Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НАТО

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

НАТО пресретна балистички проектил од Иран во турскиот воздушен простор

Балистички проектил, за кој е утврдено дека е лансиран од Иран и дека влегол во турскиот воздушен простор, бил неутрализиран од воздушни и противракетни сили на НАТО распоредени во источниот Медитеран, соопшти турското Министерство за одбрана.Во соопштението се наведува дека сите неопходни мерки се преземаат решително и без одлагање против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на Турција.„Балистичкото средство, за кое е утврдено дека е лансирано од Иран и дека влегло во турскиот воздушен простор, беше неутрализирано од страна на воздушни и противракетни одбранбени сили на НАТО распоредени во источниот Медитеран. Сите потребни мерки се преземаат решително и без двоумење против каква било закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја, а сите случувања во регионот внимателно се следат, со приоритет на нашата национална безбедност“, се наведува во соопштението.Инаку, Турција предупреди дека би можела да покрене воена интервенција во северен Ирак, слична на нејзините операции во Сирија, доколку курдските милитанти се вклучат во копнените борби во рамки на Иран, наведуваат турски извори.Предупредувањето се однесува првенствено на борците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) и нејзиниот ирански огранок, Партијата за слободен живот на Курдистан (ПЈАК), во случај да учествуваат во операции во западен Иран, наводно со поддршка од Израел.

Свет | пред 7 часа

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

Прага признава: нема средства за исполнување на НАТО обврските

Чешка нема да ја исполни клучната обврска кон НАТО за издвојување најмалку два проценти од бруто домашниот производ за одбрана, признава владата на премиерот Андреј Бабиш, што отвори остри критики и нови тензии со сојузниците.И покрај економскиот раст од 2,5 проценти во 2025 година, буџетот за одбрана за 2026 година ќе се зголеми за само околу дваесет милиони евра, со што вкупните издатоци ќе достигнат околу 6,3 милијарди евра, односно 1,7 проценти од БДП.Владата во Прага, сепак, тврди дека ги исполнува обврските, планирајќи во одбранбените трошоци да ги вклучи и инвестициите во инфраструктура, како изградба на автопати и железнички линии.Премиерот Бабиш ја брани ваквата политика, нагласувајќи дека државата не смее да влезе во „трка по проценти“ на штета на економијата.„Одбраната е приоритет на нашата влада, но одбивам идеја дека треба механички да се натпреваруваме со проценти и да воведуваме мерки што би ја поткопале економијата и социјалниот мир во земјата“, изјави Бабиш, додавајќи дека 2,1 процент од БДП е максимумот што Чешка може да си го дозволи без да ги загрози здравството, социјалниот систем, енергетиката и внатрешната безбедност.Политиката на владата се соочува со отпор и од коалициски партнери, меѓу кои е и партијата Слобода и директна демократија, чиј лидер Томио Окамура уште во 2025 година го оцени договорот за зголемување на трошоците за одбрана како „целосно нереален“.Дополнителен притисок доаѓа и од чешкиот претседател Петр Павел, кој предупреди дека НАТО најверојатно нема да ги признае трошоците за автопати и железници како дел од одбранбениот буџет. Иако го потпиша буџетот за 2026 година, тој најави дека во иднина може да одбие таков документ доколку не се зголемат издатоците.Критики пристигнаа и од американскиот амбасадор во Прага, Николас Мерик.„Со намалување на издатоците за одбрана, Чешка ризикува да не ги исполни своите обврски и да се најде меѓу последните во Европа“, предупреди Мерик, потсетувајќи дека земјите членки на НАТО се договориле за постепено зголемување на трошоците до 3,5 проценти од БДП до 2035 година.И поранешниот заменик-министер за одбрана и амбасадор во НАТО, Јакуб Ландовски, смета дека владата ќе мора да вложи дополнителни средства.„Секој сојузник што ги поткопува напорите на САД за зајакнување на одбранбената способност на Европа мора да смета на реакција од САД“, оцени Ландовски.Прашањето за одбранбениот буџет така станува нов извор на внатрешни и надворешни притисоци за Чешка, која се обидува да балансира меѓу економските ограничувања и обврските кон НАТО.

Свет | пред 2 дена

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: „Зошто да бидеме со НАТО ако тој не беше со нас?“

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја доведе во прашање поддршката на САД кон НАТО, критикувајќи го Алијансата дека не му помогнала на Вашингтон во војната против Иран.Говорејќи во Мајами, Трамп испрати директна порака до сојузниците.„Секогаш би биле тука за нив, но сега, врз основа на нивните постапки, мислам дека не мораме, нели?“, изјави Трамп.Тој оцени дека НАТО направил сериозна грешка со тоа што не ја поддржал американската страна.„Мислам дека беше огромна грешка што НАТО едноставно не беше таму“, рече Трамп.Американскиот претседател нагласи дека САД вложуваат огромни средства во безбедноста на своите сојузници.„Зошто би биле ние тука за нив ако тие не се тука за нас?“, праша Трамп.Овие изјави доаѓаат во контекст на зголемени тензии во трансатлантските односи, откако американско-израелската војна против Иран отвори сериозни разлики меѓу САД и нивните европски партнери.Американската администрација ги обвинува сојузниците за недејствување, а воедно ги критикува и поради тоа што не дозволиле користење на нивните воени бази или тоа го направиле со задоцнување.

Свет | пред 2 дена

mark-rute

„НАТО не може да ги потврди тврдењата дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон со своите ракети“, вели Руте

НАТО не може да ги потврди тврдењата на Израел дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон со своите ракети, изјави во телевизиско интервју генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.Предупредувањето на Израел следеше по иранскиот напад врз британско-американската воена база „Диего Гарсија“ која се наоѓа среде Индискиот Океан кој, иако неуспешен, покажа дека Техеран има ракетен дострел што претходно не беше јавно потврден, пренесува Би-би-си.„Во моментов не можеме да ги потврдиме израелските тврдења, но ги истражуваме“, рече Руте во интервју за американските медиуми.Тој истакна дека ако ова предупредување е точно, тоа е уште еден доказ дека постапките на Доналд Трамп и нападот на САД врз Иран се клучни за елиминирање на иранската нуклеарна закана.„Она што го знаеме со сигурност е дека тие се многу блиску до тоа да ја имаат таа можност. Сè уште го анализираме случајот со нападот врз британската база, но ако тоа е точно, тие веќе ја имаат можноста за ракетирање на големи далечини. Ако не е точно, знаеме дека се многу блиску до тоа да ја имаат таа можност“, рече Руте.

Свет | пред 1 седмица

finska

Финскиот претседател предупредува: Западот се дели, „да спасиме што може да се спаси“

Финскиот претседател Александер Стуб предупреди дека Западот се соочува со сериозна поделба, повикувајќи на зачувување на клучните сојузништва, особено во рамки на НАТО, во услови на глобални тензии и промени во американската надворешна политика.Во интервју за британскиот „Телеграф“, Стуб оцени дека војната на Блискиот Исток дополнително ја усложнува ситуацијата и влијае врз односите меѓу Европа и САД.„Постои пукнатина меѓу Европа и САД. Тоа не е целосен распад, но е сериозен поместувач. Треба да спасиме што може да се спаси од трансатлантското партнерство“, изјави Стуб.Тој посочи дека во однос на Украина, состојбата денес е поразлична од пред една година, нагласувајќи дека украинските сили се во подобра позиција на фронтот и успеваат да ги оттурнат руските сили.Сепак, Стуб предупреди дека растот на цените на нафтата и евентуалното ублажување на санкциите кон Русија може да има сериозни последици.„Тоа е многу штетно, бидејќи практично го храни рускиот воен механизам. Мора истовремено да ја поддржуваме Украина и да вршиме притисок врз Русија“, рече финскиот претседател.Според него, клучниот проблем е промената во пристапот на САД кон сојузниците, посочувајќи дека во минатото Вашингтон дејствувал во координација со партнерите, додека сега сè почесто носи одлуки самостојно.„Америка и натаму е моќна, но повеќе не се потпира на сојузниците на ист начин. Тоа е нова реалност со која Европа мора да се соочи“, изјави Стуб.Тој предупреди дека ваквиот пристап може да ја намали способноста на САД да ја проектира својата моќ глобално, бидејќи, како што рече, „ниеден хегемон не може да функционира без сојузници“.И покрај загриженоста, Стуб останува на ставот дека трансатлантските односи треба да се зачуваат, особено во делот на безбедноста и одбраната, дури и ако постојат несогласувања во други области.

Свет | пред 1 седмица

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп: НАТО падна на тестот, бев во право, кукавици

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека актуелниот конфликт со Иран претставувал „голем тест“ за НАТО, тврдејќи дека на овој начин се потврдиле неговите долгогодишни критики за нерамномерното учество на сојузниците.Во интервју за „МС НОУ“, Трамп изјави дека не е задоволен од одбивањето на европските земји да се вклучат во обезбедување на поморските рути во Ормускиот теснец, нагласувајќи дека САД со години носеле најголем товар во рамки на Алијансата.„Додека јас не дојдов, ние плаќавме 100 проценти од НАТО. Секогаш велев дека тоа е еднонасочна улица. Кога ним им треба нешто, ние сме тука. Но кога нам ни треба, нив ги нема. Се покажа дека бев во право. Ова беше голем тест“, рече Трамп.Тој дополнително ги критикуваше сојузниците и преку социјалните мрежи, нарекувајќи ги „кукавици“ поради одбивањето да учествуваат во операциите за заштита на бродовите од ирански напади.Во интервјуто, Трамп се осврна и на воената кампања против Иран, тврдејќи дека земјата ќе има потреба од најмалку една деценија за да се опорави од последиците од нападите.„Можам веднаш да се повлечам и ќе им требаат десет години да се опорават. Но тоа не е прифатливо. Ако останеме подолго, никогаш нема да се опорават“, изјави тој.Според него, главната цел на операцијата не била промена на режимот, туку спречување на Иран да развие нуклеарно оружје.„Најважно е да не смеат да имаат нуклеарно оружје“, нагласи американскиот претседател.Трамп тврди дека со операцијата „Полноќен чекан“ била „целосно уништена“ способноста на Иран за развој на нуклеарно оружје, иако експертите предупредуваат дека дел од збогатениот ураниум сè уште постои и е складиран во подземни објекти.Покрај тоа, тој повторно изнесе тврдења дека Иран бил „на две недели“ од создавање нуклеарна бомба, што дел од експертската јавност го оспорува.Осврнувајќи се на други глобални прашања, Трамп изјави дека не му е потребна помош од Украина во конфликтот со Иран и оцени дека војната меѓу Русија и Украина би била избегната доколку тој бил на власт.Во однос на Куба, тој испрати нејасна, но предупредувачка порака: „Само гледајте“.

Свет | пред 1 седмица

rute

Руте: Ормутскиот теснец мора да се отвори, ќе најдеме решение

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, порача дека сојузниците ќе мора да најдат начин за повторно отворање на Ормутскиот теснец, нагласувајќи дека станува збор за клучна артерија за светската економија.„Убеден сум дека сојузниците, како и секогаш, ќе направат сè за да ги заштитат заедничките интереси. Ќе најдеме пат напред“, изјави Руте, коментирајќи ги разликите меѓу САД и европските партнери околу начинот на дејствување.Тој потенцираше дека постои широк консензус дека теснецот не смее да остане затворен.„Сите се согласуваат дека Ормутскиот теснец мора повторно да се отвори што е можно побрзо. Тоа е од клучно значење за светската економија“, додаде Руте.Изјавата доаѓа во услови на тензии меѓу Вашингтон и европските сојузници, откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО може да се соочи со „многу лоша иднина“ доколку сојузниците не помогнат во обезбедување на поморскиот сообраќај.Сепак, дел од европските држави веќе сигнализираа дека не се подготвени да учествуваат во евентуална воена операција во регионот.Иран во меѓувреме практично го блокираше Ормутскиот теснец како одговор на американско-израелските напади, што доведе до нагло зголемување на цените на енергенсите и дополнителна нестабилност на глобалните пазари.

Свет | пред 1 седмица

mark-rute-1

Членките на НАТО дискутираат за повторно отворање на Ормускиот теснец

Членките на НАТО дискутираат за најефикасниот начин за повторно отворање на Ормускиот теснец, кој Иран го блокираше по американско-израелските напади, изјави денес генералниот секретар на сојузот.„Сите се согласуваме дека теснецот мора повторно да се отвори. Она што знам е дека сојузниците соработуваат и дискутираат за најдобриот начин како тоа да се постигне“, рече Марк Руте, кој се наоѓал на северот на Норвешка за време на вежбата „Cold Response“.Американскиот претседател Доналд Трамп неколку дена ги критикува сојузниците од НАТО, вклучувајќи ги Франција и Обединето Кралство, за нивното одбивање да помогнат во повторното отворање на теснецот. Овој тесен пловен пат е клучен, бидејќи преку него пред војната минувале околу 20% од светската сурова нафта и течниот природен гас (LNG). Парализата на стратешки значајниот теснец доведе до нагол скок на цените на нафтата во последните две недели.Во понеделник, Трамп побара помош од големите светски сили за обезбедување на безбедноста на теснецот. Вчера го оцени одбивањето на некои земји од НАТО како „многу глупа грешка“ и посочи дека нивната помош всушност била непотребна.Во меѓувреме, американските вооружени сили извршија напади врз ирански ракетни позиции во близина на Ормускиот теснец со бомби наменети за уништување на бункери.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

НАТО испраќа уште еден „Патриот“ во јужна Турција: засилување по ракетните закани од војната со Иран

НАТО ќе распореди уште еден американски противвоздушен систем „Патриот“ на југот на Турција, како дел од мерките за зајакнување на одбраната по зголемените ракетни закани поврзани со војната со Иран.Системот ќе биде стациониран во провинцијата Адана, каде што се наоѓа воздухопловната база Инџирлик – клучен сојузнички пункт со присуство на американски и друг персонал од земјите-членки.Турското Министерство за одбрана соопшти дека распоредувањето доаѓа покрај веќе постоечкиот шпански систем „Патриот“ во регионот, нагласувајќи дека мерките се надоврзуваат и на националните капацитети на земјата.Анкара претходно најави и дополнително распоредување на „Патриот“ во југоисточната провинција Малатја, во близина на радарска база на НАТО, како дел од пошироките напори за засилување на противвоздушната одбрана.Турција, која ја има втората најголема војска во Алијансата и се граничи со Иран, во изминатиот период се потпираше на сојузнички системи за пресретнување на ракети за кои тврди дека биле истрелани од Иран од почетокот на конфликтот. Во базата Инџирлик, покрај САД, се наоѓа и персонал од неколку сојузнички земји, меѓу кои се наведуваат Шпанија и Полска.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Трамп го критикува НАТО, британски дипломат: Погрешно ја разбира Алијансата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини членките на НАТО дека направиле „глупа грешка“ откако одбиле да учествуваат во обезбедувањето на Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која пред војната минувале околу 20 проценти од светската нафта.Говорејќи од Овалната соба, Трамп изјави дека повеќето сојузници не сакале да се вклучат во конфликтот, додавајќи дека иако американската поддршка не му е неопходна, нивното одбивање да испратат бродови за разминирање во Персискиот Залив е неправедно.На овие ставови реагираше поранешниот британски дипломат и некогашен постојан претставник при НАТО, лорд Питер Рикетс, кој оцени дека Трамп „целосно погрешно ја разбира суштината на Алијансата“.„НАТО е одбранбен сојуз. Ова е војна што САД сами ја избраа и за која не ги консултираа сојузниците. Никогаш не било договорено членките да ја следат Америка во секој конфликт што таа ќе го започне“, изјави Рикетс за Би-Би-Си.Според него, пораката на Трамп е дека поддршката треба да биде двонасочна – доколку САД ги штитат европските сојузници, тогаш очекуваат и тие да возвратат со ангажман во други региони.Рикетс предупреди дека ситуацијата е „повик за будење“ за европските земји, кои, според него, треба да ја зајакнат меѓусебната соработка и да градат посамостојна безбедносна политика.

Свет | пред 1 седмица

zaharova-51320-

Москва со нови обвинувања: НАТО води агресија насочена против Русија и го шири влијанието

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека активностите на НАТО се насочени против Русија и дека Алијансата го проширува своето влијание на повеќе географски правци.Според неа, во последните години НАТО не дејствува само од западната страна, туку го зголемува присуството и на југот, истокот и северот.„Агресијата на НАТО е насочена против Руската Федерација. Овие тенденции не се ограничени само на западниот правец, туку се шират и кон југ, Далечниот Исток и северните региони“, изјави Захарова.Таа додаде дека Алијансата, според Москва, настојува да го прошири своето влијание и во азиско-пацифичкиот регион, како и во северните географски подрачја, каде што засега, како што рече, тоа се манифестира преку засилена реторика.Захарова оцени дека НАТО не покажува интерес за нормализација на односите, туку, како што тврди, има за цел да ѝ нанесе „стратешки пораз“ на Русија.„Имаше обиди за изградба на механизми за намалување на ризиците и решавање на безбедносните прашања, но од другата страна немаше волја за тоа“, рече таа.

Свет | пред 1 седмица

MO-Sekerinska-Brisel_3

Шекеринска: НАТО целосно го поддржува дијалогот Белград–Приштина

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, истакна дека Западниот Балкан има клучно стратешко значење за Алијансата и дека НАТО дава целосна поддршка на процесот за нормализација на односите, кој се води под покровителство на ЕУ.Шекеринска нагласи дека партнерството меѓу НАТО и Европската Унија е од суштинско значење за одржување на мирот и стабилноста во Косово и поширокиот регион.„Преку мисијата КФОР, НАТО продолжува да прави сè што е воено возможно на терен за да го заштити мирот, во корист на сите луѓе што живеат во Косово. Но, конечното решение за трајна регионална стабилност е политичко. За таа цел, НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот предводен од ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и напорите на специјалниот претставник Соренсен“, изјави Шекеринска.Во соопштението на Алијансата се наведува дека соработката меѓу НАТО и ЕУ е на високо ниво, а континуираната координација ќе биде клучна за напредокот на дијалогот.Според Шекеринска, сојузниците се согласиле да ја засилат поддршката за напорите насочени кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, како предуслов за долгорочна стабилност на регионот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц: НАТО служи за одбрана, не за напади

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, денес потврди дека Германија нема да се вклучи во војната на САД и Израел против Иран. Како клучни причини го наведе отсуството на потребен мандат и фактот дека сојузниците не ја консултирале Германија пред почетокот на конфликтот.На прес-конференција во Берлин, Мерц појасни дека одлуката е заснована на германскиот устав. „Според нашиот Темелен закон, потребен е мандат од Обединетите нации, Европската унија или НАТО, а ние го немаме. Затоа од самиот почеток беше јасно дека ова не е задача за НАТО. НАТО служи за одбрана, не за напади“, рече тој.Мерц нагласи дека Германија не била вклучена во одлуките што претходеле на конфликтот. „САД и Израел не не консултираа пред оваа војна. Никогаш не беше донесена заедничка одлука дали воопшто треба да се дејствува против Иран. Затоа прашањето за германски воен ангажман воопшто не се поставува“, заклучи канцеларот.

Свет | пред 2 седмици

media-library9b3s09t44kcs64uTWk9

Германски министер за надворешни работи: НАТО не треба да го обезбедува Ормускиот теснец

И Германија со контра реплика до претседателот на САД, Доналд Трамп, по неговото барање НАТО земјите да се вклучат во обезбедувањето на Ормускиот теснец.Како што пренесуваат светските медиуми, германскиот министер за надворешни работи, посочил оти НАТО не треба да игра улога во обезбедувањето на Ормускиот теснец откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Организацијата на Северноатлантскиот договор ќе се соочи со „многу лоша“ иднина ако не помогне во деблокирањето на морскиот пат контролиран од Иран.CNN објави дека германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се обратил на медиумите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел и рекол дека Германија не гледа потреба НАТО да „преземе одговорност“ за Ормускиот теснец.Вадефул рече дека Германија е наместо тоа за воведување санкции врз оние кои се „одговорни“ за блокирање на клучниот теснец.Воедно и претстаавници на германската влада предупредија дека проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток и Заливот, пишува Анадолија.„Тоа не е војна на НАТО. НАТО е одбранбен сојуз“, изјави портпаролот на владата Стефан Корнелиус пред новинарите во Берлин.„Германската влада, исто така, мора јасно да ја процени ситуацијата на територијата на Алијансата и сопствената позиција за учество во оваа војна“, додаде тој.Тој нагласи дека ескалацијата на конфликтот би ги загрозила регионалните партнери. „Проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за другите партнери на Блискиот Исток и Заливот“, рече тој.Германската влада претходно неколку пати изјави дека нема да учествува во американската војна против Иран.

Свет | пред 2 седмици

romanija

Во Турција распореден американски систем за противвоздушна одбрана

Турција денеска соопшти дека американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ е распоредeн во југоисточната покраина како дел од „засилените мерки за противвоздушна и противракетна одбрана“ на НАТО.За време на неодамнешните настани во нашиот регион се преземаат потребните мерки за заштита на нашите граници и воздушен простор, и тоа во консултации со НАТО и сојузниците“, соопшти турското Министерство за одбрана на X.Министерството додаде дека, покрај националните мерки, НАТО ја засилил противвоздушната и противракетната одбрана, и дека системот „Патриот“ моментално се наоѓа во Малатија и се подготвува за оперативна готовност со цел да ја поддржи заштитата на турскиот воздушен простор.Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека Иран не треба да презема понатамошни „провокативни чекори“ откако балистичка ракета навлезе во турскиот воздушен простор.Неговите изјави, пренесени од државната агенција „Анадолу“, следеа по соопштението на турското Министерство за одбрана дека балистичката ракета испукана од Иран навлегла во турскиот воздушен простор пред да биде неутрализирана од средствата на НАТО во источниот Медитеран.Иран подоцна негираше дека испукал ракета кон Турција. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, сугерираше дека станува збор за „операција под лажно знаме“, но не обвини ниту една конкретна земја.

Свет | пред 2 седмици

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

НАТО потврди: Пресретнат проектил насочен кон Турција

НАТО потврди дека пресретнал проектил кој бил насочен кон Турција, соопшти портпаролката на Алијансата Алисон Харт.Таа информацијата ја објави на социјалната мрежа Икс, користејќи го официјалното име на државата – Туркије.„НАТО повторно пресретна проектил кој беше насочен кон Турција“, напиша Харт.Ова е уште еден инцидент во кој НАТО системите за противвоздушна одбрана реагираат на закани кон турскиот воздушен простор, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.

Свет | пред 3 седмици

media-library791innqblcehbE1GKoF

НАТО ќе одржи заедничка воена вежба со Србија

Во мај годинава, НАТО ќе организира заедничка вежба со српската армија, објави Командата на здружените сили на НАТО во Наполи, Италија. Вежбата ќе се одржи на покана на Србија на полигон Боровац, кој српските вооружени сили го користат за подготовка на единици за меѓународни мисии, вклучувајќи операции за одржување мир под окрилието на Обединетите нации. Командата нагласи дека активноста ќе се спроведе со целосно почитување на прогласената политика на воена неутралност на Србија.Адмирал Џорџ Викоф, командант на здружените сили на НАТО, во петок ја посети Белград и се сретна со претседателот Александар Вучиќ. На средбата се дискутираше за зајакнување на соработката меѓу Србија и НАТО, со цел зачувување на воената неутралност на земјата.Вучиќ на својот профил на Инстаграм истакна дека ја потенцирал важноста на мисијата KFOR за одржување мир и безбедност, особено за заштита на српската заедница на Косово. Тој нагласи дека стабилноста во регионот зависи од продолжувањето на дијалогот и градењето меѓусебно доверба меѓу сите чинители.Претседателот Вучиќ потврди дека Србија останува посветена на соработката со НАТО преку програмата „Партнерство за мир“, со целосно почитување на своите национални интереси, суверенитет и политика на воена неутралност.

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2022-02-27-120002

Литванското разузнавање предупредува: Русија се подготвува за можен судир со НАТО

Литванската разузнавачка служба предупредува дека Русија систематски ги зајакнува своите воени сили долж источната граница на НАТО и се подготвува за можен идeн конфликт со Алијансата.Во годишниот извештај за националните безбедносни закани за 2026 година се наведува дека Москва ги проширува своите воени капацитети, ги претвора постојните бригади во дивизии, формира нови единици и интензивно развива воена инфраструктура, особено во ексклавата Калининград.Според литванските аналитичари, дел од единиците и воената опрема се испраќаат директно на фронтот во Украина за да стекнат борбено искуство, што, како што се наведува, создава основа за формирање поголема и поефикасна воена сила во иднина.Извештајот предупредува дека Русија би можела да изгради армија која ќе биде за 30 до 50 проценти поголема отколку пред почетокот на војната во Украина, со модернизиран арсенал и обновени стратешки резерви на оружје и муниција, способни за конвенционален судир со НАТО.Како клучен фактор за можна ескалација се посочува евентуалното укинување на западните санкции, по што Москва, според проценките, би можела да биде подготвена за поширок конфликт со Алијансата во рок од шест години.Посебно внимание во извештајот се посветува на таканаречениот Сувалкиски коридор меѓу Полска и Литванија, кој ја раздвојува Белорусија од Калининград и се смета за најранливата точка во одбраната на НАТО на истокот од Европа.Литванските служби оценуваат дека долгорочните цели на Кремљ остануваат непроменети – потчинување на Украина и промена на рамнотежата на силите во Европа во корист на Москва. Во меѓувреме, НАТО продолжува да ја зајакнува одбраната на источниот фронт, а Литванија повикува на дополнително зајакнување на военото присуство на Алијансата во регионот.

Свет | пред 3 седмици

bombarder

Американскиот стратешки бомбардер Б-1 „Лансер“ слета во Британија – порака на сила во сенка на заканите за нов бран удари врз Иран

Американскиот стратешки бомбардер Б-1 „Лансер“ слета во Обединетото Кралство, потег што доаѓа во чувствителен момент на зголемени тензии околу можни нови удари врз Иран. Леталото е забележано при пристигнување во воздухопловната база RAF Fairford во англиската грофовија Глостершир.Б-1 „Лансер“ е еден од најпрепознатливите тешки бомбардери во американското воздухопловство, наменет за далечински мисии и брза проекција на сила. Долг е речиси 45 метри, со распон на крилја од 42 метри, а масата му достигнува околу 86 тони. Познат е и по прекарот „The Bone“, формиран од изговорот „B-One“.Според достапните податоци за платформата, Б-1 е способен да носи значителен товар на вооружување и опрема – до околу 34 тони – вклучително и крстосувачки ракети, а неговите перформанси му овозможуваат брзина поголема од 1.450 километри на час. Леталото го управува четиричлен екипаж и е опремено со навигациски и системи за наведување за прецизно дејствување, како и со средства за електронска заштита и мамки против противвоздушни закани.Бомбардерот во минатото беше користен во низа операции на Блискиот Исток, меѓу кои во Сирија, Либија, Авганистан и Ирак, што го прави симбол на американската способност за брзо распоредување и удар од голема далечина.Слетувањето во RAF Fairford следува по одлука на британските власти да дозволат користење британски бази за изведување одбранбени удари врз ирански ракетни постројки, што дополнително го става пристигнувањето на Б-1 во поширок геополитички контекст. Во вакви околности, распоредувањето на ваков тип авион се чита како сигнал – и до сојузниците и до противниците – дека Западот ја држи отворена опцијата за брза ескалација доколку кризата продолжи да се продлабочува.

Свет | пред 3 седмици

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

НАТО ја засили противракетната одбрана по пресретната иранска ракета кон Турција

НАТО ја зголеми својата противракетна одбрана откако беше пресретната ракета од Иран насочена кон Турција, соопшти во четвртокот военото седиште на алијансата.Според соопштението од НАТО, зголеменото ниво на готовност ќе остане на сила сè додека не се намали заканата од „континуираните, неселективни напади на Иран низ регионот“, изјави полковникот Мартин О’Донел, портпарол на Врховната команда на сојузничките сили во Европа.О’Донел во објава на платформата X истакна дека НАТО „совршено ја извршил“ противракетната одбрана во Турција во средата.За помалку од 10 минути, припадниците на НАТО идентификуваа закана за сојузниците – балистичка ракета, ја потврдија нејзината траекторија, ги алармираа копнените и поморските системи за противракетна одбрана и лансираа пресретнувач за да ја неутрализираат заканата и да ја заштитат нашата територија и населението“, рече тој.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претходно во четвртокот изјави дека алијансата засега не планира да го активира членот 5 за колективна одбрана поради балистичкиот напад, во време на стравувања дека НАТО би можел да биде вовлечен во војната меѓу САД и Иран.Руте не даде повеќе детали кога беше прашан за зголемената одбранбена подготвеност во рамките на алијансата.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryis2bpv777bde8RkN4Pt

Кипар ќе поднесе барање за членство во НАТО

Претседателот на Кипар, Никос Христодулидис, изјави дека земјата ќе поднесе барање за членство во НАТО.Тој посочи дека неодамнешните напади на Иран врз Кипар биле насочени исклучиво кон британските воени бази што се наоѓаат на островот. Христодулидис појасни дека постоела одредена вознемиреност поради изјава на британскиот министер за одбрана во врска со британските бази на Кипар, што предизвикало загриженост кај кипарската страна.Како што наведе, биле потребни дури и контакти со британскиот премиер за да се разјасни дека британските бази на Кипар не се користат за офанзивни операции поврзани со војната.Тој исто така изјави дека нападите кои досега биле извршени главно доаѓале од Либан и додаде дека е во постојана комуникација со претседателот на таа земја.Разбирате дека во многу случаи целта од Иран е Израел. Проектилите минуваат низ регионот, низ поширокиот источен Медитеран, и тоа е нешто што се следи многу внимателно“, изјави тој.Христодулидис додаде дека Кипар располага со сопствени системи кои се значително унапредени, а во исто време постои и заштита од британската страна, како и договори со европските држави.Одговарајќи на прашање за можноста Кипар да стане членка на НАТО, тој рече дека доколку тоа би било можно веднаш, земјата би поднела соодветно барање, но дека тоа во моментот не може да се случи поради постојните политички околности и ставот на Турција.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Медведев: НАТО е луд, САД започнаа војна на Блискиот Исток

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев остро го нападна НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп поради војната со Иран.Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Медведев ги критикуваше дискусиите во НАТО за можно активирање на членот 5 од Алијансата.„НАТО е луд. Прво САД го убиваат иранскиот лидер и започнуваат војна на Блискиот Исток. Потоа НАТО-идиоти, предводени од послушниот ‘синче’ на Трамп, Марк Руте, размислуваат за активирање на членот 5“, напиша Медведев.Тој саркастично додаде дека американскиот претседател би можел да биде номиниран за Нобелова награда за мир „затоа што започнал голема војна“, додавајќи дека „Орвел бил во право – војната е мир“.Претходно Медведев на Телеграм оцени дека американските напади врз Иран го покажале „вистинското лице“ на САД и дека преговорите со Техеран биле само параван.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Турција: НАТО одбраната пресретна балистичка ракета од Иран

Турција тврди дека системот за противракетна одбрана на НАТО пресретнал балистичка ракета лансирана од Иран пред да влезе во турскиот воздушен простор.Детали за ракетата и местото на пресретнување засега не се објавени. Нема информации ниту за евентуални штети или повредени. Овие информации ги објавува Al Jazeera.Турција е дел од интегрираниот систем за противракетна одбрана на НАТО, наменет за заштита на територијата на земјите членки од балистички проектили.Засега нема официјален коментар од Иран.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryp3ahatda22828dJtOnc

Руте: Трамп не побара НАТО да се приклучи во кампањата против Иран

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не побарал Алијансата да се приклучи на воената кампања против Иран.„Претседателот не побара НАТО да се придружи, така што тоа не е точно“, рече Руте, нагласувајќи дека станува збор за воена операција што ја водат САД и Израел.Тој посочи дека повеќе сојузници даваат клучна поддршка во делот на логистиката и пристапот, но дека тоа не значи директно учество во кампањата. Како пример ги наведе шпанските бази, кои, според него, со години имаат важна улога во одбраната на клучни американски интереси.Руте истакна дека чувствува широка поддршка од европските сојузници. Тој изјави дека во текот на викендот и претходните денови разговарал со бројни лидери и дека видел јасна поддршка за, како што рече, „одземањето на нуклеарните способности и капацитетите за балистички ракети“ на Иран, како и за елиминирањето на ајатолахот Али Хамнеи.Според Руте, овие потези биле поздравени од многу негови колеги во рамки на Алијансата, но без формална одлука НАТО да стане директен дел од воената кампања.

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2025-01-21-at-17.48.41

Генералниот секретар на НАТО денес во официјална посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денес ќе престојува во официјална посета на земјава. Домаќин ќе му биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Предвидена е и заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и Руте.Генералниот секретар на НАТО ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.Руте ќе ја посети и касарната „Илинден“ каде што ќе присуствува на презентацијата на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) на Армијата и на дел од опремата на оваа единица.На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.Во 2023 година во официјална посета на Македонија престојуваше тогашниот прв човек на НАТО, Јенс Столтенберг.На 03.03.2026 година (вторник), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. г. Марк Руте.Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања