Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

УКРАИНА

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Трамп: Путин сака Украина да успее

Доналд Трамп го изнесе своето гледиште за улогата на Русија во повоената обнова на Украина, тврдејќи дека Москва ќе учествува во тој процес.„Тие ќе помагаат“, рече Трамп за Русија, додавајќи: „Русија сака да го види успехот на Украина. Путин сака Украина да успее.“Тој наведе и дека рускиот претседател Владимир Путин бил „многу великодушен“ во својата желба Украина да успее, вклучувајќи и наводна понуда за „снабдување со енергија, електрична енергија и други работи по многу ниски цени“.Трамп исто така објасни зошто Путин не се согласил на прекин на огнот, наведувајќи дека „рускиот лидер не сака да ги запре борбите за подоцна повторно да мора да ги започне“.„Го разбирам тој став“, заклучи Трамп.„Претседателот Путин всушност работи со Украина на нејзино повторно отворање“, изјави Трамп. „Беше многу добар во тој поглед. Сака таа да се отвори. Не ја гаѓал со проектили“, додаде тој.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: Украинците во дијаспората ќе одлучуваат за мировниот договор

Володимир Зеленски потврди дека украинските државјани кои живеат надвор од земјата ќе имаат право да учествуваат во одлучувањето за каков било иден договор за завршување на војната.Одговарајќи на новинарско прашање дали дијаспората би можела да учествува на референдум за одобрување на мировниот договор, Зеленски беше јасен:„Тие имаат право на тоа“, порача претседателот, додавајќи дека за остварување на тоа право ќе биде потребно да се обезбеди и воспостави соодветна инфраструктура за гласање.

Свет | пред 3 месеци

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Фон дер Лајен: Постигнат е добар напредок во преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави „добриот напредок“ постигнат денес во мировните преговори за Украина.Нејзината изјава следуваше по „добар, едночасовен повик“ во кој учествувала заедно со Доналд Трамп, Володимир Зеленски и други европски лидери.„Постигнат е добар напредок, што го поздравивме. Европа е подготвена да продолжи да работи со Украина и со нашите американски партнери за овој напредок да се зацврсти“, порача фон дер Лајен.Таа нагласи и клучен услов за понатамошните чекори: „Најважно во овој напор е да се има цврсти безбедносни гаранции уште од првиот ден.“

Свет | пред 3 месеци

media-librarye2o9aatduh3s3vjBW0s

Војната не запира пред преговори: напади врз енергетиката и рафинерии, Запорожје под лупа на ИАЕА

Состојбата во нуклеарната електрана Запорожје, која е под руска контрола, во моментов е стабилна, а снабдувањето со електрична енергија се одвива преку еден високонапонски далновод, соопшти портпарол на електраната, пренесува руската државна агенција РИА. Во непосредна близина на објектот во тек се поправки, кои се спроведуваат под надзор на тим на Меѓународната агенција за атомска енергија, по стапувањето во сила на локален прекин на огнот постигнат со посредство на агенцијата. Се очекува работите да траат неколку дена.Истовремено, борбените дејствија продолжуваат на повеќе делови од Украина. Украинските власти соопштија дека руските сили двапати ја нападнале Полтавската област, при што во еден од нападите било оштетено енергетско постројување и технолошка опрема. Според локалната администрација, во нападите нема повредени, а екипите на енергетичарите работат на санација на штетите.Украинската армија, пак, потврди дека во текот на ноќта извела успешен напад со дронови врз нафтената рафинерија Сизран во руската Самарска област. Според Генералштабот во Киев, ударот предизвикал голем пожар, а проценката на штетата е во тек. Овој напад е дел од поширока стратегија насочена кон руската енергетска инфраструктура, со цел да се намалат приходите на Москва од продажба на нафта.Во меѓувреме, Украина со напади со дронови привремено го парализираше авионскиот сообраќај во Москва, при што беа одложени и откажани стотици летови во пресрет на националните празници, соопштија руските власти.Ситуацијата дополнително ја комплицира и хуманитарната состојба. Украинското Министерство за енергетика информира дека и покрај постепеното враќање на струјата по вчерашните напади, повеќе од 19.000 домаќинства во Киевската област сè уште се без електрична енергија, а дополнителни 20.000 потрошувачи се погодени во Черниговската област.Во Харковската област, украинската Национална полиција пријави тројца повредени цивили по руските напади, меѓу кои и лица со повреди од дронови и акутни стресни реакции. Полицијата наведува дека ги документира последиците од, како што ги нарекува, воени злосторства врз цивилни населби.Сето ова се случува во чувствителен дипломатски момент. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на Флорида, каде ќе се разговара за можен план за завршување на војната. Зеленски најави дека околу 90 проценти од заедничката рамка за мировен план се веќе усогласени, но клучните несогласувања остануваат околу територијата на Донбас и иднината на нуклеарната електрана Запорожје.Поранешниот британски амбасадор во Русија, сер Лори Бристоу, оцени дека главната цел на Зеленски е да го придобие Трамп, нагласувајќи дека во моментов Вашингтон не го гледа рускиот претседател Владимир Путин како главна пречка за примирје. Тој предупреди дека дури и во случај на прекин на огнот, постои сериозен ризик Русија повторно да се обиде да ја продолжи агресијата во иднина.Додека дипломатските напори се интензивираат, реалноста на теренот останува непроменета – удари, прекини на струја и нови жртви, што уште еднаш ја потврдува пораката дека патот до мирот сè уште минува низ бојното поле.

Свет | пред 3 месеци

zaharova

Захарова се потсмева со Украина: Пагани во маски на јарци, смрт и ангели го слават „Божиќ“ на 25 декември за да соберат средства за јуришната бригада

Украинците на 25 декември, по третпат го прославија Божиќ според новиот календар, со што сакаат да покажат дека го бришат руското влијание.Ова беше повод за саркастична реакција на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.Таа ја осуди и исмеваше Украина и претседателот Володимир Зеленски за прославата на Божиќ на 25 декември.Во објава на Телеграм, ги исмеваше религиозните симболи и ја поврза прославата со собирање средства за помош за украинските вооружени сили.На социјалните мрежи таа објави и видео на кое неколку младу Украинци, се облечени во костими и напиша:„На 25 декември, по налог на Зеленски, пагани во маски на јарци, смрт и ангели го слават „Божиќ“ со цел да соберат средства за јуришната бригада. Кој е Исус Христос, чие раѓање стана христијански празник, тие не знаат”.

Свет | пред 3 месеци

media-librarymp3bktgadqk61PQsqXH

Брутален напад врз Киев: експлозии од хиперсонични и крстосувачки ракети

Русија го нападна Киев и други украински региони со ракети и дронови, пред клучниот состанок на Володимир Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп, на кој требаше да се договараат за договор за завршување на речиси четиригодишната војна. Русија лансираше неколку хиперсонични проектили „Кинжал“, балистички проектили „Искандер“ и крстосувачки проектили „Калибр“ кон главниот град на Украина.Пред ноќните напади, Зеленски изјави дека неговите разговори на Флорида, кои ќе се одржат утре, ќе се фокусираат на територијата која секоја страна би ја контролирала по прекинот на борбите што започнаа во февруари 2022 година, со инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на помалиот сосед – во најсмртоносниот европски конфликт од Втората светска војна.Во Киев одекнуваа експлозии, активирани беа системите за украинска противвоздушна одбрана, а армијата објави на апликацијата Телеграм дека се распоредуваат ракети. Воздушните сили соопштија дека руските дронови таргетираат не само главниот град, туку и региони на североистокот и југот на земјата.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски предупредува: Русија сè почесто ја користи Белорусија за напади врз Украина

Русија сè поинтензивно ги користи позициите на територијата на Белорусија за изведување напади врз Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по состанокот со целокупното воено раководство одржан во петокот. Според него, станува збор и за напади со дронови и за ракетни удари, при што Москва со оваа тактика се обидува да ги заобиколи украинските одбранбени позиции.„Ова претставува сериозен ризик и за самата Белорусија. Жалосно е што Белорусија го отстапува својот суверенитет во корист на руските агресивни амбиции“, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Тој додаде дека проактивната одбрана од овој нов правец на напади е отежната, бидејќи Русија ја има инсталирано неопходната опрема за напади во непосредна близина на станбени објекти.Според украинските разузнавачки податоци, антени и други системи за наведување, кои се користат за напади врз цели во Украина, сега се поставени на покривите на петкатни станбени згради во Белорусија. Зеленски оцени дека станува збор за „апсолутно непочитување на човечкиот живот“ и порача дека Минск треба да престане да учествува во вакви активности.Украинскиот претседател истакна дека воздушната одбрана на земјата добила инструкции да ја прилагоди својата стратегија на новата ситуација. Потсети и дека на почетокот на руската инвазија Белорусија ѝ го стави на располагање својот територијален простор на Русија како отскочна точка за неуспешниот обид за напредување кон Киев.Иако белоруските вооружени сили не се директно вклучени во борбите, потенцијалната закана од север ја принудува Украина да држи значителни воени сили долж заедничката граница, што дополнително ги оптоварува нејзините одбранбени капацитети.

Свет | пред 3 месеци

media-library281km31udbll1RqjXRG

(Видео) Масовен ракетен напад врз Киев пред најавениот состанок Зеленски–Трамп, има повредени

Киев во ноќта меѓу 26 и 27 декември беше цел на масовен руски ракетен напад, при што врз главниот град на Украина беа истрелани хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“. Во нападот се повредени најмалку пет лица, а се случи непосредно пред најавениот состанок меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Киев Индипендент“.Низ Киев одекнуваа повеќекратни експлозии, а во градот Бровари, дваесетина километри источно од главниот град, како и во околните населени места, беше регистриран прекин на електричната енергија. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека најмалку пет лица се повредени. Пожар избувнал во населбата Голосеевски, додека остатоци од проектили паднале во Оболонски и Десњански реон.Штети се пријавени и во поширокиот регион околу Киев. Во Вишгород се оштетени прозорци на една повеќекатница, додека во Бориспилскиот округ се оштетени магацини и најмалку два автомобили. Гувернерот на Киевската област, Микола Калашник, изјави дека и овојпат критичната инфраструктура била меѓу целите на нападот.Одделно, во напад во Ивано-Франкивската област, на западот на Украина, едно лице е повредено и пренесено на болничко лекување.По нападот од големи размери, Полска во текот на ноќта ги крена своите борбени авиони, соопштија полските вооружени сили, додека украинското воздухопловство предупреди на континуирана закана од руски дронови и ракети на територијата на целата држава.За многумина во Киев, нападот не беше доживеан како случајност, туку како јасна порака дека битката за мир сè уште се води на бојното поле. Жителите на социјалните мрежи сведочеа за повеќекратни експлозии и за осветленото небо од дејствувањето на системите за противвоздушна одбрана. Нападот се вклопува во поширокиот образец на интензивирани руски ракетни удари во зимскиот период, често насочени кон енергетската инфраструктура, што во минатото доведе до прекини во снабдувањето со струја и греење.И покрај нападите, од Киев потврдија дека средбата со Трамп ќе се одржи во недела. Зеленски изјави дека заедничката американско-украинска рамка за мировен план е приближно 90 проценти усогласена. Според извори запознаени со разговорите, на состанокот ќе се дискутира за безбедносните гаранции, обновата на земјата, економската соработка и нерешените територијални прашања, вклучително и иднината на Донбас и контролата врз нуклеарната централа Запорожје.Трамп се позиционира како клучен посредник во конфликтот, а целта на средбата во неговата резиденција Мар-а-Лаго е да се финализираат основите на мировниот план. Сепак, останува неизвесно како и дали Москва ќе се вклучи во ваков процес.Русија јавно ги отфрла разговорите, обвинувајќи ги Киев и Западот дека се обидуваат да ги саботираат преговорите и инсистирајќи дека секој договор мора да ги одразува нејзините барања, вклучително и територијални отстапки кои Украина повеќепати ги одби.Зад затворени врати, сепак, претставници на Кремљ признаваат дека постојат индиректни контакти со американски соговорници. Висок западен функционер, говорејќи анонимно за „Киев Пост“, изјави дека потезите на Москва укажуваат оти таа е помалку заинтересирана за разговори, а повеќе за нивно моделирање во своја корист.„Пораката од Кремљ е едноставна – тие веруваат дека преговарачката моќ се создава со експлозии, а не со компромис, и имаат намера на секоја маса за преговори да седнат со бојното поле наклонето во нивна корист“, изјави функционерот.

Свет | пред 3 месеци

kremlj-moskva

Кремљ: Имавме телефонски разговори со администрацијата на Трамп

Советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков, телефонски разговарал со претставници на американската администрација откако Москва ги добила нивните предлози за можен мировен договор за војната во Украина, соопшти денес Кремљ.Ушаков остварил телефонски контакти со неколку членови на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без да наведе кога точно се одржале разговорите. Претставникот на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, ги донел копиите од американските предлози во Москва по средбата во Мајами за време на викендот, а Кремљ во моментов ги анализира деталите, додаде Песков.„Информациите се анализираат и во име на претседателот Путин беше остварен контакт меѓу претставници на администрациите на Русија и САД“, изјави Песков. „Договорено е продолжување на дијалогот“, додаде тој. На прашањето како Кремљ гледа на документите, Песков одговори дека не сака да коментира, бидејќи Русија смета дека тоа би можело да ги поткопа разговорите.Трамп задутре ќе се сретне со Зеленски?Американскиот претседател Доналд Трамп задутре во својата резиденција Мар-а-Лаго ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави новинарот Барак Равид од порталот „Аксиос“ на платформата Икс, повикувајќи се на украински претставник.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryefc2k44klbmadfa6jDd

Напад со беспилотно летало во Одеса, без жртви и повредени

Руски дрон извршил напад врз инфраструктурен објект во украинскиот град Одеса, при што по ударот избувнал пожар, соопшти денеска началникот на градската воена управа, Сергиј Лисак.Како што информира Лисак преку објава на Телеграм, нападот предизвикал материјална штета врз објект од инфраструктурно значење, а веднаш по ударот интервенирале надлежните служби за гаснење на пожарот и отстранување на последиците.Според првичните информации, во нападот нема загинати ниту повредени лица. Надлежните служби вршат дополнителни проверки на поширокото подрачје со цел да се утврди дали има оштетувања и на цивилната инфраструктура и на станбени објекти во околината.Украинските власти наведуваат дека состојбата е под контрола и дека јавноста ќе биде дополнително информирана доколку се утврдат нови последици од нападот.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryau32l7cf0knu5m0nDd5

Божиќ во војна: Зеленски за единството, жртвите и верата се надеж дека злото нема шанса

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните во пресрет на Божиќ, порачувајќи дека Украинците и четврта година по ред, среде војна од целосен обем, остануваат заедно во одбраната на она што ги прави народ – домот, семејството, традицијата и надежта за мир.Во своето обраќање, Зеленски истакна дека Бадникот е посебна вечер исполнета со уникатен дух и значење за секој Украинец, затоа што таа вечер зборува за заедништвото и за вредностите кои го обликуваат украинскиот идентитет. Тој потсети дека Божиќ отсекогаш бил време за семејно собирање, прегратки и споделување радост, но дека веќе четири години по ред постои обид тоа чувство да им биде одземено поради војната за независност.„Токму тоа денес го браниме – нашата земја, нашите семејства и чувството на мир и спокој во сопствениот дом“, нагласи Зеленски, додавајќи дека не е најважно како е украсен домот или што има на трпезата, туку како домот се брани и кој седи околу масата.Претседателот порача дека оддалеченоста не може да го раздвои народот и дека Украинците остануваат заедно без оглед дали се лице в лице или разделени од километри. Тој истакна дека токму тоа чувство на заедништво дава сила и надеж да се издржи сè што носи војната.Зеленски призна дека Божиќ се одбележува во исклучително тешки околности и дека не сите се дома, ниту сите имаат дом, ниту пак сите се живи и заедно со своите најблиски. Сепак, нагласи дека Русија не може да го окупира најважното – украинското срце, верата едни во други и чувството на заедништво.Тој потсети дека Украинците ќе ја чекаат првата ѕвезда на небото во Киев, Одеса, Купјанск и насекаде каде што се наоѓаат, истакнувајќи дека Божиќ годинава се одбележува на ист датум, како една голема украинска семејна заедница.Посебно внимание посвети на војниците кои не можат да бидат со своите семејства, нагласувајќи дека и краток телефонски разговор и пораката „Добро сум“ значат неизмерно многу. Зеленски рече дека најубавиот божиќен звук денес е оној во кој нема дронови, ракети и експлозии.Тој потсети дека токму пред Божиќ Русија извршила нови масовни напади со дронови и ракети, оценувајќи дека таквите дејствија се спротивни на секоја христијанска и човечка вредност. И покрај тоа, порача дека Украина опстојува и дека молитвите вечерва се упатени за војниците на фронтот, за враќање на заробените, за загинатите херои, за протераните и за сите кои, и во најтешките услови, не ја изгубиле Украина во себе.Зеленски ја истакна и улогата на децата, кои и покрај војната продолжуваат да ја негуваат традицијата и да ја пренесуваат радосната вест за раѓањето на Христос, нагласувајќи дека токму тоа е доказ дека идентитетот, верата и културата не се избришани.На крајот, повикувајќи се на верувањето дека божиќната ноќ ги отвора небесата, Зеленски рече дека сите имаат една заедничка желба – мир за Украина. Тој истакна дека за мирот се борат, се молат и дека тој е заслужен.Обраќањето го заврши со честитка до граѓаните, посакувајќи им среќен Божиќ и мир, завршувајќи со традиционалниот поздрав „Христос се роди“. По неговиот говор, во јавноста се појавија шпекулации дека делот „нека тој заврши“ се однесувал на рускиот претседател Владимир Путин, иако Зеленски тоа не го прецизираше.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryo5lufv2lt593daN6b1h

Анкета во Украина: Зеленски и Залужни во втор круг, генералот со убедлива предност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинскиот амбасадор во Обединетото Кралство и поранешен врховен командант на вооружените сили, Валериј Залужни, би влегле во втор круг доколку претседателските избори се одржат во блиска иднина, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата СОЦИС.Анкетата е објавена во чувствителен политички момент, кога украинските пратеници започнуваат подготовки за можни законски измени со кои би се овозможило одржување избори за време на воена состојба, откако Зеленски дал насока да се изработат соодветни законски предлози.Според резултатите, во првиот круг Зеленски би освоил 22 проценти од гласовите, само еден процент повеќе од Залужни, кој би добил 21 процент. Истовремено, дури 24,1 процент од испитаниците изјавиле дека сè уште не одлучиле за кого би гласале, што претставува раст во однос на октомври, кога неодлучни биле 21,1 процент.Во хипотетички втор круг меѓу Зеленски и Залужни, анкетата покажува убедлива предност на поранешниот командант на армијата. Залужни би освоил 64 проценти од гласовите, наспроти 36 проценти за актуелниот претседател. Доколку, пак, Залужни не се кандидира, вториот круг најверојатно би се водел меѓу Зеленски и шефот на военото разузнавање Кирило Буданов, при што Буданов би победил со 56 проценти, а Зеленски би освоил 44 проценти.Истражувањето е спроведено на примерок од 2.000 испитаници со користење на стратификуван квотен примерок, а податоците се прибирани преку директни разговори со метод на компјутерски поддржано лично интервјуирање.Резултатите доаѓаат во време на обновена дебата во Киев за можноста од одржување избори за време на војната. Зеленски во декември изјави дека е подготвен да организира избори и во услови на воен конфликт, но само доколку сојузниците на Украина можат да гарантираат безбедност, што, според него, би подразбирало Русија да прифати прекин на огнот.Безбедносните услови остануваат клучна пречка за национални избори, но не и единствена. Според податоците на Обединетите нации, повеќе од шест милиони Украинци ја напуштиле земјата од почетокот на целосната руска инвазија, додека околу 3,7 милиони лица се внатрешно раселени, што дополнително го усложнува избирачкиот процес.Според важечкото украинско законодавство, изборите се забранети за време на воена состојба и можат да се одржат само по нејзино укинување или со измена на законот од страна на парламентот. Претходно оваа недела, Врховната рада формираше посебна работна група задолжена за подготовка на законска рамка за избори за време и по завршување на војната. Во меѓувреме, украинската Централна изборна комисија повторно започна со работа на државниот регистар на избирачи, за првпат од почетокот на целосната руска инвазија.

Свет | пред 3 месеци

putin-medvedev

Медведев: Украина е претворена во „топовско месо“ поради англосаксонската политика

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и лидер на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека украинскиот народ, според него, станал „топовско месо“ за европската цивилизација како резултат на политиките и влијанието на англосаксонските држави.Во авторски текст објавен во рускиот магазин „Родина“, под наслов „Како англосаксонците го негуваа украинскиот национализам по Втората светска војна“, Медведев наведува дека современа Украина, наместо придобивки, добила улога на жртва во пошироки геополитички процеси. Тој тврди дека украинското општество било претворено во заложник на, како што го нарекува, „култот на смртта“, кој се манифестира преку, според него, лажни историски наративи, величање на садизмот и глорификација на воени злосторници.Особено остар беше во однос на интерпретацијата на Холодоморот, за кој изјави дека претставува една од „главните политички пропагандни измами“ на 20. и 21. век. Медведев оцени дека овој наратив, според неговите зборови, има корени во Соединетите Американски Држави и бил користен како средство за политички притисок и идеолошка мобилизација против Русија.Изјавите на Медведев доаѓаат во период на засилена реторика меѓу Москва и Западот околу војната во Украина и историските интерпретации поврзани со односите меѓу двете земји. Неговите ставови предизвикаа реакции во јавноста, особено поради негирањето или релативизирањето на Холодоморот, кој Украина и голем дел од меѓународната заедница го признаваат како геноцид.

Свет | пред 3 месеци

putin-52135

Русија со закон им ги одзема домовите на избеганите и убиените Украинци

Со нова уредба донесена овој месец, рускиот претседател Владимир Путин практично ја легализира конфискацијата на имот на окупираните украински територии, овозможувајќи им на окупациските власти да одземаат станови и куќи што се прогласуваат за „без сопственик“. Во реалноста, станува збор за имот на луѓе кои избегале од војната или биле убиени за време на руската инвазија врз Украина.Според уредбата, сопственоста може да се докаже само лично и исклучиво со руски документи, односно со руски пасош, што за голем дел од Украинците е невозможно или опасно. На тој начин, илјадници луѓе остануваат без можност да го заштитат својот имот, додека нивните домови се прогласуваат за „без сопственост“ и се одземаат.Жителката на Мариупол, Ана Шевченко, за украинските медиуми изјавила дека е очајна бидејќи Русите ѝ го одземаат станот во кој ги чува сите спомени од детството. Таа вели дека не може да се врати, бидејќи би морала да земе руски пасош, а стравува и за сопствената безбедност поради нејзините проукраински ставови.Експертите наведуваат дека уредбата е само формално заокружување на процес што трае од самиот почеток на окупацијата. Според податоци од Мариупол, досега се одземени околу 5.000 станови, а бројката расте од 100 до 200 неделно. Во окупираните делови на Донецк, Луганск и Херсонската област, десетици илјади недвижности веќе се прогласени за „без сопственик“.Запленетиот имот, според прописите, може да им се додели на лица кои наводно ги загубиле своите домови, но и на руски државни службеници, припадници на безбедносните сили и администрацијата, како и на нови доселеници од Русија. Украински организации предупредуваат дека ваквата практика претставува дел од поширока политика на заменување на украинското население со руско, со цел трајна промена на демографската и политичката структура на окупираните подрачја.Многу Украинци се соочуваат со речиси невозможен избор: да останат под окупација за да го сочуваат домот или да заминат и ризикуваат да останат без сè. Новата уредба, според хуманитарните организации, дополнително ја продлабочува траумата на луѓето кои веќе ги изгубиле своите блиски и својата сигурност, претворајќи ја кражбата на имот во формално „законска“ практика.Како што предупредуваат активистите, Русија не само што секојдневно им ги одзема домовите на Украинците на окупираните територии, туку со ваквите уредби своите злосторства ги претвора во државна политика и ги прогласува за закон.

Свет | пред 3 месеци

wC8gG-ukrainska-armija-donjeck

Руски напредок во Донецк: Украина се повлекува за да ги зачува силите

Украинските вооружени сили се повлекоа од источниот град Сиверск по повеќемесечни интензивни борби, соопштија денеска од украинската војска, наведувајќи дека одлуката е донесена со цел да се заштитат животите на војниците и да се зачува борбената способност на единиците. Според официјалните информации, руските сили имале значајна предност во човечка сила, што дополнително го отежнало задржувањето на позициите.Сиверск, град кој пред почетокот на руската инвазија броеше околу 11.000 жители, во текот на борбите беше речиси целосно разурнат. Неговото заземање ја приближува Русија до последните поголеми градови во таканаречениот „појас на утврдувања“ во индустриската област Донецк – Славјанск и Краматорск, кои сè уште се под украинска контрола и претставуваат клучни логистички и командни центри на одбраната во Донбас.„Појасот на утврдувања“ претставува синџир од градови и одбранбени позиции што Украина систематски ги градела и зајакнувала уште од 2014 година, со цел да го запре руското напредување кон западниот дел на Донецката област. Во овој систем, покрај Сиверск, влегуваат Соледар, Бахмут, Часив Јар, Торецк, Авдијивка, како и Дружкивка и Костјантинівка.Досега, руските сили ги зазедоа Соледар, Бахмут, Авдијивка и Сиверск, со што го пробија источниот дел од овој одбранбен појас и постепено се доближија до неговата западна, најзначајна зона. За Часив Јар и Торецк, Москва тврди дека се под нејзина контрола, но украинските власти сè уште не го потврдиле тоа. Западниот урбан кластер, составен од Славјанск, Краматорск, Дружкивка и Костјантинівка, останува последната голема, длабински утврдена линија на одбрана во Донецката област.Москва уште пред две недели соопшти дека воспоставила контрола врз Сиверск, што тогаш беше демантирано од Киев. Според актуелните процени, Русија контролира околу 75 проценти од Донецката област и речиси целата соседна Луганска област, кои заедно го сочинуваат регионот Донбас.Значењето на падот на Сиверск е повеќеслојно. Освен што станува збор за една од последните украински одбранбени точки на северот на Донецката област, неговото губење им овозможува на руските сили подиректен пристап кон стратешки важните Славјанск и Краматорск. Со тоа се намалува длабочината на украинската одбрана и се зголемува притисокот врз линиите што го држат источниот фронт, што може да ја принуди Украина на нови повлекувања или прераспределба на силите.Во поширокиот контекст на војната, ваквите, често бавни и скапи територијални поместувања ѝ овозможуваат на Москва да прикажува постепено напредување, додека истовремено ги исцрпува украинските сили, кои веќе се соочуваат со недостиг од човечки ресурси и постојан притисок долж целата линија на фронтот.

Свет | пред 3 месеци

media-librarybp4sa6eia58q4mXittx

Масовен руски напад врз Украина: експлозии низ целата земја, меѓу жртвите и четиригодишно дете

Русија во текот на ноќта изврши масовен напад со беспилотни летала и ракети врз повеќе делови од Украина, при што загинаа најмалку три лица, меѓу нив и четиригодишно дете. Информацијата ја потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски, наведувајќи дека во нападите биле употребени повеќе од 600 дронови и над 30 проектили, објави BBC.Зеленски соопшти дека руските удари биле насочени кон енергетскиот систем, цивилната инфраструктура и, како што истакна, „во суштина целата инфраструктура на секојдневниот живот“. Воздушните тревоги и натаму се активни во поголем дел од земјата, а сите итни служби се ангажирани во санирање на последиците.„Нападите непосредно пред Божиќ, кога луѓето сакаат едноставно да бидат со своите семејства, дома и на безбедно, испраќаат исклучително јасна порака за руските приоритети“, изјави Зеленски. Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште не сфаќа дека мора да престане со убивањето, оценувајќи дека тоа значи оти светот не врши доволен притисок врз Русија.Според украинските власти, четиригодишно дете загинало во Житомирската област, откако по руски воздушен напад било пренесено во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот. Уште пет лица се повредени, изјави началникот на регионалната администрација, Виталиј Бунечко. Претходно беше потврдено дека 76-годишна жена загинала во Киевската област, во близина на Вишгород, откако проектил погодил куќа, а три лица, меѓу кои и 16-годишник, биле повредени. Во Хмелницкиот регион, на западот на земјата, животот го загубил 72-годишен маж, а пријавени се и прекини во снабдувањето со електрична енергија.Украинскиот оператор на електроенергетската мрежа Укренерго соопшти дека во повеќе региони се воведени итни рестрикции на струја. Од Министерството за енергетика најавија дека обновата на снабдувањето ќе започне веднаш штом безбедносната состојба го дозволи тоа. Прекините доаѓаат во момент кога температурите се приближуваат до нулата, а во Киев во наредните денови се најавуваат и минусни температури.Нападите предизвикаа реакции и во соседството. Полска ги подигна борбените авиони и ги стави системите за противвоздушна одбрана во состојба на зголемена подготвеност за да го заштити својот воздушен простор, мерка што Варшава редовно ја презема за време на големи руски напади врз Украина.Зеленски и претходно предупреди дека за Русија е „вообичаено“ да изведува масовни напади за време на божиќните празници, особено на 23, 24 и 25 декември. Минатата година, токму на Божиќ, Русија изврши силен ракетен и дронски напад врз украинската енергетска инфраструктура, што украинскиот претседател тогаш го опиша како „свесен избор“.До 2023 година Украина го славеше Божиќ на 7 јануари, според јулијанскиот календар кој го користи и Русија, но од минатата година празникот официјално се одбележува на 25 декември.

Свет | пред 3 месеци

tramp-putin

Ултиматум од Вашингтон: ако Путин одбие мир, Украина да добие крстосувачки ракети

Републиканскиот американски сенатор и близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, порача дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот врз Москва и дури да ја снабди Украина со крстосувачки ракети „Томахок“, доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да го прифати договореното мировно решение. Според Греам, досегашните дипломатски напори само ѝ купуваат време на Москва за да продолжи со остварување на своите воени цели.Говорејќи во емисијата Meet the Press на NBC, сенаторот изнесе детален план и повика на решителна промена на пристапот. Тој побара претседателот да го потпише неговиот предлог-закон со поддршка од 85 ко-предлагачи, со кој би се вовеле царини за земји како Кина што купуваат евтина руска нафта, Русија да се прогласи за држава-спонзор на тероризам поради киднапирањето на околу 20.000 украински деца, како и да се запленуваат бродови што превезуваат санкционирана руска нафта, по примерот на мерките што САД ги применуваат кон Венецуела.Греам нагласи дека, доколку Путин повторно одбие, САД мора „драматично да ја сменат играта“, вклучително и со испорака на крстосувачки ракети Tomahawk за Украина, со цел да се погодат фабрики за беспилотни летала и ракетно вооружување на територијата на Русија. Според него, без значително засилен притисок, Москва ќе продолжи со силово заземање на Донбас.Изјавите доаѓаат во момент кога украински и американски претставници на Флорида ја заокружија новата рунда мировни разговори, како дел од напорите на Вашингтон да се финализира мировната рамка. Средбите следуваат по разговорите меѓу Украина и САД на 19 декември и меѓу САД и Русија на 20 декември во Мајами, со уште една американско-руска сесија закажана за 21 декември.Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, кој ја предводеше украинската делегација, ги оцени разговорите како конструктивни и продуктивни, нагласувајќи дека Украина останува целосно посветена на постигнување праведен и одржлив мир. Преговорите биле насочени кон ревидиран мировен план од 20 точки, можни безбедносни гаранции за Украина и долгорочни мерки за економски развој.Во посебна изјава по разговорите, украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека пристапот на Киев е сè да биде изводливо и применливо – од клучните мерки за мир и безбедност до обновата на земјата.

Свет | пред 3 месеци

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп зборува за мир, разузнавачите предупредуваат на нова закана за Европа

Американските разузнавачки служби предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин има намера целосно да ја заземе Украина и да ја прошири својата контрола и врз делови од Европа кои во минатото биле дел од Советскиот Сојуз, и покрај тековните разговори за можен мировен договор.Според информации од шест извори запознаени со американските разузнавачки проценки, воените и политичките цели на Путин остануваат непроменети, што е во директна спротивност со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот преговарачки тим, кои тврдат дека Москва е подготвена за завршување на конфликтот, пишува „Ројтерс“.Најновите извештаи, од кои последниот датира од крајот на септември, се во спротивност и со тврдењата на самиот Путин, кој неодамна изјави дека Русија не претставува закана за Европа.Американските проценки, кои се конзистентни уште од почетокот на руската инвазија во 2022 година, се совпаѓаат и со ставовите на европските лидери. Тие сметаат дека крајната цел на Кремљ е целосна контрола врз Украина, но и влијание врз територии на поранешниот советски блок, вклучително и одредени земји членки на НАТО.„Разузнавачките податоци отсекогаш укажуваа дека Путин сака повеќе“, изјави за „Ројтерс“ демократскиот конгресмен Мајк Квигли, член на Комитетот за разузнавање во Претставничкиот дом.„Европејците се убедени во тоа. Полјаците се апсолутно убедени. Балтичките држави сметаат дека тие се први на удар.“Во моментов, Русија контролира околу 20 проценти од украинската територија. Путин ги смета четирите анектирани региони – Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, како и Крим, за дел од Руската Федерација.Во рамки на предложениот мировен план, претседателот Трамп врши притисок врз Киев да ги повлече своите сили од мал дел од Доњецк што сè уште е под украинска контрола – барање кое украинскиот претседател Володимир Зеленски и мнозинството граѓани на Украина категорично го отфрлаат.Од Белата куќа, пак, тврдат дека е постигнат значителен напредок.„Претседателскиот тим постигна огромен исчекор кон завршување на војната“, изјави неименуван американски функционер, додавајќи дека Трамп смета оти мировниот договор е „поблиску од кога било“.Во мировните напори се вклучени и блиски луѓе на Трамп – неговиот зет Џаред Кушнер и пријателот и бизнисмен Стив Виткоф, кои со недели водат преговори за мировен план од 20 точки со украински, руски и европски претставници.Кушнер и Виткоф вчера се сретнале со украински преговарачи во Мајами, а за време на викендот се очекуваат разговори и со руска делегација.На состанокот во Берлин во понеделникот, според дипломатски извори, бил постигнат широк консензус за силни безбедносни гаранции за Украина, поддржани од САД. Планот предвидува распоредување претежно европски сили во Украина и соседните земји, далеку од линијата на фронтот, како и американска разузнавачка поддршка и воздушни патроли над украинска територија.И покрај дипломатските активности, клучните разлики меѓу страните остануваат длабоки. Еден од предлозите предвидува ограничување на украинската армија на 800.000 војници, додека Русија бара значително помал број – на што, според извори, американската страна е подготвена да разговара.Сè уште не е јасно дали безбедносните гаранции би биле условени со територијални отстапки од Украина. Зеленски во четвртокот изрази сериозна резерва:„Постои едно клучно прашање на кое сè уште немам одговор: што конкретно ќе направат овие безбедносни гаранции?“На својата годишна прес-конференција, Владимир Путин не понуди компромиси, иако изјави дека е подготвен да разговара за мир. Тој инсистираше дека неговите услови мора да бидат исполнети и тврдеше дека руските сили годинава напредувале за 6.000 квадратни километри.Дури и дел од функционерите во администрацијата на Трамп јавно признаваат дека постои сомнеж во подготвеноста на Путин да се откаже од првичните цели.„Не знам дали Путин навистина сака договор или сака да ја освои целата земја. Тоа се работи што самиот јавно ги кажал“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.„Знаеме што сакаа да постигнат на почетокот на војната – тие цели сè уште не се реализирани.“

Свет | пред 3 месеци

media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

Рубио: САД ништо не наметнуваат, не можеме да ги присилиме ниту Киев ниту Москва на договор

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека во мировните преговори за Украина никому не му се наметнува договор и дека и Киев и Москва мора да сакаат да постигнат спогодба, при што предупреди дека во Газа нема да има мир сè додека Хамас не биде разоружан.„На крајот, на нив е да постигнат договор. Не можеме да ја присилиме Украина да постигне договор. Не можеме да ја присилиме Русија да постигне договор. Тие мора да го сакаат тоа“, инсистираше Рубио на прес-конференција во Вашингтон, додавајќи дека е постигнат напредок, но дека претстои уште многу работа. Тој истакна дека последните преостанати прашања секогаш се најтешките.Украинските мировни преговарачи во петок започнуваат нова рунда разговори со американскиот тим за предлозите за завршување на војната со Русија, изјави шефот на киевската делегација Рустем Умеров. Пратеникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на претседателот Трамп, Џаред Кушнер, планираат да се сретнат и со руската делегација во Мајами овој викенд, изјави претставник на Белата куќа за Ројтерс.Рубио им изјави на новинарите дека би можел да се приклучи на дел од разговорите за Украина во сабота во Мајами.САД очекуваа реторичка поддршка од Русија за МадуроОдговарајќи на прашања, Рубио порача дека Соединетите Држави, кога станува збор за Венецуела, не се загрижени дека би можело да дојде до ескалација со Русија, додавајќи дека Вашингтон и очекувал Москва да му даде реторичка поддршка на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.Администрацијата на Трамп испрати илјадници војници во регионот, заедно со носач на авиони, воени бродови и борбени авиони.„Отсекогаш очекувавме да му дадат реторичка поддршка на режимот на Мадуро... тоа не е фактор во начинот на кој ја гледаме целата оваа ситуација“, рече Рубио.Руското Министерство за надворешни работи во четврток изрази надеж дека администрацијата на Трамп нема да направи кобна грешка во однос на Венецуела и изрази загриженост поради американските одлуки кои го загрозуваат меѓународниот поморски сообраќај.„Без разоружување на Хамас нема мир во Газа“Рубио исто така предупреди дека во Газа „нема да има мир“ без разоружување на Хамас.„Ако Хамас некогаш се најде во позиција да му се заканува или да го напаѓа Израел, нема да има мир. Никого нема да убедите да вложува пари во Газа ако мислат дека за две или три години ќе избие нова војна. Затоа разоружувањето е толку важно“, нагласи американскиот државен секретар.Покрај тоа, тој е уверен дека повеќе земји ќе сакаат да учествуваат во стабилизациските сили кои треба да го зацврстат кревкото примирје во Газа.„Навистина сум уверен дека земјите кои се прифатливи за сите страни се подготвени да се обврзат и да бидат дел од оваа стабилизациска сила“, изјави тој.Рубио се осврна и на разговорите меѓу претставниците на Израел и Либан одржани во петок и очекува дека тие ќе доведат до силна либанска влада и разоружување на Хезболах.„Се надеваме дека разговорите меѓу либанските власти и Израелците ќе создадат контури и пат напред што ќе спречи понатамошни судири“, изјави американскиот државен секретар.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин повторно условува мир: Повлекување на Украина и без НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да ја заврши војната во Украина „по мирен пат“, одговарајќи на прашање дали е можно наскоро да се постигне мир или конфликтот ќе продолжи.Путин нагласи дека евентуален мировен договор мора да биде „заснован на принципи“, повикувајќи се на своето обраќање пред врвот на руското Министерство за надворешни работи во јуни 2024 година. Во тој говор, тој побара Украина целосно да ги повлече своите сили од територијата на Доњецката и Луганската област, како и да се откаже од намерите за членство во НАТО.Иако зборуваше за можноста за мирно решение, Путин истовремено изјави дека руските сили „напредуваат долж целата линија на фронтот“. Тој наведе неколку градови и населени места за кои тврди дека се блиску до тоа да бидат преземени од руската војска, меѓу кои и Красни Лиман, во источниот дел на Доњецката област.Сепак, ваквите тврдења од Москва во изминатите месеци често беа оспорувани. Русија во ноември соопшти дека го зазела Купјанск во Харкивската област, но украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела го посети тоа подрачје и изјави дека украинските сили повторно презеле делови од градот.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2022-03-24-at-08.08.56

Москва без отстапки: НАТО-членството на Украина е „апсолутно неприфатливо“

Русија нема да прави никакви компромиси кога станува збор за евентуално членство на Украина во НАТО, ниту за распоредување на алијансиски воени контингенти или офанзивно оружје на украинска територија. Ова денеска го изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.Во изјава за агенцијата „Спутник“, Грушко порача дека позицијата на Москва е јасна, цврста и одамна позната.„Членството на Украина во НАТО, како и распоредувањето на воени контингенти и ударно вооружување на нејзина територија, за нас е апсолутно неприфатливо“, изјави Грушко.Тој нагласи дека Русија во повеќе наврати ја има искажано оваа позиција и дека нема простор за нејзино преиспитување.Истовремено, Грушко изјави дека Москва е подготвена за дијалог со земјите членки на НАТО околу безбедносните прашања, но само под јасни и рамноправни услови.„Русија е подготвена да утврди правно обврзувачки безбедносни гаранции со земјите од НАТО, но исклучиво на реципрочна основа“, рече тој.Изјавата доаѓа во период на засилени дипломатски контакти и воени тензии поврзани со војната во Украина, како и во контекст на продолжените расправи за идната безбедносна архитектура во Европа.

Свет | пред 3 месеци

EU-1

Нема да ги „допрат“ руските замрзнати пари: ЕУ обезбеди кредит за Украина од 90 милијарди евра

Европската унија донесе политички чувствителна, но стратешки клучна одлука – наместо да ги користи замрзнатите руски средства, Брисел ќе се задолжи за да обезбеди финансиска поддршка за Украина во следните две години. Со тоа, лидерите на ЕУ го заобиколија ризикот од внатрешни поделби и правни последици, а истовремено испратија порака за единство и решителност.По неколкучасовни разговори во Брисел, претседателот на самитот на ЕУ, Антонио Коста, соопшти дека е постигнат договор за обезбедување значителна финансиска инјекција за Киев.„Денес одобривме одлука за обезбедување 90 милијарди евра за Украина. Итно ќе обезбедиме заем поддржан од буџетот на Европската унија“, изјави Коста на прес-конференција.Иако идејата за финансирање преку замрзнатите руски средства формално не е напуштена, лидерите ѝ дадоа на Европската комисија само мандат да продолжи да работи на т.н. заем за репарација, признавајќи дека во овој момент тој модел е нефункционален. Клучната пречка е Белгија, каде што се чуваат околу 185 милијарди евра од вкупно 210 милијарди евра руски средства замрзнати во ЕУ, поради страв од финансиски и правни последици и можна руска одмазда.„Имаше толку многу прашања за заемот за репарација, што моравме да преминеме на План Б. Рационалноста преовлада“, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер.„ЕУ избегна хаос и поделби и остана обединета“, додаде тој.Одлуката за задолжување првично изгледаше речиси невозможна, бидејќи бара едногласност од сите земји членки, а унгарскиот премиер Виктор Орбан отворено се спротивставуваше на секој механизам што би можел директно или индиректно да се потпира на руските средства. Сепак, компромис беше постигнат: Унгарија, Словачка и Чешка се согласија да не ја блокираат шемата, под услов таа да нема финансиско влијание врз нив.Еден дипломат од ЕУ оцени дека со ова Орбан практично извојувал дипломатска победа.„Орбан го доби она што го сакаше: нема заем за репарација. И акција на ЕУ без учество на Унгарија, Чешка и Словачка“, рече дипломатот.И покрај тоа, лидерите јасно ставија до знаење дека руските средства ќе останат замрзнати сè додека Москва не плати воена отштета за штетите нанесени на Украина. Во такво сценарио, тие пари би можеле да се искористат за враќање на заемот што сега го обезбедува ЕУ.„Ова е добра вест за Украина и лоша вест за Русија и тоа беше нашата намера“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.Влогот за донесување одлука беше исклучително висок. Според проценките на европските претставници, без нова финансиска поддршка од Брисел, Украина би останала без средства веќе во вториот квартал од следната година – сценарио што, според стравувањата во ЕУ, би можело да доведе до пораз на Киев и дополнително да ја зголеми безбедносната закана од Русија за целиот блок.„Едноставно не можеме да си дозволиме неуспех“, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.На самитот учествуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој повторно апелираше замрзнатите руски средства целосно да се стават во функција на одбраната на неговата земја.„Одлуката што сега е на маса – одлуката целосно да се користат руските средства за одбрана од руска агресија – е една од најјасните и морално оправданите одлуки што некогаш би можеле да се донесат“, изјави Зеленски.Одлуката за задолжување доаѓа и во поширок политички контекст, откако американскиот претседател Доналд Трамп неодамна јавно ги критикуваше европските земји како „слаби“, што дополнително ја зајакна потребата ЕУ да покаже политичка тежина, единство и способност самостојно да дејствува.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: Одиме на преговори со Американците, но не го даваме Донбас

Нови преговори меѓу Украина и Соединетите Американски Држави, насочени кон изнаоѓање решение за ставање крај на војната, ќе се одржат утре и задутре во САД, најави украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Во петок и сабота нашиот тим ќе биде во САД. Веќе се на пат, а Американците ги очекуваат таму. Не знам дали ќе има и други учесници, можно е да присуствуваат и Европејци“, изјави Зеленски пред новинарите, без да прецизира кој ќе ја сочинува украинската делегација.Овие разговори ќе се одржат во пресрет на најавената средба меѓу руски и американски претставници, која, според функционер од Белата куќа, треба да се одржи за време на викендот на Флорида. Од Белата куќа засега нема официјални информации за составот на руската и американската делегација.Според порталот „Политико“, САД на тие разговори ќе ги претставуваат специјалниот пратеник за Украина Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Од руска страна, пак, се очекува учество на пратеникот на Кремљ за економски прашања Кирил Дмитриев.Зеленски повтори дека позицијата на Москва е јасна и непроменета.„Сите го знаеме ставот на Русија – тие сакаат да го заземат целиот Донбас, а во моментов бараат ние да се повлечеме од тој регион“, изјави украинскиот претседател.Индустрискиот регион Донбас ги опфаќа Луганската област, која е речиси целосно под контрола на Русија, и Доњецката област, од која околу 20 проценти сè уште се под контрола на украинската армија.

Свет | пред 3 месеци

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Фон дер Лајен решителна: Нема да си заминам од Брисел без решение за финансирање на Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека нема намера да си замине од денешниот самит на лидерите на Европската унија во Брисел без конкретно решение за финансирањето на Украина.По пристигнувањето во седиштето на ЕУ, Фон дер Лајен порача дека Унијата мора итно да најде начин како да го затвори финансискиот јаз со кој се соочува Украина, нагласувајќи дека станува збор за клучно прашање не само за Киев, туку и за европската безбедност.„Имаме една крајна цел на овој самит – мир за Украина, но мир со сила. За тоа, Украина мора да има сигурно финансирање најмалку за наредните две години“, изјави Фон дер Лајен.Таа истакна дека на маса веќе се ставени две опции за обезбедување на потребните средства, без да навлегува во сите детали, но јасно порача дека Европската унија веќе презела обврска да ѝ помогне на Украина во покривање на нејзините финансиски потреби.Во однос на таканаречениот репарациски заем, Фон дер Лајен нагласи дека, доколку се постигне договор за ваков модел, ризиците од аранжманот мора да бидат рамномерно поделени меѓу сите земји членки на Европската унија. Со ова таа го повтори ставот што претходно го изнесе и белгискиот премиер Барт де Вевер.Инаку, на 3 декември, Фон дер Лајен официјално го претстави предлогот на Европската комисија за репарациски заем за Украина, кој би се финансирал преку користење на замрзнатата руска имотна маса. Предлогот предизвика силни политички дебати во рамки на Унијата, особено околу правните и финансиските ризици од ваквиот чекор.Денешниот самит се смета за клучен момент во обидите на Европската унија да постигне единствен став околу идната финансиска и безбедносна поддршка за Украина, во услови на продолжен воен конфликт и зголемени геополитички тензии.

Свет | пред 3 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски предупредува: Без одлука на ЕУ за замрзнатите руски средства, Украина ќе се соочи со сериозни проблеми

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе се соочи со сериозни проблеми доколку Европската унија не донесе одлука за користење на замрзнатите руски средства, јавуваат светските медиуми.Зеленски изјавата ја даде пред новинарите за време на летот кон Брисел, каде што учествува на самитот на лидерите на Европската унија. Тој посочи дека средствата од евентуален репарациски заем, доколку се донесе позитивна одлука, би можеле да се користат и за обновата на Украина по завршувањето на војната.„Денес, кога зборуваме за репарации, не го ограничуваме разговорот само на обновата. Ова е војна и тие средства ни се неопходни за одржување на армијата и за поддршка на домашното одбранбено производство. Тоа вклучува европски системи, но и американски противвоздушни ракети“, изјави Зеленски.Тој додаде дека, доколку се донесе позитивна одлука, Украина е подготвена средствата да ги користи и за воени цели. Во случај на завршување на војната, по постигнување дипломатски договор, парите би биле целосно пренасочени кон обновата на земјата.Зеленски нагласи дека Соединетите Американски Држави изразиле подготвеност да помогнат во финансирањето на обновата, иако засега нема конкретни детали, додека Европа, како што рече, континуирано ја отвора оваа тема.„Одлуката за користење на замрзнатата руска имотна маса на крајот зависи од политичката волја. Без таа политичка волја, Украина ќе се соочи со сериозни потешкотии“, порача украинскиот претседател.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања