Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

mickoski-filipce

Апелација потврдила дека СДСМ клеветела кога кажала дека „Мицкоски е докажан криминалец фатен со рацете во медот“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека Апелациониот суд со правосилна пресуда утврдил дека СДСМ изнесувала невистини и клевети против него, без докази и без правна основа.„Со оваа одлука, по потврдената првостепена пресуда, СДСМ и формално е судски утврдена како клеветничка партија“, напиша Мицкоски, додавајќи дека тоа што со години било претставувано како „политичка борба“, сега е официјално констатирано како недозволено и спротивно на принципите на правната држава.Според него, пресудата го разоткрива политичкиот модел на СДСМ, кој, како што наведува, се темели на напади и дискредитации наместо на аргументи, програми и одговорност.„Политичката критика е легитимна и потребна, но клеветата и лагата не се политика, туку злоупотреба на јавниот простор“, истакна Мицкоски.Тој додава дека одлуката на судот претставува „жесток шамар“ и за сите, како што ги нарече, поддржувачи и гласноговорници на СДСМ кои учествувале во ширење гласини и кампањи насочени против него.Мицкоски оценува дека СДСМ свесно продолжува со, како што вели, лаги и манипулации, потценувајќи ги граѓаните и надевајќи се дека дезинформациите ќе имаат поголемо влијание од вистината.„Македонија мора да оди напред со политика заснована на вистина, идеи и одговорност. Народот ќе покаже дека е посилен од ваквите лаги и дека тие нема да поминат“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryij4jka12lc2j20pwL2m

Шилегов бара оставка од Филипче: „Или си СДСМ или си тезгарош“; претседателот пак возраврати со обвинувања за притисоци

Поранешниот градоначалник на Скопје и функционер на СДСМ, Петре Шилегов, јавно побара оставка од, како што го нарече, „претседателот“ на СДСМ, Венко Филипче, упатувајќи сериозни обвинувања и прашања за одговорност и мотиви.„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла. Или ви е тешка одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош“, напиша Шилегов.Тој додава дека „прашањата ќе ги постави по празниците“, алудирајќи дека, според него, темата намерно се пласира во период кога јавноста е фокусирана на новогодишните и божиќните празници.По овие обвинувања, со соопштение се огласи и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека партијата „удрила во осино гнездо“ и дека открила, како што вели, „најголема предавничка операција“ која веќе била потпишана, а чија реализација зависи од изборниот резултат.„Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор. Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства“, наведува Филипче, обвинувајќи дека владејачката партија секојдневно пласира лажни вести и наводни афери со цел да го одвлече вниманието од, како што ја нарекува, вистината.Филипче тврди дека бил направен обид преку еден член на СДСМ да се нанесе штета на партијата, при што, според него, биле искористени лични и финансиски проблеми, како и можни уцени, за да се внесе немир одвнатре.„Не го доживувам ова како напад врз мене лично, туку како напад врз целата партија и сите нејзини членови“, наведува Филипче, додавајќи дека СДСМ нема да се пресметува со тој член, туку дека ќе се обиде да му помогне.Во пораката до јавноста, Филипче истакнува дека СДСМ е „на патот на правдата“ и дека, како што вели, никој нема да ја запре борбата за враќање на власта „во рацете на народот“.„Кој сака – нека се приклучи. Кој не може или не сака – нека остане настрана. Правдата ќе победи“, порачува претседателот на СДСМ.

Коментари | пред 3 месеци

media-librarynh16q4tlbrs9aP9nHNB

„Удривме во осино гнездо“ – Филипче тврди дека СДСМ е мета на координирана операција за дестабилизација

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на Фејсбук обвини дека партијата станала цел на, како што оцени, координирана операција за внатрешно дестабилизирање и замолчување на критичкиот глас. Тој тврди дека власта шири лажни вести и врши притисок, а последниот случај со партиски член го нарече обид да се внесе немир во редовите на СДСМ. Филипче порача дека, и покрај притисоците, партијата ќе продолжи со своите политики и повика на обединување.Удривме во осино гнездо. Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала. Денес можеме да кажеме и дека таа е веќе потпишана. Само уште изборите нè делат од реализацијата на ова сценарио, на овој план. Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор.Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства. Тоа јасно се гледа и по бројот на лажни вести и измислени случаи и наводни афери кои секојдневно ги пласираат во медиумите, со цел да го тргнат вниманието од суштината.Вчера се обидоа и преку еден наш член да ѝ нанесат штета на партијата. Не мене лично, тоа не го доживувам лично, туку на целата партија, на сите нејзини членови.А вие видовте и каква машинерија беше подготвена – за помалку од половина час сите медиуми блиски до власта синхронизирано објавија на своите канали.Јавно да се изнесуваат вакви работи во момент кога ДПМНЕ нè напаѓа од сите страни со цел да го замолчи нашиот глас на вистината, не е случајно. Тие пронајдоа еден од нас, послаб. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови.Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме.До него е да одлучи која страна ќе ја избере.По овој пат сакам да им порачам на сите нив: ние сме на патот на правдата. Никој нема да нè запре. Ќе ја одбранимеМакедонија и ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Никој нема да нè запре, а најмалку вакви обиди.Кој сака – нека се приклучи! Кој не може или не сака – нека остане настрана! Правдата ќе победи.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ по договорот во ЕУ за депортации на мигранти во „трети безбедни земји“: Македонија меѓу потенцијалните дестинации?

СДСМ соопшти дека Европската унија постигнала политички договор за нови правила со кои барателите на азил и нелегалните мигранти би можеле да се пренасочуваат или депортираат во т.н. „трети безбедни земји“ надвор од ЕУ, повикувајќи се на информации објавени во европските медиуми. Според партијата, договорот бил постигнат меѓу претставници на земјите-членки и Европскиот парламент и претставува дел од реформата на европската миграциска политика.Во својата реакција, СДСМ поставува прашање кои држави ќе бидат дефинирани како „трети безбедни земји“, посочувајќи дека во таа категорија би можеле да се најдат земјите од Балканот, кандидатите за членство во ЕУ и други држави надвор од Унијата – меѓу кои, како што наведуваат, и Македонија.Партијата потсетува дека Албанија веќе прифати дел од мигрантите во рамки на договор со Италија, како и дека Косово, исто така, воспостави модел на прифаќање. Во соопштението се поставува дилема дали Македонија би можела да биде следната земја што би прифатила мигранти за финансиска надомест.СДСМ дополнително ја критикува актуелната власт, за која како што тврдат, се обидува да ја ограничи јавната дебата за миграциите, оставајќи, според партијата, граѓаните сами да проценат што би значело евентуалното вклучување на Македонија во новиот европски модел.

Македонија | пред 3 месеци

Press-Bogdanka-Kuzeska-2021-06-02

Тендерска војна меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Сигмоид груп“ со обемен демант

СДСМ денеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека избегнува да одговори на прашањата поврзани со фирма која, според нивните тврдења, во период од само два месеци добила тендери во вредност од 1,2 милиони евра, иако имала само тројца вработени.Од опозициската партија наведуваат дека фирмата објавена во, како што велат, „новата бомба“, била основана на 8 јуни 2023 година и дека не станува збор за иста компанија на која се повикува ВМРО-ДПМНЕ во своите реакции. Според СДСМ, втората фирма што ја спомнува владејачката партија е „стара фирма на студентот на Мицкоски“, која, како што тврдат, доживеала финансиски подем во периодот од јуни 2024 до август 2025 година, кога од тендери остварила приходи од околу 25 милиони денари.СДСМ постави и директно прашање за евентуална поврзаност на оваа фирма со сопругата на поранешниот министер Миле Јанакиески, оценувајќи дека случајот не е прашање на ИТ-експертиза, туку на „пари и бизнис интереси“. Од партијата порачаа дека „работата не е завршена“ и дека, како што наведуваат, „сите ќе одговараат“.По овие обвинувања, со реакција се јави компанијата „Сигмоид груп ДООЕЛ Скопје“, која категорично ги отфрли наводите и, како што наведоа, со цел „точно, целосно и објективно информирање на јавноста“, достави детално појаснување.Од компанијата информираат дека кај сите споменати јавни набавки станувало збор за групни набавки во рамки на иста ИКТ групација, односно помеѓу „Сигмоид груп ДООЕЛ“ и „Сигмоид ДОО“. Тие посочуваат дека групацијата е присутна на пазарот од 2018 година и има портфолио од над 40 клиенти во јавниот и приватниот сектор, со реализирани повеќе од 30 договори директно со јавни институции во Северна Македонија.Дополнително, од „Сигмоид груп“ наведуваат дека значителен дел од нивниот приход доаѓа од странство, вклучително и од соработка со јавни институции во Естонија и други земји од Западен Балкан, а компанијата е официјален партнер на над 15 глобални производители на ИКТ опрема и системи.Во однос на личните обвинувања, од компанијата демантираат дека основачот Јован Јанкуловски бил студент на Машинскиот факултет или дека имал каков било контакт со премиерот. Тие посочуваат и дека бројот на вработени во рамки на групацијата е над 10 лица, а во проектите биле ангажирани и дополнителни експерти преку договори за дело, што, како што наведуваат, е вообичаена пракса за ваков тип набавки.Компанијата нагласува дека соработува со институции исклучиво на професионална основа, без оглед на политичката структура на раководствата, и дека реализирала проекти и со институции предводени од СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да ја информира јавноста со проверени податоци, „бомбата“ на Кузеска и пукна како петарда во рака

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека обвинувањата изнесени од портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, не се поткрепени со проверени податоци и дека наместо „бомба“, како што беше најавено, јавноста доби неточни информации.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека јавните набавки се транспарентни и јавно достапни, но дека во конкретниот случај Кузеска изнесувала тврдења за наводно сомнителни тендери, без целосно да ги провери податоците и контекстот. Партијата посочува дека фирмата „Сигмоид“, која се споменува во обвинувањата, не е новоформирана, туку постои со години и во 2019 година само го променила правниот облик од ДОО во ДООЕЛ.Според ВМРО-ДПМНЕ, токму во периодот кога СДСМ и ДУИ биле на власт, оваа фирма добивала грантови и јавни средства. Како што наведуваат, од Фондот за иновации и технолошки развој бил доделен грант од над 1,4 милиони денари, а потоа и дополнителен грант во 2020 година во износ од над 25 илјади денари.Во соопштението се наведува и дека „Сигмоид“ добивала тендери од повеќе државни институции во периодот на владеење на СДСМ и ДУИ, меѓу кои и Агенцијата за електронски комуникации, Агенцијата за пошти, Технолошко-индустриските развојни зони, Државниот завод за ревизија и Агенцијата за супервизија на осигурување. Дел од договорите, според партијата, биле дополнувани со анекси, а вкупните суми се движеле од неколку стотици илјади до над два милиони денари, сè до 2024 година, односно до заминувањето на СДСМ од власт.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека обвинувањата за сомнителни тендери се неосновани и дека токму СДСМ треба да даде одговор за доделувањето јавни средства во периодот кога управувала со институциите.Партијата додава дека очекувале од Кузеска поинаков пристап и настап со проверени факти, наместо, како што наведуваат, избрзани обвинувања. Во соопштението се потенцира дека одговорност ќе има, но, според ВМРО-ДПМНЕ, таа треба да се бара за наводните злоупотреби поврзани со поранешното раководство на СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8nfm22iirr317t4FSI7

Уште еден потрес во СДСМ и обвинувања дека „Партијата ја изгуби храброста да се погледне во очи“

Методија Куновски повеќе не е прв човек на Општинската организација на СДСМ во Битола. Тој денеска ја депонираше својата неотповиклива оставка до претседателот на партијата, Венко Филипче, наведувајќи дека принципите за кои се залагале, во пракса сè потешко се остваруваат.Куновски, кој досега ја извршуваше функцијата претседател на битолскиот огранок, во своето обраќање до јавноста и сопартијците истакна дека одлуката е резултат на „темелна и одговорна лична и политичка проценка“, подолг период на дилеми и несогласувања со процесите во партијата.Во образложението за повлекувањето, Куновски упати директна критика кон начинот на функционирање на организацијата, посочувајќи дека не сака да биде само фигура без реална моќ за промени.„Не можам и не сакам да носам функција без суштинска можност за влијание, ниту да бидам формално присутен во процеси со кои суштински не се согласувам. Сметам дека политичката и моралната одговорност налага јасен став и чесен чекор“, пишува Куновски.Тој додава дека функцијата ја прифатил со намера да ја отвори партијата кон членството, но наместо тоа, се соочил со практики кои се косат со вредностите на социјалдемократијата.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Јон Фркочковски и Жерновски добија функции во СДСМ, во игра е вратена и Ана Чупевска - кои се старо-новите лица на партијата

Александар Димитријевиќ, Љупчо Фармаковски, Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска и Петар Огњеновиќ се дел од новото партиско раководство на СДСМ, избрано на вечерашната седница на Централниот одбор.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека Димитријевиќ останува генерален секретар на партијата, додека функцијата организациски секретар повторно ќе ја извршува Љупчо Фармаковски. Во новиот Извршен одбор, како што информираше, влегуваат Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска и Петар Огњеновиќ.Централниот одбор донел одлука и за формирање Советодавен совет на партијата, кој ќе го предводи поранешната потпретседателка на СДСМ, Ана Чупевска.Филипче потврди дека Фани Каранфиловска Пановска и натаму останува заменик-претседател на партијата, при што нејзината оставка, како што беше посочено, дополнително треба да ја констатира Конгресот.Според претседателот на СДСМ, новиот Извршен одбор претставува спој на млади и искусни кадри, а улогата на поискусните членови ќе биде да го пренесат своето знаење и искуство на помладите.На прес-конференцијата, Филипче порача дека партијата влегува во директна политичка конфронтација со актуелната власт.„Станува збор за тим кој влегува во храбра и одлучна борба против актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН“, изјави Филипче.Тој најави дека СДСМ ќе ја прошири својата платформа и ќе отвори простор за соработка со граѓански организации, независни поединци и интелектуалци.„Го формиравме и Советот на партијата кој ќе има улога во привлекување слободоумни луѓе што ги делат нашите вредности. Нашиот фронт, кој го објавуваме вечерва, постепено и сигурно ќе расте, затоа што се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните“, рече Филипче.Тој додаде дека СДСМ ќе се спротивстави на, како што наведе, политиките на изолација од Европа, корупцијата и криминалот, како и на проектите кои, според него, се штетни за државните интереси.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5rju4un1ggs518nE3sj

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила - нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на  вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. На прес-конференцијата, Филипче посочи дека новиот тим  влегува во храбра и многу одлучна борба со  ненародната, корумпирана и криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ,ЗНАМ и ВЛЕН.Во продолжение е интегралната изјава на Филипче:„На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се избра новото раководство. Нови партиски потпретседатели се доктор Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска. Членови на Извршниот одбор се луѓе коишто се еден дел искусни, еден дел млади, одлична спојка. Искусните ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите. Секретарските позиции ги задржаа актуелниот генерален секретар и еден од досегашните организациските секретари.Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба со оваа ненародна и криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН. И не сме сами, на денешниот состанок се продискутираа многу аспекти, ја шириме нашата платформа, повикуваме многу граѓански организации, независни поединци, интелектуалци. Го формиравме и Советот на партијата кој ќе има улога да привлекува слободоумни луѓе коишто ги делат нашите вредносни политики, поради тоа што нашиот фронт којшто го објавуваме вечерва постепено и сигурно ќе расте, затоа што ние се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните.Во рамките на тимот еден од најновите делови на целокупниот тим е Антикорупцискиот тим, составен од млади луѓе, истражувачи, но искусни луѓе коишто ги консултираме за активностите, кои се занимаваат со разоткривање на корумпираните шеми на актуелната власт. И вечерва цврсто и одлучно кажуваме, дека ние сме тие коишто ќе стават крај на политиката на изолација на државата од Европа. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на корупцијата и криминалот на оваа власт. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на предавството на безбедноста и националните интереси на нашата земја преку проектот мигранти за пари. Ние ја враќаме власта во рацете на граѓаните“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Милионските криминали во Државна лотарија, за кои ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ги извршиле Прпарим Бајрами и Артан Груби, а биле одобрени од СДС, денеска излегуваат на виделина, откако извештајот на Државниот завод за ревизија ги потврди неправилностите.Од партијата наведуваат дека злоупотребите се случувале токму во периодот кога на власт биле СДС и ДУИ, при што, како што тврдат, Прпарим Бајрами, партнер во криминал на Артан Груби, ја злоупотребил службената положба за износ од близу два милиони евра, пари на граѓаните.Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС и поранешниот министер Филипче молчеле и со тоа овозможиле ваквите криминални дејствија да продолжат, додека надлежните институции, судството и обвинителството, како што велат, не реагирале соодветно.Од партијата посочуваат дека е јасно зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто, како што тврдат, биле заштитувани од институции избрани од СДС и ДУИ. Тие додаваат дека сега, кога веќе нема кој да ги штити, СДС, според нив, во страв и паника отвора други теми, шири лажни вести и создава хистерија меѓу граѓаните.Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат таканаречениот „антикорупциски тим“ на СДС да го истражи и овој случај, наместо, како што велат, да молчи пред утврдените факти.

Македонија | пред 3 месеци

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ по оставката на Коцевски: „Мицкоски и ДПМНЕ го преземаат Обвинителството и судството“!

По оставката на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, СДСМ ја обвини власта за, како што наведуваат, организиран обид за целосна партизација на правосудниот систем.Од СДСМ тврдат дека притисокот за заминување на Коцевски е дел од пошироко сценарио на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за преземање контрола врз Јавното обвинителство и судството. Според партијата, станува збор за координиран процес кој вклучува поставување обвинители и судии лојални на власта, со што, како што велат, се загрозува независноста на правдата.Во соопштението се посочува и на кадровски решенија кои, според СДСМ, укажуваат на директно политичко влијание, меѓу кои и назначувања во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Опозицијата оценува дека ваквите чекори потсетуваат на практиките од времето на поранешниот премиер Никола Груевски, а прави и споредба со актуелните процеси во Србија, каде, како што наведуваат, истовремено се водат расправи за уставни и судски реформи.СДСМ дополнително тврди дека настаните во правосудството се одвиваат синхронизирано и со јасна политичка цел, во момент кога, како што наведуваат, власта се соочува со сериозни обвинувања за корупција. Во таа насока, од партијата потсетуваат дека нивниот Антикорупциски тим во изминатиот период објавува информации за наводни злоупотреби и сомнителни тендери, за кои, според нив, нема институционална реакција.СДСМ тврди дека во земјата се воспоставува, како што го нарекуваат, „режим 2.0“, со политички прогон, злоупотреба на институциите и медиумски манипулации.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryemamj4jvkstp8sAUcI8

СДСМ бара оставка од директорката на ГАК поради смрт на новороденче и наводно прикривање на случајот

Претставничката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, денеска побара одговорност од раководството на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, по случајот со починато новороденче на интензивна нега. Таа изјави дека постојат сомнежи за лекарска грешка и за обид случајот да биде скриен од јавноста.„Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста“, изјави Радеска, додавајќи дека директорката на клиниката наводно се обидела да не го пријави случајот навреме.Според информациите што ги презентираше, на родителите им било соопштено дека смртта била неизбежна, но внатрешни документи од Клиниката укажувале на поинакви околности. Таа посочи дека постојат писмени пријави од медицински персонал во кои се наведуваат сомнежи за пропусти во лекувањето.Како што истакна Радеска, началничката на интензивна нега пријавила дека несоодветно лекување од страна на педијатарка довело до компликации, при што реинтубацијата на бебето траела 20 минути и во тој период било нанесено телесно оштетување што довело до смртен исход. Радеска рече дека родителите не биле информирани за сомнежите и дека за нив дознале преку медиуми и свиркачи.Таа го постави прашањето за постапувањето на директорката на ГАК, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, наведувајќи дека и покрај тоа што била известена за наводните пропусти, два месеца не го информирала никого од надлежните институции.„Ова е огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството“, изјави Радеска, барајќи итна оставка на директорката и целосна независна истрага за случајот.Таа порача дека одговорност треба да има за сите инволвирани, без оглед на позицијата, и дека случајот не е политичко, туку морално и професионално прашање.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo1njeu7i56p0ca7UQmS

СДСМ ја претстави дигиталната платформа „МИЦКО“ за пријавување случаи на корупција

На прес-конференција денеска, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, го промовираше новиот дигитален проект на партискиот Антикорупциски тим – платформата „Македонски истражувачки центар за корупција и организиран криминал“ (МИЦКО), достапна на https://micko.mk/.Како што беше објаснето, платформата е наменета за истражување, систематизација и архивирање на јавно достапни податоци и материјали поврзани со наводни случаи на корупција во земјата. Според СДСМ, целта е граѓаните, новинарите и експертската јавност да добијат полесен пристап до собрани информации од повеќе извори.Од партијата наведоа дека тимот врши анализа на тендери, медиумски објави и случаи што се однесуваат на можни судири на интереси, како и други сомнителни активности во институциите на локално и централно ниво. Материјалите се архивираат во дигитален регистар со наведени извори, датуми и детални податоци.На платформата се објавени и дел од досегашните случаи што АКТ ги претставуваше во јавноста, меѓу кои и примерот со фирма со двајца вработени што добила тендери во вредност од 9 милиони евра, потоа компанија со 161 добиен тендер во вкупен износ од 5,3 милиони евра, како и наводите поврзани со преземањето на „Алта банка“.Платформата, како што беше истакнато, содржи и можност граѓаните директно да пријават сомнежи за корупција или злоупотреби, со опција да приложат документација и да го сторат тоа анонимно.„Ги повикуваме граѓаните, медиумите и организациите да се вклучат и да придонесат со пријавување“, рече Димитријевиќ, нагласувајќи дека платформата од денес е целосно оперативна.СДСМ оцени дека борбата против корупцијата е „заеднички интерес“ и најави дека сите преземени постапки ќе бидат јавно достапни преку платформата.

Македонија | пред 3 месеци

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ обвинува за корупциска мрежа и најавува нова дигитална алатка против криминалот

СДСМ денеска обвини дека е откриена, како што велат, корупциска мрежа преку која милиони евра од јавните средства завршувале кај компании блиски до власта, преку наместени тендери. Според партијата, додека „тече грабеж на народот“, државата доцни со повеќе видови исплати.„Додека тече грабеж на народот каснат исплатите за породилното, доцни повратот на ДДВ, доцни социјалната помош, се намалува буџетот за болните од ретки болести, нема пари за поголеми плати и пензии“, наведува СДСМ, додавајќи дека граѓаните „едвај врзуваат крај со крај“, а власта се „богатела преку наместени тендери и сомнителни зделки“.Според изнесените податоци, една фирма добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра, а друга компанија, основана лани и со двајца вработени, добила тендери во вкупна вредност од 9 милиони евра. СДСМ го оцени ова како „организирано испумпување на граѓаните“, на кое, според партијата, мора да му се стави крај.Од партијата најавуваат и нова дигитална платформа како алатка во борбата против корупцијата и криминалот.„Граѓаните ќе стават крај на криминалот и корупцијата. Власта ќе ја вратиме назад во рацете на граѓаните“, се наведува во соопштението.СДСМ додава дека „не е крај кога ќе каже Мицкоски, туку граѓаните кажуваат кога е крај“, упатувајќи порака дека „сите ќе одговараат“

Македонија | пред 3 месеци

media-librarye9jbt7366ibb0cUHZ6f

Петкоска: СДС и Филипче не ги читаат пораките од граѓаните и измислуваат теми како мигранти

Лидија Петкоска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во вечерашното издание на ,,Топ тема“  на Телма телевизија, каде тема беа нелегални мигранти во земјава, наметната од политичката партија СДС, а за која СДС иницираше и онлајн петиција.,,Во отсуство на креативност, во отсуство на волја за работа, се наметнува една имагинарна тема, а е нешто што не постои и за нешто што нема ниту еден солиден, аргументиран доказ“, рече Петкоска.Петкоска нагласи дека СДС, како и актуелниот лидер на партијата, Венко Филипче, континуирано не успеваат да ја разберат пораката што граѓаните јасно ја испраќаат, како на парламентарните избори минатата година, така и на локалните избори годинава, и според неа, тоа е порака која значи недоверба.,,Венко Филипче и СДС, за жал никогаш не ја сфатија пораката од граѓаните и тоа им се удри од глава на два последователни изборни процеси“, истакна Петкоска. Петкоска се осврна и на онлајн петицијата иницирана од СДС, при што потенцираше дека за истата биле потребни 47.897 потписи, додека пак ја поддржале само 2.103 граѓани. Според неа, овој податок претставува уште еден јасен сигнал за слабата поддршка и доверба што граѓаните ја имаат кон СДС и Венко Филипче.,,Ова е уште една порака од граѓаните, дека не му веруваат на тезата дека ќе дојдат мигранти во Република Македонија“, кажа Петкоска.

Македонија | пред 3 месеци

katica

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Нема да ви помине Катица, нема да ви поминат мигрантите за пари, народот ви подготвува крај“.

СДСМ реагира дека Кривичниот суд и официјално потврди дека на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева ѝ е одобрен условен отпуст од затвор.Отпустот започнува од 21.12.2025 година и трае до 21.08.2026 година. Од вкупната затворска казна од 7 години, дозволен е условен отпуст од 8 месеци.,,Овие факти и периодот токму сега и до летото наредна година, во целост го потврдува сценарио од стратегијата на ДПМНЕ кое целосно го разоткивме.Зошто сега?Затоа што темата со мигрантите за пари стана национална тема, корупциските скандали за наместени тендери покажуваат како се крадат 14,5 милиони евра преку 161 тендер, затоа што кога нема пари во буџетот за плати и пензии а граѓаните тоа го чувствуваат секој ден.Јанева треба да биде искористена како алатка на ДПМНЕ во нивната црна кампања и во нападите врз СДСМ.Нема да ви помине Катица. Нема да ви поминат мигрантите за пари. Нема да ви помине ниту едно сценарио за манипулација и дефокус. Народот ви подготвува крај“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynr0q552gfc4p36s7zuW

(Видео) СДСМ со граѓаните ќе стави крај на предавствата на ДПМНЕ-ЗНАМ

СДСМ со граѓаните ќе стави крај на предавствата на ДПМНЕ-ЗНАМ, порача Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, нагласувајќи дека заедно ќе ги одбранат интересите на државата и ќе ги спречат криминалните и предавничките политики на актуелната власт со мигранти и корупциски тендери.„Ние заедно со граѓаните ќе ставиме крај на овие предавнички и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ. Македонија мора да се ослободи од корупцијата и криминалот што ја закопуваат државата и иднината на граѓаните. Крај на предавството на Македонија. Крај на корупцијата и криминалот. Крај на тендерите за пумпање пари од граѓаните. Крај на катастрофалните економски политики. Крај на изолацијата!“, порача Кузеска.Таа нагласи дека борбата за Македонија не застанува и одговорност мора да има.„Доаѓа вашиот крај. Тоа граѓаните ќе ви го испорачаат! Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!“, потенцираше Кузеска.

Македонија | пред 3 месеци

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ со реакција на предлог-Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите

СДСМ реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и поднесената предлог-Резолуција за мигрантите, обвинувајќи ја владејачката партија дека „не ставила крај на ништо“, туку, како што наведуваат, „отворила врата за мигранти во Македонија“.Во реакцијата се наведува дека крај на прашањето со мигрантите, според СДСМ, може да се стави единствено со потпишување на нивната Резолуција, „во која експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти“. Од партијата велат дека цела недела ја повикуваат власта да ја поддржи оваа Резолуција, но дека „ДПМНЕ-ЗНАМ не сакаат“ и „бегаат од одговори и од потпишување“.СДСМ тврди дека причината е „јасна“ и дека, како што наведуваат, „има договор, мигранти за пари“, поради што власта поднесува контра резолуции.Во реакцијата се упатува порака до власта дека, според СДСМ, „граѓаните заедно со партијата ќе стават крај на предавничките и криминални политики“ на ДПМНЕ-ЗНАМ. Притоа истакнуваат дека нема да дозволат носење мигранти, продолжување на криминал и корупција или меѓународна изолација.Реакцијата завршува со порака дека „борбата за Македонија почнува и нема да застане“ и дека „сите ќе одговараат“.

Македонија | пред 3 месеци

filipce

Филипче: Спремни сме да се бориме на избори затоа што станува збор за иднината на државата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто во „Тема на денот“, на телевизија Сител, посочи дека СДСМ е подготвена да ја продолжи политичката борба на избори, затоа што состојбата во државата и прашањата што се отвораат директно ја засегаат иднината на граѓаните.Филипче оцени дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не ја крие блискоста со актуелните власти во Србија и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, посочувајќи дека токму тие политички врски се клучни за опстанокот на премиерот Христијан Мицкоски.„Тие две земји, Унгарија има избори напролет, некаде Вучиќ најави во Србија во следните шест месеци, така што избори ќе се случат. Гледаме таму како се активни студентите, гледаме дека таму веќе ќе има вистинска пролет и ќе се случат вистински демократски промени после долги години стагнација од европскиот пат. Без нивната помош завршува политичката кариера на Христијан Мицкоски. “, рече Филипче.Tој додаде дека токму поради најавените избори во Србија и Унгарија, кои ќе донесат и сериозни политички промени, премиерот Мицкоски испраќа контрадикторни пораки околу прашањето со мигрантите.„И затоа тој кажува дека ќе има ситуација во која што нема да има мигранти до март до април, еве денеска кажал до јуни. Што тој всушност кажува- ќе има избори ќе се обидам да добијам мандат, а после тоа ќе донесам мигранти, мигранти коишто ние имаме добра пијаровска кујна ќе ја продадеме дека добро е да се тука, и така натаму. Додека од друга страна нема да има пари и пензии. Ние тоа нема да го дозволиме. Ако прашате како, со сите демократски средства. Спремни сме да се бориме на избори, затоа што станува збор за иднината на државата“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче укажа дека дополнителен прием на мигранти, во ситуација кога буџетот е празен, а нема средства за пензии и плати, би претставувал сериозен удар врз економската и социјалната стабилност на земјата.„Сериозно сме загрижени дека безбедноста и економската ситуација се веќе кревки, а уште повеќе ако се носат мигранти кои можат да загрозат многу други аспекти на нашето живеење, додека нема пари ни за пензии, ни за плати“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryv8s5tehpfptl2XOTjMo

СДСМ обвинува: Молкот на ДПМНЕ околу Резолуцијата потврдува договори за мигранти

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата со која, како што наведуваат, граѓаните би добиле јасна и институционална гаранција дека во Македонија нема да има мигранти, оценувајќи дека ваквиот став укажува на постоење скриена агенда. Од партијата посочуваат дека, и покрај повеќекратните јавни повици за заедничко дејствување и донесување одлука во Собранието, од страна на ДПМНЕ следел целосен молк.Според СДСМ, ваквото однесување не е случајно, туку претставува свесна политичка одлука и дел од стратегијата на владејачката партија. Тие тврдат дека доколку не постоеле задкулисни договори и преземени обврски за кои, како што наведуваат, јавноста дознала преку британски медиуми, Резолуцијата одамна ќе била потпишана.Од СДСМ оценуваат дека одбивањето на ДПМНЕ јасно укажува на тоа дека партијата има скриена агенда поврзана со мигрантите и дека токму затоа не сака институционално да се обврзе дека таков сценарио нема да се случи. Тие порачуваат дека повеќе нема да упатуваат повици за соработка, бидејќи, според нив, одбивањето само по себе зборува за, како што велат, „предавство за пари“ и намера Македонија да прифати мигранти.„Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува“, порачуваат од СДСМ во својата реакција.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Кога правдата тропа караванот лае, но не лае за џабе туку да го прекрие трагот, газдата да не се крие зад караванот

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последните соопштенија на СДСМ, оценувајќи дека станува збор за конфузни и панични обиди да се заштити криминалот на поранешниот премиер Зоран Заев. Од партијата наведуваат дека СДСМ и Венко Филипче се „заглавени во минатото“ и живеат во „паралелни универзуми“, иако државата е на прагот на 2026 година.Според ВМРО-ДПМНЕ, стравот кај раководството на СДСМ, а особено кај Заев и Филипче, преминал во параноја, што резултирало со, како што велат, нејасни и противречни партиски реакции. Во соопштението се тврди дека Заев се обидува да примени „стари шеми преку нови инсталации“, посочувајќи го Филипче како негов извршител.Партијата отвора прашања околу финансирањето на политичките активности на СДСМ, прашувајќи колку средства биле вложени и со каков удел учествувал Филипче. ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за долгорочна, како што ја нарекуваат, опседнатост со Србија, поврзувајќи ја со активности и кампањи од минатото, како и со наводно преземени идеи и слогани од соседството.Во реакцијата се наведува дека, за разлика од периодите на владеење на СДСМ, актуелните односи на Македонија со соседните земји се коректни и се водат исклучиво од државниот интерес. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со соседите „бара сериозен третман“.Дополнително, партијата прави споредби меѓу луксузниот начин на живот на Зоран Заев и поранешната српска функционерка Дијана Хркаловиќ, посочувајќи на медиумски написи за скап имот, јахти и луксузни недвижности.„Од што се плаши Зоран Заев и што знае Венко Филипче, како и што е тоа што Катица Јанева го знае, а за СДСМ претставува ноќна мора“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: „Кучињата лаат караванот си врви“

СДСМ обвини дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е целосно разоткриена и дека Владата предводена од Христијан Мицкоски се соочува со сериозна финансиска и политичка криза.Од СДСМ тврдат дека уште во јуни биле договорени мигранти „за пари“, за што, како што наведуваат, јавноста дознала преку британски медиуми, а граѓаните јасно порачале дека тоа нема да го дозволат. Според партијата, на Владата „ѝ гори под нозе“, бидејќи во буџетот нема средства, а финансиската дупка изнесува околу една милијарда евра.„Нема пари за плати, пензии, социјална помош, породилно отсуство, ниту за поврат на ДДВ. Финансиската состојба е катастрофална“, соопштуваат од СДСМ.Партијата обвини дека таканаречените „кујни на ДПМНЕ“ системски го пренасочуваат вниманието на јавноста од темите за мигрантите, недостигот на пари и, како што велат, криминалните скандали на власта.Во тој контекст, СДСМ ги поврза и информациите за условното пуштање од затвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, оценувајќи дека станува збор за „смислено сценарио“ со цел таа да биде искористена во, како што велат, црна кампања и напади врз СДСМ, претседателот Венко Филипче и опозицијата.„Пуштањето на Јанева има скриена цел – да биде алатка на ДПМНЕ во нивната медиумска и политичка стратегија, по српски рецепти“, наведуваат од СДСМ, правејќи споредба со случаи од Србија.Од партијата предупредуваат дека власта ја губи контролата и дека ќе ги засилува нападите преку лажни вести, политички прогон и притисоци врз медиумите. Според нив, по Нова година ќе следи засилена медиумска кампања, а потоа избори на пролет и, како што тврдат, реализација на плановите за мигранти во јуни.„Следиме сè и знаеме сè – разоткриени сте“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

28112024_Miteva

Митева: Јавното таргетирање медиуми од СДСМ е директен атак врз слободата на изразување

Портпаролката на Владата, Марија Митева, остро реагираше на денешниот настап на СДСМ, оценувајќи дека јавното обележување и дискредитирање медиуми преку прес-конференција претставува директен и недозволив напад врз медиумската слобода.Во јавно обраќање до медиумите, Митева истакна дека како личност која секојдневно е во директна комуникација со новинарите, чувствува обврска да реагира, посочувајќи дека молкот во вакви ситуации би значел откажување од одговорноста кон јавниот интерес.Според неа, настапот на СДСМ, кој вклучувал графикони и политички квалификации за медиуми, не може да се смета за легитимна политичка дебата, туку за опасна пракса што потсетува на периоди кога, како што рече, преку јавен притисок се правеле обиди медиумите да се стават под контрола.Митева нагласи дека Македонија не смее и нема да се врати на таков пат и дека актуелната Влада преку конкретни чекори покажува сериозна намера да обезбеди средина во која медиумите ќе работат слободно и без притисоци. Како примери ги наведе формирањето работна група за спречување на SLAPP тужби, отворениот дијалог со новинарските синдикати и медиумските здруженија, како и воспоставувањето институционални механизми за заштита на новинарите.Таа оцени дека е лицемерно ваквите напади да доаѓаат од партија која, како што рече, декларативно се повикува на слобода на медиумите, а чиј однос кон новинарите во минатото е добро познат на јавноста. Според Митева, времето на замолчување, селективен пристап, притисоци и омаловажувања кон медиумите е завршено.„Колку и да постојат различни уредувачки пристапи, никогаш нема да си дозволиме јавно таргетирање и етикетирање медиуми. Тоа е знак на длабока структурна слабост и намера за притисок“, порача портпаролката на Владата.Таа упати повик до целата медиумска заедница, новинарските здруженија, граѓанскиот сектор и сите кои, како што рече, искрено веруваат во слободата на изразување, јасно и недвосмислено да реагираат.„Денес се на удар медиумите, утре може да биде секој критички глас“, предупреди Митева, додавајќи дека ваквите потези нанесуваат сериозна штета на медиумскиот простор во Македонија и можат да остават долгорочни последици доколку не бидат јасно осудени.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Еве како работат кујните на ДПМНЕ, ова е нивно разоткривање

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска соопшти дека целосно ги разоткрил, како што велат, „кујните на ВМРО-ДПМНЕ за лаги, лажни вести и манипулации“, со кои, според партијата, системски се одвлекува вниманието на јавноста од актуелните скандали.Од СДСМ наведуваат дека секогаш кога власта е соочена со сериозни обвинувања за криминал и корупција, како што е, според нив, договорот за мигранти склучен од финансиски интереси, се активира организирана медиумска кампања за дефокус и извртување на фактите.„Во изминатите две недели јавноста беше сведок на три клучни теми – антикорупциските објави на СДСМ, договорот за мигранти и нападот врз новинарите на Инфомакс. Додека професионалните медиуми известуваа балансирано, медиумските инсталации блиски до ДПМНЕ целосно ги игнорираа ставовите на СДСМ и негативните информации за власта“, се наведува во соопштението.Од партијата посочуваат дека само десет минути по прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, започнала, како што велат, координирана кампања со идентични текстови исполнети со навреди и неточни тврдења.„Ниту еден збор не беше објавен за суштината на прес-конференцијата – за мигрантите, за Резолуцијата, ниту за јасната осуда на нападот врз новинарите“, обвинуваат од СДСМ.Според партијата, станува збор за веќе виден модел од времето на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ, кој вклучувал лажни вести, манипулации и притисоци врз медиумите, со цел, како што велат, да се сокрие вистината од граѓаните.Од СДСМ додаваат дека анализите и графиконите кои ги презентирале, јасно ја покажуваат координацијата и организираноста на кампањата.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryju2obfng2bsi3IzPLda

Петрушевски: Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, денес неговиот потрчко Филипче е против наводни мигранти во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека поранешната влада предводена од Зоран Заев имала намера да прима мигранти и да гради мигрантски кампови во Македонија, додека, како што рече, денеска СДС и Венко Филипче јавно се противат на таква можност.Петрушевски повика јавноста да проследи видео, за кое тврди дека покажува оти Заев бил подготвен да вдомува мигранти, а дека за тоа немало противење ниту од Филипче.„Ова е вистината за темата мигранти во Македонија. Од видеото јасно се гледа кој сакал да доведе мигранти, а кој бил против. Хистеријата, паниката и лажните вести кои ги создава СДС се рушат како кула од карти“, изјави Петрушевски.Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес, како што рече, води јасна антимигрантска политика, во интерес на граѓаните.Петрушевски посочи и дека, според него, веќе два дена нема реакција од Филипче и од СДС за, како што ја нарече, „непостоечката тема за мигранти“, обвинувајќи ги дека избегнуваат одговори пред јавноста и медиумите.„Наместо да се кријат, нека одговорат колку мигранти биле подготвени да примат во Македонија и дали нивната гласност денес е обид да се прикрие фактот дека во 2018 година биле спремни да донесат илјадници мигранти во Скопје“, рече Петрушевски.На крајот, тој порача дека СДС и Филипче треба да ја извлечат пораката од, како што рече, последните три изборни циклуси, оценувајќи дека во партијата се неопходни сериозни реформи.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања