Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

1 нед.
sijarto

Сијарто возвраќа: „Ова е скандал и мешање во изборите“

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги оцени како „огромен скандал и тешко мешање во изборниот процес“ наводите дека странски разузнавачки служби, со помош на унгарски новинар, ги прислушувале неговите разговори, пренесува МТИ.Сијарто на прес-конференција во Шарвар во понеделникот изјави дека инцидентот претставува „напад врз суверенитетот на Унгарија“ и дека ги надминува сите граници, бидејќи новинарот соработувал со странски служби и бил поврзан со најблиските кругови на опозициската партија Тиса.„Секој што имал наивна илузија дали постои мешање на странски тајни служби во кампањата за парламентарните избори во Унгарија, сега доби доказ“, изјави тој, пренесува „Маѓар Немзет“.Тој нагласи дека повеќе од 11 години ја извршува функцијата и дека во тој период редовно се консултирал со странски колеги, додавајќи дека прислушувањето претставува директно мешање во унгарската предизборна кампања.Сијарто истакна дека на состаноците на Советот на министри за надворешни работи на Европската унија не се разменуваат „големи тајни“ и дека дипломатската практика отсекогаш подразбирала консултации со важни меѓународни партнери, вклучително и Русија, Турција, Израел и САД.Според него, на овие состаноци се носат одлуки што влијаат врз односите на Унгарија со земјите кои не се членки на Европската унија.„Земјите со кои соработката е од клучно значење за Унгарија – од економска, безбедносна, политичка и енергетска перспектива – мора да бидат консултирани за одлуките што се носат. Во тоа нема ништо изненадувачко“, изјави Сијарто.Тој додаде дека Русија е важен партнер за Унгарија, особено во делот на снабдувањето со енергија, и дека редовно комуницира и со други значајни партнери.„Се консултирам со сите наши важни партнери, вклучително и со Американците кога се разгледуваат прашања што влијаат врз унгарско-американската соработка“, нагласи Сијарто.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfecvb73uh4k2aThOYuT

„Ти кажавме да си земеш преведувач“ кон министерката Јаневска - однесување што ја „тресе“ фелата

Новинар од Тетово предизвика лавина реакции во јавноста и во новинарската фела, откако на министерката за образование ѝ се обрати без персирање, користејќи „ти“, и ѝ постави прашање со зборовите: „Си зема преведувач министерке?“. Откако таа одговори „Не“, новинарот возврати: „ти кажавме кога ќе дојдеш во Тетово да си земеш преведувач“.По овој настап, следуваа низа остри реакции од новинари и јавни личности, кои го осудија однесувањето.„Коректно е медиумски организации, како што оправдано реагираат на однесување на институции и поединци кон новинарите, еднаш да излезат и осудат однесување на новинари. На страна и да им дадат совети и обуки, ако не им ги дале во редакција или на факултет. На што личи обраќање на ТИ кон повозрасно лице или лице на функција? Тоа што не се согласувате со нечија политика може да го манифестирате дома, во приватен живот и зад гласачки параван. Никако во медиумскиот простор. Тоа што некој земал микрофон, а се однесува без основна култура и со некаква политичка агенда, не значи дека е новинар, туку значи дека е активист. „Ти рековме да си земеш преведувач“ - кои сте тоа Вие што сте рекле и како случајно минатиот пат во исто време спуштивте микрофони? Замислете обратна сцена - да тргнат новинарки и новинари Македонци да делат лекции на ТИ на политичари македонски Албанци. Ни тоа не го бива, ама само замислете го пред следен пат да прашате и наредите нешто на ТИ“, напиша новинарот Александар Методијев.Остра реакција упати и новинарката Емилија Лазаревска:„Простак и кретен! Срам да ти е. Па мисли кој знае што направил. Која е оваа будала, што е овој? Срамота и овие околу него што си молчат. Затуцан еден, невоспитан. Па со „ти“ ѝ се обраќа на министерката, жена, веројатно е и повозрасна од него. Уф! Е во наше време ќе го „изедевме“ и немаше да му текне другпат да се појави, а не да изигрува шериф“.Фоторепортерката Арбнора Мемети оцени дека ваквото однесување не доликува на новинар:„Ова однесување „ти кажавме“ најмалку наликува на некој што себеси се нарекува новинар. Новинарството не е нешто локално и не може да се извршува само во маало. Сакал некој или не, македонскиот јазик е повеќе од неопходен за вршење на оваа професија“.Сличен став изрази и професорката и новинарка Искра Коровешовска:„Факти: Тетово е во Македонија, точка. Во Тетово официјален јазик е македонски, точка. „Ти кажавме министерке кога ќе дојдеш во Тетово да си земеш преведувач“ е чаршиски муабет, за пред кооперација, не за јавен настап на новинар пред камера, точка“.На темата се огласи и новинарката Милка Смилевска:„Дел од новинариве не разбираат дека се пример во општеството и креатори на јавно мислење и не мислат што зборуваат. Зборот на новинарот има тежина. Не разбираат дека мирот нема цена. Дека само во мир и демократија можеме да имаме живот во Македонија. Не ширете омраза и нетрпеливост. Не личи на новинари да се ограничени и заостанати во некои националистички наративи. Ги сакам и почитувам сите јазици и граѓани и граѓанки“.Со реакција излезе и новинарот Кристијан Ландов:„Она што се случи во Тетово не е ништо поврзано со новинарство, туку со некултура. Прво обраќањето на „ти“ кон носител на јавна функција, личност која е години и години повозрасна од Вас... И втора работа „ти кажавме да си земеш преведувач“ во најмала рака е спорно бидејќи нема што новинар да и кажува на било која личност, на било кој функционер што и како да прави. Туку може да праша и може да констатира дали дошол или не дошол со преведувач. Мислам дека ако ние сме тие кои треба да бидеме коректив на општеството, тоа што се случи во Тетово во најмала рака е недозволиво и заслужува извинување“.Реакциите продолжуваат, а случајот повторно ја отвори дебатата за професионалните стандарди и однесувањето во новинарството.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
popova-sapka

Најстудено на Попова Шапка со -4 степени

Во земјава утрово се измерени ниски температури, при што најстудено било на Попова Шапка, каде температурата се спушти до -4 степени Целзиусови.Под нулата било и во Берово со -1 степен, додека нула степени се измерени во Маврови Анови и Крушево.Температура од 2 степени е регистрирана во Охрид, Тетово и Претор, додека 3 степени се измерени во Крива Паланка и Штип.Во Битола, Прилеп, Куманово, Кавадарци и Демир Капија се измерени 4 степени, додека најтопло утрово било во Струмица, Гевгелија и Виница со 5 степени, како и во Скопје (Петровец и Зајчев Рид) и Велес со 6 степени.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани на Попова Шапка, каде наврнале 4 литри на метар квадратен, додека во Претор се измерени 1 литар на метар квадратен.Снежната покривка на Попова Шапка утринава изнесува 58 сантиметри.Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на места повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени.Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер, а во одделни делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
zemjotres-2-2

Земјотрес од 7,6 степени ја погоди Тонга – нема опасност од цунами

Пацифичката островска држава Тонга денеска беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од 218 километри, на околу 273 километри од главниот град Нукуалофа. Потресот бил почувствуван и надвор од границите на земјата.Засега нема информации за повредени лица или за материјална штета.Не е издадено предупредување за опасност од цунами.Според сведоштва на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил почувствуван и во Самоа и Вануату.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library61gb3tgo6j4b6JcxJvQ

Новиот врховен лидер на Иран подготвен за преговори со САД?

Новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, наводно се согласил да започне преговори со САД и да постигне договор, објави Ал Арабија, повикувајќи се на израелски медиуми.Официјална потврда од Техеран засега нема, а дополнително нејасно е и во каква здравствена состојба се наоѓа новиот лидер, со оглед дека беше ранет во нападот во кој загина неговиот татко, поранешниот врховен лидер Али Хамнеи.Иранскиот министер за надворешни работи потврди само дека Хамнеи е ранет, додавајќи дека се наоѓа на безбедно место. Сепак, бројни медиуми, повикувајќи се на свои извори, тврдат дека повредите се сериозни и дека не е јасно кој во моментов фактички управува со Иран.Дополнителна неизвесност создава и фактот што Хамнеи се обраќа исклучиво преку писмени соопштенија, откако претходно се појавија информации дека е во кома. Оттогаш, сите негови јавни обраќања се реализираат во писмена форма, што ги засилува сомнежите за неговата вистинска здравствена состојба.Конфузијата дополнително се продлабочи откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по разговори со Иран донел одлука привремено, на пет дена, да го прекине бомбардирањето на иранските енергетски постројки. Набргу потоа, од официјален Техеран пристигна демант дека воопшто имало разговори со Трамп.Во вакви услови на спротивставени информации, останува нејасно дали навистина се водат преговори меѓу Иран и САД, како и кој носи клучни одлуки во иранското раководство.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Рекордно поскапување на горивата во Кина: Владата воведува драстични мерки

Владата на Кина,го ограничи поскапувањето на цените на горивата на приближно половина од износот што инаку би се применил според официјалниот механизам за формирање на цените, објави Ројтерс.Ова прилагодување, поттикнато од растот на цените на нафтата поради американско-израелската војна против Иран, сепак претставува најголемо досега забележано зголемување. Новите цени на горивата се приближија до нивоата од 2022 година, по конфликтот меѓу Русија и Украина.Притисокот врз кинескиот пазар доаѓа во момент кога војната во Иран сè посилно ја потресува глобалната енергетика. Цената на нафтата денеска надмина 113 долари за барел, откако претходно овој месец накратко се доближи до 120 долари.Меѓународните цени на нафтата доведоа до зголемување на цените на горивата кое, според механизмот, би изнесувало околу 0,97 евра по литар, но благодарение на привремената регулација, растот е ограничен на околу 0,85 евра по литар. Разликата, односно заштедата за крајните корисници, изнесува околу 0,12 евра по литар, наведува агенцијата Синхуа.За приватни возила со резервоар од 50 до 60 литри, полнењето бензин од 92 октани ќе биде поевтино за пет до седум евра, додека за тешки камиони со резервоари од 400 до 600 литри заштедата ќе изнесува од 42 до 69 евра по полнење.Ова е првпат од воведувањето на механизмот во 2013 година државата директно да интервенира во регулирањето на цените на рафинираните нафтени производи, истакнуваат експертите.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Од вчера угостителите кои работат на катот во трговскиот центар – блок А во Кочани започнаа со отстранување на терасите поставени на јавна површина пред нивните локали, постапувајќи по договорот со локалната власт.Станува збор за обврска произлезена од договорот постигнат пред два месеца меѓу градоначалникот Владко Грозданов и сопствениците на угостителските објекти, со кој е предвидено сите времени градби што се третираат како бесправни да бидат отстранети на сопствен трошок.Со расчистувањето на просторот пред локалите, особено пред пицериите, треба повторно да се овозможи нормално движење на пешаците. Досега, според надлежните, граѓаните биле принудени да минуваат низ тесен премин широк околу метар и пол.Дел од угостителите најавија привремен прекин на работата поради безбедносни причини за време на демонтажата, додека други ќе продолжат да работат во внатрешноста на локалите, како и преку достава.Во иднина, сопствениците ќе можат повторно да побараат користење на јавна површина, но исклучиво под законски утврдени услови – со поставување подвижни тенди, чадори и опрема без оградување, при што просторот мора да остане отворен од три страни.Кафулињата на приземјето веќе ги отстранија застаклените делови што беа поставени на јавна површина, додека тендите ќе останат.Од општината најавуваат дека ваквите мерки ќе се применуваат и на други локации низ Кочани, со цел воведување ред и обезбедување слободен пристап до јавните површини.

Настани | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Савески ќе бара од колегите поретко да предлагаат затворски притвор

Во гостувањето во „360 степени“на МРТ 1, новиот државен јавен обвинител Ненад Савески изјави дека прво треба да се елиминира најблагата мерка за обезбедување присуство на осомничен или обвинет, пред да се бараат построги мерки. Дополнително, вели тој, условите во притворските одделенија во државата се нехумани, а секој притвореник е и трошок за државата.Наместо воспоставената пракса лесно да се ставаат осомничени и обвинети лица во затворски притвор, Савески смета дека почесто треба да се употребуваат гаранциите.„Ние сме сиромашна држава. Притворот е најригорозна мерка од мерките коишто ги нуди Законот за кривична постапка. Меѓутоа и најскапа, и најнехумана. Еден ден во притвор значи одвојување на парични средства од буџетот. Како сиромашна држава треба да водиме сметка и за тоа“, рече тој.Савески вели дека како држава треба да се однесуваме во согласност со нашите можности.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
benzinska-benzin-nafta-

Веќе важат новите цени на горивата: дизелот поскап, бензините остануваат исти

Од полноќ стапија на сила новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати, кои ги утврди Регулаторната комисија за енергетика, согласно измените на Законот за данок на додадена вредност и примената на повластена стапка од 10%.Според одлуката, бензините не претрпеа промени, додека дизелот и останатите деривати се поскапени.ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по 86,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 88,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е поскапен за 3,50 денари и сега изнесува 95,50 денари за литар. Маслото за горење екстра лесно (ЕЛ-1) е зголемено за 2,50 денари и се продава по 92,00 денари за литар, додека мазутот М-1 НС достигна 47,610 денари за килограм.Од Регулаторната комисија потенцираат дека станува збор за максимални цени, што остава можност трговците да понудат и пониски износи.Со оваа одлука, цените на нафтените деривати се зголемени во просек за 1,39 проценти во споредба со претходната одлука.Како главна причина се наведуваат растот на референтните цени на светските пазари, каде значително зголемување има кај сите деривати, како и растот на курсот на доларот.Од Комисијата нагласуваат дека повластената ДДВ стапка од 10% ја ублажила ценовната состојба, бидејќи со стапка од 18% бензините и дизелот би биле значително поскапи.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryhis9v78lcmn20dWdhLj

Си-ен-ен: Трамп заглавен во сопствената војна со Иран – речиси сите опции се лоши

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сериозна дилема во конфликтот со Иран, кој самиот го ескалираше, а од кој сега тешко може да најде излез, оценува Си-ен-ен.По неколку дена контрадикторни пораки, Трамп сигнализираше можност за деескалација, тврдејќи дека се постигнати „15 точки на договор“ со Иран. Но Техеран веднаш ги демантираше овие тврдења, што дополнително ја поткопува довербата во американската позиција.Анализата укажува дека и двете страни можеби се приближуваат до точка каде цената на понатамошна ескалација е преголема, но нема гаранции дека тоа ќе доведе до крај на конфликтот.Проблемот, според Си-ен-ен, е непредвидливоста на Трамп, кој постојано менува ставови – од закани за бомбардирање на ирански цели до најави за преговори. Таквиот пристап ја намалува веродостојноста на САД и ја отежнува секоја дипломатска иницијатива.Во меѓувреме, Иран покажува дека и покрај загубите, и понатаму има силен адут – контролата врз Ормутскиот теснец, преку кој директно влијае врз глобалната економија и цените на нафтата.Се отвора и прашањето дали паузата во воените активности е резултат на стратегија или обид да се стабилизираат финансиските пазари, кои беа погодени од растот на цените на енергенсите и падот на берзите.Аналитичарите предупредуваат дека речиси сите сценарија носат сериозни ризици. Ескалацијата може да доведе до поширока војна, испраќањето копнени сили би значело долг и скап конфликт, а повлекувањето би ги оставило американските сојузници во регионот изложени на засилен Иран.Дополнително, не е јасно дали Иран би прифатил услови што вклучуваат откажување од нуклеарната програма и балистичките капацитети, што го прави дипломатскиот излез уште понеизвесен.Заклучокот на анализата е дека САД се наоѓаат во ситуација без добри решенија, а кризата што ја создаде Трамп може да се претвори во долгорочен геополитички проблем со глобални последици.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryimvvolr75rb01AbP2VZ

Волстрит џурнал: Заливските земји сè поблиску до вклучување во војната со Иран

Американските сојузници во Персискиот Залив сериозно размислуваат за директно вклучување во конфликтот со Иран, по серијата напади што ја загрозија нивната енергетска инфраструктура и економија, објавува „Волстрит џурнал“.Иако засега не испраќаат свои копнени сили, заливските држави веќе преземаат чекори што ја поддржуваат американско-израелската офанзива – од логистичка помош до економски притисок врз Техеран.Саудиска Арабија, која претходно се дистанцираше од конфликтот, сега го менува пристапот. По серијата ирански напади со ракети и дронови врз енергетски објекти и главниот град Ријад, кралството дозволи користење на своја воздушна база од страна на американските сили.Извори наведуваат дека престолонаследникот Мохамед бин Салман е сè поблиску до одлука за директно вклучување, со цел да се врати одвраќачката моќ на државата.„Трпението на Саудиска Арабија не е неограничено“, изјави министерот за надворешни работи Фејсал бин Фархан, алудирајќи на можен поостар одговор.Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати преземаат финансиски мерки против Иран, затворајќи институции поврзани со режимот и заканувајќи се со замрзнување на милијарди долари ирански средства. Овие потези имаат потенцијал сериозно да го ограничат пристапот на Техеран до странски валути и глобални пазари.Паралелно, се разгледува и можноста за испраќање војска, додека Емиратите лобираат против прекин на огнот што би оставил дел од иранските воени капацитети недопрени.Иако официјално тврдат дека не учествуваат директно во нападите, постојат индикации дека одредени операции веќе се одвиваат од територии во регионот, што укажува на постепено вклучување во конфликтот.Заливските монархии се наоѓаат во сложена позиција – од една страна се под притисок да одговорат на иранските напади, а од друга стравуваат дека може да бидат оставени сами ако САД ненадејно се повлечат од конфликтот.Дополнителен притисок претставува и најавата од Техеран дека сака да воспостави контрола врз Ормутскиот теснец и дури да наплатува премин, што директно ги загрозува глобалните енергетски текови.Аналитичарите оценуваат дека токму овие закани ја туркаат регијата кон подлабока ескалација, со ризик од проширување на војната на повеќе фронтови.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library5kqgunhjbrta7KCe9Gd

Ројтерс: Нетанјаху го убедил Трамп дека нападот врз Иран ќе го внесе во историјата

Помалку од 48 часа пред почетокот на американско-израелската воена операција против Иран, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, убедувајќи го дека тоа е историска можност за елиминација на иранското раководство.Според извори запознаени со разговорот, Нетанјаху тврдел дека ваква шанса – за удар врз врховниот лидер Али Хамнеи и неговиот круг – можеби никогаш повеќе нема да се појави. Во позадина стоеле разузнавачки информации дека иранското раководство ќе се најде на едно место, што го прави ранливо на директен напад.Во моментот на разговорот, Трамп веќе ја одобрил идејата за воена операција, но сè уште не донел конечна одлука за времето и обемот на американското вклучување.Извори наведуваат дека токму овој разговор, заедно со информациите дека „временскиот прозорец“ се затвора, бил клучен фактор што довел до одлуката за покренување на операцијата на 27 февруари.Нетанјаху аргументирал дека Трамп може да влезе во историјата ако помогне во елиминацијата на иранското раководство, додавајќи дека тоа би можело да поттикне и внатрешен бунт и пад на режимот во Техеран.Од Белата куќа не го коментираа директно разговорот, но нагласија дека целта на операцијата била уништување на иранските воени капацитети – особено ракетната програма и способноста за развој на нуклеарно оружје.Нетанјаху, пак, ги отфрли тврдењата дека Израел ја вовлекол Америка во војната, истакнувајќи дека одлуката била исклучиво на Трамп.Иако Трамп во кампањата ветуваше избегнување на нови војни, по неуспешните преговори за нуклеарната програма на Иран, неговата администрација постепено почнала да ја разгледува воената опција.Последиците од нападот се сериозни – илјадници жртви, ескалација на конфликтот во регионот, напади врз американски цели и сојузници, како и затворање на клучни поморски рути и нагло зголемување на цените на нафтата.Дополнително, разузнавачките проценки предупредувале дека убиството на иранскиот лидер не мора да доведе до промена на режимот, туку може да резултира со уште потврда власт.Со војната која влегува во четвртата недела, ситуацијата останува неизвесна, а регионот сè подлабоко навлегува во конфликт со глобални последици.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Пентагон повторно го ограничува пристапот на медиумите и покрај судската одлука

И покрај неодамнешниот пораз на суд, Пентагон воведе нов сет ограничувања за новинарите кои редовно известуваат за американската војска, што предизвика силни реакции во медиумската заедница.Според новите правила, се затвора таканаречениот „дописнички коридор“ – простор во самата зграда на Пентагон каде новинарите со децении работеа и одржуваа директен контакт со воените претставници. Наместо тоа, им се нуди работа од оддалечен анекс, што значително го отежнува пристапот до информации.Овие мерки доаѓаат само три дена откако судот пресуди дека претходните ограничувања го прекршуваат Првиот амандман на американскиот Устав, кој гарантира слобода на медиумите.Новинарските организации и медиуми реагираа остро, оценувајќи дека станува збор за „одмазда“ и директно кршење на судската одлука. Тие предупредуваат дека новите правила дополнително ќе ја намалат транспарентноста и ќе го ограничат јавниот увид во работата на војската.Од Пентагон, пак, тврдат дека мерките се донесени од безбедносни причини и дека институцијата останува посветена на транспарентноста, но и на заштитата на персоналот.Критичарите не се согласуваат со тоа објаснување и сметаат дека станува збор за систематски обид за намалување на медиумскиот надзор, особено во време на зголемени глобални безбедносни тензии.Дополнително, новите правила предвидуваат дека секој пристап на новинарите до Пентагон ќе биде дозволен само со придружба од овластено лице, што значително ја ограничува нивната самостојност во прибирањето информации.Правни експерти предупредуваат дека ваквите политики можат да доведат до криминализација на основни новинарски практики, како користење извори во институциите.Новинарите, пак, истакнуваат дека ваквиот пристап директно влијае врз јавниот интерес, особено кога станува збор за прашања поврзани со безбедноста и животите на војниците.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
fon-der-lajen

Фон дер Лајен: Клучниот енергетски правец мора да биде безбеден, потребно е решение преку преговори

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика на итно дипломатско решение за војната со Иран, нагласувајќи дека стабилноста на Блискиот Исток е од клучно значење за целиот свет.Говорејќи во Канбера, Австралија, таа истакна дека единствениот одржлив излез од конфликтот е преку преговори и запирање на непријателствата.„Од најголема важност е да се дојде до решение постигнато преку преговори, кое ќе стави крај на конфликтот што го гледаме на Блискиот Исток“, изјави фон дер Лајен.Таа предупреди дека војната веќе има сериозни последици врз глобалната економија, особено преку растот на цените на енергенсите, што директно ги погодува економиите, компаниите и граѓаните.Посебен акцент стави на Ормутскиот теснец, кој го опиша како клучен енергетски и трговски правец за снабдување со нафта и гас на глобално ниво.Фон дер Лајен најави дека дел од земјите членки на Европската унија се подготвуваат да помогнат во обезбедување на овој стратешки коридор, откако ќе заврши конфликтот.„Сите ги чувствуваме последиците – од цените на гасот и нафтата до влијанието врз нашите општества. Затоа овој правец мора да биде безбеден“, порача таа.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryacebk18bn4k39S38Cxb

Трамп ја става Куба на нишан: можна воена интервенција со висока цена

Куба се најде во фокусот на американската надворешна политика откако претседателот Доналд Трамп сигнализираше дека по операцијата во Венецуела, токму оваа островска држава би можела да биде следната цел.Изјавите од Вашингтон, вклучително и од државниот секретар Марко Рубио, дополнително ги засилија шпекулациите дека САД разгледуваат поагресивен пристап кон Хавана, со цел промена на режимот.Операцијата во Венецуела, според аналитичарите, била јасна порака дека САД повторно се подготвени да користат воена сила во регионот, што децении се сметаше за малку веројатно .Во меѓувреме, САД воведоа сериозни економски мерки кон Куба, вклучително и фактичка блокада на нафтените испораки. Последиците се драматични – огромен раст на цените на горивата, долги прекини на струја, колапс на транспортот и проблеми со снабдувањето со основни ресурси .Кубанските власти признаваат дека ситуацијата е критична, но истовремено сигнализираат подготвеност за разговори со Вашингтон, без откажување од суверенитетот.Сепак, експертите предупредуваат дека евентуална воена интервенција не би била ниту брза ниту лесна. За разлика од Венецуела, Куба има долгорочно развиена стратегија за асиметрична одбрана, позната како „војна на целиот народ“, што подразбира вклучување и на цивилното население.„САД би победиле во таква војна, но цената би била огромна и би се пролила многу крв“, предупредуваат аналитичари, укажувајќи дека конфликтот би можел да се претвори во долготрајна и скапа операција .Дополнително, постојат стравувања дека дестабилизацијата на Куба може да предизвика хаос, масовна миграција кон САД и зголемување на криминалот во регионот – сценарио кое би било полошо од сегашниот статус кво.Во позадина на кризата стојат и економски интереси, бидејќи Куба располага со значајни резерви на никел и кобалт – ресурси од стратешко значење.И покрај заканите, исходот останува неизвесен, а прашањето дали САД ќе се впуштат во нов конфликт во Латинска Америка сè уште нема јасен одговор.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
384195512_10222568730078005_5385278146917642351_n

Само три европски земји имаат чист воздух: загадувањето расте глобално

Само 13 земји во светот имаат воздух што се смета за безбеден за дишење, а меѓу нив во Европа се само три – Андора, Естонија и Исланд, покажува најновиот Светски извештај за квалитет на воздухот за 2025 година.Според анализата на податоци од илјадници градови во повеќе од 140 земји, само 14 проценти од градовите во светот имаат воздух во рамки на безбедните граници, што претставува пад во однос на претходната година.Главни причини за влошувањето се климатските промени предизвикани од човекот, особено шумските пожари, песочните бури и екстремните временски услови поврзани со согорувањето на фосилни горива.Светската здравствена организација поставува строги граници за честичките ПМ2.5, кои се особено опасни бидејќи можат да навлезат длабоко во белите дробови и крвотокот, зголемувајќи го ризикот од сериозни заболувања.Најзагадени земји во светот се Пакистан, Бангладеш, Таџикистан, Чад и Демократска Република Конго, додека сите 25 најзагадени градови се наоѓаат во Индија, Пакистан и Кина.Во Европа, ситуацијата е влошена во дел од земјите, при што 23 држави бележат раст на загадувањето, особено поради чад од пожари и прашина од Сахара. Истовремено, некои земји, како Малта, бележат намалување благодарение на преминот кон почисти извори на енергија.Загадувањето е изразено и во големи градови, при што Париз, Лондон и други метрополи повремено се наоѓаат меѓу најзагадените во светот.Дополнителен проблем претставува недостигот на податоци, бидејќи милиони луѓе немаат пристап до информации за квалитетот на воздухот во реално време, што ја отежнува борбата против загадувањето.Експертите предупредуваат дека без систематско следење и намалување на емисиите, глобалниот квалитет на воздухот ќе продолжи да се влошува, со сериозни последици за здравјето на луѓето.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Променливо облачно време со дожд попладне, утре повеќе сонце и засилен ветер

Времето денеска во Македонија е променливо облачно, со услови за повремени локални врнежи од дожд во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Скопје, исто така, ќе преовладува променливо облачно време, а во делови од котлината попладне ќе има услови за слаб дожд. Ветерот ќе биде слаб до умерен од северен правец.Утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, додека врнежи од дожд ќе има претежно во планинските региони. Ветерот ќе биде умерен, а на места повремено засилен од северен правец.Во Скопје, утре ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Си-ен-ен: Трамп тешко ќе излезе од кризата што сам ја создаде со војната против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сериозни предизвици да најде излез од конфликтот со Иран, кој, според анализа на Си-ен-ен, самиот го довел до опасна ескалација со своите одлуки и непостојана стратегија .Иако неодамна сигнализираше можност за деескалација, споменувајќи „15 точки на договор“ со Иран, од Техеран негираа дека воопшто имало разговори, што дополнително ја поткопува довербата во американските изјави .Анализата укажува дека и САД и Иран можеби се приближуваат до точка каде цената на натамошна ескалација станува преголема, но истовремено постојат сериозни сомнежи дека вистинско решение е на повидок.Клучен проблем е непредвидливоста на Трамп, кој во краток временски период дава контрадикторни пораки – од најави за крај на војната до закани за нови напади. Таквиот пристап, според аналитичарите, ја намалува веродостојноста на САД и ја отежнува можноста за дипломатско решение .Дополнително, се отвора прашањето дали одлуките се водени од геополитички причини или од обид за стабилизирање на финансиските пазари, особено по растот на цените на нафтата и падот на берзите.Во меѓувреме, Иран ја задржува клучната предност – контролата врз Ормутскиот теснец, со што директно влијае врз глобалната економија и ја користи како главен адут во преговорите .Си-ен-ен оценува дека речиси сите опции на Трамп носат сериозни ризици. Ескалацијата може да доведе до поширока војна, испраќањето копнени сили би значело нов долг конфликт, а повлекувањето би ги оставило американските сојузници изложени на засилен Иран.Во исто време, не е јасно дали Иран воопшто би прифатил услови кои вклучуваат откажување од нуклеарната програма и балистичките проектили, што дополнително ја комплицира ситуацијата.Заклучокот на анализата е дека САД се наоѓаат во позиција без добри решенија, а конфликтот што го започна Трамп може да се претвори во долгорочна геополитичка криза со глобални последици

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library2bbm4cohp8b1aZLfl9L

Кина го мапира морското дно низ океаните, Западот алармира за можни воени цели

Кина спроведува обемна операција за мапирање на морското дно и поставување подводни сензори низ Тихиот, Индискиот и Арктичкиот океан, што предизвикува сериозна загриженост кај западните земји за можните воени импликации.Според анализи, кинеските истражувачки бродови создаваат детална база на податоци за подводниот терен и морските услови, кои би можеле да бидат клучни за операции со подморници и за следење на противнички сили.Еден од бродовите, „Донг Фанг Хонг 3“, во изминатите години пловел во близина на Тајван, американската база Гуам и стратешки делови од Индискиот океан, при што спроведувал истражувања на морското дно и подводната средина.Иако официјално станува збор за научни истражувања, експерти за поморско војување предупредуваат дека ваквите податоци можат директно да се користат за воени цели, особено за навигација, прикривање и распоредување на подморници.Според нив, ваквото мапирање овозможува создавање прецизна „слика“ на подводниот простор, што е клучно за откривање или избегнување на непријателски сили.Операцијата не се ограничува на еден брод, туку вклучува десетици пловила и стотици сензори, поставени во стратешки важни зони, вклучително и околу Јапонија, Филипините, Гуам и во близина на Малакшкиот теснец – една од најважните светски трговски рути.Западните аналитичари предупредуваат дека Кина преку таканаречената „цивилно-воена фузија“ ги интегрира научните истражувања со воените капацитети, што ѝ овозможува да ја намали предноста што со децении ја имаа САД во познавањето на океанските подрачја.Американски претставници веќе укажуваат дека ваквите активности претставуваат стратешки ризик, бидејќи овозможуваат поставување подводни сензори, подобрување на сонарните системи и поефикасно следење на подморници.Дополнително, Кина развива и проект за „транспарентен океан“, кој предвидува масовно поставување сензори што ќе овозможат постојан увид во подводните услови.Аналитичарите оценуваат дека овие активности значително ја менуваат рамнотежата на силите на морето и ја зголемуваат геополитичката тензија, особено во чувствителните региони како Пацификот и Индискиот океан.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

Хуанг: Веќе сме ја достигнале општата вештачка интелигенција

Извршниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, изјави дека човештвото веќе ја достигнало општата вештачка интелигенција (AGI), оценка која отвора нова дебата во технолошката заедница за реалниот напредок на ова поле.Говорејќи на Светскиот владин самит во Дубаи, Хуанг ја дефинираше AGI како способност на вештачката интелигенција да решава широк спектар тестови што ги полагаат луѓето.Според него, современите модели веќе ги исполнуваат тие критериуми, бидејќи можат успешно да положат правосудни, медицински и други комплексни испити.„Ако им зададете било кој тест на денешните модели, тие ќе го положат“, истакна Хуанг, додавајќи дека нивните способности дополнително се зголемуваат кога користат специјализирани алатки.Иако призна дека вештачката интелигенција сè уште има ограничувања, особено во сферата на здраворазумското расудување и разбирањето на човечките емоции, тој ги оцени овие слабости како решливи инженерски предизвици, а не како фундаментални пречки.Неговата позиција се разликува од дел од експертите во областа, кои сметаат дека до вистинска општа вештачка интелигенција има уште децении развој.Изјавата доаѓа во време на интензивна глобална дебата за влијанието на вештачката интелигенција врз економијата и општеството, вклучително и потенцијалното губење работни места, потребата од нови вештини и зголемената потрошувачка на енергија.„Енвидија“ има клучна улога во овој процес, бидејќи нејзините чипови се основа на најнапредните модели на вештачка интелигенција.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
IMG_4715

Променливо со сончеви периоди и умерен северен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.Во среда и во четврток ќе преовладува стабилно и суво време. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Од четврток ноќта до крајот на викендот под влијание на циклонска активност, следува период на нестабилно време со локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во четврток и петок претпладне ќе дува засилен ветер претежно од јужен правец.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
873x400-1-16

Хрватска има нафта само за три месеци

Хрватска располага со релативно мали резерви на нафта, а домашното производство не е доволно за потребите на граѓаните и компаниите. Според податоците на релевантните агенции, земјата годишно произведува околу 500.000 тони нафта, што е само една шестина од вкупните потреби, поради што е високо зависна од увоз. Нафтата најмногу се увезува од Азербејџан и Казахстан, со повремени испораки од африкански земји, покажува анализата на хрватскиот RTL.Во стратешките резерви, Хрватска има доволно нафта за околу три месеци, која владата може да ја пушти на пазарот доколку се појави потреба. Министерот за економија, Анте Шушњар, уверува дека дури и ако целосно се запре производството, земјата може нормално да функционира.Што се однесува до гасот, домашното производство доаѓа од северниот Јадран, како и од Славонија и Меѓумурје, што покрива околу една четвртина или 25% од вкупните потреби. За индустријата тоа дефинитивно не е доволно, додека за домаќинствата, според податоците на Стручното здружение за гас, производството од 780 милиони кубни метри е доволно за домашните потрошувачи кои годишно трошат околу 600 милиони кубни метри. Остатокот се увезува главно преку ЛНГ терминалот на островот Крк, пред сè од САД, Нигерија, Тринидад и Тобаго, како и од Алжир.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryv7jliv27qlgneAd7QmK

(Видео) Вака изгледа патот кон Теферич кој е пропаднат, додека Кисела Вода бара решение

Патот кон Теферич, кој пред околу шест месеци беше реконструиран поради свлечиште, повторно е во критична состојба, откако денеска се појави ново видео на кое јасно се гледа голем расцеп на коловозот и дополнително пропаѓање на асфалтот.Проблемите на оваа делница започнаа во мај 2025 година, кога патот беше затворен за сообраќај од безбедносни причини поради активирано свлечиште. Реконструкцијата беше завршена во септември истата година, а пред околу еден месец повторно се појавија пукнатини на коловозот.Жителите реагираа дека патот не е безбеден, а пред околу три недели градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, информираше дека патот повторно се затвора за сообраќај.„Интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето. Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот. Посветени сме на изнаоѓање на најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција“, објави тогаш градоначалничката Трајкоска.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryatvdc2mqonde7GGUsVE

Jаревски: Стабилизирани се цените на горивата, приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилност на економијата

Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски и се осврна на донесените одлука од страна на Владата за намалување на ДДВ-то за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, се со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија. Пратеникот Јаревски истакна дека Владата успешно се справува со предизвиците од глобалната економска криза и додаде дека снабдувањето со горива се одвива непречено и без прекини. „Она што се укажа дека намалувањето од 18 на 10 отсто е првиот чекор, доколку има понатаму потреба ќе се намали и до 5 отсто. Паралелно со тоа, Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство покрај серијата на чекори што ги направи во изминатиот период исто така премина кон разговори со дистрибутерите на нафта, со цел да имаме дополнителен попуст на маржа од 2-3 денари. Практично барем во овој најсериозен бран да имаме состав во кој цените на горивата нема да бидат поскапени“, рече Јаревски. Јаревски додаде дека државата останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот потенцирајќи дека се потврдува ефикасноста на преземените мерки како и стабилноста на енергетскиот систем. Тој нагласи дека приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилност на економијата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
iran

САД го одредија 9 април како можен крај на војната со Иран

САД го одредија 9 април како можен датум за завршување на војната со Иран, а се очекува дека разговорите меѓу двете страни наскоро ќе започнат, јавуваат израелските медиуми. Според весникот Yedioth Ahronoth, еден неименуван израелски функционер изјавил дека „Вашингтон го одредил 9 април како целен датум за завршување на војната, оставајќи околу 21 ден за продолжување на борбите и преговорите“.Истите извори додаваат дека „разговорите меѓу Иран и САД се очекува да се случат подоцна оваа недела во Пакистан“, нагласувајќи дека Вашингтон не го известил Израел за деталите од контактите со претседателот на иранскиот парламент.Иран ги негира преговорите со Америка, оценувајќи ги извештаите како „лажни вести“ кои служат за манипулација на финансиските и нафтените пазари.Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно во понеделникот соопшти дека наредил петдневно одложување на сите напади врз иранските електрани и енергетска инфраструктура, како резултат на „многу добри и продуктивни“ разговори со Техеран во изминатите два дена.Регионалната ескалација се интензивира откако на 28 февруари САД и Израел започнаа заедничка офанзива против Иран, при што загинаа повеќе од 1.340 лица, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.Техеран возврати со напади со дронови и ракети кон Израел, како и кон Јордан, Ирак и земјите од Заливот каде се наоѓаат американски воени објекти, предизвикувајќи жртви, оштетувања на инфраструктурата и нарушувања на глобалните пазари и воздушниот сообраќај.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања