Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

policija-2-1

Дисциплинска постапка за полицајци, повредиле момче додека го приведувале

На 21.07.2018 година околу 04.00 часот на улица „7-ми Ноември“ во Охрид, при преземање на службени дејствија во врска со претходно пријавен настан, пријавените примениле средства за присилба при лишување од слобода на Б.Н.(18) од Охрид поради давање на отпор од него. Притоа, пријавените средствата за присилба ги употребиле несразмерно и неправилно и на Б.Н. му нанеле тешка телесна повреда.Против осомничените полициски службеници поведена е дисциплинска постапка пред надлежната комисија за сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина и истите се отстранети од работното место до завршување на постапката.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кривична пријава против Охриѓанец поради производство и продажба на наркотични дроги

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Н.(31) од Охрид и против С.Ѓ.(23) од село Велестово, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.На 04.05.2018 година околу 19.20 часот на улица ,,Радојца Новичиќ” во Охрид полициски службеници извршиле преглед над Ј.Н. при што пронашле и одзеле кеса со марихуана.После тоа, полициски службеници извршиле претрес во домот на Ј.Н. каде што биле пронајдени и одземени 204 грама марихуана и метална дробилка со остатоци од марихуана.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

МВР поднесе кривични пријави против повеќе членови на навивачки групи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.М.(35), С.Б.(23), С.М.(24), Б.М.(31), М.П.(34), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „насилство” и против Д.Б.(20) од Скопје, М.Б.(28) од Скопје, М.Б.(29), С.Ш.(28), А.Ј.(20), Б.И.(25), Б.Ц.(28), Ш.З.(27), сите од Тетово и В.Т.(17) од село Требош, тетовско поради постоење оснoви на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.На 02.11.2018 година во периодот од 18.00 до 21.00 часот во Тетово, по повод прославата на 30 години од формирање на навивачка група од Тетово, прво, второ, трето, четврто и петтопријавениот, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли. Исто така, на 03.11.2018 година во периодот од 12.00 до 16.00 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ФК „Тетекс“ од Тетово и ФК „Трим Лум“ од Струга, како и за време на натпреварот, прво, второ, трето, четврто, петто, шесто и седмопријавениот извикувале навредливи пароли.На 04.11.2018 година во периодот од 12.00 до 15.00 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Шкупи“ од Скопје, осмо, деветто, десетто, единаесетто, дванаесетто, тринаесетто и четиринаесеттопријавениот, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли. Притоа, пред угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ пријавените фрлале со камења и стаклени шишиња кон терасата на објектот.

Македонија | пред 7 години

IMG_0141

Царовска: Ја зајакнуваме инспекциската служба во пресрет на социјалната реформа

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска одржа состанок со инспекторите коишто работат во областа на социјална заштита. На состанокот се разговараше за моменталната состојба на инспекциската служба и за идните актвивности кои ги преземе министерството со цел да го зајакне капацитетот на оваа служба, непосредно пред почетокот на спроведување на новата социјална рефорома.„Инспекциската служба со години била рушена и уништувана. Нашата цел е оваа служба да ја зајакнеме и унапредиме, бидејќи тому таа ќе биде една од клучните алки во спроведувањето на социјалната реформа и исплатата на гарантираниот минимален приход“, изјави Царовска.Во следниот период ќе се интензивира работата на терен, континуирано ќе се следи работата на социјалните центри секаде низ Македонија. Исто така ќе се организираат активности за доедукација на вработените во инспекциската служба, со цел да се зајакне кадарот.

Македонија | пред 7 години

skopje-nova-godina-7-28871

Почнува новогодишното украсување

Новогодишното украсување на Град Скопје започнува од вечeрва.Градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години.Новина е, додава, новогодишната населба Винтерленд, што ќе внесе нова, побогата новогодишна содржина.-Ни се ближат едни од најубавите празници, Новогодишните и Божикните. Граѓаните на Скопје мора од својот град да добијат нешто што не го добивале досега. Она што го гледаме, по слики по разгледници по репортажи зошто да не го направиме во нашиот град. Не треба да бидеме скептици за некои новини, рече Шилегов во врска Винтерленд.

Скопје | пред 7 години

46513864_2077985345581000_8542939601013047296_o

(ВИДЕО) Обновен дрворедот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

Градоначaлникот Петре Шилегов, денеска присуствуваше на обновувањето на дрворедот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, дел од големата есенска акција за зазеленување на градот.- Ги заменуваме 40 исечени и паднати дрвја со нови здрави висококвалитетни садници, односно со ист вид дрвја како што претходно имало во овој дрворед, и засадуваме 33 садници од видот јавор и  7 садници каталпа.  Приоритет е обновување на сите постојни дрвореди во центарот на градот и подигање нови во Ѓорче Петров и на Бит-пазар. Во Скопје по должината  на градските сообраќајници и во средишните жардиниери на булеварите има речиси 500 пенушки кои ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници - истакна Шилегов.Тој додаде дека сите дрвја ќе бидат засадени внимателно, грижливо, задржувајќи се на автентичните видови какви што имало засадено на тие места. - Земавме обврска пред граѓаните да го вратиме изгубеното зеленило кое претходната власт го уништуваше каде што ќе стигне, додека ние се бориме за секој сантиметар слободен простор за ново зеленило. Работиме на намалување на загадувањето и подобрување на животната средина со цел да се надомести изгубеното зеленило, да се зголемат парковите и дрворедите и да ги заштитат сите јавни зелени површини во сите општини во градот. Им обезбедуваме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која директно влијае врз здравјето на граѓаните - порача Шилегов.Есенва ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини.Оваа акција Градот Скопје ја реализира заедно со сите скопски општини кои во неа  учествуваат со свои работници, механизација и садници.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Истрага против мајка поради запуштање и малтретирање дете

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Запуштање и малтретирање дете.Притоа, постои основано сомнение дека осомничената, во периодот од 15.06.2018 до 06.07.2018 година, во повеќе наврати, со гру­бо за­по­ста­ву­ва­ње на сво­ја­та долж­ност за гри­жа и вос­пи­ту­ва­ње како родител, го за­пу­штила своето дете и како резултат на тоа кај детето-жртва настапила те­шка те­лес­на по­вре­да, со која бил доведен во опасност неговиот живот.Во временски период  додека таткото на детето родено во мај 2017 година се наоѓал на издржување на казна затвор, мајката не му пружила соодветна родителска грижа на детето, повремено го оставала само или го препуштала на грижа на други лица без притоа да внимава на сигурноста, безбедноста и потребите на детето. Како резултат на тоа, детето се здобило со тешки телесни повреди на телото и главата со кои бил доведен во опасност неговиот живот и на 07.07.2018 година било примено на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Во рамки на предистражната постапка, надлежен јавен обвинител сослуша повеќе сведоци и ја испита осомничената. Беше издадена Наредба за утврдување на психијатриската состојба на осомниченото лице, како и Наредба за вештачење на видот и карактерот на повредите кај детето.До овој момент не е утврден идентитетот на лицето што директно ги нанело повредите кај детето, но надлежниот јавен обвинител и натаму презема дејствија за утврдување на фактите и доколку се утврди кривична одговорност на конкретен сторител и против него ќе биде поведена постапка.Од страна на Центарот за социјални работи на детето му е одреден привремен старател и тоа е згрижено во Домот за доенчиња во Битола.

Скопје | пред 7 години

UaYct-

Татко и син под истрага за неовластено држење оружје и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син. За таткото постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Неговиот син, пак, е осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.Имено, на 22.11.2018 година, при претрес на домот на осомничениот татко во селото Кучково, било утврдено дека тој кај себе неовластено држел огнено оружје – пиштол „Црвена застава” со калибар од 7.65мм и сигнален пиштол М50, поголемо количество муниција – куршуми од различен калибар, како и експлозивни материи чија употреба е забранета – рачна бомба модел Н38, едно погонско полнење на ракети модел ПГ 7, како и еден котур со детонаторски фитил.При претресот кај осомничениот била пронајдена и наркотична дрога марихуана со нето маса од 0.80 грама и вага со траги од наркотична дрога.На истиот ден бил извршен претрес и во домот на неговиот син во Скопје, кај кого била пронајдена наркотична дрога марихуана со нето маса од 60.8 грама.Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор на осомничените.

Скопје | пред 7 години

poster

Доделување на наградите на 9.Мобил фестивал

Со доделување на наградите на најдобрите филмови снимени со мобилен телефон, утре (24 ноември) во 17 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде затворен 9. „Мобил фестивал“. Ќе бидат доделени наградите за најдобрите филмови во македонска и во меѓународна селекција. Авторот на најдобриот филм ќе добие стипендија од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје.Од вкупно 750 пријавени филмови од автори од цел свет, тричлено жири ја направи селекцијата на десетина филмови што ќе бидат прикажани, а ги избраа и најдобрите наслови во четири категории.Филмовите ги оценуваа: Весна Ристовска, режисер, Сашо Павловски, режисер, продуцент и Гораст Цветковски, актер.Ќе бидат доделени наградите во следните категории: награда за најдобар филм „Ратка Илиевска- Лале“, награда за најинвентивен филм, награда за најоригинална приказна и награда за најдобра идеја.Под мотото „Сонувај многу, почни од малку“ (Dream big, start small), во изминатите два месеца добивме интересни филмови од цел свет, како и од Македонија. Ги охрабруваме авторите да создаваат филмови и видеа со мобилен телефон и да ни ги испратат и за јубилејното 10.издание на фестивалот.Во рамките на фестивалот беа прикажани два играни филма „Планинско чудо“ и „Помош, ја смалив учителката“, а се одржа и работилница за изработка на филмови со мобилен.Фестивалот го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и медиа“ од Скопје.

Магазин | пред 7 години

MFA_8353

Учество на министерот Никола Димитров на квадрилатералната средба во Солун

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос, учествуваше на четвртата четирипартитна средба на Министрите за надворешни работи на Република Македонија, Република Албанија, Република Бугарија и Грција, што се одржа на 22-23 ноември 2018 година, во Солун. Дискусијата на состанокот претставуваше континуитет на разменувањето на идеи и видувања околу можностите за натамошно унапредување на регионалната соработка. Во фокусот беа прашања врзани со европските интегративни перспективи на земјите од Западен Балкан и иднината на Европа, како и други актуелни теми во области од заеднички интерес. На состанокот се дискутираше и за темите поврзани со значењето од економската соработка, инфраструктурната и енергетската поврзаност и унaпредувањето на прекуграничната соработка меѓу соседите.Министерот Димитров, истакнувајќи ја определбата на Република Македонија за градење добрососедска политика, се осврна на активностите кои ги презема нашата земја како придонес во заедничките напори за обезбедување регионална стабилност и просперитет, а изнесе свои видувања и конкретни иницијативи околу идните перспективите на натамошната соработка. Тој рече: “Нашата соработка во Регионот е корисна за нашите општества. Ако можеме да ги усогласиме нашите интереси, тоа ќе ни помогне нас, но ќе и’ помогне и на Европа". Димитров оствари и одвоени билатерални средби со министерката на Република Бугарија, Екатерина Захариева како и со домаќинот, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос. Со министерката Захариева разговараа за взаемните односи и перспективите за економски развој преку соработка на двете земји, како и чекорите кои претстојат во однос на евроинтегративниот процес на Република Македонија. Со алтернативниот министер Катругалос се дискутираше во насока на зајакнување на билатералната соработка, со посебен акцент на прекуграничната соработа, преку конкретни економски проекти кои воедно ќе придонесат кон зближување на двете општества. Министерот Димитров даде изјави за присутните грчки и бугарски медиуми.На средбата, на која покрај Министрите за надворешни работи, учествуваа и Министри и високи претставници од Министерствата за економија на четирите земји.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Објавени конкурсите за поезија и плакат во рамки на 8-то издание на „100 Илјади поети за промена“

Манифестацијата „100 илјади поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ги распиша двата официјални конкурси за поезија и изработка на постер/плакат за годинашното осмо издание на фестивалот.Поезијата со која може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и на теми кои се поврзани со промените - глобално и локално. Секој автор може да учествува со по една песна.Покрај конкурсот за поезија, манифестацијата „100 илјади поети за промена“распиша и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот. Тематски тие може да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот…Авторите треба да ги праќаат песните и дизајнерските решенија на Фејсбук-страницата на оваа манифестација или на електронската адреса:  poetizapromena@gmail.com  најдоцна до 02 декември 2018.Пристигнатите дела ќе ги разгледуваат комисии, манифестацијата „Сто илјади поети за промена“ е меѓународна и оваа година опфати повеќе од 500 настани во над 100 земји во светот.

Магазин | пред 7 години

46720518_10155457147066706_9142753628103114752_o

„COOL HEATING“ - Проект за трајно намалување на аерозагадувањето

Проектот Cool Heating подразбира развивање на системи за централно греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија.Денеска, во Општина Карпош, градоначалникот Стефан Богоев потпиша Писмо за изразување на заложба на локалните чинители, проектот кој веќе е имплементиран во над 70 поединечни објекти во Карпош, да прејде во следна, повисока фаза на реализација, во која ќе се врзуваат во цели мрежни системи засновани на обновливи извори на енергија.Примарната цел е овој централен систем за греење и ладење да се имплементира во целосно нова еко - населба, како и во дел од установите на територија на локалната самоуправа.Овие системи базирани на обновливи извори на енергија се системи на иднината, кои ќе придонесат за намалување на аерозагадувањето, како еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваме.Изминатава недела се одржа и тематска конференција за овој проект на национално ниво, со цел да се доближи до пошироката јавност и да им се претстави на субјекти кои работат во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, заштита на животната средина и изнаоѓање и користење на обновливи извори на енергија.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Орбан: Груевски е мој сојузник, зад неговиот прогон стои Сорос

Организацијата на Џорџ Сорос стои зад прогонот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за радиото „Кошут“.Според Орбан, било нормално Будимпешта да му помогне на поранешниот македонски премиер бидејќи тој многу помогнал Унгарија да се одбрани од напливот на мигранти.– Станува збор за поранешен лидер на блиска земја, земја која имаше клучна улога за справување со нелегалната миграција. Без таа помош ќе беше многу потешко да се одбранат унгарските граници, Човек треба чесно да се однесува кон своите сојузници, рече Орбан, потенцирајќи дека тој и Груевски биле сојузници.Како што посочи, Унгарија веќе 30 години функционира како демократија, и ова не е прв пат да прима важни луѓе, но претходните случаи немале тежина како тој на Груевски.Истакна дека унгарските власти ќе ја гарантираат безбедноста на Груевски, кој како што вели, во Македонија се соочува со комплицирани битки.Прашан за барањето од Македонија за екстрадиција, Орбан рече дека Унгарија ќе обезбеди праведен третман на Груевски, а Владата нема да се меша во правните процедури што ги водат надлежните орани.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Скопје вчера 11 сообраќајки, шест лица лесно повредени

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и осум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека девет возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени осум возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, шест возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи пет биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и тројца возачи поради не поседување зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 65 мандатни платни налози и 57 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Исчезна 17-годишно девојче од Чаир

Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Чаир, А.А.(26) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 17-годишна сестра.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

„Македонија-Блокира“ до Пешевски: Со кој лик повикуваш на национално предавство и гласање за уставните измени

Педесетчлена делегација на „Македонија-Блокира„ синоќа беше пред домот на поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски да му предаде протестно писмо како реакција на неговото отворено писмо во кое ги повикува и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласат за уставните измени со кои се брише се што е македонско.-„Силно сме изненадени што и ти Пешевски се вклучуваш во националното предавство со повикот и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласат за уставните измени а што бара тука и овој кордон полиција да те чува од сопствениот народ. Со кој лик ја повикуваш на предавство и партијата ВМРо-ДПМНЕ која ти овозможи висока држава фунцкција десетина години иако стана нејзин член во моментот на добивање на функција. Идикативно е што во писмото бараш амнестијата да не важи само за 27 април, туку да ги опфати сите обвинети од СЈО, но, ти си обвинет за економски криминал или за проневера на 155 милиони евра за кинеските автопати. Значи, кај тебе нема политички прогон како кај 8-те пратеници, туку си обвинет за финансиски  криминал кој условно кажано лесно можеш да го докажеш оти или си проневерил или не си проневерил буџестки пари. Ако си невин и народот ќе те брани, ако си проневерил милони евра од буџетот и ние ќе те затвориме. Затоа, не ти е потребна таква авантура сега кога дел од 8-те пратеници се спремни за покајание и прошка. Не наседнувајте на лагите на Заев, ем ќе се гласа за уставни измени ем ќе ве затвори. На пролет ќе има избори, ќе има промени, ако сте невин и ти и политички прогонуваните пратеници и уставобранители ќе бидете на слобода, беше истакнато меѓудругото од говорниците Драган Угриновски, Јанко Бачев, Филип Петровски, Страшко Олумчев и Жарко Гроздановски.

Македонија | пред 7 години

IMG_20181122_105459-1170x658

Агенцијата за туризам предвидува зголемување на полски туристи и во 2019 година помеѓу 40 до 50 отсто

Македонија заедно со уште 500 изложувачи од 50 држави, три дена од 22-ри до 24-ти ноември ќе биде промовирана на 25-тото издание на меѓународниот саем за туризам во Варшава, “TTWARSAW”.Претставници на Агенцијата за туризам предводена од директорот Љупчо Јаневски, како и претставници од приватниот сектор, ресторан Острово Св Наум, ТА МакСан, ТА Савана, хотел Инекс Горица, општина Охрид, ТА Тајм то Травел и ТА Енџој Балканс, три дена ќе ги промовираат туристичките содржини на нашата земја пред полскиот туристички пазар.На саемот се одржаа состаноци со поголем број туроператори од Полска и туроператори кои веќе ја работат Македонија, како: “RegoBis”, “Rainbow Itaka” и “VisitBalkans”. Истите ќе ја збогатат програмата за Македонија во 2019г, односно дополнително покрај чартер летовите и кружни балкански тури, кружни тури да се понудат само во Македонија од 5 до 7 дена. На овој начин поголем број на полски туристи ќе ја запознаат Македонија и нејзините туристички атракции. Исто така голем број на полски туроператори изразија заинтересираност за манифестациите кои се одржуваат во нашата земја. Галичка свадба, Охридско лето, Струшки вечери на поезијата, филмскиот фестивал Манаки во Битола, Пиво фест, Вевчанскиот карневал, Струмичкиот карневал како и гастрономските фестивали и винските патишта се дел од настаните кои преку цела година ќе бидат доволно атрактивни за полските туристи.Директорот Јаневски на македонскиот штанд, одржа состанок со ТО Рего Бис кој се значајни партнери на Македонија, за зацврстување на нашата позиција на полскиот туристички пазар. Туристите од Полска бележат раст од 56% со остварени ноќевања кои се за 78% во пораст, за период јануари-септември 2018, споредбено со 2017г.Би сакале да потенцираме дека Агенцијата за туризам на саемот во Варшава учествува заедно со рекорден број на ко-егзибитори, на најголем репрезентативен штанд и посетители од македонскиот туристички сектор. Македонското пристутво беше збогатено и со македонскиот амбасадор во Полска, г-дин Васил Пановски. Агенцијата за туризам очекува да продолжи трендот на зголемување на полски туристи и во 2019 година помеѓу 40 до 50 проценти.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Денес без вода населба Пинтија

Денес поради уличен дефект од Ф-125мм на ул.Саса 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Пинтија до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

underfest

Конкурсот за млади музички таленти на Underfest фестивал сеуште во тек

Скопје добива нов урбан фестивал –  Undefest фестивал. Прогресивен, мултимедијален фестивал кој ги обединува музиката и уметноста и нуди тридневно комплетно уживање во сите сегменти од урбаната култура. Примарна цел на фестивалот е афирмирање на помалку познатите артисти, фестивал кој ги вреднува автентичноста и креативноста, и го отвара јавниот простор за младите и неетаблирани музичари и со тоа придонесува за нивна промоција.На 01 октомври оваа година Undefrest фестивал распиша конкурс, на кој што може да се пријават сите млади музичари кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност. Истите, своите податоци треба да ги испратат на електронската адреса info@underfest.mk најдоцна до 31.12.2018. Оние кои ќе ги бидат избрани, ќе настапат на фестивалот, каде ќе можат да го презентираат својот креативен труд и своите авторски дела.„До сега сме задоволни од интересот и одзивот на бендовите кои сакаат да настапат на овој фестивал. Како досега потврдени изедувачи би ги издвоиле: The Mole Pack, Kẽpurdhat, Класје, Replay, Илузија, Cruel, Fosfen, Vlado Yo, Tonal Noir, Фуснота и други. На Фестивалот исто така е предвиден и дел за помладата публика. Во тој дел ќе настапат младата и талентирана Јована Здравевска како и нашиот овогодишен претставник на детскиот Евросонг Марија Спасовска“, изјави претседателот на UNDERFEST, Бојан Трпевски.Фестивалот ќе се одржи од 5ти до 7ми април 2019 година, во просториите на Public Room, во Скопје, а влезот за сите фестивалски денови ќе биде бесплатен.

Магазин | пред 7 години

na-delo-768x443

(ВИДЕО) Познат штипски адвокат краде во дуќан

На видео снимките од безбедносните камери во дуќан за чанти, паричници и слично во Штип може да се забележи како еден познат адвокат и екс началник во полиција е фатен на дело како си „позајмува“ паричници и тоа не еден туку повеќе, пишува Прес центар . 

Македонија | пред 7 години

mijalkov-1

На Мијалков му се носи храна во соба , изолиран од безбендосни причини

Мијалков вечерта кога беше уапсен бил сместен во обична ќелија во притворското одделение, но по еден ден бил преместен во „хашка соба“, простории кои за разлика од останатиот дел во затворот имаат попристојни услови.Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски, на независен весник вели дека Мијалков бил преместен во хашка соба бидејќи над десет години бил на висока полициска позиција во земјава.„Лицето било функционер на високи позиции. И поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, беше сместен во хашка соба. Тие се ставаат во хашки ќелии бидејќи биле функционери на високи позиции во Управата за безбедност и контраразузнавање и на високи полициски функции, а внатре има криминалци што може завршиле во затвор во време на нивно функционирање. Целта е да се спречат некои несакани ситуации. Сметаме дека треба да биде поизолиран“, вели Котевски.Според официјалните изјави на раководството, досега немало никакви поплаки од Мијалков. Храната му се носи во соба и не ја зема со другите затвореници. Во истото одделение со него, но во различна соба, е неговиот бизнис-партнер, најбогатиот Македонец, Орце Камчев, додека поранешните високи функционери кои беа заедно на врвот со Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, се сместени во обични ќелии.извадок од текст на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Skopje-Interventional-Meeting-1-1392x987

Филипче: Клиниката за Кардиологија е еден од најголемите центри на Балканот

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче и директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија, Жан Зимбаков, утринава го отворија Skopje Interventional Meeting, настан кој е од круцијално значење за размена на знаења и искуства кај медицинскиот персонал, како и унапредување на медицинската експертиза.Во своето обраќање, министерот Филипче информираше дека Клиниката за Кардиологија, според бројот на срцеви интервенции и особено бројот на интервенции кај акутниот срцев удар, е еден од најголемите центри на Балканот.Дневно се изведуваат срцеви интервенции кај 30-тина пациенти, и 5-10 акутни срцеви удари. Истовремено клиниката има голем број на периферни интервенции, пред се каротидното стентирање и интервенциите на артериите на нозете.„Ова е резултат на работа на цел тим, не само од интервентни кардиолози, туку и ехокардиографисти, интензивисти, и голем средно медицински тим“, потенцираше министерот Филипче.Постојаниот развој на медицината бара следење на сите современи текови и затоа се организираат вакви собири, со присуство на врвни експерти. Денешниот симпозиум има за цел да се прикажат најновите препораки и достигнувања во периферните интервенции.„Очекувам од следниве два дена да произлезат многу нови знаења и заклучоци кои ќе ја подобрат здравствената заштита во областа на кардиологијата“, рече министерот Филипче.Министерството за здравство ги следи барањата на Клиниката за кардиологија и ги поддржува во нивниот развој. Во следниот период ќе се вложува во подобрување на капцитетите, зајакнување со нов кадар и опрема, како и воведување на нови и современи кардиолошки интервенции во секојдневната работа.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Вработен во Влада го оштетил буџетот за над 2 милиони денари

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, на вчера  поднесе кривична пријава против С. П. (51) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ, со што го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи во Владата на РМ за вкупен износ од 2.079.471,оо денари.Имено, С. П. во својство на службено лице вработен во Службата за општи и заеднички работи во Влада на Република Македонија, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување како самостоен референт-организатор за услуги со фиксната и мобилната телефонија,  во временскиот период мај 2012 до август 2017 година, на непознати лица дал на користење девет СИМ картички, сопственост на Службата за општи и заеднички работи во Влада на РМ, без притоа да подготви и  потпише реверси за задолжување со податоци и потписи на лицата, како и своерачно потпишани изјави од истите со кои се согласуваат во случај на пречекорување на ограничувањето на сметките за користење на телефонските броеви, разликата од утврденото ограничување и висината на сметката да им биде задржана од месечната плата. Понатаму,  кога  фактурите од Македонски телеком пристигнале за наплата на побарувањата по основ на остварените мобилни услуги за 9-те телефонски броеви, пријавениот како овластено лице задолжен да врши контрола и проверка на сметките на корисниците на службени мобилни телефони, иако знаел дека  телефонските броеви ги користат лица на кои што не им следуваат телефонски броеви и нема изработени и потпишани реверси, своерачно се потпишал и ставил печат дека е извршена контрола и дека нема забелешки.  

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во пожарот во Северна Калифорнија загинаа 84 лица

Американските власти соопштија дека бројот на загинати во пожарот во северниот дел на Калифорнија изнесува вкупно 84 лица.Огнот, познат како „камперски оган“, е совладан 95 проценти. Тој избувна на 8 ноември и го опустоши градот Парадајс, уништувајќи повеќе од 13.000 домови.Службата на шерифот на округот Бјут соопшти дека уште 560 лица се водат како исчезнати. Според властите, многу луѓе од списокот на исчезнати можеби се на безбедно и воопшто не знаат дека нивните имиња се на него.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Едно лице загина во оружена престрелка на грчко-албанската граница

Дилер на дрога бил убиен, а еден полицаец полесно повреден во оружена престрелка во близина на грчко-албанската граница, на околу 50 километри од градот Јанина. Според локалните медиуми од областа Епир, убиениот дилер бил албански државјанин, а полицијата трага по уште четири лица. „Околу 18 часот во областа Висани кај Јанина за време на полициска акција за случај со дрога и по оружена пресметка меѓу полицајците и криминалците, смртно беше повреден еден странски државјанин, а полесно повреден еден полицаец. Во околината беа пронајдени торби со дрога, соопштуваат од грчката полиција.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања