1 нед.
media-librarysefdp28vouqdb7m67yQ

Во куфер на стружанец пронајдени дрога, оружје и муниција

На 02.02.2026 во 17:20 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ф.Ж.(37) од струшкото село Велешта.При преглед на паркирано патничко возило „Дачија Дастер“ со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал, бил пронајден отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле откриени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети.Сите пронајдени предмети се одземени, а по целосно документирање на случајот против Ф.Ж. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Medical-jobs-in-Norway-696x322-1

Норвешка нагласува потреба од засилена европска соработка во безбедноста

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го отфрли неодамнешното тврдење на американскиот претседател Доналд Трамп дека Соединетите Американски Држави „никогаш не добиле ништо“ од НАТО. Говорејќи на Безбедносната конференција во Осло, Сторе истакна дека колективната безбедност се базира на сопствен интерес, а не на добротворство, јавува Anadolu.„Звучи сосема погрешно кога американскиот претседател во Давос вели дека ние сè му дадовме на НАТО, а дека Алијансата не дава ништо во замена. Тоа е неточно. Едноставно неточно“, рече Сторе, додавајќи дека колективната безбедност „не е добротворна акција“, туку нешто што „е создадено од сопствен интерес“.Сторе како илустрација на промените во светот го наведе американското царинско заканување кон сојузниците и обидот за преземање на Гренланд, оценувајќи ги како политички алатки за притисок. Поради тоа, тој нагласи потреба за продлабочување на европската соработка во областа на безбедноста, одбраната и трговијата, како и за преиспитување на улогата на САД во безбедноста на Европа.„Целта ни е мудро да ги трошиме средствата за одбрана за да се вклопат во регионалните планови. Но, ќе направиме и повеќе. Стратешки ќе ја продлабочиме нашата соработка со водечките европски партнери, вклучително и со Обединетото Кралство“, рече тој.„Не заборавајте, пријатели, ЕУ е клучна за нашата безбедност. Но, земјите-членки на ЕУ претставуваат 20 проценти од воениот капацитет на НАТО. Околу 80 проценти доаѓаат однадвор: САД, Канада, Турција, Обединетото Кралство, Норвешка“, додаде Сторе.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryl4f6co04cu7ifEVHlTv

Муцунски во Дубаи: Коридорите 8 и 10 и диверзификацијата носат економска предност за Македонија

Во рамки на работната посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово беше говорник на панел-дискусијата насловена „Следниот логистички поредок: Што мора да се промени“, што се одржа во рамки на Светскиот самит за влади.„Во денешниот глобален политички пејзаж, единственото што е предвидливо е непредвидливоста. Тоа е реалност со која мора да се соочиме и да научиме да живееме“, истакна Муцунски, нагласувајќи дека наместо да се реагира само кога ќе се појават предизвици, неопходно е да се гради долгорочна способност за адаптација.Тој посочи дека од перспектива на владите, диверзификацијата претставува клучна алатка за управување со ризици, што подразбира да не се зависи исклучиво од една индустрија, една рута, еден пазар или еден центар. „Потребно е активно да ги прошируваме нашите опции и почесто да соработуваме меѓусебно, особено со пазари и индустрии кои можеби досега не сме ги сметале за традиционални партнери“, нагласи министерот.Во обраќањето беше истакната и потребата владите да водат поинтензивен дијалог и да реагираат побрзо во услови на глобални предизвици, имајќи предвид дека денешниот систем бара брза и ефикасна адаптација која треба да се претвори во предност.Осврнувајќи се на деловното окружување, Муцунски посочи дека во Европа често постојат потешкотии за водење бизнис поради регулаторниот пристап, оценувајќи дека континентот се соочува со своевидна „хиперинфлација“ на законодавството. „Бизнисите бараат поедноставени процедури, ефикасност и брзина“, истакна тој, посочувајќи ги Обединетите Арапски Емирати како пример од кој може да се учи, не само во користењето современи алатки, вклучително и вештачка интелигенција во административните процеси, туку и во креирањето прилагодливо законодавство подготвено да го поддржи бизнисот. Притоа ја нагласи и важноста на партнерствата меѓу владите како механизам за создавање услови компаниите да бидат успешни. Говорејќи за логистичката позиција на државата, министерот истакна дека Коридорот 8 се протега од Италија преку Јадранското и Јонското Море кон Албанија и Северна Македонија, а потоа од Бугарија до Црното Море, додека Коридорот 10 претставува клучен трговски и инфраструктурен правец што се движи од Унгарија, преку Србија и Северна Македонија, до пристаништата Солун и Пиреја. „Специфично за нашата држава е тоа што сме единствената земја во регионот каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10“, посочи Муцунски.Тој нагласи дека е неопходно активно инвестирање во енергетската безбедност и поврзаноста, посочувајќи дека во моментов се гради интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до течниот природен гас што пристигнува во пристаништето Александруполис. Истовремено, во завршна фаза е подготовката за владина инвестиција во интерконектор со Србија, со цел гасот не само да пристигнува во земјата, туку и да транзитира преку неа. „Кога станува збор за поврзаноста – било да е енергетска, инфраструктурна или преку инвестиции во аеродромската и авио-инфраструктурата, односно отворањето нови линии – клучни се диверзификацијата и јасното разбирање на сопствената позиција во светот и на континентот, како и на потребите на пазарите. Владата има јасен пристап и уверени сме дека овие инвестиции ќе бидат од суштинско значење за долгорочната иднина на нашата држава“, порача Муцунски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryuoc757sf2b6b6nge9G0

Во еден ден: фатени 50 возачи како поминуваат на црвено, 16 возеле нерегистрирано возило, а 58 добиле забрана за возење

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во текот на 2 февруари 2026 година преку системот „Безбеден град“ биле регистрирани вкупно 651 сообраќаен прекршок на територијата на државата.Според официјалните податоци, најголем дел од прекршоците се однесуваат на возење со брзина поголема од дозволената, при што биле евидентирани 585 случаи. Дополнително, регистрирани се 50 прекршоци за минување на црвено светло и уште 16 прекршоци за управување нерегистрирани возила.Во рамки на постапувањето по овие прекршоци, полициските служби изрекле вкупно 58 забрани за управување со моторно возило, како дел од мерките за зголемување на безбедноста во сообраќајот.Од МВР упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, потенцирајќи дека само со одговорно однесување може да се придонесе за побезбеден сообраќај на патиштата низ целата држава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
zdravko-colic-koncert

Фрлена бомба на куќата на Здравко Чолиќ

На куќата на Здравко Чолиќ на Дедиње фрлена е бомба, објави Нова.рс.Предизвикана е голема материјална штета, соопшти Танјуг.Според првичните информации, во инцидентот нема повредени.Се претпоставува дека станува збор за рачна бомба, а мотивот за нападот засега не е познат.На местото на настанот излегол дежурен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград, кој заедно со полицијата ги утврдува сите околности на нападот.Повеќе детали наскоро...

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryc2nse4oipq683ODCs9Q

Кустурица: Нема да влегувам во политика

Ја собирам суверенисти – тоа некој го измислува кому му е погодено да ми биде непријател, па да ме „победи“. Јас тоа го повторив стотици пати – во таа канализација што се вика политика, не влегувам. Мојата слобода има премногу голема цена и ако сакав да го правам тоа, можев пред 35 години во Сараево.Ова е реакцијата на Емир Кустурица на веста објавена од порталот Direktno.rs дека познатиот режисер во последните месеци собирал социјални групи од таканаречена суверенистичка ориентација, со цел да влезе во политичките води.„Не знам која разузнавачка служба лансира лажна вест, но јас многу работи во Србија доживеав. Од напади во Кремна до да одам дома во Истанбул, каде припаѓам, кога го формиравме паркот на природата. Во Вишеград, додека го градевме Андриќград, доживував практично постојано непријателство. Воопшто, покрај српскиот дух и обичните луѓе кои ги сакам, постои еден притисок што е страшен. Но тука сме да им објасниме дека јас во политика нема да влегувам, тоа е разузнавачки трик. Логична е идејата дека суверенистите се врзуваат за мене. Тоа е состојбата на новинарството; ако човек би ги тужел, тие би рекле дека го гушиш слободното новинарство“, рече Кустурица за Sputnik.Според познатиот режисер, слободното новинарство значи дека можеш да форматираш која било лага и, бидејќи си јавна личност, мораш да трпиш.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryl5c356d7vgbtc4se1Qw

Дрон се урна во полски воен комплекс, започната истрага

Полската воена полиција истражува пад на дрон од непознато потекло кој се урнал во рамките на воен комплекс на североистокот на земјата, само неколку метри од складиште за оружје. Инцидентот, кој властите го потврдија во понеделник, се случил на 28 јануари во Вториот радиоелектронски центар во Пшазњиш, град на околу деведесет километри северно од Варшава, јавува Anadolu.Според Radio Zet, дежурниот офицер во единицата забележал дрон како летa над базата, по што леталото изгубило контрола и се урнало во близина на складиштето за оружје. Војниците го обезбедиле дронот и го префрлиле во воената зграда за преглед. Портпаролот на врховниот командант на воената полиција изјавил дека воената полиција била известена и официјално започнала истрага, која вклучува обезбедување на леталото и земање изјави од сведоци.Овој инцидент се случува во време на растечка загриженост низ Полска и другите членки на НАТО поради неовластени активности на дронови во близина на клучна инфраструктура и воени објекти. Загриженоста особено се зголеми по руската инвазија на Украина и брзото ширење на евтина технологија за беспилотни летала.Во Германија и балтичките земји, безбедносните служби истражуваат повторливи набљудувања на неодредени дронови во близина на воени полигони, пристаништа и енергетски постројки, што буди страв од шпионажа и проверка на подготвеноста.Иако засега нема индикации дека инцидентот во Пшазњиш бил непријателски чин, официјалните лица не исклучуваат ниту еден сценарио, вклучувајќи грешка на операторот, технички дефект или намерно разузнавање. Полското Министерство за одбрана сè уште не дало јавен коментар за потеклото или типот на дронот, ниту за тоа дали бил опремен со уреди за снимање или друг товар.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Трендафилов: Доколку минатата година не тераа инат, денеска работниците ќе имаа за 6000 денари зголемување на нивните плати

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска изјави дека егото на владини претставници го блокира зголемувањето на платите на работниците. Тој додава дека минатата година работодавачите биле подготвени да ги зголемат платите на работниците за најмалку 6.000 денари, доколку Владата привремено се откажеше од придонесите. Сепак, поединци во Владата одбиле да дозволат такво олеснување, веројатно со цел да ја претстават Владата како институција која води најсиромашни работници и најсиромашна држава во Европа.„Доколку минатата година не тераа инат, денеска работниците ќе имаа за 6.000 денари повисоки плати, а буџетот ќе добиеше дополнителни над 10 милиони евра месечно, односно над 120 милиони евра годишно. Наместо тоа, Владата продолжува со задолжување кое ќе ги плаќаат следните генерации“, изјави Трендафилов.Тој апелираше до бизнис секторот да ја прифати „подадената рака“ кон работниците и да ја принуди Владата да застане на страната на вработените и деловниот сектор. Во спротивно, Трендафилов предупреди дека ССМ ќе премине на следните фази на притисок – блокади, протести и Генерален штрајк, а последиците и одговорноста ќе бидат на владиниот сектор.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryujn1a9ncsevg18XPYcn

Пеги Сигал му понудила на Епстин „малечко бебе… или две“ од Африка

Холивудската публицистка Пеги Сигал му понудила на Џефри Епстин да му донесе „мало бебе… или две“ од патувањето во Африка преку е-мејл. Пораката е дел од најновата низа во серијата од три милиони документи објавени во истрагата за осрамотениот финансиер и осуден педофил, кој почина во затвор во 2019 година.Во е-пошта од декември 2009 година испратена од Амстердам, Сигал му пишала на Епстин за нејзиното патување во Кенија. „Не можеме доволно да ви се заблагодариме за уште едно искуство што се случува еднаш во животот. Ако не нè изедат воините Масаи, сомалиските пирати ќе…“ се вели во е-поштата. Сигал наводно ветила дека ќе го посети Епстин во јануари 2010 година, додавајќи дека „ќе се забавува и ќе мисли на тебе цело време“.Е-поштата продолжува: „Можам да ви донесам мало бебе… или две. Момчиња или девојчиња? Исто како Мадона“. Алузијата се однесува на американската поп-ѕвезда Мадона, која посвои четири од своите шест деца од Малави, земја во југоисточна Африка.Во истата е-пошта, Сигал коментираше и за тогашните телевизиски појавувања на Сара Фергусон, поранешната војвотка од Јорк. „Денес ја гледав Сара – војвотката – во „Тудеј Шоу“ и „Реџис“… беше многу убедлива. Малку е тажно што таа повеќе пати повтори дека Монархијата и Ендру ја разделиле кога биле во брак… исто како што Монархијата се обидела да ја контролира Викторија кога била млада… Се обложувам дека кралицата е воодушевена што пропаѓањето на бракот на Ферги е нејзина вина. Но, Сара беше многу шармантна на телевизија“, наводно му напишала Сигал на Епстин.Други објавени е-пораки откриваат дека Сигал, исто така, организирала „многу импровизирана неформална вечера“ за принцот Ендру додека тој престојувал со Епстин во неговата резиденција во Њујорк во декември 2010 година.Во интервју за „Њузнајт“ во 2019 година, принцот Ендру тврдеше дека потоа отишол во Њујорк за да го прекине пријателството со Епстин, две години откако финансиерот се изјасни за виновен за наведување малолетничка во проституција.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryv6h8agcfa0lv4aFqrbU

Орце Ѓорѓиевски најави 100 нови еколошки автобуси: Јавниот превоз во Скопје влегува во нова фаза

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, оценувајќи дека со ова започнува суштинска трансформација на јавниот превоз во главниот град. Според него, станува збор за исполнување на конкретно ветување и за чекор што директно ќе го подобри секојдневието на илјадници граѓани.Како што соопшти Ѓорѓиевски, одлуката е донесена од страна на Влада на Република Македонија, а предвидува на Скопје да му бидат доделени 100 нови автобуси, заедно со 50 полначи. Тој истакна дека ваквата инвестиција значи побезбеден, навремен и подостоинствен јавен превоз, но и значаен придонес кон заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот.Градоначалникот се повика и на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека оваа поддршка за Скопје е дел од поширока стратегија за стабилизација и модернизација на јавните услуги. Според Ѓорѓиевски, одлуката произлегува од стратешки договор „влада со влада“ меѓу Македонија и Унгарија, што овозможува набавка на возилата по исклучително поволни услови.Во своето обраќање, Ѓорѓиевски нагласи дека проблемот со јавниот превоз, кој со години бил една од најголемите болки на скопјани, наскоро ќе стане минато. Тој посочи дека преземањето на функцијата значело соочување со сериозен колапс во системот, но и дека токму поради тоа прифатил одговорност да започне процеси кои со години биле закочени.Градоначалникот информираше дека за неполни три месеци од стапувањето на функцијата се иницирани повеќе клучни постапки, меѓу кои и набавката на нови возила за Комунална хигиена, чие пристигнување се очекува до крајот на годината, како и стартот на процесот за набавка на новите автобуси. Според него, ова се првите конкретни резултати од, како што рече, „тектонски промени на подобро“.Ѓорѓиевски упати јавна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и, како што нагласи, за посветеноста кон граѓаните, оценувајќи дека без таквата поддршка реализацијата на вакви крупни проекти не би била возможна. Тој порача дека Скопје има потенцијал повторно да стане град со достоинство, ред и јасна визија за иднината.На крајот, градоначалникот истакна дека времето на дилеми дали може подобро завршува и дека следува период во кој граѓаните директно ќе ги почувствуваат промените, додавајќи дека подобриот јавен превоз и почистата животна средина се заедничка обврска кон сегашните и идните генерации.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryabq38g73gh5g9pB0FIv

За картелскиот скандал со 5 тони дрога мора да има одговорност, вели Огњеновиќ

Втор ден по ред власта молчи за картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Молкот е потврда дека власта се обидува да го заташка скандалот и да ги заштити виновниците, вели Петар Огњеновиќ, член Извршниот одбор на СДСМ.„Како тоа поминале 5 тони дрога преку македонската граница а нема одговорност од никој?Нели има „сејф сити“ камери, скенери и контроли на граничните премини. И никој ништо не видел, не чул, додека дрога од 5 тони така лесно се пренела?Без поддршка, заштита и логистика од структури во власта, во МВР, во Царина, криминал од вакви размери не е можен.Прашање е уште колку вакви пратки дрога редовно поминувале, колку уште тони дрога се пренесени преку македонските граници. И уште колку тони дрога се уште се шверцува.Овој картелски скандал покажува до каде одат пипците на криминалот и корупцијата на власта.СДСМ со денови алармира за директна поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија, а овој случај е уште една потврда за тоа.Секојдневието на македонските граѓани е како во мафијашки филм.Криминални тендери, шверц на 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра.За картелскиот скандал со 5 тони дрога мора да има одговорност.Обвинителството мора конечно да се разбуди и да отвори истрага.Кој се во Македонија е вмешан во шверцот на дрога? Колку дрога е помината преку границите? Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари? Кој ќе одговара?А одговорност ќе има, кога-тогаш.Работата не е завршена.Сите ќе одговараат“, додава тој.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryg7q39tjcsj6d2pHFpjB

Бетон што дише смог: карбонизацијата кај Ректоратот открива колку е загадено Скопје, процес кој трае 100 години, се случил за 10

Двата недовршени објекта кај Ректоратот на УКИМ, чија изградба е стопирана повеќе од десет години, ќе се доградуваат кога ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи.Во разговор за МИА проф. д-р Горан Марковски од Градежниот факултет рече дека при истражувањето на недоградените објекти во Скопје, експертите откриле сериозни проблеми со карбонизација на бетонот, што укажува на енормно загадување во градот. Процесот, кој се должи на комбинација од влага и присуство на јаглерод диоксид, може да доведе до корозија на арматурата и бара итни заштитни мерки.„Бетонот е во принцип базна средина, со висок pH-фактор и затоа арматурата во него е заштитена од корозија. Но, овој процес ја намалува базичноста и арматурата може да биде изложена на забрзана корозија. Објектите стојат отворени и оставени на атмосферските влијанија – дожд, мраз, снег, внатре влегувала вода и стоела додека не испари итн. Тоа траело со години. Во арматурата засега не е почната корозијата, но добро е што ќе се преземаат активности за завршување на овие објекти. Ако така остане уште некое време, дополнително ќе треба да поскапи целата алтернатива. Сега има мерки кои се релативно евтини и лесно применливи за да може да се стопира тој процес. Од една страна, имаме недовршени работи, тоа се фрлени пари, што е и најголемата штета, а второто што го откривме во анализата е дека токму тој дел, крстосницата кај Ректоратот, е еден од најзагадените во Скопје. Ова е доказ дека таму навистина имаме енормно загадување со јаглерод диоксид бидејќи во толку кус период од десетина години имаме толку голема карбонизација навлезена во длабочината на бетонските елементи. Има и на мостовските конструкции, кои се изложени на надворешни влијанија, но тоа е процес кој треба да трае стотина години. А овде имаме за само десет години. И од научна гледна точка за нас тоа е интересен податок и потврда за тоа колку во Скопје е загаден воздухот“, рече Марковски.Динамиката на продолжување на изградбата ќе зависи од расположливите средства во државниот буџет. Се очекува проектирањето да заврши до есен, а до крајот на годината да биде распишан тендер за избор на изведувач.„Скапите работи допрва доаѓаат. Кога се почнуваат објекти и од која било причина остануваат недовршени, потоа секогаш има проблем од различни аспекти. На тие објекти и не им беше таму местото, надвор се од кампусот на УКИМ, таа локација е за парк. Почнаа да се градат без урбанистичка и архитектонска логика. Но, сега двете можности се или да се доградат или да се урнат. Тешко оди уривањето на вакви започнати објекти од повеќе причини. Веднаш ќе има реакции во јавноста дека се урива нешто што е изградено. Најдобро урбанистичко решение е нив да ги нема, меѓутоа кога веќе ги има треба да ги направиме така што ќе извлечеме максимум од нив. Заинтересираност и ангажман да се спаси она што е веќе направено и да се обезбеди квалитетен простор за ФИНКИ гледам и во Министерството за образование и наука, почнувајќи од министерката. Сакам да нагласам и дека од МОН немавме никакви ограничувања, услови или барања како тие би требало да изгледаат. Сè беше оставено на струката, имавме одврзани раце во поглед на тоа колку може максимално тие објекти да се усогласат со постојните во кампусот на УКИМ“, посочи професорот од Градежниот факултет.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Осум возачи уапсени низ државата: управувале без дозвола, со забрана или со фалсификувани документи

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во текот на 2 и 3 февруари 2026 година на територијата на Велес, Делчево, Скопје, Битола и Прилеп биле лишени од слобода осум возачи кои управувале моторни возила со активна забрана, без положен возачки испит или со фалсификувана возачка дозвола, при што во сите случаи возилата им биле одземени.На 3 февруари 2026 година во 02:40 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т. (29) од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, а на увид приложил фалсификувана возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, било утврдено дека во македонската возачка дозвола му е впишана активна забрана за управување моторно возило. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото одземено.Истата ноќ, во 00:10 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода К.П. (31) од Скопје. При контрола на булеварот „Македонија“ било сопрено патничко возило „БМВ“ со делчевски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возачот управувал без положен возачки испит за Б категорија. И во овој случај лицето било задржано, а возилото одземено.На 2 февруари 2026 година во 18:00 часот, на влезот во селото Батинци, општина Студеничани, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И. (24) од Батинци. Контролата покажала дека управувал патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, иако имал активна забрана за управување моторно возило во периодот од 22 декември 2025 до 21 април 2026 година. Возилото му било одземено, а лицето задржано во полициска станица.Во текот на истиот ден, на 2 февруари, полициските службеници од СВР Битола извршиле повеќе лишувања од слобода. Во 15:33 часот на улицата „8 Септември“ во Битола бил лишен од слобода Е.М. (43) од Битола, кој управувал патничко возило „Хјундаи“ без положен возачки испит. Во 14:31 часот, на патот Битола – Демир Хисар кај селото Кукуречани, бил уапсен М.А. (24) од Демир Хисар, кој управувал „БМВ“ без положен возачки испит. Во 12:30 часот на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола бил лишен од слобода Д.Б. (37) од Битола, исто така затекнат како управува возило без положен возачки испит, додека во 10:30 часот на патот кон селото Бистрица бил уапсен Ш.Б. (34) од селото Острец, битолско, за истото прекршување. Во сите случаи возилата биле одземени, а лицата задржани во полициска станица.Дополнително, на 2 февруари 2026 година во 13:45 часот на улицата „Кузман Јосифоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.И. (39) од селото Норово, крушевско. Тој управувал патничко возило „Алфа Ромео“ со крушевски регистарски ознаки без положен возачки испит за Б категорија, по што бил задржан, а возилото одземено.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на сите настани, против лицата ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“, потенцирајќи дека ваквите контроли ќе продолжат со засилено темпо со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library0obe467geqredcjT49P

Исчезнатата тинејџерка во Грција отпатувала во Германија на денот на исчезнувањето

Исчезна 16-годишно девојче во Грција. Грчката полиција потврди дека исчезнатата тинејџерка патувала со авион за Германија на првиот ден од нејзиното исчезнување, изјави портпаролката Константија Димоглиду во интервју за државната телевизија ЕРТ.Шеснаесетгодишната Лаура последен пат била видена на 8 јануари во близина на југозападниот град Патра. Полицијата соопшти дека девојката го продала својот мобилен телефон пред да исчезне за да не може да се трага по неа. Парите од продажбата ги искористила за да патува со такси до Атина. Службениците исто така утврдиле дека таа ги избришала профилите на социјалните мрежи еден ден пред исчезнувањето.Нејзините родители, германски државјани кои живеат постојано во Рио, пријавиле дека девојката исчезнала, а организацијата „Smile of the Child“ издаде аларм.Димоглиду рече дека авиокомпанијата не одговорила на барањето на полицијата, и покрај тоа што била информирана дека животот на Лаура бил сметан за ризичен. Таа додаде дека властите контактирале со сите авиокомпании што оперираат летови за Германија во првите 24 часа, но авиокомпанијата што издала билет „се уште не одговорила“.„Ова е нешто што можеше да ни биде соопштено во првите часови“, рече таа, повикувајќи се на фактот дека тинејџерката купила билет и отпатувала истиот ден кога исчезнала.Таа објасни дека нема наредба од јавен обвинител за да се обврзе авиокомпанијата да одговори, бидејќи случајот не се однесува на кривично дело.Димоглиду истакна дека недостатокот на соработка од страна на авиокомпанијата не го попречил истражувањето, кое од самиот почеток ја разгледувало можноста дека девојката отпатувала во странство.Таа додаде дека германските власти се известени за исчезнувањето и дека родителите на Лаура ја бараат.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Безбедносни гаранции за Украина: Западот најавува брза реакција на евентуална руска ескалација

Украина постигнала договор со западните партнери според кој секое упорно руско кршење на евентуален иден договор за прекин на огнот би предизвикало координиран воен одговор од Европа и Соединетите Американски Држави, објави „Financial Times“, повикувајќи се на добро информирани извори. Според весникот, планот бил разгледуван во неколку наврати во декември и јануари на состаноци меѓу украински, европски и американски претставници, а неговата цел е да се воспостави јасен механизам за одвраќање на Москва од нови напади.Изворите наведуваат дека предвидениот модел опфаќа повеќефазен одговор за секое прекршување на примирјето. Во првата фаза, во рок од 24 часа по утврденото кршење, би следувало дипломатско предупредување, а доколку е потребно и ограничена акција на украинската армија со цел да се запре нарушувањето на договорот. Доколку непријателствата продолжат и покрај тоа, планот предвидува активирање на втората фаза, која би вклучила интервенција на силите на таканаречената „коалиција на подготвените“, составена од повеќе земји членки на Европската Унија, како и Обединетото Кралство, Норвешка, Исланд и Турција.Според истите информации, во случај на поширока и посериозна руска ескалација, координираниот одговор на силите поддржани од Западот, вклучително и американската војска, би бил активиран во рок од 72 часа од првичното кршење на примирјето. Ваквиот пристап, според соговорниците на „Financial Times“, има за цел однапред да ја дефинира цената за Москва доколку се обиде да го наруши евентуалниот мировен договор.Во меѓувреме, според истиот извор, се очекува претставници од Киев, Москва и Вашингтон да одржат разговори во Абу Даби во среда и четврток, во обид да се најде излез од војната што трае повеќе од три години. Иако официјални потврди засега нема, дипломатските напори се интензивираат во услови на зголемен притисок за воспоставување барем привремено примирје.Прашањето за улогата на САД во евентуалниот безбедносен механизам останува отворено. Подолго време е јасно дека секој иден мировен договор меѓу Украина и Русија би морал да содржи конкретни безбедносни гаранции, чија цел би била да ја одвратат Русија од нова агресија. Американската администрација веќе разгледувала повеќе можни опции, но испраќањето копнени сили се смета за најмалку веројатно сценарио, со оглед на тоа што актуелниот американски претседател Доналд Трамп јавно ја опишува војната како пред сè европски проблем.Пореална се смета можноста за засилени воздушни и поморски патроли, со оглед на тоа што американските сили и сега спроведуваат надзорни летови над Црното Море и други чувствителни региони. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека постои суштинска разлика меѓу извидувачки мисии и директно вклучување во потенцијален вооружен судир со нуклеарна сила како Русија.Најизвесна, според проценките, е продолжената разузнавачка и логистичка поддршка. Американските сателитски и воздушни разузнавачки информации досега се покажаа како клучни за украинската одбрана, а токму ова поле се смета за област во која Вашингтон би бил подготвен да продолжи со поддршката и по евентуалното постигнување мировен договор. Дополнително, секоја идна европска мировна мисија би имала потреба од значајна логистичка поддршка, што е уште една сфера во која САД, и покрај најавите за намалување на военото присуство во Европа, веројатно би останале вклучени.Иако планот за координиран одговор сè уште не е официјално потврден, самото негово постоење, според аналитичарите, укажува дека Западот настојува однапред да воспостави јасни правила и црвени линии, со цел идниот прекин на огнот да не остане само хартиена формалност, туку реална и одржлива безбедносна рамка.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library8u4e8cbaidca1CQTo6A

(Видео) Уапсени будистички монаси во Тајланд: Пронајдени секс играчки, порнографија и дрога

Четворица будистички монаси се уапсени во Тајланд откако при рација во храм биле пронајдени порнографски материјал, секс играчки, список на придружнички и други забранети предмети.Операцијата се спроведе на 27 јануари во храмот Фром Сунтон во покраината Чонбури, по поплаки од локалните жители за употреба на оружје и дрога во храмот, пренесува Дејли мејл.На снимката се гледаат полицајци како ги пребаруваат спалните соби, каде што пронашле 89.000 бати (2.070 фунти) во готово, пиштол, пумпа за зголемување на пенисот, список со контакти на проститутки и ДВД плеер со порно диск внатре. Тројца од уапсените монаси биле позитивни на метамфетамин.Уапсените се Фра Супачаи Џантавонг (35 години), Фра Вират Мукдасанит (45 години), Фра Танапол Мејсон (59 години) и игуменот на храмот, Фра Фотисанг Тебмуан.Сите четворица монаси се отстранети од нивните монашки редови и им е забрането да продолжат со своите верски активности.Според властите, тројцата монаси за кои се тврди дека користеле дрога ќе бидат упатени во програма за рехабилитација, додека игуменот е предаден на имиграциските власти за понатамошна истрага и се очекува да биде депортиран.Еден од уапсените наводно тврдел дека користел метамфетамин за ублажување на хронична болка поврзана со дијабетес и хипертензија, тврдење кое го истражуваат надлежните органи.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarydtbkbp1f2lvm3AocUbu

Нови ФБИ-документи: Џефри Епстин опишан како „управител на имот“ на Владимир Путин

Новообјавени документи на американското Министерство за правда откриваат дека во интерните списи на ФБИ, починатиот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин бил опишан како „управител на имот“ на рускиот претседател Владимир Путин. Документите, кои опфаќаат милиони страници, фотографии, видеоснимки и лична преписка, фрлаат ново светло врз обемот на контактите и амбициите на Епстин, вклучително и неговите обиди да воспостави директен однос со Кремљ.Според материјалите што ги анализирале истражувачки новинари, името на Путин се појавува повеќе од илјада пати, додека Русија се споменува речиси шест илјади пати. Во електронската преписка се открива дека Епстин со години се обидувал да организира средба со рускиот претседател, иако нема потврда дека таков состанок навистина се одржал. Во пораките од 2010 и 2011 година, тој прашувал дали Путин бил на негова јахта, дали му е потребна руска виза со оглед на тоа што, како што пишувал, „има пријател на Путин“, како и дека би претпочитал рускиот лидер да дојде во САД наместо средба во Сочи.Во понатамошната кореспонденција, блиски соработници на Епстин зборуваат за наводно закажани средби со Путин за време на патувања во Русија, како и за можни состаноци во кои требало да учествуваат и истакнати американски милијардери. Еден таков обид, според пораките, бил откажан по уривањето на патничкиот авион на Malaysia Airlines над Украина во јули 2014 година, по што било оценето дека состанокот би бил „лоша идеја“.Документите упатуваат и на потенцијални врски на Епстин со руски државни структури и безбедносни кругови. Во 2015 година, тој комуницирал со поранешниот заменик-министер за економски развој на Русија, Сергеј Белјаков, при што во преписката се споменува уцена поврзана со „девојка од Москва“ и влијателни бизнисмени во Њујорк. Во еден од мејловите испратени самиот до себе, Епстин дури зборува за „пријатели во ФСБ“, што дополнително ги засилува сомнежите за негови контакти со руските разузнавачки структури.Американски безбедносни извори, според документите, со години сомневале дека Епстин има врски и со рускиот организиран криминал, што, како што се наведува, би можело да го објасни неговиот лесен пристап до жени од Русија и Источна Европа. Во преписката често се појавуваат барања за летови и придружба на „руски девојки“ до Париз и Њујорк.Посебно внимание привлекуваат наводите дека Епстин на Кремљ му нудел увид во тогашниот американски претседател Доналд Трамп, во пресрет на самитот со Путин во Хелсинки во 2018 година. Во пораки испратени до поранешниот генерален секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, Епстин тврдел дека може да помогне Путин подобро да го „разбере“ Трамп и да пренесе пораки за тоа како да се постапува со него. Во таа кореспонденција се споменуваат и средби со рускиот дипломат Виталиј Чуркин, како и идеи за разговори околу дигитални валути и „напредна верзија на биткоин“ за Русија.Дополнителна контроверзија внесуваат и документите во кои се споменува сомнеж дека Епстин можеби бил поврзан и со израелската разузнавачка служба Мосад. Во еден извештај на ФБИ се наведува дека доверлив извор тврдел оти Епстин бил близок со поранешниот израелски премиер Ехуд Барак и дека наводно бил обучуван за разузнавачка работа. Во приватна комуникација, Епстин дури му испраќал информации за наводни кадровски промени во опкружувањето на Путин.Клучниот документ, датиран од 27 ноември 2017 година, содржи најексплицитен навод: според доверлив извор, Епстин бил „управител на имот“ на претседателот Владимир Путин и давал слични услуги и за поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе. Иако ваквите тврдења не се поткрепени со јавно објавени финансиски докази, нивното присуство во официјални ФБИ-списи отвора сериозни прашања за вистинската улога и влијание на Епстин на глобалната сцена.Случајот повторно ја разгорува јавната дебата за постоењето на скриени мрежи на моќ, влијание и злоупотреба, во кои, според долгогодишните сомнежи, биле вклучени финансиски елити, политички лидери и разузнавачки служби. И по неговата смрт во затвор во 2019 година, името на Џефри Епстин продолжува да излегува како симбол на една мрачна и сè уште недоволно расветлена страна на глобалната политика и капитал.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп му се закани на Иран: „Ако нема договор, ќе се случат лоши работи“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остри пораки кон Иран, предупредувајќи дека доколку тековните преговори не вродат со успех, „најверојатно ќе се случат лоши работи“. И покрај заканувачкиот тон, Трамп потврди дека дипломатските разговори меѓу Вашингтон и Техеран се во тек и дека сè уште постои можност за договор.„Во моментов имаме бродови кои пловат кон Иран, големи, најголеми и најдобри. Разговараме со Иран и ќе видиме како ќе заврши сè“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека договорот би бил „одличен“, но предупреди дека во спротивно ќе следуваат последици, нагласувајќи дека неуспехот на преговорите може да доведе до сериозни настани.Во меѓувреме, дипломатските активности се интензивираат. Според информации објавени од американски медиуми, се очекува специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, да се сретне со иранскиот министер за надворешни работи Аббас Арагчи во Истанбул, каде што би продолжиле разговорите за иранската нуклеарна програма. Иако подготовките се во тек, изворите наведуваат дека плановите сè уште не се конечни и остануваат подложни на промени.Во посредничката улога во изминатиот период се вклучени Турција, Египет и Катар, кои, според дипломатски извори, придонеле за олеснување на контактите меѓу САД и Иран. Арагчи веќе престојуваше во Истанбул, каде што оствари средби со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со шефот на турската дипломатија Хакан Фидан. Иако официјални соопштенија немаше, иранските медиуми објавија дека претседателот Масуд Пезешкијан дал налог преговорите со САД да продолжат.Острите изјави на Трамп доаѓаат по неговото неодамнешно тврдење дека кон Иран се движи голема „армада“, како и по повиците Техеран итно да седне на преговарачка маса. Американскиот претседател подоцна изјави дека Иран „сериозно разговара“ со САД, но истовремено не ја исклучи можноста за воена ескалација.Тензиите меѓу двете земји дополнително се влошија по настаните од минатата година, кога Израел, со поддршка на Вашингтон, започна повеќедневни напади врз цели во Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни објекти, но и цивилна инфраструктура. Во тие напади загинаа високи воени команданти и научници. Иран возврати со ракетни и беспилотни напади врз израелски воени и разузнавачки цели, по што Соединетите Американски Држави изведоа воздушни удари врз ирански нуклеарни постројки.Во ваков контекст, Трамп и претходно се закануваше со директна воена интервенција, а ситуацијата дополнително се заостри и по антивладините протести во Иран, предизвикани од падот на вредноста на ријалот, високата инфлација и влошените животни услови. Иранските власти веќе предупредија дека секој евентуален американски напад би наишол на „брз и сеопфатен“ одговор, што дополнително ја држи меѓународната јавност во неизвесност околу исходот на актуелните преговори.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
Mask1

Историско спојување: SpaceX и xAI стануваат највредната приватна компанија во светот

Американскиот милијардер и претприемач Илон Маск донесе одлука да ги спои својата вселенска компанија SpaceX и фирмата за вештачка интелигенција xAI, во трансакција со која новоформираната компанија се проценува на дури 1,25 билиони американски долари. Станува збор за едно од најголемите корпоративни спојувања во историјата на приватниот сектор, со кое Маск дополнително ја зацврстува својата амбиција за доминација во областите на вештачката интелигенција и вселенските технологии.Акувизицијата на xAI е потврдена во соопштение објавено на официјалната интернет-страница на SpaceX, потпишано лично од Маск, со што се потврдија претходните информации во медиумите. Според извори запознаени со договорот, SpaceX е вреднуван на околу еден билион долари, додека вредноста на xAI е проценета на 250 милијарди долари. Вработените во компаниите биле информирани преку интерен допис, во кој е наведено дека трансакцијата се реализира исклучиво преку размена на акции, со очекувана вредност од 526,59 долари по акција.Во соопштението се наведува дека целта на спојувањето е создавање на, како што се наведува, најамбициозниот вертикално интегриран иновациски систем на Земјата и надвор од неа, кој ќе ги обедини вештачката интелигенција, ракетните технологии, вселенскиот интернет, директната мобилна комуникација и глобалната платформа за размена на информации во реално време. И покрај спојувањето, SpaceX и натаму планира иницијална јавна понуда на акции подоцна оваа година, за која претходно се проценуваше дека би можела да донесе до 50 милијарди долари, што би било најголемо излегување на берза во историјата.Објаснувајќи ја стратешката логика зад ваквиот потег, Маск изјавил дека во период од две до три години најевтиниот начин за извршување на компјутерски операции за вештачка интелигенција ќе биде токму во вселената. Според него, тоа би овозможило побрзо тренирање на напредни AI-модели и обработка на огромни количини податоци, со потенцијал за значајни научни и технолошки пробиви.Во таа насока, SpaceX поднел барање за одобрување на лансирање до еден милион сателити во Земјината орбита. Компанијата веќе остварува значителни приходи преку сателитската мрежа Starlink, која брои повеќе од 9.000 активни сателити и, според достапните податоци, веќе носи поголем приход од лансирањата на ракети.Спојувањето дополнително ги испреплетува бројните деловни потфати на Маск. По преземањето на Твитер во 2022 година и неговото преименување во X, платформата беше интегрирана со xAI во зделка вредна 33 милијарди долари. xAI, кој го развива чет-ботот Grok, според проценките троши околу една милијарда долари месечно, што го прави еден од најкапитално интензивните проекти во технолошкиот сектор.За разлика од некои други иницијативи на Маск, SpaceX се смета за негов најуспешен и најстабилен бизнис. Компанијата е единствената американска фирма што рутински транспортира астронаути до Меѓународната вселенска станица и назад, а воедно е и клучен партнер на НАСА и на американското Министерство за одбрана, што дополнително ја зацврстува нејзината позиција како столб на идните вселенски и технолошки амбиции на Маск.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Лишен од слобода возач во Струга: управувал без возачка дозвола

Вчера во 15:12 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода Е.А. (42) од с. Шум, струшко, поради управување на возило без положен возачки испит.При редовна сообраќајна контрола на ул. „Партизанска“, било запрено патничко возило „Алфа Ромео“ со струшки регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола.За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања