Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

1 нед.
media-librarynihoti7fm85b7PnUdcB

Македонија и Турција договараат дигитализација на културното наследство и развој на креативните индустрии

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој престојува во дводневна работна посета на Република Турција, вчера во Анкара оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.На средбата, на која присуствуваа и националниот координатор за туризам Акан Махмут и амбасадорот Јован Манасиевски, двајцата министри ги потврдија традиционално добрите културни врски меѓу двете земји, како и заедничките заложби за нивно понатамошно унапредување, особено во насока на стабилен и просперитетен регион.Љутков и Ерсој ја нагласија подготвеноста за продлабочување на соработката во областа на културата и туризмот преку реализација на заеднички проекти, вклучително и дигитализација на културното наследство, развој на креативните индустрии, копродукции, како и унапредување на културниот туризам.Министрите разговараа за конкретни чекори за зголемување на бројот на турски туристи во Македонија, како и за можностите за привлекување инвеститори од Турција за развој на туристичката инфраструктура.Соговорниците се договорија во периодот што следува да работат на конкретни заеднички проекти, со цел дополнително зацврстување на пријателството и партнерството меѓу двете земји.На крајот од средбата, Љутков упати отворена покана до својот колега, министерот Ерсој, наскоро да ја посети Македонија.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
nbrm-narodna-banka

Народна банка: Претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност – каматната стапка е непроменета

На 24 март 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.На оваа седница, Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4%. На аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи на 25 март, понудата ќе изнесува 36 милијарди денари, а понудата на наредните аукции ќе се утврдува согласно проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа. Досегашните измени во задолжителната резерва, макропрудентните мерки поврзани со критериумите за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица, како и одлуките за управување со системските ризици, обезбедуваат дополнителна поддршка за претпазливата поставеност на монетарната политика.Одлуката за монетарната политика се носи во услови на исклучително зголемена светска неизвесност и непредвидливост, предизвикана од неодамнешното избувнување на воениот конфликт на Блискиот Исток. Првичните ефекти се видливи преку нарушувањето на снабдувањето со нафта во светот и растот на цените на енергентите. Севкупните ефекти врз светската економија се условени од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток. Евентуалното подолго времетраење, како и проширување на воените дејства ќе предизвикаат подолготрајни нарушувања на пазарот на енергенти, посилно зголемување на нивните цени, пролонгирана неизвесност, раст на општото ценовно ниво и полоши економски изгледи. Во ваков контекст, ЕЦБ на последниот состанок за монетарната политика ја задржа истата каматна стапка, правејќи нагорна корекција на очекуваната инфлација и надолна на растот.Во домашната економија, инфлацијата и натаму забавува во согласност со очекувањата, а годишната стапка на инфлација се сведе на 2,9% во февруари. Значително забавување бележи и базичната компонента на инфлацијата, којашто е послаба од очекувањата. Наспроти досегашниот поволен тренд кај домашната инфлација, ризиците околу нејзината идна динамика се зголемени. Тие се поврзани со последните воени случувања и прекините во снабдувањето со енергенти од земјите од Заливот. Пазарните оцени за цените на нафтата во следниот период се ревидирани поизразено во нагорна насока, на кус рок. Подолгорочните ефекти врз светските цени, а со тоа и врз домашната инфлација се условени од силината и времетраењето на воените дејства на Блискиот Исток.На крајот на февруари 2026 година, нивото на девизните резерви изнесува 5.558 милиони евра и е повисоко во однос на крајот на 2025 година што, според сите релевантни меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви, се оценува како соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во 2025 година, надворешната позиција на економијата гледана преку билансот на плаќања беше подобра од очекувањата. Тоа е видливо преку повисокото ниво на девизните резерви на крајот на годината во однос на проекциите, што овозможува и подобра појдовна позиција за справување со шоковите. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, во јануари 2026 година, трговскиот дефицит главно е во согласност со очекувањата за првиот квартал од октомврискиот циклус проекции. Заклучно со февруари, остварувањата на менувачкиот пазар упатуваат на поумерени нето-приливи од приватните трансфери, во споредба со проекциите за првиот квартал.Во изминатата година, домашната економија се покажа генерално отпорна на неизвесното и променливо надворешно окружување и забележа забрзан економски раст, под влијание на домашната инвестициска активност, но и на солидниот извоз, а остварувањата се во согласност со проекциите. Така, економски раст од 3,8% беше забележан и во последниот квартал од 2025 година, со што растот за целата година изнесуваше 3,5%. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2026 година во моментов се ограничени за попрецизни согледувања. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, односно со зголемената неизвесност што произлегува од тековниот конфликт на Блискиот Исток. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката на остварување на домашните инфраструктурни проекти претставуваат едни од главните фактори за темпото на идниот економски раст.Движењата во монетарниот сектор и натаму се солидни. Податоците за депозитите и кредитите на банките во февруари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките. Кредитната активност и натаму расте, но забавено, умерено над очекувањата за првиот квартал од годината.Општо земено, Народната банка го задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, во согласност со најновите движења кај главните макроекономски показатели и проценетите надворешни и домашни ризици. Надворешните ризици се особено изразени поради неизвесноста во однос на интензитетот и времетраењето на воениот конфликт на Блискиот Исток. Се следат и домашните фактори коишто влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка внимателно ги следи сите случувања и редовно ги оценува ризиците од можните ефекти врз домашната економија и е подготвена да ги искористи сите расположливи инструменти и да презема соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryspkfv94ki1t33GBKrfg

„Гранит“ го остави да се сруши историското училиште „Св. Сава“, институциите со години молчат, реагираат од Охрид СОС

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ упати остри критики до градежното претпријатие „Гранит“ и надлежните државни институции поради катастрофалната состојба во која се наоѓа објектот на поранешното училиште „Св. Сава“ во старото градско јадро на Охрид. Според активистите, овој објект од 19-от век кој е заштитен како културно добро, е оставен на забот на времето и е пред целосно обрушување.„Пред три седмици го контактиравме GD Granit AD Skopje за архитектонскиот објект на ул. „Нада Филева“ бб во Охрид, како што е заведен во Листата на културни добра на територијата на општина Охрид, Струга и Дебрца или училиштето „Св. Сава“, како што е локално познат, а кој е изграден на крајот од деветнаесеттиот век. Овој објект (КП 15613, КО Охрид 3) веќе подолго време е во сопственост на градежното претпријатие, но е оставен на забот на времето. Делува малку иронично, најстарото и најголемо македонско претпријатие за изградба, кое располага и со стручен кадар и со технологија, кое изградило толку многу во републиката, регионот и странство, да не реагира соодветно за еден ваков објект во старото градско јадро на Охрид.Ги потсетивме дека она што им е отстапено од страна на Општина Охрид има своја историја и значење и дека титулата споменик на културата или културно добро од особена важност не е само формално доделена од институциите, туку таа претставува и обврска. Овој објект е дел и од културното наследство на Охридскиот Регион кое е на Листата светско наследство на УНЕСКО. Дополнително, на нивната интернет страница е наведено дека „луѓето кои стојат позади името на Гранит денес, имаат една заедничка желба – да го зачуваат тоа што било формирано до овој момент.“Во таа насока, ​п​обаравме информации за нивн​ит​е намер​и​, дали имаат изготвено план за итна реконструкција и реставрација на објектот, со приоритет да се зачува изворниот изглед и специфики на објектот. Од она што го гледаме и што се објавува периодов, објектот забрзано деградира и постои опасност од обрушување доколку не се преземат итни мерки. ​​В​еќе се срушени делови од подот, а меѓукатната конструкција е уништена. ​П​ропаѓа и фасадата​, а веќе подолго време делови од објектот се покриени со бујна вегетација. Побаравме да ја покажат на дело нивната општествена одговорност и да го спасат и сочуваат овој уникатен и за Охрид значаен објект и за следните генерации.​ Градежното претпријатие има и законска обврска и одговорност, како имател на културно наследство во рамките на заштитеното подрачје​, за одржувањето, чувањето, почитувањето и правилното користење на културното​ наследство во рамките на заштитеното подрачје​.Симптоматично е што со години и надлежните Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид и Управа за заштита на културното наследство воопшто не реагирале за овој објект до новиот сопственик, имајќи ја предвид неговата историска важност. Во членот 9 од Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење е наведено дека „националната установа - Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид е одговорна за преземање заштитно-конзерваторски мерки во заштитеното подрачје во согласност со Законот за заштита на културното наследство.“​ Веќе е крајно време да го повикаат на одговорност имателот на културното наследство со оглед дека не го почитува законот и да иницираат итна заштита на објектот пред да биде доцна.Во Старото градско јадро на Охрид режимот на заштита се остварува според детално дефинирани параметри во деталните урбанистички планови кои се донесуваат за споменичната целина, како и според посебни заштитно​-конзерваторски услови што се однесуваат на зачувување на заштитенитe добра во изворна состојба преку конзервација, санација и во исклучителни случаи со факсимилна обнова. Вака е на хартија но досега на дело ова многу малку или воопшто не се спровело. ​Ретки се објектите кои сè уште ја имаат својата изворна состојба, а она што со децении се преферира е т.н. факсимилна обнова, која обично се применува на објекти кои настрадале во одредени природни непогоди или во вонредни околности (како војна). Кај нас, во мирнодопски услови се дозволува тотална деградација и губење на објектот, за дури потоа да се подигне негов „факсимил“. Допрва треба да се донесат и Деталните урбанистички планови за деветнаесетте урбани комплекси кои го сочинуваат старото градско јадро како и планот за интегрирана заштита на Старото градско јадро на Охрид, а кои требаше да се изготват уште пред десет години. Во меѓувреме неповратно се изгубени десетици уникатни објекти, изградени се несоодветни градби па дури и висококатници ​во самото старо градско јадро​ и неговата контактна зона, спротивно на членот 7 од ​Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење“, велат од Охрид СОС.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Zaev-Filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Лоши ПР лекции на дуото Башановиќ и Шчекиќ до дуото Заев и Филипче

Српското дуо Башановиќ-Шчекиќ со лоши лекции за дуото Филипче-Заев. Горивата ќе поскапеа за 10.5 денари за дизел и 6 денари за безоловен бензин да не беше реакцијата на Владата. Ефектот од мерката е заштеда за граѓаните од 200 илјади евра секој ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.„Тезата на СДС дека сепак поскапеле горивата и нема ефект од мерките на Владата не само што не е точна, туку говори и за принципот по кој се води Социјалдемократскиот сојуз, а тоа е колку полошо за државата толку подобро за Венко и Заев.Нескриена е радоста на СДС поради зголемувањето на цените на бензините што е директна последица на воениот конфликт на Блискиот Исток. СДС и во овој случај одбра да биде неконструктивна опозиција“, се вели во реакцијата

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryvqv8umeeoangeVKO2HX

Комунална расчисти диви депонии на Пластичарска и во Старата чаршија, oтстранети 45 кубни метри отпад

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија.Локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, претставува „црна точка“ каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на своите последни активности на оваа локација отстрани приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад. По подигнувањето на отпадот беше извршено машинско миење на просторот со употреба на автоцистерна.Втората поголема интервенција за расчистување диви депонии беше реализирана во Старата скопска чаршија, каде што беа подигнати 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градинарски и кабаст отпад во непосредна близина на културно-историскиот локалитет Куршумли ан, кој претставува културно наследство од особено значење за државата.Само во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 575 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.Секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загрозува животната средина и јавното здравје.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarys4sllt99n24lbgRmkzw

(Видео) Инцидент во Мостар: пет маскирани навивачи запалија автомобил

Во раните утрински часови во Мостар се случила тепачка помеѓу навивачите на Зрински и Вележ.Пет маскирани навивачи на Зрински, со бакљи пресретнале едно возило каде се наоѓале навивачи на тимот Вележ, познати под името „Red Armi“. Потоа во автомобилот фрлиле бакља и побегнале.Според порталот hercegovacki.ba, нема лица со сериозни повреди, а дополнителни информации се очекуваат во текот на денот.Се сомнева дека навивачите на Вележ се упатиле кон Сараево, со цел да ја поддржат фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, која игра натпревар бараж за пласман на Светското првенство против Велс.

Настани | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryvtnunf7iv14v9HZ3UeV

24 март 1999: Денот кога започна НАТО агресијата врз СРЈ

Воздушните напади на НАТО врз Србија, или тогашна СРЈ, започнаа на овој ден во 1999 година. Се проценува дека околу 2.500 цивили биле убиени, вклучувајќи 89 деца, а околу 6.000 луѓе биле повредени.Мостови биле срушени, инфраструктурата била уништена, училишта, здравствени установи, медиуми, амбасади, културни споменици, цркви и манастири биле бомбардирани, а речиси и да нема град што не бил цел на бомбите на НАТО.Одлуката за бомбардирање на тогашната СРЈ беше донесена, за прв пат во историјата, без одобрение од Советот за безбедност на ООН, а наредбата до тогашниот командант на сојузничките сили, американскиот генерал Весли Кларк, ја издаде генералниот секретар на НАТО Хавиер Солана.Кларк подоцна напиша во својата книга „Модерно војување“ дека планирањето на воздушната операција на НАТО против СРЈ не само што се интензивирало кон средината на јуни 1998 година, туку и дека било завршено до крајот на август истата година.СРЈ беше нападната под изговор дека е виновна за неуспехот на преговорите во Рамбује и Париз за идниот статус на покраината Косово и Метохија.Откако одлуката да не се прифатат странски трупи беше потврдена од страна на српскиот парламент, кој предложи силите на Обединетите нации да го следат мирното решавање на конфликтот во Косово, НАТО започна воздушни напади со крстосувачки ракети и авиони врз неколку области на Србија и Црна Гора во 19:45 часот на 24 март 1999 година.Деветнаесет земји-членки на НАТО почнаа со бомбардирање од бродови во Јадранското Море, од четири воздухопловни бази во Италија, поддржани од стратешки бомбардери што летаа од бази во Западна Европа, а подоцна и од Соединетите Американски Држави. Прво, беа цел на напади касарните и единиците за воздушна одбрана на Армијата на СРЈ, во Батајница, Младеновац, Приштина и на други места.Речиси и да нема град во Србија кој не бил цел на силите на НАТО барем неколку пати во текот на 11-неделните напади.Претседателот Александар Вучиќ ќе присуствува на одбележувањето на Денот на сеќавање на загинатите во агресијата на НАТО во Врање.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
lekari-715x420

ФЗО апелира: Јавните здравствени установи да обезбедат хелиум за МР апарати

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) упати итно предупредување до јавните здравствени установи во Македонија кои располагаат со апарати за магнетна резонанца да направат проверка на своите резерви на хелиум и навремено да обезбедат дополнителни количини. Причината е можен прекин во снабдувањето на европскиот пазар, како и значителен раст на цените поради актуелните геополитички тензии поврзани со ситуацијата во Иран.Според надлежните, хелиумот е клучен елемент за функционирање на апаратите за магнетна резонанца, бидејќи се користи за ладење на суперспроводливите магнети. Без него, уредите не можат да работат, што би можело да доведе до прекин во дијагностичките услуги за пациентите.Како што информира директорот на ФЗО, Сашо Клековски, апелот е превентивен и има за цел навреме да се избегнат можни проблеми во функционирањето на здравствениот систем. Тој посочи дека е важно установите да направат проценка на состојбите и да реагираат додека хелиумот сè уште е достапен на пазарот.Во моментот, цената на хелиумот е зголемена за околу 30 проценти, а постојат најави дека може дополнително да расте. Проблемите во снабдувањето се поврзуваат со нарушувања во глобалните синџири на испорака, делумно предизвикани од конфликтите и штетите на инфраструктурата во регионот на Персискиот Залив.Хелиумот е редок гас со екстремно ниска температура на вриење од околу -269 степени Целзиусови, што го прави незаменлив за одржување на стабилна работа на МР апаратите. Еден апарат за магнетна резонанца може да користи и до околу 1.700 литри течен хелиум за оптимално функционирање.ФЗО нагласува дека навременото планирање и набавка се клучни за да се избегнат можни застои во дијагностиката, особено имајќи предвид дека магнетната резонанца е една од најважните и најчесто користени методи за современа медицинска дијагностика.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarycbd5imctrg0v1WWHPXm

(Фото) Пластично столче наместо капак на шахта - граѓаните со креативно решение на проблемот

Невладината организација „Сакаме чист Чаир“ објави фотографија од Качанички пат во Скопје, од шахта без капак.За да се избегне можноста за несреќа, локалните жители пронашле иновативно решение и како предупредување поставиле пластично столче пред дупката, со што ја означиле опасната точка за минувачите и возилата.„Качанички пат, срамота“ велат од организацијата.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

СДСМ: Цените на дизелот се покачија, растат и цените во маркетите – мерката на Мицкоски без ефект

Само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, имаме ново покачување на цената на дизелот за 3,5 денари и сега чини 95,5 денари за литар. Ова е трето покачување, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар, велат од опозициската СДСМ.„Ете толку од „мерката“ на Мицкоски.Секако, Мицкоски го покажува своето вистинско лице – нема капацитет ниту за државничка ниту за економска политика, прав дилетант.Намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема никаков ефект. Граѓаните плаќаат поскапо гориво, а со тоа се забрзува и растот на цените на храната.Цените во маркетите растат – зејтинот, јајцата, месото, зеленчукот, сè е поскапено, граѓаните тоа секојдневно го чувствуваат на својот џеб.СДСМ предупредува: без итна интервенција во цените на храната, кризата ќе се продлабочува, а сиромаштијата ќе расте.Затоа Владата мора веднаш да ги прифати предложените мерки на СДСМ: 0% ДДВ за храната, намалување на акцизите за 4 денари и намалување на ДДВ за горивата на 5%.Неопходно е итно да се применат овие суштински решенија, кои навистина ќе им помогнат на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfk2kgr3l702hdYyUMrV

Иран: Ормускиот теснец е отворен, но не за сите

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Ормускиот теснец е отворен за бродови од земји кои не ги поддржуваат американско-израелските напади, додека е затворен за пловила од, како што рече, „агресорските земји и нивните сојузници“.Во телефонски разговор со јужнокорејскиот колега Чо Хјун, Арагчи посочил дека сегашната нестабилност во регионот и во Ормускиот теснец е директна последица од нападите на САД и Израел врз Иран од 28 февруари.Тој повторил дека Техеран решително го брани својот национален суверенитет и територијален интегритет.Од јужнокорејска страна беше изразено сочувство за жртвите меѓу иранските граѓани, како и загриженост за негативните последици од регионалната нестабилност врз глобалната економија, особено врз енергетските пазари.Во одделни разговори, Арагчи разговарал и со министрите за надворешни работи на Египет и Оман за најновите случувања и можностите за намалување на тензиите.На средбите била нагласена важноста од регионална деескалација и координација меѓу државите.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryh1iej14tbnbn4cf7V3w

Зајакнување на соработката во образованието: Муцунски се сретна со Роксана Минзату

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, вчера оствари средба со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату.На средбата стана збор за унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики, како и за можностите за натамошно продлабочување на партнерството во рамки на европските образовни и мобилни програми. Соговорниците ја нагласија заложбата за зајакнување на квалитетот и усогласеноста на образовниот систем со европските стандарди, како и за зголемено учество во програмите „Еразмус+“ и Европската образовна област.Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот Муцунски учествуваше и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, во организација на Friends of Europe, посветена на актуелните политички приоритети поврзани со процесот на проширување, економската и безбедносната соработка, како и на прашањата за постепената интеграција, економската отпорност, поврзаноста и деловната клима во регионот на Западен Балкан.Во рамки на денешната програма, предвидено е министерот Муцунски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, да оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер, како и низа средби со пратеници во Европскиот парламент.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
2212721_w-55023928-kim-dzongun_ls

Ким Јонг Ун се закани: „Ќе платат немилосрдна цена“

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, изјави денеска на седница на националниот парламент дека земјата никогаш нема да се откаже од својот статус на нуклеарна сила.„Владата ќе продолжи постојано да го зајакнува статусот на нуклеарна држава како апсолутно неповратен и ќе покрене офанзива против силите што ни се спротивставуваат за да ги скрши сите нивни провокативни акции“, предупреди тој.Како што пренесе државната агенција KCNA, севернокорејскиот лидер најавил и нов петгодишен економски план, паралелно со проширување на нуклеарниот одбранбен капацитет.Во своето обраќање, Ким официјално ја прогласи Јужна Кореја за непријателска држава.„Особено Јужна Кореја ќе ја сметаме за најнепријателска држава и целосно ќе ја отфрлиме и игнорираме со најјасни зборови и дела“, нагласи тој.Според него, секое евентуално мешање на Сеул во внатрешните работи на Северна Кореја ќе биде проследено со „немилосрдна одмазда“.„За какви било дејствија на Јужна Кореја што влијаат врз нашата република, ќе ја натераме да плати немилосрдна цена, без никакво разгледување и без двоумење“, порача Ким.На парламентарната седница беа усвоени и измени на Уставот, а на делегатите им била прочитана и порака од претседателот на Русија, Владимир Путин, кој изразил подготвеност за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
benzinska-benzin-nafta-

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со убедливо најниски цени на горивата, со навремена и прецизна интервенција се прекина трендот на раст на цените

Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на стандардот на граѓаните. За таа цел, со вистински и навремени мерки, спречен ценовниот шок кај горивата, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.„Со одлука на Владата за намалување на ДДВ-то на нафтените деривати од 18 на 10% се спречи поскапување на горивата и се постигна нивната стабилизација.Додека регионот се соочува со енормни поскапувања, во Македонија бензините остануваат со иста цена, додека цената на дизелот се зголемува само за 3,5 денари наспроти очекувањата дека ќе поскапи за 10,5 денари по литар.Со намалување на ДДВ за горивата дирекно се интервенираше во намалувањето и стабилизирањето на цените, со што цените на нафтените деривати се намалија од 6,5 до седум денари за литар гориво.Според пресметките дневната заштеда за граѓаните е повеќе од 200.000 денари, додека на неделно ниво заштедата е приближно 1,5 милиони евра. Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше поскапување за граѓаните и стопанството.Во услови на силен раст на цените на светските пазари, со оваа интервентна мерка на Владата за намалување на ДДВ-то се прекинува синџирот на поскапувањата, од горивата до храна и услуги.Македонија останува со убедливо најниски цени на горивата од земјите од регионот и меѓу ретките земји од регионот коишто директно од буџетот го одржува и се грижи за стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryiesp8hmvsuhqe4TzE9J

Полицијата уапси криумчар кај Демир Капија – фатени пет мигранти од Египет

На 23.03.2026 во 23:30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е.(29) од Република Турција.Претходно, при преземање мерки, кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „шкода камик“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица. Набргу, возилото е запрено, Б.Е. е лишен од слобода, а по пребарување на теренот биле пронајдени пет лица мигранти од Египет. Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се пренесени Прифатно-транзитен центар Винојуг во Гевгелија.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryu4mh59ivlht37qdQVBQ

(Видео) Експлозија во рафинерија во Тексас – наредена итна евакуација

Голема експлозија ја потресе нафтената рафинерија „Валеро“ во Порт Артур, во американската држава Тексас, предизвикувајќи вознемиреност меѓу локалното население, додека пожарникарите се обидуваат да го стават пожарот под контрола.Според официјални информации, инцидентот ги принудил жителите на дел од градот да се евакуираат. Градоначалничката Шарлот М. Мозес потврди дека засега нема повредени лица и апелираше до жителите од западниот дел на градот да останат во своите домови додека трае интервенцијата.Рафинеријата, која вработува околу 770 лица, има капацитет за преработка од приближно 435.000 барели нафта дневно и претставува значаен дел од енергетската инфраструктура на САД.Државниот пратеник Кристијан Мануел изјави дека Тексашката комисија за квалитет на животната средина ја следи состојбата и врши мерења на квалитетот на воздухот во околината.Локалните власти ги предупредија граѓаните да ги ограничат активностите на отворено и да ги држат затворени прозорците и вратите сè додека ситуацијата не се стабилизира.Причините за експлозијата засега се утврдуваат.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygbpibifrp3cq37CXfW6

(Видео) Обвинетиот обезбедувач од „Пулс“: „Не сум монструм, спасив повеќе од 50 луѓе – не сум имал моќ да го спречам тоа што се случи“

Обезбедувачот Лазар Захариев, кој е меѓу обвинетите во случајот „Пулс“, во „Претрес со Ландов“ тврди дека не може да се смета за виновен за трагедијата, посочувајќи на, како што вели, долгогодишни системски пропусти и отсуство на можност да реагира.„Значи некој премолчувал дванаесет години на уште што не слушнавме какви аномалии имало, ја да се чувствувам за тоа што имам спасено педесет луѓе, а и не сум имал можност за јас тоа да го спречам“, изјави Захариев.На прашањето на новинарот Кристијан Ландов за улогата на сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов – Деко, Захариев рече:„Деко кога почна да гасне дискотеката го видов и после го видов, помагаше на некои луѓе и после го видев надвор како седеше на земјата од лева страна, не можеше да оди со свиена нога. Мислам дека имаше некоја повреда и се држеше за главата.“На директното прашање дали му е лут на сопственикот, тој одговори:„Не. Па да, он можда ја знаел за дали имало аномалии, или не имало. Тоа е тоа. Ако целиот систем дозволил да биде дотаму, некој на него му дозволил некој да има такви аномалии.“На прашањето дали сопственикот бил недопирлива фигура во Кочани, тој рече:„Не.“Говорејќи за чувството по трагедијата и обвиненијата, Захариев нагласи:„Не може да се ставам јас во ситуација да сум монструм што сум спасил повеќе од педесет луѓе, него затоа што сум ја последен во целиот ланец овај сега што се десил. Обезбедувањето е последната алка на системот во работење на некоја дискотека од дванаесет години. Значи некој премолчувал дванаесет години на уште што не слушнавме какви аномалии имало, ја се чувствувам за тоа што имам спасени педесет луѓе, а и не сум имал можност за тоа да го спречам. Во Кочани има луѓе и што го водат случајот, што се по допрен глас, можеле да спречат нешто. Не се спречиле. Јас како да го спречам? Со која моќ?“

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
sijarto

Сијарто возвраќа: „Ова е скандал и мешање во изборите“

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги оцени како „огромен скандал и тешко мешање во изборниот процес“ наводите дека странски разузнавачки служби, со помош на унгарски новинар, ги прислушувале неговите разговори, пренесува МТИ.Сијарто на прес-конференција во Шарвар во понеделникот изјави дека инцидентот претставува „напад врз суверенитетот на Унгарија“ и дека ги надминува сите граници, бидејќи новинарот соработувал со странски служби и бил поврзан со најблиските кругови на опозициската партија Тиса.„Секој што имал наивна илузија дали постои мешање на странски тајни служби во кампањата за парламентарните избори во Унгарија, сега доби доказ“, изјави тој, пренесува „Маѓар Немзет“.Тој нагласи дека повеќе од 11 години ја извршува функцијата и дека во тој период редовно се консултирал со странски колеги, додавајќи дека прислушувањето претставува директно мешање во унгарската предизборна кампања.Сијарто истакна дека на состаноците на Советот на министри за надворешни работи на Европската унија не се разменуваат „големи тајни“ и дека дипломатската практика отсекогаш подразбирала консултации со важни меѓународни партнери, вклучително и Русија, Турција, Израел и САД.Според него, на овие состаноци се носат одлуки што влијаат врз односите на Унгарија со земјите кои не се членки на Европската унија.„Земјите со кои соработката е од клучно значење за Унгарија – од економска, безбедносна, политичка и енергетска перспектива – мора да бидат консултирани за одлуките што се носат. Во тоа нема ништо изненадувачко“, изјави Сијарто.Тој додаде дека Русија е важен партнер за Унгарија, особено во делот на снабдувањето со енергија, и дека редовно комуницира и со други значајни партнери.„Се консултирам со сите наши важни партнери, вклучително и со Американците кога се разгледуваат прашања што влијаат врз унгарско-американската соработка“, нагласи Сијарто.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfecvb73uh4k2aThOYuT

„Ти кажавме да си земеш преведувач“ кон министерката Јаневска - однесување што ја „тресе“ фелата

Новинар од Тетово предизвика лавина реакции во јавноста и во новинарската фела, откако на министерката за образование ѝ се обрати без персирање, користејќи „ти“, и ѝ постави прашање со зборовите: „Си зема преведувач министерке?“. Откако таа одговори „Не“, новинарот возврати: „ти кажавме кога ќе дојдеш во Тетово да си земеш преведувач“.По овој настап, следуваа низа остри реакции од новинари и јавни личности, кои го осудија однесувањето.„Коректно е медиумски организации, како што оправдано реагираат на однесување на институции и поединци кон новинарите, еднаш да излезат и осудат однесување на новинари. На страна и да им дадат совети и обуки, ако не им ги дале во редакција или на факултет. На што личи обраќање на ТИ кон повозрасно лице или лице на функција? Тоа што не се согласувате со нечија политика може да го манифестирате дома, во приватен живот и зад гласачки параван. Никако во медиумскиот простор. Тоа што некој земал микрофон, а се однесува без основна култура и со некаква политичка агенда, не значи дека е новинар, туку значи дека е активист. „Ти рековме да си земеш преведувач“ - кои сте тоа Вие што сте рекле и како случајно минатиот пат во исто време спуштивте микрофони? Замислете обратна сцена - да тргнат новинарки и новинари Македонци да делат лекции на ТИ на политичари македонски Албанци. Ни тоа не го бива, ама само замислете го пред следен пат да прашате и наредите нешто на ТИ“, напиша новинарот Александар Методијев.Остра реакција упати и новинарката Емилија Лазаревска:„Простак и кретен! Срам да ти е. Па мисли кој знае што направил. Која е оваа будала, што е овој? Срамота и овие околу него што си молчат. Затуцан еден, невоспитан. Па со „ти“ ѝ се обраќа на министерката, жена, веројатно е и повозрасна од него. Уф! Е во наше време ќе го „изедевме“ и немаше да му текне другпат да се појави, а не да изигрува шериф“.Фоторепортерката Арбнора Мемети оцени дека ваквото однесување не доликува на новинар:„Ова однесување „ти кажавме“ најмалку наликува на некој што себеси се нарекува новинар. Новинарството не е нешто локално и не може да се извршува само во маало. Сакал некој или не, македонскиот јазик е повеќе од неопходен за вршење на оваа професија“.Сличен став изрази и професорката и новинарка Искра Коровешовска:„Факти: Тетово е во Македонија, точка. Во Тетово официјален јазик е македонски, точка. „Ти кажавме министерке кога ќе дојдеш во Тетово да си земеш преведувач“ е чаршиски муабет, за пред кооперација, не за јавен настап на новинар пред камера, точка“.На темата се огласи и новинарката Милка Смилевска:„Дел од новинариве не разбираат дека се пример во општеството и креатори на јавно мислење и не мислат што зборуваат. Зборот на новинарот има тежина. Не разбираат дека мирот нема цена. Дека само во мир и демократија можеме да имаме живот во Македонија. Не ширете омраза и нетрпеливост. Не личи на новинари да се ограничени и заостанати во некои националистички наративи. Ги сакам и почитувам сите јазици и граѓани и граѓанки“.Со реакција излезе и новинарот Кристијан Ландов:„Она што се случи во Тетово не е ништо поврзано со новинарство, туку со некултура. Прво обраќањето на „ти“ кон носител на јавна функција, личност која е години и години повозрасна од Вас... И втора работа „ти кажавме да си земеш преведувач“ во најмала рака е спорно бидејќи нема што новинар да и кажува на било која личност, на било кој функционер што и како да прави. Туку може да праша и може да констатира дали дошол или не дошол со преведувач. Мислам дека ако ние сме тие кои треба да бидеме коректив на општеството, тоа што се случи во Тетово во најмала рака е недозволиво и заслужува извинување“.Реакциите продолжуваат, а случајот повторно ја отвори дебатата за професионалните стандарди и однесувањето во новинарството.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
popova-sapka

Најстудено на Попова Шапка со -4 степени

Во земјава утрово се измерени ниски температури, при што најстудено било на Попова Шапка, каде температурата се спушти до -4 степени Целзиусови.Под нулата било и во Берово со -1 степен, додека нула степени се измерени во Маврови Анови и Крушево.Температура од 2 степени е регистрирана во Охрид, Тетово и Претор, додека 3 степени се измерени во Крива Паланка и Штип.Во Битола, Прилеп, Куманово, Кавадарци и Демир Капија се измерени 4 степени, додека најтопло утрово било во Струмица, Гевгелија и Виница со 5 степени, како и во Скопје (Петровец и Зајчев Рид) и Велес со 6 степени.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани на Попова Шапка, каде наврнале 4 литри на метар квадратен, додека во Претор се измерени 1 литар на метар квадратен.Снежната покривка на Попова Шапка утринава изнесува 58 сантиметри.Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на места повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени.Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер, а во одделни делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
zemjotres-2-2

Земјотрес од 7,6 степени ја погоди Тонга – нема опасност од цунами

Пацифичката островска држава Тонга денеска беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од 218 километри, на околу 273 километри од главниот град Нукуалофа. Потресот бил почувствуван и надвор од границите на земјата.Засега нема информации за повредени лица или за материјална штета.Не е издадено предупредување за опасност од цунами.Според сведоштва на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил почувствуван и во Самоа и Вануату.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library61gb3tgo6j4b6JcxJvQ

Новиот врховен лидер на Иран подготвен за преговори со САД?

Новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, наводно се согласил да започне преговори со САД и да постигне договор, објави Ал Арабија, повикувајќи се на израелски медиуми.Официјална потврда од Техеран засега нема, а дополнително нејасно е и во каква здравствена состојба се наоѓа новиот лидер, со оглед дека беше ранет во нападот во кој загина неговиот татко, поранешниот врховен лидер Али Хамнеи.Иранскиот министер за надворешни работи потврди само дека Хамнеи е ранет, додавајќи дека се наоѓа на безбедно место. Сепак, бројни медиуми, повикувајќи се на свои извори, тврдат дека повредите се сериозни и дека не е јасно кој во моментов фактички управува со Иран.Дополнителна неизвесност создава и фактот што Хамнеи се обраќа исклучиво преку писмени соопштенија, откако претходно се појавија информации дека е во кома. Оттогаш, сите негови јавни обраќања се реализираат во писмена форма, што ги засилува сомнежите за неговата вистинска здравствена состојба.Конфузијата дополнително се продлабочи откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по разговори со Иран донел одлука привремено, на пет дена, да го прекине бомбардирањето на иранските енергетски постројки. Набргу потоа, од официјален Техеран пристигна демант дека воопшто имало разговори со Трамп.Во вакви услови на спротивставени информации, останува нејасно дали навистина се водат преговори меѓу Иран и САД, како и кој носи клучни одлуки во иранското раководство.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Рекордно поскапување на горивата во Кина: Владата воведува драстични мерки

Владата на Кина,го ограничи поскапувањето на цените на горивата на приближно половина од износот што инаку би се применил според официјалниот механизам за формирање на цените, објави Ројтерс.Ова прилагодување, поттикнато од растот на цените на нафтата поради американско-израелската војна против Иран, сепак претставува најголемо досега забележано зголемување. Новите цени на горивата се приближија до нивоата од 2022 година, по конфликтот меѓу Русија и Украина.Притисокот врз кинескиот пазар доаѓа во момент кога војната во Иран сè посилно ја потресува глобалната енергетика. Цената на нафтата денеска надмина 113 долари за барел, откако претходно овој месец накратко се доближи до 120 долари.Меѓународните цени на нафтата доведоа до зголемување на цените на горивата кое, според механизмот, би изнесувало околу 0,97 евра по литар, но благодарение на привремената регулација, растот е ограничен на околу 0,85 евра по литар. Разликата, односно заштедата за крајните корисници, изнесува околу 0,12 евра по литар, наведува агенцијата Синхуа.За приватни возила со резервоар од 50 до 60 литри, полнењето бензин од 92 октани ќе биде поевтино за пет до седум евра, додека за тешки камиони со резервоари од 400 до 600 литри заштедата ќе изнесува од 42 до 69 евра по полнење.Ова е првпат од воведувањето на механизмот во 2013 година државата директно да интервенира во регулирањето на цените на рафинираните нафтени производи, истакнуваат експертите.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Од вчера угостителите кои работат на катот во трговскиот центар – блок А во Кочани започнаа со отстранување на терасите поставени на јавна површина пред нивните локали, постапувајќи по договорот со локалната власт.Станува збор за обврска произлезена од договорот постигнат пред два месеца меѓу градоначалникот Владко Грозданов и сопствениците на угостителските објекти, со кој е предвидено сите времени градби што се третираат како бесправни да бидат отстранети на сопствен трошок.Со расчистувањето на просторот пред локалите, особено пред пицериите, треба повторно да се овозможи нормално движење на пешаците. Досега, според надлежните, граѓаните биле принудени да минуваат низ тесен премин широк околу метар и пол.Дел од угостителите најавија привремен прекин на работата поради безбедносни причини за време на демонтажата, додека други ќе продолжат да работат во внатрешноста на локалите, како и преку достава.Во иднина, сопствениците ќе можат повторно да побараат користење на јавна површина, но исклучиво под законски утврдени услови – со поставување подвижни тенди, чадори и опрема без оградување, при што просторот мора да остане отворен од три страни.Кафулињата на приземјето веќе ги отстранија застаклените делови што беа поставени на јавна површина, додека тендите ќе останат.Од општината најавуваат дека ваквите мерки ќе се применуваат и на други локации низ Кочани, со цел воведување ред и обезбедување слободен пристап до јавните површини.

Настани | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Савески ќе бара од колегите поретко да предлагаат затворски притвор

Во гостувањето во „360 степени“на МРТ 1, новиот државен јавен обвинител Ненад Савески изјави дека прво треба да се елиминира најблагата мерка за обезбедување присуство на осомничен или обвинет, пред да се бараат построги мерки. Дополнително, вели тој, условите во притворските одделенија во државата се нехумани, а секој притвореник е и трошок за државата.Наместо воспоставената пракса лесно да се ставаат осомничени и обвинети лица во затворски притвор, Савески смета дека почесто треба да се употребуваат гаранциите.„Ние сме сиромашна држава. Притворот е најригорозна мерка од мерките коишто ги нуди Законот за кривична постапка. Меѓутоа и најскапа, и најнехумана. Еден ден во притвор значи одвојување на парични средства од буџетот. Како сиромашна држава треба да водиме сметка и за тоа“, рече тој.Савески вели дека како држава треба да се однесуваме во согласност со нашите можности.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања