Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2025-02-04-142156

Ретроспектива низ фотографии од денешните активности за чистење на снегот

Од раното утро, па се' до вечерниве часови ангажирани на сите критични точки, централно градско подрачје, села и населби кои гравитираат на повисоки места, чаршија, плоштади, пешачки зони, тротоари, влезови од институции од посебен интерес, пешачки премини, и.т.н.„Благодарност до кафе-бар Инстинкт кој несебично со чај ги згреа вредните работници“.

ОО | пред 1 година

Screenshot-2025-02-04-141814

(Видео) Охридски Комуналец неуморно во справување со снежната бура

Вредно и неуморно од раните утрински часови, со сета расположлива механизација и човечки ресурси, во справување со снежната бура.

ОО | пред 1 година

Screenshot-2025-02-04-141510

,,Охридски Комуналец" со логистичка поддршка во акцијата на нуркачите за расчистување на охридското пристаниште

Ј.П. „Охридски Комуналец" кака дел од координативното тело за организација на празнувањата и активностите поврзани со големиот христијански празник Богојавление-Водици, денес логистички се вклучи во акцијата од Клубот за подводни дејности „Охрид“ кои го чистеа дното на Охридското Езеро кај градското пристаниште.Од дното на езерото нуркачите подигнаа поголема количина најразличен цврст отпад кој претставува опасност за капачите, а нашите екипи со несебичен ангажман го подигнаа, и покрај обврските кои ги имаа денес за расчистување на снегот од раните утрински часови

ОО | пред 1 година

473280993_1079107520683737_684768175366208021_n

Со снежните врнежи екипите на Охридски Комуналец веднаш на терен

Од утринските часови се мобилизирани дежурните екипи од сите оперативни работни единици и веднаш се излезе на терен. Се интервенира според „Програмата за зимско одржување на територија на општина Охрид", по претходно дефинирана динамика, приоритет и ситуацијата на терен.Со целокупната расположива механизација се расчистува снежната покривка од коловозите до населените места кои се наоѓаат на повисоките места ( с. Велестово, нас. Исток, с. Елшани, населба ,,Гоце Делчев" (Бараки), У.З. „Стар Град“), главните прометни сообраќајници и улиците во централното подрачјеВо расчистувањето со сопствена механизација и работници се вклучени и екипи на Ј.П. „Нискоградба"Веднаш се интервенира и по пешачките зони, тротоари и пристапни патеки од висок приоритетСнегот се отстранува машински, а во исто време се интервенира со абрзивни средстваЗа да се обезбедат неопходните услови за безбедно движење на возила и пешаци, екипите остануваат во мобилна состојба во текот на целиот ден со цел да се опфати и поширокото градско подрачје и населени места

ОО | пред 1 година

Screenshot-2025-02-04-141103

Пред најавениот снежен бран, апел до граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила

Заради најавените снежни врнежи во следните денови во охридскиот регион, Ј.П.,,Охридски Комуналец” упатува апел до граѓаните на општина Охрид и приградските населби да ги дислоцираат моторните возила од коловозните површини во централното градско подрачје, У.З.Стар Град, тесни улици, потоа сите улици кои согласно категоризацијата се од највисок приоритет на интервенција, каде и движењето во зимски услови е отежнато.На овој начин ќе се овозможи непречено и успешно дејствување на ангажираната механизација и ќе се елминира можноста за оштетување на паркираните возила при чистење на снегот.Само со координирана акција и активно учество на сите чинители, снегот навремно ќе се расчисти и ќе се овозможи нормално движење на возилата и пешаците, а со тоа и нормално функционирање на градот.

ОО | пред 1 година

472209128_1071794644748358_7592197853187514434_n

И во празничниве денови работно, дежурните екипи на терен за одржување на јавната чистота во Охрид

И во празничниве денови работно, во служба на граѓаните и нашиот Охрид.Уште од раните утрински часови во првиот ден од 2025 година, дежурните екипи на терен за одржување на јавната чистота на градскиот плоштад и други фреквентни локации во централното градско подрачјеЗаради зголемениот број на туристи во текот на новогодишните и божиќните празници, дежурни екипи ќе интервенираат во зависност од наметнатите потреби.

ОО | пред 1 година

Screenshot-2025-02-04-135341

Се одржува јавната чистота на повеќе локации во Охрид

Согласно богатата програма која ја организира Општина Охрид по повод новогодишните празници, се одржува јавната чистота на повеќе локации каде се реализираат настаните.Секојдневно чистење на кејот и крајбрежниот појасЕкипите на Паркови и зеленило продолжија со чистење на обраснато зеленило на патот кон месноста Навис и во градски парк, како и чистење на обраснато зеленило кај касарната

ОО | пред 1 година

prevenzija-rak-dojka

Светски Ден на борбата со ракот

Денеска се обележува 4 февруари, денот на борбата против ракот.Податоците се застрашувачки.Според последните податоци, годишно од рак умираат над 10 милиони луѓе во светот додека 40% од случаите би можеле да бидат превенирани. Затоа многу е важна превенцијата и раното откривање.СЗО алармира, до 2050 година бројот на новодијагностицирани случаи на рак ќе се зголеми за 77 отсто.Светската здравствена организација проценува дека секој петти човек во светот ќе заболи од рак, додека еден од девет мажи и една од 12 жени ќе умре од некоја форма на малигна болест.Ракот на белите дробови, дојката и дебелото црево се водечки локации на рак во однос на инциденцата и смртноста. Ракот на белите дробови е најчесто дијагностициран малигнен тумор и сочинува 12,4 отсто од сите нови случаи на рак и 18,7 отсто од сите смртни случаи од рак кај двата пола.Кај жените, најчесто дијагностициран малигнен тумор по ракот на белите дробови е ракот на дојката, кој сочинува 11,6 отсто од сите новодијагностицирани случаи.Нашата земја се соочува со сериозни предизвици во превенцијата и лечењето на овие пациенти: недостаток на терапија и персонал, лекови.

Македонија | пред 1 година

Kozle-1

Болницата во Козле доби нова директорка

Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа.Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија.Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска.

Македонија | пред 1 година

goce-delcev

153 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев.Централното чествување е во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе положи државниот врв.Чест оддадоа Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, Премиерот Христијан Мицкоски и опозицискиот лидер Венко Филипче, како и бројни собраниски и пратиски делегации и претставници на здруженија на граѓани.На годинашното чествување нема официјална делегација од Бугарија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-04-at-10.16.21

Таравари ја разреши директорката на Козле која забрани да ѝ се спомнува името

Министерот за здравство, Арбен Таравари, потпиша решение со кое досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, е разрешена од функцијата, а на нејзино место е назначена професорката Катерина Бошковска.,,Не давам согласност моето име и презиме и професионалност да биде објавувано по медиуми. Го задржувам правото да ги преземам сите законски мерки за секој обид на манипулација или неовластена употреба на моето име и презиме“, стоеше во нејзината писмена изјава, која предизвика лавина реакции и револт.Персоналот и колегите остро реагираа на управувањето на Симоновска со болницата кое беше проследено со серија предизвици, меѓу кои најзначајно беше распаѓањето на бронхоскопскиот оддел, како и лошите меѓучовечки односи и несогласувања во институцијата.

Македонија | пред 1 година

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Отворено писмо: Стресот и агонијата на медицинските сестри се интензивираат

Претседателката на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиовска упати отворено писмо по повод , како што пишува, прекинатите договори на дело и стотици медицински сестри кои во моментов се без работа.„По големиот број поплаки и барања на медицинските сестри, кои постојано пристигаат во Унијата на медицински сестри и техничари на Македонија, како и во Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, остро реагираме и заеднички го подигаме гласот со нашите колешки и колеги кои денес „останаа на улица“ по еднострано прекинатите договори за работа.Законските недоречености и политичките флоскули ја влошуваат состојбатаФрапантни се фактите кои речиси остават без зборови: станува збор за висококвалитетни и стручно обучени медицински сестри и техничари, кои зад себе имаат и по 6 и 7 години работно искуство во статус договор на дело, а се до денес биле составен дел од здравствените установи, Општите болници во Прилеп, Битола, Кавадарци и Куманово!Овие колеги, наместо признание и решавање на нивниот статус, остануваат изневерени од здравствените власти, законските недоречености, недомаќинското работење, немањето слух за натрупаните проблеми, како и лицемерните и популистички флоскули и политички додворувања, особено во време на пандемијата со коронавирусот.Недопустливи поделби во професијата: професионализам и емпатија како единствени критериумиУнијата на петте здруженија на медицински сестри и техничари на Македонија, со своите повеќе од 5.000 членови од сите нивоа на здравствениот систем, предводена од Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА-НАС“, континуирано реагира и алармира за потребата од итно решавање на статусот на оваа категорија медицински сестри и медицински техничари, кои со години наназад се ангажирани со „Договори на дело“ преку агенциите, други матични институции и трети по основ на проекти.Реагираме по којзнае кој пат и апелираме да се престане со поразителната поделба на медицинските сестри и техничари според: политичката реторика и опција, поделбите од типот на средни и високи, полова и возрасна поделба, но и тотално неразумната поделба по национална или етничка припадност. Затоа што во нашата професија единствениот фактор кој го определува квалитетот е: професионализмот и емпатијата! Ништо повеќе и ништо помалку!Ако според сите извештаи, анализи, препораки и параметри, на Македонија ѝ недостасуваат речиси 50% од сегашно ангажираните медицински сестри и техничари, тогаш и денешните и сите досегашни раскинувања на договори во најмала рака изгледаат несериозни, неетички и нехумани. Тие, како такви, треба да бидат поединечно образложени и поткрепени со факти.Нашата работа и нашата професија се една од најважните алки во комплетниот здравствен систем на земјата и немарното или „намерното“ запоставување на нејзината вредност, неминовно ќе доведе до катастрофални последици во здравствениот систем, лош имиџ на земјата пред светот, но и најважно од се: намалување на вредноста на пациентите и значително поскапување на здравствената нега.Делување на унијата: борба за правата и достоинството на медицинските сестриСтресот и одговорноста во нашата професија се постојани, а дополнителните стресови и долгогодишни нерешени и запоставени проблеми, какви што се: законски нерегулираната професија, условите за работа, неприфатените дипломи, слабата финансиска ревалоризација на трудот и така натаму, дополнително ја зголемуваат огорченоста и одливот на овој високо стручен кадар во западноевропските земји.Затоа, апелираме и предупредуваме дека: конечно е време за неодложно, сериозно и системско решавање на императивните проблеми во професијата медицинска сестра и медицински техничар, во интерес на сите граѓани на земјата.Нашите барања:Итно вработување на лицата кои имаат повеќегодишни стажови во здравствените установи, затоа што тие веќе ја покажале и докажале својата неопходност за болниците и пациентите!Да не се нарушува достоинството на нашата хумана професија со произволни и непоткрепени изговори и изјави од било кого!Како Унија со најбројно членство на медицински сестри и техничари во земјава, бараме да бидеме вклучени во сите инстанци и на сите нивоа на кои се носат било какви одлуки за медицинските сестри и медицинските техничари.Оваа професија се одбира и се работи затоа што се сакаат животот и добробитта на пациентите.Ако нацијата е богатство на државата, тогаш медицинските сестри се богатство на нацијата.Време е решавањата да бидат системски и систематски во интерес на СИТЕ”, стои во отвореното писмо.

Македонија | пред 1 година

DSC02123

Жена била киднапирана, тепана со клоци по глава од поранешен партнер - обвинение за битолчанец кој е во бегство

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и став 1, како и Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 21 октомври 2024 година, обвинетиот при семејно насилство и на свиреп начин противправно на сила ја држел затворена својата поранешна партнерка во викенд-куќа во атарот на селото Нижеполе. Притоа ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци по главата и телото, ја влечел за косата и телесно ја повредил. Неможејќи да го издржи насилничкото однесување, жртвата посегнала по нож и си ги пресекла вените на левата рака. И покрај тоа, обвинетиот продолжил да ја удира и да ја малтретира.Од самиот почеток на кривичната постапка, по предлог на јавниот обвинител, на обвинетиот му е определена мерка притвор која треба да започне да спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Со поднесеното обвинение сега, обвинителството бара притворската мерка да опстои, иако лицето се уште е недостапно за органите на прогонот. Исто така, јавниот обвинител веќе има издадено наредба за распишување на национална потерница и ги презеде сите дејствија неопходни за евентуална екстрадиција на лицето доколку се утврди дека се наоѓа во друга држава.

Македонија | пред 1 година

kina-sad

Кина веднаш одговори на царините на Доналд Трамп

Кинеското Министерство за трговија објави дека воведува контра-тарифи против Соединетите држави на неколку производи и најави други мерки поврзани со трговијата, вклучително и истрага против Гугл, пишува Асошиетед прес.Владата соопшти дека ќе применува царини од 15 отсто за јаглен и течен природен гас, како и тарифи од 10 отсто за сурова нафта, земјоделски машини и големи автомобили.„Едностраното зголемување на царините на САД сериозно ги крши правилата на Светската трговска организација“, се вели во соопштението и се додава: „Ова не само што нема да помогне во решавањето на сопствените проблеми, туку и штети на нормалната економска и трговска соработка меѓу Кина и САД“.Тарифите од 10 отсто наметнати на Кина од страна на претседателот Доналд Трамп треба да стапат на сила во вторник, иако Трамп планираше да разговара со кинескиот претседател Кси Џинпинг во следните неколку дена.Кинеската државна управа за регулирање на пазарот во вторникот соопшти дека го истражува Гугл поради сомневање дека ги прекршил антимонополските закони. Иако во објавата конкретно не се споменуваат никакви тарифи, најавата дојде само неколку минути откако тарифите на Трамп од 10 отсто требаше да стапат на сила.

Свет | пред 1 година

1680676725_Tramp-5-696x464

Денеска, на денот кога требаше да започне најголемата трговска војна во историјата, излезе бел чад од Белата куќа

Овој вторник, 4-ти февруари, требаше да започне најголемата (и исто така најбесмислена) трговска војна во поновата историја; онаа меѓу Америка на Трамп и нејзините најблиски соседи, Канада и Мексико. Причината? Мигранти и дрога.Да, новиот американски претседател им се закани на своите најважни трговски партнери со царини од неверојатни 25 проценти поради недостатокот на гранична контрола и „истекувањето“ на фентанил, потег што дури и најголемите љубители на економската политика на новата американска администрација би можеле да ја разбират.Но, само неколку часа пред да стапи на сила драконскиот данок, триумфално излезе бел чад од Белата куќа (а со тоа и од Отава и Мексико Сити) - беше постигнат компромис, мерката се одложува за еден месец.Очекувано, сите страни на драмата се одвиваат...

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-03-at-23.24.45

Судијката Алексовска Стојановска засега не треба да стравува дека ќе ја гонат или разрешат поради случајот на Васил Јованов со дрогата

Судијката Даниела Алексовска Стојановска која му досудила воспитна мерка наместо затвор на возачот Васил Јованов во предметот со дрогата, засега не треба да стравува дека ќе ја гонат или разрешат. Ова е заклучокот од одговорите на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и претседателот на Судски совет Александар Камбовски. Коцевски кажа дека немаат отворено предмет оти нема ниту сомневања дека судијката сторила кривично дело.„Во моментот немам сознанија дека е отворен предмет против судијката, затоа што во овој момент немаме никакви евентуални докази за некакви индиции, односно сомнение во однос на оваа судијка. Нема елементи и индиции за сторено кривично дело. Доколку има, Јавното обвинителство стои на располагање“, рече Коцевски.Претседателот на Судски совет Александар Камбовски, прашан конкретно за судијката Алексовска Стојановска и дала изрекла преблага казна во случајот со дрогата и Васил Јованов, тој истакна дека не е запознаен со случајот, кои биле доказите. Напомена рече дека ќе се разгледува секој случај каде има пропусти.„Сигурно дека ќе се разгледува, секаде каде што има пропуст ќе се санкционира. Сите се залагаме за владеење на правото. Не познавам никој што се согласува со вакви состојби да ни се случуваат“, вели Камбовски.Претседателката на Академијата за судии и обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски, прашана дали оценува дека има можна одговорност кај судијката за случајот со Васил Јованов, претседателката на Академијата за судии и обвинители рече дека лично ја познава судијката (Алексовска Стојановска), која, како што рече, е една од подобрите во својата работа.„За одговорност на судијката сега не би требало да станува збор. Лично ја познавам судијката, навистина е професионална и една од подобрите во својата работа. Работи во согласност со законите, а сепак тоа е одлука на Судскиот совет“, изјави Трајкоска-Стрезоски.Судиите носат одлуки според слободно судиско уверување, а согласно доказите. Тие индивидуално можат да оценуваат олеснителни и отежителни околности. Па така, одговорност кај судијката нема да може се утврди во делот на висината на казната. Но, доколку судијката направила некакво прекршување на законите и била пристрасна при одлучувањето поради нејзини лични конекции со обвинетиот или родителите – тоа прашање може да го разгледува Судскиот совет кој ја именува.

Македонија | пред 1 година

sudija

Народот очекува правда и одговорност, Судски совет и ЈО да се фатат за работа, да ја разрешат судијката Алексовска Стојановска и да ја истражат нејзината работа, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Одговорност за неказнивоста на криминалците мора да има. Оние кои што дозволија криминалците, наместо во затвор, слободно да се шетаат по улиците мораат да понесат одговорност“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Таквата неказнивост на криминалците од правосудните органи, доведе тие да се чувствуваат посилни и над законот, и да газат се пред себе.Таков е и случајот со возачот убиец, кој пред некој ден ја усмрти младата девојка на Партизанска, која уредно поминувала на семафор на зелено за пешаци.Дента, наместо во возилото кое го управувал без возачка дозвола, требал да биде во затвор ако судијката Даниела Алексовска Стојановска постепела согласно закон. Па, наместо во поправен дом, возачот кај кој била пронајдена значителна количина на дрога, го испратила во затвор.Возачот убиец кој ја усмртил младата Фросина Кулакова бил фатен за трговија со дрога и истиот, по ниту еден основ не можел да биде ослободен од затвор и пратен во поправен дом.Оттука, упатуваме порака до Судскиот совет, конечно да се фати за работа и веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го ослободила од затвор возачот убиец.Исто така, го повикуваме и Јавното обвинителство да отвори истражна постапка за истата судијка и да утврди како и зошто досудила таква одлука.Обвинителството и судството немаат веќе време за трошење, народот очекува да се фатат за работа и да го спроведуваат законот, па така и да ја оправдаат платата што ја добиваат од парите на граѓаните.Народот очекува правда и одговорност.

Македонија | пред 1 година

IMG_1730

Земјотрес почувствуван во Македонија, втор за три дена

Земјотрес со јачина од 3.2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Македонија. Според информациите од сервисот ЕМСЦ, земјотрес е регистриран на седум киломтери од Центар Жупа.Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.Ова е втор земјотрес во изминативе три дена. Претходниот беше со јачина од 2.5 степени и на 10 километри источно од Скопје. 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-04-at-11.16.40

„Проверете по цркви и манастири“, постои веројатност да е засолнет“ - не запира борбата Миле од Неготино да биде најден жив и здрав

Потрагата по Мики Тодоров од Неготино не донесе никакви резултати, а изминативе денови е најден само телефонот. Неговата сестра Марија Анастасовиќ верува дека ќе го најдат жив и здрав, засолнет на сигурно. Упати апел до сите кои можат да се приклучат во потрагата дека тргнувањето е од Градскиот парк во Неготино, во 08 часот. Во потрагата е вклучен и хеликоптер на МВР„За оние кои сакаат да земат учество, а не се во можност да дојдат на собирното место во Неготино, нека се обратат во текот на утрешниот ден на следните броеви 078-909-481, 075-691-727.  Доколку имате сознанија контактирајте нѐ на овие броеви“, стои во апелот.Од навивачката група „Винари Неготино“ напишаа дека голема е веројатноста Миле да е во некоја црква или манастир.„Затоа што постои голема веројатност (или барем се надеваме) дека нашиот член, другар, пријател Миле Тодоров може да е засолнат во некој манастир/црква, ве замолуваме доколку имате можност да исконтактирате или проверете по манастири и цркви (поголеми или помали) во вашиот крај. Ние сме веќе во акција и ги посетуваме манастирите низ државата колку што можеме, затоа што во Македонија ги има во голем број, би било од голема помош доколку можете да проверете по вашиот регион. Доколку стигнете до некаква информација, можете слободно да ги исконтактирате било кој од броевите 078-909-481 и 075-691-727 или полиција“, велат навивачите.

Македонија | пред 1 година

vanja-palco

Клучни тврдења од судењето на Вања: Еден час била чекана да излезе, „Реното“ отишло во партијата по убиството, го возел Палчо

Со снимки за движењето на двете возила кои учествувале во злосторничкиот чин на грабнување и убивање на Вања Ѓорчевска, беа прзентирани во суд. Обвинителството покажа како „Циторенот“ се движи околу зградата на Вања еден час пред Вања да излезе на училиште. Откако девојчето е грабнато, според обвинителката, се гледа целото движење на „Цитроенот“ од Дебар Маало, преку Партизански одреди, па по булеварот „8-ми септември“, преку Момин Поток, до Визбегово. Во „Циторенот“ има три лица.Обвинителството посочи дека возилото „Рену кангу“  дента кога е грабната и убиена Вања, по грозоморниот чин, се враќа во партијата „Десна“, близу Железничката станица. Обвинителката презентирајќи ги снимките рече дека силуетата на Љупчо Палевски-Палчо е фатена на камера како го вози „Реното кангу“ од Чаир кон Бит Пазар по убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 година. Потоа уште еднаш кај Веро Џамбо во близина на седиштето на партијата „Десна“, каде го паркираат „Реното“. На совозачкото место бил Велибор Манев во сив џемпер и со црна лента на него.Јовица Страшевски, адвокат на првообвинетиот Палевски, по рочиштето рече дека ликот на неговиот клиент не се гледа на ниту една снимка, а тоа, како што додаде, го констатирал и судијата Ивица Стефановски, кој го води судењето.„Ниту еднаш не покажаа снимка од местото на настанот, од пред заградата. Не може Основното јавно обвинителство на вака сериозен настан да не повика сведоци од возила кои се движеле пред и по автомобилите (‘ситроен’ и ‘рено кангу’ н.з.), да ги испраша дали забележале нешто сомнително во тој период или не. Толку е аматерски изведено ова досега што навистина во мојата кариера немам сретнато толку аматеризам од страна на Обвинителството“, рече Страшевски.Во два наврати досега, имаше обид за спас на Палевски. Првиот беше кога обвинетиот Влатко Кешишов изненадно достави писмо до судот во кое тврдеше дека Палевски нема никаква вмешаност во настанот, па потоа призна дека во затворското комбе со кое биле носени на судење бил принуден да го напише тоа. Вториот беше кога Палевски побара изземање на Обвинителството и обвинителката, па посочи дека истрагата намерно не проверила дали Боре Видевски поседува оружје и какво. Тој за цело време, не застанува во одбрана на другите членови на групата, туку се брани самиот себе.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-04-at-10.16.21

Директорката на болницата „Козле“ им се закани на медиумите со тужби, ако и го споменат името

Вршителката на должност директорка на болницата „Козле“ со барање до медиумите да не ѝ го споменуваат името, презимето и професионалниот ангажман. Во спротивно, најавува постапка и преземање на законски мерки. Нејасно е зошто на документот има архивски печат од Клиниката, со оглед дека станува збор за приватна изјава, која нема поврзаност со нејзината работа во клиниката. Дополнително употребен е и печат од установата, што го отвора прашањето - дали ова претставува злоупотреба?На ова реагираа од Здружението на новинари во Македонија.„Вршителката на должност директорка на болницата „Козле“ со барање до медиумите да не ѝ го споменуваат името, презимето и професионалниот ангажман. Во спротивно, најавува постапка и преземање на законски мерки. Jавното соопштение на в.д. директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Д-р Каролина Симоновска со кое забранува да се споменува нејзиното име, претставува форма на јавeн притисок насочен кон медиумите. Ваквите објави се директна цензура врз новинарите и ја поткопуваат слободата на изразување и независноста на медиумите. Ги потсетуваме сите носители на јавни функции дека, доколку имаат забелешки за објавени медиумски содржини, секогаш може да побараат исправка или демант. Исто така, на располагање им се и телата за саморегулација на медиумите, кои ја оценуваат етичноста и професионалноста на медиумските содржини. Оваа форма на јавни известувања е неприфатлива бидејќи создава атмосфера на заплашување и недоверба, што е спротивно на демократските вредности и јавниот интерес“, велат од ЗНМ.Веќе подолг временски период, директорката е актуелна во медиумите како раководно лице на болницата од кое вработените имаат поплаки.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-03-at-23.24.45

Судијката Алексовска Стојановска на трибина за интегритет и независност на правосудството

Протести на улиците со барања за одговорност на судијката Даниела Алексовска Стојановска, партиите се препукуваат кој ја избрал или е близок до неа. Алексовска Стојановска пресуди Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова да заврши во поправен дом наместо во затвор иако бил фатен со кокаин и марихуана за препродажба.Таа денеска дојде на настан за реформи во правосудството.Трибината на која беше и претседателот на Судски совет Камбовски, кој претходно ја разреши од комисија за реформи вл прзвосудството, беше со наслов „Патеки до интегритет и независност на правосудството“.Во одбрана на судијката застана директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Ирина Трајкоска Стрезоски.„За одговорност на судијата, мислам дека сега не би требало да станува збор, зошто судијата ја познавам лично, навистина е професионална, една од подобрите судии која работи согласно со законите“, рече Трајкоска Стрезоски.ВМРО-ДПМНЕ бара Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага.Од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ некрофилски етикетираат и ја манипулираат јавноста, а судијката е избрана од тефтерчињата на Јанкулоска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-03-155247

Нема договор за минимална плата

Денешниот состанок во Владата заврши без епилог за минимална плата, изјавија по средбата од Организацијата на работодавачитеНа средбата се официјализирал предлогот да има официјална потрошувачка кошница, која ќе биде формирана од синдикатите, Државниот завод за статистика, Организацијата на потрошувачи и Министерствата за економија и финансии.Претседателката на Организацијата на работодавачи, Владанка Трајкоска рече дека се говорело на неколку теми, меѓу кои беше отворена и таа за минималната плата, но останало само на дискусија, без ставови и заклучоци.„Сметаме дека официјална потрошувачка кошница ќе биде една официјална и институционална потрошувачка кошница која ќе ги дефинира сите точки и ќе ги земе предвид сите потрошувачки елементи кои се релевантни за една кошничка“, вели Трајкоска.Европската комисија инаку нема директива по однос на потрошувачката кошница, во секоја држава во регионот и во ЕУ има и синдикална и кошница која ја формираат институциите.„Тие се разликуваат драстично. Синдикалните се двапати поголеми од државните“, рече Трајкоска која очекува телото што ќе ја дефинира официјалната потрошувачка кошница да се формира на следната седница на Економско-социјалниот совет.Синдикатите бараат минималната плата од најмалку 450 евра, работодавачите би прифатиле ако Владата субвенционира дел од придонесите.

Македонија | пред 1 година

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Поевтинуваат горивата, објавени новите цени

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 30.01.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,487%, кај дизелот за 2,344%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 2,366%  и кај мазутот зголемувањето е за 0,423%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0123%.Од 4.2.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 95                  79,00 (денари/литар)Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 98                             81,50 (денари/литар)Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            73,00 (денари/литар)Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               72,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС                                                                 44,672 (денари/килограм)Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,141 ден/кг и сега ќе изнесува 44,672 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.2.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 1 година

frosina-vasil

Возачот Јованов кој ја усмрти Фросина ќе одговара за најтешко кривично дело во областа на сообраќајот, тврди Коцевски

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека Обвинителството ќе бара најстрога казна за возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова на пешачки премин.„За Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело со умисла. Затоа водиме постапка за најтешко кривично дело од областа на сообраќајот. Ја уверувам јавноста и семејството дека постапката ќе биде ефикасна и Обвинителството ќе инсистира на најстрога казна“, рече Коцевски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања