„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
4 нед.
makron-tramp

Трамп: Го сакам Макрон, но нема да остане тука уште долго

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го одби повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да присуствува на состанокот на Г7 во Франција.На брифингот во Белата куќа, по повод годишнината од почетокот на неговиот втор претседателски мандат, Трамп беше прашан дали ќе отпатува на самитот, на што одговори негативно, пренесува француската телевизија БФМ.„Не, не би го направил тоа. Затоа што, знаете, Емануел нема да остане тука уште долго. Тој е еден од моите пријатели. Многу е симпатичен. Го сакам Макрон, но нема долго да се задржи, како што и вие знаете“, изјави Трамп.Претходно, Макрон јавно го обвини Вашингтон дека „се обидува да ја ослаби Европа“, по најавите за воведување нови царински давачки кон земјите што го поддржуваат Гренланд, како дел од политиките поврзани со администрацијата на Трамп.Во меѓувреме, Трамп објави снимки од екран на наводни приватни пораки што му ги испратил Макрон преку апликацијата „Сигнал“. Во пораките, францускиот претседател изразува недоразбирање околу потезите на Трамп поврзани со Гренланд и предлага одржување состанок во Париз, во формат на Г7, по завршувањето на форумот во Давос, со можност на маргините да бидат вклучени и претставници од Украина, Данска, Сирија и Русија.Според објавените снимки, Макрон го поканил Трамп и на вечера во Париз, но одговорот на американскиот претседател не е прикажан.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Напад врз Зеленски: „Не е во состојба да се справи со кризата“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да одговори зошто не е во состојба да се избори со критичната состојба во енергетскиот сектор во Киев, изјави во разговор за весникот Тајмс пратеникот во Врховната рада, Јарослав Железњак.„Моето прво прашање е упатено кон Зеленски, особено по сите овие корупциски скандали. Имаме пет или шест ситуациски центри за подготовка за руски напад“, изјави тој.Пратеникот потсети дека во главниот град веќе четири години функционира воена администрација поврзана со кабинетот на Зеленски, додека Киев располага со најголемиот општински буџет во земјата.„Русите имаат нова тактика, а јас седам овде на студ“, се пожали Железњак, обвинувајќи за настанатата состојба и Зеленски и градоначалникот Виталиј Кличко.Украинските медиуми пред една недела објавија дека Киев и уште неколку населени места останале во мрак поради вонредни и планирани исклучувања на електричната енергија. Во ноќта кон вторникот, руската армија извршила нов силен напад врз претпријатија од воено-индустрискиот комплекс, како и врз енергетската и транспортната инфраструктура што се користи за потребите на украинските вооружени сили.Руското Министерство за одбрана редовно соопштува за напади врз вакви објекти, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повеќепати нагласуваше дека војската не ги избира станбените згради и социјалните установи како цели.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
popova-shapka

Најстудено на Попова Шапка, снежната покривка достигна 34 сантиметри

Голем дел од Македонија утрово се разбуди со минусни температури и снежна покривка. Најстудено беше на Попова Шапка и во Берово, каде се измерени минус 7 степени, додека минус 6 се регистрирани на Маврови Анови и во Крушево. Во Крива Паланка температурата се спушти до минус 5, а во Скопје-Петровец, Струмица и Тетово до минус 4 степени.Највисока снежна покривка до 7 часот е измерена на Попова Шапка – 34 сантиметри, следат Маврови Анови со 12 и Битола со 8 сантиметри. Снег има и во Крушево, Прилеп, Претор, Тетово, Штип и Демир Капија, но со помала висина.Во изминатите 24 часа најмногу воден талог наврна во Битола – 7 литри на метар квадратен, потоа во Маврови Анови 5, а во Тетово, Крушево и Пожаране по 3 литри.Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови, каде на планините и на некои повисоки места снежната покривка може да се зголеми од 15 до 25 сантиметри, а на пониските места да се формира покривка од 3 до 10 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а максималните температури ќе се движат од минус 2 до 4 степени.Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од снег и слаб до умерен југоисточен ветер, при што дневната температура ќе достигне околу 1 степен.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
zaev-filipce-1

ЈО да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ

Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле. Кризните ситуации и состојби во државата ги претворале во можност и шанса за нивно богатење, наместо да работат за да им помогнат и олеснат на граѓаните, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ„Така и во ек на вонредна состојба за време на ковид пандемијата, Филипче и Заев наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, политичката моќ ја користеле за да ја преземат приватната болница Жан Митрев.Ова го потврди самиот др. Жан Митрев, кој во своето јавно сведоштво ја разоткри вистината за начинот на кој со притисоци, уцени и злоупотребата институциите Заев и Филипче ја водеа државата за свои лични интереси.Тандемот Филипче-Заев сакале сами да ја одредат вредноста на болницата, а за возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев, што е класична уцена и злоупотреба на власта.Овие обвинувања за кланот Заеви и чуварот на фотелјата на СДС, се надоврзуваат на долгата низа сомнежи за злоупотреби на системот за бенефиции и придобивки, како и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции и што ли уште не.Ова не е политика наменета за граѓаните и државата, туку е мафијашки модел на дејствување за лични клановски придобивки.И денес Филипче се обидува да се претстави како ново лице на политичката сцена, но всушност е човек обременет со своето минато кој само седи на партиското столче на Заев и ги спроведува истите политики, со истите луѓе, истите шеми и истата злоупотреба.Оттука се поставува едноставно прашање, на кое и Филипче и СДС треба да дадат јасен одговор. Дали човек со ваков сериозен багаж на скандали, сомнежи и тврдења за злоупотреба на власта може да има кредибилитет да води партија?Но, наместо одговорност и повлекување, сведоци сме на уште поголема ароганција и молк од Филипче, затоа сега правдата е таа која треба да зборува.Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи за мафијашките притисоци, уцени и користењето државата и институциите од страна на Филипче и Заев за приватни, односно, за остварување на клановските цели.Не треба да има недопирливи, законот треба да важи подеднакво за сите“, се вели во сооштението.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

Чекор поблиску до ЕУ: Македонија воведува „роаминг како дома“ без дополнителни трошоци

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура и истите се објавени на ЕНЕР. Со овие измени, Македонија ги исполнува правните обврски за усогласување со европските стандарди во областа на роамингот, со јасна цел – повеќе заштита, поголема транспарентност и пониски и предвидливи трошоци за граѓаните при користење мобилни услуги во роаминг во земјите членки на Европската Унија.Република Македонија веќе е дел од регионалниот договор за роаминг во Западен Балкан, со кој граѓаните користат мобилни услуги во земјите од регионот под услови како дома, без дополнителни роаминг-трошоци.Со измените и дополнувањата на ЗЕК се создаваат услови за воспоставување јасни правила за ограничување на цените на роаминг услугите, зголемена заштита на корисниците преку транспарентно информирање и механизми за спречување на неочекувано високи трошоци и зајакнување на регулаторната улога на надлежните институции во областа на електронските комуникации, укинување на трошоците за роаминг при патување во земјите на ЕУ, зголемена правна сигурност и предвидливост на цените и олеснет пристап до дигитални услуги, е-услуги и мобилна комуникација во странство.Со предложените измени се врши усогласување со:Директива (ЕУ) 2018/1972 за донесување на Европски законик за електронски комуникации;Регулатива (ЕУ) 2022/612 за роаминг во јавни мрежи за мобилна комуникација во рамките на Унијата;Регулатива (ЕУ) 2016/2286 за фер користење и методологија за процена на одржливоста на укинувањето на дополнителните роаминг-надоместоци;Делегирана регулатива (ЕУ) 2021/654 за единствена максимална цена за завршување говорни повици во мобилни и фиксни мрежи;Регулатива (ЕУ) 2018/1971 за основање на Телото на европските регулатори за електронски комуникации (БЕРЕК) и Канцеларијата на БЕРЕК.Министерството за дигитална трансформација очекува дека Владата ќе го утврди текстот на законот до крајот на месецот, а во февруари тој ќе се најде во собраниска процедура и ќе биде усвоен.Со овој чекор, Министерството за дигитална трансформација и Владата ги исполнуваат условите за постигнување на исти трошоци за повици, пораки и интернет пакети за македонските граѓани, кога тие патуваат или престојуваат во ЕУ. По ова, ќе следува донесување на три подзаконски акти од Агенцијата за електронски комуникации, по што сите овие активности ќе бидат споделени со Европската комисија на нивна валидација.На овој начин, македонските граѓани ќе ги уживаат придобивките од единствената европска роаминг зона, без дополнителни непредвидени давачки и трошоци, на ист начин како граѓаните на ЕУ.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryr67t6ub0vka09Hu7rxH

Цената на златото вртоглаво расте

Цената на златото го продолжи растот и достигна нов рекорден максимум. Експертите велат дека ова е поради геополитичките тензии околу побарувачката на администрацијата на Трамп за Гренланд. Оваа неизвесност на им дозволува ризик на трговците и затоа се врзуваат за безбедни инвестиции.Моменталната цена на златото порасна за 1,8% на 4.762,47 долари за унца, додека фјучерсите за злато за февруари пораснаа за 3,7% на 4.766,01 долари/унца.Цената на инвестициското злато остана висока, бидејќи неизвесноста околу плановите на Трамп за Гренланд поттикна повеќе купување безбедни засолништа.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
sneg-skopje-2

Нема доволно возила за чистење, ама има за 161 тендер за ортаците на Орце и ВМРО, вели СДСМ

Орце и ВМРО ги изненади снег во јануари. Градот е парализиран, сообраќајакот е во хаос. Службите не функционираат, не можат со малку снег да се справат. Сега скопјани треба да чекаат да се стопи снегот по улиците за да се движат нормално, велат од СДСМ.„Нема доволно возила за чистење, ама има за 161 тендер за ортаците на Орце и ВМРО.Дали ова е „Safe city“?Затоа СДСМ инсистира на закон кој, како и сè друго, нема да биде злоупотребен од страна на ВМРО.Исто како што се злоупотребува и парите на граѓаните, кои преку тендери завршуваат во приватни џебови на ортаците на Мицкоски.Како што изгледа градот денес, така ќе изгледа и цела Македонија – блокирана од сите, поради политиките што се водат. Црна точка во Европа“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп со жестока закана до Иран: „Ако ми се случи нешто, од вас нема да остане ништо“

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека на континуираните закани за атентат врз него, кои доаѓаат од Техеран, ќе биде одговорено со целосно уништување на таа земја.„Не би требало да го прават тоа, но јас јасно им ставив до знаење. Што и да се случи, ќе ја дигнеме во воздух целата земја, целата држава ќе биде уништена. Имам многу цврсти инструкции – што и да се случи, ќе бидат збришани од лицето на земјата“, изјави Трамп за „Њуз нејшн“, пренесува „Хил“.Трамп претходно изјави дека оставил јасни инструкции САД да го уништат Иран доколку таа земја изврши атентат врз него.„Тие не го направија тоа и би било катастрофално за нив ако се осмелат. Не поради мене – ако го направат тоа, ќе бидат збришани. Тоа би бил крај. Оставив инструкции: ако го сторат тоа, ништо нема да остане“, нагласи Трамп.Тој предупреди и дека можноста за напад врз Иран е на маса поради антивладините протести во земјата, во кои, според него, биле убиени повеќе од 3.300 луѓе во судири со иранските безбедносни сили.Во меѓувреме, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги обвини САД дека коваат заговор против иранската влада и дека стојат зад протестите, тврдејќи дека Вашингтон се обидува да го „проголта Иран“.„Немаме намера да ја туркаме земјата во војна. Но, нема да им дозволиме на криминалците внатре во државата да дејствуваат неказнето. Уште полоши од внатрешните криминалци се меѓународните криминалци – и нив нема да ги пуштиме“, напиша Хамнеи во една од своите објави на социјалната мрежа Икс.Американските разузнавачки служби, како што беше објавено претходно, го информирале Трамп за наводни закани по неговиот живот за време на претседателската кампања во 2024 година. Поранешниот државен обвинител Мерик Гарланд изјави дека заговорот бил одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше ликвидиран од САД во 2020 година, за време на првиот мандат на Трамп.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Тошковски: 380 милиони евра откриена корупциска штета, криминалот на најниско ниво во 20 години

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско гостување истакна дека перцепцијата на граѓаните за работата на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на борбата против корупцијата, бележи двоцифрен пораст, што, како што нагласи, е директен резултат на засилените активности и резултатите што МВР ги остварува во изминатите година и пол до две.Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал за периодот 2023–2025 година, министерот посочи дека во 2023 година биле откриени 126 кривични дела, во 2024 година 206, а во 2025 година 290 кривични дела, што претставува пораст од околу 130 проценти. Овие бројки, како што истакна, целосно кореспондираат со перцепцијата на граѓаните дека МВР води сериозна и неселективна борба против корупцијата.Во однос на бројот на сторители, во 2023 година биле евидентирани 185 лица, во 2024 година 363, додека во 2025 година биле откриени 678 сторители поврзани со коруптивни кривични дела. Станува збор за кривични дела сторени во претходни години, но откриени во 2025 година, за кои се поднесени соодветни кривични пријави.Министерот нагласи дека највпечатливи се бројките поврзани со штетата нанесена на државниот буџет. Во 2023 година поднесените кривичните пријави се однесувале на вкупна штета од 5,7 милиони евра, во 2024 година на 24 милиони евра, додека во 2025 се поднесени кривични пријави дури за 380 милиони евра, што претставува зголемување од околу 66 пати во однос на 2023 година.Тошковски истакна дека ваквите резултати се производ на институционален пристап и координирана работа не само на МВР, туку и на другите надлежни институции во откривањето на корупцијата и економскиот криминал, меѓу кои и Агенцијата за национална безбедност и Финансиската полиција.Говорејќи за севкупната безбедносна состојба, министерот посочи дека 2025 година претставува историски најдобра година во последните 20 години по бројот на сторени кривични дела, со вкупно 17.972 регистрирани кривични дела. Дополнително, расветленоста на кривичните дела изнесува 67,2 проценти, што исто така претставува највисок процент во последните две децении.Министерот Тошковски упати јавна благодарност до полициските службеници за нивната професионалност и посветеност, нагласувајќи дека борбата против корупцијата и сите форми на криминал ќе продолжи со исто темпо, а фокусот на јавноста во наредниот период оправдано ќе биде насочен и кон постапувањето на обвинителството и судството, како клучни алки во системот на владеење на правото.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
46521701_915943555271155_3005162628164091904_n

„Или ќе излеземе сите, или ќе не снема еден по еден“: „Стоп за Усје“ повторно на протест

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, најавија дека денес во 18 часот, повторно излегуваат на улица затоа што, како што велат, воздухот што го дишеме е секој ден се поопасен за животот.Ќе ги блокираат раскрсницата на булеварот „Борис Трајковски“ и булеварот „Србија“ (правец кон Усје).Оваа блокада, велат, произлегува од итното барање на граѓаните- Здравјето пред профитот.,,Или ќе излеземе сите – или ќе не снема еден по еден ! Излези, затоа што Воздухот нема да се исчисти сам!“, е пораката упатена до скопјани.„Усје“ сè уште одбива да се постават мерни станици кои ние граѓаните ќе ги следиме нон-стоп 24/7. Сè дотогаш нема да им веруваме на сите што тврдат дека Усје не загадува.Бидејќи институциите не реагираат – ние граѓаните ќе мора повторно да го кренеме својот глас на блокадата”, велат од иницијативата и бараат мерната станица кај „Усје“ постојано да врши мерење и јавно прикажување на резултатите, а дополнително и да биде интегрирана во апликациите за мерење на квалитетот на воздухот.Од иницијативата велат дека нивните барања биле испратени до повеќе институции на 29 декември, но одговор сè уште нема.„Ова веќе не е институционален пропуст, ова е свесно игнорирање на јавното здравје и човековите права. Кога институциите молчат, граѓаните зборуваат. Кога нема одговори, има блокади. Затоа што немаме луксуз да чекаме додека се разболуваме и умираме! Ова е последно предупредување. Здравјето не е предмет за игнорирање. Воздухот не е привилегија. Молкот нема да помине“, стои во објавата.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
grip

Грипот зема замав, пикот доаѓа

Состојбата со сезонскиот грип во Северна Македонија бележи забележително зголемување на бројот на заболени во почетокот на оваа сезона. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во периодот од 5 до 11 јануари се регистрирани 2.322 случаи на грип и грипоподобни заболувања, што претставува раст од околу 36% во споредба со претходната недела и двојно повеќе од истиот период лани.Властите се уште не прогласија национална епидемија, но епидемиолозите предупредуваат дека вирусот е активен на средно до високо ниво. Очекувањата се дека пикот на сезоната може да се случи од крајот на јануари до средината на февруари.Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје упатија до граѓаните препораки за внимателност и превенција. Се советува редовно миење на раце, проветрување на простории и избегнување големи собири, особено за ризичните групи како што се децата, постарите лица и хронично болните.ИЈЗ посочува дека вирусот и понатаму ќе влијае на здравствениот систем и работната способност на населението, со можни зголемени посети кај матичните лекари. Зголемување на бројот на заболени се забележува не само во Скопје, туку и во Тетово и Куманово, што покажува дека вирусот се шири ширум земјата.Експертите апелираат до граѓаните да ги следат препораките за хигиена и да избегнуваат ризични средини за да се намали преносот на вирусот. Превенцијата и внимателноста се клучни додека грипот ја достигнува највисоката активност во тековната сезона

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library48s8tep9u6id4r04VEk

Трет ден од Светскиот економски форум во Давос, Мицкоски со порака: Македонија мора храбро да влезе во глобалната енергетска трка

Започна третиот ден од Светскиот економски форум во Давос, каде што Македонија ја претставува премиерот Христијан Мицкоски, кој вчера порача дека земјата не смее да остане на маргините на глобалните енергетски и економски промени и дека е неопходно храбро редефинирање на развојниот курс.По низата средби и дискусии, фокусот, како што истакна Мицкоски, бил ставен на енергетиката како клучен двигател на идниот економски раст. Тој учествуваше на панел за енергетика со американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и водечки претставници на светската енергетска индустрија, при што се разговарало за идниот развој на производството на електрична енергија и можностите за вклучување на Македонија во тој процес.Мицкоски нагласи дека глобалната побарувачка за електрична енергија ќе расте забрзано и дека Македонија мора активно да ги отвори замрзнатите енергетски проекти како Чебрен, Галиште и Бошков Мост, како и да го искористи потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на енергија, за кои веќе постои интерес од меѓународни инвеститори.Во текот на денот во Давос се одржуваат повеќе панели и обраќања на светски лидери, меѓу кои и најавеното обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп. Форумот, кој трае до 23 јануари, годинава обединува околу 3.000 учесници од 130 земји и се одржува под мотото „Духот на дијалогот“.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryfat0pm7kd8tpcRSKkfi

Строга контрола над никотинот: Нов предлог-закон за цигарите, загреаниот тутун и електронските цигари

Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува регулирање на сите никотински производи, вклучувајќи цигари, електронски цигари (со и без никотин), загреани тутунски производи, бездимни никотински производи, како и производи што го имитираат пушењето. Целта е да се регулира употребата и на новите никотински производи, имајќи предвид дека тие создаваат чад или аеросол со штетни материи, а според последните истражувања овие производи често полесно создаваат зависност.Исто така, предвидена е забрана за производство, увоз и продажба на никотински производи со: овошни, слатки, ментол, билни и други вкусови, за кои се смета дека ја олеснуваат првата употреба и ја забрзуваат зависноста. Ова претставува една од најсилните превентивни мерки и во европските земји.-Примарна цел на овој сегмент од законот е заштита на здравјето на младото население, за кое најновите истражувања покажуваат дека меѓу учениците на возраст од 13 до 15 години вкупно 9,0% моментално користат електронски цигари, додека 4,9% од учениците моментално користат тутунски производи кои се загреваат, а 10,6% пријавиле дека некогаш ги користеле, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.​Воедно, предлог-законот за заштита од пушење е усогласен со глобалните јавно-здравствени политики и со насоките на Светската здравствена организација преку рамковната конвенција за контрола на тутунот. Тој воспоставува сеопфатен систем што ги следи клучните принципи на конвенцијата: заштита од изложеност на чад, ограничување на маркетинг, промоција, спречување индустриско влијание преку спонзорства, контрола на достапноста и мерки за превенција и поддршка за откажување.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Забрани за тешки возила на повеќе планински превои, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива по влажни коловози, а за тешки товарни возила е воведена забрана за сообраќај на повеќе планински превои, информираат од АМСМ.Забраната за тешки товарни возила важи на превоите Плетвар, Ѓавато, Пресека, Маврово–Дебар–Струга, како и на граничниот премин Ќафасан. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од АМСМ потсетуваат дека до 15 март 2026 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без разлика на моменталните временски услови.Возачите се повикуваат на зголемена внимателност, прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои опасност од одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила до 31 март 2026 година.Воедно, на повеќе патни правци има времен изменет режим на сообраќај поради градежни активности. Измени има на Коридор 10 на делницата Прилеп–Битола, на скопската обиколница кај Волково и Кондово, на експресниот пат Крива Паланка–Страцин, како и на регионалните и магистралните патишта каде се изведуваат санации и рехабилитации, со сообраќај регулиран со сигнализација, знаменца или семафори.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
50234339_2307366386217032_5056187048772239360_n_2307366379550366

Снег во западните делови и планините, од сабота дожд и пораст на температурите

Облачно време со повремени локални врнежи од снег ќе преовладува денеска низ земјава. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови, каде што снежната покривка на планините и на некои повисоки места може да достигне и до 25 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а утринските температури ќе се движат од минус осум до минус два степена, додека дневните ќе достигнат од нула до шест степени.Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, минималната температура ќе се спушти до минус шест степени, а максималната ќе достигне до два степена.Во наредните денови следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини се очекува појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се најавуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
kurti-640x427

Курти од Давос: Србија подобро од кога било знае дека Косово е држава

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, кој престојува во швајцарски Давос по повод Светскиот економски форум, изјави дека Србија денес подобро од кога било ја разбира реалноста дека Косово е држава, иако и понатаму одбива формално да ја признае неговата независност, пренесува Анадолу.Во разговор со поранешниот британски дипломат и политичар Рори Стјуарт, Курти истакна дека, и покрај континуираното непризнавање, српските власти се свесни за променетата состојба на терен. Според него, од четирите соседи на Косово, три држави ја признале независноста, додека само Србија останува на спротивната позиција, без јасни индикации дека тоа наскоро ќе се промени.Курти предупреди дека Русија претставува закана за регионот, делувајќи преку Србија, оценувајќи дека соништата за повторно воспоставување доминација или враќање на стари имперски концепти мора да згаснат. Тој посочи дека, како што е невозможно оживувањето на руската империја, така е нереално и очекувањето за некакво враќање на Косово под српска контрола, бидејќи современата политичка реалност е значително изменета.Осврнувајќи се на состојбите во северниот дел на Косово, Курти рече дека пред пет или десет години таму не постоела ниту основна слобода за слободно движење или користење на албанскиот јазик, додавајќи дека денес ситуацијата е суштински поинаква.Тој повика на поголема солидарност во рамки на Европа и НАТО, истакнувајќи дека, според неговите оценки, Русија има за цел да ја поткопа и Европската унија и Алијансата, додека Кина настојува да ја достигне моќта на САД. Курти нагласи дека секој што му помага на соседот во обидите за дестабилизација индиректно придонесува за создавање проблеми и за Косово, предупредувајќи дека регионалната безбедност е тесно поврзана и меѓусебно зависна.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryqvnfgjgrrccdfvR4bOu

Заѕиданите 350.000 евра не се на судијата, родителите признале дека се нивни, вели неговиот бранител Давидовиќ

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој доби мерка куќен притвор, изјави дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е правно проблематична и не може да се примени врз судија. Во изјава за ТВ24, Давидовиќ посочи дека законската одредба на која се повикува Обвинителството се однесува на одговорни или службени лица во јавни установи, јавни претпријатија или органи што управуваат со државен имот, но дека судот не спаѓа во таа категорија.Според него, ваквата формулација не може да се применува ниту на судии, ниту на обвинители, што, како што рече, отвора сериозна правна дилема околу самата квалификација на делото. Давидовиќ нагласи дека клучниот доказ што Обвинителството постојано го истакнува се 350 илјади евра пронајдени во домот на родителите на Ристов, но дека тие средства, па според записникот од претресот, биле пријавени како нивни лични пари.„350 илјади евра, кои беа најдени кај неговите родители, кои на записникот, напишале дека се нивни лични средства, тоа го признава и обвинителката“, вели Давидовиќ.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarym0oj0kqq90jo48ymS1l

Зошто „piano black“ полека исчезнува од ентериерите на автомобилите

Сјајната црна пластика, позната како „piano black“, со години беше речиси неизоставен детал во ентериерите на модерните автомобили. Иако многу возачи не ја сакаат поради отпечатоците од прсти и гребаниците, производителите масовно ја прифатија од две главни причини – изгледа луксузно и релативно е евтина за производство.„Piano black“ остава силен впечаток во салоните, бидејќи високиот сјај делува елегантно и лесно се вклопува со која било боја на ентериерот. Уште на почетокот на минатата деценија, дизајнерите ја сметаа за трендовско решение, а таа беше присутна речиси на сите автомобилски саеми.Покрај естетиката, важна улога имаше и производствениот процес: во соработка со добавувачи како BASF, производителите успеаја да добијат висок сјај без класичниот процес на бојадисување и лакирање, што значително ги намали трошоците и ја забрза продукцијата, пишува Jalopnik.Сепак, маните на ваквите површини брзо станаа очигледни. Високиот сјај функционира како огледало – ја истакнува прашината, отпечатоците од прсти и дури и најситните гребаници.Парадоксално, секое бришење го зголемува ризикот од нови микрооштетувања, па сопствениците често влегуваат во маѓепсан круг на чистење.Дополнителна причина за ширењето на трендот со „piano black“ беше експанзијата на големите екрани во кабините. Исклучените дисплеи изгледаат слично на сјајната црна пластика, па околната декорација се користеше за да се постигне визуелно уедначен и модерен изглед на контролната табла.Сепак, се чини дека трендот полека се менува. Сè повеќе производители кај поновите модели се откажуваат од „piano black“ деталите, бидејќи сакаат потопол и попрактичен амбиент во кабината. Купувачите, едноставно, се уморни од постојаното полирање.Негативниот став кон „piano black“ завршната обработка не произлегува од тоа што станува збор за лош материјал, туку од фактот што високиот сјај не е благодарен во простор кој постојано се допира. Убав е на прв поглед, но тој впечаток трае многу кратко.Ако автомобилската индустрија навистина продолжи понатаму – малкумина ќе жалат по отпечатоците од прсти.

Магазин | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Поранешниот висок функционер на НАТО бара европска „црвена линија“ поради изјавите на Трамп

Европа мора да заземе значително поцврст став кон, како што ги оцени, „непријателските испади“ на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со Гренланд, истовремено нудејќи рамка за соработка што ќе вклучува економски и безбедносни договори. Ова го порача поранешниот дански премиер и поранешен генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, во авторски текст објавен во „Економист“.Расмусен потсети на долгогодишната воена поддршка што Данска ѝ ја давала на Америка, нагласувајќи дека данските војници со години учествувале во американските воени операции во Авганистан и Ирак. Тој наведе дека во периодот од 2002 до 2021 година, во 52 наврати, ковчези со посмртните останки на дански војници се враќале дома, откако тие ги загубиле животите борејќи се рамо до рамо со американските сили. Според него, Данска, гледано по глава на жител, претрпела поголеми загуби од речиси сите други членки на коалицијата предводена од САД, па дури и поголеми од самата Америка.Поранешниот дански премиер истакнува дека долго време ја сметал Америка за природен лидер на слободниот свет, како во периодот кога бил премиер, така и додека ја извршувал функцијата генерален секретар на НАТО. Сепак, според него, по изјавите и однесувањето на Трамп кон Данска, која ја нарече еден од најлојалните американски сојузници, „време е да се каже дека е доста“.Расмусен потенцира дека Гренланд не претставува закана за Соединетите Американски Држави и дека островот е заштитен од НАТО. Тој наведува дека секој обид на Русија или Кина да распоредат сили на Гренланд би наишол на заеднички одговор од Алијансата, а не само од данските вооружени сили. Потсети и на безбедносниот договор меѓу САД и Данска од 1951 година, со кој на американските сили веќе им е овозможено зголемување на присуството на островот, додавајќи дека на Вашингтон може да му се понудат и дополнителни економски можности, вклучително и инвестиции на американски компании во природните ресурси на Гренланд.Во текстот, Расмусен предупредува дека класичната дипломатија можеби нема да биде доволна во односот со Трамп. Според него, американскиот претседател верува дека може да го анектира Гренланд затоа што ја гледа Европа како поделена и немоќна, убеден дека на крајот ќе се остане само на зборови, додека САД ќе го добијат она што го сакаат.Тој ја повика Европската унија јасно да ги постави границите и најави дека, доколку се направи обид за промена на суверените европски граници, САД мора да се соочат со целосната сила на европската економска „базука“, преку сериозни ограничувања на увозот и извозот и исклучување на американските компании од европските јавни набавки.На крајот, Расмусен заклучува дека Европа има избор: или ќе одговори со сила и решителност на ваквите притисоци, или ќе биде принудена да прифати сè што ќе ѝ биде наметнато, предупредувајќи дека токму сега е моментот да се повлече јасна и непоместлива линија во „снегот на Гренланд“.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Нејасен одговор на Трамп за Гренланд ја вознемири јавноста

Американскиот претседател Доналд Трамп одби конкретно да одговори на прашањето колку далеку е подготвен да оди во намерата Соединетите Американски Држави да го преземат Гренланд, испраќајќи кратка, но вознемирувачка порака до јавноста.По обраќањето во Белата куќа со кое одбележа една година од враќањето на претседателската функција, Трамп одговараше на прашања од новинарите. За разлика од долгиот и содржаен говор, дел од одговорите беа куси и директни.На директното прашање колку е подготвен да оди далеку за да го оствари планот за преземање на Гренланд, Трамп одговори само: „Ќе дознаете“.Ваквата изјава дополнително ги засили шпекулациите и загриженоста кај европските сојузници, особено Данска и Гренланд, откако американскиот претседател во изминатиот период во повеќе наврати јавно ја доведе во прашање нивната контрола и суверенитет над островот. Кусата и двосмислена порака од Белата куќа се толкува како сигнал дека Вашингтон не се откажува од амбициите поврзани со Гренланд, оставајќи отворено прашање какви чекори би можеле да следат.

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања