1 нед.
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Транспортерите добија одложување: Биометриската контрола во Шенген поместена за септември

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска одржаа конференциски состанок со претставници на Европската Комисија како и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти. Исто така на состанокот беа вклучени и ресорните министри за транспорт, внатрешни работи и евроинтеграции од земјите од Западен Блакан, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. На состанок се разговараше за надминување на проблемите со кои се соочуваат транспортерите во земјите на Шенген зоната како и изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците. Николоски ја поздрави иницијативата на ЕК за надминување на проблемот и преку аргументирани факти го истакна ставот на Владата преку кој се бара соодветно решение за овие категории на работници поради потребата од извршување на работните обврски во рамки на земјите од Шенген зоната.Во очекување на трајно решение, Николоски додаде дека е потребно Европската Комисија реално да го идентифицира проблемот со транспортниот сектор и непречениот транспортен тек и во најскоро време да импелментира соодветни мерки кои ќе обезбедат предвидливост и непречена работа на транспортните компании кои работат во меѓународниот патен сообраќај.Претставниците на Европската Комисија ја потврдија новата визна стратегија на ЕУ во која превозниците се прифатени како професионалци и беше истакнато дека ја разгледуваат можноста оваа категорија на работници да биде третирана исто како и пилотите и машиновозачите.На состанокот беше потврдено дека биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од/во земјите од Шенген зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година.Во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво.На состанокот ЕК ја потенцираа важноста на транспортниот сектор и влијанието врз целокупната економија и најавија целосна посветеност во изнаоѓање на трајно прифатливо решенија кое е во интерес на сите засегнати страни.Исто така на состанокот беше потенцирано дека ова е многу важна тема за Европската Унија и во наредниот период ќе се продолжи комуникацијата меѓу сите засегнати страни.Информираме дека Владата веќе изрази целосна подршка на превозниците и во насока на изнаоѓање на прифатливо решение за истите ги презема сите мерки што и стојат на располагање со цел да се овозможи непречена работа во рамки на меѓународниот патен сообраќај.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarypt3u0494ua4s7mVhAfK

Тошковски: Околу 3.000 возачи го загрозуваат својот живот и на 2 милиони луѓе во државата

Министерот за внатрешни работи во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Тв на прашањето дали продолжува трендот на намален број на сообраќајни прекршоци откако е воведен системот Безбеден град, упати честитки до македонските граѓани бидејќи како што посочи, се што се сака и се може.„Македонските граѓани докажаа дека од 120.000 прекршоци кои беа детектирани од страна на овие паметни камери кога започна да функционира Безбеден град во рамки на тест периодот, успеавме таа бројка да ја намалиме на нешто помалку од 500 прекршоци на првиот ден од воведувањето на системот. И во текот на 02.02.2026 фактичката состојба е иста, односно во 08.00 часот имавме 508 прекршоци на ниво на цела држава односно Скопје, Куманово, Тетово, и долж коридорите 8 и 10, од кои што 454 се за недозволена брзина, 42 за црвено светло, 12 за нерегистирани возила. Значи од прилика ја имаме истата бројка на и првиот ден од воведувањето и сметам дека и вкупната бројка во рамки на еден 24 часовен ден ќе се движи тука некаде од прилика, така што им честитам на совесните македонски граѓани кои навистина решија да го почитуваат законот и решија да покажат дека европски вредности може да имаме и во Македонија, а не само кога ќе одиме во Европската унија затоа што скоро и да нема земја во Европската унија која нема имплементирано еден ваков систем. Би сакал да напоменам дека со овој систем започнавме одлично, со надеж дека оваа година ќе ги намалиме бројките на сообраќајни незгоди, бројките на повредени лица во сообраќајни незгоди и бројките на загина лица во рамки на сообраќајни незгоди, а тоа беше и клучната круцијална цел зошто се решивме да имплементираме еден паметен систем кој е имплементиран во скоро секоја земја во ЕУ. Ако целта ни е да се стремиме кон земјите членки од ЕУ редно е тоа да го направиме и со дела и со проекти особено проекти кои што спасуваат човечки животи, а Безбеден град е еден таков проект“, дециден беше министерот за внатрешни работи Тошковски, искажувајќи огромна благодарност до сите македонски граѓани кои што како учесници во сообраќајот покажаа дека умеат, сакаат и можат европска вредно да прикажат во пракса во Македонија.„Овој систем можеле да го применат и претходно, од 2008/09 година е почнато со него имплементирање и се користел повеќе од 15 години за една од намените кои што ги нуди овој систем а тоа е да се користи во рамки на криминалистичко оперативните обработки кои што се спроведуваат од страна на МВР при секојдневни операции кои што и тоа како значително го подобруваат откривачкиот капацитет на МВР. Но, од старт верував дека македонските граѓани се мудри, сите што живееме на ова тло сме мудар народ кои знае да препознае вистинска вредност и знае да покаже со дела дека може поинаку од претходно, само тоа требаше да го направиме во рамки на системски проекти поддржан од страна на Владата, пратениците во македонското Собрание, поддржан од страна на огромниот број на совесни учесници во сообраќајот. Ние покажавме дека всушност треба да санкционираме на ден околу 500 прекршители на законот во споредба со претходно и навистина мораме да го разграничиме фактот дека се бориме против мал број на несовесни учесници во сообраќајот. Во Македонија во последните четири години имаме вкупен број на изречени забрани спрема сторители кои што преку МВР се евидентирани и доставени до конкретните сторители, а кои што притоа сториле еден прекршок за да биде изречена забрана за управување со моторно возило со правосилна судска пресуда 55.405 граѓани. Бројот на граѓани кои сторите два прекршока е 7.987. Бројот на граѓани кои имаат правосилна пресуда за забрана за управување на моторно возило е 1.863. Со четири забрани се 677 граѓани, а со пет забрани 291 сторител на прекршоци и двајца со по 40 забрани и сега со овој паметен систем нема да возат така едноставно. Оваа бројка на луѓе околу 3.000 возачи го загрозуваат својот живот и на 2 милиони луѓе во државата“, истакна Тошковски.Министерот појасни дека претходно на територија на СВР Скопје имало 424 повредни лица во рамки на сообраќајни незгодни, а во последните два месеци имаме 288 лица.„За 32% имаме намалување на бројот на повредни лица на територија на СВР Скопје. Од аспект на загинати лица претходно имаме 11 смртни случаи, а последните два месеци имаме четири, односно 64% помалку. Самата бројка од 120.000 на прекршоци на 500 прекршоци навистина е неспоредлива и тоа како заслужува да бидеме горди како граѓани сите затоа што резултатите првични од овие два дена навистина наговестуваат дена со овој проект имаме надеж која е видлива и безбедноста ќе ја поткренеме на повисоко ниво“, заклучи министерот за внатрешни работи.Во однос на борбата против корупцијата и економскиот криминал, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека Министерството постапува неселективно и дека резултатите се мерлив доказ за засилената институционална акција.Тој посочи дека довербата кај граѓаните се враќа токму преку конкретни бројки и споредливи резултати.„Ако ги споредиме податоците, ќе видиме јасен тренд на зголемена ефикасност. Во 2023 година МВР процесуирало 126 кривични дела поврзани со корупција и економски криминал, во 2024 година таа бројка изнесува 206, а во 2025 година 290 кривични дела, што претставува зголемување од околу 130%. Тоа значи дека борбата не е декларативна, туку реална и мерлива“, истакна министерот Тошковски.Во однос на сторителите, министерот посочи дека во 2023 година биле опфатени 185 лица, во 2024 година 363, а во 2025 година 678 сторители во случаи поврзани со корупција.Особено значајна, според него, е разликата во утврдената штета кон буџетот: во 2023 година таа изнесувала околу 5,7 милиони евра, во 2024 година 24 милиони евра, додека во 2025 година достигнала 380 милиони евра.„Овие бројки покажуваат дека нема заштитени и нема недопирливи. Институциите работат посветено, без разлика за кого станува збор. Законот мора да важи еднакво за сите, а украденото мора да се врати кај граѓаните“, нагласи Тошковски.Министерот додаде дека 2025 година е историски најуспешна за МВР во изминатите 20 години и во делот на вкупниот криминалитет и во делот на расветлување на кривичните дела, при што стапката на расветленост достигнува 67,2%, што е подобрување од околу 10% во однос на претходните години.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryd5vgat0d0p2n0xQDnQD

„Луфтханза“ потврди: Исчезнатата Лаура отпатувала за Германија на денот на исчезнувањето

Авиокомпанијата „Луфтханза“ потврди дека тинејџерката која околу еден месец се водеше за исчезната од Патра, на 8 јануари, денот на нејзиното исчезнување, отпатувала за Франкфурт, Германија.Шеснаесетгодишната Лаура последен пат била видена на 8 јануари во близина на југозападниот град Патра. Полицијата соопшти дека девојката го продала својот мобилен телефон пред да исчезне, со цел да не може да биде лоцирана. Потоа, парите добиени од продажбата ги искористила за да отпатува со такси до Атина. Службениците утврдиле и дека таа ги избришала сите свои профили на социјалните мрежи еден ден пред исчезнувањето.Родителите на девојката, германски државјани кои живеат постојано во Рио, го пријавиле нејзиното исчезнување, по што хуманитарната организација „Smile of the Child“ издаде аларм.Портпаролката на полицијата, Константија Димоглиду, во гостување на државниот радиодифузер ЕРТ претходно во текот на денот изрази незадоволство поради тоа што биле испратени пет барања до авиокомпанијата од 12 јануари наваму, со цел да се утврди дали Лаура патувала со нивен авион, но останале без одговор.Таа рече дека надлежните органи стапиле во контакт со сите авиокомпании што извршуваат летови кон Германија во првите 24 часа, но дека компанијата што го издала билетот „се уште не одговорила“.Димоглиду појасни дека немало наредба од јавен обвинител со која авиокомпанијата би била обврзана да одговори, бидејќи случајот не се однесува на кривично дело, но дека полицијата имала согласност од родителите да побара информации.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library9rgd4tjbgbnh4DzR37X

Тешка кражба на струја за копање криптовалути: ЕВН издаде сметка од 260.000 евра

Утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, по што на сторителот му е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари или околу 260.000 евра, соопшти ЕВН Дистрибуција.Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал од МВР да се спроведе пребарување и да се вклучи вешто лице, поради основи на сомневање за кражба на електрична енергија во деловен објект на улица Бутелска во Скопје.При тоа е констатирано дека противправно се користела електрична енергија преку неовластено приклучување на 3 нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција.– Деловен објект, поранешен млин, бил користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини – соопшти ЕВН Дистрибуција.Направен е Записник за неовластено користење, изготвени се наод и мислење од овластено вешто лице. Поднесена е пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од Кривичниот законик.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
deca-poprecenost

(Фото) 12 деца и 4 возрасни отруени во градинка во Милано

Шеснаесет лица се отруени денеска, меѓу кои 12 деца, поради истекување на јаглерод моноксид во еден градинка во Милано.До истекувањето дошло утрово, а отруени се 12 деца, двајца родители и двајца воспитувачи, соопшти пожарникарската служба, додавајќи дека никој не е потешко повреден.На местото на настанот интервенирале полицијата и пожарникарите, заедно со експерти од единицата за биолошка и хемиска заштита (NBC), кои сега работат на утврдување на причината за истекувањето, најверојатно предизвикано од дефект на бојлерот.Објектот, со површина од околу 150 квадратни метри, веднаш бил евакуиран, а децата и воспитувачите се наоѓаат во зона за тријажа каде здравствените работници ја оценуваат потребата за хоспитализација поради нивните симптоми.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarylg0hbkfhvlgr2SBvj5d

„Не се откажав од истражувањето поради притисоците, туку заради други околности“, Менче Точи за случајот со мозоците во САД

Во гостувањето на Топ тема на ТВ Телма, новинарката Менче Точи за време на нејзината кариера кога работела во А1 телевизијата дошла до сознанија дека од Македонија се носат мозоци на испитување на Унвиерзитетот Колумбија. По информациите таа започнала да истражува, а првата потврда пристигнала од Психијатриската болница во Скопје од тогашниот директор.„Информациите говореа дека таму има пациенти кои остануваат со години, по 20 по 30 години заборавени од семејството. Тоа е како еден мал град умираат луѓе. Што се случувало не знам, но патот ме одведе до професорот Колумбија (Росоклија), ме однесе до Судска медицина и до Царина. Кога јас требаше да тргнам со проектот веќе имав четири страни“, рече новинарка Точи во Топ Тема.Точи посочи дека тогаш вработените во Царина и кажале дека првпат слушаат за такво нешто и дека не се запознаени. Па така започнала и да си ги поставува прашањата: Дали семејствата знаеле за такво нешто? И како тие мозоци излегувале од државата?Точи вели дека новинарското истражување ја довело до името на професорот Горазд Росоклија како носител на проектот, но кога стапила во контакт со него тој не сакаал да зборува.„Проектот бил завршен и немало зошто јавноста да се занимава со тоа“, рече Точи и додаде дека Росоклија во неколку наврати вршел притисок тоа да не се објавува.По гостувањето, таа се огласи на социјалните мрежи и вели дека не се откажала од истражувањето поради притисоците, туку заради други околности.„Дечки, смирите доживљај. За тие што не разбрале, не сум се откажала од истражувањето поради притисоците,( тоа не може да ми се случи мене) туку заради други околности. Читајте убаво пред да коментирате( за неупатените со зли јазици)И тогаш останав сама, како и сега, ама не престанав да зборувам гласно и јавно да се препукувам со дотичниот проф.од Колумбија, дури и на соц.мрежи. Сте читале, ама брзо заборавате. Заспаноста така прави понекогашПлус, за ова знаеја многу фактори, како и лекарската фела.Благодарна сум што имав можност да го раскажам моето патешествие за овој случај јавно. Ова е единствено нешто што не сум го истерала до крај, ама под тој збир на околности беше невозможно.Не ми треба публицитет, не се секирајте, го имам доволно и ми смета Секогаш искрено настапував, така и сега.Благодарам и на поддршката и разбирањето што ги добив од огромен, огромен број луѓе. На нив ете, не им требало пошироко објаснување, сфатиле.Сега, од оваа перспектива, смирено гледам и се мислам дали некои луѓе воопшто ја заслужиле мојата беспоштедна борба низ текот на годините“, напиша Менче.

Коментари | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryjimerv9r0tsg7YCYuYB

Лишени од слобода седум странски државјани при обид за илегален излез од Македонија

На 03.02.2026 во 02:00 часот, во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници лишија од слобода седум странски државјани – пет од Пакистан и двајца од Индија, при обид да илегално ја напуштат државата.По извршени проверки во оперативната евиденција, е утврдено дека лицата претходно влегле во државата преку Меѓународниот аеродром Скопје.По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
790322-policijata-fati-kradec-i-gi-vrati-odzemenite-predmeti-na-sopstvenikot

При претрес во Кавадарци пронајдени украдени предмети, уапсен 29-годишник

На 03.02.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со Б.Б.(29) од Кавадарци.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“.Одземеното ќе биде вратено на сопствениците, а по целосно документирање на настанот, против Б.Б. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryinetv4gsue596rTrz70

Филков: Дигиталните алатки ќе овозможат поефикасна распределба на ресурсите и подобар пристап до правдата

Зајакнувањето на ефикасноста и независноста на судството е еден од највисоките државни приоритети и предуслов за враќање на довербата на граѓаните во институциите, порача министерот за правда на конференцијата „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија.„Ова е критичен и одлучувачки момент за правосудниот систем. Мораме јасно и објективно да ја согледаме состојбата, затоа што само преку прецизна процена можеме да дојдеме до одржливи решенија“, истакна министерот за правда Игор Филков во своето обраќање.Тој нагласи дека состојбите во правосудството се темелно анализирани и документирани во релевантни домашни и меѓународни документи, меѓу кои Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, Реформската агенда 2024–2027, Националната стратегија за спречување на корупција и извештаите на Европската комисија.Посебен акцент беше ставен на Патоказот за спроведување на стратегијата за човечки ресурси за судската мрежа.„Ова не е само теоретски документ, туку практичен и применлив водич кој нуди јасен и остварлив пат за справување со најитните предизвици во судството“, нагласи министерот.Министерството за правда, во рамки на своите законски надлежности, во текот на 2024 и 2025 година утврдило алармантни состојби во правосудството, кои директно кореспондираат со идентификуваните слабости во Патоказот.„Предложените мерки мора сериозно да се разгледаат и да се имплементираат, доколку навистина сакаме резултати што ќе бидат мерливи, видливи и одржливи. Реформите мора да обезбедат пополнување на работните места, модернизација на инфраструктурата, зајакнување на институционалниот интегритет и зголемување на довербата на јавноста преку транспарентност и високи етички стандарди. “, порача министерот Филков.Како еден од клучните столбови на реформите беше истакната дигитализацијата на правосудството.„Инвестициите во интегрирани системи за управување со предмети и целосно дигитални судски досиеја не се иднина – тие се сегашност и реална потреба“, рече министерот, додавајќи дека дигиталните алатки ќе овозможат поефикасна распределба на ресурсите и подобар пристап до правдата.Во делот на законодавните активности, министерот информираше дека во изминатиот период се подготвени околу триесет закони со кои се спроведуваат системски реформи во правосудството.Законот за Судскиот совет веќе е донесен, а Законот за јавното обвинителство наскоро се очекува да влезе во собраниска процедура. Подготвени се и други закони како дел од целосното ресетирање на правосудниот систем.,,Наша обврска како Министерство за правда е да создадеме јасни и применливи закони кои ќе бидат инструмент за правда и правичност. Реформите во судството и унапредувањето на законската рамка не се брзи процеси кои се случуваат за еден ден. Тие не се лесни, но се неопходни. Продолжуваме посветено и заедно да работиме на системски решенија”,потенцира Филков.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6in59jkg5f4ofLaHqX5

Нова бура во Португалија: Врнежите можат да предизвикаат поплави

Португалија се подготвува за нова бура Леонардо која, како што предупредуваат властите, би можела да предизвика поплави и дополнителни штети, додека земјата се обидува да се опорави од бурата Кристин.Португалскиот институт за море и атмосфера (IPMA) соопшти синоќа дека се очекува новата бура, наречена Леонардо, да почне да го погодува копнениот дел на Португалија од денес попладне па сè до сабота, пренесува Ројтерс.Полуостровот во последните неколку месеци беше погоден од серија бури со обилни врнежи, громови, снег и силни ветрови, при што јужна Шпанија забележува, највлажна зима во последните 40 години.IPMA наведе дека бурата Леонардо би можела да донесе постојани, а повремено и силни врнежи, со удари на ветер до 75 километри на час долж крајбрежјето јужно од Кабо Мондега во централниот дел на земјата и до 95 километри на час во планинските предели.Сепак, ударите на ветерот треба да бидат помалку интензивни од оние кои надминуваа 200 километри на час за време на бурата Кристин, која го погоди централниот копнен дел на Португалија минатиот четврток, усмрти најмалку шест лица и остави разурнати домови, фабрики и клучна инфраструктура.Данијела Фрага, заменик-командант на Националната управа за вонредни ситуации и цивилна заштита (ANEPC), изјави синоќа за новинарите дека обилните врнежи во следните денови би можеле да предизвикаат поплави и излевање на водите, пред сè во региони кои веќе беа погодени од бурата Кристин.Според податоците на дистрибутерот на електрична енергија E-Redes, скоро 134.000 домаќинства сè уште немаат струја, од кои околу 95.000 во регионот Леирија во централниот дел на земјата.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
fiskalni333

Започна исплатата на МојДДВ

Управата за Јавни Приходи - УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година.„За К4 - 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ.Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ.Во овој момент 5.292 корисници кои скенирале фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што УЈП не е во можност да ја реализира исплатата.Апелираме! Доколку немате добиено средства, проверете ги и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата МојДДВ. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ“, информираат од УЈП.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3tpmrb9nksv7cs1DLWH

(Видео) Експлозија во вилата на Здравко Чолиќ: семејството било дома, оштетени фасадата и оградата на куќата

На семејната куќа на познатиот пејач Здравко Чолиќ на Дедиње ноќеска е фрлена експлозивна направа.Според информации од Telegraf и Blic, во моментот на експлозијата во вилата биле Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара, а сите спиеле кога страшниот звук ги разбудил. Старaта ќерка, Уна, тогаш не била дома.Увидот на местото на настанот сè уште трае, а го раководи јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград. Полицијата ја блокираше улицата, додека форензичарите се обидуваат да изолираат ДНК трагови од остатоците на експлозивната направа.Во моментов се симнуваат снимки од сите безбедносни камери на вилата, како и од соседните објекти на Дедиње. Се верува дека напаѓачот имал помагач кој го чекал во возило на некоја од соседните улици.„Ова е директен напад на имотот, но имајќи предвид дека целото семејство било внатре, среќа е што никој не е повреден. Штетата на автомобилите и објектот е огромна, но човечките животи беа најзагрозени“, изјави извор близок до истрагата.Комшиите известуваат дека се слушнала „страшна детонација“ која ги вознемирила.Комшиите велат дека експлозијата била толку силна што алармните системи на возилата низ целата улица се активиралеВилата има голем двор со две порти и високи мерки за безбедност. Експлозијата предизвикала голема материјална штета.Според неофицијални информации на „Blic“, пријавени се оштетувања на фасадата и оградата на куќата на Дедиње, како и помали оштетувања на стаклото на паркираното возило.Чолиќ и неговото семејство се вселија во оваа вила пред околу година и пол, откако ја продале недвижнината на Коштуњак. Вилата била продадена за околу еден милион евра, а пејачот се вратил на Дедиње, каде живеел порано.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryl6e3c0fuvcvnbqqxDv8

Ристовски: Митевски одобрува пренамена на земјиште за штета на граѓаните за богатење на инвеститорите

Одлуката со која Општината на инвеститори им дозволува пренамена на земјоделско земјиште во градежно не е во интерес на граѓаните, туку напротив, директно им штети. Ваквата одлука претставува „подарок“ за инвеститорите, повторно на сметка на граѓаните, рече советникот Дејан Ристовски на седница на Совет на Општина Аеродром.Ристовски истакна дека инвеститорите купуваат земјоделско земјиште по многу ниски цени, а потоа со барања за пренамена во градежно цената на земјиштето значително расте и на тој начин остваруваат енормни добивки кои се исклучиво во нивна корист.Конкретното земјиште е во реон кој нема соодветни услови за изградба, нема можности за проширување на патната инфраструктура, ниту пак соодветна водоводна инсталација со што би се влошил квалитетот на живот на жителите во оваа населба.Советниците на Левица порачуваат дека ќе продолжат да се спротивставуваат на одлуките кои го ставаат интересот на инвеститорите пред интересот на граѓаните.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarypuaqn97gm19h0BRFutS

Манасиевски: Барањата на Трендафилов имаат политичка позадина, зад неговото раководење со ССМ стојат СДС и Левица

Неодговорно е однесувањето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој вчера објави пост на социјалните мрежи со фотографија, на која вели дека чека претставник на Владата да дојде во просториите на ССМ за да се потпише зголемувањето на платите, а истовремено веќе бил закажан состанокот на Владата со гранковиот синдикат УПОЗ за истата намена, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Со ова почитувани граѓани се потврдуваат сите наши тези дека барањата на Трендафилов имаат политичка позадина и дека зад неговото раководење со ССМ, стојат СДС и Левица. Ова не е ништо повеќе од обичен театар наменет за јавноста, во која жртвата е Слободан Трендафилов а виновникот власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.На Трендафилов никогаш не му ни било до зголемување на платите, туку до наштетување на моменталната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и водење политика иста со онаа која ја води СДС и Левица. Се поставува прашањето, дали барањата на Трендафилов и ССМ, ги пишуваат СДС и Левица.Трендафилов ниту еднаш не кажа ништо за зголемувањето на платите и новите колективни договори во образованието, здравството, полицијата, одбраната, социјалата и другите сектори. Но, за волја на вистината не кажа ништо и кога инфлацијата беше двоцифрено во времето на СДС и на ДУИ, не кажа ништо за ценовните шокови, не кажа ништо за зголемувањето на сметките за струја за над 50% и молчеше кога платите во неколку институции во државата доцнеа со месеци.Да потсетиме и дека се потпишувале разни колективни договори во разни државни институции и сектори, без одобрение од министерството за финансии. Или во превод, СДС и ССМ си потпишувале договори, без да имаат претходно одобрено средства, што е спротивно на условите за потпишување на колективен договор.Ова лицемерие на Трендафилов и ССМ покажува дека соработуваат со СДС и Левица против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати“, додава тој.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarysefdp28vouqdb7m67yQ

Во куфер на стружанец пронајдени дрога, оружје и муниција

На 02.02.2026 во 17:20 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ф.Ж.(37) од струшкото село Велешта.При преглед на паркирано патничко возило „Дачија Дастер“ со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал, бил пронајден отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле откриени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети.Сите пронајдени предмети се одземени, а по целосно документирање на случајот против Ф.Ж. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Medical-jobs-in-Norway-696x322-1

Норвешка нагласува потреба од засилена европска соработка во безбедноста

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го отфрли неодамнешното тврдење на американскиот претседател Доналд Трамп дека Соединетите Американски Држави „никогаш не добиле ништо“ од НАТО. Говорејќи на Безбедносната конференција во Осло, Сторе истакна дека колективната безбедност се базира на сопствен интерес, а не на добротворство, јавува Anadolu.„Звучи сосема погрешно кога американскиот претседател во Давос вели дека ние сè му дадовме на НАТО, а дека Алијансата не дава ништо во замена. Тоа е неточно. Едноставно неточно“, рече Сторе, додавајќи дека колективната безбедност „не е добротворна акција“, туку нешто што „е создадено од сопствен интерес“.Сторе како илустрација на промените во светот го наведе американското царинско заканување кон сојузниците и обидот за преземање на Гренланд, оценувајќи ги како политички алатки за притисок. Поради тоа, тој нагласи потреба за продлабочување на европската соработка во областа на безбедноста, одбраната и трговијата, како и за преиспитување на улогата на САД во безбедноста на Европа.„Целта ни е мудро да ги трошиме средствата за одбрана за да се вклопат во регионалните планови. Но, ќе направиме и повеќе. Стратешки ќе ја продлабочиме нашата соработка со водечките европски партнери, вклучително и со Обединетото Кралство“, рече тој.„Не заборавајте, пријатели, ЕУ е клучна за нашата безбедност. Но, земјите-членки на ЕУ претставуваат 20 проценти од воениот капацитет на НАТО. Околу 80 проценти доаѓаат однадвор: САД, Канада, Турција, Обединетото Кралство, Норвешка“, додаде Сторе.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryl4f6co04cu7ifEVHlTv

Муцунски во Дубаи: Коридорите 8 и 10 и диверзификацијата носат економска предност за Македонија

Во рамки на работната посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово беше говорник на панел-дискусијата насловена „Следниот логистички поредок: Што мора да се промени“, што се одржа во рамки на Светскиот самит за влади.„Во денешниот глобален политички пејзаж, единственото што е предвидливо е непредвидливоста. Тоа е реалност со која мора да се соочиме и да научиме да живееме“, истакна Муцунски, нагласувајќи дека наместо да се реагира само кога ќе се појават предизвици, неопходно е да се гради долгорочна способност за адаптација.Тој посочи дека од перспектива на владите, диверзификацијата претставува клучна алатка за управување со ризици, што подразбира да не се зависи исклучиво од една индустрија, една рута, еден пазар или еден центар. „Потребно е активно да ги прошируваме нашите опции и почесто да соработуваме меѓусебно, особено со пазари и индустрии кои можеби досега не сме ги сметале за традиционални партнери“, нагласи министерот.Во обраќањето беше истакната и потребата владите да водат поинтензивен дијалог и да реагираат побрзо во услови на глобални предизвици, имајќи предвид дека денешниот систем бара брза и ефикасна адаптација која треба да се претвори во предност.Осврнувајќи се на деловното окружување, Муцунски посочи дека во Европа често постојат потешкотии за водење бизнис поради регулаторниот пристап, оценувајќи дека континентот се соочува со своевидна „хиперинфлација“ на законодавството. „Бизнисите бараат поедноставени процедури, ефикасност и брзина“, истакна тој, посочувајќи ги Обединетите Арапски Емирати како пример од кој може да се учи, не само во користењето современи алатки, вклучително и вештачка интелигенција во административните процеси, туку и во креирањето прилагодливо законодавство подготвено да го поддржи бизнисот. Притоа ја нагласи и важноста на партнерствата меѓу владите како механизам за создавање услови компаниите да бидат успешни. Говорејќи за логистичката позиција на државата, министерот истакна дека Коридорот 8 се протега од Италија преку Јадранското и Јонското Море кон Албанија и Северна Македонија, а потоа од Бугарија до Црното Море, додека Коридорот 10 претставува клучен трговски и инфраструктурен правец што се движи од Унгарија, преку Србија и Северна Македонија, до пристаништата Солун и Пиреја. „Специфично за нашата држава е тоа што сме единствената земја во регионот каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10“, посочи Муцунски.Тој нагласи дека е неопходно активно инвестирање во енергетската безбедност и поврзаноста, посочувајќи дека во моментов се гради интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до течниот природен гас што пристигнува во пристаништето Александруполис. Истовремено, во завршна фаза е подготовката за владина инвестиција во интерконектор со Србија, со цел гасот не само да пристигнува во земјата, туку и да транзитира преку неа. „Кога станува збор за поврзаноста – било да е енергетска, инфраструктурна или преку инвестиции во аеродромската и авио-инфраструктурата, односно отворањето нови линии – клучни се диверзификацијата и јасното разбирање на сопствената позиција во светот и на континентот, како и на потребите на пазарите. Владата има јасен пристап и уверени сме дека овие инвестиции ќе бидат од суштинско значење за долгорочната иднина на нашата држава“, порача Муцунски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryuoc757sf2b6b6nge9G0

Во еден ден: фатени 50 возачи како поминуваат на црвено, 16 возеле нерегистрирано возило, а 58 добиле забрана за возење

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во текот на 2 февруари 2026 година преку системот „Безбеден град“ биле регистрирани вкупно 651 сообраќаен прекршок на територијата на државата.Според официјалните податоци, најголем дел од прекршоците се однесуваат на возење со брзина поголема од дозволената, при што биле евидентирани 585 случаи. Дополнително, регистрирани се 50 прекршоци за минување на црвено светло и уште 16 прекршоци за управување нерегистрирани возила.Во рамки на постапувањето по овие прекршоци, полициските служби изрекле вкупно 58 забрани за управување со моторно возило, како дел од мерките за зголемување на безбедноста во сообраќајот.Од МВР упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, потенцирајќи дека само со одговорно однесување може да се придонесе за побезбеден сообраќај на патиштата низ целата држава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
zdravko-colic-koncert

Фрлена бомба на куќата на Здравко Чолиќ

На куќата на Здравко Чолиќ на Дедиње фрлена е бомба, објави Нова.рс.Предизвикана е голема материјална штета, соопшти Танјуг.Според првичните информации, во инцидентот нема повредени.Се претпоставува дека станува збор за рачна бомба, а мотивот за нападот засега не е познат.На местото на настанот излегол дежурен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград, кој заедно со полицијата ги утврдува сите околности на нападот.Повеќе детали наскоро...

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryc2nse4oipq683ODCs9Q

Кустурица: Нема да влегувам во политика

Ја собирам суверенисти – тоа некој го измислува кому му е погодено да ми биде непријател, па да ме „победи“. Јас тоа го повторив стотици пати – во таа канализација што се вика политика, не влегувам. Мојата слобода има премногу голема цена и ако сакав да го правам тоа, можев пред 35 години во Сараево.Ова е реакцијата на Емир Кустурица на веста објавена од порталот Direktno.rs дека познатиот режисер во последните месеци собирал социјални групи од таканаречена суверенистичка ориентација, со цел да влезе во политичките води.„Не знам која разузнавачка служба лансира лажна вест, но јас многу работи во Србија доживеав. Од напади во Кремна до да одам дома во Истанбул, каде припаѓам, кога го формиравме паркот на природата. Во Вишеград, додека го градевме Андриќград, доживував практично постојано непријателство. Воопшто, покрај српскиот дух и обичните луѓе кои ги сакам, постои еден притисок што е страшен. Но тука сме да им објасниме дека јас во политика нема да влегувам, тоа е разузнавачки трик. Логична е идејата дека суверенистите се врзуваат за мене. Тоа е состојбата на новинарството; ако човек би ги тужел, тие би рекле дека го гушиш слободното новинарство“, рече Кустурица за Sputnik.Според познатиот режисер, слободното новинарство значи дека можеш да форматираш која било лага и, бидејќи си јавна личност, мораш да трпиш.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања