1 нед.
media-library3evk0esuong61cpIaAX

(Фото) И во Кочани протест оти им ги одземаат возилата на тие кои немаат возачка

Поради новиот закон за одземање возила управувани без возачка дозвола, попладнево во кочанската населба Трајаново Трло беше одржан протест, кој се одвиваше на улицата „Цветан Димов“ во Кочани. Како израз на револт, демонстрантите запалија гуми, при што настанаа чад и краткотрајна блокада на улицата.По кратка, но тензична интервенција, на терен излегоа пожарникарски екипи и полициски службеници, кои го изгаснаа огнот и го прекинаа собирот, со цел да се спречи понатамошна ескалација и загрозување на безбедноста на граѓаните.Од надлежните институции се очекува соодветно постапување, имајќи предвид дека ваквиот начин на искажување незадоволство, со палење гуми и нарушување на јавниот ред и мир, претставува кривично дело според важечките закони. Засега нема официјални информации за приведени лица или за дополнителни мерки, но институциите најавуваат дека ќе реагираат согласно законските надлежности.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryooa6qk51d0j693IBSQ6

(Видео) Одземањето на возила на тие кои немаат возачки донесе блокирање на патот Битола-Охрид со запален отпад

Со палење пластика и ѓубре, група граѓани од ромската заедница организираа протест и го блокираа регионалниот пат Битола–Охрид, поради што сообраќајот беше привремено прекинат. Протестот беше проследен со извици „нема правда, нема мир“ и „бараме правда“, а чад од запалениот отпад се забележуваше и од поголема оддалеченост.Според неофицијални информации, причината за протестот е одземањето на возилата на лица кои управувале без положен возачки испит, мерка што стапи во сила со последните измени на Законот за прекршоци. Дел од присутните јавно негодуваа поради, како што велат, високата вредност на одземените автомобили, а на една од снимките од настанот се слуша извикување „5.000 евра кола ми земавте“.Присутните се жалеа на дискриминација, објаснувајќи дека тие немаат завршено училиште за да полагаат за возачка.На местото на протестот биле присутни и полициски службеници, кои ја следеле состојбата. Засега нема официјална информација за приведени лица или за времетраењето на блокадата, ниту пак за евентуални понатамошни мерки.

Настани | пред 1 седмица

1 нед.
lopta-fudbal

Претседателот на ФИФА: Не требаше да се исфрли Русија од меѓународниот фудбал

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека било грешка што рускиот фудбал беше исфрлен од сите натпреварувања под капата на ФИФА и УЕФА.Инфантино зборуваше на оваа тема за британскиот Скај Спорт. Тој потсети дека сите руски клубови и репрезентации, во сите возрасни категории, беа суспендирани кратко по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.„Мораме да го преиспитаме тоа (исфрлување на Русија). Тоа е сигурно грешка“, изјави Инфантино.Првиот чекор кон враќањето на Русите на меѓународната сцена веќе беше направен од Меѓународниот олимписки комитет, кој препорача младите репрезентации да можат да се натпреваруваат како и сите други земји.„Исклучувањето на Русија не донесе ништо добро, само создаде повеќе фрустрации и омраза. Фактот дека руските момчиња и девојчиња можат да играат фудбал во други делови на Европа е позитивна работа“, нагласи Инфантино.Тој додаде дека ФИФА треба да размисли за промена на правилата, така што идни репрезентации нема да трпат последици заради политичките одлуки на своите земји.„Никогаш не би требало да ја забраниме земјата да игра фудбал поради постапките на нејзините политички лидери. Јас сум против забрани и против бојкоти. Тоа не носи ништо, само ја зголемува омразата“, порача Инфантино, правејќи паралела со трговските односи меѓу Велика Британија и САД.На крајот, Инфантино кратко прокоментира и за критиките околу тоа што претседателот на САД, Доналд Трамп, доби награда „ФИФА признавање за мир“:„Објективно, ја заслужи. Мораме да сториме сè за да придонесеме за светски мир“, одговори првиот човек на ФИФА.

Спорт | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

Да се пуши на јавни места или не: Владата и стопанствениците бараат заедничко прифатливо решение

Стопанската комора и Владата продолжуваат со разговорите околу донесувањето на Законот за пушење, при што и двете страни ја нагласуваат потребата од решение што ќе го заштити јавното здравство, но истовремено ќе ги минимизира економските последици врз засегнатите чинители.Претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Горан Ѓорѓиевски, изјави дека од ССК реално сметаат оти постои простор да се изнајде заеднички прифатлив модел со кој ќе се влезе во процесот на носење на законот. Тој нагласи дека Комората не го оспорува донесувањето на Законот за пушење, но укажа дека суштината е во разговорите и во пронаоѓањето решенија што ќе имаат најмали можни економски последици.„Сметаме дека тој закон треба да се донесе, но работата тука е да се разговара и да се изнајде некој модус решенија каде што ќе има најмали економски последици по соодветните чинители. Тука сметаме дека треба дополнително да се разговара и да се олесни целиот процес на носење на законот“, истакна Ѓорѓиевски.Од владината страна, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави продолжување на консултациите и уште една средба на која лично ќе присуствува заедно со министерот за здравство. Според него, фокусот на Владата останува заштитата на јавното здравство, но со цел процесот да резултира со решение што ќе биде прифатливо за сите страни.„Ќе имаме уште еден состанок на кој јас ќе присуствувам и министерот за здравство. Нашата цел е јавното здравство да биде сочувано и да се грижиме за јавното здравство. Тоа ќе им го кажеме и на идниот состанок и на крај ќе донесеме една одлука која ќе биде прифатена од сите засегнати страни“, порача Дурмиши.Изјавите упатуваат дека процесот на носење на Законот за пушење ќе продолжи низ дијалог и усогласување, при што ќе се бара баланс меѓу здравствените политики и економската одржливост, со цел новото законско решение да добие поширока поддршка и да биде применливо во практика.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library184bq9rs3ako1ign3PA

(Видео) Одрон на карпа во Кањон Матка го загрози животот на посетители

На 7-ми јануари годинава, на пешачка патека во Кањон Матка се случил одрон на карпа.Според снимките, јасно е дека одронот се случил додека во близина на карпата имало посетители.За среќа, никој од присутните не е повреден.

Настани | пред 1 седмица

1 нед.
zernovski

Андреј Жерновски: Цинизмот на власта кулминира – најавуваат „Сејф кантри“ додека Британија зборува за депортации

„Сејф фунти за несејф кантри. Цинизмот на оваа власт одамна престана да биде само стил – стана политика. По проектот „Сејф сити”, Мицкоски најавува ново „визионерство“: проект наречен „Сејф кантри“. И тоа токму во моментот кога британските власти јавно соопштуваат дека со неговата влада разговарале за депортација на мигранти – лица одбиени во Обединетото Кралство поради кри минални досиеја – во замена за пари, вели Андреј Жрновски, поранешен пратеник во Собранието на Македонија.„Прашањето овде не е политичка реторика, туку безбедносна реалност. Колку „сејф“ може да биде една држава која, наместо да ги зајакнува сопствените институции, мора неспособноста и дупките во државниот буџет да ги пополни со прифаќање туѓи безбедносни проблеми? Каква сигурност им се гарантира на граѓаните, кога Македонија се нуди како дестинација за лица кои дури и за далеку помоќни држави се проценети како ризик?Граѓаните не бараат „сејф“ слогани. Бараат сигурни улици, функционални институции и власт што нема да ги третира како колатерална штета во сомнителни меѓународни договори. Сè друго е цинизам – и опасна игра со иднината на државата.Токму деновиве, Европската комисија ја претстави првата петгодишна стратегија за управување со азилот и миграциите, со три јасни цели: спречување на илегалната миграција, заштита на луѓето кои бегаат од војни и прогон и привлекување квалификувана работна сила за зајакнување на економската конкурентност на Европската Унија. Во таа европска рамка нема место за ад-хок договори, тајни зделки и финансиски аранжмани што ги заобиколуваат институциите и јавната дебата. Напротив, европскиот пристап подразбира систем, правила и одговорност.Да заклучиме. Ако Македонија навистина ја гледа својата иднина во Европската Унија, тогаш мора да покаже дека е подготвена да води миграциска и безбедносна политика усогласена со европските стандарди, меѓународното право и сопствениот јавен интерес. Европа не се гради со трговија на суверенитет и со увоз на ризици, туку со институционална зрелост, транспарентност и јасна визија во која безбедноста на граѓаните е неприкосновена.Сè друго не е европски пат, туку опасна импровизација“, вели Жерновски.

Коментари | пред 1 седмица

1 нед.
media-library230e57botmid26GLE2R

Домашна помошничка во Грција уапсена за кражба на пари и накит

Шеесет и седумгодишна жена беше уапсена во саботата од полицијата во Атина, под сомнение дека крадела пари и накит додека работела како домашна помошничка.Надлежните соопштија дека жената во изминатата година и половина имала пристап до домовите во кои работела и систематски одземала готовина и вредни предмети. Во еден од случаите, безбедносни камери ја снимиле како зема банкнота од 50 евра од сеф во спална соба.Осомничената му ги признала кражбите на сопственикот на домот и ги вратила парите. Таа, исто така, признала дека од истиот дом земала и други суми пари и накит, како и дека во истиот период безуспешно се обидела да отвори уште еден сеф. Полицијата од нејзиниот дом запленила повеќе вредни предмети и банкнотата од 50 евра.Во вторникот, осомничената била изведена пред јавен обвинител.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryov607qbpgij3cdOaxb1

Левица: Министерот Љутков е отсутен и незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги

Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално отсутен и очигледно незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги - културните работници. Веднаш по стапување на функција, тој го сврте грбот на сѐ што значи култура во Република Македонија, велат од политичката партија Левица.„Му укажуваме на министерот дека Колективниот договор за култура не еден од најдобрите во Република Македонија, напротив далеку од тоа. Истовремено, Општиот Колективен договор за јавниот сектор, кој е донесен подоцна, важи за сите вработени во културните институции и неговите одредби задолжително се применуваат.За на јавноста да и биде појасно, најголем проблем со испразнетите буџети произлегува од членот во Општиот колективен договор кој предвиде зголемување на платите на културните работници од 10%, почнувајќи од септември 2023 година. Министерството за култура најпрвин го имплементираше ова право и ги зголеми платите за подоцна да донесе решенија со кои истотот зголемување го СУСПЕНДИРАШЕ.За да биде поуверлив во своите настапи, министерот-глумец дури сам си ги спонзорира на социјалните мрежи своите настапи од собраниската говорница, нешто налик на самопромоција, имајќи во предвид дека на културните работници повеќе не им се интересни неговите улоги.Ароганцијата оди дотаму што министерот јавно коментира судски одлуки од собраниска говорница и тоа на неправосилни пресуди кои културните работници ги добија во прв степен. Но, познавајќи го карактерот на владеачката партија и нејзините тесни врски со судството, сосем е можно повисоките судови да ги укинат првостепените пресуди, а не да ги поништат како што тврди неинформираниот министер.Но, самиот факт што министерот за култура ги изложи своите колеги на судски процеси треба да му биде јасена слика дека води политика спорот на интересите на културата и културните работници. Да не заборавиме и дека министерот ги остави културните работници без плата за време на празниците, без никакво соопштение или објаснување.Го повикуваме министерот да се вразуми и конечно да ги заштити стекнатите права на културните работници“, се вели во објавата на партијата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
protest-na-ssm

ССМ најавува низа блокади: Прво на удар Собранието во вторник

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на минималната плата и сите останати плати, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денес кажа дека протестите за минимална плата 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за 100 евра, продолжува со блокади на институциите. Прва институција која што ќе ја блокираат работниците ќе биде Собранието. Во вторник следната недела, 10 февруари, нема да им дозволат на пратениците да дојдат во Собранието со автомобили.„Советот на ССМ за организирање протести, блокади и штрајкови одржа седница на која одлучи на 10-ти февруари да го блокираме Собранието. Да ги блокираме пратениците кои нема да можат да наплатат патни трошоци, а ќе треба да поминат покрај работниците и да им кажат зошто тие ќе имаат право на зголемување на нивните плати, а го чуваат во фиока предлогот на ССМ за зголемување на платите на работниците“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.Во четврток, пак, на 12 февруари работниците ќе ги блокираат газдите, односно Организацијата на работодавачи, Стопанската комора и Сојузот на стопански комори, а на 17 февруари ССМ ќе ја блокира Владата и нема да дозволи министрите, како и претседателот на Владата да дојдат со автомобили туку ќе бидат принудени пеш да минат пред работниците.Доколку и покрај блокадите Владата не одговори на барањето за 600 евра минимална плата и 100 евра линеарно покачување на сите останати плати, можен е уште еден голем протест пред конечна одлука за генерален штрајк.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryblmbp08nqnd45AhZeAG

Министерство за здравство ќе го истражува „извозот на мозоци“ од Македонија

Министерството за здравство формираше работна група која ќе го истражува случајот „извоз на мозоци за научни цели“. Ќе се проверуваат сите информации и податоци за наводите поврзани со испраќање човечки мозоци од Македонија во САД. Ќе се проверува дали имало соодветна документација, дали се барала согласност од семејствата, дали е почитувана правната рамка и етичката димензија.Ресорниот министер вели дека многу скоро ќе се знае што точно се случувало во период од две децении, од 1994-та до 2015-та година, кога соработката со Универзитетот Колумбија прекинала.– Формиравме работна група која ќе го следи административниот дел за временскиот период кој е таму дефиниран, дали имало некаков документ или не во министерството или некој меморандум за научни истражувања или за клинички истражувања и анализи. Верувам дека за кратко време ќе ме информираат од различните департменти дали имало или немало таква активност. Засега се е шпеклуации и информации што ги слушаме насекаде – изјави за Коха, Азир Алиу, министер за здравство.Од Јавното Обвинителство засега нема реакција на објавените информации за тнр. „извоз на мозоци во научни цели“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4pf3e6hkdufq50pXvkC

(Видео) Дива депонија на Водно, „Независни за Карпош“ реагира: Градоначалниците ништо не превземаат

Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ на социјалните мрежи објави видео од дива депонија. Тие велат дека ова е една од 10-те диви депонии на Водно, за кои се знае со години наназад, но градоначалниците ништо не преземаат.„За жал, ова е една од 10-те диви депонии на Водно! Иако веќе години наназад се информирани сите градоначалници, НИШТО не е превземено, а се знае кои се одлагачите на смет. Неколку пати во текот на годината се палат депониите, загадувајќи го воздухот во цел Карпош и Скопје. Редно е Водно да се исчисти“, велат од граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
studenti

Студентите и пензионерите ќе можат легално да работат без да ги изгубат правата, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска го презентираше Законот за работно ангажирање лица, клучна реформа за сузбивање на сивата економија. Податоците покажуваат дека во земјава има околу 85 илјади неформално ангажирани работници, а новиот закон нуди поедноставен модел за нивна легализација без губење на стекнатите права.„Со овој закон испраќаме јасна порака дека државата е решена системски да ја сузбива сивата економија. Тоа значи поголема сигурност за работниците и предвидлива деловна клима за компаниите“, истакна Дурмиши. Во првата фаза, законот ги опфаќа секторите каде што неформалното работење е најизразено – земјоделството, туризмот и угостителството.Проценките велат дека ќе се формализираат до 12.000 сезонски работници во земјоделството и околу 5.400 во туризмот и услугите. Законот, кој почна да се применува од почетокот на годинава, овозможува ангажирање на студенти, пензионери и социјално ранливи категории, при што тие ги задржуваат сите социјални надоместоци и права од пензија или образование.Корисниците на социјална помош, пензионерите и студентите нема да ги загубат своите примања и статус додека се работно ангажирани.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Владата усвои извештај за Стратегијата за транспарентност 2023–2026: 20 институции целосно објавиле информации за јавноста

Владата на Република Македонија го усвои официјалниот извештај за реализацијата на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, кој сведочи за значителен напредок во отворањето на институциите кон граѓаните. Над 20 владини институции целосно ги објавиле информациите побарани од јавноста, додека 22 институции ги направиле транспарентни своите постапки за јавни набавки, конкретни чекори што ја зајакнуваат довербата на граѓаните во управувањето со јавните средства.На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на заклучоците од Стратегијата за транспарентност (2023–2026). Извештајот ги прикажува мерливите резултати постигнати од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата за политики на добро владеење, министерствата и другите државни институции.Клучни постигнувања наведени во извештајот:• Активна транспарентност кон граѓаните
20 институции ги објавиле на своите официјални веб-страници сите одговори на барањата за пристап до информации од јавен карактер, анонимизирани, почнувајќи од 24.6.2024 година. Три институции делумно ја исполниле оваа обврска, додека уште 15 институции се во завршна фаза на објавување.• Отворање на постапките за јавни набавки
22 институции ги објавиле своите внатрешни процедури за јавни набавки на официјалните веб-страници.
По завршувањето на периодот на мониторинг, и Министерството за социјална политика, демографија и млади ја објави својата процедура, давајќи дополнителен позитивен пример. Во меѓувреме, уште 16 институции се во процес на финализирање на објавите.• Унапредување на Акцискиот план
Ревидиран и усвоен е Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, со пореални рокови и јасно утврдени одговорности за секоја мерка.• Дигитални чекори и подготовка за иднината
Министерството за дигитална трансформација работи на креирање посебни секции на владиниот портал за заменик-претседателите на Владата и министрите без ресор.
Исто така, веќе е формирана меѓуинституционалната работна група за изработка на Нацрт-стратегијата за транспарентност 2027–2029, а во наредните денови се очекува Владата формално да ја одобри, со цел интензивната работа да започне во текот на март.Заменик-претседателот на Владата за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, истакна декатранспарентноста станува институционален стандард.„Усвојувањето на овој извештај не е административен формалитет, туку доказ за реална посветеност да се обезбеди побрз и поцелосен пристап до информации. Преку меѓуинституционална соработка, градиме поотворена, поодговорна и подоверлива администрација за граѓаните“, истакна тој во своето обраќање на седницата. На овој начин, Владата на Република Северна Македонија покажува дека транспарентноста и отчетноста не се само политички ветувања, туку конкретни процеси што ја приближуваат администрацијата до граѓаните и ја зајакнуваат јавната доверба.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryim3ps9lpkli2170NfW1

Калајџиев за „Сејф сити“: Се чувствувам како Големиот брат да неʼ лови по улици, ништо не остана од приватноста

Трет ден од официјалниот старт на проектот Безбеден град, а реакциите не стивнуваат.Професорот Гордан Калајџиев вели дека има чувство како да го следи Големиот брат.„Гледам главно позитивни реакции на “безбеден град”. Јас лично се чувствувам како Големиот брат да неʼ лови по улици. Пс. Прво почна да неʼ слуша, да не следи.. Ништо не остана од приватноста..“, напиша тој.

Коментари | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryqeuvldu7vek08E87nGi

Се породи пејачката Милица Тодоровиќ

Пејачката Милица Тодоровиќ се породи во Белград, дознава „Телеграф“.Таа на свет донесе здраво машко бебе, чие име засега не ѝ е познато на јавноста. Како што пренесува „Телеграф“, мајката и бебето се чувствуваат добро, а породувањето се случило во една приватна клиника во Белград.Да потсетиме, Милица подолго време сонувала за мајчинството, а во една прилика извор за споменатиот медиум го изјави следново:„Го оствари својот најголем сон, многу е среќна. Целосно се повлече од сè. Ужива“, изјави извор за „Телеграф“.Милица ги откажа сите настапи во текот на летото, па целосно ќе се посвети на новото поглавје во животот што ја очекува.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryeljjjiiplraj3c3hfXY

Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести

Февруари е месецот на ретките болести – месец во кој се потсетуваме дека секој живот е вреден и секоја приказна заслужува да биде слушната.Годинава, кампањата „Запознајте ги ретките болести“ во организација на Здружението „Ретко е да си редок“ се реализира по осми пат. И повторно, зад неа стои поддршката на компанијата Mozzart, која со својата општествена одговорност покажува дека добрината не е ретка – туку секогаш присутна кога е најпотребна.Претседателката на Здружението, Гордана Лолеска истакна: Вистинското партнерство се мери со годините на лојалност и подготвеноста да се подаде рака таму каде што е најпотребно. Упатуваме огромна благодарност до компанијата Mozzart што препознаа вредност во нашата кауза и што продолжуваат да бидат нашиот ветар во грб. Заедно, го правиме светот малку подобро место за оние на кои поддршката им е најнеопходна. Ви благодариме што не ги заборавате ретките“.Првиот Ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, на 29 февруари – ден кој сам по себе е редок. Од тогаш, секоја година на последниот ден од февруари светот се обединува во поддршка и солидарност.„Трета година сме со Здружението “Ретко е да си редок” и со кампањата “Запознајте ги ретките болести”. Успешната соработка, со радост ја продолжуваме и оваа година. Заедно ќе придонесеме да се слушне гласот на лицата со ретки болести и да се запознаат нивните приказни,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Она што навистина не е ретко – се добрите дела. Mozzart, препознатлив како компанија со најголема општествена одговорност, повторно ја докажува својата мисија: да подава рака, да помага и да биде таму каде што поддршката е најпотребна.(ПР)

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryr99im592jump9NCc6sg

Антикорупционерка под лупа: Два предмети за Цвета Ристовска

Државната комисија за спречување на корупција отвори два предмети за антикорупционерката Цвета Ристовска, која што, според опозицијата, го кочи процесуирањето на пријавите против власта.Како што дознава Телма, се работи за проверка на судир на интереси и за непријавување на имот.Во првиот случај се работи за тоа дека фирма на еден од синовите на Ристовска добивала пари во кампања за претседателските избори во 2024 година. За вториот случај е дека таа не пријавила дека и двајцата синови и имаат маркетинг фирми во нејзиниот анкетен лист.Првиот случај вчера го објави Телма. Во јавно достапни документи се гледа дека фирмата на синот на Ристовска, Буст Дооел добила по 35 илјади евра од кампањата на претседателските кандидати Стево Пендаровски од СДСМ и Гордана Силјановска Дафкова од ВМРО ДПМНЕ. Симптоматично е тоа што токму рекламирањето и финансирањето на кампањите меѓу другите институции го проверува и Антикорупциската комисија. Истата фирма добила пари и за локалните избори во 2021 година од СДСМ, додека тогаш Ристовска била помошник државен ревизор.Вториот случај го објави партијата Левица, која откри дека Ристовска не ги пријавила фирмите на своите деца во нејзиниот анкетнен лист.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryijho06ujh12f5qQZQWx

ЗХГ предупредува: Советот не смее да гласа милиони без јасен проект за „Цветан Димов“

Зелен Хуман Град ќе ја поддржи финансиската помош во Советот на Град СКопје за Општина Чаир за проширувањето на главниот булевар Цветан Димов, но само ако, како што велат од таму, постои изработен проект.Околу 150 милиони денари ќе чини проширувањето на улицата Цветан Димов во Чаир. Град Скопје и Општина Чаир ќе потпишат договор за меѓуопштинска соработка за старт на проектот за проширување на оваа делница, која е тесно грло во градот.„Само годината е различна во овој пост што сме го објавиле во 2023. И парите, денес се 10 милиони денари повеќе или вкупно 150 милиони.Цветан Димов не смее да биде уште една автоцентрична пустина. Веќе втора седница по ред се бара од советниците да изгласаат фантастични 140 милиони денари за изградба на улицата Цветан Димов во Општина Чаир за која НЕМА јавно достапен проект, туку допрва треба да го прави (ревидира) Општина Чаир?! 140 милиони денари се 20% од буџетот на Град Скопје за улици и патишта за 2023 г.! Дополнително, ќе се трошат јавни пари за експропријација, а тоа во овој момент немаме информација колку ќе чини.На лошата практика да се бара од советниците да гласаат за изградба и реконструкција на улици во Скопје за кои никој не го видел проектот по кој ќе се работи мора да ѝ дојде крај!Ќе го поддржиме спроведувањето на овој предлог само ако прво јавно се објави проектот по кој ќе се работи за да се осигураме и ние и целата јавност дека повеќедеценискиот дрворед на таа улица ќе остане нечепнат, дека коловозните ленти ќе бидат со максимална ширина од 3 м, како и дека ќе има соодветна и функционална пешачка и велоинфраструктура, инклузивно испланирана да ги задоволи потребите на лицата со попреченост и на сите ранливи категории на граѓани.Доста ни е од Карангелески сценарија во овој град и смртоносни автоцентрични пустини! Зеленилото во Скопје го губиме со брзина на светлината и покрај тоа што секоја година прерано умираат над 4.000 наши сограѓани како последица од загаден воздух, а не постои статистика колку од нас прерано умираат од топлотните бранови за кои народните избраници сами ги создаваат предусловите.Колку жртви се доста за да се освестат тие што со едноставно дигање рака имаат моќ да создадат подобро Скопје“,велат од ЗХГ.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryppfv84rfcs116jR1V0C

Сиљановска-Давкова од Дубаи: Естонија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Светскиот самит на Владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис, на којашто беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции.Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на билатералната соработка со балтичката земја и склучување договори во областите од заемен интерес. Претседателката нагласи дека остануваме целосно посветени на членството во ЕУ и стопроцентно усогласени со заедничката безбедносна и надворешна политика на Унијата. Таа го реафирмираше ставот дека евроинтеграцијата на Балканот e стратешка потреба за стабилноста и безбедноста на Европа. На средбата, беше поздравена соработката во областа на дигитализацијата, реализирана во партнерство со Центарот за меѓународен развој на Естонија, соработката со Балтичкиот колеџ за одбрана во Тарту, како и со Центарот за сајбер одбрана на НАТО во Талин. Укажувајќи дека постојат неискористени потенцијали во економијата, Сиљановска-Давкова изрази очекување за развој на нови заеднички проекти и поголемо присуство на естонските инвеститори во земјава. Соговорниците разменија мислења за актуелните глобални предизвици.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Транспортерите добија одложување: Биометриската контрола во Шенген поместена за септември

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска одржаа конференциски состанок со претставници на Европската Комисија како и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти. Исто така на состанокот беа вклучени и ресорните министри за транспорт, внатрешни работи и евроинтеграции од земјите од Западен Блакан, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. На состанок се разговараше за надминување на проблемите со кои се соочуваат транспортерите во земјите на Шенген зоната како и изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците. Николоски ја поздрави иницијативата на ЕК за надминување на проблемот и преку аргументирани факти го истакна ставот на Владата преку кој се бара соодветно решение за овие категории на работници поради потребата од извршување на работните обврски во рамки на земјите од Шенген зоната.Во очекување на трајно решение, Николоски додаде дека е потребно Европската Комисија реално да го идентифицира проблемот со транспортниот сектор и непречениот транспортен тек и во најскоро време да импелментира соодветни мерки кои ќе обезбедат предвидливост и непречена работа на транспортните компании кои работат во меѓународниот патен сообраќај.Претставниците на Европската Комисија ја потврдија новата визна стратегија на ЕУ во која превозниците се прифатени како професионалци и беше истакнато дека ја разгледуваат можноста оваа категорија на работници да биде третирана исто како и пилотите и машиновозачите.На состанокот беше потврдено дека биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од/во земјите од Шенген зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година.Во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво.На состанокот ЕК ја потенцираа важноста на транспортниот сектор и влијанието врз целокупната економија и најавија целосна посветеност во изнаоѓање на трајно прифатливо решенија кое е во интерес на сите засегнати страни.Исто така на состанокот беше потенцирано дека ова е многу важна тема за Европската Унија и во наредниот период ќе се продолжи комуникацијата меѓу сите засегнати страни.Информираме дека Владата веќе изрази целосна подршка на превозниците и во насока на изнаоѓање на прифатливо решение за истите ги презема сите мерки што и стојат на располагање со цел да се овозможи непречена работа во рамки на меѓународниот патен сообраќај.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања