дека етничката и јазичната разноличност на нашето општество ги сметаме за наша предност. За наше заедничко богатство. Празникот – Ден на албанската азбука, заеднички да го прославуваме и со тоа заеднички да ги славиме постоењето и зближувањето на културните традиции, кои на овие простори опстојувале заедно со векови.Нашата заедничка иднина, иднината на сите наши граѓани ќе ја изградиме без затворање во етноцентрична култура.Нашиот модел за иднината започнува со почитувањето на сите заедници во која различните културите ќе се почитуваат, ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат”, додаде Заев.На свеченоста свои обраќања имаа и претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Република Албанија, Илир Мета и Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

пред 7 години

mickoski

Реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ се на резервна клупа, рече Мицкоски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше гостин во отворено студио на 1тв и изјави дека луѓето кои се декларираа како реформатори не се исклучени од партијата, тие се членови на истата и со дел од нив се уште е во комуникација.“Партијата дава шанса, а вие трба да ја искористите. Доколку не ја искористите ве става на клупа, резервна клупа”Запршан дали реформаторите повторно ќе ги врати во игра, Мицкоски рече “Во политиката нема вечни пријатели ниту вечни непријатели, тоа не е само во Македонија туку е светска пракса”.Запрашан дали дозволлува спротивно мислење од неговото, тој одговори потврдно, се додека партијата не донесе конечен став. „Различното однесување од партискиот став не е досволено“, изјави Мицкоски“Сум за партиска дебата, но се додека се донесе партиска одлука”, рече Мицкоски

Македонија | пред 7 години

DsmzJh4X4AAt50C

(Вознемирувачка фотографија) Возач усмртил куче во Лисиче и го оставил на улица

Додека се уште во Скопје се трујат кучиња бидејќи тие немаат сопственици и живеат на улица, истовремено се почесто прегазени од моторни возила се оставаат мртви по скопските улици.Последно на социјалните мрежи е објавена фотографија од куче удрено од автомобил на само пет метри од пешачкиот пример. Нема информации за возачот, а кучето било оставено мртво на улицата. Ова се случило во Аеродром, односно Лисиче.https://twitter.com/obnov_energ/status/1065579782900015104

Скопје | пред 7 години

twitter

„Треба Шеќеринска за ‘Мис на светот’ да ја кандидирате“

   

Магазин | пред 7 години

46508969_2076680565711478_5839276272504537088_n-1

Македонска репрезентација во хокеј: Ни треба хокеј арена под итно

Македонската репрезентација во хокеј на мраз бараат од власта да се изгради хокеј арена која е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови.„Светско првенство во хокеј за држави без хокеј арена или официјално IIHF Development Cup.ГО ОСВОИВМЕ!!!Со 5 победи во 5 натпревари. Докажавме дека хокејот не е мал и непросперитетен спорт во Македонија, напротив, има иднина ама нема услови.Десет години се мачевме со претходната власт да се убедуваме дека хокеј арена е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови. Не успеавме. Речиси две години од оваа влада исто така абер нема да се направи нешто на ова поле. Во ред е да имаме 5 монтажни лизгалишта низ цела држава, но сакаме ХОКЕЈ АРЕНА!!!15 години се мачиме да го дигнеме хокејот, 15 години со сопствени средства го одржуваме овој спорт, 15 години чекаме на хокеј арена!НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА под итно, НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од еден лав или ограда на мост, САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од сумата исплатена на 3 компании блиски до Владата од Фондот за Иновации на жими мајка.Кога гледам како на глупости се трошат народни пари ми доаѓа да врискам се погласно секој ден: САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА!!!Голема благодарност до хокејарите, до стручниот штаб, до пријателите на хокејот....овој успех е заеднички. Отидовме во Германија на првенство со броени пари, за пат, за спиење и по некој сендвич, се вративме златни со пехар, со покажување на пркос дека можеме да успееме и кога немаме услови и кога никој не верува во нас. <3ХОКЕЈОТ ИМА ИДНИНА ВО МАКЕДОНИЈА!НИ ТРЕБА АРЕНА!!!“, стои во објавата на „Фејсбук“https://www.facebook.com/Insidious.Carnage/posts/2124829140901091

Македонија | пред 7 години

Marija-Nikolovska-2

Ракометарките на „Спартак“ од Кисела Вода го победија „Пелистер“

Ракометарките на „Спартак“ од Кисела Вода успеаа да го победат осминафиналистот од Челинџ купот, Пелистер, со резултат 24:22.За клубот од Кисела Вода кој беше во предност од почетокот на натпреварот, играа и постигнаа погодоци: Сандева, Јовановска, Андонова, Николовска 7, Андова 3, Велкова 3, Младеновска, Стефановска 2, Трајковска 2, Ангеловска, Србиновска 3, Арсовска, Цветановска, Иванова 4 и Самарџиска.На натпреварот кој се одигра во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Кисела Вода правдата ја делеа Адриана Здравковска и Сања Божиновска, додека делегат беше Мамер Реџепи.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес oд 2.8 степени, имаше попладнево на границата меѓу Македонија, Србија и Косово.Епицентарот бил на 36 км од Скопје и на 10 км од Пасјане во Косово, на длабочина од 2 км. 

Македонија | пред 7 години

Sadula_Duraki_Minister

Дураку се правда дека не се изразил јасно кога рекол дека не се занимава со граѓаните

Министерот за животна средина, Садула Дураку, се оправда и вели дека жали што не бил доволно јасен во својот одговор дека тој не се занимава со граѓаните.„Владата постои за да ги остварува своите стратешки приоритети, да ги решава проблемите и да го подобрува живеењето на граѓаните. Во таа насока Владата ја дефинира борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет. Министерот Дураку во својата изјава за медиумите ја потенцира Програмата за справување со аерозагадувањето и укажа дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејства. Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и што тоа предизвика реакции во јавноста“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.Министерот на прашање за коментар за најавите за тужби против државата поради непреземање мерки против загадувањето на воздухот рече: „Сега јас не се занимавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат“.

Македонија | пред 7 години

jugohrom-2_7

„Eкогерила“: Анѓушев целосно да се повлече од сите одлуки за „Југохром“

Еколошкото движење од Тетово, „Екогерила“, денеска преку соопштение изјави дека не им веруваат на ветувањата на „Југохром“ и на Владата бидејќи со години биле измамувани.„Бараме заменик-премиерот Анѓушев целосно да се повлече од сите одлуки за ‘Југохром’ бидејќи постојат сомнежи за можните последици од корупцијата и конфликтот на интереси. Продажбата на електрична енергија на ‘Југохром’ од ЕДС, која беше во сопственост на Анѓушев, и тоа што поранешните вработени тврдат дека тој претходно бил генерален директор на ‘Југохром’ во период од неколку месеци, дава уште поголем простор за сомневање за судир на интереси и корупција, што судството треба да го испита“, стои во нивното соопштение.Од „Екогерила“ во соопштението наведуваат дека препорачуваат целиот процес да биде надгледуван од независни експерти.„Македонија потпиша и се обврза да ја почитува Архуската конвенција за пристап до информации, учество на граѓаните во одлучувањето и пристап до правда за прашањата поврзани со животната средина. Изненадени сме поради тоа што Владата е загрижена од надзорот на независните експерти ако системот за филтрирање, за кој тие тврдат дека ќе го инсталираат, не ги исполни бараните стандарди. Затоа, без строг надзор од страна на независни експерти и обезбедување дека граѓаните и децата од Тетово нема да бидат повторно труени како во минатото, нема да дозволиме повторно отворање на овој познат убиец“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

46501153_2080525798671265_3261882001791123456_n

Успешно изведена трансплатација на бубрези од починат донор на двајца пациенти

После три години пауза, на Клиниката за Урологија во соработка со Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ, во Македонија за првпат успешно се изврши трансплатација на бубрези од  пациент кој доживеал мозочна смрт.Од пациентот кој починал, со дозвола на најблиските членови од семејствто, земени се бубрезите и веднаш се трансплантирани на двајца пациенти кои чекале на нив.Двете трансплатации поминале успешно и засега пациентите кои добиле бубрег добро се чувствуваат.Министерот за здравство. Доц. д-р Венко Филипче вчера, веднаш по трансплатацијата ги посети пациентите.„Неверојатно сум горд на медицинскиот персонал од Нефрологија и КАРИЛ кои направија неверојатно добра работа. Спасија два живота, на една жена и маж кои долго време се измачувале низ процесите за лекување и дијализа. За пациентката ова е втора трансплатација на бубрег, и посакувам добро здравје и оваа трансплантација да помине како по книга, успешно. Но, неверојатно сум горд и со полна почит кон родителите на дарителот на органите, кои дозволија, по мозочната смрт да ги донираат бубрезите од починатиот. Точно, за  ваков чекор потребно е човек да биде подготвен и неверојатно големата загуба да ја потиснат размислувајќи дека со донирање на органи, ќе продолжат и спасат нечии туѓ живот. За мене лично, тоа се најголемите херои на денешницата“, вели министерот Филипче.Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова, изјави дека навистина долго се чекало на ваква трансплатација, цели три години.„Трансплатација од починат донор, беше во застој од 2015 година, за жал.  Се надевам дека со почетокот овие трансплатации  ќе не донесат  до  влезната врата од ЕУРОТРАНСПЛАТ  системот. Искрено се надевам дека ќе ги препознаат нашите напори за трансплатација и многу скоро ќе можат и наши пациенти да се надеваат на органи кои би можеле да ги добиеме од некои други европски болници“, вели докторката Мојсова.

Македонија | пред 7 години

MelFest-3

Вечерва започнува фестивалот „Мел Фест“

Фестивалот „Мел Фест“,кој своевремено беше единственото музичко талент шоу во Македонија и надвор од неа, вечерва во полн сјај се враќа на македонската фестивалска сцена.Елена Петреска, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Симона Поповска, Наташа Малинкова, Елена Велевска, Игор Узунов, Маријан Стојановски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска се само дел од пејачите кои ќе настапат на гала вечерта во четврток на 22.11 во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во 20.30 часот.После фестивалот, односно неговата гала вечер, ќе има и изложба на фотографии како ретроспектива на „Мел Фест“. Она што ќе се случува вечерва е само најава и всушност почеток за „Мел Фест – талент шоу“ кои ќе стартува пред Нова година, низ 15 градови во Македонија.Уметнички директор на фестивалот е нашата пејачка Елена Петреска, а водител на гала вечерта ќе биде Лила Стојановска.

Магазин | пред 7 години

unnamed-1

Богоев на форум за здрава животна средина во Виена

Општина Карпош е единствената локална самоуправа во државата во која се спроведува проектот „INHERIT 2020 HORIZON“ – Прашалник за здрава населба, во соработка со Институтот за јавно здравје на Република Македонија.Во рамки на овој проект се одржува Форум за заштита на животната средина, во Виена, Австрија, на којшто учествува градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со претставник од Институтот за јавно здравје,  д – р Драган Ѓоргев. Тие на учесниците на Форумот им образлужија за   начинот на кој се спроведе проектот во Карпош, резултатите од него и перцепцијата на граѓаните и локалната самоуправа за корисноста од него.За време на панел дискусијата, Богоев се осврна на важноста на Прашалникот за Општина Карпош. Конкретно, граѓаните имаа можност преку електронски пат  (на http://karpos.gov.mk/page/prasalnikzazdravanaselba) да ги даваат своите забелешки за квалитетот на живот во нивната населба, зеленилото, инфраструктурата, сообраќајот, социјални аспекти од живеењето и сл.Сумираните резултати, сугестиите и идеите ќе бидат земени предвид при креирање на новиот Буџет за 2019 година, со што, на директен начин ќе се зголеми и граѓанското учество во креирање на локалните политики и финансирање на нивните потреби за здрава животна средина, рече Богоев пред присутните. Прашалникот за здрава населба придонесува Општината и општинската администрација да бидат поинформирани за вистинските потреби на граѓаните.Во рамки на Форумот во Виена, градоначалникот Стефан Богоев се сретна и со свои колеги од Европа, при што размени повеќе идеи за правилно управување со отпад и негово паметно искористување. На Форумот се одржуваат и сесии за правилен и одржлив развој на градовите, за обновливите извори на енергија, за зелените површини, за јавниот превоз, како и други области од значење на локалната самоуправа.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Ограбена бензинска во Визбегово

Денес околу 02,40 било пријавено дека во бензиска пумпа во село Визбегово, скопско од страна на две непознати лица извршено било разбојништво над вработените при што одзеле околу 12.000 денари.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Таксист се обидел да силува 22-годишна девојка

На 20.11.2018 година во 12,00 часот во Полициската станица Центар, Л.К.М.(22), пријавила обид за силување од такси возач на 18.11.2018 година околу 00,30 часот во Скопје, но тој не успеал во намерата.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Добил отказ, па ја хакирал фирмата и на конкуретите им оддавал деловни тајни

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ж.Г.(51) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски  систем“ и ,,оддавање и неовластено прибавување деловна тајна“.Во периодот од јули 2018 до август 2018 година пријавениот, по завршувањето на работниот однос во правно лице од Прилеп, како администратор на компјутерскиот систем, искористувајќи ја приликата што наведеното правно лице не презело активности за промена на корисничките имиња и пасворди за пристап кон компјутерскиот систем, континуирано, од неговиот персонален компјутер, користејќи програма за мрежно поврзување и контролирање на друг компјутер, неовластено пристапувал кон компјутерскиот систем на правното лице, при што во повеќе наврати времено го оневозможил користењето и употребата на компјутерскиот систем.При тоа, пријавениот ја следел деловната коресподенција на вработените и прибавувал класифицирани документи во електронска форма, кои потоа преку електронска пошта, ги праќал до сопственикот на друго правно лице од Прилеп.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Разбојништво во скопски маркет

На 21.11.2018 година во 20,15 часот било пријавено дека во маркет на улица “Владимир Комаров“  од страна на непознат сторител со закана извршено било разбојништво над вработената, при што од касата одзел околу 3.000 денари.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Кривична пријава за двајца Охриѓани поради злоупотреба на лични податоци

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ј.П.(39) и Р.П.(39) двајцата од охридското село Велгошти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци”.Пријавените, на 05 април годинава без добиена согласност, прибирале, обработувале и користеле лични податоци на женско лице од Охрид, и без нејзино знаење ги објавиле на веб страна за огласи.Дополнително, двајцата пријавени, неовластено и креирале неколку профили на социјалната мрежа Facebook.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања