Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Цената на нафтата над 90 долари поради тензиите меѓу САД и Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
nafta

Цените на нафтата на меѓународните пазари повторно пораснаа и ја надминаа границата од 90 долари за барел, откако трговците останаа загрижени поради намалениот поморски сообраќај низ Ормускиот Теснец и новите тензии меѓу САД и Иран.

— реклама —

На лондонскиот пазар цената на барел нафта достигна 90,16 долари, што е за 1,13 долари повеќе во однос на претходниот ден. На американскиот пазар, пак, барелот се тргуваше по цена од 85,34 долари.

— реклама —

Пазарите внимателно ја следат состојбата во Ормускиот Теснец и во Црвеното Море. Според иранските медиуми, Револуционерната гарда запрела два танкери што се обиделе да минат низ теснецот, додека четири други го промениле курсот.

Иако два супертанкери натоварени со нафта успеале да го напуштат Ормускиот Теснец, податоците покажуваат дека поморскиот сообраќај и натаму е значително намален.

— реклама —

Во меѓувреме, иранските власти соопштија дека транзитот низ Ормускиот Теснец и понатаму е прекинат поради новите американски напади во регионот, на кои Техеран одговори со напади врз американска воена база во Кувајт.

— реклама —

Аналитичарите оценуваат дека пазарот повеќе не реагира само на вестите за конфликтите, туку и на реалните податоци за движењето на бродовите низ клучните поморски рути, кои се од големо значење за глобалното снабдување со нафта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Нов раст на цените на нафтата по заканата за продолжување на нападите врз Иран

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Горивото поскапува низ Европа, се бара данок на екстрапрофит за нафтените компании

Свет | пред 1 месец

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Од утре нови цени на горивата: Дизелот поскапува за 6, бензините за 3 денари

Македонија | пред 2 месеци

media-library8n0oabh5gqo69ZShCPd

Храната повторно поскапува, глобалните цени ќе скокнат над 10%

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања