Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

taravari-vakcinacija-4

Во 17 часот ќе се сретнат, Мицкоски порача: Таравари има две опции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека средбата со министерот за здравство, Арбен Tаравари, ќе се одржи во Владата во 17 часот. Порача дека Владата е стабилна, дури и ако Таравари со Алијанса за Албанците одлучи да коалицира со ДУИ на локалните избори.- Сакам да слушнам генерално како размислува за последните случувања. Има две опции - едната е онаа на Владата на реформи и онаа опција која години наназад ја криминализираше државата и ги уништуваше институциите. Тоа е изборот - трета опција нема. Сакам да слушнам од Таравари која е неговата опција. Што се однесува кај личните односи, како човек имам позитивно мислење за Таравари, но во политиката образот е нешто што го имаш или немаш.Во неговиот случај најмалку три пати сум го одржал зборот дури и кога сум имал дилема, затоа заткулисни игри се провидни и лесно се идентификуваат и препознааат, а им се удираат од глава на крај на оние што ги прават. Никого не сум молел - со или без Таравари, Владата е цврста и стабилна, речеденеска Мицкоски при посетата на Штип.

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка до граѓаните, по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик. Филипче порача дека македонскиот јазик е коренот на идентитетот и нашиот најсилен меѓународен промотор."Македонскиот јазик е нашиот код, коренот на нашиот идентитет. На овој ден им оддаваме должна почит на сите создатели на македонскиот литературен јазик.Денес, македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите нации и во Европската унија. Тоа е резултат на посветена државна политика и јасна визија.Владата на СДСМ, токму денешниот ден го прогласи за Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, македонскиот јазик е вграден во европското законодавство и поставен рамо до рамо со сите европски јазици.Наша обврска и на сите идни генерации е да го чуваме и негуваме нашиот македонски јазик. Не затоа што мораме, туку затоа што знаеме што значи да го имаш својот глас во светот.Како што велеше Блаже Конески:„Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината“.,порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Го запрел автомобилот и почнал да тепа велосипедист - насилство на автопатот Тетово-Скопје

Вчера во 17.00 часот во Полициското одделение Сарај, С.Е.(45) од Тетово, пријавил дека истиот ден околу 12.45 часот додека заедно со двајца свои пријатели возеле велосипеди по стариот пат Тетово – Скопје, во близина на село Ласкарци без повод и причина бил физички нападнат од едно машко лице кое управувало патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски таблички.Притоа лицето прво го удрил пријавителот со тупаница во пределот на главата, а потоа го нападнал и со остар предмет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување на имиња и презимиња, вели Таравари

Министерот за здравство и предводник на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари реагираше на својот Фејсбук профил по повод вчерашните политички случувања.„Изјавуваме дека судбината на овој народ ја гледаме посериозно отколку само имињата и дека сме ослободени од нивните комплекси, кои се претворија во Едипов комплекс. Не правиме никаков потег за задоволство или гнев на никого! Дури и оние што прават пророштва во наше име, како да се Баба Ванѓа, треба да се занимаваат со пообјективни работи од „предвидување на иднината“. Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување на имиња и презимиња. Ние сме Алијансата за Албанците, која работи само во интерес на народот!“, напиша тој.За денеска, најавена е средба Мицкоски-Таравари, каде ќе се разговара за иднината на Алијансата на Албанците кога во прашање е Владата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-05-at-09.36.10

(Видео) Гнев во Нови Сад: Непознат маж уринирал врз свеќи и цвеќиња посветени за жртвите од несреќата кај Железничката станица

Жителите на Нови Сад по втор пат се во шок.Згрозени и револтирани се од несфатливиот инцидент кога непознат маж осквернави свеќи и цвеќиња пред Железничката станица, кои беа поставени во чест на 16-те жртви од трагичниот настан кога уривањето на настрешницата резултираше со нивната смрт. Тој се приближил до местото пред станицата и започнал да уринира по свеќите и цвеќињата што граѓаните ги оставиле како знак на почит.Граѓаните веднаш ги известиле надлежните органи. Видеото од настанот брзо се проширило на социјалните мрежи.Новосаѓани се собраа спроти Железничката станица за да го изразат своето незадоволство од грозомориот чин.Надлежните органи започнаа истрага за идентификување на лицето и преземање на соодветни мерки.

Свет | пред 1 година

klekovski2062023

Клековски: Зголемени плати и зголемени капитации за примарното здравство, Буџетот за здравство зголемен за 7 милијарди денари

На синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“, гостуваше директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски. Тој говореше за ситуацијата во здравството, за лошото менаџирање на претходните власти и за предизвиците со кои сега се соочуваат. Клековски потенцираше дека новите апарати кои се купувале во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, во време на СДС стоеле во подрум и не се употребувале, додека во одредени градови се користат апарати од 1985 година.„Состојбата во здравството била во надолна линија и затоа за мене звучеше прилично вознемирувачки понудата на СДС да помагаат на состојбите во здравството, за да потоа не го ни спомнуваат здравството. Здравството ни е таму каде што ни е, поради лошо чинење или не чинење, на претходните власти’’, истакна Клековски.Клековски истакна дека финансирањето и долговите биле проблем во минатото, бидејќи од Буџетот не доволно се давало на здравството, а долговите се наталожувале. Долговите во ЈЗУ, биле околу 5 милијарди, за со ребалансот да се намалат за 2 милијарди.„Буџетот за 2025 година е зголемен за 7 милијарди денари и изнесува вкупно 53 милијарди денари. Ова зголемување во огромен дел оди за ЈЗУ, од кои над 2 милијарди денари или околу 17%, кумулативно оди за зголемување на платите. Околу милијарда денари одат за зголемување на капитациите во примарното здравство’’, потенцираше Клековски.Директорот на ФЗОМ, говореше и за Буџетот за лекување во странство, во однос на тоа кој го одобрува, како се финансира и која е процедурата за одреден пациент доколку има потреба да се лекува во странство.„Лекувањето во странство се врши доколку се исцрпени можностите за лекување во Македонија и ова се поминува во неколку фази. Прво, јавното здравство треба да декларира дека не постојат можности за лекување на тој пациент во Македонија, а тоа е Клиничкиот центар кој треба да даде конзилијарно мислење потпишано од неколку овластени лица. Во следната фаза, одиме кон приватното здравство дали има услови за вршење на услугата, доколку и таму нема можност, се оди кон следната фаза, барање на понуди од странство. Да потенцирам, доколку има конзилијарно мислење, Фондот не одбива лекување на пациент во странство’’, појасни Клековски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-05-at-09.28.29

Десничарскиот популист Симион води во првиот круг на претседателските избори во Романија

На повторените претседателски избори во Романија, ултрадесничарскиот кандидат Џорџ Симион освои најмногу гласови во првиот изборен круг.Тој е во убедливо водство со околу 40 отсто од гласовите.Симион, кој е претседател на Алијансата за обединување на Романците (AUR), освои 3.856.981 гласови.21%.„Ова не е само изборна победа, ова е победа за романското достоинство. Победа за оние што не изгубиле надеж, за оние што се уште веруваат во Романија како слободна, почитувана и суверена земја“, изјави Симион по објавувањето на резултатите.Неговиот противкандидат е 55-годишниот Никусор Дан, натпартискиот градоначалник на Букурешт со освоени 21 отсто од гласовите. За Дан гласаа 1.976.926 Романци.Кандидатот на владината коалиција, Крин Антонеску, доби 20 отсто. Дан се залага за либерални реформи, а важи за еден од ретките некорумпирани политичари.Се очекува многу од гласачите од другите девет кандидати во првиот да го поддржат Дан за да спречат десничарски радикален претседател.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-05-at-09.25.03

Тамара Тодевска сподели информација за состојбата на Панчо

Пејачката Тамара Тодевска одговарајќи на прашања од фановите откри каква е здравствената состојба на Панчо од ДНК.Откако беше прашана за нејзиниот колега и близок пријател кој е на болничко лекување по трагедијата во Кочани, а таа рече: „Панчо е, фала му на Бога, подобар. Се молиме за него што поскоро да ни се врати”.Истовремено, Тодевска ја преработи есната „Време за плачење“ чија оригинална изведба е на Игор Џамбазов.Новата интерпретација е посветена на жртвите од трагедијата што се случи на 16 март во Кочани, и претставува трогателен музички омаж на загинатите.Со цел за поддршка и помош на семејствата на починатите и повредените во трагедијата во Кочани, Тамара Тодевска реши да организира хуманитарен солистички концерт.Музички настан кој ќе се одржи на 08 мај (четврток), од 20:00 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на починатите граѓани, како и за сите повредени во трагедијата.

Македонија | пред 1 година

mickoski-taravari-1

Денот „Д“ за Таравари: Ќе остане во Влада или ќе му се придружи на Ахмети

Денес ќе се знае дали Алијанса за Албанците на Арбен Таравари останува во Владата или ќе замине во опозиција. На долгоочекуваната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот Таравари, ќе бидат отворени клучните прашања од кои зависи и опстојувањето на сегашната владина коалиција во овој состав.Средбата вчера ја потврди премиерот Христијан Мицкоски.„Таква средба ќе има неделава, ако не се лажам тоа ќе биде утре, но треба да го погледнам распоредот. И на таа средба јасно сакам да слушнам став кој и медиумите ќе го слушнат, дали е точно дека има договор меѓу партијата на Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку 5 или 6 општини каде тој ќе извади свои кандидати, а ДУИ нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себе понижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Второ, дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене е неприфатливо како претседател на Владата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.Претходно, ВЛЕН се откажа од Таравари и неговата партија повеќе не е дел од оваа коалиција на власт.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-10-at-12.58.42

Познат идентитетот на загинатиот кај Дебар, во сообраќајка со мотоцикл

Триесет и тригодишен кичевчанец е загинат во сообраќајката што попладнево околу 14:30 часот се случила на патот Дебар-Струга, во близина на дебарското село Отишани, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.Сообраќајката се случила меѓу патничко моторно возило „пежо-406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот скопјанец Б.Г. и мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки кој бил управуван од 33-годишниот Б.Р..Како што додаваат од СВР Охрид на местото на сообраќајната незгода, животот го загубил мотоциклистот, а неговата смрт била констатираана од екипа на Итната медицинска помош од Дебар.

Македонија | пред 1 година

vatikan

Извештаите за сексуална злоупотреба на калуѓерки во Католичката црква се во пораст

Сексуалната злоупотреба на калуѓерки е едно од последните табуа во Католичката црква, но извештаите за злоупотреба се во пораст и тоа е скандал што идниот папа ќе има тешкотии да го игнорира, пишува Франс Прес.„Во минатото, калуѓерките многу страдаа и не можеа да зборуваат за тоа со никого, беше како тајна“, изјави сестра Кристина Шорк (41) за АФП додека шеташе низ плоштадот Свети Петар во Ватикан со своите родители. Бразилката, која работи за Ќерките на Марија Помошничка на христијаните во Рим, рече дека папата Франциск ја отворил „првата врата“ за жените да проговорат.По состанокот во Ватикан за злоупотребувачките свештеници во 2019 година, беа преземени низа мерки, вклучително и обврска за пријавување на вакви случаи кај претпоставените.„Сè уште е табу, но е постигнат напредок бидејќи никогаш не се зборувало за тоа како сега“, изјави за АФП сестра Вероник Маргрон, претседателка на Француската конференција на религиозни.Бавната промена на ставовите е јасно видлива во случајот со влијателниот словенечки свештеник и уметник Марко Рупник, кој беше обвинет од калуѓерки за сексуално и психолошко насилство врз нив во раните 1990-ти. Папата Франциск го укина застарувањето во тој случај дури во 2023 година за да може да се покрене кривична постапка против свештеникот.Лаура Сгро, италијанската адвокатка на петте обвинителки, за АФП изјави дека калуѓерките би можеле подобро да бидат заштитени „и со националното и со канонскиот закон“, првенствено со продолжување на застарувањето, и нагласи дека новиот папа мора да дејствува „веднаш“. Здруженијата на жртвите изјавија дека Ватикан не прави доволно, особено со одбивањето да ја укине тајната на исповедта.„Работите се движат напред чекор по чекор“, изјави за АФП висок црковен службеник, зборувајќи под услов на анонимност, истакнувајќи дека Франциск „ги осудил сите форми на злоупотреба“.Секој ден на плоштадот „Свети Петар“ може да се видат разни калуѓерки кои дошле во Рим за да учат, работат или да ги придружуваат аџиите, далеку од медиумската возбуда што ги придружува кардиналите. Меѓу нив е и сестра Марта, калуѓерка од Камерун во четириесеттите години, која рече дека сака Црквата „да знае како“ да одговори на „сексуалната злоупотреба и злоупотребата на моќ“.Папата Франциск во јануари назначи жена да раководи со ватиканска служба, прва во 2.000-годишната историја на црквата. Но, многумина бараат повеќе простор за жените, кои во црквата имаат далеку поголем број од мажите. Според бројките на Ватикан, во светот има 559.228 калуѓерки, во споредба со 128.559 католички свештеници.Тоа е наследство на „пирамидална“ и „машка“ визија, рече Марта Гадалета, генерален секретар на августинските сестри. Во Рим, сестра Евгенија, 67, изјави за АФП дека е убедена дека со „борбата против клерикализмот“, идејата дека свештениците се елита, „ние се бориме и против сите форми на злоупотреба“.

Свет | пред 1 година

filipce1

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци?, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на белосветски криминалци, како и на бандити од Шкаљарски и Кавачки клан, имаше кражби и убиства за кои немаше разврска ниту одговорност.Дали Филипче кога вели дека треба да се учи од Заев, мисли на тоа да шурува и да ги штити криминалните кланови како што тоа го правеше Заев.Дали Филипче кога вели нема друг како Заев, мисли на соработка со криминални кланови и бандити кога улиците во Скопје за време на СДС беа како дивиот Запад, убиства и мафијашки престрелки имаше на сред ден.Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци?Криминалните кланови и нарко босови од регионот со години прават криминал благодарение на СДС и Заев кои им давале македонски пасоши. Се вршат убиства, се тргува со дрога и се врши организиран криминал со македонски пасоши на штета на угледот на државата.215 нарко босови хараат по светот и прават криминал благодарение на Заев и СДС.Заев и Спасовски тргуваа со туѓи идентитети и издаваа фалсификувани македонски пасоши на странци, кланови, нарко босови, убијци, дали и Филипче учи од Заев како да тргува со идентитети. Заев и Филипче се трговци со идентитети.СДС и Заев ја понижија државата и го нарушија достоинството на македонските граѓани, а сега Филипче сака истото да го прави. На Филипче идол му е Заев само поради огромните лукративни интереси.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните.СДС е синоним на предавства, неспособност и криминал.

Македонија | пред 1 година

alkatraz

Трамп нареди повторно да се отвори озлогласениот затвор „Алкатраз“

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша дека ѝ наредил на Владата, повторно да го отвори, обнови и прошири некогашниот озлогласен затвор Алкатраз.,,Обновете го и отворете го Алкатраз! Кога бевме посериозна нација, во минатото, не се двоумевме да ги затвориме најопасните криминалци и да ги држиме подалеку од секого на кого би можеле да му наштетат“, напиша Трамп на платформата Трут сошл.Овој затвор кој не работи од 1963 година е сместен на остров близу познатиот мост Голден гејт во Сан Франциско.Трапм кажа дека Америка премногу долго е преплавена со злобни и насилни престапници кои ги повторуваат своите дела.„Повторното отворање на Алкатраз ќе служи како симбол на закон, ред и правда“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.Затворот кој беше со максимално обезбедување е познат како Карпа и беше затворен во 1963, одтогаш е туристичка атракција.„Денеска му наредив на Бирото за затвори, заедно со министерството за правда и ФБИ, повторно да го отвори Алкатраз, да го обнови и прошири. Затворот ќе стане дом на најбезмилосните и најнасилни американски престапници“, напиша Трамп.„Во постојните федерални затвори има многу слободни места, па нема потреба од нов затвор. Алкатраз имал репутација на строг затвор и Трамп сака да испрати порака дека неговата влада ќе биде цврста со криминалот“, изјави Габриел Џек Џин, професор по право на Универзитетот Калифорнија.Никогаш официјално не е регистрирано успешно бегство од Алкатраз, иако петмина затвореници се наведени како исчезнати и се претпоставува дека се удавени.Алкатраз беше затворен бидејќи било премногу скапо да продолжи да работи, претежно поради неговата островска локација. Неговото работење било речиси три пати поскапо од кој било друг федерален затвор.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-19-at-16.17.04

Тошковски наместо да шиканира треба да одговори дали има пропусти при рацијата, вели Левица

„Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, наместо да дава одговори пред јавноста за дилеми кои оправдано се наметнуваат околу истрагата за дискотеката „Пулс”, тој посегнува по евтини политички манипулации, обвинувајќи ја опозицијата за настани што се резултат на длабока човечка болка и барање за правда“, вели Левица и додава:Имено, едно од клучните прашања кое остана неодговорено е зошто оперативната акција кобната вечер започнала дури во 2:30 часот?! Дел од информациите се дека таа вечер имало насока од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) за оперативна акција низ повеќе дискотеки во Македонија од 1 часот. Но, одговорните лица за територијата на Кочани одлучиле прво да вршат рација во кафич во населбата Оризари, наместо веднаш да се упатат кон дискотеката каде имало високофреквентен настан, со присутни млади од повеќе градови во Македонија.Надвор од сите безбедносни процедури и проценки е оперативната акција да започне пред самиот крај на настанот. Дел од дежурните на смена кобната вечер во ОВР-Кочани важат и за партиски активисти на актуелната влада, што фрла одредени сомнежи врз селективноста на истрагата. Сведоци говорат и дека рацијата пристигнала пред дискотеката „Пулс” во 1:30 часот, но дури еден час подоцна влегла во дискотеката.Јавноста оправдано бара одговори за огромната трагедија која настана поради низа системски пропусти, но министерот Тошковски наместо професионално известување, шири лажни тези за манипулација, со цел да го угуши оправданиот револт.Скандалозни, навредувачи и дегутантни се изјавите на Тошковски дека и протестите на семејствата биле организирани од опозицијата. Министерот Тошковски треба да се запраша: зошто овие луѓе немаат доверба во институциите? Обидите за дискредитација на родителите и нивната болка се врв на политичка безобразност.Неселективна истрага за оваа трагедија мора да има и затоа не смее да се штитат и актуелните началници и полициски службеници кои биле одговорни за спроведувањето на оперативната акција кобната вечер. И покрај сите обиди на власта да ја угуши секоја критика, Левица ќе продолжува да бара одговори, со цел ниту еден одговорен да не биде заштитен заради неговата партиска припадност.

Македонија | пред 1 година

DSC_0052

Детали за грозоморното убиство во Скопје: си ја убил партнерката бодејќи ја со нож по врат, пред ќерката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Истрага е поведена и против уште едно лице за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 од Кривичниот законик.Првиот осомничен, вчера при вршење семејно насилство во домот во Шуто Оризари, ја лишил од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. Делото го извршил во присуство на 5-годишната ќерка. На жртвата и нанел повреди и убодни рани со нож во пределот на вратот и градниот кош, од кои таа починала на лице место.Веднаш потоа избегал од домот, во што му помогнал вториот осомничен кој му дал друга облека и му овозможил превоз со автомобил до граничниот премин Табановце. Во непосредна близина на границата го оставил и се вратил во Скопје каде се обидел да ги прикрие трагите на своите помагачки дејствија.Осомничениот за убиство продолжил кон границата каде бил запрен и уапсен.Во текот на денешниот ден, по наредба на јавен обвинител беа преземени повеќе дејствија со кои беше пронајдено оружјето со кое е извршено убиството, облеката на сторителот и други материјални докази кои се обидел да ги прикрие и кои ќе бидат предмет на вештачење.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор и за осомничениот за убиството и за неговиот помагач.

Скопје | пред 1 година

13032025-Mickoski-1

Мицкоски до Ахмети: Ако е мудар ќе сфати зошто е во опозиција, сѐ уште живее во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски го советува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да не живее во минатото, туку да гледа во иднината. Ако е мудар Ахмети, вели, ќе сфати зошто е во опозиција.„За жал господинот Ахмети сѐ уште живее во минатото, затоа што ако живее во сегашноста ќе може да направи огромна материјална разлика помеѓу минатото и луѓето од минатото и сегашноста во која тој е во опозиција, а околу него има многу милионери кои што се збогатиле врз грбот на граѓаните во Македонија. Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата”, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-02-at-12.12.56

За Мицкоски е неприфатливо Таравари да има тивок договор со ДУИ за соработка на локалните избори

Утре ќе седнат на маса премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и министерот за здравство и доскорешен член на коалициската Вреди, Таравари.Се очекува да се отвори темата за понатамошното функционирање на Арбен Таравари во Владата. Средбата денеска ја потврди премиерот Христијан Мицкоски.„Таква средба ќе има неделава, ако не се лажам тоа ќе биде утре, но треба да го погледнам распоредот. И на таа средба јасно сакам да слушнам став кој и медиумите ќе го слушнат, дали е точно дека има договор меѓу партијата на Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку 5 или 6 општини каде тој ќе извади свои кандидати, а ДУИ нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себе понижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Второ, дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене е неприфатливо како претседател на Владата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka

(Видео) Шема преку која се избегнала одговорност за сообраќајка во Тетово: обвинет е ослободен оти не возел, но не е гонето лицето кое признало дека возело

Сообраќајниот инженер и судски вештак, Дејан Трпевски, посочува дека системот е трул до тој степен, што остава простор дел да „падне“ и при најмало „тресење“. Трпевски посочи и конкретен пример во правосудството, односно предмет кој се судел во Тетово.Обвинителството гонело лице за предизвикување на сообраќајна несреќа. Во текот на постапката, обвинетиот кажал дека тој не го управувал возилото, туку патник во автомобилот. Медицински вештак рекол дека тоа е точно, поради типот на повредите. Судот го ослободил обинетиот, но патникот никогаш не бил гонет.Тој раскажа многу вакви примери на селективност и неказвиност, а зборуваше и за низа сообраќајки во Македонија.Гледајте тука:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-04-at-10.44.38

(Видео) Се преврте автобус на автопат во Хрватска: има загинати и повредени

Две лица загинаа, а најмалку 15 се повредени во страшна сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот А3 помеѓу клучките Поповача и Криж.Полицијата соопшти дека несреќата во која бил вклучен автобус со босански национални ознаки се случила помеѓу 82-ри и 83-ти километар од јужната и северната страна на автопатот и дека сообраќајот е прекинат и се пренасочува по државни, окружни и локални патишта.– Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 03:10 часот. Според првичните информации, две лица се починати, додека неколку други се повредени и префрлени во блиските болници – изјави за HRT Маја Филиповиќ , службеник за односи со јавноста во полициската управа Сисак-Мославина.Во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности на трагедијата, на која се наоѓаат сите служби за итни случаи.

Свет | пред 1 година

Tito

Пред 45 години почина претседателот на СФР Југославија, Јосип Броз Тито

Пред 45 години на денешен ден, на 4 мај 1980 година, почина Јосип Броз Тито (88), претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) и на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ), врховен командант на вооружените сили на Југословенската народна армија (ЈНА) и еден од основачите на Движењето на неврзаните.Тито е роден во Кумровец, место на словенечко-хрватската граница, во мај 1892 година, а 25 мај е одбележан како датум на неговото раѓање, кој е прогласен за Ден на младоста и за време на кој штафетна екипа доаѓа во Белград, на стадионот на ЈНА, кој привремено ја обиколува цела Југославија.Тој беше на чело на федералната држава, составена од шест републики, помалку од 35 години, од ослободувањето на земјата по Втората светска војна во 1945 година, па сè до неговата смрт.Тој ја изведе Југославија од Источниот (Советски) блок и спроведе реформи, по што опустошената и сиромашна земја стана средно развиена, со современ образовен и социјален систем.Сепак, конфискацијата и национализацијата на речиси целиот приватен имот, како и отсуството на демократски систем, слободни медиуми и слободни избори, доведоа до строга државна и партиска контрола врз целиот повоен живот, а идеолошката ексклузивност на владата ги чинеше слободата, па дури и животите на многумина кои не беа подготвени или не можеа да се прилагодат.И покрај ова, тој уживаше огромна популарност меѓу народот, што пониските лидери на социјалистичкиот систем го искористија за да изградат култ на личноста, со надеж дека ова ќе им биде корисно за нивното понатамошно владеење дури и по смртта на Тито.Движењето на неврзаните, во чие основање одигра огромна улога, ја зајакна неговата позиција на меѓународната сцена и ја доближи Југославија до жителите и пазарите на земјите од Африка и Азија, што имаше позитивен политички и економски ефект.Како државник од релативно мала земја со 20 милиони жители, тој стана непропорционално важна фигура во светската политика, влијателен, популарен и добредојден гостин во речиси сите светски центри, од Лондон и Вашингтон, до Москва и Њу Делхи.Системот на самоуправување во економијата, кој беше воведен во средината на седумдесеттите години од минатиот век, сепак, не го издржа тестот на времето, економијата не стана доволно конкурентна, ниту способна да вработи соодветен дел од населението.Во последните години од неговиот живот, можеби без неговото одлучувачко влијание врз донесувањето одлуки, задолженоста на земјата нагло се зголеми со зајакнувањето на социјалните, а подоцна и националните тензии, што десет години подоцна во 1990 година ќе доведе до крвав распад на Југославија и формирање на мали национални држави, слабо влијание и минијатурна политичка моќ.Тито почина на 4 мај 1980 година, во 15:05 часот, во Клиничкиот центар во Љубљана, по компликации по ампутација на ногата и други акумулирани здравствени проблеми.Неговото тело беше транспортирано со „Синиот воз“ до Белград, а по патот беше придружено со цвеќе и солзи од стотици илјади граѓани кои го посетија починатиот лидер, изложен на ковчег во зградата на собранието, во следните неколку дена.На погребот на Јосип Броз Тито присуствуваа повеќе од 200 истакнати личности од целиот свет, претседатели, премиери, кралеви, владетели и партиски лидери од 107 земји. Меѓу нив беа Индира Ганди, Маргарет Тачер, Леонид Брежњев и многу други.Речиси половина век по неговата смрт, Тито остана контроверзна и историски исклучително интересна личност. Неговиот гроб, како и Музејот на Југославија во непосредна близина, секоја година го посетуваат илјадници луѓе од поранешна Југославија.Денес, на годишнината од неговата смрт, Музејот на Југославија ќе биде отворен од 10 до 18 часот, а влезот ќе биде бесплатен за посетителите.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-04-at-09.25.57

(Видео) Шекеринска одговори што ќе биде со НАТО ако САД се откаже членството, но и кога Украина ќе стане членка

Познатиот тиктокер Макс Клименко, кој е роден во Украина а живее во Обединетото кралство, е втор кој изминативе денови прави интервју со заменик генералната секретарка на НАТО Радмила Шенернска. Тој прво ја праша кога Украина ќе се приклучи на НАТО, на што таа одговори „Јас го немам одговорот“.Кога тиктокерот и посочи дека за Украина да се приклучи, треба само да се гласа, Шекеринска рече дека за тоа се потребни 32 гласа. На крајот беше прашана што ќе биде со НАТО ако САД се откажат од членството во НАТО.„Го прашав НАТО повторно за Украина. За целиот свет е очигледно дека Русија не сака мир. Тие го покажаа ова со отфрлање на секој продолжен предлог за прекин на огнот или мировен план. Нивната основна цел да ја избришат независна Украина од картата не се променила и нема да се промени. На Украина ѝ се потребни сојузници, а на сојузниците им е потребна Украина за да победат. Патот на Украина кон НАТО е неповратен, а приклучувањето на Украина кон Алијансата е од суштинско значење за европската и глобалната безбедност“, напиша тиктокерот Клименко.

Македонија | пред 1 година

ukraina41424

Неколку згради во Киев беа оштетени во ноќен напад со беспилотни летала

Во ноќен руски напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев, оштетени се неколку станбени згради, а бројни автомобили се запалени, објавија украинските власти.Фрагменти од уништени беспилотни летала предизвикаа пожари на станбени згради во киевските области Оболонски и Свјатошински, како и на бројни автомобили, објави Тимур Ткаченко, првиот човек на воената администрација во Киев.Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, преку пораки на Телеграм, ги повика своите сограѓани да останат во засолништа, додавајќи дека медицински екипи се повикани и во Свјатошински округ.

Свет | пред 1 година

goce-delcev624523

Годишнина од смртта на Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите

Денеска се одбележуваат 122 година од смртта на револуционерот Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од османлиската војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница, Серско.Неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Македонија | пред 1 година

IMG_4638

Таравари се ракуваше со Мицковски, но не и со Меџити и Касами

Иако беа на исто место и исто време бившите коалициски партнери од Вреди, Таравари, Меџити и Касами, буквално се однесуваа како да не се познаваат. Дури ни учтиво не се ракуваа иако до пред месец ,, цветаше” коалициската љубов.Но, Таравари на официјалното започнување на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар се поздрави само со премиерот Христијан Мицкоски.Од понеделник по празничниот викенд, како што најави премиерот ќе се сретне со Таравари по што ќе се знае дали тој ќе остане дел од Владата или ќе замине во опозиција.Таравари вчера во Слупчане се поздрави со Али Ахмети.

Македонија | пред 1 година

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Жена убиена во Скопје, сопругот се дал во бегство - уапсен на граница

Денеска (03.05.2025) околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници од РЦГР Север го лишија од слобода Н.А.(38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело “убиство”.Денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Н.А. се дал во бегство, но веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и околу 17 часот тој е лишен од слобода и во координација до јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања