ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
4 нед.
50234339_2307366386217032_5056187048772239360_n_2307366379550366

Снег во западните делови и планините, од сабота дожд и пораст на температурите

Облачно време со повремени локални врнежи од снег ќе преовладува денеска низ земјава. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови, каде што снежната покривка на планините и на некои повисоки места може да достигне и до 25 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а утринските температури ќе се движат од минус осум до минус два степена, додека дневните ќе достигнат од нула до шест степени.Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, минималната температура ќе се спушти до минус шест степени, а максималната ќе достигне до два степена.Во наредните денови следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини се очекува појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се најавуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
kurti-640x427

Курти од Давос: Србија подобро од кога било знае дека Косово е држава

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, кој престојува во швајцарски Давос по повод Светскиот економски форум, изјави дека Србија денес подобро од кога било ја разбира реалноста дека Косово е држава, иако и понатаму одбива формално да ја признае неговата независност, пренесува Анадолу.Во разговор со поранешниот британски дипломат и политичар Рори Стјуарт, Курти истакна дека, и покрај континуираното непризнавање, српските власти се свесни за променетата состојба на терен. Според него, од четирите соседи на Косово, три држави ја признале независноста, додека само Србија останува на спротивната позиција, без јасни индикации дека тоа наскоро ќе се промени.Курти предупреди дека Русија претставува закана за регионот, делувајќи преку Србија, оценувајќи дека соништата за повторно воспоставување доминација или враќање на стари имперски концепти мора да згаснат. Тој посочи дека, како што е невозможно оживувањето на руската империја, така е нереално и очекувањето за некакво враќање на Косово под српска контрола, бидејќи современата политичка реалност е значително изменета.Осврнувајќи се на состојбите во северниот дел на Косово, Курти рече дека пред пет или десет години таму не постоела ниту основна слобода за слободно движење или користење на албанскиот јазик, додавајќи дека денес ситуацијата е суштински поинаква.Тој повика на поголема солидарност во рамки на Европа и НАТО, истакнувајќи дека, според неговите оценки, Русија има за цел да ја поткопа и Европската унија и Алијансата, додека Кина настојува да ја достигне моќта на САД. Курти нагласи дека секој што му помага на соседот во обидите за дестабилизација индиректно придонесува за создавање проблеми и за Косово, предупредувајќи дека регионалната безбедност е тесно поврзана и меѓусебно зависна.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryqvnfgjgrrccdfvR4bOu

Заѕиданите 350.000 евра не се на судијата, родителите признале дека се нивни, вели неговиот бранител Давидовиќ

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој доби мерка куќен притвор, изјави дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е правно проблематична и не може да се примени врз судија. Во изјава за ТВ24, Давидовиќ посочи дека законската одредба на која се повикува Обвинителството се однесува на одговорни или службени лица во јавни установи, јавни претпријатија или органи што управуваат со државен имот, но дека судот не спаѓа во таа категорија.Според него, ваквата формулација не може да се применува ниту на судии, ниту на обвинители, што, како што рече, отвора сериозна правна дилема околу самата квалификација на делото. Давидовиќ нагласи дека клучниот доказ што Обвинителството постојано го истакнува се 350 илјади евра пронајдени во домот на родителите на Ристов, но дека тие средства, па според записникот од претресот, биле пријавени како нивни лични пари.„350 илјади евра, кои беа најдени кај неговите родители, кои на записникот, напишале дека се нивни лични средства, тоа го признава и обвинителката“, вели Давидовиќ.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarym0oj0kqq90jo48ymS1l

Зошто „piano black“ полека исчезнува од ентериерите на автомобилите

Сјајната црна пластика, позната како „piano black“, со години беше речиси неизоставен детал во ентериерите на модерните автомобили. Иако многу возачи не ја сакаат поради отпечатоците од прсти и гребаниците, производителите масовно ја прифатија од две главни причини – изгледа луксузно и релативно е евтина за производство.„Piano black“ остава силен впечаток во салоните, бидејќи високиот сјај делува елегантно и лесно се вклопува со која било боја на ентериерот. Уште на почетокот на минатата деценија, дизајнерите ја сметаа за трендовско решение, а таа беше присутна речиси на сите автомобилски саеми.Покрај естетиката, важна улога имаше и производствениот процес: во соработка со добавувачи како BASF, производителите успеаја да добијат висок сјај без класичниот процес на бојадисување и лакирање, што значително ги намали трошоците и ја забрза продукцијата, пишува Jalopnik.Сепак, маните на ваквите површини брзо станаа очигледни. Високиот сјај функционира како огледало – ја истакнува прашината, отпечатоците од прсти и дури и најситните гребаници.Парадоксално, секое бришење го зголемува ризикот од нови микрооштетувања, па сопствениците често влегуваат во маѓепсан круг на чистење.Дополнителна причина за ширењето на трендот со „piano black“ беше експанзијата на големите екрани во кабините. Исклучените дисплеи изгледаат слично на сјајната црна пластика, па околната декорација се користеше за да се постигне визуелно уедначен и модерен изглед на контролната табла.Сепак, се чини дека трендот полека се менува. Сè повеќе производители кај поновите модели се откажуваат од „piano black“ деталите, бидејќи сакаат потопол и попрактичен амбиент во кабината. Купувачите, едноставно, се уморни од постојаното полирање.Негативниот став кон „piano black“ завршната обработка не произлегува од тоа што станува збор за лош материјал, туку од фактот што високиот сјај не е благодарен во простор кој постојано се допира. Убав е на прв поглед, но тој впечаток трае многу кратко.Ако автомобилската индустрија навистина продолжи понатаму – малкумина ќе жалат по отпечатоците од прсти.

Магазин | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Поранешниот висок функционер на НАТО бара европска „црвена линија“ поради изјавите на Трамп

Европа мора да заземе значително поцврст став кон, како што ги оцени, „непријателските испади“ на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со Гренланд, истовремено нудејќи рамка за соработка што ќе вклучува економски и безбедносни договори. Ова го порача поранешниот дански премиер и поранешен генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, во авторски текст објавен во „Економист“.Расмусен потсети на долгогодишната воена поддршка што Данска ѝ ја давала на Америка, нагласувајќи дека данските војници со години учествувале во американските воени операции во Авганистан и Ирак. Тој наведе дека во периодот од 2002 до 2021 година, во 52 наврати, ковчези со посмртните останки на дански војници се враќале дома, откако тие ги загубиле животите борејќи се рамо до рамо со американските сили. Според него, Данска, гледано по глава на жител, претрпела поголеми загуби од речиси сите други членки на коалицијата предводена од САД, па дури и поголеми од самата Америка.Поранешниот дански премиер истакнува дека долго време ја сметал Америка за природен лидер на слободниот свет, како во периодот кога бил премиер, така и додека ја извршувал функцијата генерален секретар на НАТО. Сепак, според него, по изјавите и однесувањето на Трамп кон Данска, која ја нарече еден од најлојалните американски сојузници, „време е да се каже дека е доста“.Расмусен потенцира дека Гренланд не претставува закана за Соединетите Американски Држави и дека островот е заштитен од НАТО. Тој наведува дека секој обид на Русија или Кина да распоредат сили на Гренланд би наишол на заеднички одговор од Алијансата, а не само од данските вооружени сили. Потсети и на безбедносниот договор меѓу САД и Данска од 1951 година, со кој на американските сили веќе им е овозможено зголемување на присуството на островот, додавајќи дека на Вашингтон може да му се понудат и дополнителни економски можности, вклучително и инвестиции на американски компании во природните ресурси на Гренланд.Во текстот, Расмусен предупредува дека класичната дипломатија можеби нема да биде доволна во односот со Трамп. Според него, американскиот претседател верува дека може да го анектира Гренланд затоа што ја гледа Европа како поделена и немоќна, убеден дека на крајот ќе се остане само на зборови, додека САД ќе го добијат она што го сакаат.Тој ја повика Европската унија јасно да ги постави границите и најави дека, доколку се направи обид за промена на суверените европски граници, САД мора да се соочат со целосната сила на европската економска „базука“, преку сериозни ограничувања на увозот и извозот и исклучување на американските компании од европските јавни набавки.На крајот, Расмусен заклучува дека Европа има избор: или ќе одговори со сила и решителност на ваквите притисоци, или ќе биде принудена да прифати сè што ќе ѝ биде наметнато, предупредувајќи дека токму сега е моментот да се повлече јасна и непоместлива линија во „снегот на Гренланд“.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Нејасен одговор на Трамп за Гренланд ја вознемири јавноста

Американскиот претседател Доналд Трамп одби конкретно да одговори на прашањето колку далеку е подготвен да оди во намерата Соединетите Американски Држави да го преземат Гренланд, испраќајќи кратка, но вознемирувачка порака до јавноста.По обраќањето во Белата куќа со кое одбележа една година од враќањето на претседателската функција, Трамп одговараше на прашања од новинарите. За разлика од долгиот и содржаен говор, дел од одговорите беа куси и директни.На директното прашање колку е подготвен да оди далеку за да го оствари планот за преземање на Гренланд, Трамп одговори само: „Ќе дознаете“.Ваквата изјава дополнително ги засили шпекулациите и загриженоста кај европските сојузници, особено Данска и Гренланд, откако американскиот претседател во изминатиот период во повеќе наврати јавно ја доведе во прашање нивната контрола и суверенитет над островот. Кусата и двосмислена порака од Белата куќа се толкува како сигнал дека Вашингтон не се откажува од амбициите поврзани со Гренланд, оставајќи отворено прашање какви чекори би можеле да следат.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryhav0ad7pkr688VBUIWv

Трамп за европските лидери: Кога сум тука се однесуваат многу коректно

Американскиот претседател Доналд Трамп со ироничен тон го опиша својот однос со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Киер Стармер, одговарајќи на новинарско прашање за актуелните релации со двајцата европски лидери.На прашањето дали разговарал со Макрон и Стармер по денешната објава на социјалните мрежи, која се однесуваше на неговата критика за британскиот договор околу архипелагот Чагос, Трамп одговори дека не остварил директен контакт, но истакна дека односите ги смета за добри.„Не, не разговарав со нив, но мислам дека многу добро се сложуваме. Секогаш се коректни кон мене. Малку стануваат поостри кога не сум во нивна близина, но кога сум тука, се однесуваат навистина убаво. И, знаете, ми се допаѓаат и двајцата“, изјави Трамп.Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и дел од европските сојузници, особено околу прашања поврзани со Гренланд, Чагос и трговските односи, при што Трамп во повеќе наврати јавно ги критикуваше европските влади, но истовремено нагласува дека личните односи со клучните лидери остануваат стабилни.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп признава: Можеби имам лош ПР

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа исклучително долга и содржински агресивна прес-конференција, точно една година по неговото враќање на власт, на која ги истакна, како што ги нарече, големите успеси на неговата администрација, но воедно призна дека економската порака не допира до мнозинството Американци.Обраќањето започна во преполната сала за новинари во Белата куќа, каде Трамп демонстративно покажа фотографии од лица што ги опиша како „пореметени убијци“, за кои тврдеше дека биле уапсени од Имиграциската и царинска служба и депортирани од САД. Посебен акцент стави на сојузната држава Минесота, каде изминатиот период се одржуваа протести против владините имиграциски политики.Трамп зборуваше за својот економски програм, тврдејќи дека успеал да ја „исчисти“ федералната администрација и остро го критикуваше својот демократски претходник Џо Бајден. Според него, актуелната власт наследила „хаос“, но бројките, особено во однос на инфлацијата, сега биле драстично намалени. Тој инсистираше дека економските показатели се значително подобрени, но изрази незадоволство што јавноста тоа не го препознава.„Навистина ги намаливме бројките. Искрено, не разбирам зошто тоа не се чувствува. Можеби имам лоши луѓе за односи со јавноста. Не успеваме да ја пренесеме пораката“, рече Трамп, во редок момент на отворена самокритика.Осврнувајќи се на Венецуела, тој ја пофали опозициската лидерка и добитничка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, опишувајќи ја како „исклучително љубезна жена“, додавајќи дека постои можност повторно да биде вклучена во американската стратегија кон таа земја.Настапот на Трамп следуваше непосредно пред неговото заминување за Давос, каде треба да учествува на Светскиот економски форум. Според најавите, форумот би можел да биде обележан од неговите контроверзни ставови и закани поврзани со Гренланд, тема што во последно време предизвикува силни реакции и на меѓународната сцена.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library6ir2qj0ccikqcjtSn2l

Како да го ограничите собирањето лични податоци од Google и да ја заштитите вашата приватност

Доколку редовно ги користите производите на Google, а притоа не сте ги проверувале детално поставките за приватност, многу е веројатно дека компанијата собира голема количина ваши лични податоци. Добрата вест е што дел од овие опции може лесно да се исклучат, со што значително се намалува обемот на информации што се чуваат за вас.Повеќето корисници го користат Google за речиси секој аспект од дигиталниот живот – од пребарување и електронска пошта, до навигација и документи. Иако ваквата практичност е удобна, таа често доаѓа по цена на приватноста.Првиот чекор за намалување на дигиталниот отпечаток е исклучувањето на опцијата за активност на веб, која ги бележи сите пребарувања, посетени веб-страници и користени апликации. Ова може да се направи преку страницата „Моја активност“ во поставките на Google, каде што, освен исклучувањето, се препорачува и бришење на досега зачуваната историја.Посебно чувствителен сегмент се податоците за движењето. Доколку користите Google Maps, системот најчесто ја бележи вашата локација и создава детална временска линија на посетени места. Иако ваквиот преглед може да биде интересен, тој овозможува креирање прецизен профил на навиките. Со исклучување на историјата на локации, се спречува понатамошното следење и значително се зголемува анонимноста во физичкиот простор.Дополнително внимание треба да се посвети и на начинот на кој се прикажуваат огласите. Персонализираните реклами, кои често „ве следат“ по една единствена пребарувачка активност, може да се исклучат преку Центарот за огласи. Таму постои можност и за дополнително ограничување на чувствителни теми, како коцкање, слабеење или запознавање, со што онлајн искуството станува помалку наметливо.Често занемарен аспект се и апликациите од трети страни. Со текот на времето, многумина се најавуваат на различни сервиси преку опцијата „Најава со Google“, со што тие апликации добиваат пристап до основни лични податоци. Прегледот и отстранувањето на пристапот за сервиси кои повеќе не се користат е важен чекор за затворање потенцијални безбедносни пропусти.На крај, важно е да се обрне внимание и на поединечните апликации, како Gemini – вештачкиот интелигентен асистент на Google, кој може да ги зачувува претходните разговори. Доколку не сакате ваквите податоци да се паметат, оваа опција може да се исклучи во поставките. Истата темелност се препорачува и за Chrome, Gmail и YouTube, бидејќи нивните подразбирливи поставки често ѝ даваат предност на обработката на податоци наместо на заштитата на приватноста.

Магазин | пред 4 седмици

4 нед.
media-library9bp6f2s84opb8cvI8cn

Новата опција на Gemini овозможува одговор веднаш, без чекање

Google започна со воведување на нова функционалност во својата апликација Gemini, со која значително се забрзува интеракцијата со вештачката интелигенција. Станува збор за копчето „Answer Now“, кое им овозможува на корисниците да добијат одговор веднаш, без да го чекаат процесот на подлабинска анализа на моделот.Корисниците на понапредните верзии на Gemini, како што се моделите Pro и Thinking, досега често забележуваа кратко задржување пред апликацијата да започне со генерирање текст. Во тој период системот анализира податоци, проверува факти и ја планира структурата на одговорот за да обезбеди поголема точност.Сепак, Google процени дека во одредени ситуации корисниците повеќе имаат потреба од брз, отколку од целосно разработен одговор. Токму затоа е воведена функцијата „Answer Now“. Додека Gemini го обработува прашањето, на екранот се појавува копче со кое корисникот може да го прекине процесот на анализа. Со негово притискање, вештачката интелигенција веднаш го прикажува одговорот врз основа на досега обработените информации.Оваа новина носи поголема контрола, бидејќи корисникот сам одлучува дали му е поважна брзината или максималната прецизност на одговорот.Функцијата „Answer Now“ постепено станува достапна на Android и iOS уредите, како и на веб-верзијата на сервисот Gemini.

Магазин | пред 4 седмици

4 нед.
media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Судијата Ѓоко Ристов со ѕиданите пари оди во куќен притвор и останува без пасош, одлучи Кривичен суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое му определи мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој е осомничен за тешки кривични дела од областа на финансискиот криминал.По произнесувањето на осомничениот и на надлежниот јавен обвинител, судот го прифати предлогот на обвинителството и на Ристов му определи мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.Имајќи предвид дека осомничениот е апелационен судија и дека се товари за две кривични дела – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 став 1 и „Противправно стекнување и прикривање имот“ по член 359-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, судот пред донесување на одлуката го доставил предлогот на обвинителството до надлежниот Судски совет на Република Македонија, кој одлучуваше по прашањето за судискиот имунитет.Откако Судскиот совет дал согласност за постапување, Основниот кривичен суд Скопје го прифатил предлогот на обвинителството и ги изрекол мерките против Ристов. Против донесеното решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека постапката е во тек и дека понатамошните процесни дејствија ќе зависат од развојот на истрагата што ја води обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library62c3sel1bca79hVmGn9

Лазаров по победата над Романија: Имавме шанса за поубедлив триумф, мора да работиме на концентрацијата и менталитетот

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров изрази умерено задоволство по драматичната победа над Романија, истакнувајќи дека триумфот е значаен, но дека натпреварот можел да заврши и со поубедлива разлика.Лазаров нагласи дека Македонија одиграла добар меч против, како што рече, цврста и силна репрезентација. Според него, македонските ракометари делувале како да се изненадиле од фактот што уште во првото полувреме стекнале висока предност од седум до осум голови, иако, како што оцени, Романија во тие моменти била немоќна, а Македонија имала добри позиции за реализација.Селекторот објасни дека во продолжението тимот морал да биде поофанзивно внимателен поради повреди и исклучувања на дел од играчите, што неминовно се одразило врз играта во одбраната. Тој додаде дека се надевал на победа со поголема гол-разлика, најмалку од три до пет голови, но потенцираше дека надежта сè уште постои, иако шансите се минимални.Лазаров истакна дека пласманот понатаму зависи од висока победа на Данска, оценувајќи дека задачата е исклучително тешка, но не и невозможна. Сепак, упати честитки до своите ракометари, нагласувајќи дека нема што да им замери за прикажаното на теренот.Тој повторно се осврна и на, како што рече, проблемот со концентрацијата и менталната стабилност, посочувајќи дека желбата била Македонија да се најде меѓу најдобрите 12 селекции и дека за тоа било потребно повеќе присебност во клучните моменти. И покрај сè, Лазаров потенцираше дека не е незадоволен од настапот и дека репрезентацијата ќе остане да ја следи и бодри Данска, нагласувајќи дека тимот продолжува понатаму со крената глава.

Спорт | пред 4 седмици

4 нед.
Seq-16-9.00_00_05_01.Still001

Снимки од „Сејф сити“ се презенираа на судењето за таткото на Васил, кој ја усмрти Фросина на пешачки

Со сослушување на сведок и изведување видео-докази од системот „Безбеден град“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов. Одбраната и на ова рочиште инсистираше дека не постојат директни докази оти обвинетиот му го доверил возилото на својот син, оценувајќи дека Обвинителството настапило недоволно подготвено при изведувањето и образложувањето на доказите.Пред судот сведочеше пријателка на Васил Јованов, која изјави дека ретко се возела со него и дека никогаш не разговарале за тоа дали автомобилот му бил даден од неговиот татко. Таа наведе дека нема сознанија оти управувал возило без возачка дозвола, освен фактот дека знаела оти во една прилика бил казнет.Во текот на рочиштето беа прикажани три видео-снимки, за кои одбраната изнесе приговори, истакнувајќи дека од нив не може со сигурност да се утврди идентитетот на лицето, управувањето со возилото, ниту пак нивната суштинска релевантност за предметот. Посебно беше нагласено дека системот не овозможува препознавање лица, што, според одбраната, го доведува во прашање доказното значење на снимките.Судот соопшти дека сите изведени докази ќе бидат ценети во завршната фаза од постапката. Судењето продолжува во рамки на предметот поврзан со сообраќајната несреќа од јануари 2025 година, во која животот го загуби пешакот Фросина Кулакова.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarybs9lvikgmoenaXz14OM

Драма до крај: Македонија триумфираше против Романија на ЕП

Македонската ракометна репрезентација оствари исклучително важна и драматична победа над Романија на Европското првенство, славејќи со 24-23 по неизвесна завршница што се реши во самите последни секунди од натпреварот.Херој на победата беше Ненад Костески, кој го постигна решавачкиот погодок неколку моменти пред истекот на времето, носејќи голема радост меѓу македонските ракометари и навивачите. Македонија фуриозно го отвори натпреварот, наметнувајќи висок ритам во нападот и цврста, дисциплинирана одбрана која долго време ја држеше Романија под контрола.Во текот на целиот меч се водеше борба, но македонскиот состав покажа карактер и смиреност во клучните моменти, што на крајот се претвори во заслужен триумф.Ова е прва победа за Македонија на турнирот, по претходниот пораз од Данска и нерешениот исход со Португалија, со што репрезентацијата останува во игра и ја задржува надежта за позитивен исход во продолжението на Европското првенство.

Спорт | пред 4 седмици

4 нед.
media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Францускиот претседател смирено по „протекувањето“ на пораката: Моите ставови се исти, без разлика каде се изречени

Францускиот претседател Емануел Макрон реагираше откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно објави приватна порака што, како што тврди, му ја испратил Макрон, истакнувајќи дека останува целосно доследен во своите ставови, без разлика дали тие се изнесени јавно или во приватна комуникација.Трамп претходно на социјалните мрежи објави порака во која францускиот претседател изразува збунетост околу американските потези поврзани со Гренланд и предлага одржување состанок на земјите од Г7 во Париз на 22 јануари, со учество и на Украина, Русија, Данска и Сирија, како и заедничка вечера.Запрашан за „протекувањето“ на пораката на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Макрон изјави дека ја презема одговорноста за своите зборови и постапки, нагласувајќи дека неговиот пристап е секогаш ист. Тој посочи дека е навикнат да биде доследен во она што го говори во јавноста и во она што го комуницира приватно, додавајќи дека проценката дали објавувањето на пораката е непристојно им ја остава на другите.Францускиот претседател потврди и дека нема да се сретне со Трамп во Давос, појаснувајќи дека американскиот претседател ќе пристигне на форумот по неговото заминување. Сепак, не ја исклучи можноста за средба на самитот на Г7, оценувајќи дека тоа би можела да биде соодветна прилика за разговор.Макрон нагласи дека Европа мора да остане смирена и доследна на својот курс, особено на економски план, со цел да обезбеди посилен раст, да ги брани сопствените интереси кога правилата не се почитуваат и да ги поддржи партнерите кога се под притисок.Во својот говор на Светскиот економски форум, Макрон претходно ги обвини Соединетите Американски Држави дека се обидуваат да ја ослабат Европа и упати предупредување за можен одговор на Европската унија доколку бидат воведени американски царини, додека Трамп ја повика Европа фокусот да го стави на војната меѓу Русија и Украина, а не на прашањето за Гренланд.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

Трамп: Да не се појавев јас, денес немаше да постои НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи со нова контроверзна порака на својата социјална мрежа Truth Social, во која тврди дека без неговото појавување денеска немало да постои НАТО.Трамп напиша дека ниту една личност, ниту еден претседател во историјата, не направил повеќе за Алијансата од него, нагласувајќи дека НАТО, според неговите зборови, би завршил „на сметилиштето на историјата“ доколку тој не се вмешал.„Да не се појавев јас, денес немаше да има НАТО. Ќе завршеше на сметилиштето на историјата. Тажно, но вистинито“, напиша Трамп, потпишувајќи ја пораката со иницијалите „Претседател ДЏТ“.Оваа изјава доаѓа во контекст на неговите чести критики кон земјите членки на Алијансата, особено европските, за недоволно издвојување средства за одбраната, како и неговото инсистирање дека токму под негов притисок биле зголемени воените буџети во рамки на НАТО.Изјавите на Трамп и претходно предизвикуваа бурни реакции меѓу сојузниците, а неговото тврдење дека Алијансата опстанала исклучиво поради неговото лидерство повторно отвора дебата за иднината на трансатлантските односи и улогата на САД во колективната безбедност.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
tusk

Туск: Европа не смее да си дозволи слабост во однос нс Трамп, ниту кон противниците ниту кон сојузниците

Полскиот премиер Доналд Туск порача дека Европа не смее да си дозволи слабост во односите со претседателот на САД Доналд Трамп, нагласувајќи дека попуштањето не е стратегија што носи резултати, туку пат кон понижување.Во објава на социјалната мрежа Икс, Туск истакна дека отстапките секогаш се доживуваат како знак на слабост и дека Европа нема луксуз да биде слаба – ниту кон своите противници, ниту кон своите сојузници. Според него, актуелниот момент бара јасна европска решителност и самодоверба.Туск предупреди дека попуштањето не води кон стабилност или подобри односи, туку создава впечаток на немоќ, што може да има долгорочни последици по позицијата на Европа на глобалната сцена. Неговата порака доаѓа во период на засилени трансатлантски тензии и преиспитување на односите меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави.Со оваа изјава, полскиот премиер испраќа сигнал дека европските лидери треба да настапуваат пообединето и поодлучно, водејќи се од сопствените интереси и вредности, без страв од притисоци или условувања, без разлика од каде доаѓаат.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library77614r3so4gffLZss0S

Длабока недоверба и чувство на хаос: ново истражување открива сериозна криза на доверба во САД

Најновото истражување на јавното мислење, спроведено од YouGov за неделникот The Economist во периодот од 16 до 19 јануари 2026 година, укажува на драматичен пад на довербата во стабилноста и институционалниот поредок на Соединетите Американски Држави. Податоците, добиени од примерок од 1.722 испитаници, отсликуваат општество опфатено со длабока вознемиреност, песимизам и незадоволство од политичката и демократската состојба во земјата.Според резултатите, дури 71 процент од Американците сметаат дека работите во државата денес се „надвор од контрола“, додека само 18 проценти веруваат дека состојбата е под контрола. Перцепцијата за насоката во која се движи земјата е исто така изразено негативна – 61 процент од испитаниците оценуваат дека САД одат во погрешен правец, а само 31 процент го поддржуваат актуелниот курс.Истражувањето открива и сериозна криза на доверба во демократскиот систем. Повеќе од половина испитаници, односно 58 проценти, изјавиле дека се незадоволни од начинот на кој функционира демократијата во земјата, при што 33 проценти се изјасниле како целосно незадоволни. Овие бројки упатуваат на продлабочување на јазот меѓу граѓаните и институциите, како и на ерозија на вербата во политичкиот процес.На конкретното прашање за евентуално испраќање федерални трупи во Минеаполис, јавното мислење е поделено, но со јасна наклонетост кон противење. Повеќе од половина, односно 52 проценти од испитаниците, се изјасниле против таква мерка, додека 37 проценти ја поддржуваат.Истражувањето ја опфатило и оценката за работата на актуелниот претседател Доналд Трамп, при што резултатите ја нагласуваат длабоката поларизација во американското општество. Работата на Трамп ја одобруваат 37 проценти од испитаниците, додека 57 проценти не ја одобруваат. Речиси половина од анкетираните, 48 проценти, изјавиле дека „силно не одобруваат“ како тој ја извршува функцијата, наспроти 22 проценти кои изразиле силна поддршка.Најниските оценки претседателот ги добива во областа на инфлацијата и цените, каде што 61 процент од граѓаните не ги одобруваат неговите политики. Слично незадоволство е забележано и во однос на прашањата поврзани со расата и имиграцијата, каде што 53 проценти од испитаниците изразиле негативен став.Истражувањето е спроведено меѓу полнолетни граѓани на САД, при што примерокот е пондериран според пол, возраст, раса, образование и претходно гласачко однесување, со цел да се обезбеди репрезентативност. Маргината на грешка изнесува плус-минус 3,2 процентни поени. Резултатите јасно сигнализираат дека американското општество влегува во период на засилена институционална и политичка несигурност, со сериозни последици по довербата во демократскиот систем.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarysfapsn5l9rodfMmlTtu

Јапонија тестира енергетско оружје за борба против дронови

Јапонија инсталираше ласерски систем со моќност од 100 киловати на воен брод, оружје доволно силно за онеспособување на помали беспилотни летала и други лесни воздушни закани. Системот е поставен на тестниот брод JS Asuka, со депласман од 6.200 тони, со што Јапонија се вклучува во малата група држави што активно развиваат оружја со насочена енергија.Ласерот функционира како интегриран систем од десет поединечни ласери, секој со моќност од 10 киловати, кои заедно создаваат концентриран зрак од 100 киловати. Таа енергија е доволна за да продре низ метални површини, што го прави ефикасен против дронови, минобацачки гранати и други лесни закани од воздух. Станува збор за оптички ласер чиј зрак се создава со засилување и фокусирање на светлина што патува низ оптичко влакно допирано со елементи од ретки земји.Јапонската Агенција за набавка, технологија и логистика ATLA потврди дека системот е инсталиран откако бродот пристигнал во бродоградилиштето „Јапан марин јунајтед“. Ласерот, сместен во два куполести модули со должина од по 12 метри, наскоро ќе биде испратен на отворено море, каде што по 27 февруари се очекува почеток на првите тестирања во реални поморски услови.Развојот на ова оружје започнал во 2018 година, а прототипот бил испорачан од Kawasaki Heavy Industries во февруари 2023 година. Јапонските официјални лица истакнуваат дека, доколку има доволно електрична енергија, системот може континуирано да дејствува без класична муниција, што значи дека има практично „неограничен магацин“. Трошокот по еден истрел е значително понизок во споредба со традиционалните системи за противвоздушна одбрана, а при копнените тестови во текот на 2025 година ласерот успешно се покажал против дронови и минобацачки проектили.Следната фаза претставува сериозен предизвик, бидејќи ласерот ќе мора да функционира во услови на ветер, влага и постојано движење на палубата, како и да се справи со атмосферско расејување и одбивање на зракот. Дополнителни ограничувања се поврзани со потребата од силно ладење и големи количини електрична енергија, имајќи предвид дека ефикасноста на ваквите ласери обично се движи меѓу 25 и 35 проценти.Иако оперативната примена на овој тип оружје се смета дека е оддалечена уште неколку години, јапонските власти нагласуваат дека тековните тестирања ќе помогнат да се процени дали во иднина може да се развијат уште помоќни ласери, способни и за пресретнување ракети. Со овој чекор, Јапонија се приклучува на САД, Франција, Германија и Обединетото Кралство во развојот на насочени енергетски оружја, во време кога ваквите технологии стануваат сè поважен дел од современите одбранбени стратегии.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Грипот зема замав: над 2.300 заболени, болниците се полнат

Со почетокот на второто полугодие, македонските училишта се полни речиси со сите ученици, и покрај ширењето на грипот, изјавија од О.У „Кирил и Методиј“. Министерката за образование, Весна Јаневска, истакна дека стапката на новозаразени не го одложи почетокот на наставата, додавајќи дека учениците до 15 години имаат 900 часа помалку настава во однос на нивните врсници во Европската Унија.Медицинските ординации веќе се подготвуваат за зголемен број пациенти, а лекарите апелираат да се почитуваат препораките и децата со симптоми да не посетуваат училиште или градинка.Во Клиниката за респираторни заболувања се лекуваат 70 деца, од кои 10 се на кислород, а кај 15 е потврден грип, инфлуенца А. Во Клиниката за инфективни болести се лекуваат 30 пациенти.Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во последната недела се регистрирани над 2.300 новозаболени, што претставува зголемување од речиси 35% во однос на претходната недела. Во текот на сезоната двајца пациенти починаа од грип.Наставниците и родителите се охрабруваат да ги следат препораките за заштита, а здравствените установи се подготвени за зголемен обем на работа во наредните недели.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања