Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2025-05-09-at-08.42.36

(Видео) Преседан во Ватикан: Прво објавено видео од папата веднаш по изборот

Само неколку часа откако кардиналот Роберт Превост вчера беше именуван за нов поглавар на Католичката црква, Ватикан објави видео на кое се гледа како тој ги поздравува 133-те кардинали кои го избраа, пишува Њујорк пост. Папата роден во Чикаго изрази благодарност во Систинската капела неколку часа откако кардиналите го избраа на вториот ден од конклавата. Видеото го прикажува папата Лав XIV како рецитира молитва пред членовите на кардиналниот хор од олтарот на историската римска катедрала, по што се повлекува на колена, каде што се моли приватно. На крајот, може да се види како се ракува со кардиналите со насмевка.Лав XIV. Тој е првиот Американец што станал папа. Откако напредувал во рамките на Редот на Свети Августин, Превост прво бил назначен за администратор во Чикашката епархија, а следната година папата Франциск го назначил за епископ.Превостот бил близок соработник на папата Франциск и надгледувал многу од неговите најголеми реформи во Католичката црква. Тој е 14-тиот папа кој го избрал името Лав, а неговиот презименик бил познат по неговата вклученост во општествените учења на Црквата.

Свет | пред 1 година

IMG_4872

(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат

Лицето кое пукало и ранило едно лице во кафуле во Штип, по извршениот напад, се дало во бегство. Во меѓувреме, протекоа снимки од надзорните камери од објектот, каде се гледа како во еден момент, лицето пука од пиштол, а останатите гости панично бегаат. Сѐ се случува во неколку секудни. Потоа, лица кои случајно се нашле на местото, пробале да му дадат прва помош на повредениот кој бил во животна опасност.Брзо по пукањето, неколку полициски екипи, со најмалку десетина полицајци тргнале во потера по лицето кое пукаше, кое според неофицијалните информации, е турски државјанин. Неговиот автомобил бил забележан на патарината кај Миладиновци. Полицајците му дале знак да застане, но наместо тоа, тој, ја пробил патарината.„Стој, стој“ се слуша на снимката, покрај уклучените полициски сирени.Според неофицијалните информации, лицето кое пукало и бегало, возело возило марка „БМВ“.

Македонија | пред 1 година

photo_2025-05-09_08-28-17

Пукање во кафич во Штип додека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ туркаат закон за либерализација на трговијата со оружје, вели Левица

„Вчерашните страшни сцени со пукање во кафич во центарот на Штип дополнително ја вознемири јавноста, додека премиерот Мицкоски и министерот Тошковски на партиски настани говорат дека народот никогаш не бил побезбеден. Можеби владејачката елита се чувствува безбедно на нивните скапи патувања, додека граѓаните стравуваат од престрелки на јавни места, каде има висока френквенција на родители со деца“, вели Левица и додава:Премиерот Мицкоски додека дели благодарници на неговиот поранешен личен адвокат, а сега министер за внатрешни работи, Македонија колабира на безбедносно поле.Левица обелоденува уште еден скандалозен чекор на екстремно неспособната владејачка гарнитура - имено, до Собранието е доставен предлог од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за измени на Законот за оружје по скратена постапка, со кои дополнително се либерализира трговијата со оружје!Со скандалозните измени се предвидува физичко лице да набавува до 500 куршуми годишно, со што драстично се подигнува сегашната граница од 200 куршуми годишно по физичко лице.Дополнително, се овозможува физичко лице да врши неограничена набавка за сите видови оружје во Б и Ц категорија, наместо постоечките ограничувања кои се однесуваат само на набавка на пневматско оружје и нежлебени цевки.Додека министерот Тошковски молчи за тендерите доделени на фирмата „Дон Холдинг” и манипулира со фактите на интервјуа во провладини медиуми - власта сака да протне законски измени кои се директен напад по јавната безбедност!Левица јавно го прашува премиерот Мицкоски, кој очигледно продолжува да го штити катастрофалното работење на министерот за внатрешни работи: Дали паралелно се формира нова компанија за трговија со оружје (блиска до власта) која најмногу ќе има корист од либерализацијата на продажбата?!Ја повикуваме и експертската јавност да се одважи за најавените измени за трговијата со оружје, со цел да се спречи носење на уште еден штетен закон кој дополнително ќе ја загрози и онака кревката безбедност.

Македонија | пред 1 година

asdfasd

Почина повредениот во кој вчера беше пукано во Штип-во бегство е лицето кое пукаше

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани.Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор. Се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локацијата ќе продолжат и денеска.Јавниот обвинител во текот на ноќта издаваше повеќе насоки и наредби за пронаоѓање на сторителот кој е во бегство.

Македонија | пред 1 година

asdfasd

(Видео) Пукање во Штип, едно лице се бори за живот

Доцна вечерва имало пукање во центарот на Штип, а неофицијално едно лице се бори за живот. Според првичните информации, едното лице имало нож со себе, а другото пиштол. Целата драма се случувала пред очевидци, во кафе-бар лоциран на плоштадот.Местото е веќе оградено, има и полиција, а тешко повредениот со Брза помош е префрлен во болница.„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-10-31-at-16.55.18

Дупло поголеми казни за „Дурмо турс“: газдата од четири доби 10 години затвор од Апелација

Обвинетите во трагичниот случај „Ласкарци“ ќе одговараат со построги затворски казни, откако Апелациониот суд Скопје деновиве ја донесе второстепената пресуда со која делумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје, а ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите.На Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс“, скопска Апелација му изрече 10 години затвор додека првично доби казна од 4 години затвор.Одговорниот за транспорт во Дурмо, Ремзи Мифтари доби иста таква 10-годишна затворска казна додека во прв степен му беше изречена 6-годишна казна. На возачот Маноил Трифуноски му е потврдена казната затвор од 14 години, а во казната ќе му биде пресметан и домашниот притвор.На вработените во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски- казната им е зголемена од 5 години на 7 години затвор. Нивниот колега Јане Бовароски останува на првостепената казна од 5 години затвор.Шестмината се осудени на вкупно 53 години затвор. Роднините на загинатите и повредените се упатени на барање отштета во парница пред Граѓанскиот суд.Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, уште во Кривиечн суд побара најстрога казна, бидејќи, според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.Најстрога казна тогаш побараа и оштетените, родители и роднини на загинатите во сообраќајната несреќа.Процесот во Кривичен суд каде обвинетите добија пониски казни го водеше судијката Диана Груевска Илиевска.Во автобуската несреќа којашто се случи во 2019 година, животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.09

(Видео) Папата Лав XIV излезе на балконот: „Мир со вас!“

Американецот Роберт Франсис Превост е новиот папа.Тој го избра името Папа Лав XIV.Кардиналот Доминик Мамберти го објави тоa пред целата светска јавност.Роберт Превост, кој беше избран за нов папа под името Лав XIV, излезе на балконот на базиликата Света Петра.Првиот папа кој е Американец, беше пречекан со громогласни овации од илјадниците собрани граѓани.Тој го спомена и папата Франциск и рече дека Црквата мора да гради мостови и единство.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-08-at-18.24.01

(Видео) Пуштен бел чад, избран е нов папа

Во Ватикан беше пуштен бел чад.Папата е избран.Вечерва ќе знаеме кој е новиот папа.Откако беше пуштен белиот чад, на плоштадот „Свети Петар“ имаше аплаузи. Се слушаа и ѕвона.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-08-at-12.27.52

Апасиев со говор во Москва: Важно да се зачува историската вистина и да се спротивставиме на обидите за историски ревизионизам

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) Генадиј Зјуганов, претседателот на Левица, Димитар Апасиев заедно со членот на Президиумот на Партијата, Александар Симонов, се во официјална посета на Руската Федерација по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот.„Денес, во рамки на одбележувањето на јубилејните 80 години од победата над фашизмот, Апасиев одржа говор во Паркот на победата во Москва, каде што истакна дека Левица се бори против историскиот ревизионизам и ги брани вредностите на антифашистичката борба: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз против заедничкиот непријател. Во борбата против фашизмот бевме обединети и таа солидарност е основа на нашата историска поврзаност, која сме должни да ја зачуваме. Во контекст на современата меѓународна нестабилност, особено е важно да се зачува историската вистина и да се спротивставиме на обидите за историски ревизионизам. Победата од 1945 година е победа на антифашизмот и победа на човештвото. Наша должност е да ја пренесеме оваа вистина на идните генерации, да го зајакнеме мирот заснован на почит, еднаквост и солидарност меѓу народите” - потенцираше Апасиев во својот говор.Во рамките на посетата, претседателот на Левица Апасиев и Симонов ќе остварат средба со пратеници на КПРФ во Државната дума на Руската Федерација. Посетата ќе трае до сабота, а утре ќе присуствуваат на главната Воена парада во Москва, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот“.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Нема енормно зголемување на цените во маркетите, а ако има, следуваат ригорозни мерки, најави министерот за економија

Мининистерот за економија и труд, Бесар Дурмиши рече дека во мај и април економијата е стабилна, а граѓаните немале зголемени цени во маркетите. Тој посочува дека следуваат редовни и вонредни контроли кај производителите, дистрибутерите и маркетите. Ако цените не бидат енормно зголемени, тогаш нема да има строги мерки. Во спротивно, повторно ќе има маржи.„Податоците покажуваат дека инфлацијата за април е 0, во споредба со март имаме само покачување од 0,6 проценти. Во споредба со април минатата година, инфланцијата е 2,6 проценти и дека таа е стабилна. Цените на храна се речиси непроменети, само 0,3 проценти за една година. Ако споредиме март со април 2024 година, имаме дефлација. Ова покажува дека економијата е стабилна, граѓаните не се соочуваат со енормно зголемување на прехрамбените производи“, рече мининистерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.Тој рече дека при девојантно однесување, ќе има ригорозни мерки - а на листите со ограничени маржи ќе се најдат и нови производи.„Тие во мај ќе имаат редовни и вонредни контроли, а на крајот од месецот ќе направат извештај. Ќе ги контролираат дисртибутерите, маркетите и ќе направат извештај. Врз основа на тој извештај, ако имаме девијантно однесување на трговците или енормно зголемување на цените без оправдување, ќе има ригорозни мерки. Ако биде во стабилна фаза, ќе бидеме во комуникација со Пазарна и ќе има редовни контроли. Ќе

Македонија | пред 1 година

putin-kina

Си: Кина ќе промовира правилен поглед на Втората светска војна со Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денес му се заблагодари на својот кинески колега Си Џинпинг за приклучувањето кон одбележувањето на 80-годишнината од „светата“ победа над Адолф Хитлер во Втората светска војна и додаде дека двете земји сега стојат заедно против „неонацизмот“.Присуството на Си на одбележувањето на крајот на војната е важно за рускиот лидер, кој ја прикажува агресијата врз Украина како „борба против неонацистите“ од самиот почеток. Украина и нејзините сојузници го отфрлаат ова како гротескна лага, обвинувајќи ја Москва за водење империјалистичка офанзива.„Победата над фашизмот, постигната со огромни загуби, е од трајно значење. Со нашите кинески пријатели, цврсто ја чуваме историската вистина, го заштитуваме сеќавањето на настаните од воените години и се спротивставуваме на современите феномени на неонацизмот и милитаризмот“, му рече Путин на Си.Си рече дека двете земји, како светски сили и постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, ќе соработуваат во спротивставувањето на унилатерализмот и хегемонијата, со што ќе се насочат кон САД.„Соочена со меѓународниот тренд на унилатерализам и хегемонистичко насилно однесување, Кина ќе соработува со Русија за да ги преземе посебните одговорности на големите светски сили“, му рече Си на својот руски колега.Кинескиот претседател рече дека Пекинг и Москва „заеднички ќе промовираат правилен поглед на историјата на Втората светска војна, ќе го зачуваат авторитетот и статусот на Обединетите нации, решително ќе ги бранат правата и интересите на Кина, Русија и огромното мнозинство земји во развој и ќе работат на промовирање на фер, уредна, мултиполарна и инклузивна економска глобализација“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-08-at-12.18.26

Новиот папа сè уште не е избран

Неколку минути пред пладне, од оџакот на Систинската капела излезе црн чад. Ова се случи откако кардиналите не гласаа за нов папа по денешните два круга гласање.Иако кардиналите денес ќе гласаат четири пати, чадот ќе биде пуштен само двапати, освен ако не се избере нов папа.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.28.42

Влегува во Собрание законот за помош на семејствата од Кочани, но и за семејствата кои имаат загинати во другите трагедии

СДСМ ќе поднесе закон со кој би им се помогнало на семејствата од Кочани, но и на семејствата кои имаат жртви од претходните трагедии. Венко Филипче, лидер на партијата, посочува дека законот не е за политизирање на трагедијата, кажа дека е спремен да седне со ВМРО-ДПМНЕ и јавно побара поддршка.„Изготвивме предлог-закон кој мислам дека е добар. Има финансиска надохнада за тие кои загубија членови, има за тие кои сега се на лекување. Ќе го поднесеме во редовна собраниска процедура, за повеќе чинители да дадат коментари. Се осврнуваме во еден дел и на претходните трагедии - Ласкарци, Тетово, Беса транс.Имаше коментар дека нема да го поддржат законот од ВМРО-ДПМНЕ, но верувам дека не е тоа апсолутно знак дека не сакаат да им се помогне на семејствата.

Македонија | пред 1 година

filipce

Осудени се на неуспех, прашање на време е кога ќе се распадне владејачката коалиција, вели Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека тоа што се случува во владејачката коалиција укажува дека единствено што ги води се финансиските интереси, а не вредности. Според него, тие немаат идеја ниту визија како да ја водат државата напред.„Осудени се на неуспех, прашање на време е кога ќе се распадне. Како ќе се одвиваат работите тоа не е наша работа. Се подготвуваме за локалните избори, бараме партнери, каналите за комуникација се отворени“, рече Филипче.Тој додаде дека е подготвен и за парламентарни избори.Филипче вели дека има пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа го утврдиле преку теренска анкета.„Дојде на власт со лажна патриотска кампања, ја заглави државата. Граѓаните ја кажаа пораката на претходните избори, ние како ново раководство ги имплементиравме насоките“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

loei-thailand-may-10-2017-hand-holding-samsung-s8-with-mobile-application-facebook-screen

Скопјанец осуден откако коментирал под објави на портал и поттикнал омраза кон ЛБГТ заедницата

Постапувајќи по поднесен Обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.„Пресудата е изречена на единствено рочиште врз основа на признание на вина од страна на обвинетиот, кој прифати дека делото кое му се става на товар го сторил во време, место и на начин како што беше опишано во поднесеното обвинение.Врз основа на тоа, Судот ја утврди како неспорна фактичката состојба дека сега осудениот на 26.02.2022 година, преку компјутерски систем во јавноста ширел репрезентации на идеи кои поттикнуваат омраза против маргинализирана група.Од својот профил на социјална мрежа, 30-годишниот скопјанец коментирал на објави на еден информативен портал, кои се однесувале на организација на т.н. Парада на гордоста во Скопје. Во коментарите повикувал на насилство и поттикнувал омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација.За стореното, Судот го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од 1 година, која нема да се изврши доколку за време од една година од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Пресудата XVII К-913/24 на Основниот кривичен суд Скопје е правосилна и извршна.Основното јавно обвинителство Скопје, имајќи ги предвид европските стандарди за заштита од омраза и дискриминација, активно го следи постапувањето во овие предмети за што е назначен посебен јавен обвинител“, вели Обвинителството.

Скопје | пред 1 година

taravarikongres2

Николоски: Таравари е тргнат да прави политичко самоубиство одејќи во прегратките на ДУИ, Владата е стабилна

„Не верувам дека со целото политичко искуство кое го има Арбен Таравари е толку наивен да изврши политичко самоубиство и да заврши во прегратките на ДУИ“, истакна вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во Тема на денот на Сител телевизија.Николоски е дециден дека Владата има стабилно мнозинство и огромна поддршка од граѓаните. Според Николоски владејачката коалиција има многу стабилно мнозинство.„Владата е многу стабилна, ние сме многу благодарни на поддршката која што ја добивме минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, нашиот главен политички опонент освои 18. Има пратеници кои што ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, тука е коалицијата со политичката партија ЗНАМ. Така што ние во моментов, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, бележиме во моментов некаде околу 66-67 пратеници, што е многу комотно и стабилно мнозинство“, заклучи Николоски.

Свет | пред 1 година

gasovod

Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во функција во 2027 година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Со овој договор започнува најголемата енергетска инвестиција во Македонија во последните 10 години. Ќе се градат 68 километри модерна гасоводна мрежа што Македонија ќе ја поврзе со Грција, но и со европските енергетски пазари.Изградбата ќе ја преземе македонска компанија, која е целосно подготвена со опрема и кадар, а цената е 12 милиони евра пониска од претходните понуди во тендерските постапки.Досега Македонија имаше само еден начин за снабдување со гас, преку Бугарија. Овој договор овозможува да има повеќе од еден извор, доколку дојде до прекин или зголемување на цената од една страна.Природниот гас е поефтин и поефикасен за греење од нафта, дрва и јаглен.Природниот гас загадува помалку од другите горива. Граѓаните ќе добијат можност за почист воздух и поквалитетен живот.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена и ова е доказ дека Македонија се движи во насока на приближување кон ЕУ и дека партнерите и веруваат.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните за да им овозможи стабилна, модерна и европска иднина.

Македонија | пред 1 година

filipce-51

Со што толку ги задолжил наркодилерот Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Од што се плаши Филипче па молчи?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ и додава:Венко Филипче и СДС неколку дена молчат и не се оградуваат од наркодилерот Андон Стојков, кој беше фатен со дрога.Филипче да соопшти на јавноста зошто молчи и не се оградува од партискиот функционер, Андон Стојков кој на дело е фатен со дрога.Со што толку ги задолжил Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него?Дали Филипче и СДС го поддржуваат Стојков и штитат криминалци и какви лични интереси имаат да го прават тоа?СДС е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, Стојков е во присуство на Заев и Филипче и по приватни забави и настани.СДС е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, СДС не се огради ниту од Стојков, ниту од Јон Фрчковски, ниту од Груби и Филип Андов Сокол.Јавноста ја виде вистината за СДС на дело, СДС е партија која обезбеди луксузни животи за своите елитистички кругови, додека народот тонеше во очај.СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал.

Свет | пред 1 година

tokio-nova-godina-6-620x350

Двајца мажи упаднаа во училиште во Токио, повредени пет вработени - нема информација за учениците

Петмина вработени во основно училиште во Токио се полесно повредени откако двајца мажи упаднале во една од училниците, објавија јапонските медиуми утрово, без да наведат дали има жртви меѓу учениците.Полицијата уапси двајца мажи кои ги скршиле прозорците и влегле во училницата со ученици на возраст од седум до осум години, објави Фуџи ТВ, повикувајќи се на полициски извори.Инцидентот се случил во училиште на западот од јапонската престолнина.Телевизијата објави и снимки од тимови спасувачи и полицајци во училиштето.Насилните злосторства се ретки во Јапонија, која исто така има строги закони за оружје.

Свет | пред 1 година

avion

Се урна авион со шест лица, меѓу кои пациент кој го превезувале до граница

Мал авион што превезувал пациент се урна недалеку од главниот град на Чиле, соопштија локалните власти.Во авионот од типот „пајпер“ имало шест лица.Контактот со леталото е изгубен на 40 километри западно од главниот град Сантијаго, додека превезувал пациент до северната граница на Чиле.Почнато е пребарување, во кое учествуваат екипи од воздухопловните сили, полицијата и противпожарната служба.Авионот паднал на непристапен терен, на голема надморска височина.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-07-at-18.36.35

Втор дан од конклавата: папа ќе се избере до сабота, вели црковна историчарка

Најголемата конклава во историјата на Католичката црква треба да продолжи денес, кога можат да се одржат четири круга гласање, откако вчера, како што се очекуваше, не беше можно да се избере нов папа ниту еден глас.Папата Франциск, роден во Аргентина, кој почина во април, беше избран на крајот од вториот ден, по пет круга гласање. Осум години претходно, на Германецот Бенедикт XVI му беа потребни два дена за да биде прогласен за папа.Кардиналите вчера го започнаа изборот на нов водач за 1,4 милијарди католици во светот. Вечерта, од специјално подигнат оџак, видлив од плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, се издигаше црн чад, сигнализирајќи дека не е избран нов папа.Во разговор за радио Би-Би-Си, црковната историчарка Ребека Рист изјави дека очекува црквата да донесе одлука за нов папа до сабота.„Мислам дека црквата во моментов сфаќа дека треба да ги обедини луѓето, дека не сака црквата да изгледа поделена“, рече Рист, професор по средновековна историја на Универзитетот во Рединг.„Затоа се сомневам дека ќе почекаат до по сабота за да донесат одлука“, рече таа.

Свет | пред 1 година

04e8008e-60da-4617-813b-99e8892bc9dd

(Видео) Околу 80 студенти уапсени на протест во САД, неколку повредени

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на универзитетот во еден од најголемите пропалестински протести на кампусот од минатогодишниот бран протести против израелската војна во Газа.Видеата и фотографиите на социјалните мрежи покажаа демонстранти, многумина со маски, како стојат на маси, удираат тапани и држат знаци на кои пишуваше „За Газа“. NBC News објави дека се уапсени најмалку 78 студенти.Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше Универзитетот Колумбија за пропалестинските протести на кампусот минатата година, велејќи дека тие биле антисемитски и дека Колумбија не успеала да ги заштити еврејските студенти.Студентските демонстранти, вклучувајќи ги и некои еврејски организатори, велат дека Трамп и неговите колеги конзервативни политичари кои се силно произраелски настроени, неправедно ги изедначуваат пропалестинските протести со антисемитизам.Одборот на доверители на Колумбија е во преговори со администрацијата на Трамп, која во март објави дека го прекинува финансирањето на големите истражувања на универзитетот.

Свет | пред 1 година

ukraina-

Украина: Русија нè нападна иако Путин објави тридневен прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново бомбардирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.Руските авиони постојано фрлаа водени бомби над северниот Сумски регион, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност кон исток. Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала и во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави примирјето за да се совпадне со годишните прослави на Денот на победата на 9 мај во Русија, со кои се означува крајот на Втората светска војна во Европа.Украина го отфрли потегот како симболичен и, заедно со Соединетите Американски Држави, продолжува да повикува на примирје во траење од најмалку 30 дена.„Нашиот предлог за запирање на нападите, за примирје од најмалку 30 дена, сè уште важи“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата вчера вечерта.„Но, светот гледа дека Русија не дава никаков одговор - никаков одговор освен нови напади“, додаде тој.Украина се брани од целосна руска инвазија повеќе од три години.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-08-at-08.37.00

Апасиев ќе прослави со Путин: Не сум „светски лидер“, ама слетав во Москва

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, самиот објави дека пристинал во Москва, каде утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската престолнина. Тој веста ја објави самиот на социјалните мрежи. Неговото патување, дошло по покана за присуство на воената парада на Црвениот плоштад.Не сум 'светски лидер', ама слетав во Москва“, објави Апасиев.Тој и во негови интервјуа јавно го кажува ставот дека според него, Македонија треба да има соработка со Русија, но и со Кина, покрај вопоставената со САД.Инаку, банови украински напади со беспилотни летала беа насочени кон Москва додека таа се подготвува за голема прослава на Денот на победата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на високите личности кои ќе присуствуваат на големата воена парада на Црвениот плоштад на 9 мај. Иако многумина – дури и украински функционери меѓу нив – сметаат дека е малку веројатно Киев всушност да ја нападне Москва на тој ден – експертите не го исклучуваат тоа, пишува Вашингтон Пост.

Македонија | пред 1 година

3818b963-cade-42c0-a831-805c7da35831

(Видео) Полски европратеник брише чевли од знамето на ЕУ и го гори

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Гжегож Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали знамето, ги избриша чевлите од него.Имунитетот на Браун од Европскиот парламент беше укинат во вторник. Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот во декември 2023 година, кога, како член на полскиот парламент, користел противпожарен апарат за да ги изгаси свеќите за Ханука во знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска. Тој го бранеше потегот тврдејќи дека Ханука не е религиозен празник, туку историски настан на странска држава и изрази загриженост за она што го смета за контроверзни изјави и дејствија на претставниците на организацијата Хабад-Лубавич, која ја организира годишната прослава на Ханука во полскиот парламент. Поради фактот дека беше избран за член на Европскиот парламент на изборите во јуни 2024 година, Полското државно обвинителство поднесе барање до Европскиот парламент за одземање на неговиот имунитет од гонење.Браун се соочува со повеќе обвиненија, вклучувајќи навреда на религиозна група во полскиот парламент, прекинување на предавање за Холокаустот во Германскиот историски институт во знак на протест против наводите за вмешаност на Полска и отстранување на елка украсена со ЛГБТ симболи од судница во Краков и нејзино фрлање во ѓубре.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања