„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
4 нед.
media-libraryn1dn1p38llk9fWdCRaE

Герасимовски: Општина Центар го расчистува снегот, фрлени 15 тони сол, механизацијата е на терен

Службите на Општина Центар од утринава се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот. Фрлени се 15 тони сол на коловозите, со приоритет на најкритичните точки. Механизацијата интервенира на пристапите кон Водно, каде што се расчистува снегот и се фрла сол.Паралелно се чистат тротоарите и пешачките патеки, како и просторот околу здравствените установи,  училиштата и градинките, за безбедно движење на граѓаните и учениците.Општина Центар ги повикува граѓаните да пријавуваат критични точки  со цел службите веднаш да интервенираат и да го расчистат теренот, на телефоните: 075 219 068, 076 313 381 и 075 476 768.„Нашите служби се постојано на терен. Имаме доволни залихи на сол, а механизацијата го расчистува снегот на местата кои се под наша надлежност“,  рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarylmjjohg7e51cb4eGzeh

Судиското здружение бара почитување на презумпцијата на невиност на Ѓоко Ристов и заштита на угледот на чесните судии

Здружението на судии на Република Северна Македонија соопшти дека внимателно ги следи настаните поврзани со приведувањето на судија од Апелациониот суд во Скопје и изрази јасна поддршка за надлежните институции во борбата против организираниот криминал и корупцијата, вклучително и сузбивањето на корупцијата на највисоко ниво.Во соопштението се наведува дека се очекува надлежните органи да спроведат темелна, прецизна и транспарентна истрага, со целосно утврдување на сите релевантни факти и околности, како и евентуалната инволвираност на други лица, доколку таа постои. Од Здружението нагласуваат дека истрагата мора да се води без селективност и со доследно почитување на законските процедури.Здружението јасно и недвосмислено се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција кој со незаконско постапување го нарушува угледот и интегритетот на судскиот систем. Воедно, се потенцира дека ваквите појави не смеат да се генерализираат и да се поврзуваат со судиите кои чесно, професионално и одговорно ја извршуваат својата функција, а кои, како што се наведува, претставуваат огромно мнозинство во судството.Од Здружението бараат целосно почитување и заштита на угледот и достоинството на чесните судии и повикуваат на воздржаност од генерализации кои дополнително ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем. Се оценува дека истиот принципиелен и одговорен пристап треба да важи и за сите други општествени чинители и функционери склони кон коруптивно однесување, бидејќи токму ваквите појави со години придонесуваат за ерозија на довербата во институциите и во системот во целина.Здружението на судии нагласува дека останува посветено на јакнењето на владеењето на правото, независноста и интегритетот на судството, како и на враќањето на довербата на граѓаните во правдата и институциите. Во соопштението се потсетува и на уставното начело на презумпција на невиност, кое мора доследно да се почитува во секоја постапка, како еден од темелните принципи на правната држава.Во актуелниот момент, според Здружението, на граѓаните не им е потребен сензационализам, ниту од страна на органите на прогонот, ниту од политичките структури, туку достоинствен пристап, неселективност, отчетност и целосно почитување на човековите права и европските вредности кон кои се стреми државата.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryfn1936rtrvc45QJkT4A

Мобилизирани се сите служби - Кисела Вода се справува со снежните наноси!

По снежните врнежи кои го зафатија цело Скопје, Општина Кисела Вода од раните утрински часови спроведува интензивни активности за чистење и одржување на патната инфраструктура со цел обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.Активиран е Кризниот штаб на Општина Кисела Вода, кој е во постојана комуникација со сите надлежни служби и ја координира работата на терен, овозможувајќи ефикасно справување со зимските услови.Со целосно ангажирана и расположлива механизација, камиони и екипи, континуирано се работи на расчистување на снегот и посипување сол на критичните точки каде што е евидентирана појава на мраз. Во моментов, активностите се одвиваат во населбите Припор, Пинтија и Драчево, како и пред градинките, училиштата и автобуските постојки.Ангажирани се сите сезонски работници, а екипите се постојано присутни на терен за навремено да одговорат на сите пријави и состојби кои би можеле да го отежнат сообраќајот и секојдневното функционирање.Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за зголемена внимателност при движењето и почитување на сообраќајните правила, додека општинските служби продолжуваат со активностите сè до целосна стабилизација на состојбата.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
putin-2

Трамп за Путин: Тој е светски лидер, Макрон никому не му е потребен

Американскиот претседател Доналд Трамп објасни зошто го поканил рускиот претседател Владимир Путин да се приклучи на Советот за мир.„Тој е еден од луѓето, еден од светските лидери. Да“, изјави Трамп пред новинарите, одговарајќи на прашање дали може да го потврди повикот упатен до неговиот руски колега.Трамп се осврна и на информациите дека францускиот претседател Емануел Макрон размислува да го одбие повикот за приклучување кон Советот за мир. Американскиот лидер изјави дека Макрон „никому не му е потребен“ во таа структура и дека наскоро ќе ја напушти претседателската функција.„Емануел? Го сакам, но нема уште долго да биде таму“, рече Трамп.Тој и претходно говореше за формирањето на Советот за мир и упати покани до лидерите на повеќе држави да се приклучат кон иницијативата.Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, потврди дека Владимир Путин официјално го примил повикот.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryc2cq4fqrcjlb8IfZOTv

(Фото) Се расчистуваат пешачките патеки и дрвцата низ Скопје од снегот

По утринските снежни врнежи што го зафатија подрачјето на Скопје, теренските екипи на ЈП Паркови и зеленило веднаш беа мобилизирани и излегоа на терен со цел расчистување на снегот од пешачките патеки покрај булеварите и во парковите низ градот.Од јавното претпријатие информираат дека паралелно со расчистувањето на патеките, екипите вршат и отстранување на снегот од дрвјата и грмушките во зелените површини, со што се спречува оштетување на вегетацијата и се зголемува безбедноста на граѓаните.Интервенциите се спроведуваат во сите реонски делови на Скопје, а од „Паркови и зеленило“ најавуваат дека состојбата ќе продолжи внимателно да се следи и во текот на денот, со цел навремено реагирање доколку снежните услови го наложат тоа.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

СДСМ: Ќе одговори ли ВМРО за честитката на Додик

Да ја прашаме ВМРО што сега има да каже во врска со честитањето на нивниот Милорад Додик за Богојавление? По обидот за исмејување на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дури и на голем верски празник Богојавление, бидејќи за ВМРО не постои свет ден, и по соопштението со кое беше објаснето дека ВМРО воопшто не ја познава православната традиција, следеше нов напад со навреди без никаква основа, велат од СДСМ„Ова е специфично за препишувачка школа на ВМРО и за нивните црни кампањи.Дали сега може ВМРО да ни одговори дали нивниот Додик „е изгубен во простор и време“, дали е „Грегоријански Додик“?Ааа, не може.Затоа што Стоилковиќ, првиот човек на Мицкоски, слави со него и со Ноќните волци, па не им оди сега него да го напаѓаат за да докажат дека се во право.Што правиме сега?“, се додава во соопшетнието.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryd87p22ebs5ul3cqxLxS

Храброст на дело: Даниел Раевски влезе во Вардар за Водици и спаси човечки живот

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, јавно го пофали спасувачот Даниел Раевски за неговата храбра и навремена интервенција за време на централниот настан по повод Богојавление – Водици во Скопје, кога од студените води на Вардар беше извлечен давеник.„Има нешто во тоа што е од Бутел, има и во тоа што порасна во Таеквондо Клуб Бутел, има нешто и што сега вежба во Џудо клуб Радишани, а највеќе има во тоа што е храбро, чесно и добро момче! За Водици спаси човечки живот! Браво јунак! Браво Даниел!“, објави Костовски на социјалните мрежи.Раевски, кој е волонтер и спасувач на Црвениот крст, со брзи, прецизни и решителни реакции, успеа да интервенира и да помогне во извлекувањето на лицата кои се бореа со водата, покажувајќи исклучителна смелост и хуманост на дело.Иако градоначалникот упати јавна пофалба, дел од јавноста смета дека ваквиот чин заслужува и конкретно институционално признание, а не само убави зборови, па останува да се види дали Општина Бутел ќе преземе чекор и за официјално наградување на младиот спасувач.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
netanjahu

Нетанјаху го прифати повикот на Трамп за Одборот за мир за Газа

Израел и Азербејџан потврдија дека го добиле и го прифатиле повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучат на Одборот за мир за Газа, соопштија денеска официјални претставници на двете земји.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го прифати повикот на Трамп да се приклучи на оваа иницијатива, која, според најавите, би можела да биде проширена и за решавање на други меѓународни конфликти, објави кабинетот на Нетанјаху на социјалната мрежа Икс.И Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека земјата го прифатила повикот на Трамп за приклучување кон Одборот за мир.„Азербејџан, како и секогаш, е подготвен активно да придонесе за меѓународната соработка, мирот и стабилноста“, се наведува во соопштението.Азербејџан и Ерменија речиси четири децении беа во конфликт околу планинскиот регион Нагорно-Карабах, а минатиот август постигнаа мировен договор со посредство на Соединетите Американски Држави, по средба со Трамп во Белата куќа.Вчера, кон Одборот за мир на Трамп се приклучи и ерменскиот премиер Никол Пашињан.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
evra

ВРЕДИ: 350 илјади евра кај апелационен судија не се инцидент, туку доказ за заробена правда

„Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор. Но, овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се сомнева дека се нелегални пари, ова не е индивидуален скандал. Ова е лицето на заробената правда“ соопштија утринава од Коалицијата ВРЕДИ.ВРЕДИ потсетува дека „Ристов, заедно со нон грата судијата Енвер Беџети, беа дел од одлуките што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков, симболот на заробената држава. Во истиот контекст, Артан Груби, бегалец од правдата, исто така беше санкциониран нон грата. Тука нема случајност. Има шема. Има штит. Има чадор“.„Затоа, главното прашање не е само што ќе се случи со Ристов. Прашањето е кој го заштитил Ристов, а кого Ристов заштитил. Граѓаните имаат право да знаат во колку случаи Ристов и Беџети дејствувале, во колку случаи одлучувале за притвор, финансиски гаранции, одложувања или застарувања и кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди, бегство од одговорност или тивки „амнестии“ за моќни луѓе. Куќниот притвор не смее да се претвори во удобен одмор, додека системот продолжува со истото. Истрагата мора да оди до крајот на синџирот, со целосна контрола на одлуките, следење на имотот и конкретна одговорност, со имиња и презимиња“ – велат од ВРЕДИ.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library11eup84q6v8c2MivoIw

Затворен правецот Велес–Скопје кај Отовица, укината забраната за тешки моторни возила кај Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, со остатоци од снег на коловозите, информира АМСМ. Утрово во 08:25 часот е укината забраната за сообраќај на тешки моторни возила на планинскиот премин Ѓавато, на патниот правец Битола–Ресен.Од 09:16 часот, поради расчистување на снегот, целосно е затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно на патниот правец Велес–Скопје, за сите видови возила.Во сила остануваат забраните за сообраќај на тешки товарни возила на планинските премини Стража, Плетвар, Пресека, Маврово–Дебар–Струга, како и на граничниот премин Ќафасан.АМСМ потсетува дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.Од АМСМ апелираат на внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево, каде постои зголемен ризик од одрони.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library3b6b4kd9rgua7ZKQ65A

(Фото) Од синоќа се расчистува снегот во Охрид

По синоќешните снежни врнежи, дежурните екипи на ЈП Охридски Комуналец се целосно мобилизирани и од раните утрински часови дејствуваат на терен со целокупната расположлива механизација и човечки ресурси.Од јавното претпријатие информираат дека расчистувањето на снежната покривка се одвива согласно утврдените приоритети, при што најнапред се интервенира во повисоките населени места, на главните сообраќајници, пешачките зони, како и на пристапните патеки до објекти од витално значење.Состојбата на теренот, како што наведуваат од „Охридски Комуналец“, будно се следи во текот на целиот ден, а екипите ќе продолжат да интервенираат секаде каде што ќе се појави потреба, со цел да се обезбеди безбедно и непречено функционирање на градот во зимски услови.

Охрид | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarytsnmq65778hk1CLKy2j

(Фото) Во Аеродром „се мете“ снегот од пешачките патеки

Зимската служба на Општина Аеродром била активирана рано утрово и започна со превентивно дејствување на сите сообраќајници и пешачки површини, со цел да се обезбеди безбедно и непречено движење на возилата и пешаците во зимски услови, соопшти општината.Од општината информираат дека активностите се реализираат согласно утврдениот план за работа, при што приоритет има критичната инфраструктура, меѓу која се болниците, училиштата, градинките и другите објекти од јавен интерес.Надлежните служби постојано ја следат состојбата на терен и, како што наведуваат од општината, се подготвени навремено да реагираат со сите расположливи ресурси доколку состојбите го наложат тоа.Воедно, од Општина Аеродром упатија апел до граѓаните, управителите на станбени згради и деловните субјекти да ја почитуваат законската обврска и навремено да ги исчистат снегот и мразот пред своите влезови и објекти, со цел заеднички да се придонесе за поголема безбедност и непречено движење во текот на зимскиот период.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Авинот на Трамп тргна за Давос, па се врати поради дефект

Претседателскиот авион кој летал кон Давос, Швајцарија, со американскиот претседател Доналд Трамп, се вратил изминатата ноќ во Мериленд, помалку од еден час по полетувањето, поради „помал проблем со електричната инсталација“, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.Како што пренесува телевизијата Си-Би-Ес, Трамп отпатувал за Давос со друг авион околу еден час подоцна.Ливит им изјави на новинарите во претседателскиот авион дека по полетувањето од заедничката база „Ендрјус“, екипажот идентификувал „помал електричен проблем“ и, од претпазливост, одлучил авионот да се врати во базата.Авионот слетал назад во базата во 23:07 часот по локално време, по што Трамп се префрлил во друг авион, кој полетал кон Давос околу полноќ.Новинарите што се наоѓале во авионот изјавиле дека светлата во кабината за медиуми накратко се изгаснале веднаш по полетувањето.Трамп во Давос треба да учествува на Светскиот економски форум, каде што се очекува да се обрати денеска, кратко по слетувањето.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarym8v51ht4qr8l4VD8FeB

(Видео) Подмрзнати патишта, заглавени камиони на Плетвар - возете внимателно

Дел од патиштата низ државата утрово беа блокирани, подмрзнати, недорасчистени. Возачи јавиваат дека околу 09 часот, кога возеле низ овие делници, патиштата биле тешко проодни. Па така, ова е состојбата од Кичево кон Пресека утрово во 09 часот.Ова е состојбата со снегот после велешка патарина.На Плетвар има десетина заглавени камиони, по снежните наноси (09:00)Утрово подмрзнато и на скопската ОбиколницаПоследна информација:

Настани | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryvo7fdftn3834cN2bNsd

(ФОТО) Додека Иран крвари, децата на режимот се луксузираат

Додека иранските безбедносни сили брутално ги задушуваат протестите и има убиени, децата и роднините на врвот на режимот на социјалните мрежи објавуваат фотографии од јахти, приватни авиони, луксузни автомобили и скапи патувања – како ништо да не се случува.За народот интернетот е забранет, но не и за децата на видните личности. Дел од фотографиите од Инстаграм ги објави nova.rs.За многу Иранци, овие слики се симбол на длабоката неправда: систем во кој народот плаќа со страв, сиромаштија и репресија, а елитата живее без последици. Според официјалните власти, во немирите загинале најмалку 5.000 луѓе, додека независни извори говорат за над 16.000 жртви и десетици илјади уапсени.Потомците на моќниците, познати како „агазаде“, уживаат привилегии стекнати преку политичко влијание и корупција. Додека обичните граѓани ризикуваат апсење дури и за објава на интернет, децата на режимот јавно се фалат со раскошен живот, често живеејќи надвор од Иран.Во богатите квартови на северен Техеран, и покрај санкциите, елитата живее како во друг свет – со луксузни автомобили, кафулиња и бутици. Така се продлабочува јазот меѓу владејачката класа и народот, кој секојдневно ја плаќа цената на режимот.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryvn2f16iq6u36dfG7hFO

(Фото) Активиран кризен штаб во Скопје, екипите интензивно работат на расчистување на снегот

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градските служби од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на Град Скопје.Како што посочи Ѓорѓиевски, снегот во зимскиот период не претставува изненадување, но подготвеноста на институциите е обврска кон граѓаните. Со цел навремена и ефикасна реакција, активиран е кризен штаб кој функционира 24 часа дневно, со постојано следење на состојбата и детектирање на сите клучни и критични точки во градот.Според градоначалникот, безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет, а сите расположливи ресурси се ставени во функција за непречено одвивање на сообраќајот и нормално функционирање на градот во зимски услови.Воедно, беше упатен апел до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја приспособат брзината и начинот на возење на условите на патиштата.„Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа, Скопје може да се движи безбедно и во зимски услови“, порача градоначалникот.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
makron-tramp

Трамп: Го сакам Макрон, но нема да остане тука уште долго

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го одби повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да присуствува на состанокот на Г7 во Франција.На брифингот во Белата куќа, по повод годишнината од почетокот на неговиот втор претседателски мандат, Трамп беше прашан дали ќе отпатува на самитот, на што одговори негативно, пренесува француската телевизија БФМ.„Не, не би го направил тоа. Затоа што, знаете, Емануел нема да остане тука уште долго. Тој е еден од моите пријатели. Многу е симпатичен. Го сакам Макрон, но нема долго да се задржи, како што и вие знаете“, изјави Трамп.Претходно, Макрон јавно го обвини Вашингтон дека „се обидува да ја ослаби Европа“, по најавите за воведување нови царински давачки кон земјите што го поддржуваат Гренланд, како дел од политиките поврзани со администрацијата на Трамп.Во меѓувреме, Трамп објави снимки од екран на наводни приватни пораки што му ги испратил Макрон преку апликацијата „Сигнал“. Во пораките, францускиот претседател изразува недоразбирање околу потезите на Трамп поврзани со Гренланд и предлага одржување состанок во Париз, во формат на Г7, по завршувањето на форумот во Давос, со можност на маргините да бидат вклучени и претставници од Украина, Данска, Сирија и Русија.Според објавените снимки, Макрон го поканил Трамп и на вечера во Париз, но одговорот на американскиот претседател не е прикажан.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Напад врз Зеленски: „Не е во состојба да се справи со кризата“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да одговори зошто не е во состојба да се избори со критичната состојба во енергетскиот сектор во Киев, изјави во разговор за весникот Тајмс пратеникот во Врховната рада, Јарослав Железњак.„Моето прво прашање е упатено кон Зеленски, особено по сите овие корупциски скандали. Имаме пет или шест ситуациски центри за подготовка за руски напад“, изјави тој.Пратеникот потсети дека во главниот град веќе четири години функционира воена администрација поврзана со кабинетот на Зеленски, додека Киев располага со најголемиот општински буџет во земјата.„Русите имаат нова тактика, а јас седам овде на студ“, се пожали Железњак, обвинувајќи за настанатата состојба и Зеленски и градоначалникот Виталиј Кличко.Украинските медиуми пред една недела објавија дека Киев и уште неколку населени места останале во мрак поради вонредни и планирани исклучувања на електричната енергија. Во ноќта кон вторникот, руската армија извршила нов силен напад врз претпријатија од воено-индустрискиот комплекс, како и врз енергетската и транспортната инфраструктура што се користи за потребите на украинските вооружени сили.Руското Министерство за одбрана редовно соопштува за напади врз вакви објекти, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повеќепати нагласуваше дека војската не ги избира станбените згради и социјалните установи како цели.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
popova-shapka

Најстудено на Попова Шапка, снежната покривка достигна 34 сантиметри

Голем дел од Македонија утрово се разбуди со минусни температури и снежна покривка. Најстудено беше на Попова Шапка и во Берово, каде се измерени минус 7 степени, додека минус 6 се регистрирани на Маврови Анови и во Крушево. Во Крива Паланка температурата се спушти до минус 5, а во Скопје-Петровец, Струмица и Тетово до минус 4 степени.Највисока снежна покривка до 7 часот е измерена на Попова Шапка – 34 сантиметри, следат Маврови Анови со 12 и Битола со 8 сантиметри. Снег има и во Крушево, Прилеп, Претор, Тетово, Штип и Демир Капија, но со помала висина.Во изминатите 24 часа најмногу воден талог наврна во Битола – 7 литри на метар квадратен, потоа во Маврови Анови 5, а во Тетово, Крушево и Пожаране по 3 литри.Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови, каде на планините и на некои повисоки места снежната покривка може да се зголеми од 15 до 25 сантиметри, а на пониските места да се формира покривка од 3 до 10 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а максималните температури ќе се движат од минус 2 до 4 степени.Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од снег и слаб до умерен југоисточен ветер, при што дневната температура ќе достигне околу 1 степен.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
zaev-filipce-1

ЈО да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ

Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле. Кризните ситуации и состојби во државата ги претворале во можност и шанса за нивно богатење, наместо да работат за да им помогнат и олеснат на граѓаните, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ„Така и во ек на вонредна состојба за време на ковид пандемијата, Филипче и Заев наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, политичката моќ ја користеле за да ја преземат приватната болница Жан Митрев.Ова го потврди самиот др. Жан Митрев, кој во своето јавно сведоштво ја разоткри вистината за начинот на кој со притисоци, уцени и злоупотребата институциите Заев и Филипче ја водеа државата за свои лични интереси.Тандемот Филипче-Заев сакале сами да ја одредат вредноста на болницата, а за возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев, што е класична уцена и злоупотреба на власта.Овие обвинувања за кланот Заеви и чуварот на фотелјата на СДС, се надоврзуваат на долгата низа сомнежи за злоупотреби на системот за бенефиции и придобивки, како и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции и што ли уште не.Ова не е политика наменета за граѓаните и државата, туку е мафијашки модел на дејствување за лични клановски придобивки.И денес Филипче се обидува да се претстави како ново лице на политичката сцена, но всушност е човек обременет со своето минато кој само седи на партиското столче на Заев и ги спроведува истите политики, со истите луѓе, истите шеми и истата злоупотреба.Оттука се поставува едноставно прашање, на кое и Филипче и СДС треба да дадат јасен одговор. Дали човек со ваков сериозен багаж на скандали, сомнежи и тврдења за злоупотреба на власта може да има кредибилитет да води партија?Но, наместо одговорност и повлекување, сведоци сме на уште поголема ароганција и молк од Филипче, затоа сега правдата е таа која треба да зборува.Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи за мафијашките притисоци, уцени и користењето државата и институциите од страна на Филипче и Заев за приватни, односно, за остварување на клановските цели.Не треба да има недопирливи, законот треба да важи подеднакво за сите“, се вели во сооштението.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања