Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

grabez

(Видео) Вознемирувачка приказна од Нов Зеланд: Татко кој исчезна со трите деца снимен при грабеж

Новозеландската полиција објави нова снимка од надзорна камера за која верува дека прикажува човек кој пред речиси четири години исчезна во дивината заедно со своите тројца деца.На ноќната снимка се гледаат две лица целосно облечени во заштитна облека. Полицијата е убедена дека станува збор за Том Филипс и едно од неговите деца. Се забележува како тие провалуваат во продавница, а потоа заминуваат со квадроцикл. Детективот Енди Саундерс на прес-конференција изјави дека од продавницата однеле „неколку намирници“.Филипс во декември 2021 година избегал во дивината со своите деца Ембер, Маверик и Џејд, откако го изгубил законското старателство врз нив. Оттогаш трае потрагата по семејството. Полицијата се надева дека со новата снимка ќе поттикне граѓани да пријават доколку ги забележат.Последната провала се случила во малиот град Пиопио, околу 2 часот по полноќ. Истрагата покажува дека Филипс се обидел да ја ограби истата продавница и во ноември 2023 година, но без успех. „Во центарот на целата истрага се тројцата деца кои четири години се надвор од својот дом. Нивната благосостојба е наш главен приоритет“, нагласи Саундерс.Филипс се соочува со повеќе обвиненија, меѓу кои за тешка кражба, нанесување тешки телесни повреди и незаконско поседување оружје. Полицијата претходно објави дека постојат индиции оти тој имал помагачи во изминатите години.Во октомври минатата година, Филипс и неговите деца за првпат беа јавно забележани по исчезнувањето, кога група тинејџери ги сретнала на планинарење и ги снимиле. Според тогашните информации, децата со години немале контакт со други луѓе и не посетувале училиште.Властите минатата година понудија парична награда за информации што би довеле до безбедно враќање на децата, но рокот за наградата истече без да биде искористена.

Свет | пред 8 месеци

ukraina-kiev-1

Војната не се приближува кон крај „ако се погледне што прави Путин“, вели висока претставничка на ЕУ

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, остро ги осуди масовните воздушни напади врз Киев, во кои загинаа повеќе од десет лица, меѓу кои и деца. Таа порача дека единствениот одговор на агресијата мора да биде поголем притисок врз Москва.„Овие напади покажуваат дека Путин се потсмева на секој вид мировен напор“, изјави Калас во Копенхаген, каде што започна дводневниот состанок на министрите за одбрана и надворешни работи на ЕУ. „Она што мора да го направиме е да го зголемиме притисокот врз Русија“, нагласи таа, додавајќи дека нови санкции кон енергетскиот сектор и финансиските услуги би ја погодиле Москва најсилно.Калас ги повика членките на Унијата да продолжат со воената поддршка за Киев, истакнувајќи: „На Украина сега ѝ е потребна сета можна воена помош.“Министрите во главниот град на Данска ќе разговараат и за безбедносните гаранции за Украина по завршувањето на борбите. Според Калас, можно е Европската унија да обезбеди поддршка преку продолжување на обуката на украинската војска, зајакнување на домашната одбранбена индустрија и обврски од страна на поединечни земји членки.Таа призна дека војната не се приближува кон крај „ако се погледне што прави Путин“.

Свет | пред 8 месеци

izet

Меџити го промовира носителот на советничката листа во Чаир – докторот и граѓански активист Мухамед Муртези

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го претстави името на носителот на листата за Општинскиот совет. Станува збор за докторот и долгогодишен активист од граѓанскиот сектор, Мухамед Муртези, кој за првпат се вклучува во партиско-политичка дејност.Во видео-обраќање објавено на социјалните мрежи, Меџити нагласи дека ВЛЕН ја избрала вистинската личност за носител на листата на советници. „Денес сакам да го претставам носителот на листата на советници на ВЛЕН за Општина Чаир – докторот, интелектуалецот, активистот на граѓанското општество и човек со високи вредности, Мухамед Муртези. Заедно кон големата победа. Само за тебе, Чаир,“ напиша Меџити.Кој е Мухамед Муртези?Муртези е роден и израснат во Скопје. Медицинските студии ги завршил на Универзитетот во Приштина, а магистрирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филозофскиот факултет, насока „Европски студии за интеграција“. Од 1991 година е активен дел од граѓанското општество, каде што извршувал повеќе функции, меѓу кои претседател на Сојузот на исламска младина, претседател на Здружението на албански издавачи и директор на Центарот за разбирање и институционална соработка. Воедно, бил главен и одговорен уредник на едукативно-културното списание „Вепра“ и главен уредник на меѓународното научно списание „Centrum“. Тој е коосновач и директор на издавачката куќа „Фуркан ИСМ“.Сега, за првпат влегува во политичка борба како носител на листата на советници на ВЛЕН за Општина Чаир и како кандидат за претседател на Советот.„Нашата визија, заедно со идниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, е да изградиме еден поубав, почист и побезбеден Чаир. Сакаме да создадеме услови за поквалитетно образование и наука, поразвиена култура и спорт и подобар и подостоинствен живот за сите жители. Жителите на Чаир го заслужуваат тоа, а јас сум уверен дека со добра волја, искрена посветеност и чесна работа, оваа цел е остварлива. Затоа бараме ваша поддршка на 19 октомври – за нашиот Чаир,“ изјави Муртези.

Скопје | пред 8 месеци

sosed

(Видео) Нож во двор, опасни хемикалии во базен каде се капат деца - соседи се жалат дека се малтретирани од сосед во Синѓелиќ

Жители на скопската населба Сингелиќ велат дека со години се соочуваат со сериозни проблеми со нивниот сосед Хасан Синани. Според нив, случајот трае подолго време, а и покрај бројните пријави до полицијата, трајно решение сè уште нема.„Во дворот детето ми извика: ‘мамо, мамо, нож’. Веднаш ја повикавме полицијата…“ – раскажува една жена од улицата за „Порталикс“, опишувајќи една од ситуациите што ја вознемирила целата околина.Според тврдењата, соседот прскал дрвја со хемиски материи, поради што тие се сушеле и паѓале. Истите супстанции, додаваат, биле фрлани и во близина на базен во кој се капеле деца.„Имаме поднесено шест-седум пријави во полиција, сите внимателно запишани. Некои инциденти беа многу сериозни – со фрлање нож. Но секогаш завршува исто: полицијата го одзема ножот и тука завршува. Наместо да стивне, тој станува уште посилен,“ вели една од соседките.Жителите сведочат и за закани со селење, прекинување на вода, како и за разни други провокации.Тие додаваат дека ваквото однесување веќе ја доведува во прашање безбедноста и нормалниот живот во населбата. Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјален одговор за поднесените пријави и можните мерки.

Скопје | пред 8 месеци

zena-srekjna

Кои хороскопски знаци ќе се збогатат по 45-тата година?

Според астролозите, кај одредени хороскопски знаци стабилноста, успехот и финансиската сигурност пристигнуваат подоцна во животот. По 45-тата година тие конечно ги собираат плодовите од претходните напори и влегуваат во златен период на животот.ОвенПо 45-тата година Овните ја консолидираат својата моќ. Тие што истрајале во предизвиците на работа и во приватниот живот добиваат нови можности за лидерство и влијание.БикБиковите влегуваат во фаза на емоционален и финансиски препород. Претрпените загуби остануваат зад нив, а стабилноста и вредноста на нивниот труд стануваат поочигледни од кога било.БлизнациЗа Близнаците ова е пресвртница. По 45 години, оние што го пронашле својот пат ја зајакнуваат кариерата, додека другите влегуваат во период на самоиспитување и редефинирање на целите.РакРаковите доживуваат духовно и емотивно будење. Создаваат постабилни односи и добиваат нови професионални можности, надградувајќи ја својата мудрост.ЛавЛавовите тогаш ја доживуваат кулминацијата на признание и слава. За да го задржат успехот, мора да научат да балансираат помеѓу личната сила и почитта кон другите.ДевицаДевиците стануваат авторитети во својата област. Преку здрав пристап кон телото и интуицијата, градат долгорочни кариери и се претвораат во ментори.ВагаКај Вагите доаѓа јасност во вредностите и љубовта. Тие што ја совладале емоционалната нестабилност конечно наоѓаат рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот.ШкорпијаШкорпиите минуваат низ трансформација. Од порази и предавства градат сила и мудрост, често станувајќи легендарни личности во своето опкружување.СтрелецПо 45-тата година, Стрелците го пронаоѓаат својот глобален печат – преку патувања, нови проекти и лична трансформација го обликуваат животот според сопствената визија.ЈарецЈарците влегуваат во духовен и семеен процват. Трудот вложен со години конечно носи стабилност и улога на столб во општеството и семејството.ВодолијаВодолиите започнуваат револуционерни промени. Со јасен фокус, добиваат визионерски статус и влијание, но ако се изгубат во хаосот, ризикуваат стагнација.РибиРибите се будат креативно и духовно. Од болка преминуваат во период на исцелување и сила, често станувајќи уметници или духовни водачи.

Магазин | пред 8 месеци

ukraina-kiev-3

Politico: Европа разгледува воена тампон-зона во Украина

Европската унија разгледува поддршка за воспоставување тампон-зона широка 40 километри на украинска територија како дел од напорите за прекин на војната, објави Politico повикувајќи се на пет европски дипломати. Идејата се разгледува како можност за прекин на огнот или како дел од поствоен договор меѓу Украина и Русија, но во овие разговори засега не учествува Вашингтон.Разговорите доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги интензивира напорите за мировен договор. На 15 август тој се сретна со Владимир Путин на Алјаска, а неколку дена подоцна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европски лидери во Белата куќа. „Сите се обидуваат што побрзо да обезбедат гаранции за безбедност, за да не се предомисли Трамп“, изјавил еден дипломат. Притоа, предложената тампон-зона најверојатно би значела територијални отстапки од страна на Украина, но засега е неизвесно дали Киев би прифатил ваков план.Дел од европските земји предупредуваат дека вакво решение може да донесе повеќе ризици отколку придобивки и да ги изложи украинските градови на нови руски напади. Источните членки на НАТО, предводени од Полска, се загрижени дека масовно присуство на војници во Украина би можело да ја ослаби одбраната на самиот источен фронт на Алијансата.Според првичните проценки, меѓу 4.000 и 60.000 војници би можеле да бидат распоредени како мировни сили, при што Франција и Велика Британија се разгледуваат како носечки држави во операцијата. Освен обезбедување на зоната, мисијата би вклучувала и обука на украинската армија. САД јасно соопштија дека нема да испратат свои трупи, но се подготвени да дадат техничка поддршка.И покрај дипломатските напори, Русија продолжува со напади. Кремљ го доведува во прашање легитимитетот на Зеленски, а министерот за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека Москва нема да прифати негов потпис на правни документи. Само како потврда на таквиот став, во масовен ракетен напад врз Киев во ноќта на четвртокот беа убиени најмалку 23 лица, меѓу кои и четири деца, а повредени се 63 граѓани.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-11.03.12

64 градежни дозволи за шест месеци – рецепт за хаос, обвинува Шанса за Центар

Шанса за Центар реагира дека во последните шест месеци во општина Центар биле издадени дури 64 градежни дозволи, што според нив е класичен пример за „традиционална политичка борба“ во оваа општина. „Кога знаеш дека ќе изгубиш на избори, ги потпишуваш сите можни дозволи за градба, иако знаеш дека општината нема капацитет, ниту луѓе, ниту опрема, да контролира и да спречи тоа да се претвори во општ хаос по улиците и маалата“, стои во нивното соопштение.Тие додаваат дека сите дозволи се издадени според планови донесени во 2012 година, кои двапати биле дел од предизборни програми искористени како политички маркетинг.„На граѓаните во наследство и за долго сеќавање ќе им остане просторот во хаос. Но, на идната градоначалничка ќе ѝ даде материјал во процесите каде е најдокажана“, велат од движењето.Кандидатката за градоначалник од Шанса за Центар, Билјана Ивановска, најавува дека ова прашање ќе биде еден од клучните делови во нејзината кампања и дека ќе се заложи за целосна ревизија и контрола на урбанистичките планови.

Македонија | пред 8 месеци

turcija-696x464

Турција: Русија го сменила условот за крај на војната во Украина

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Турција не учествувала на последните состаноци за војната во Украина, бидејќи не е страна во конфликтот и настапува како неутрален посредник. „Ние не сме страна во војната. Немавме потреба да бидеме ниту на Алјаска ниту во Вашингтон, бидејќи претседателот Трамп ги собира завојуваните страни“, рече Фидан во интервју за турската телевизија TGRT Haber.Тој изрази надеж дека постои простор за мир меѓу Русија и Украина, потсетувајќи дека дел од ставовите договорени во третиот круг преговори во Истанбул се појавиле и во разговорите на Алјаска. „Имаме доволно причини за надеж“, истакна Фидан.Министерот прецизираше дека Москва ја променила својата првична позиција. „Порано Русија бараше целосна контрола врз четири украински региони. Сега се откажале од тие барања и, освен една област, сè друго би останало на постојните линии на фронтот“, рече Фидан.Според него, Русија бара да ѝ се препушти 25 до 30 проценти од Донечката област кои сè уште не се под нејзина контрола. Оценува дека евентуалното губење на овој регион би ја усложнило одбраната на Украина во случај на нови борби.Да потсетиме, на 23 јули во Истанбул беше одржан третиот круг преговори меѓу делегациите на Украина и Русија, на кој беше постигнат договор за нови разменувања – не само на заробени војници, туку и на цивили. Украинската делегација ја предводеше министерот за одбрана Рустем Умеров, а руската Владимир Медински.

Свет | пред 8 месеци

belgrad

Бебе старо само седум дена пронајдено покрај контејнер во Земун

Утринава во белградската населба Земун беше пронајдено бебе напуштено покрај контејнер. Случаен минувач го забележал детето и веднаш повикал брза помош, чија екипа пристигнала на местото на настанот и го префрлила новороденчето во породилиштето Земун.Според првичните информации, бебето е живо и во стабилна состојба, но ќе биде подложено на дополнителни медицински прегледи.Околностите под кои бебето било напуштено сè уште не се разјаснети, а се очекува официјално соопштение од полицијата и Центарот за социјална работа.

Свет | пред 8 месеци

putin-rusija-542

„Најголеми загуби од Втората светска војна“ – колку навистина страда руската армија?

Прашањето за бројот на загинати руски војници во Украина останува едно од најконтроверзните војни прашања. Русија официјално само еднаш, во септември 2022 година, објави бројка од нешто помалку од 6.000 загинати. Оттогаш, Кремљ ги третира информациите за загуби како државна тајна, а секое споделување различни податоци се смета за „дезинформација“, со затворски казни до 15 години.И покрај строгата цензура, независни новинари, активисти и истражувачи продолжуваат да собираат податоци. Според заеднички проект на BBC Русија и порталот Медиазона, до 13 август 2025 е потврден идентитетот на најмалку 121.507 загинати војници, а реалната бројка, според нив, се движи меѓу 185.000 и 260.700.Слични процени даваат и независните руски медиуми Медуза и Important Stories, кои преку демографски анализи и јавни податоци заклучија дека од почетокот на инвазијата загинале 160.000–165.000 руски војници.Западните процени се уште повисоки. Британското Министерство за одбрана во јуни годинава оцени дека Русија има околу 250.000 загинати и речиси милион војници убиени или ранети од 2022 година. Американските разузнавачки извори во повеќе наврати објавуваа бројки од 200.000 до 250.000 загинати и околу 700.000–1.000.000 вкупни жртви.Украина, пак, редовно соопштува сопствени процени – според Киев, загинале меѓу 200.000 и 300.000 руски војници, а вкупните загуби на Москва изнесуваат над милион војници до август 2025.И покрај различните методологии, сите извори се согласуваат дека руските загуби се најголеми од Втората светска војна наваму. Воените аналитичари предупредуваат дека Кремљ продолжува да се потпира на масовна мобилизација и жртвување на човечки животи за минимални тактички придобивки.Со над милион жртви (погинати и ранети) и околу 20 отсто освоена територија од Украина, независните експерти оценуваат дека цената што Русија ја плаќа е „огромна за ограничени воени успеси“.

Свет | пред 8 месеци

rak

Научниците создадоа револуционерно апче против рак на дојка

Револуционерната терапија, првично наменета за лекување на напреднат рак на дојка, покажува исклучителни резултати дури и во раните фази на болеста, значително подобрувајќи ги шансите пациентите да живеат подолго, објавува Science Alert.Според фармацевтската компанија Lilly Oncology, клиничкото испитување во фаза III потврди дека апчето Abemaciclib, попозната под трговското име Verzenio, може значително да го намали ризикот од враќање на болеста кај одредени видови на ран рак на дојка што се проширил на лимфните јазли.Иако резултатите од седумгодишното следење сè уште не се рецензирани, компанијата објави дека наскоро ќе ги сподели податоците на медицинска конференција и ќе ги достави за објавување во научно списание.„Овие податоци го воспоставуваат Верзенио како стандард на грижа за пациенти со високоризична болест со позитивни лимфни јазли и ја зголемуваат итноста за обезбедување третман на сите пациенти што ги исполнуваат условите“, рече Џејкоб Ван Нарден, претседател на Лили Онколоџи.Од неговото одобрување од страна на Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA) во 2017 година, Верзенио се покажа како ефикасен третман за рак на дојка и најчесто се користи во комбинација со хормонска терапија. Лекот генерираше 5,3 милијарди долари приходи за компанијата само минатата година.Верзенио првично беше одобрен за напреден или метастатски рак на дојка кој е позитивен на хормонски рецептори (HR+). Овој вид рак, кој сочинува помеѓу 70 и 80 проценти од сите случаи, се карактеризира со туморски клетки со рецептори кои реагираат на хормони и го стимулираат растот. Во 2023 година, FDA ја прошири употребата на лекот за да го вклучи ракот на дојка во рана фаза со висок ризик од рекурентност, а најновите податоци покажуваат дека оваа одлука била правилна.Лекот делува така што спречува размножување на клетките на ракот кога се комбинира со хормонска терапија. Додека ендокрината терапија го блокира ефектот на хормоните врз рецепторите, Верзенио ги инхибира ензимите кои се неопходни за клеточната делба.Во испитувањето учествувале 5.637 возрасни лица со најчест тип на рак на дојка: HER2-негативен и HR+ во рана фаза. По две години комбинирана терапија со Верзенио и хормонска терапија, вкупното преживување е значително подобрено во споредба со само хормонската терапија.Иако овој тип на рак е лесно лечив, пациентите во испитувањето имале болест која веќе се проширила на лимфните јазли, што го зголемило ризикот од рецидив.„Спречувањето на рецидив на болеста и помагањето на пациентите да живеат подолго е крајната цел и висока летва во адјувантниот третман“, рече Ван Нарден. „Постигнувањето статистички значајна корист во вкупното преживување со само две години терапија со Верзенио го зајакнува неговиот диференциран профил кај HR+, HER2- раниот рак на дојка со висок ризик“, додаде тој.

Магазин | пред 8 месеци

rast-na-berzi

Оптимизам на американските берзи: S&P 500 и Dow Jones на историски нивоа

На Волстрит во четвртокот беше забележан нов пораст на индексите, при што S&P 500 и Dow Jones достигнаа рекордни вредности, пред сè поради растот на цените на акциите на големите технолошки компании.Dow Jones се зголеми за 0,16 отсто, на 45.636 поени, S&P 500 порасна за 0,32 отсто, на 6.501 поен, додека Nasdaq оствари раст од 0,53 отсто и достигна 21.705 поени.Рекордот на S&P 500 се должи на раст во седум од 11-те најважни сектори, со најголем скок од 0,9 отсто во комуникацискиот сектор. Иако Nvidia објави подобри од очекуваните квартални резултати, цената на акцијата падна за 0,8 отсто. Сепак, најавите за силна побарувачка ги поддржаа акциите на други компании поврзани со вештачка интелигенција: Alphabet порасна за 2 отсто, Amazon за 1, а Broadcom за речиси 3 отсто.Инвеститорите денес со внимание ќе го следат извештајот за трошоците на домаќинствата во САД, кој ќе даде насоки за инфлацијата. Доколку податоците покажат раст на инфлацијата, ќе се отвори прашањето дали Федералните резерви имаат простор за намалување на каматните стапки во септември. Ако, пак, инфлацијата покаже слабеење, пазарот очекува дека централната банка сигурно ќе ги намали каматите на следната седница.Токму тие очекувања за пониски камати се главниот двигател на растот на акциите во последните месеци.На европските берзи, трговијата беше повнимателна. Лондонскиот FTSE падна за 0,42 отсто, на 9.216 поени, франкфуртскиот DAX благо се намали за 0,03 отсто, на 24.039 поени, додека парискиот CAC порасна за 0,24 отсто, на 7.762 поени.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.43

Трамп дозволи продажба на далекуметни ракети за Украина во вредност од 825 милиони долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за продажба на нова класа далекуметни ракети на Украина во вредност од 825 милиони долари, што претставува прв ваков пакет од почетокот на војната. Станува збор за проектили Extended Range Attack Munition (ERAM), со дострел до 400 километри, кои на украинската армија ќе ѝ овозможат да погодува руски цели и инфраструктура стотици километри зад фронтот.Пакетот предвидува 3.350 ракети, соодветна опрема, софтвер за планирање мисии, резервни делови и техничка поддршка. Крајната одлука треба да ја донесе американскиот Конгрес, пренесува Kyiv Post.Финансирањето е предвидено преку меѓународната програма Jump Start, во која учествуваат Данска, Норвешка и Холандија, а дополнителни средства ќе бидат обезбедени преку американската програма Foreign Military Financing. ERAM се смета за ефикасно, но значително поевтино оружје во споредба со класичните крстосувачки ракети, овозможувајќи масовни и прецизни удари по пониска цена.Оваа одлука доаѓа веднаш по новата серија смртоносни руски воздушни напади врз Киев, во кои загинаа најмалку 23 лица, а шест градски квартови останаа во урнатини.

Свет | пред 8 месеци

IMG_5572

Најчевска за Кочани: Без независно судство, вакви трагедии ќе се повторат

Професорката Мирјана Најчевска ја коментираше трагедијата во Кочани, посочувајќи дека станува збор за последица на длабоко вкоренета корупција и нефункционален правосуден систем.„Оваа трагедија е само врвот на сантата мраз. Таа е резултат на упорно и континуирано промовирање и поддршка на корупцијата од сите политички партии кои доаѓаат на власт. Кога нема правна сигурност, елементарно функционирање на судството и казни за слични криминали, беше само прашање на време кога ќе се случи Кочани,“ напиша Најчевска.Таа нагласува дека не станува збор за апатија и разочараност кај граѓаните, туку за „метастазирана корупција која допира до секој дамар на општеството“.Најчевска додаде дека власта, како и во претходни случаи, во моменти на вакви трагедии „развлекува и го отапува револтот“, чекајќи вниманието на јавноста да се сврти кон друга тема, додека на протестите остануваат само оние кои претрпеле ненадоместлива загуба.„Без независен, некорумпиран судски систем и инстант политичка одговорност, шансите да се повторат вакви трагедии кои можеле да бидат превенирани се огромни,“ предупреди

Коментари | пред 8 месеци

539247345_122255514002233640_2366335693980521208_n

(Фото) Муралот во Крива Паланка – траен споменик за хероите од 2001 година: „Четири имиња кои никогаш не смеат да се заборават“

Во Крива Паланка беше откриен мурал посветен на четворица херои кои своите животи ги положија во 2001 година – Јане Јакимовски, Горан Стојановски, Момир Стојановски и Орце Илиевски.„Не отвораме само мурал, туку траен споменик на четири имиња кои никогаш не смеат да се заборават. Со нивната жртва тие нè задолжија сите нас да го чуваме најскапоценото – мирот и слободата. Овој мурал нека биде жив сведок дека благодарноста е посилна од времето, а споменот за хероите од Крива Паланка ќе продолжи да свети низ генерациите,“ соопшти здружението СИЛА.Настанот предизвика големо внимание и беше пречекан со почит и емотивни реакции од граѓаните кои уште еднаш се потсетија на цената на слободата и должноста да се негува сеќавањето на жртвите.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски до европските лидери: Кој ќе ни помогне ако Русија повторно нападне?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати апел до европските лидери со барање за „јасни одговори“ во врска со безбедносните гаранции што Киев би ги добил во случај да се постигне мировен договор.На виртуелен состанок со претседателот на Полска и лидерите на Естонија, Латвија, Литванија и Данска, Зеленски праша: „Кој ќе ни помогне во одбраната на копно, во воздух и на море ако Русија повторно тргне во офанзива? И на кој начин можете да учествувате? Барам да ја дефинирате својата улога.“Тој потенцираше дека е клучно американскиот претседател Доналд Трамп да види дека Европа е обединета во решеноста да стави крај на војната. Зеленски повтори и повик за заострување на санкциите против Москва.Осврнувајќи се на вчерашниот масовен руски напад врз Киев, во кој загинаа цивили, меѓу нив и деца, Зеленски рече: „Тоа е Путиновиот одговор на повиците од светот да се запре војната. Русија одби да престане со убиства – дури рекоа ‘не’ и на претседателот Трамп. Ги гледаме негативните сигнали од Москва околу можен самит. Искрено, веруваме дека Путин и понатаму сака само продолжување на оваа војна.“„Затоа ни е потребен нов, силен притисок врз Русија – остри санкции и високи царини, и од Европа и од Америка,“ порача украинскиот претседател.

Свет | пред 8 месеци

EU-1

ЕУ министри на дводневен состанок по најжестокиот руски напад врз Украина

Министрите за одбрана и надворешни работи на Европската унија денеска во Копенхаген започнуваат дводневни разговори за поддршката на Украина и за кризата во Појасот Газа. Состанокот се одржува само еден ден по најжестокиот руски воздушен напад од крајот на јули, во кој загинаа најмалку 21 лице, меѓу нив и деца, а најмалку 48 беа повредени.Првиот ден ќе биде посветен на засилување на воената поддршка за Киев и на унапредување на соработката на ЕУ со украинската одбранбена индустрија, особено поради ограничувањата на американската воена помош. Утрешните разговори на министрите за надворешни работи ќе се фокусираат на нови санкции против Русија, насочени кон притисок врз претседателот Владимир Путин да прифати прекин на огнот и да се вклучи во мировни преговори. ЕУ неодамна ги таргетираше т.н. „сенкови флоти“ за извоз на руска нафта, како и приходите на Москва од енергетскиот сектор.Очекувана тема е и идното обезбедување безбедносни гаранции за Украина, како и користењето на замрзнатите средства на руската централна банка во износ од околу 210 милијарди евра. На разговорите ќе им се приклучат и министрите за надворешни работи на Украина, Исланд, Норвешка и Обединетото Кралство.Вториот ден ќе биде посветен на состојбата во Газа, каде што Европа останува поделена околу односот кон Израел. Франција и Шпанија се залагаат за построг став и можно воведување мерки, додека Германија и уште неколку земји се противат на санкции, повикувајќи на внимателен пристап.

Свет | пред 8 месеци

272001087_4637732702992325_9176916121983801368_n

Пешаците ќе плаќаат казна ако преминуваат улица со слушалки или телефон

Пешаците повеќе нема да смеат да преминуваат улица со слушалки на двете уши или со телефон во рака – тоа е предвидено во предложените измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, што Владата ги испрати во Собранието. Новите правила се однесуваат и на велосипедистите и на возачите на електрични тротинети.Според текстот, секој пешак кој се движи по коловоз или преминува преку него, како и преку велосипедска патека или лента, мора да внимава и за тоа време да не користи електронски уреди што го одвлекуваат вниманието – слушалки, мобилен телефон, таблет, паметен часовник и слично. Казната за прекршување на оваа одредба изнесува 40 евра.Велосипедистите кои ќе бидат затекнати со слушалки или во разговор на мобилен телефон додека возат ќе се соочат со повисока глоба – 50 евра. Исклучок се специјализирани уреди за комуникација што се вградени во заштитните шлемови.Иста парична казна е предвидена и за возачите на електрични тротинети кои користат телефон или друг електронски уред при управување со возилото.Овие законски измени се дел од пошироката иницијатива „Безбеден град“, која прво ќе се спроведе во Скопје, Тетово и Куманово, а до средината на 2026 година треба да функционира на целата територија на државата.

Македонија | пред 8 месеци

chatGPT

Тинејџер од САД починал откако ChatGPT му дал упатства за самоубиство

Трагичен настан ја потресе Америка – 16-годишниот Адам Рајн од Калифорнија си го одзеде животот по интеракција со ChatGPT. Родителите на момчето поднеле тужба против OpenAI, тврдејќи дека четботот не само што не го спречил, туку му понудил детални насоки за начините на извршување самоубиство. Несреќата, која се случила во април оваа година, повторно ја отвори јавната дебата за одговорноста на компаниите што развиваат вештачка интелигенција и опасностите за менталното здравје на младите.Од училишни задачи до доверлив соговорникАдам започнал да го користи ChatGPT во септември 2024 година, прво за помош околу домашни задачи. Постепено, апликацијата станала негов главен извор на доверба. Во разговорите, според тужбата, тој зборувал за загубата на баба му и миленичето, проблемите на училиште и исклучувањето од кошаркарскиот тим. Четботот одговарал со емпатија, но не успеал да активира заштитни механизми за вакви ситуации.Во јануари 2025 година, Адам почнал да бара информации за методи на самоубиство, избегнувајќи ги безбедносните блокади под изговор дека пишува фиктивна приказна – идеја која му ја предложил токму ChatGPT. Подоцна, во март, следеле неколку обиди за самоубиство, меѓу кои предозирање и обид за бесење. На ботот му испратил фотографија од јамка со прашање „Дали ова е добро?“, а одговорот бил: „Да, тоа не е лошо воопшто“. Неколку часа пред да почине, четботот му помогнал да состави проштално писмо и му дал технички совети за методот што го искористил.Родителите, Мет и Марија Рајн, по трагедијата нашле над 3.000 страници разговори. „ChatGPT стана негов тренер за самоубиство“, рекол таткото, истакнувајќи дека синот напишал две проштални писма со помош на апликацијата.Реакција на OpenAI и правни последициКомпанијата OpenAI изрази жалење за настанот и соопшти дека ChatGPT има вградени безбедносни механизми, како насочување кон линии за помош, но тие можат да ослабнат при долготрајни разговори. Најавени се дополнителни мерки за подобро справување со кризни ситуации и автоматско поврзување со стручна помош.Родителите на Адам бараат обештетување и обврзување на OpenAI да преземе одговорност. Тужбата ја води адвокатот Џеј Еделсон, кој нагласува дека целта е компанијата да биде присилена да ја признае вината.„Користењето четботови за психолошки совети е неприфатливо и опасно за тинејџерите,“ изјави Џејмс Стајер, директор на Common Sense Media. Според него, родителите мора да внимаваат на знаци на изолација и прекумерна употреба на ВИ, насочувајќи ги децата кон стручна поддршка.

Свет | пред 8 месеци

marko-pejciovski

(Видео) Херојски подвиг: Охрид аплаудираше за Марко Пејчиновски и неговата железна издржливост

Марко Пејчиновски беше пречекан со овации на охридското пристаниште откако успешно го заврши својот најнов и воедно последен предизвик – „Ајронмен“ триатлонот. Со огромна посветеност и неверојатна физичка и ментална издржливост, Пејчиновски го реализираше подвигот кој траеше речиси цело деноноќие.„Целта е достигната. Ајронмен триатлонот успешно завршен. 7 часа и 47 минути трчање, 2 часа и 33 минути возење велосипед, 9 часа и 29 минути пливање. Ви благодарам на сите за поддршката,“ напиша Пејчиновски на социјалните мрежи.Овој натчовечки потфат уште еднаш ја потврди неговата инспиративна борбеност и го направи вистински симбол на упорноста и волјата. Настанот во Охрид се претвори во емотивен момент на гордост и заедништво, при што бројни граѓани му изразија поддршка и восхит.Пејчиновски и покрај некрозата на нозете, здравствен проблем кој со кој се бори, досега има низа на успешни подвизи.

Спорт | пред 8 месеци

borben-avion-srusen

(Видео) Трагедија во Полска: пад на воен авион F-16

Ловец F-16 од полските воздухопловни сили се урна за време на проба за аеромитинг во градот Радом, во централна Полска, при што животот го загуби пилотот, соопшти портпаролот на полската влада.Според тамошните медиуми, несреќата се случила околу 17:30 часот по Гриничко време, кога авионот паднал на пистата и ја оштетил. Настанот предизвика откажување на воздушното шоу кое требаше да се одржи за време на викендот. На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки снимки од моментот на уривањето.Портпаролот на владата Адам Шлапка преку платформата Х потврди дека пилотот починал, без да изнесе дополнителни детали. Министерот за одбрана е упатен кон местото на несреќата, каде што е започната истрага за причините за трагичниот настан.

Свет | пред 8 месеци

ukraina-kiev-13

Бројот на жртви во Киев порасна на 21, меѓу нив и четири деца

Бројот на загинати по руското ракетирање на Киев синоќа се искачи на најмалку 21 лице, соопшти Државната служба за итни ситуации на Украина, пренесе „Скај њуз“. Меѓу жртвите има и четири деца, вклучувајќи и двегодишно.Нападот предизвика значителна штета, меѓу другото и на просториите на Делегацијата на Европската унија и на Британскиот совет во Киев. Сепак, портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Каролин Левит, во воведното обраќање на брифингот во Белата куќа воопшто не го спомена нападот, фокусирајќи се наместо тоа на внатрешни теми од САД.На новинарско прашање дали Белата куќа го смета Владимир Путин за пречка за мирот, Левит изјави дека Трамп не е среќен поради нападот, но не е ни изненаден. „Тоа се две земји кои одамна се во војна. Русија го изврши овој напад врз Киев, а од друга страна, Украина неодамна нанесе удари врз руски нафтени рафинерии,“ рече таа.Портпаролката повтори дел од ставовите на претседателот, истакнувајќи дека Трамп сака крај на војната, но „и лидерите на двете земји мора да покажат волја за прекин на судирот“.

Свет | пред 8 месеци

540681964_1190004969833007_8869005780719172655_n

Американската амбасадорка Агелер го посети градилиштето на Kоридорот 8: „Новите автопати ќе ја зајакнат трговијата и интеграцијата“

Американската амбасада во Македонија соопшти дека амбасадорката Ангела Агелер го посетила градилиштето на делницата Тетово–Гостивар од Kоридорот 8, за да се запознае одблиску со работите што ги изведува компанијата „Бехтел-Енка“ на Kоридорите 8 и 10.Во објавата се истакнува дека новите автопатски правци не се важни само за граѓаните на Македонија, туку претставуваат и стратешки транспортни мрежи на НАТО, со кои ќе се зајакне регионалната трговија и поврзаност.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

(Видео) Објавена првата кандидатура за Кочани: независен кандидат ќе се бори за градоначалничкото место

На празникот Успение на Пресвета Богородица, вршителот на должност градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, објави дека ќе се кандидира како независен кандидат за прв човек на општината. Во своето обраќање тој порача дека Кочани заслужува безбедно, чисто и модерно секојдневие, управувано од волјата на граѓаните, а не од политички интереси.Крстевски истакна дека во изминатите четири месеци, иако кратки, биле постигнати значајни резултати, меѓу кои првото лето без горење на депонијата и без загаден воздух со пластика. „Тоа не е случајност, туку резултат на работа, храброст и одлуки,“ нагласи тој.Во своето обраќање посочи и на остварените дипломатски контакти со амбасадори кои, како што рече, ќе бидат партнери и поддржувачи во обновата на Кочани – град кој премногу долго бил запоставен.„Не ветувам чуда, покажав резултати. Во најтешките моменти бев тука, не пред камерите, туку пред народот, лице в лице,“ рече в.д. градоначалникот, додавајќи дека ова не е политичка битка, туку граѓанска обврска.Со мотото „Со срце и душа за Кочани“, тој порача дека неговата цел е враќање на гласот на граѓаните и достоинството на градот.

Македонија | пред 8 месеци

orce-gorgjievski

Ѓорѓиевски во Љубљана: стигнува експертска поддршка за јавниот превоз и чистотата во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, на која бил постигнат договор словенечката престолнина да стане град-партнер за развојот на Скопје.Средбата се одвивала во пријателска атмосфера, со размена на искуства и визии за идната соработка меѓу двата града. Ѓорѓиевски истакна дека добил драгоцени совети и поддршка од Јанковиќ, кој вети дека експертски тимови од Љубљана ќе бидат континуирана помош за Скопје, особено во решавањето на предизвиците со јавниот превоз и чистотата, но и во други области каде ќе биде побарана поддршка.Договорена е и интензивна соработка за зајакнување на капацитетите на Град Скопје во креирање, планирање и спроведување европски проекти. Ѓорѓиевски нагласи дека преку ова партнерство верува во изградба на поефикасен и поевропски главен град, достоен за своите граѓани.Во таа насока, тој упати и официјална покана до Јанковиќ за посета на Скопје, со потврда на статусот на побратимени градови.

Скопје | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања