Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

DSC_5473-3

Османи: Естонија претставува модел на успешна европска приказна

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со нерезидентниот амбасадор на Република Естонија за Република Македонија, Даниел Ерик Шаер, кој по повод истекот на неговиот мандат е во посета на нашата земја.„Естонија претставува успешна европска приказна, модел од кој Македонија стекнува важни искуства, и чија континуирана поддршка има особено значење за нашите европски интеграции.“ - истакна Османи, изразувајќи искрена благодарност до амбасадорот Даниел Саер, за континуираната поддршка од неговата земја, но и за неговото лично залагање во изградбата на пријателството меѓу двете земји.„Македонија се наоѓа во последната подготвителна фаза пред почетокот на преговорите со Европската Унија, и во овој момент поддршката од пријателите има особено значење за нашиот успех“ истакна Османи, посочувајќи на напредокот во исполнувањето на обврските на земјава, како во имплементацијата на спогодбите со соседите, така и во адресирањето на реформските приоритети.На крајот од средбата Османи ја реафирмираше благодарноста на Владата за досегашната успешна соработка меѓу двете земји, посакувајќи му притоа успех на Н.Е. Ерик Шаер во неговиот натамошен професионален ангажман

Македонија | пред 7 години

mickoski

Отворено писмо до Христијан Мицкоски од страна на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ Демократска фракција во повеќе наврати досега преку соопштенија и изјави на нејзини членови, со добронамерни забелешки, сугестии и предлози се обрати до наметнатото раководство на ДПМНЕ, а сега и директно со отворено писмо до Христијан Мицковски како прв човек на тоа раководство.Дел од нашите досегашни предлози беа прифатени, а за жал поголемиот дел поради немање храброст се игнорирани или останаа во потсвеста.Господине Мицковски, без разлика на нашите спротивставени размисли и ставови по однос на одредени прашања, ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција во име на поубавата иднина на партијата и државата, максимално Ве поддржа за неслективно расчистување со криминалните партиски структури, кариеристи, прислужници, бандити, непринципиелни и дезидеологизирани персони желни за власт и сопствен комодитет. Иако ова го очекувавме од Вас и Вашето раководство веднаш по брзиот и нестатутарен конгрес во Валандово, сепак и задоцнетиот Ваш потег од пред неколку дена го поддржавме и го поддржуваме.Во оваа прилика сакаме да ви укажеме дека Вашата улога во овие случувања не смее да биде епизодна и селективна, туку треба да продолжи со истиот принцип и темпо кон сите кои се огрешиле кон државата, граѓаните и партијата. Притоа очекуваме од Вас и јавно извинување во име на партијата кон сите граѓани на Македонија за сето сторено зло, од изродите во нашата партија. Потребно е да се стави крај и да им се каже довидување на сите оние кои живееа и профитираа од државата и партијата.Жалиме за последиците кои во блиска иднина ќе ги трпиме сите ние како чесни членови на партијата, но истовремено сме среќни што исплива на површина криминалниот начин на водење на партијата, злосторствата, непринципиелноста и сите други аномалии на кои укажувавме сиве овие години, а кои не и доликуваат на партија со демохристијанска идеологија. За доброто на државата и партијата за сите директни и индиректни учесници и соучесници очекуваме фер судска разрешеница, а не амнестија. Амнестијата не треба да биде средство за собирање на дневно политички поени или пак давање лажна надеж на обвинетите и осомничените затоа што таа нема да се случи и истата ќе се врати како бумеранг поради досега погрешно водените и неискрени партиски политики исклучиво за спас на кожата на врховната партиска булумента.Г-дине Мицковски, Демократската фракција смета дека е потребен итен разговор и договор за новите стратешки, програмски и кадровски постулати кои ќе го возобноват компромитираното и руинирано партиско ткиво. Лажните и козметички промени и привидно единство не смеат да се дозволат бидејќи потребна ни е победа

Македонија | пред 7 години

otseluvanje

Се’ добро ќе се уништи во земјава, Македонија ќе биде пензионерска држава со иднина и просперитет

„ИДИОТИЗАМ ИЛИ ПАК...🤔После 5 години работа во градинката Павлина Велјанова на проектот Корективна Гимнастика во кој вложив многу труд,енергија,знаење,стручност,љубов,организација на 5 Детски Олимпијади дојде ред на база на оваа работа Министерството да одобри работно место......меѓутоа партиските ботови настапија и нели има назначено луѓе кој се задолжени да ја кројат нашата судбина и напредок😡,одлучуваат луѓе кој не ја познаваат оваа работа со 4 годишни деца, луѓе без никакви вредности и морал,достоинство ,полни со омраза,луѓе кој си ги гледаат само личните интереси и фотелја......Знаете ли чие име извикуваат децата на видеото? А они пак не се битни нели.....Родителите знаат ли каков кандидат е избран да ги учи нивните деца и со какво искуство или пак Дете ќе учи деца?По кој основ и компетентност е избран? Мојот придонес за овој град и држава (ако е овоа држава воопшто) се гледа преку Плакети, Благодарници,Дипломи, Селектор на Гимнастичка федерација....ама и тоа не е вредно партиска книшка е битна , некој ако напренднува во некоја област а не е од владејачката партија да се деградира во секој поглед, па ние нели ќе си фанеме странство оти за нас тука место нема, а и иде голем напредок со вакви сваќања ќе бидеме Пензионерска држава со иднина и просперитет“, напиша на социјалните мрежи Николче Колев.https://www.facebook.com/kolev.nikolce/posts/2191081757571740„Му се обраќам на ова младо момче кое добро си ја знае својата работа и си е мајстор на занаетот. Ако не знаете се вика Николче Колев. Тренер на ДГС Кочани и селектор на машката гимнастичка репрезентација на Македонија. Ако за некому НЕ за мене сето тоа МНОГУ кажува. Кока, со проектот што ТИ го започна во градинките внесе ренесанса во забавниот живот на дечињата од малите возрасти. Биди горд на сето она што го направи во тој период, но и главата горе, бидејќи знам дека ти си борец и верувам дека ќе победиш. за жал на ова парче земја што некои мислат дека е држава (имаше име и презиме само до 08. септември 1991 година) ваквите работи се секојдневни. Штета што менаџерите кои ги поставуваат не размислуваат со своја глава туку чекаат таму одозгора некој да им каже што и како. искрено познавајќи те знам дека погрешија и тоа многу. Не ме интересира воопшто кој е примен на твоето место кое ТИ го отвори на некоју начин но уверен сум дека бргу ќе си ја согледаат грешката. Главата горе Кока, бидејќи реков ти си борецот кој кога и да е ќе ја добие борбата“, реплицира Славчо Ивановски на објавата од Колев 

Коментари | пред 7 години

siromastija

Кој е најбогат и кој е најсиромашен во ЕУ

Бугарите, Романците, Грците и Хрватите се меѓу земјите кои имаат најголем ризик од сиромаштија во ЕУ.На врвот на листата на ризик се Бугарите, со речиси 39 отсто од населението на работ на сиромаштија, а најмалку загрозени се Чесите, кај кои само 12 отсто од населението живее на работ на сиромаштија.Финска и Словачка имаат мал ризик од сиромаштија, додека Словенија и Франција имаат солидна позиција со 17,1 отсто.Евростат покажува дека речиси 28 отсто од луѓето во Хрватска или околу 1,5 милион луѓе живеат на работ на сиромаштија или се сиромашни.Околу 20 отсто од населението е во опасност од сиромаштија по добивањето социјална помош, додека приближниот број од 10,3 отсто покажува колку многу луѓе не можат да си дозволат основни материјални добра неопходни за живот.Така што тие не можат да платат сметки или неочекувани трошоци, не поседуваат автомобил или телевизор, не консумираат храна богата со протеини на секои два дена, како што се риба или месо, и немаат пари за седум дена на патување и одмор.Во овој сегмент пред Хрватска во ЕУ се наоѓаат само Ирска, Грција и Белгија.

Свет | пред 7 години

kolacinja-so-kikiriki

Тинејџерка од Калифорнија замесила колачиња со пепелта од покојната баба

Тинејџерка од Калифорнија замесила колачиња со пепелта на покојната баба, па со ваквите бизарни слатки ги почестила другарите од одделението. Полицијата во моментов го испитува инцидентот.Американските медиуми пишуваат дека случајот во полиција го пријавил еден од учениците кој дошол со родителите и ја раскажал приказната за ужасните колачиња.„Таа девојка оди низ училиштето и им кажува на сите дека донела колачиња со човечка пепел“, кажал тој.Момчето објаснило дека сфатило оти девојката била сериозна кога директорот на училиштето и професорите го прашале дали јадел од колачите, по што го натерале да потпише изјава и да вети дека нема да зборува за проблемот со никого.„Ова е чуден инцидент. Не сум слушнал дека некој се разболел или дека колчињата на некој начин влијаеле врз здравјето не тие што ги пробале“ , вели полицаецот Пол Доросов.Иследниците не се сигурни дали воопшто постои криминал и како би можеле да го обвинат девојчето.

Магазин | пред 7 години

mvr

Полицајци пронашле хероин во домот на тетовчани, возач удрил велосипедист

На 24.10.2018 околу 14,20 часот, на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Б.Б.(25) од Тетово и велосипед што го управувал А.А.(37) исто така од Тетово. Повредениот велосипедист e пренесен во тетовската клиничка болница. Извршен е увид на местото на настанот.На 24.10.2018 година околу 18,30 часот, во непосредна близина на месноста „Шипковачки бачила“, под Попова Шапка, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ја пронашле и и пружиле помош на украинската државјанка Ф.О.( 21 ), која заталкала симнувајќи се низ шумскиот предел „Сидол“. Ф.О. кампувала во близина заедно со Ј.М.(27) од Германија и Р.Ц.(20) од Израeл. Тројцата, потоа продолжиле со кампувањето.На 24.10.2018 година од 16,30 до 17,20 часот Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на Ф.У.(36) од Тетово на улица „Штипска“ во Тетово. При претресот, реализиран со судска наредба, понајден е хероин, а кај Е.И.(38), исто така, од Тетово, кој бил со него, пронајдена е марихуана. Двајцата се лишени од слобода и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Вчера пајак-службата подигнала 74 возила, а казнети се 20 возачи

Во текот на вчерашниот ден (24.10.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои  пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со телесни повреди.Од преземените мерки и активности констатирано е дека 20 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, девет возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и еден возач поради неносење заштитен шлем (кацига).Во однос на пешаците санкциониран бил еден пешак поради поминување на коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 91 мандатен платен налог и 74 возила се подигнати со специјално возило "пајак", соопштуваат од МВР

Скопје | пред 7 години

svr-ohrid

Две лица сослушани заради закани кон пратеникот Љубен Арнаудов

Две лица од Охрид кои беа блиски до пратеникот Љубен Арнаудов се приведени во полициската станица во Охрид.Тие се приведени поради наводни упатувања закани по безбедноста на пратеникот Арнаудов.На пратениците постојано им се зајакнува полициското обезбедување околу нивните домови во Охрид, а ги придружува и полициско обезбедување при нивното движење.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид, поради објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ од Кривичниот законик на Република Македонија.По насоки на Основното јавно обвинителство Охрид, на 22.10.2018 година М.К. е повикан во полициска станица, каде појаснил дека објавата ја направил од својот мобилен телефон. Мобилниот телефон е одземен за понатамошно вештачење.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk

Македонија | пред 7 години

ris

На магистралата Кичево-Охрид прегазен примерок на балкански рис

На магистралниот пат Кичево – Охрид овие денови беше најден прегазен примерок од балканскиот рис.Телото на животното било најдено кај месноста Славеј Планина, соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД), наведувајќи дека за прегазеното животно добиле повик од член на ловното друштво „Питон“, но и покрај напорите да му се укаже прва помош на животното, тоа починало од повредите на пат кон ветеринарната клиника во Скопје.МЕД е организација која 12 година работи на зачувување на балканскиот рис како критично загрозено животно според критериумите на Светската унија за заштита на природата.Од МЕД истакнуваат дека состојбата со балканскиот рис во Македонија се уште е критична и оти последната проценка е дека ова животно брои не повеќе од 50 возрасни единки.„Овој трагичен настан уште еднаш ја покрева иницијативата за отворање на прифатен центар за диви животни во Македонија којшто ќе има голема улога во спасување на повредени диви животни и во којшто ќе треба да работат обучени ветеринари и биолози за работа со диви животни“, велат од МЕД.

Македонија | пред 7 години

tunel

Маск го најави отворањето на првиот тунел под Лос Анџелес во декември

Eлон Маск го најави отворањето на првиот тунел под Лос Анџелес за 10 демеври.Брзиот транзитен тунел кој компанијата Boring Company го копа под Лос Анџелес ќе биде отворен на 10 декември, потврди основачот Илон Маск. Тој преку Твитер го потврди отворањето на тунелот, како и бесплатно возење на јавноста наредната вечер.Тунелот со должина од 3,2 километри, кој се наоѓа под седиштето на компанијата SpaceX во Калифорнија, е доказ за одличниот концепт за подземен јавен транспортен систем чија цел е да се транспортираат патници и возила под патиштата кои се закрчени од сообраќај, а за тоа ќе се користат електрични платформи наречени „скејтови“. Скејтовите теоретски ќе транспортираат од осум до 16 патници или едно патничко возило преку магнетна шина со брзина до 250 километри на час.Во август Маск објави фотографија од Model S во истиот Hawthorne тунел, а во јуни компанијата беше избрана да изгради брза транзитна врска меѓу центарот на Чикаго и меѓународниот аеродром Охаре. Boring Company соопшти дека ќе направи друг тунел во Лос Анѓелес. Маск минатата година кажа дека се надева дека ќе ги поврзе Њујорк и Вашингтон со подземен hyperloop и доби одобрение од администрацијата на Доналд Трамп.

Свет | пред 7 години

USA-China

Хоџес: За 15 години САД би можеле да завојуваат со Кина

Поранешниот командант на американските сили во Европа, генерал полковник Бен Хоџес изјави дека САД би можеле да завојуваат со Кина.– На Америка и е потребен многу силен европски столб. Мислам дека за 15 години, а тоа не е неизбежно, постои голема веројатност дека ќе завојуваме со Кина, истакна Хоџес на вчерашниот безбедносен форум во Варшава.Тој додаде дека САД немаат доволно капацитети да направат се што мораат во Европа и на Пацификот за да се изборат со киенската закана.Генерал Хоџес оцени дека европските сојузници мора да работат на зајакнување на сопствената одбрана поради Русија, бидејќи САД ќе се фокусираат на одбрана на своите интереси на Пацификот

Свет | пред 7 години

makron

Макрон: Подготвени сме да воведеме санкции за убиството на Кашоги

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со саудискиот крал Салман изјавил дека Франција е подготвена, во соработка со партнерите, да воведе „меѓународни санкции“ против одговорните за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.Како што соопшти Елисејската палата, Макрон побарал од кралот да ги расчисти сите околности кои довеле до убиството на новинарот.– Макрон го потсети Салман дека еден од главните приоритети за Франција е заштита на слободата на истражување, на медиумите и граѓанските слободи. Според него, Франција нема да се двоуми, во соработка со своите партнери, да воведе меѓународни санкции за виновниците за убиството-се наведува во соопштението од Елисејската палата.Кашоги, критичар на саудиското кралско семејство, кој живееше во САД, исчезна на 2 октомври откако влезе во Генералниот Конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, каде отиде по документи за склучување брак.Ријад во првата реакција соопшти дека Кашоги (59) го напуштил Конзулатот, за подоцна, под меѓународен притисок, да ја смени изјавата дека новинарот го загубил животот во тепачка во Конзулатот.Турските медиуми јавија дека новинарот е малтретиран до смрт.

Свет | пред 7 години

pozar

Голем шумски пожар на Халкидики

Голем шумски пожар изби околу шест часот утрово во областа Сарти – Ситонија на вториот крак на Халкидики, а силниот ветер бргу ги прошири огнените јазици.Како што јави дописничката на МИА од Атина во гаснењето на пожарот учествуваат 60 пожарникари со 30 возила, три екипи од пешадија и четири авиони.Гори борова шума, а силниот ветер дополнително го отежнува справувањето со огнените јазици.Според локалните медиуми, пошироката област каде што изби пожарот, е покриена со чад, а во Сарти има прекин на електрична енергија и на мрежат на мобилните оператори.За сега, според истите информации пожарот е далеку од населените места.

Свет | пред 7 години

granica

Тројца повредени во нов инцидент на границата БиХ – Хрватска

На граничниот премин Маљевац синоќа дојде до уште еден инцидент со мигрантите, во кој се повредени најмалку три лица, од кои едно е припадник на Граничната полиција на Босна и Херцеговина.Мигрантите почнале да се туркаат меѓу себе, но и со граничната полиција откако ги преместија шаторите кои претходно ги поставија на територијата меѓу БиХ и Хрватска.Шаторите насилно се преместени на стотина метри од мостот на кој хрватската полиција постави кордон, поради тоа што некои мигранти со предмети фрлаа кон хрватските полицајци.Претходно беше најавено дека граничните полицајци се обидоа да воспостават нормален сообраќај на преминот Маљевац, со надеж дека ќе се договорат со мигрантите.Ова не е е прв инцидент, бидејќи во текот на вчерашниот ден тројца мигранти се здобија со полесни телесни повреди во судир со полицијата на преминот Маљевац, во Велика Кладужа, а меѓу нив имаше и едно дете.Еден полицаец од БиХ исто така е полесно повреден.Хрватската полиција од другата страна на границата ја набљудува состојбата по воздушен пат, а покрај мостот е поставен и воден топ во случај мигрантите да одлучат да тргнат.

Свет | пред 7 години

fond

Се зголемува дупката во пензискиот систем, потребни реформи

Средствата што државата ги дава за Фондот за пензискo и инвалидско осигурување за редовна исплата на пензиите постојано се зголемуваат, иако податоците покажуваат дека низ годините се зголемува бројот на корисници на пензија, но и бројот на вработени. Експертите предупредуваат дека се неопходни реформи за постигнување одржливост на пензискиот систем, нешто на што работи и Министерството за труд и социјална политика. Некои од нив сметаат дека е потребно зголемување на старосната граница, но во комбинација со минимално зголемување на процентот за придонеси. Иако неодамна имаше информации дека бизнис-заедницата ќе бара зголемување на старосната граница за пензионирање, од МТСП се децидни дека не размислуваат за таква мерка.– Министерството за труд и социјална политика не размислува да ја зголемува старосната граница за пензионирање и тоа нема да биде дел од пензиската реформа. Анализите за реформата се во тек и она што можеме да го кажеме во овој момент е дека реформата опфаќа пакет-мерки за стабилизирање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но ниту една од нив не се однесува на покачување на старосната граница за пензионирање, велат од Министерството.Во прилог на тврдењата дека постојано се зголемуваат  средствата од буџетот за ПИОМ одат и податоците на предложениот буџетски ребаланс  за годинава, согласно кој, како што посочуваат од Владата, е предвидено алоцирање дополнителни средства во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб, обезбедување дополнителни средства во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на правото на здравствена заштита и боледувања, како и дополнителни средства за Агенцијата за вработување на Република Македонија за исплата на надоместокот врз основа на невработеност.Ако се погледнат податоците од Фондот за ПИОМ, на пример, во 2011 година изворни биле 61,5 отсто од приходите, во кои најголем дел отпаѓале на придонесите, а 35,7 отсто биле директна поддршка од буџетот.  Тогаш вкупните приходи биле приближно 44 милијарди денари. За разлика од тогаш, податоците на ПИОМ покажуваат дека во 2017 година, изворни приходи на Фондот биле 54,52 отсто, а тој се надополнува со 43,57 отсто средства од буџетот. Висината на приходите лани била 65 милијарди денари.Споредените години, според податоците на Државниот завод за статистика, пак, покажуваат дека во 2011 година имало околу 642 илјади вработени лица, а во 2017 околу 730 илјади вработени. Податоците на ПИОМ покажуваат дека во 2011 година има 281 илјада корисници на пензии, а 2017 година 312.398 корисници на пензија.Се гледа дека има зголемување на пензионерите, но се зголемува и бројот на вработени. Тогаш се поставува прашањето од каде се јавува потребата за повеќе средства како буџетска поддршка за исплата на пензии, дали се должи на зголемувањето на пензиите или на помала наплата на средства од придонеси.Секако мора да се забележи и податокот дека голем дел средства од придонесите се издвојуваат и за таканаречениот втор пензиски столб, иако од него сѐ уште не се исплаќаат пензии, а првиот помасовен бран пензионирања се очекува околу 2025-2030 година. Од придонесите за ПИОМ што изнесуваат 18 проценти, 12 се во ПИОМ, а шест во приватните пензиски друштва.Во моментов за 2018 година 6,5 милијарди денари одат во овие две пензиски друштва на годишно ниво. Според податоците на МАПАС, во нив има 500 илјади члена, а вкупните средства што во овие две пензиски друштва се акумулирани од нивното формирање досега изнесуваат околу една милијарда евра.Проблем за ПИОМ да може да собира доволно средства од придонеси на вработените е и постојаното стареење на населението, но и иселувањето на младите од земјава. Иако се шпекулира за голема бројка иселени од Македонија, ниту една државна институција нема точна бројка колку навистина се заминати.Во првото тримесечје од земјава статистика објави податок дека првпат во историјата на следење на статистичките податоци во РМ бројот на умрени стана поголем од бројот на родени.За овој податок во интервју за МИА објавено пред неколку месеци директорот на ДЗС, Апостол Симовски, рече дека е очекувана последица.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Европски ден за граѓанска правда

Основниот суд Скопје 2, Нотарската комора  и Комората на медијатори  денеска со низа активности ќе го одбележат Европскиот ден за граѓанска правда.Основниот суд Скопје 2 организира отворен ден за граѓаните во свечената сала Врховниот суд на РМ, со цел тие да се запознаат со начинот на остварување на нивните права во судските постапки.– Нашата мисија е владеење на правото, ефикасна и достапна правда за сите граѓани, стои во соопштението од Судот.И Нотарската комора на Република Македонија ќе се приклучи во одбележувањето на Европскиот ден за граѓанска правда преку организирање отворен ден во сите нотарски канцеларии низ државата.– Нотарските канцеларии ќе бидат отворени за граѓаните во текот на цело работно време за да можат одблиску да се запознаат со работата, надлежностите и одговорноста која ја носи нотарската професија, постапките во кои би можеле граѓаните да се најдат пред нотарите, како и други прашања поврзани со нотаријатот како институција која е дел од правосудниот систем во државата, се наведува во соопштението од Нотарската комора.Нотаријатот во Република Македонија како важен сегмент во правниот систем на државата и во иднина, како што посочуваат од Комората, ќе ги поддржува ваквите активности се со цел обзебедување поширок пристап до правдата на граѓаните.По повод Европскиот ден за граѓанска правда, Комората на медијатори на РМ во заедничка соработка со Институтот за Европска Политика (ЕПИ) и Центарот за правни истражувања и анализи, организира промотивен настан за медијација на отворено, во непосредна близина на Дом на АРМ во Скопје.– Сите заинтересирани ќе можат да бидат информирани за процедурите, предностите и придобивките од примена на постапката на медијација во решавање спор како и за улогата на медијаторот, преку непосредни разговори со медијаторите: Љупчо Сотироски, Бранко Ушковски, Роза Алексова, Фросина Кипровска Лукиќ, Дејан Белевски, Славе Младеновски, Илија Манасиев, Гордана Атанасова, Надежда Неделковска, Маја Ристовска Стојановска и Ирена Цветковска, како и од претставниците на Институтот за Европска политика и Центарот за правни истражувања и анализи, информираат од Комората за медијатори.

Скопје | пред 7 години

SARA

Хуманитарен настан за Сара во Зоолошка градина Скопје

Во сабота во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за малата Сара Настеска од Охрид.Од 12:00-15:00 посетителите ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со Дизни ликовите Мики и Мини Маус, а притоа и да донираат за Сара на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж.Во Зоо Скопје веќе неколку дена е поставена и кутија за донации, па и на самиот влез граѓаните може да донираат и да бидат хумани.Да се обединиме сите за Сара.

Скопје | пред 7 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Претседателски избори се спремаат за во март или април

Премиерот Зоран Заев верува во полн четиригодишен мандат и не смета дека треба да има предвремени парламентарни избори, но оти за тоа се важни и опозицијата, албанските политички партии и пред сѐ, Парламентот.– Го знаете мојот став, освен ако е насушно е потребно, неопходно и било кои големи фактори тоа го предизвикаат, тогаш би отишле на избори. Јас верувам во полн мандат, пред сѐ заради економијата, заради бизнисот, заради сите институции, заради граѓаните да можат да испланираат конечно после долги години четиригодишен мандат, а тоа значи и успех и развој и свекупен раст – рече Заев одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Стоби.Тој додаде дека изборите ќе беа неопходност ако ова во Парламентот не беше возможно.

Македонија | пред 7 години

apasiev

Апасиев: Не се плашете, СДСМ и Заев тоа го сакаат

Професорот Димитар Апасиев ја јавноста и порача да не се плаши, бидејќи власта тоа го сака. Според него целиот репресивен апарат обвинителство, полиција, судии, инспекторати, комисии, рекетари во Македонија е активиран за да се плаши народот, а со тоа впрочем СДСМ и Заев го покажуваат својот страв. Апасиев истакна дека иако го имаат странскиот грб мафија, ЦИА, тајни служби, комесари и сл. сепак народот игра на домашен терен.„НЕ ИМ СЕ ПЛАШЕТЕ!Тоа го сакаат. Затоа го имаат впрегнато цел репресивен апарат (обвинителство, полиција, судии, инспекторати, комисии, рекетари…). Тоа доволно говори дека и те како се упрпани. Оти и они не се недоветни. Знаат дека ова што го прават е антидржавен криминалитет и кад-тад ќе си лежат. А тоа шо имаат странски грб (мафија, ЦИА, тајни служби, комесари и сл.), не значи дека не можеме поштено да ги „истепаме“ додека да им дојде помошта.Оти запамтете: Играме на домашен терен!“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 7 години

tramp-1

Трамп повторно ги прогонува медиумите и противниците

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги обвини своите противници и медиумите за турбулентното политичко опкружување во земјата. Ова се случува на денот кога бомби  беа испратени во домот на Обама, семејството Клинтон и други јавни личности, јави CNN.Трамп самиот не ја презеде одговорноста за тонот на политичките дискусии, истакнаа од телевизискиот канал.Американскиот претседател ги обвини медиумите за “бесконечно непријателство” и ги повика да користат порезервиран тон. Коментарот беше направен во Висконсин, праашан  за испораките на бомби упатени до истакнати претставници на Демократската партија.Тој, исто така, изрази незадоволство од демонстрантите против номинацијата на Брест Кавана за врвен судија и против рестораните кои одбија да им служат на претседателските пратеници.Трамп истакна дека никој не треба да ги спореди своите политички противници со историски негативци, за кои смета дека постојано се случуваат. Според него, несогласувањата може да се надминат мирно додека луѓето одат на гласање.Криминализирањето е  на медиумите со нивниот тон,па  тој ги повика да придонесат за приклучување на Американците.Трамп, исто така, ја критикуваше даночната политика и прописите што ги воведоа демократите.По критиките на неговите противници, тој изразил одобрение за своето однесување.“Патем, ќе видите колку добрини  имам вечерва, дали сте го виделе и слушнале  ова пред тоа?” Сите ние се однесуваме многу добро “, и рече тој  на толпатаОд друга страна , шефот на Си- Ен-Ен, Џеф Цукер, го обвини Трамп дека не ги проценува импликациите на неговите зборови и не разбира колку далеку оди со напаѓаањата врз медиумите.

Свет | пред 7 години

20181025090022

Приведен уште еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ

Четири лица од Демир Капија, меѓу кои и поранешен градоначалник и претседателoт на Советот на општината, се приведени на информативен разговор во Финансиската полиција.Тракче Димитриев реновирал објект со 500.000 евра пари од Европската унија, а потоа го продал за околу 30.000 на близок роднина за истиот да отвори казино.Од Управата за финансиска полиција за МИА потврдија дека лицата се приведени и дека се врши информативен разговор и оти по разговорот во соработка со јавно обвинителство ќе се одлучи за понатамошна постапка.Секторот за внатрешни работи Велес годинава поднесе кривична пријава против Трајче Димитриев од Демир Капија за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“. Тогаш беше наведено дека за време на предизборна кампања за Локални избори 2017 година, спротивно на одредбите од Изборен законик, донел решение во кое ја одобрил нелегалната одлука на советот на Општина Демир Капија, за одобрување на финансиски средства за покривање на трошоци за добивање на дозволи за сеча на огревно дрво на 20 социјално најзагрозени семејства од село ДренТој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

rapoer

ВИДЕО: Канадски рапер падна од авион додека снимал спот

Канадскиот рапер Џон Џејмс Мекмареј (34) загина при снимање на музички спот додека рапувал на крило на авион. Канадската полиција на провинцијата Британска Колумбија соопшти дека Мекмареј загинал додека работел со тимот кој изведувал акробации со леталото во саботата, пренесува „Асошиејтед прес“.Менаџерот на Мекмареј, Рајан Дероче, рекол дека раперот интензивно вежбал за акробациите, но кога застанал на крилото на авионот тој се накосил на едната страна. Мекмареј тогаш паднал и се фатил за крилото, но не успеал да се додржи. Тој се пуштил од авионот, а кога се обидел да го активира падобранот веќе било доцна. Паднал на земја и починал на самото место. Авионот и пилотот подоцна слетале безбедно.

Свет | пред 7 години

besa

Движењето Беса ги образложи своите четири предлози за промена на Уставот

Пратениците на Движењето Беса предлагаат до Владата четири амандмани при изготвување на нацрт-предлогот за уставните промени кои ќе се достават во Собранието. Од партијата бараат албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот, државата да се грижи за сите свои граѓани во дијаспората и претседателот на државата по второто гласање закон или друг акт во Собранието да нема право на вето.Нивната прва сугестија е во делот на преамбулата, односно да се врати предлогот кој беше усвоен од потписниците на Рамковниот договор од 2001 година, каде Македонија е дефинирана како рамноправна држава на сите граѓани.„Охридскиот рамковен договор е потпишан во 2001 година преку дијалог и компромис од сите четри политички лидери во тоа време. Содржината на преамбулата согласно со Рамковниот договор беше тотално изменета и во постапката за уставни измени е усвоено сосема нова преамбула на уставот која е и денес во правна сила. Првичниот предлог на уставните измени од 2001 година кој е доставен до Собранието на Република Македонија е вистинскиот модел според кој треба да се изгради иднината на оваа држава, како граѓанска држава, со рамноправни граѓани и етнички заедници“, објаснуваат од партијата и додаваат дека со една ваква интервенција би се гарантирале еднаквите права и обврски на сите граѓани кои живеат во Република Македонија.Од Движењето Беса сугерираат и амандман 5, точка 1, параграф 1, од Уставот на Република Македонија да се преформулира на следниот начин:„На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, како и албанскиот јазик и неговото латинско писмо“.Појаснуваат дека со предложената промена ќе се овозможи отстранување на пречките и дилемите и се овозможува употребата на албанскиот јазик како службен јазик.„Со договорот од Преспа се заштитува и гарантира идентитетот и јазикот на македонскиот народ, што за нас е неспорен факт, но од другата страна во постоечкиот устав имаме една подредена ситуација врзана за албанскиот народ во делот каде се регулира употребата на албанскиот јазик со ограничување со дефиниција на ‘проценти’, а не преку прифаќање на идентитетот и јазикот на албанскиот народ“, наведуваат од партијата.Понатаму, од Движењето Беса бараат во член 49 од Уставот да се допрецизира дека Република Македонија води грижа за своите граѓани кои живеат надвор од територијата на Република Македонија, еднакво за сите етнички заедници.„Дијаспората е големо богатство што го има една држава така што сите придобивки кои доаѓаат од истата никогаш не се за само една етничка заедница, туку истите се одразуваат добро кон сите граѓани. Имајќи го предвид фактот дека дијаспората активно учествувала во сите значајни процеси за државата и истата е неодвоив дел и секој обид да се фаворизира една етничка заедница, не е во согласност со демократските вредности за еднаквост на сите граѓани, па така и на дијаспората“, сметаат од партијата.Исто така, оттаму сугерираат и промена на член 75, параграф 3 и 4 со цел на претседателот на државата да не му се овозможува да ги блокира законите што се усвоени по второ гласање во Собранието.„Свесни сме дека само во последната година претседателот на државата во два случаи одби да го потпише указот за прогласување на законите иако согласно со Уставот беше обврзан. Со самото тоа се генерираат неповолни ситуации и институционални политички кризи, создавајќи тензична политичка клима, како што е случајот со непотпишувањето на указот за законот за јазиците или указот за усвојување на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“, образложуваат од Движењето Беса.Оттаму сметаат дека со овие интервенции на Уставот би се овозможило непречено функционирање на Собранието како највисок законодавен орган во рамките на правниот систем.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Амнестијата не му одговара на ДПМНЕ

Една искусна и многу почитувана правничка некни ми го претстави своето размислување за моделот на амнестија што би можел да се примени во Македонија. Тоа, отприлика, би одело вака…Прво, судењето за 27 април да се дотера до својот логичен, правен крај, барем на ниво на првични судски пресуди. Тоа, секако, ќе потрае уште неколку месеци, најверојатно до претседателските избори идната пролет. Тогаш, како резултат на поширок политички консензус за „национално помирување“, новоизбраниот претседател (откако претседателски и формално ќе се „упокои“ Иванов) би можел да покрене постапка за помилување на осудените и тоа само на оние кои „соработувале со правдата“, кои ги признале делата за кои Обвинителството има доволно докази против нив, а кои помогнале и во комплетирањето на целата слика за инспирацијата, организацијата и спроведувањето на планот за државен удар пролетта 2017 г.За оние кои ќе се докаже дека стојат на чело на тој опасен заговор (вклучително и инстанци што сè уште не се обвинети во процесот за 27 април), помилувања не би имало. Впрочем, новиот претседател на државата и онака мора да направи поединечни, поименични акти на помилување, со образложение за секого од осудените кој ќе се најде опфатен во оваа политичка иницијатива.На тој начин би се сочувал правниот интегритет на македонската држава, а иницијативата за простување и помилување би имала некаква цивилизирана политичка рамка што не би ја уништило и домашната и меѓународната претстава за Македонија како рамноправна членка на НАТО (до тогаш, државата ќе стане членка на Алијансата) и сосема не би ја спречила реформата за усвојувањето (еден убав ден) на високите стандарди за состојбите во правосудството на кои инсистира интегративниот процес во ЕУ.Ваквиот план, можеби, би можел да биде добра основа за постигнување на политички договор во Собранието низ дебатите кои таму се планираат на тема на меѓусебните „простувања“.Ова, се разбира, е неприфатлив план за „зовриените глави“ кои сега управуваат со ВМРО-ДПМНЕ. Тие сакаат нешто, сега и овде, ако може уште вчера, што ќе му нанесе мортална штета на СДСМ и на омразениот Заев, откако во еден централно-комитетски полноќен потез го отпишаа Мијалков и целата криминална метафора („Фамилијата“) што ја претставува нивната партија во македонската политичка реалност од нивната свест, потсвест и надсвест – и му го „увалија“ на „хунтата на Заев“!Чирибу-чириба, ДПМНЕ се реформираше! И точка!Од таква позиција на политички новороденчиња, раководството на таа партија сега вели дека нив не ги интересира никаков собраниски процес на помирување – напротив, тие наскоро ќе дадат свој предлог на закон за амнестија. А, ако тој не се прифати, Македонија нека му ја мисли!Всушност, се чини дека на Мицкоски токму и му одговара да пропадне иницијативата за „простување“, па уште и предложена од Заев. Што ќе му се нему помилуваните и амнестираните?! Па, навистина, сè се тоа луѓе на Фамилијата, повеќето на самиот Мијалков – замислите тие да му се вратат на Мицкоски во тазе реформираната и декриминализирана партија?! Со три шлаканици наоколу ќе воведат ред и поредок, Александар Николовски со едно „бууу!“ ќе го истресат од гаќи, а Мијалков следниот викенд ќе им отвори казино, како депанданс на „Мериот“, во салата за состаноци на ЦК на ДПМНЕ…Тоа е причината поради која може да се очекува делот на сегашното ДПМНЕ во опозицијата да го опструира процесот на меѓусебно „простување“, околу кој, според интерпретацијата на мицковистите, се изгради дветретинското „уставно“ мнозинство во Собранието. Всушност, кога добро ќе се размисли, неуспехот на тој процес е витален елемент за зацврстувањето на власта на Мицкоски во неговата партија, а можеби и за рушење на создадениот консензус за Договорот од Преспа. Две во едно!Затоа, треба да се очекува дека предлогот на законот за амнестија што ќе го понуди Мицкоски ќе биде сосема неприфатлив дури и кога СДСМ би се преименувало во Милостиво здружение „Мајка Тереза“. Така, ем мицковистите ќе се пуваат дека токму тие инсистирале на амнестија, ем амнестија нема да има, за што ќе ги обвинат СДСМ и „предавниците“ од своите редови.Не им е лоша стратегијата. Може да им заврши некоја работа, на краток рок.А и ние, искрено, нема нешто да паднеме во севдах заради пропаднатата амнестија…Извор: Цивил медиа

пред 7 години

natasa-beklavac

Наташа Беквалац доживеа сообраќајна незгода

Наташа Беквалац доживеа сообраќајна незгода на излезот од Нови Сад. Во возилото во тој момент, покрај пејачката се наоѓале и бебето Катја и дадилката.Беквалац тргнала на пат за Белград, кога во нејзиниот автомобил удрило друго возило. За среќа ударот не бил толку силен за да дојде до потешки повреди.„Да имаше судар. Наташа се упати од Нови Сад кон Белград, за да ја однесе малата Катја во Центарот за социјални работи. Таа остана на лице место на незгодата, за да биде извршен целосен увид, но најважно од се е дека Катја, дадилката и таа се добро и дека немаат никакви повреди“, соопштија од нејзиниот пијар тим.  

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања