Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2025-02-03-at-09.10.21

Обвинение за прегазувањето на Фросина: Васил возел со 91 km/h, ја издигнал во воздух и ја исфрлил во семафор

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот за кое е запретена максимална затворска казна до 20 години.Согласно доказите, на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без воопшто да поседува возачка дозвола, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственост на неговиот татко.Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно поголема од дозволената.Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот “Партизански одреди” и улицата “29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци.Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место.Во конкретниот случај постојат околности што го оправдуваат стравот на опасност од бегство и основан страв дека ќе го повтори кривичното дело. Дополнително, имајќи ја предвид возраста на обвинетиот, објектот на заштита, сериозноста и тежината на кривичното дело и другите факти, јавниот обвинител процени дека се уште опстојуваат законските основи поради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, па од Судот побара притворската мерка да биде продолжена.

Македонија | пред 1 година

policija-policaec-35

Кривична пријава против полицаец од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Свети Николе, поднесе кривична пријава против Г.Т. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.На 25.02.2025 во службена просторија во ОВР Свети Николе, пријавениот Г.Т., полициски службеник во Полициската станица Свети Николе, во присуство на други полициски службеници, агресивно се однесувал и се заканувал на К.М. - командир на Полициската станица Свети Николе. Имено, на наведениот датум, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, преку командирот К.М., како негов претпоставен, преземале мерки во врска со претставка од граѓани против Г.Т. за непрофесионално и недолично постапување при изготвување на записници за констатирани прекршоци од областа на сообраќајот. Откако дошол во канцеларијата на командирот, пријавениот го обвинил него дека е иницијатор на претставката и почнал да му се заканува.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка пријавениот да биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија | пред 1 година

jakimovski-stevco

Само една од 800 згради во Карпош ги исполнуваат условите за безбедност, ноќните клубови не соработуваат, вели Јакимовски

Од досегашната контрола на станбените објекти во општина Карпош утврдено е дека само една од 800 згради во општината ги исполнува сите законски прописи за безбедност, соопшти денеска градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.По проверките на станбените објекти, рестораните, кафулиња, диско клубовите, ноќните клубови, одѕивот беше многу голем. До сега се отповикале 330 влезови од згради. Инаку општина Карпош има 820 згради и 1.500 влезови. Значи, до сега одговориле 330 и уште 250 се јавиле на нашите телефони за дополнителни инструкции. Од онаа контрола што е направена од нашите инспекциски служби, само една зграда е исправна, како што викаат по ПС (правила на службата). Тоа е зградата на Адора. Значи има 41 противпожарен апарат. Во 18 станови исто така има ПП апарати. Има повеќе апарати со ЦО2 за гасење на пожар од електрична инсталација. Има уште еден специјален систем за гасење на пожар, панични светла и се што треба по ПС. Значи само една зграда во Карпош е таква каква што треба, како што бара законот. За жал не можеме истото да го кажеме за другите згради.Градоначалникот соопшти дека информациите што ги добиваат службите во општината ги праќаат до Дирекцијата за заштита и спасување, но оттаму нема никаков повратен одговор.Сите овие добиваат инструкции што треба да направат од страна на нашите служби. Нашите служби се јавуваат директно во Дирекцијата за заштита и спасување, праќаат меилови... но ги нема нигде. Дали се отселени на друга планета, или што се случува со нив, за да ние тоа го работиме во координација, за евентуално инструкции да добиеме во оваа работа, но за жал тоа го работиме сами, иако најодговорен за оваа работа е ДЗС, вели Јакимовски.Првиот човек на општината информира и дека се пишани 21 казна на локали кои воопшто не отпочнале постапка за обновување на дозвола, една казна е напишана за не исполнување на еколошките стандарди, а два ноќни клубови одбиваат соработка со инспекторите, при што едниот се заканувал дека тој бил закон.„Што се однесува до почитување на еколошките стандарди, проверени се 110 објекти, од тие 90 се е во ред, на 18 соодветните елаборати им се во постапка на изработка, еден е во тек на реновирање, и на еден му е пишана казна затоа што и претходно бил опоменуван и не постапил согласно напатствијата на инспекторот за екологија. Правните лица секаде имаат ПП апарати, хидранти итн... значи со правните лица имаме најмалку проблем. Што се однесува до кафеаните, кафулињата, ноќните клубови, дискотеките, состојбата е следна: од 115 проверени сите имаат ПП апарати, во 60 летните тераси се во ред, пишана е 21 казна бидејќи воопшто не ја отпочнале постапката за обновување на дозволата и остатокот се во постапка за добивање на согласност во Град Скопје. Овде морам да кажам дека со новиот Закон за локална самоуправа треба да се прекине со тоа двојство. Значи на територија на општина Карпош ако издаваме одобренија за градби, треба да издаваме и одобренија за овие тераси. Зашто ни се летни тераси? Ни се случува двојство. Често пати граѓаните не се согласуваат со дадената дозвола за тоа место, а тоа често пати се прави и без консултација со локалната самоуправа. Морам да кажам дека два ноќни клубови не соработуваат со инспекторите. Тоа се клубовите Пјур и Мош. Не соработуваат. Дури за едниот клуб, колегата има поведено постапка како дивоградба пред неколку месеци и кога го посетил сопственикот го прашал зошто доаѓа? Вика, затоа што законот така бара... Тој му одговорил дека и тој бил закон! Јас одговорно тврдам дека овие сопственици на ноќни клубови се сива еминенција во средините каде што живеат и си дозволуваат малку повеќе од тоа што треба. Значи и покрај тоа што одбиваат соработка, ние ќе ја тераме постапката до крај и како што бара законот односно отстранување на нивните објекти“, велат од Општината.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-03-28-at-13.30.27

„Кој е следен“ до партиите: нема да бидеме платформа за партиско поентирање, овој систем е ваше чедо

Неформалната организација „Кој е следен“ објави статус преку кој се оградува од политичките партии. Тие се обратија до СДСМ, на кои им кажаа дека ја одибваат поддршката. На сите други им порачаа дека системот против кој се борат е нивно чедо.„Ние не бараме поддршка од политичките партии, бараме поддршка за нашите барања од институциите. Затоа што институциите работат за граѓаните, а политичките партии работат за себе. Политички партии кои во овој момент или во минатото активно учествувале во креацијата, развојот и во одржувањето на ваквиот трул систем кој со децении ја крои и пеплосува македонската општествена реалност, не може да бидат наши сојузници. Овој систем е ваше чедо, продукт на вашите пропусти и лаги, на вашите тајни договори и намерни заташкувања. Продукт на вашето селективно изразување поддршка и на вашите постојани грешки. Нашиот одговор е: не, фала. Од вас не сакаме поддршка. Очекуваме оставки, одговорност и систем што функционира. „Кој е следен?“ се роди токму поради Вашата нефункционалност - местото не Ви е до нас! Затоа упатуваме јасна порака до сите политички партии:„Порака до опозициските партии:До СДСМ: Со кој легитимитет денес ја поддржувате борбата за правда, кога токму вашето владеење придонесе овие барања да постојат? Ја одбиваме вашата „поддршка" бидејќи ваквите обиди за приклонување не само што се провидни, туку и навреда за сите оние кои со години се борат против неправдите на овој корумпиран систем, од кој вие самите сте дел и помогнавте да се изгради. Нема потреба да се согласувате со барањата на „Кој е следен“ - тие се токму адресирани и до вас. Воедно, не сакаме поддршка ниту комуникација со ДУИ – партија со клучна улога во креирањето на системот кој наместо да штити, дозволува насилство и неказнивост. ДУИ е симбол на корупцијата, клиентелизмот, политички притисоци и институционалниот распад. Дел од најсериозните системски девијации се токму нивно наследство.Се оградуваме и од јавната поддршка на Левица - доколку сакате да го смените системот, дејствувајте преку механизмите со кои располагате во Собрание, а не со евтин хаштаг популизам.Порака до партиите кои се на власт (ВМРО–ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН):Доколку навистина го разбирате народниот револт како што тврдите, повикајте на обединување, бидејќи тоа ни е денес најпотребно, во тој случај нема да има потреба од манипулации, пропаганда против наши членови и ширење страв и омраза, туку ќе ги искористите механизмите кои ви стојат на располагање и ќе ги остварите нашите барања – неселективно и без компромис за ‘своите’ луѓе.Ја имате сета моќ во ваши раце. Очекуваме одговорност, транспарентност и итни мерки за заштита и безбедност на граѓаните. Вашиот досегашен однос, придружен со вулгарна реторика, укажува на опасно оддалечување од демократски вредности и нe води кон вистински системски промени. Време е за сериозно преиспитување и одлучна промена на правецот во интерес на јавниот добробит и иднината на општеството. „Кој е следен?“ не е простор за политичка рециклирана поддршка, туку граѓански повик за одговорност и вистинска промена. Партиите имаат отворен простор на дејствување и интервенции во системот преку Собранието и нивните вработени во сите институции. Наместо да издаваат соопштенија, нивните пратеници треба да се фокусираат на системски промени и конкретни решенија. Соопштенијата не значат ништо, освен обид да се присвои автентичниот народен револт. Ние бараме правда, отчетност и темелни промени во системот - нешто што ниту една од политичките партии не успеаа да го испорачаат. Наместо поддршка на хартија и празни зборови, очекуваме конкретни дела и одговорност. „Кој е следен“ не е и нема да биде платформа за партиско поентирање. Ова е автентичен граѓански повик за правда и градење на систем кој ќе служи на сите, а не само на партиите, поради тоа што досега си слушаме само партиите, а итно ни е потребен одговор. Системот е следен, но не забораваме кој беше претходен“, напишаа од „Кој е следен?“.

Коментари | пред 1 година

arben-taravari-14141

Таравари за таткото на повредено дете кој продава имот: Лекувањето е бесплатно, нула денари

За таткото кој продаваше имот, а се прошири веста дека тоа го прави за да покрие трошоци за своето дете кое е на лекување во Анкара, беше прашан министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој рече дека сите трошоци се покриени од Владата, а парите се префрлени во вторникот и средата. Според него, средства не добиле само тие кои не оставиле сметки.„Уште еднаш ќе повторам, за сите пациенти лекувањето е бесплатно, нула денари. За сите пациенти по двајца членови од семејствата имаат авионска карта, плус е обезбедено и сместувањето на двајца од семејството. За сите. До денеска, од Владата во понеделник или вторник се пуштени парите. Тие сметки што се дадени. Можеби некој не дал сметка за да биде пуштено. Владата, буквално сите трошоци, за сите пациенти, се покриени. Транспорт на пациенти, лекување на пациенти, транспорт на родителите, се е покриено од кај нас. Можеби ако некој не дал податоци и да биде исклучок“, рече Таравари.За ова, зборуваше и кочанчанецот Иван Ивановски во „Претрес“.Вчера, еден родител, чие дете е во Анкара, дојде во Кочани за да остави полномошно да ги продадат сите автомобили, станот во Скопје, сѐ. Државата точно е, ќе покрие сѐ.. Дај Боже да не е точно, ама кај него, вика дека има шанси детето да остане слепо од пожарот бидејќи му е зафатено цело лице и му кажувале дека треба приватен доктор треба да донесе за операција за очите, пошто тоа е специјализирана болница за очи. Ова се неофицијални информации кои мене ми ги пренесоа“, вели Иван Ивановски, дел од иницијативата „SupportKocani“ кои собираат.?t=4295

Македонија | пред 1 година

puls-6

Добри вести и за критичните пациенти од повредените во „Пулс“: девет лица се враќаат од странаство, осум се пушаат од скопските болници

Осум повредени од дискотеката „Пулс“ ќе бидат пуштени на домашно лекување, а девет кои се лекуваат во странство се враќаат денеска. На клиниките во Скопје ќе останат 22 пациенти, а во странство остануваат 99 пациенти.„И за критичните пациенти добиваме добри вести, дека иако се во тешка состојба, се во подобрена состојба од вчера. Оптимисти сме дека и тие ќе е подобруваат, иако треба да бидеме внимателни за да нема други евентуални компилации“, рече Таравари и додаде: „За пациентите за кои се загриживме, одредени лабораторски анализи покажаа дека има подобрувања, се уште се критични но подобри во однос на вчера. Подобри, ама во нестабилна и критична состојба“.Утре сигурно се враќаат плус двајца пациенти.

Македонија | пред 1 година

ohrid

Се уредуваат парковите во Охрид

Преглед од активностите на Паркови и зеленило во овие пролетни променливи временски услови„Пролетно разубавување со декоративен камен на хортикултурните содржини во градски парк и уредување на тунелот со цвеќе од видот виола (очиња) на градскиот плоштад. Во склоп на Расадникот се интензивираат активностите за подготовка на нов расад за летна цветна реколта. Се реализираат активности за косење на повеќе локации: ул.,,Булевар Туристичка" и детско игралиште, градски парк, парковска содржина на ул.,,Јане Сандански", ул.,,Сирма Војвода" и околу детското игралиште на оваа улица, ул., 7-ми Ноември", како и одстранување ниска вегетација вдолж ул.,,Булевар Туристичка"“, напишаа од Ј.П. ,,Охридски Комуналец" - Охрид.

Охрид | пред 1 година

policija

На две локации, двајца пешаци прегазени во Скопје, со тешки повреди се во болница - возачите уапсени

„Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот во Скопје, на крстосница од ул.„Адем Демачи“ со ул.„Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје. Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје И.С. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка“, велат од МВР.Регистриран е и втор случај.„Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Х.(52) од Република Турција, со живеалиште во Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 17.30 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ со ул.„Мирче Ацев“, со патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички удрил во Л.М.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Скопје | пред 1 година

apsenje

Нова измама, уапсени скопјанаец и стружанец: измамиле сопружници преку лажирање на донации

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(33) од Струга и С.Ш.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „помагање при вршење на измама“.„Во периодот од 21.11.2024 до 17.12.2024, пријавените измамиле двајца сопружници од Струга и им причиниле материјална штета од 229.000 денари. Тие стапиле во контакт со нив преку социјална мрежа и, претставувајќи се лажно како лица кои сакаат да донираат парични средства за лекување на нивниот болен син во странска земја, во неколку наврати им побарале да испратат одредена сума на пари за да може средствата кои наводно сакаат да ги донираат да се ослободат од даночните обврски.Откако неколку пати испраќале пари преку автопревозници во Скопје, од сопружниците било побарано да им ги пуштат кодовите за активирање на трансакциските сметки, а откако ги дале кодовите, во наредните неколку денови имале повеќе приливи и одливи од нивните сметки. После тоа, на сметката на оштетениот легнале пари од повеќе финансиски друштва, иако не побарал од ниту едно финансиско друштво да му биде одобрен кредит“, вели мвр.

Охрид | пред 1 година

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

СВР Скопје ги известува граѓаните дека во недела (30.03.2025) со почеток од 10.00 часот поради одржување на атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-01-21-at-09.35.19

Русија: Клучната транзитна станица за гас за Европа практично уништена

Русија тврди дека клучната транзитна точка на гас во градот Сужи, во руската област Курск, е практично уништена.Москва го обвинува Киев, за „двоен напад“ на мерна станица за гас што предизвика голем пожар и „виртуелно уништување“. Но, претставник на украинската национална безбедност рече дека Русија повторно го нападнала системот за транспорт на гас Суџа, кој не го контролира.Станицата во Суџа за прв пат беше нападната на 21 март. Тогаш беше објавено дека украинските сили ги нападнале и очигледно ги разнеле мерните објекти.Потсетуваме дека главните мерни објекти на гасоводот што го транспортираше рускиот природен гас до украинскиот систем за транспорт на гас за понатамошен транспорт во Европа беа лоцирани во Судза. Во исто време, оваа станица беше единствената транзитна точка за рускиот гас за Европа, додека Украина не одби да го продолжи договорот за транзит во јануари годинава.Вреди да се напомене дека гасот преку овој гасовод кон Европа престана да тече на 1 јануари 2025 година, кога Украина не го продолжи договорот за транспорт со Русија, што значеше дека дури и последните европски земји зависни од руски гас мораа да најдат алтернативен извор на снабдување. Австрија и Словачка главно го решија ова со договори за купување течен гас, додека само Унгарија остана лојална на рускиот гас, кој сега го добива преку гасовод што доаѓа во Европа преку Турција.Треба да се напомене дека членките на ЕУ остануваат најголеми купувачи на руски гас испорачан преку гасовод (39 отсто од рускиот извоз), но тие исто така се повеќе купуваат руски течен гас, дури и на рекордно ниво оваа година, пишува Politico. Сепак, помалку од 15 проценти од вкупниот гас увезен од земјите на ЕУ доаѓа од Русија, од кои околу половина е ЛНГ (ако не и повеќе). Затоа е тешко да се каже каков ефект ќе има неоперативноста, макар и привремена, на еден гасовод врз извозот на рускиот гас, како и врз трговијата со Европа.На прв поглед, не изгледа дека би можело да има многу промени, особено што статус кво е таква што гасот не тече низ него. Меѓутоа, во случај да се укинат санкциите против Русија и Европа да се врати на рускиот гас, тогаш ова потенцијално би било транспортен пат помалку (под услов штетата да биде навистина толку голема). Секако, вреди да се спомене дека во последните години има договори за набавка на течен гас од други извори, особено од САД, кои се најголем светски извозник.

Свет | пред 1 година

1681455724_1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан: Европа се подготвува за војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека лидерите на Европската унија се подготвуваат за воен конфликт со Русија и покрај немањето какво било оправдување за таквите акции. Говорејќи во утринската програма на Радио Кошут, Орбан тврди дека Унгарија нема да учествува во таков конфликт, јави руската државна новинска агенција ТАСС.„Гледам дека Брисел се подготвува за војна. Најстрашно е што се случува во главите на овие луѓе“, рече Орбан, мислејќи на повиците на лидерите на ЕУ до граѓаните да складираат вода, храна и медицински материјали 72 часа во случај на конфликт со Русија. Орбан го опиша таквото размислување во ЕУ како алармантно и смешно, тврдејќи дека тоа ги одразува воените подготовки на Брисел.Додека Европа продолжува да шпекулира дека украинскиот конфликт би можел да се прошири низ целиот континент, Орбан го отфрла тоа тврдење.„Тоа не е вистина“, рече тој. Тој тврди дека таквите шпекулации се појавуваат исклучиво затоа што „Брисел сака да ја продолжи војната“ и продолжува да дава воена поддршка на Украина.„Унгарија остана неутрална во овој конфликт. Ние се залагаме за мир и не испорачуваме оружје и не испраќаме војници во Украина. Сепак, има земји од ЕУ кои со поддршка на Брисел сакаат повеќе да се вклучат во војната и гледам дека во моментов се одвиваат политички подготовки за такви акции“, рече Орбан.Тој нагласи дека затоа на граѓаните на ЕУ им се кажува да имаат при рака вода, храна, лекови и други залихи за 72 часа во случај на конфликт со Русија. "Сакам да ги уверам унгарските семејства дека не треба да преземаат вонредни мерки. Нема закана од војна. Унгарија нема да се судри со никого. Ќе останеме на страната на мирот и ќе ја обезбедиме нашата безбедност. Ако Европа влезе во војна, ние сигурно нема да учествуваме", рече Орбан.

Свет | пред 1 година

19a57115-13bf-4ef2-b238-975ff2eaec64

Во Бангкок, 70 градежни работници се водат за исчезнати на местото на урната зграда

Во Бангкок, 70 градежни работници се водат за исчезнати на местото на урната зграда, соопшти тајландскиот Национален институт за итна медицина. Тие претходно објавија дека 43 лица се сметаат за исчезнати.Во соопштението се додава дека во моментот на уривањето на градилиштето биле околу 320 работници, а 20 од нив останале затрупани во шахтите на лифтот.Бројот на загинатите се уште не е познат, а на терен е поставена теренска болница додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани.Мјанмарската хунта упати редок меѓународен апел за помош по силниот земјотрес што ја погоди земјата во петокот, при што властите прогласија вонредна состојба во шест региони поради обемот на штетите.Водачот на Хунтата, Мин Аунг Хлаинг, ја обиколи болницата во главниот град Најпидав, каде што се лекуваат многу од жртвите, објавија новинарите на АФП од местото на настанот.„Сакаме меѓународната заедница да обезбеди хуманитарна помош што е можно поскоро“, изјави портпаролот на хунтата Зав Мин Тун за АФП во оваа болница.Властите не го објавија бројот на жртвите, но фактот дека воената влада, изолирана по државниот удар во февруари 2021 година, апелира за помош, сугерира дека ова може да биде катастрофа од големи размери.Плиткиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди напладне на 16 километри северозападно од градот Сагаинг во централниот дел на Мјанмар, по што неколку минути подоцна следеше вторземјотрес со јачина од 6,4 степени, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Свет | пред 1 година

unnamed

Политичарите креираат негативен новоговор и штетни наративи

Доколку еден граѓанин дневно следи што објавуваат политичките актери на партиските интернет-страници и фејсбук-профили, а истото го чита и го гледа на телевизија и на онлајн медиумите, дневно би бил изложен на 33 штетни наративи. Ваквата доминантна токсична реторика не само што остава последици за граѓаните туку го загадува комуникацискиот простор и сериозно атакува на демократските процеси. Ова се посочува во монографијата „Наративна стапица: откривање на штетните наративи кај медиумите и новинарите“ на Институтот за комуникациски студии (ИКС), што беше промовирана вчера на истоимениот научен собир. Монографијата ги содржи наодите од истражувањето „Мерење на штетните наративи – ШТЕТ-НА”, кое се состоеше од деветмесечен мониторинг (септември 2023 − мај 2024 година) врз медиумското појавување на 10 политички партии и нивните лидери кои бројат најмалку двајца пратеници во парламентарниот состав 2020 – 2024 година, известувањето на 11 онлајн-медиуми и 9 национални телевизии, како и фејсбук-комуникацијата на членовите на Владата на РСМ.Поразителните заклучоци од истражувањето покажуваат дека штетните наративи најчесто се користеле за поткопување на довербата во институциите, пристрасно селектирање, напади на личнa основа, поттикнување поделби и популизам. „Важен момент од истражувањето е пресликувањето на таквата политичка комуникација во медиумското известување. Речиси се идентични. Како да нема филтер, како да се заборавени етичките и професионалните стандарди на медиумското известување“, истакна Јорданка Черепналкова Трајкоска од ИКС на научниот собир.Анализата покажа дека за да се дискредитира противникот и да се влијае на избирачкото тело, политичарите смислуваат политички неологизми (нови, изолирани поими, зборови или фрази) и јазични иновации кои создаваат дополнителни значења, го замаглуваат разбирањето и доведуваат до заблуди и конфликтни ситуации. Теа Конеска-Василевска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) сумираше дека штетните неологизми се врзани или за политички актер (политичар или партија), како артаноиден, заевизам, комбото СДС-ДУИ, деспотот од Форино, Жмицко, или за начини и процеси на владеење, како шверцерат, бонбона бизнис, приврзок партија, соросписка итн. Најмногу неологизми употребувала Левица (25), следена од ВМРО-ДПМНЕ (14), Демократско движење (4) и СДСМ (2). Најчестите неологизми што ги користела ВМРО ДПМНЕ се канцер мафија, бизнис пајташ и тендер политиките, од Демократското движење се казино партија и казиноман, од Левица се етнотрибализам и премиер терорист и од СДСМ се МВРО-ВМРО и груевистички. Штетни наративи и неологизми има и на албански јазик. Јордана Шемко од Парламентарниот институт кажа дека најмногу неологизми се упатени кон ДУИ, како казино партија или ДУИ-лотарија.Политичарите користат зборови со силен емоционален набој и преку таквиот јазик се будат силни емоции како страв, надеж и гнев, вели Елеонора Серафимовска од ИСППИ. „На тој начин иинформациите звучат поубедливо, помалку се изложени на заборавање и го супресираат секое ниво на разумност“, рече Серафимовска.Професорката Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, која исто така е дел од истражувачкиот тим, за политичките актери кажа дека се однесуваат како да се натпреваруваат кој повеќе ќе навреди и кој ќе измисли повеќе негативни кованици. „Ваквите зборови нема никогаш да го поминат филтерот за влез во стандардниот јазик и нема да се најдат во Толковниот речник, но придонесуваат за уназадување на јазикот, наместо за напредок и негов позитивен развој. Мора да се преземе одговорност и од политичарите и од медиумите за тоа кој се обраќа и како се обраќа во јавност“, заклучи Груевска-Маџоска.ИКС го спроведе истражувањето ШТЕТ-НА и ја издаде монографијата во рамките на проектот „Користи факти“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.Соопштение на ИКС

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-28-at-12.12.35

Крива Река е сериозно загадена, има десеткратно повеќе штетни метали, рече градоначалникот на Крива Паланка

Водата во Крива Река е опасност по здравјето на луѓето откако избила хаварија во рудник. Според градоначалникот Сашко Митовски, во неа има десеткратно повеќе присуство на метали. Рече дека ќе поднесат кривична пријава. Според него, Државниот инспекторат нема постапено согласно законите.„Извештајот на акредитирана лабораторија покажа дека водата во Крива Река, еден ден по хаваријата во рудникот Ораница, е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето. Извештајот покажува дека неверојатно зголемени концентрации на штетни материи, а она што најмногу загрижува е десеткратното присуство на штетни метали, односно, количината на олово присутно во водата“, рече градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.Тој го повика и Обвинителството да постапи, а вината ја лоцираше кај концесионерот на рудникот.„Она што можеби е пострашно е што е загрозена и почвата по текот на овие реки, земјоделските насади кои се наводнуваат од овие речни подрачја“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

bankok

Осум загинати во Мандалај, тројца во Бангкок, 90 лица се водат за исчезнати, се стравува од нов удар

Гувернерот на Бангкок Чадчарт Ситипунт потврди дека три лица загинале.„Три лица загинаа во главниот град на Тајланд поради штети предизвикани од силниот земјотрес што го погоди соседен Мјанмар“, рече тој.Ситипунт предупреди на можни последователни потреси, но ги повика граѓаните да останат смирени и рече дека ситуацијата е главно под контрола, пренесува Ројтерс.Властите примиле 169 пријави за оштетувања на згради во Бангкок, рече тој. Градските железнички системи се привремено суспендирани, но се очекува да продолжат со работа во сабота.Помошта на Црвениот крст е отежната поради прекинот на струјата. Црвениот крст соопшти дека тимовите се обидуваат да одговорат на „големото уништување“ во Мјанмар, но се соочуваат со потешкотии поради прекините на електричната енергија во погодените области, пренесе Би-Би-Си.Од хуманитарната организација велат дека регионите Мандалај и Сагаинг се без струја и дека се прекинати мрежните врски. И покрај тоа, Црвениот крст вели дека сè уште собира информации за „хуманитарните потреби“ предизвикани од уништувањето.Осум лица загинаа, а други се стравува дека се заробени откако зградата во изградба се урна во населено место Пји Ги Тагон во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, околу 13 часот по локално време, изјави сведок за Гардијан.„Целиот град Мандалај ги почувствува последиците од земјотресот. Спасувачките тимови и болниците се преоптоварени. Се надеваме на ресурсите што ги имаме во соседството“, рече сведок кој сакал да остане анонимен.Очевидци изјавија дека најмалку тројца луѓе загинале во делумно урната џамија во Мјанмар, а исто толку жртви се потврдени во Тајланд. Сепак, тајландскиот министер за одбрана сега кажа дека повеќе од 90 луѓе се водат како исчезнати откако се урна 30-катна зграда во изградба во Бангкок.

Свет | пред 1 година

c51065d0-bdb7-4745-aacd-4240c6b09a12

(Видео) Украинците објавија снимка: „Со дрон уништивме моќен руски дрон во лет“

Украинските сили соборија руски повеќенаменски беспилотно летало Zala Kub со помош на беспилотно летало FPV (приказ на прво лице), а снимката од акцијата беше споделена на социјалните мрежи од украинскиот доброволец Серхи Стерненко, пренесува Militaryi.„Таквото летало можеше да предизвика голема штета, па затоа е одлично што беше уништен во воздух“, рече Стерненко.Zala Kub е дизајниран за прецизни удари на копнени цели - откако ќе ги открие, вертикално навлегува и ослободува експлозивна товар на горниот дел од возилото, каде што тенковите и оклопните возила се најранливи поради нивниот потенок оклопен слој.Ова беспилотно летало е развиено од рускиот концерн Калашников, а првпат беше прикажано во 2019 година на меѓународната воена изложба IDEX во Обединетите Арапски Емирати.Украина долго време користи беспилотни летала FPV како пресретнувачи за уништување на руски авиони. Ваквите дронови, во зависност од опремата како дневни и термални камери, чинат меѓу 1.600 и 2.500 долари. Тие можат да летаат со брзина до 160 километри на час, да имаат домет до 35 километри и да останат во воздух до еден час.

Свет | пред 1 година

e8b338a7-e33d-45af-a07f-e2ba0e873ad6

Путин пред еден месец го прогласи за херој на Русија, сега тој беше убиен во регионот Курск

Прес-службата на руската национална гарда соопшти дека мајорот Марат Тибилов загинал во борбите во областа Курск. Изјавата е објавена на каналот Телеграм на агенцијата за безбедност.„Раководството и целиот персонал на Федералната служба на Националната гарда на Руската Федерација изразуваат сочувство до семејството и пријателите на офицерот“, се вели во соопштението.Не е прецизирано во која борбена мисија загинал Тибилов.Инаку, рускиот претседател Владимир Путин на Тибилов му ја додели титулата Херој на Русија пред еден месец на свечен прием во Јуриевската сала на Големата палата Кремљ. По тој повод беше истакнато дека Тибилов од првиот ден на „специјалната воена операција“ извршува службени и борбени задачи на првите борбени линии. Веќе во 2022 година, тој беше награден со два ордени за храброст.Да потсетиме, украинските сили го нападнаа регионот Курск на 6-ти август минатата година. Иако борбите се уште траат, руските сили успеаја да ослободат поголем дел од територијата окупирана од Украинците.

Свет | пред 1 година

19a57115-13bf-4ef2-b238-975ff2eaec64

(Видео) Вознемирувачко: Пристигнуваат снимки од разорниот земјотрес во Мјанмар. Се урна облакодер во Бангкок

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Стотици луѓе во тајландската престолнина Бангкок во паника излегоа од зградите откако почувствуваа дека земјата се тресе, јавува Ројтерс.Според Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS), епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има околу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, втор силен последователен потрес со јачина од 6,4 ја погоди областа.Пристигнуваат информации за урнати згради во Мјанмар и Бангкок.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-33-4360PM

Кривична пријава за даночно затајување против фирма од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот Ј.П.(59) од село Секирник, општина Босилово, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.Во периодот од 01.12.2020 до 31.12.2020, согласно пријавената состојба од вкупно 11.755.927 денари, пријавените имале обврска да пресметаат и уплатат данок на друг доход во вкупен износ од 1.306.083 денари, но не го уплатиле и за таа сума го оштетиле државниот буџет.

Македонија | пред 1 година

frosina-4512513245

Сестрата на Фросина за „Кој е следен“: Важна им е агендата, а жртвата е само инструмент, која трагедија ви е следна на менито?

Росица Кулакова, сестра на загинатата Фросина Кулакова, смета дека организаторите на „Кој е следен“, ја злоупотребиле нивната доверба, која ја дале како семејство. Посочува дека на собирите имало чесен народ, а дека зборовите ги насочува само кон организаторите.Нејзината објава во целост:Зошто бев тивка и зошто повеќе не можам да бидам. Долго време ми требаше да соберам сила и храброст да ја напишам оваа објава. Но како човек што јавно и гласно ја поддржа иницијативата „Кој е следен“, чувствувам морална обврска да објаснам зошто изминатиов прериод бев тивка - затоа што длабоко во себе носам чувство на лична одговорност.Време е јавно да раскажам, хронолошки и без цензура, што точно се случуваше по убиството на мојата сестра, Фросина.🪩 31 Јануари - Денот на погреботНа денот кога ја погребувавме Фросина додека ние бевме избезумени од болка и тага - се одржаа првите протести. Ние, нејзините најблиски, немавме поим што се случува во надворешниот свет. Болката ни ги затвори очите и ушите.Тогаш, од еден искрен, спонтан и народен крик на болка, се појави нешто друго. Некој со болен ум, со туѓа трагедија реши да си прави профит. Така во јавноста се појави иницијативата „Кој е следен“🪩 Чесни исклучоци постојат, но јас зборувам за сенкитеПред да објаснам зошто се чувствуваме злоупотребени како семејство, морам да нагласам дека има чесни луѓе и во оваа иницијатива. Луѓе со добри намери. Ова не е критика до секој што беше дел од „Кој е следен“.Моите зборови се насочени кон организаторите. Не кон тие што ги гледавме со транспаренти, туку кон оние што секогаш се во сенките. Луѓето чии имиња не се појавуваат јавно, ама сите знаеме кои се. Тие што го “водат” протестот, а никогаш не одговараат за своите постапки.🪩 Вторите протести - моментот кога сè стана јасноВеќе на вторите протести се почувствува дека нешто не е во ред. Протестот веќе не беше на народот - имаше јасен организатор, агенда, насока. И да бидам искрена, тогаш сè уште верував. Таа поддршка ми значеше. Мислев дека некој вистински се грижи, дека можеби има надеж. Но денес ми е жал што морам да кажам дека видов и доживеав сосема спротивно.🪩 Манипулацијата почнува и жртвата станува неважнаПрисуствував на еден состанок - последен за мене, зашто немав повеќе сила. Таму, меѓу зборовите и молкот, јасно ми беше ставено до знаење дека Фросина не е важна. Нашата болка не е важна. Важна е агендата, а жртвата е само инструмент. И тука морам да бидам прецизна - тие што тогаш го водеа тој наратив, тие што не гледаа како средство, а не како луѓе, денес стојат во позадина и ја поддржуваат иницијативата „Кој е следен“. Не се тие што се појавуваат напред, туку тие што тивко ги влечат конците. И за да ви доловам за каков тип луѓе станува збор - тоа се истите што во минатото шетаа со транспаренти “Црквата да одјебе”, што палеа канцеларии, што не познаваат граници кога се работи за промовирање на своите цели. Не зборувам за луѓето што искрено протестираат - зборувам за тие што стојат зад сцената. За тие што имаат агенда, а не срце.🪩 8 Март - најболната навредаПротестите за 8ми Март нема ни да ги коментирам. Ако некому му се чини соодветно да маршира со тенџериња и дрвени лажици од место каде што некој трагично загинал, нека му служи на чест. Јас мислам дека тоа беше врв на непочитта.🪩 Од ожалостено семејство - до метаНе можам веќе да молчам. Не можам да гледам како нашата трагедија, а денес и трагедијата на уште многу семејства со слична судбина на нашето - се користи, извртува, злоупотребува. Од едно семејство, денес станавме стотици. И сите сме ранливи. Сите полесни за манипулација.Системот не чини, тоа го знаеме сите. Но луѓето што го креираат тој систем од сенка нема да ни го решат проблемот. Нивната борба не е за нас. Ниту за вистината. Ниту за правдата.❗️ “Кој е следен?” да ве прашаме вас:Кој е следен❓Која мајка❓Кој брат❓Која сестра❓Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?“, напиша Кулакова.

Македонија | пред 1 година

bangkok-zemjotres

Тајланд и Мјанмар погодени од разорен земјотрес

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени го погоди Тајланд, вклучително и главниот град Бангкок. Ова го соопшти германскиот центар за географски истражувања Хелмхолц. Американската опсерваторија за земјотреси (УСГС) исто така извести за јачина од 7,7 степени. Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од мјанмарскиот град Сагаинг на длабочина од десет километри. Вториот земјотрес, дванаесет минути подоцна се вели дека бил со јачина од 6,4 степени.Повеќе од 17 милиони луѓе живеат во пошироката област на Бангкок, од нив многу живеат во високи згради. Продавниците во метрополата биле евакуирани, а бројни луѓе во паника ги напуштиле своите домови, останувајќи на улица со минути по земјотресот. Потресот бил толку силен што водата избила од базените, пренесува новинската агенција АП.Според локалната полиција, се урнала висококатница во изградба, сѐ уште не е јасно дали има загинати или повредени. На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како катната зграда и кранот се уриваат, предизвикувајќи облак од прашина. Луѓето врескале и панично бегале.

Свет | пред 1 година

taravarikongres2

Таравари: Оптимист сум дека ќе најдеме заеднички јазик со партиите ВЛЕН за локалните избори

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека се во постојана комуникација со останатите партии од коалицијата ВЛЕН за тоа како ќе се натпреваруваат на локалните избори. Тој рече дека оние како Алијанса за Албанци инсистираат да се изготват посебни листи за советници, а додаде дека е оптимист дека ќе најдат заеднички јазик.„Ние сме во постојана комуникација, комуницираме и се подготвуваме за локални избори, така што мислам дека наскоро ќе излеземе и ќе ги покажеме нашите позиции. Јас кажав колку што е можно повеќе и инсистирав во преговорите да излеземе со посебна листа како Алијанса за Албанците, но и други партии бидејќи мотивираме многу повеќе луѓе да се ангажираат на локалните избори, но тоа го правиме, изјавивме дека сме во точни извештаи, дека ќе имаме постојана комуникација„ рече Таравари.

Македонија | пред 1 година

jovan151

„Алкалоид“ му додели стипендија на Јован кој спаси 21 живот во Кочани и донираше 250.000 евра за настраданите

Компанијата „Алкалоид“ му додели стипендија на 19-годишниот средношколец Јован Костадинов од Виница, кој во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ спаси 21 лице. Јован во наредните четири години ќе добива стипенција за студии од „Алкалоид“ во висина од 18.000 денари месечно.Јован е матурант, во средното училиште „Ванчо Прке“ во Виница.Тој при пожарот во кој загинаа 59 лица, а над 200 беа повредени, ставил мокра маица на уста и нос и влегол во дискотеката за да ги спасува младите луѓе.„Алкалоид“ вчера соопшти дека донира 15 милиони денари (250.000 евра) за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства во трагедија во Кочани. Парите се уплатени во фондот на Црвениот крст.„Сакаме да искажеме посебна благодарност и до сите здравствени системи и здравствени професионалци во земјава, во регионот и низ Европа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во клучните моменти од животоспасувачката мисија. Алкалоид АД Скопје, од 16 март наваму, во неколку наврати, симболично им помогна на здравствените установи во Македонија со производи од својот асортиман, во делот на пројавените потреби. Покрај горенаведената финансиска донација преку Фондот на солидарност на Црвениот крст, компанијата ќе продолжи да помага онаму каде е потребна помош и поддршка“, велат од „Алкалоид“.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Владата набавува софтвер за да следи дали негативно или позитивно се пишува за неа: Системот нема да оценува релевантност на вестите

Софтвер ќе треба да следи какви вести се објавуваат по медиумите, а ќе бидат класифицирани како позитивни, негативни, неутрални. Ова го открива новиот распишан тендер на Владата, преку кој се бара компанија која што ќе може ова да го изработи. Се работи за популарно наречен „прес-клипинг“ софтвер, кој веќе постои ширум светот, а Владата сака да го има во свој посед. Од него, преку извештаи, Владата, министерствата и други државни институции ќе се информираат што новинарите пишуваат за нив, но и кој новинар со каков наратив се обраќа кон јавноста додека известува за нив.„Веб пристапот до објавите 24 часа на ден треба да обезбедува можност за пребарување, обележување на клучни зборови во објавата, прикажување на оригиналниот извор со линк, можност за изработка на извештаи, можност за оценување на медиумските објави во однос на позитивна, негативна и неутрална конотација, онлајн квантитативна аналитика на објавите по одредени параметри“, стои во техничката документација на тендерот.До софверот, ќе треба да се има постојан пристап, па дури ќе треба да е достапна апликација за „ИОС“ и „Андроид“ уреди.Според Владата, овој софтвер ќе им биде за да ги следат реакциите на јавноста при пласирање на соопштенија, но и да се корегираат во работењето. Тие се децидни дека нема да утврдуваат релевантност ја вестите, туку пораките кои ќе ги добиваат.„Системот пропишан во документацијата не се однесува на оценка на релевантноста на самите вести, туку пораките кои доаѓаат од медиумите во насока на коригирање на можните грешки во спроведувањето на политиките од работењето на Владата. И во таа насока на медиумите единствено гледаме како силен коректив и партнер во спроведувањето на политики од заеднички и општествен интерес“, меѓудругото, велат од Владата.Вакви софтвери долги години користат големите компании, како и ПР агенциите. Најчесто досега, дури и претпријатијата имаа распишувано огласи за изработка на т.н. прес-клипинг, каде ова што сега треба да го работи софтверот, го работеле приватни компании.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања