Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

IMG_7454

Нова измама: Скопјанка останала 50.000 денари за ќерка и наводно да не лежи затвор

На 12.02.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 50.000 денари.Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, кое починало, и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

DSC_0052

Седум уапсени за пет часа во Скопје: најмладиот е малолетник

Денеска (13.02.2025) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.02.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.02.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(26) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.02.2025 во 12.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.02.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Х.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.02.2025 во 23.20 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Н.Н.(33) и З.Т.(41), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај З.Т. биле пронајдени грутчеста и прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

mickoski-filipce-750x430-1

Филипче откри како СДСМ ќе настапи на локалните, можна ли е коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во Кичево?

За еден месец, СДСМ ќе бира нов претседател, бидејќи на Венко Филипче му завршува мандатот.„Мојот мандат завршува на 21 март, а изборите се закажани на 16 март“, рече Филипче.Тој посочи дека се разгледуваат имиња и за кандидатите за градоначалници.„Од партиските членови се гледаат имиња, како и од нашите коалициони партнери, граѓански листи, со кои би се поддржале коалициски. Ова очекувам да заврши до крајот на март, за да ги имаме првите сознанија од теренските анкети, како и телефонските анкети“, додаде Филипче.Беше прашан и за колалициите.„Ќе го кажам ставот кој не е потврден, дека СДСМ на овие локални избори ќе прави коалиции во секоја општина посебно“, рече Филипче.Прашан дали СДСМ ќе прави коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Филипче рече: „Тоа е интересно прашање, може да се разговара за него во следните месеци“.

Македонија | пред 1 година

kocevski-1

Филипче е против менување на републичкиот обвинител Коцевски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека не треба да се отстрани републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски од чело на Републичкото јавно обвинителство. Ова доаѓа по најавата на Владата за интерпелација.„Сметам дека тука станува збор за партизација. Не сакам да коментирам ничија експертиза и знаење, особено во судската власт. Апсолутно, се што отстапува од агендата за раст, не е реформа. Замена на едни луѓе со други - не е реформа, туку ризик за партијзација“, рече Филипче.Промената на Коцевски од челната позиција доаѓа во период кога Обвинителството има ниска доверба. Во јавен настап, тој се пофали само дека од 2%, сега 5% од граѓаните им веруваат на обвинителите. Владата пак, обвини дека Обвинителството е партизирано.

Македонија | пред 1 година

filipce

„Дали се разговара и за измена на химната?“, праша Филипче и кажа дека ќе се спротистават за промена на државниот грб

Најостро ќе се спротиставиме на промената на државниот грб, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, запрашан за новата иницијатива која се појави во јавноста. Тој пак, јавно праша, дали ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН разговараат и за промена на химната заедно со државниот грб.„Тој е уште еден од низата на никаде испланирани, најавени предлози на ВМРО-ДПМНЕ. Тој предлог беше на маса пред повеќе години, за време на минатата Влада со ДУИ. Тоа беше еден пакет на мерки кој требаше да се донесе. Меѓутоа, конретно.. Сметам дека првата дилема која се поставува - дали внатре во коалицијата со ВЛЕН, давајќи го овој предлог, се разговара и за измена на химната? Ние сметаме дека грбот го отсликува ова поднебје, јасен е континуитетот на антифашистичката војна, нема поделба на етнички групи и ако има таква иницијатива, најостро ќе се спротиставиме на промената на државниот грб“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

„Бугарија ги асимилира Македонците во Албанија“ - Апасиев бара отворање на македонски конзулат во Корча

Барајќи отворање на македонски конзулат во Корча, Апасиев се осврна кон состојбата со македонското малцинство во Албанија.- Македонското малцинство е признато како едно од деветте малцинства во Албанија. Биле осум малцинства, но од октомври 2017 година, под влијание на бугарската агресивна надворешна политика, станале девет. Замислете, 100 години немало никакви Бугари на 11 пописи во Албанија и наеднаш на пописот во 2023 година, под надворешен притисок, има 8000 Бугари скоро и 2500 Македонци само.Според Апасиев, бугарската политика во Албанија стратешки делува за разлика од македонската.- Како работи бугарската агенда? Им нудат бесплатни екскурзии, стипендии за децата, фондации и грантови, бугарски пасоши (тоа е веќе бизнис), бесплатни медицински прегледи, реновираат училишта и центри за млади. Наспроти ова, нашите возвраќаат со еден весник што го печатат на четири старовремски листови. Ете, толку е нашата стратегија за нив. Го прашав амбасадорот, со колку буџет располагаат, тој рече дека добиваат 180 евра месечно. Со 180 евра не можете сала да изнајмите! Наспроти оваа бугарска пропаганда, ние се спротивставуваме со овие бројки што ги кажав - образложи претседателот и лидер на опозицијата во Македонија, Димитар Апасиев.Тој истакна дека во Албанија им се заглавени околу 300 барања за државјанство на Македонците, коишто се стари повеќе од 10 години и се наоѓаат во МВР.- За разлика, од Законот за државјанства каде што на Косовари, ,,ние" измисливме да им даваме државјанство со фискална сметка од ,,Сити мол", на нашинциве во Албанија, државјанствата им се заглавени со години - рече лидерот на Левица.Апасиев додаде дека во Корча има грчки конзулат, затоа што тоа Грците си го сметаат за северен Епир.- Кога при нашата работна посета на Корча, ги прашавме мештаните колку Грци живеат таму, кажаа - нула. Значи, нула Грци, а има огромен грчки конзулат и многу Македонци, коишто сè уште немаат никаков конзулат во Корча - поентираше Апасиев.

Македонија | пред 1 година

skopje-kaj-mnt

(Видео) Прости ни Скопје: „Нашиот Петре, а околу него, мизерија“

Скопјанецот Томислав Цветкоски во видео снимено околу Македонскиот народен театар, покажа како се третира јавното добро. Искршена ограда, купишта отпад.„Нашиот Петре, а околу него, мизерија“, вели тој.Потоа, снимката продолжува на мостот кој води кон другата страна на кејот на Вардар. А низ него, освен отпад имало и кучешки измет.„Мизерија!“, повторува тој.Нехигиената во Скопје е проблем кој трае подолг период. Не е првпат да се алармира за несредени јавни површини, како градски, така и општински. Неретко имаше поплаки дури и за несобрано ѓубре од по улиците кое се трупаше околу контејнерите.

Скопје | пред 1 година

tramp-putin

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: „Ова е предавање и предавство“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, „долгиот и многу продуктивен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Веста за договорот предизвика бурни реакции во меѓународната заедница, а најмногу ги шокираше европските сојузници на Украина.Во објавата на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп истакна дека за време на разговорот, кој траел час и половина, тој и Путин разговарале за Украина, Блискиот Исток и соработката во областа на вештачката интелигенција. Клучната точка на разговорите беше постигнувањето мировен договор за ставање крај на конфликтот во Украина, кој, според Трамп, веќе однесе милиони животи.Откако Трамп разговараше со Путин, тој имаше телефонски разговор и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украинскиот лидер го опиша разговорот како „долг и значаен“, нагласувајќи ја подготвеноста на Украина да соработува.„Украина сака мир повеќе од кој било. Ние дефинираме заеднички чекори со Америка за да ја запреме руската агресија и да обезбедиме траен, сигурен мир“, рече Зеленски.И покрај тоа што одржува дипломатски тон, тој јасно стави до знаење дека Украина нема да се откаже од своите клучни цели, вклучувајќи го и враќањето на териториите изгубени од 2014 година.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија, откако во претходниот телефонски разговор се договориле веднаш да започнат преговори за ставање крај на војната во Украина.Европските сили – вклучително и Велика Британија, Франција и Германија – рекоа дека мора да имаат место на преговарачка маса во какви било идни разговори за иднината на Украина. Заедничката изјава е објавена по вчерашната средба на министрите за надворешни работи на седум европски земји и на Европската комисија во Париз.Целосното соопштение гласи:„Ние сме подготвени дополнително да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина. Остануваме посветени на нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет наспроти руската агресија. Нашата цел е да продолжиме да ја поддржуваме Украина додека не се постигне праведен, сеопфатен и траен мир – мир кој ги гарантира интересите на Украина, но и нашите.Со нетрпение очекуваме да работиме со нашите американски сојузници во планирањето на следните чекори. Нашата заедничка цел мора да биде зајакнување на позицијата на Украина. Украина и Европа мора да учествуваат во какви било преговори. Украина мора да добие силни безбедносни гаранции. Праведен и траен мир во Украина е клучен за безбедноста на целата трансатлантска област.Потсетуваме дека безбедноста на европскиот континент е наша заедничка одговорност. Затоа работиме заедно на зајакнување на нашите одбранбени способности“.Британскиот министер за одбрана Џон Хили по состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, одговарајќи на изјавите на Доналд Трамп за војната во Украина, Хили рече дека задачата на НАТО е „да обезбеди Украина да има најсилна можна позиција во какви било преговори“. „Не може да има преговори за Украина без Украина“, нагласи тој.Хили најави и нови најави за поддршка на Украина преку НАТО, вклучително и воена помош во вредност од милијарди долари за украинските сили на фронтот. „Сакаме да видиме траен мир и да спречиме враќање на конфликтот и агресијата“, рече Хили. „Не смееме да заборавиме дека Русија останува закана надвор од границите на Украина.Украина сепак може да стане членка на НАТО во иднина, според шведскиот министер за одбрана.Пристигнувајќи на самитот на НАТО во Брисел, Пал Џонсон изјави: „Не предвидувам дека членството во НАТО како такво ќе биде исклучено за Украина. Нашиот став е добро познат и пренесен, а ние стоиме зад она што беше кажано на самитот во Вашингтон, се разбира, дека иднината на Украина е во НАТО кога ќе ги исполни условите“, додаде тој.Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет испрати порака до сојузниците во НАТО: Американски војници нема да учествуваат во идна мировна мисија во Украина. Тој исто така рече дека заштитата од членот 5 од НАТО, според кој САД гарантираат одбрана доколку една од членките биде нападната, не треба да важи за европските сили кои би биле распоредени во Украина за да обезбедат повоен мир.Хегсет истакна дека Украина треба да се согласи со договорот сега и да се откаже од своите амбиции за враќање на сите окупирани територии и членство во НАТО.Сенаторот Ричард Блументал остро ја критикуваше пораката на Хегсет, нарекувајќи ја „предавање и предавство“ на Украина. Блументал, кој ја посети Украина шест пати за време на нејзината борба против Русија, смета дека таквиот став значи напуштање на Украина и поткопување на безбедноста на европските сојузници. Тој ја истакна нескротливата храброст на Украинците, велејќи: „Ќе истраат“.Претставникот Дон Бејкон изрази слична загриженост, повикувајќи ги Соединетите Држави јасно да идентификуваат кој ја започнал војната и кој неселективно бомбардира градови.„Треба да имаме јасен морален став – кој ја започна оваа војна, кој неселективно бомбардира градови и кој е нашиот вистински сојузник овде“, рече Бејкон, предупредувајќи на опасноста од наградување на агресорот.

Свет | пред 1 година

82946d10-106a-4c79-b07e-0db0d396f511

Маж во Босна и Херцеговина ги уби сопругата и синот (13), сега е во бегство

Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Klix.ba Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.Безживотните тела се пронајдени во станбено-деловен објект, а како што неофицијално дознава порталот, мажот и жртвата формално се разведени, но живееле заедно.„Повеќе детали ќе се знаат подоцна“, изјави Арнаутовиќ.Според Klix.ba, убиена е Инела Селимовиќ, која на последните локални избори беше кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.Организацијата „Глас на жените“ излезе со соопштение за убиството:„Додека чекаме Федералното Министерство за правда конечно да го достави ревидираниот нацрт на измените на Кривичниот законик со кои би се регулирало фемицидот како посебно дело, сведоци сме на чести родови убиства на жени.Ја повикуваме владата на Федерацијата што поскоро да го достави текстот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Уште едно во низата ужасни убиства врз основа на пол“, велат тие.

Свет | пред 1 година

EU-1

Европски сили мора да учествуваат во преговорите за судбината на Украина, децидни се од Европската комисија

Европските сили, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, во средата рекоа дека мора да учествуваат во какви било идни преговори за судбината на Украина, нагласувајќи дека само фер договор со безбедносни гаранции ќе обезбеди траен мир.„Нашите заеднички цели треба да вклучуваат ставање на Украина во позиција на сила. Украина и Европа мора да бидат дел од какви било преговори“, се вели во заедничката изјава на седумте земји и Европската комисија.„На Украина мора да и се обезбедат силни безбедносни гаранции. Праведен и траен мир во Украина е неопходен услов за силна трансатлантска безбедност“, се вели во соопштението, додавајќи дека европските сили со нетрпение очекуваат разговори со нивните американски сојузници за понатамошни мировни чекори.Министрите за надворешни работи на Франција, Велика Британија, Германија, Полска, Италија, Шпанија и Европската комисија во средата во Париз се сретнаа со украинскиот министер за надворешни работи.Состанокот, закажан пред неколку недели, имаше за цел да ја претстави одбранбената стратегија на блокот, да разговара за тоа како да се зајакне Украина, да се планираат идни мировни преговори и да се разговара за тоа како да се пристапи кон разговорите со американската администрација кога тие ќе се сретнат на Минхенската безбедносна конференција овој викенд.На овие теми мораше да се пристапи во ново светло откако американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет рече дека враќањето на границите на Украина од пред 2014 година е нереално и дека САД не го гледаат членството на Киев во НАТО како дел од решението за војната.Коментарите на Хегсет уследија по телефонскиот разговор меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, по што Трамп рече дека нивните тимови се согласиле веднаш да започнат преговори. Европските сили не беа однапред информирани за поканата и беа изненадени од отвореноста на Хегсет, велат дипломатите.На прашањето дали некои европски земји ќе бидат вклучени во мировните преговори, прес-секретарот на Белата куќа Каролина Левит рече: „Во моментов нема вклучени европски земји“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-14.34.06

Околу 75.000 федерални работници доброволно ги напуштија своите работни места, синдикалните лидери велат дека „не може да му се верува на Трамп“

Околу 75.000 американски федерални работници ја прифатија понудата од администрацијата на претседателот Доналд Трамп доброволно да ја напуштат службата, изјави доцна во средата портпаролот на Канцеларијата за управување со персоналот на САД.Програмата за доброволно заминување е еден од многуте пристапи што Трамп ги презема за да ја намали федералната работна сила од 2,3 милиони луѓе, кои тој ги обвини дека се неефикасни и пристрасни против него.На функционерите им било кажано да се подготват за отпуштање до 70 отсто од персоналот во некои агенции, велат изворите.Синдикатите ги повикаа своите членови да не ја прифаќаат програмата за доброволно заминување и предупредија дека не може да му се верува на Трамп да ја почитува.Понудата ветува дека ќе им се исплаќаат редовни плати и бенефиции на вработените до октомври без да мора да работат, но тоа можеби не е баш така. Сегашните закони за трошење истекуваат на 14 март и нема гаранција дека платите ќе бидат финансирани по тој момент.Трамп го именуваше милијардерот Илон Маск да раководи со новосоздадената Канцеларија за владина ефикасност, која ги прочистува платите и персоналните досиеја во обид да го намали тој дел од федералниот буџет, кој беше 6,75 трилиони долари минатата година, за трилион долари. Платите за цивилните федерални работници сочинуваат помалку од пет проценти од вкупниот буџет.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-12-at-09.29.28

Кој е уапсениот од бандата на Штекли: Дарко Кнеле бил во автомобилот со кокаин

Дарко Голубовски-Кнеле е еден од уаспените со над 4 килограми кокаин во Скопје. Станува збор за лик кој себеси се претставува како лик од подземјето, со бурен живот, за на крај да заврши со вештачко срце. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, објави дека станува збор за лик кој е дел од групата на уапсениот Раде Трајковски-Штекли.„Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавен обвинител, продолживме со активностите против криминалната група на Штекли, и при дополнителни дејствија, по само нецел месец од разбивањето на групата, повторно е пронајдена и одземена дрога од истата криминална банда“, напиша Јанев.Во поткастот кај јутуберот „Лазаров“ зборуваше и за Раде Штекли.„Пријател сум со Раде Штекли. Тој ми е другар, комшија. Неговата мајка, Бог да ја прости, почина во Милано, а учеше со татко ми. Тој е од Керамидница. Не знам што да му кажам за Раде Штекли, кој број патики носи? 43-44“, рече Голубовски-Кнеле.?t=6051Тој раскажа дека не се му здосадил бурниот живот и покрај здравствените проблемите.„И ден денес уживам, кај и да влеза позитивна ми е енергијата“, додаде Голубовски-Кнеле.Неофицијално, на Кнеле, поради здравствените проблеми, му е одреден куќен притвор.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-12-at-20.59.49

(Видео) Ацо Тошта: Заев и Спасовски нѐ осудија за 27 април, Села го спасивме јас и градоначалникот на Ѓорче

Во „Претрес со Ландов”, гостин беше Ацо Тошта, лице осудено за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во настаните на „27 април”.Тошта е основач на ВМРО-ДПМНЕ и бил во обезбедувањето на Никола Груевски.„Немаше убиство ниту обид за убиство на Села. 27 април беше кобен за нас. Крсто Муковски кој ги отвори вратите беше амнестиран и награден од Заев. Јас и Александар, градоначалникот на Ѓорче Петров го спасивме Зијадин Села. Влатко Ѓорчев ме молеше: Тошта застани зошто ќе гори Македонија.Фросина Ременски викаше да не тепаат бидејќи е бремена. Толпата беше револтирана, го шамараше и тепаше и Влатко Ѓорчев. Заев и Спасовски нас нѐ осудија”, рече Ацо Тошта.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-12-at-20.39.27

(Видео) Таткото на усмртената Викторија до судијката Љубинка Башевска: Дали мирно спие, кој изврши притисок врз неа

Славе Николов, таткото на Викторија која трагично загина кај „Сити мол”, во 2022 година во „Претрес со Ландов”, кажа дека кај Јордан Ѓорѓиев, возачот кој ја усмрти Викторија немало никакво каење.„Никакво каење, ниту сочувство немаше ниту од него, ниту од неговите родители. Најголемата вина според моите сознанија е притисокот во судството. Судијката Љубинка Башевска не може да донесе правда”, рече Николов.„Дали мирно спие, дали има грижа на совест и од кого имаше притисок“, ја праша таткото на Викторија судијката Љубинка Башевска која ја досуди казната од 3 години за возачот-убиец.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-12-at-20.23.21

(Видео) Таткото на загинатата Викторија: Нема утеха додека сме живи, правда нема

Гостин во „Претрес со Ландов” е Славе Николов таткото на Викторија која трагично загина кај „Сити мол” во 2022 година.„Нема утеха додека сме живи. Верував во правосудството, но се случи сосема друго”, вели Славе Николов.Јордан Ѓорѓиев, возачот кој ја усмрти Викторија доби затворска казна од три години, одреди Кривичниот суд. Олеснителна околност за судот е дека го признал делото, изразил каење и бил млад со 23 години, како и дека не бил осудуван до сега и дека сѐ уште е студент.Апелациониот суд во Скопје му ја зголеми казната на Јордан Ѓоргиев на четири години.

Македонија | пред 1 година

hajrulahi-1

Крстевска Цалева времено на местото на Хајрулахи

Наташа Крстевска Цалева ќе ракободи со скопското Вишо јавно обвинителство.Таа доаѓа времено на ова место поради суспензијата на досегашниот шеф Мустафа Хајрулахи.Тој беше суспендиран и одалечен од вршењето на функцијата заради кривична пријава за малтретирање на свои колеги обвинители со што се отвори војна на релацијата Коцевски- Хајрулахи.Крстевска Цалева дојде какл предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски, со едногласна поддршка од членовите на Советот на јавни обвинители.По завршувањето на дисциплинската постапка против Хајрулахи ќе се знае епилогот, дали ќе се оди на избор на нов шеф на скопското Вишо обвинителство или Хајрулахи ќе се врати.Во предлогот за Крстевска Цалева стои дека е обвинител со интегритет, без забелешки на нејзината работа, а била и неодамна избрана да работи во Вишото обвинителство.Дисциплинската против Хајрулахи трае.Комисијата за утврдување негова одговорност утврдила неправилности во заведување на предметите во обвинителството. Хајрулахи пак се пожали на притисоци од државниот обвинител Коцевски поради предметот со бонусите на СЈО.

Македонија | пред 1 година

DSC_0288

Велешанец се обидел да изврши силување во Аеродром, тврди Обвинителството и бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Осомничениот велешанец, на возраст од 53 години, во населбата Аеродром во Скопје, спротивно на јасно изразената волја на една оштетена, со употреба на сила се обидел врз неа да изврши полов однос. Откако жртвата пружила активен отпор со удирање со рацете и нозете и гласно викање за помош, осомничениот излегол од возилото каде го извршил нападот и побегнал.Бидејќи постојат околности што укажуваат дека доколку осомничениот се остави да се брани од слобода ќе се даде во бегство или пак ќе се крие, со што ќе биде недостапен на органите на прогонот, но и со оглед на тоа дека постојат особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведокот-оштетена или дека ќе го ќе го повтори или доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

kokain

Во автомобилот си направил бункер, па му најдоа 4,5 килограми кокаин - кога им влегоа дома им најдоа уште кило

„Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, во текот на денешниот ден од слобода се лишени две лица. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и додаваат:Имено, од екстрахираните податоци, истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, дојдоа до докази дека првоосомничениот кој беше лишен од слобода во Гевгелија, во бункер во ПМВ сокрива поголемо количество на психотропна супстанца. По обезбедена наредба за вештачење на возилото коешто беше одземено, пронајдени се 3,5 кг кокаин.Воедно, како резултат на доказите побарани се и извршени претреси на дом кај приведените лица и притоа е пронајден уште 1 кг кокаин. За двете лица јавниот обвинител донесе Наредба за истрага, а од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје побара притвор и куќен притвор.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

Владата се реши за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски

Владата го задолжи Министерството за правда да преземе активности за поведување на постапка за разрешување на државниот јавен обвинител.„Разочарувањето на Владата за постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.Таа образложи и аргументи за разрешувањето.„Се отвори расправата за последниот индекс на транспарентност, од каде можеше да се види дека четири точки се однесуваат на состојбите во Обвинителството и судството. Дополнително, последното именување за в.д. шеф на Вишо јавно обвинителство е одлука која е незаконска“, рече Митева.

Македонија | пред 1 година

kocevski-pravda

Коцевски за Владата откако „тргна возот“ за разрешување: Ги немате сите точни информации!

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, за кого Владата донесе одлука за поведување на инцијатива за разрешување тврди дека не работел незаконски. Тој на Владата и посочува дека донела грешна одлука водејќи се од неточни информации.„Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски. Верувам дека Владата ги немала на располагање сите релевантни и точни информации и заради избегнување на недоразбирања, сакам да го појаснам следното: Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесен од обвинителот Хајрулахи, кој во моментов е суспендиран, беше со важност до 31.12.2024 година. Согласно тој распоред лицата определени за негови заменици го имаа статусот на заменик до истекот на распоредот на 31.12.2024 година. Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје за 2025 година е донесен од обвинителот Цветановски во јануари 2025, во момент кога истиот немал својство ниту на заменик, ниту на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, што значи дека ваквиот распоред не е донесен согласно закон и не може да произведува правно дејство. Со потврдување на одлуката за суспензија и на обвинителот Цветановски, се јави потреба да се определи јавен обвинител кој времено ќе раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје.Сакам да укажам дека не е првпат да се постапува на овој начин и приоритет беше во случајот да се определи раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје кој ќе биде гарант за непристрасното, професионално и објективно работење на обвинителството до завршување на дисциплинска постапка за обвинителот Хајрулахи. Појаснувам дека не се работи за назначување на вршител на должноста виш јавен обвинител туку за определување на времен раководител на вишото јавно обвинителство Скопје. Според тоа ве верувам дека моето постапување во овој случај, како и во целокупното мое работење е согласно закон, а со цел овозможување на непречено и законито функционирање на јавното обвинителство и заштита на јавниот интерес“, вели Коцевски.

Македонија | пред 1 година

dimitrievska-sovet-12

Советот на обвинителите контра Владата, претседателката без одговор дали Коцевски може да се разреши и ако дадат негативно мислење

Душица Димитриеска, претседател на Советот на обвинители,  се спротивстави на Владата, која беше децидна дека назначувањето на обвинител кој ќе го заменува Мустафа Хајрулахи во скопското Јавно обвинителство е незаконска. Според Димитриевска, одлуката е законска.„Беше донесена одлука, следејќи ги состојбите во Вишото јавно обвинителство каде вишиот јавен обвинител е оддалечен од функцијата, советот утврди дека е потребно во ова јавно обвинителство да се назначи обвинител кој ќе раководи со Обвинителството. Таа одлука е едногласна“, рече Димитриевска.Прашана дали имало законска основа за ваква одлука, таа рече: „Да има, мора да има потписник, мора да има јавен обвинител кој ќе го раководи“.„Јас не можам да дадам одговор на тоа прашање, јас тврдам дека нашата одлука е законита. Тоа Обвинителство мора да има јавен обвинител кој ќе раководи. Уште еднаш да напоменам, се работи за јавен обвинител кој ќе раководи додека трае оддалечувањето на јавниот обвинител“, додаде Димитриевска.Прашана да ја објасни процедурата за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, таа им порача на новинарите да си видат во законот, оти таму ја имало. Немаше ни конкретен одговор, дали процедурата продолжува во Собрание и покрај евентуално дадено негативно мислење од Советот на јавни обвинители за разрешување на Коцевски.„Во однос на тоа прашање, сакам да изјавам дека до сега, немаме до Советот никаков предлог добиено. Кога ќе има предлог, ќе се произнесеме. Советот ќе ги испочитува роковите и процедурата“, рече Димитриевска.

Македонија | пред 1 година

emilija-peseva-ubiena

Доживотен затвор за Фадил, кој свирепо ја уби штипјанката Емилија: „Моето дете гние, нека гние и тој во затвор“

Убиецот Фадил Зејнелов кој свирепо ја убил Емилија Пешева на 29 години, е осуден на доживен затвор.„Обвинетиот сторил убиство, судот го осудува на доживотен затвор. Во изречената казна му се смета и времето поминато во притвор. По анализа на сите докази, утврди дека оваа казна е потребна и оправдана. Пред се поради начинот на извршување на кривичното дело, траело неколку минути.. Имало решителност од негова страна, а борба од страна на Емилија. Второ, покрај свирепоста при извршувањето, судот утврди дека во август 2024 година, при меѓусебни средби имало физички напад, утврдени во болница“, рече судијата Сашко Георгиев.Родителите се задоволни од пресудата.„Правилна одлука донесе. Не може да ја излечи болката, таа нема да се врати. Но работата е такви луѓе да нема. Моето дете ќе гние, нека гние и тој во затвор“, рекоа мајката и таткото.Ја давел, ја оставил да умре и заминал да игра комар. Вака изгледало убиството на Емилија Пешева во ноември минатата година. Убиецот Фадил Зејнелов го призна убиството, а семејството и обвинителството бараат доживотен затвор. Слободан Пешев, татко на убиената Емилија рече дека неговата ќерка била користена од убиецот за пари.

Македонија | пред 1 година

kurto-dudush

Инспектор од Град Скопје го пријавил Курто Дудуш дека го навредувал, градоначалникот исто пуштил пријава за закани

На 11.02.2025 околу 10.30 часот З.Г., инспектор во град Скопје, пријавил во СВР Скопје дека на ул.2бб во близина на дива депонија, при вршење на службени дејствија за вршење на надзор и подигање на мостри, дошле две лица и еден од нив (К.Д. -градоначалник на Шуто Оризари) почнал да ги навредува него и неговите колеги и да им се заканува и го попречувал земањето на мостри.На 11.02.2025 во 13.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, К.Д.(50) од Скопје – градоначалник на Шуто Оризари, пријавил дека за време на инспекциски надзор на отпад од страна на вработени во град Скопје, кој бил сместен на неговиот имот на подрачјето на Шуто Оризари, Ф.С.(47) од Скопје, вработен во град Скопје, му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-45-8680PM

Се запалиле подруми од зграда во Аеродром, едно лице во болница

Денеска (12.02.2025) во 01.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а М.С. се здобил со повреда додека се симнувал по скалите од зградата и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на помош. жИзвршен бил увид.

Скопје | пред 1 година

IMG_3678.00_00_14_02.Still004

Малолетник од Љубанци претепан на Бит Пазар, во друг случај настрадал и 38-годишен скопјанец

На 11.02.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, А.Ш.(41) од с.Љубанци, скопско, пријавил дека околу 13.10 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, при што едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда.На 11.02.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, Ф.С.(38) од Скопје пријавил дека на 10.02.2025 околу 18.40 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Џ.А.(55) и Џ.А.(19), двајцата од Скопје, кои употребиле и тврд предмет.Пo целосно документирање на слуачите ќе следуваат соодветенти поднесоци.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања