Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

media-libraryju2obfng2bsi3IzPLda

Петрушевски: Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, денес неговиот потрчко Филипче е против наводни мигранти во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека поранешната влада предводена од Зоран Заев имала намера да прима мигранти и да гради мигрантски кампови во Македонија, додека, како што рече, денеска СДС и Венко Филипче јавно се противат на таква можност.Петрушевски повика јавноста да проследи видео, за кое тврди дека покажува оти Заев бил подготвен да вдомува мигранти, а дека за тоа немало противење ниту од Филипче.„Ова е вистината за темата мигранти во Македонија. Од видеото јасно се гледа кој сакал да доведе мигранти, а кој бил против. Хистеријата, паниката и лажните вести кои ги создава СДС се рушат како кула од карти“, изјави Петрушевски.Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес, како што рече, води јасна антимигрантска политика, во интерес на граѓаните.Петрушевски посочи и дека, според него, веќе два дена нема реакција од Филипче и од СДС за, како што ја нарече, „непостоечката тема за мигранти“, обвинувајќи ги дека избегнуваат одговори пред јавноста и медиумите.„Наместо да се кријат, нека одговорат колку мигранти биле подготвени да примат во Македонија и дали нивната гласност денес е обид да се прикрие фактот дека во 2018 година биле спремни да донесат илјадници мигранти во Скопје“, рече Петрушевски.На крајот, тој порача дека СДС и Филипче треба да ја извлечат пораката од, како што рече, последните три изборни циклуси, оценувајќи дека во партијата се неопходни сериозни реформи.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjtbe97enq6r01x2dL8H

(Видео) Кузеска најави „разоткривање“: СДСМ тврди дека ДПМНЕ преку медиумски „кујни“ шири лаги и манипулации

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, најави дека денеска јавно ќе биде прикажано, како што рече, функционирањето на „медиумските кујни“ на ВМРО-ДПМНЕ, кои, според неа, систематски продуцираат лаги, лажни вести и манипулации со цел да се одвлече вниманието на јавноста и да се изврти вистината.Кузеска оцени дека секогаш кога власта е соочена со криминал, скандали или, како што наведе, „предавства“ – како случајот со договорите за мигранти за пари – се активира добро воспоставен механизам за дефокусирање на граѓаните преку медиумски напади. Според неа, токму тоа се случувало и во изминатиот период, кога три теми доминирале во јавноста: објавувањето на таканаречените „бомби“ од Антикорупцискиот тим на СДСМ за, како што тврдат, криминални тендери на ВМРО-ДПМНЕ, наводниот договор за мигранти за пари и нападот врз новинарите на „Инфомакс“.Таа истакна дека професионалните медиуми известувале коректно и ги пренесувале ставовите на сите засегнати страни, но дека, според СДСМ, медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ систематски ги игнорирале позициите на опозицијата и сите негативни информации поврзани со власта. Наместо тоа, како што рече, биле пласирани серии од текстови со полувистини и манипулации со цел да се „поклопат“ темите што не ѝ одговараат на власта.Како конкретен пример, Кузеска го посочи денот 10 ноември, кога, според неа, само десет минути по прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, започнала координирана медиумска офанзива. Таа наведе дека наместо да се пренесе содржината на прес-конференцијата, биле објавувани текстови со наслови во кои се тврдело дека Филипче „избегал“ од сопствената прес-конференција или дека СДСМ манипулира со темата за мигрантите, без воопшто да се наведе што било кажано на настанот.Според Кузеска, во тие објави немало ниту збор за ставовите на СДСМ за мигрантите, за Резолуцијата, за осудата на нападот врз новинарите на „Инфомакс“, ниту за тврдењето дека напаѓачот бил член на ВМРО-ДПМНЕ. Таа тврди дека резултатот бил повеќе од 70 различни објави во еден ден, насочени кон напади врз СДСМ и Филипче и кон целосно дефокусирање на јавноста.Кузеска оцени дека ваквиот модел, според СДСМ, е добро познат и потсетува на практиките од времето на Никола Груевски, со лажни вести, манипулации, извртување на вистината, политички притисоци и напади врз новинари. „Вака се одвлекува вниманието на граѓаните и вака власта се обидува да ја промени реалноста“, порача Кузеска, најавувајќи дека јавноста ќе има увид во конкретни примери и анализи.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjpljrul457pq5Ml74AC

СДСМ предупредува: Плановите за мигранти и изолацијата од ЕУ ја загрозуваат безбедноста и иднината на државата

СДСМ предупреди дека во Европа се случуваат сериозни процеси поврзани со миграциските политики, кои директно можат да имаат последици и за Македонија, особено во контекст на, како што наведуваат, намерната изолација на државата од Европската Унија и најавите за прифаќање мигранти. Според партијата, дури 27 земји членки на Советот на Европа побарале ревизија на Европската конвенција за човекови права, со цел да се олесни депортацијата на мигранти, вклучително и на лица осудени за тешки кривични дела.Како што наведуваат од СДСМ, во Стразбур неодамна била потпишана заедничка декларација со која се бара нова правна рамка, бидејќи постојната Конвенција, според потписниците, не ги одразувала современите миграциски предизвици. Дел од земјите бараат можност за депортација на странци осудени за сериозни кривични дела, дури и во случаи кога нивните семејства живеат во земјата домаќин.Според СДСМ, клучното прашање е каде би биле депортирани овие мигранти, при што се укажува дека најчесто станува збор за земји кои не се членки на ЕУ, како што се Македонија, Албанија и Косово, каде, како што тврдат, веќе започнало нивно сместување.Од партијата оценуваат дека ова прашање е исклучително сериозно од две причини – најпрво поради најавите и разговорите за евентуално прифаќање мигранти во Македонија, а потоа и поради политиките на актуелната власт кои, според нив, ја држат државата надвор од европските интеграции. СДСМ смета дека изолацијата на Македонија од ЕУ е опасна и од безбедносен аспект, бидејќи би можела да ја претвори земјата во дестинација за мигранти осудени за тешки кривични дела.Според нивните наводи, евентуалното доаѓање на ваков профил на лица би имало сериозни последици по безбедноста и стабилноста на државата, а дополнително би го блокирало и процесот на европска интеграција. Од СДСМ посочуваат дека доколку Македонија стане членка на ЕУ, автоматски би се отвориле вратите кон Унијата, што би овозможило овие лица повторно да се вратат во земјите од кои биле депортирани, поради што тие не ја гледаат Македонија како крајна дестинација, туку како транзитна точка кон побогатите европски држави.Во реакцијата се наведува дека токму затоа, на ВМРО-ДПМНЕ, како што тврдат од СДСМ, ѝ одговара Македонија да остане изолирана од европските механизми, контроли и правосудни стандарди, што, според нив, овозможува непречено продолжување на коруптивни практики и избегнување одговорност. Од партијата сметаат дека одолговлекувањето на европскиот пат и создавањето нови изговори нема врска со заштита на националните интереси, туку со свесно оддалечување од Европската Унија.„Резултатот е двоен ќар за ВМРО-ДПМНЕ – Британија добива можност да депортира мигранти за пари, а ВМРО-ДПМНЕ изолирана држава во која може непречено да владее без контрола“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека губитници во ваквиот сценарио се граѓаните и иднината на Македонија.

Македонија | пред 3 месеци

f11f401d-4958-43a5-b018-f261c802fa7a

Спасовски: Македонија не смее да прифати мигранти што нема каде да ги врати

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека Македонија не смее да стане држава која ќе спроведува азилски постапки за друга земја, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема да може да ги врати во нивните матични држави. Во гостување во емисијата „Трилинг“ на 24 Телевизија, тој предупреди дека разговорите за евентуално сместување мигранти во земјава носат сериозни, пред сè безбедносни ризици.Според Спасовски, Македонија нема склучено реадмисиони договори со земјите на потекло на мигрантите, што значи дека дел од нив би останале трајно на територијата на државата без правна можност за враќање. Како пример за потенцијалните безбедносни предизвици, тој посочи дека неодамна група мигранти од Египет го демолирале транзитниот центар во Табановце, што, како што рече, покажува колку чувствителни и сложени се овие процеси.Осврнувајќи се на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека додека е на функција нема да има бегалски кампови, Спасовски оцени дека и без класични кампови може да се создадат бегалски населби со мигранти, што повторно го отвора прашањето за безбедноста и контролата.Тој потсети дека прифатните центри „Винојуг“ во Гевгелија и Табановце функционираат од 2015 година и дека тогаш бил изменет Законот за странци со воведување рок од 72 часа за транзит на мигрантите. Во тој контекст, Спасовски ги демантираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во 2018 година биле договарани нови прифатни центри за мигранти во Македонија.

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

СДСМ: Изјавите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека постои план за мигранти

Од СДСМ тврдат дека постоењето на план за примање мигранти во Македонија не го откриваат само британските и светските медиуми, туку дека тоа јасно може да се прочита и од јавните настапи и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две недели.Според СДСМ, првиот индикатор е одбивањето на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја потпишат предложената Резолуција. Од партијата велат дека со една јасна одлука на Собранието граѓаните би можеле да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има, но дека владејачкото мнозинство тоа го одбива. „Ако нема скриена агенда, Резолуцијата досега ќе беше потпишана“, порачуваат од СДСМ.Како втор аргумент ја наведуваат изјавата на премиерот Мицкоски дека „до пролет“ нема да има мигранти. Според СДСМ, ваквата формулација отвора прашање што ќе се случи потоа и дали по изборите се остава простор за нивно носење.Трето, од СДСМ посочуваат на изјавата дека нема да има „нелегални мигранти“, оценувајќи дека тоа, според нив, значи дека евентуално планираните лица би биле третирани како „легални“, со вклучување на пазарот на труд и сместување.Понатаму, СДСМ ја проблематизира и најавата на Мицкоски дека одлуките за ова прашање треба да се носат на локално ниво, од страна на општините, наместо во Собранието како највисок државен орган. Според нив, избегнувањето на централна одлука отвора сомнеж за постоење скриена намера.Како дополнителен аргумент, од СДСМ ја наведуваат изјавата на Антонио Милошоски дека странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат врска со азиланти и мигранти, оценувајќи дека на тој начин статусот на мигрантите би се преименувал во „економски работници“.На крај, од СДСМ реагираат и на изјавите на министерот Андоновски, кој посочил дека СДСМ и Венко Филипче немаат право да критикуваат бидејќи во минатото гласале за прифатни центри. Според СДСМ, ваквите тврдења се обид за дефокусирање од клучното прашање – одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише Резолуцијата која, како што велат, е единствено целосно решение.„Ова се сите аргументи зошто Резолуцијата не се потпишува“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

filipce-51

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми патриот, а со Заев планирал мигрантски камп во Бардовци

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес „глуми загрижен патриот“ по прашањето за мигрантите, иако, како што велат, во времето на владеењето на СДСМ и Зоран Заев активно се работело на носење и населување мигранти во Македонија.Според партијата, токму Филипче и тогашниот премиер Заев имале јасна партиска и државна политика за прифаќање мигранти, кои, како што наведуваат, претставуваат сериозен проблем во повеќе европски земји.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДС не само што бил подготвен да прифати мигранти во Скопје, туку дека во 2018 година Владата предводена од Заев усвоила и конкретен план за изградба на мигрантски камп во Бардовци. Како доказ, посочуваат дека одлуката е објавена во „Службен весник“, со наведување на имотен лист број 2140 за катастарската општина Бардовци.„Филипче гласал и туркал проект за мигрантски камп во Бардовци, а денес се обидува да се претстави како противник на мигрантите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека СДС и Филипче сега, според нив, шират конструкции и приказни и покрај тоа што, како што наведуваат, повеќе институции и британскиот амбасадор демантирале дека Македонија ќе прима мигранти од Велика Британија.Од партијата прашуваат колку мигранти СДС и Филипче биле подготвени да примат во тој период и каква корист очекувале од таквите политики. Во соопштението се поставуваат и прашања дали актуелните настапи на Филипче се обид да се прикрие сопствената улога во, како што тврдат, договори за носење мигранти.„Наместо да шират паника и да конструираат приказни, СДС и Филипче треба да се посветат на реформирање на сопствената партија“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека, според нив, „единствените мигранти во Македонија се партиските мигранти на СДС кои ја напуштаат партијата и преминуваат во други политички субјекти“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

СДСМ смета дека одлуките поврзани со евентуален прием на мигранти во Македонија мора да се носат исклучиво во Собранието, а не на ниво на општини.Од партијата реагираат дека премиерот Христијан Мицкоски со денови одбегнува јасен одговор дали ќе ја потпише Резолуцијата со која граѓаните би добиле гаранција дека во Македонија нема да се примаат мигранти за финансиски надомест.„Наместо јасен одговор, секојдневно гледаме изговори. Сега Мицкоски најавува некакви локални иницијативи преку советници од ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини. Зошто премиерот не го споменува Собранието, туку зборува за општини?“, прашуваат од СДСМ.Според опозицијата, Собранието е највисокиот орган на државата, составен од пратеници кои се директно избрани од граѓаните, поради што токму таму треба да се носат вакви клучни одлуки.„Резолуцијата е народен договор, затоа што пратениците имаат мандат од граѓаните. Собранието е над општините и единствено тоа може да донесе одлука што ќе важи на целата територија на Македонија и ќе спречи прием на мигранти“, наведуваат од СДСМ.Од партијата иронично додаваат дека „добро е што премиерот не најави иницијативи во месни заедници“, потенцирајќи дека ваквите прашања не смеат да се релативизираат.СДСМ уште еднаш го повикува премиерот Христијан Мицкоски јавно и недвосмислено да одговори дали ќе ја потпише Резолуцијата.„Одговорот е едноставен – ДА или НЕ. Не мора да му одговори на СДСМ, нека им одговори директно на граѓаните“, порачуваат од партијата.

Македонија | пред 3 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Мицкоски да не се заканува, нека ја потише Резолуцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по состанокот со коалициските партнери, упати јасна порака до премиерот Христијан Мицкоски во врска со сериозните информации објавени во британските медиуми за можен прием на мигранти во Македонија. Наместо да се заканува Филипче го повика Мицковски да одговори дали ќе ја потпише Резолуцијата за прекинување на процесот на примање мигранти за пари во Македонија.„Сметам дека, премиерот, не треба да се заканува. Поради тоа што тоа е многу сериозно прашање, кое што потекна од британските релевантни медиуми. Тука многу добро, сакаат да го испинуваат, да го превртат, да се закануваат, прашањето се уште стои и не е одговорено. Не е доволен ставот на премиерот. А прашањето е едно, ќе ја потпишете ли резолуцијата или не? Нека ја потпише. Тоа е единствениот начин да се одбраниме од нешто што може сериозно да ја загрози безбедноста на државата,“ истакна Филипче.Филипче потсети дека СДСМ веќе ја достави резолуцијата до сите политички партии, како конкретен инструмент за заштита на националната безбедност. Денеска во јавноста објави дека таа добила силна поддршка од коалиционите партнери поради што Филипче го повика премиерот, јасно да го преземе чекорот кој најдобро ги штити интересите на граѓаните.„Еве го предлог документот, резолуција со која што, тоа од што сите стравуваме а што го најавија британските медиуми, нема да се случи. Вистинското прашање е, зашто нема одговор на нашето прашање, ВМРО ДПМНЕ и премиерот да ја потпишеме заедно резолуцијата и така да изгласаме во Собранието? Гледајте, ако нема скриена агенда и ако нема договор, како што британските медиуми најавуваат дека ќе има, дека тука ќе се носат мигранти за пари, тогаш резолуцијата ќе ја потпишат“, констатираше претседателот на СДСМ.Лидерот на СДСМ Филипче рече и дека целата јавност преку медиумите има можност да го види документот и сите политички претставници може да потврдат дали го виделе или не.„Ние ја пуштивме резолуцијата во текот на вчерашниот ден. Целата јавност можеше да ја види преку медиумите. Имаа можност сите политички субјекти да потврдат дека ја виделе. Некој кажа ја видел, некој кажа дека не ја видел. Овие луѓе кои што се вечерва со мене ја виделе резолуцијата, предлогот текстот, немаат никаква забелешка. Сметаат дека тоа е единствениот начин да ние се одбраниме од тоа што е вистинска опасност за земјава“, рече Филипче.На крај, претседателот на СДСМ Филипче порача дека Резолуцијата е јавен повик и обврска, а ВМРО-ДПМНЕ ако стои на страната на државата ќе ја потпише, ако не, граѓаните тоа ќе го видат.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryagpl0bk7en9i8Cr6VSb

Филипче: Резолуцијата е договор со народот, заедничка борба за одбрана на Македонија!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција по состанок со опозициските партии рече дека сите партии од коалицијата на СДСМ даваат целосна поддршка за Резолуцијата.„Сите ја поддржаа предлог Резолуцијата за прекинување на овој процес за примање на мигранти и секако дадоа и свои конструктивни предлози. И ова е силна порака кога сме заедно, можеме многу повеќе, рече Филипче.Претседателот на СДСМ потенцираше дека стаува збор договор со народот, заедничка борба за Македонија.„Резолуцијата не е партиско решење, ниту предлог. Тука се работи за државничко и граѓанско прашање. Ова е практично договор со народот на Македонија.„ рече Филипче.Претседателот Филипче нагласи дека политичката и општествената акција ќе продолжи, со ширење на платформата преку граѓанскиот сектор, младите, синдикатите и сите демократски сили.„Политичката и општествена организација и акција којашто ја започнавме продолжува и понатаму. Оваа платформа ќе се шири со претставници на граѓанскиот сектор, на младите, на синдикатите, на сите демократски сили, на студентите, со една, единствена цел. Одбрана на државата, на демократијата и на безбедноста на граѓаните.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjpljrul457pq5Ml74AC

Филипче: Целосна поддршка од коалициските партнери на СДСМ за Резолуцијата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот состанок со коалициските партии доби целосна поддршка од нив за Резолуцијата на СДСМ за спречување на влез на мигранти од трети земји во Македонија.На состанокот, кој се одржа попладнево во седиштето на СДСМ, се разговараше за сериозноста на состојбата со која е соочена државата, а секој од коалициските партнери даде свое мислење.„Сите учесници се согласија дека е огромна опасност за Македонија да се вовлече во еден таков модел со којшто мигранти ќе доаѓаат во нашата земја. Еве, гледаме дека првите мигранти доаѓаат во Косово и во Албанија. Јас сум задоволен и благодарен што сите ја поддржаа предлог-Резолуцијата за прекинување на овој процес за примање мигранти и, секако, дадоа и свои конструктивни предлози“, рече Филипче.На прес-конференцијата, Филипче посочи дека позадината на владата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна.„На сите им е кристално јасна позадината, ние сме решени заедно да се бориме. И ова е силна порака – кога сме заедно, можеме многу повеќе. И тоа е многу охрабрувачки, поради тоа што Резолуцијата не е партиско решение, ниту предлог. Тука се работи за државничко и граѓанско прашање“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4b1b5lekbb309xb5Ccs

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба: Српското сценарио се потврдува и преку зделките со Алта Банка

„Српското сценарио се потврдува во Македонија и преку зделките со Алта Банка,“ , предупреди Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО СДСМ, посочувајќи дека преземањето на „Стопанска Банка АД Битола“ од страна на српската Алта Банка е реализирано веднаш по доаѓањето на власт на ДПМНЕ.Тој истакна дека „Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски“, што, укажува на сериозно политичко-финансиско влијание.Димитријевиќ детално објасни дека сопственикот на Алта Банка, Давор Мацура, во Србија стекнал огромни државни бизниси иако до вчера бил сопственик на мала менувачница, наведувајќи дека токму тој модел на сомнителни зделки е препознатлив за власта на СНС и Александар Вучиќ.Тој потсети дека Европската централна банка му го суспендирала правото да купи удел во Адико банка поради сомнеж за потеклото на капиталот, како и дека постои долга истрага за Alta Pay поради сомнежи за перење пари.„Ова значи легален влез на сомнителни финансиски текови во Македонија и отворање врата за можно перење пари. Еве го српското сценарио на кое предупредуваме!“, потенцираше Димитријевиќ.Тој оцени дека ова преземање е нераскинливо поврзано со финансиско-политичката мрежа на владејачките структури со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, со што се создава ризик за трансфер на сомнителен капитал и влијанија од Србија во Македонија.„Бараме Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова крајно сомнително преземање. Македонија не смее да стане финансиска платформа за туѓи политички агенди, порача Димитријевиќ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2kvkqmga87nl5nCPQ3j

Милошоски откри дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преименува мигрантите во „економски работници“ за да ги сокрие договорите, вели СДСМ

СДСМ со остро соопштение реагираше на вчерашните изјави на Антонио Милошоски, тврдејќи дека со неговите зборови е „разоткриен“ планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија под изменет статус и ново име – „економски работници“. Според владејачката партија, тоа е дел од поширок проект, кој го споредуваат со моделот на претседателот Вучиќ во Србија.„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен“, се наведува во соопштението. Од СДСМ сметаат дека најавите од британските медиуми се само првиот сигнал, а дека вистинската потврда дошла лично од Милошоски, кој во интервју објаснил дека странските работници „немаат врска со мигранти и азиланти“.Според СДСМ, ова е суштината на планот:– мигранти ќе се внесат, но под нов статус,– ќе се третираат како „економски работници“,– ќе им биде овозможена работа, сместување и долгорочен престој.„Мицкоски зборува за ‘нелегални мигранти’, затоа што оние кои ги договараат ќе бидат ‘легални’. На тој начин ќе се претстават мигрантите за кои веќе се договориле“, наведуваат од СДСМ.СДСМ тврди дека во проектот се вклучени и финансиски интереси, посочувајќи дека планот содржи и „договор за кредит“, кој би бил компензиран преку прифаќање мигранти. Според нив, државата е во тешка финансиска состојба и со дупка од еден милијарда евра, а ВМРО-ДПМНЕ подготвува аранжман за мигранти после изборите во јуни.СДСМ тврди дека опозицијата одбива да ја потпише резолуцијата за недозволување мигранти во Македонија бидејќи веќе подготвува „редефиниција“ на терминот и план како тие лица да се внесат под друго име.„ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти“, се вели во реакцијата.Сите овие наводи, според СДСМ, претставуваат доказ дека ВМРО-ДПМНЕ има скриена агенда која ќе се активира по изборите. Владечката партија најавува жестока политичка битка:„Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“

Македонија | пред 3 месеци

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

„Нема да бидат мигранти, туку економски работници“ – СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува модел за прием на странци под нов статус

СДСМ реагира дека ВМРО-ДПМНЕ наводно планира да воведе нова категорија на странци во земјата под името „економски работници“, со што, како што тврдат, би се прикрил вистинскиот карактер на наводната размена „мигранти за пари“. Според СДСМ, ова е причината зошто опозициската партија одбива да ја поддржи Резолуцијата за прекин на процесите поврзани со примање мигранти.Во реакцијата се наведува дека изјави од функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Антонио Милошоски, укажувале на можност странците што би дошле во земјата да се водат како економски работници, а не како мигранти или азиланти. СДСМ тврди дека тоа значи дека за нив би се предвидувале работни места, сместување и долгорочен престој.Како аргумент за своите сомнежи, СДСМ го посочува и интервјуто на Милошоски во кое тој вели дека „странските работници што доаѓаат преку дозволи и агенции немаат врска со азиланти“, што партијата го толкува како обид да се промени дефиницијата со која би се вовеле овие лица.Дополнително, СДСМ тврди дека планот вклучувал и земање кредит, наведувајќи дека државата се соочува со финансиски дефицит, поради што, според нив, моделот би се реализирал по изборите во јуни 2026 година.Од партијата предупредуваат дека ВМРО-ДПМНЕ „веќе бара редефинирање на терминот мигранти“, и додаваат дека затоа опозицијата одбива да ја потпише понудената Резолуција. СДСМ ја повторува пораката дека „борбата продолжува“ и дека, како што велат, нема да дозволат имплементација на ваков план.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrrhqst77su7e3oSBiBj

(Документ) СДСМ: Еве ја Резолуцијата, ќе ја потпише ли ДПМНЕ или не?

СДСМ денеска објави соопштение во кое повторно ја повика ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише Резолуцијата за, како што наведуваат, „прекинување на процесот за примање мигранти во Македонија“.„ДПМНЕ се прави глува и не одговара на нашите повици да ја потпишат Резолуцијата,“ стои во соопштението, во кое СДСМ наведува дека јавноста може да го види документот кој е приложен во ПДФ-форма.Од таму побараа од ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни „кратко и јасно — дали ќе ја потпишат Резолуцијата, со одговор ДА или НЕ“.Предлог резолуција мигранти.pdf

Македонија | пред 3 месеци

media-library1fauttldgpqs3R34WIw

СДСМ: Нападот врз „Инфомакс“ е по српско сценарио

Со жестоко соопштение, СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад нападот врз редакцијата на „Инфомакс“, тврдејќи дека партијата лажно го осудува инцидентот, а истовремено не го демантира членството на напаѓачот во нејзините редови.Според СДСМ, изјавата на МВР дека станува збор за лице со „здравствени проблеми“ и со претходни престои во Психијатриска болница, претставува само обид да се релативизира одговорноста и да се повтори веќе видено сценарио.„Еве го српското сценарио на ДПМНЕ, копи-пејст од Србија, кое што почна денеска. Напад на ‘Ќациленд’ по кој српските служби рекоа дека наводно човекот што го извршил нападот бил луд. А во суштина работел за безбедносните служби со години“, се наведува во реакцијата на социјалдемократите.СДСМ оценува дека лажното осудување од страна на ДПМНЕ е идентично со, како што наведуваат, „нивните лажни тврдења“ во други актуелни дебати – мигрантите, српското сценарио, како и односот кон медиумите.„Како сами себе да се осудуваат, бидејќи се директни или индиректни нарачатели на нападот врз медиумите“, порача партијата, додавајќи дека ДПМНЕ не понудила ниту еден конкретен доказ дека нема поврзаност со напаѓачот.СДСМ смета дека нападот врз медиум треба да биде аларм за јавноста и институциите, бидејќи, според нив, претставува сериозен обид за заплашување и контролирање на критичките гласови.Партијата најави дека ќе инсистира на целосно расчистување на случајот и на утврдување одговорност „без селективност и политички манипулации“.

Македонија | пред 3 месеци

filipce

„Човекот забега, му посакуваме побрзо оздравување“, жестока реакција кон Венко Филипче од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ со остро партиско соопштение реагираше на денешната прес-конференција на Венко Филипче од СДСМ, обвинувајќи го дека „живее во паралелен универзум“ и дека во јавноста пласира теми кои, како што велат, не постојат во реалноста. Од партијата наведуваат дека се „навистина загрижени“ за неговото здравје.Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче зборувал за случај во соседна држава, со кој Македонија, како држава и како политички субјект, нема никаква врска. Партијата тврди дека со тоа докажал дека „забегал со своите ставови“ и отвора прашања кои не кореспондираат со фактите.Клучната точка во соопштението е повторената теза дека во Македонија нема да има мигранти. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека на ова прашање веќе одговориле повеќепати – и премиерот Христијан Мицкоски, и партијата преку дневни прес-конференции – но дека Филипче и натаму инсистира да поставува исти прашања.„Се чудиме дали воопшто стигнува до него нашиот одговор, ама еве пак да му кажеме – мигранти нема да има“, се вели во реакцијата.Партијата дополнително го обвини Филипче дека бара потпишување резолуција што не постои. „Прво, таква резолуција немате подготвено ниту доставено. Второ, треба да видиме што пишува внатре – можеби ќе пишува изградба на мигрантски камп како во 2018, кога токму Филипче гласал за ваков камп“, се додава во текстот.Во однос на синоќешниот напад во редакцијата на „Инфомакс“, ВМРО-ДПМНЕ повтори дека инцидентот веднаш е осуден и дека партијата „отфрла било каква поврзаност“ со случајот.Соопштението завршува со најострата порака:„Му посакуваме на Филипче побрзо да се смири и да оздрави. Ваквите размислувања кои ги пласира – лажни и невистинити – му штетат на здравјето. Нека си поднесе оставка и нека се оттргне криминалот од СДС, со тоа што луѓе како него, Спасовски, Николовски, Бисера, ќе си одат од партијата.“

Македонија | пред 3 месеци

media-library8j26ujfprl1m1kbJCXK

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија ќе се отвораат мигрантски кампови.„Се работи за тотална лага којашто е изнесена од опозицијата, со наметнување на ваква тема којашто е апсолутно неточна, пробување за да се искреира некаква тема. Стигна демант и од премиерот на Република Македонија, стигна демант и од претседателката, стигна демант и од амбасадорот на Велика Британија, што е апсолутна потврда дека се работи за лажни тврдења“, истакна Бојковска.Бојковска посочи дека СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија пробуваат да наметнат тема во јавноста, сметајќи дека на тој начин ќе порасне политичкиот рејтинг на партијата и нагласи дека со оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да се загрози безбедноста на граѓаните, и дека нелегални мигранти нема да се примаат во државата.„Погрешен е наративот доколку сметаат дека политичкиот рејтинг на СДС ќе расте со ширење на лаги, тотално погрешна стратегија доколку тоа им е целта. Со оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата вакви мигранти нема да има во Македонија. Во Македонија нема да се примаат нелегални мигранти и тоа не е основа за стратешкото партнерство коешто го имаме со Велика Британија. Додека е Владата на ВМРО-ДПМНЕ, од овој тип загрозување на безбедноста на граѓаните примање на нелегални мигранти, создавање на мигрантски шатори нема да постои“, децидна е Бојковска.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl1665rbn007u6hwJ8I1

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

„Ова е навистина тешка дебата во којашто се мешаат разумот и емоциите, меѓутоа во моменти кога родителите собираат најголема сила за да учествуваат во дебатата, на нас не треба да ни биде тешко ништо. Треба да бидеме потрезени и поразумни во дебатата ако сакаме да допринесеме барем малку да се смени системот“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната дебата пред анкетната комисија за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Спасовски нагласи дека трагедијата ги погоди не само семејствата на жртвите, туку и целата заедница: „Загуба има и градот Кочани, државата, изгубени се цели генерации, не само на починатите, туку и на оние кои преживеаја и кои останаа со сериозни повреди“, потенцираше Спасовски.Тој нагласи дека анкетната комисија има задача да го испита функционирањето на системот и институциите, но дека кривичниот прогон останува во надлежност на Јавното обвинителство.Спасовски повика на анализа на законските решенија и сите системски пропусти: „Од 16 март до денеска, најлесно ни е да кажеме ‚системот не функционира‘, но не одговараме на прашањето што направивме за да почнеме да го менуваме системот кој не ни функционира“.Тој потенцираше дека е неопходно да се ревидираат закони и правила кои оставиле простор за манипулација: „Сè што не го дефинираме во законска рамка остава простор за манипулација и различни толкувања, што нè доведува во сериозен системски проблем. Временската рамка сè уште овозможува конкретни акции. Сè уште има време декларативното да го претвориме во дела“, додаде тој.Спасовски истакна дека барањата на родителите и семејствата мора да бидат разгледани и аргументирано образложени:„Игнорирањето е најлош можен пристап, особено кон семејствата на загинатите. Системот ќе го градиме со заедништво и солидарност. Комисијата и секоја друга расправа не смеат да бидат политизирани. Ова е настан во кој нема и не треба да има политика“, истакна Спасовски.Тој потврди дека поддршката на пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе биде целосна во процесот:„Поддршката на пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе ја имате во целиот процес, заедно со законодавниот дом и парламентарното мнозинство, доколку навистина сакаме да направиме промени. Повикувам по завршување на дебатата да седнеме заедно со родителите и заеднички да ги напишеме заклучоците и едногласно да ги усвоиме, за да знаеме како да постапуваме во идниот период“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryv8s5tehpfptl2XOTjMo

(Видео) Филипче најави петиција: Не за мигранти, Македонија не смее да стане периферија на Европа!

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ја најави првата сериозна граѓанска иницијатива против, како што наведе претседателот Венко Филипче, опасните и штетни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со можен прием на мигранти во земјата.Филипче истакна дека е време да се крене гласот на народот и најави покренување онлајн петиција како прв чекор за спречување на, како што го нарече, антидржавното и антинационално однесување на Владата.„Мора да кажеме одлучно не. Ги повикувам граѓаните да нè поддржат да нè подржат и да ни помогнат да го спречиме ова антидржавно и антинационално однесување на т.н. патриотска влада на ВМРО ДПМНЕ“, порача Филипче, прашувајќи дали цената за кредитот од 6 милијарди евра е токму прифаќање мигранти во Македонија, одлука што, според него, ќе ја плаќаат генерации во децениите што следат.Тој нагласи дека Македонија не смее да дозволи да стане периферија на Европа и предупреди дека доколку Владата го игнорира ова предупредување, ќе следат уште посилни чекори во интерес на заштита на државата, безбедноста и иднината на македонските граѓани.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2uutiju59obg1h6g36V

(Видео) Филипче повикува на мобилизација против носењето мигранти: Нема да дозволиме, гледаме насилства, силувања од нив по други земји!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека Владата планира да прима мигранти во Македонија, по договорот со Велика Британија.Тој алармира дека не смее да се дозволи влез на мигрантите и најави „силна мобилизација во секој град, во секое село“. Потоа посочи: „нема да дозволиме да дојдат мигранти тука по ниту една цена, не сакаме да сме мека на мигранти, а гледаме што прават низ другите земји... насилства, протести, силувања, болести кои се донесени а се искоренети многу одамна“.„Ќе го мобилизираме секој еден! Ќе следи силна мобилизација. Ние сакаме развој, да сме дел од ЕУ, не да сме мека на мигранти. Во следниот период, ќе го објавиме и политичкиот тим на СДСМ. Во оваа ситуација, секој граѓанин треба да направи сѐ што може“, рече Филипче.Тој најави и побрутални чекори.„Помогнете да ја зачуваме нашата татковина, помогнете да ја зачуваме иднината на Македонија. Прво ќе покренеме онлајн иницијатива. Потоа ќе следат други чекори. Дали ќе чекаме да остварат овие сценарија, дали ќе ја загрозиме иднината на граѓаните, дали британските медиуми лажат, дали СДСМ лаже“, праша Филипче.Досега само во британските медиуми се пласирше веста дека Македонија ќе биде дестинација за мигранти, за кои Британија ќе и плаќа на нашата држава. Владата негираше дека ќе се примаат мигранти.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryevigqpkollbsds7l7xZ

СДСМ со нова порака: ‘Идризово, 2026’ – програмата сведена на една точка

СДСМ денеска ја претстави својата нова политичка порака под слоганот „Идризово, 2026 година“, наведувајќи дека програмата е сведена на една точка: „Криминалците од ВМРО-ДПМНЕ во Идризово, 2026 година.“Од партијата порачаа дека е време да се стави крај на, како што велат, организираната пљачка што ја спроведува актуелната власт и да се заврши со криминалот и корупцијата.Во нивното соопштение стои дека состојбата во Идризово ќе остане непроменета, бидејќи, според СДСМ, „нема пари за нови инвестиции – власта ги покраде“.„Исти услови, иста храна, исти штетници“, наведува СДСМ, додавајќи дека „работата не е завршена“ и дека „сите ќе одговараат“.

Македонија | пред 3 месеци

28122019_VRSM_Zaev_Angjusev_Dura

(Видео) Ќе го испита ли тимот на Заев и Венко случајот кога Анѓушев ги градеше модуларните, а една се запали и загинаа 14 лица?, прашува Манасиевски

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, остро реагираше на обвинувањата на СДСМ дека директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, е поврзан со фирма која добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. Според Манасиевски, станува збор за „конструкции и дезинформации“, а партијата „се обидува да создаде скандал каде што нема никаква основа“.„Тимот за одбрана на криминалот на Заев и Филипче мисли дека открил Америка. Големото откритие е дека Томовски е донатор на ВМРО-ДПМНЕ – како и илјадници други – и тоа е јавно достапен податок. Каде е криминалот? Го нема“, изјави Манасиевски.Тој додаде дека СДСМ треба да ги проверува информациите со стручни лица, а не „текстовите да им ги пишува Зоран Заев од Дубаи“.Манасиевски ги посочи, како што рече, „трите лаги на СДСМ“:Прво, дека фирмата не е сопственост на Томовски и дека тој нема никакви приходи или врска со нејзиното работење.Второ, дека телефонскиот број што го користи компанијата не е нејзин единствен контакт, а бројот што се споменува е личен број на Томовски кој го користи со години.Трето, дека донациите на Томовски не претставуваат никаква незаконитост, бидејќи станува збор за јавно пријавени уплати.„Во сите три случаи се потврдува дека СДСМ лаже“, рече Манасиевски.Тој возврати со обвинување дека вистинските нерешени случаи не се кај ВМРО-ДПМНЕ, туку кај нивните политички противници.„Е сега кога сме кај криминалот, го прашуваме Венко дали не е криминал тоа што додека тој е министер, негов министер и колега вицепремиерот Кочо Анѓушев му ги градеше модуларните болници од кои една се запали и загинаа 14 наши сограѓани? Кога тимот за одбрана на криминалот на Венко и Заев ќе го испита овој случај? Тоа треба да одговорат!“, рече Манасиевски.

Настани | пред 3 месеци

media-libraryqp3ap208ucks3NmFLkp

Кузеска: Семејната фирма добила 161 тендер, а Томовски е голем донатор на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска упати сериозни обвинувања за, како што го нарекува, „скандалот со семејната фирма“ поврзана со Ивица Томовски – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, која добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра.Кузеска обвини дека Томовски интензивно се обидува да се дистанцира од фирмата, иако во неа учествуваат негови блиски роднини – таткото Витомир, роднината Кутановски, зетот, внукот, а како контакт телефон е наведен број кој му припаѓа токму на Томовски.„Затоа е нервозата? Затоа што се фатени живи“, рече Кузеска, нагласувајќи дека моделот на поврзаност е јасен и документиран.СДСМ тврди дека следејќи го „трагот на парите“ откриле дека Томовски е редовен донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, во 2021 година Томовски донирал 8.000 евра, а во повеќе наврати уплатувал суми од 499.700 денари, 100.000 денари, 70.000 денари и 100.000 денари. Додаваат дека како донатор се јавува и неговиот зет, Кутановски.„Семејна фирма, семејни донации. Сè е јасно. Вака парите завршуваат во белата палата“, изјави Кузеска.Од партијата бараат Државната комисија за спречување корупција и Јавното обвинителство да покренат истрага за можен конфликт на интерес и корупција во врвот на владата на Мицкоски.„Крадењето на народот мора да престане, а одговорност мора да има. Работата не е завршена“, порача СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library733l7eiofjshe9b3UlD

Власта ги брка младите од Македонија додека преговара за прием на мигранти, вели СДСМ

СДСМ ја обвини владата на Христијан Мицкоски дека со своите политики ја изолира Македонија, ја претвора во „црна точка“ на Европа и го забрзува иселувањето на младите. Според партијата, додека земјата се соочува со криминал, корупција и пад на животниот стандард, власта тајно преговара за прием на мигранти.Од СДСМ посочуваат дека европските транспортни коридори ја заобиколуваат Македонија, сиромаштијата расте, граѓаните имаат сè помалку пари, а младите сè почесто заминуваат во странство. Во такви услови, велат од опозицијата, Владата води разговори за враќање и трајно сместување мигранти во земјата.Партијата нагласува дека бројни британски медиуми веќе известиле за овие разговори, додека, како што велат, македонската влада се обидува да го ублажи скандалот. Според аналитичари во Обединетото Кралство, Македонија се споменува како можен домаќин на дел од мигрантите, што би подразбирало нивно трајно сместување, интеграција, домување и вработување.„Не може младите да си заминуваат, а власта да преговара за носење мигранти“, реагираат од СДСМ, оценувајќи ги овие политики како опасни и штетни за државата.Од партијата порачаа дека со целиот свој капацитет ќе се спротивстават на ваквите планови и ги повикаа граѓаните, невладините организации и целото општество да кажат „не“ на, како што велат, антидржавните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.„За Македонија се работи – работата не е завршена“, стои во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydetmln4o4ufe4zalJmc

Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата, вели СДСМ за Томовски

СДСМ остро реагираше на изјавите на директорот на СОЗР, Ивица Томовски по откривањето дека фирма поврзана со негови блиски членови на семејството добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. Од партијата оценија дека неговиот обид да се дистанцира од случајот изгледа како „бегство од сопствената сенка“.Од СДСМ велат дека изјавите на Томовски може да се сведат на една реченица: бројот е негов, таткото е негов, зетот и внукот се негови, „сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата“. Според опозициската партија, ваквата реакција само ја потврдува сериозноста на сомнежите за конфликт на интерес.„Фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени. Не е време за правдање, туку за одговорност“, соопшти СДСМ, додавајќи дека ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори постапка за можен конфликт на интерес и корупција во врвот на владата на Мицкоски.Од партијата порачаа дека случајот не е затворен и дека јавноста има право да добие прецизни одговори за критериумите и начинот на кој биле доделувани тендерите.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања